КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • Човечки џубокс на улица

    Човечки џубокс на улица

    Членовите на музичката група „CDZA“ за кои веќе читавте во текстот „Историјата на додворувањето во 4 минути“, направија ново фантастично шоу овој пат на улица.Човечки џубокс на улицаТие креираа џубокс на којшто минувачите оставајќи паричка во една од теглите, можеа да изберат песна од Лејди Гага, Бах и Мајкл Џексон, свирење брзо, свирење споро и изненадување. Изведувачите на виолина и на контрабас умешно им ја исполнуваа секоја нивна желба, а сумирано на крајот и заработија некој долар.rn

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 типови луѓе кои ги среќаваме на секоја забава

    10 типови луѓе кои ги среќаваме на секоја забава

    На забавите секогаш сретнуваме секакви луѓе, почнувајќи од оние со кои одлично си поминуваме и се журкаме, до онакви кои немаат попаметна работа и им го расипуваат расположението на сите останати. Ова се 10 типови на луѓе кои ги има на сите забави.rnrn10 типови луѓе кои ги среќаваме на секоја забаваrn

    Пијан пред сите други

    rnЌе почнеме со овој човек бидејќи и тој почнува пред сите други. Тој неретко на забавите пристигнува веќе поднапиен, а додека си налива уште алкохол во чашата ќе ве убедува дека ништо не му е и дека сѐ е под контрола. Уште во 10 часот ќе го пронајдете легнат на некое столче, сепаре или на подот од купатилото, заспан.rn

    Човек на кој секоја забава му е досадна

    rnНеретко од него ќе чуете „Брат, ај да бегаме… Тапа е тука.“. Секогаш можете да најдете една личност на која ниту една забава никогаш не ѝ е добра, па ги малтретира луѓето околу себе да станат и да одат на некое друго место. Тој својата досада не ја ни крие и најчесто е седнат и ништо не прави, а од лице му се чита дека умира од досада.rn

    Неоткриен диџеј

    rnСекој си слуша свој стил на музика, но на секоја забава има едно типче кое форсира музика, која неретко си ја донел на стикче или на цеде од дома. Па така седнат пред компјутерот, ставен во филм со слушалките на уши ја подгрева атмосферата до максимум. Од неговиот репертоар ќе ги издвоиме редовните хитови „Макарена“ ,„Мешај мала“, „Месечина“, „Џурџевдан“ и „Yeah, yeah“ од Ашер.rn

    Најјаката играчица

    rnСекоја песна е „нејзина“ и на секоја песна игра и се крши. Нормално, на тажните и љубовните песни е гушната со најдобрата другарка, а понекогаш и плаче по бившото момче.rnrn10 типови луѓе кои ги среќаваме на секоја забаваrn

    Кавгаџија

    rnСекогаш се наоѓа некој со цврсти ставови поврзани со актуелната политичка состојба во државата, религијата или за финансиската состојба на народот и токму на забавите му се отвора прилика на сите да им ги прошири хоризонтите. Нормално, никој од останатите не се согласуваат со неговите мислења. Сепак за да биде ислушан од другите, тој ако треба ќе зборува и погласно од музиката, нарекувајќи ги идиоти сите оние кои не се согласуваат со него.rn

    Пијана заводничка или заводник

    rnНа секоја забава сигурно сте виделе некој дечко како упорно ѝ се „става“ на некоја девојка или пак обратно, некоја млада дама како му се обесила на некој ерген. Она што е збунувачки, е што истата таа или истиот тој ќе го видите по 10 минути како освојува нови територии. Неретко стилот на додворување е „Чкс-Чкс“ или „Мора да сум на небото, кога покрај мене стои ангел“.rn

    Плачка

    rnНа секоја забава има некоја плачка. Најчесто станува збор за тазе раскината врска, па комбинацијата од песни кои потсетуваат на моменти од врската или дирлив текст од стилот „Сваке ночи, сањам твоје очи…“ измешано со алкохол едноставно е премногу.rn

    Разбивач

    rnВаквиот тип на луѓе кога се пијани, сакаат да покажат кои се и што се, па луѓето околу нив или мебелот нека му ја мислат. Па така, доколку никој не ги погледне на криво, ќе се најде нешто од покуќнината за демолирање.rn

    Искористувачка

    rnСамо што ќе пристигнете на забавата, ќе ја здогледате. Седната сама, едноставно блеска, преубава е. Само ќе ве погледне и ќе ви се насмевне. Вие полни себе ќе ѝ пријдете и ќе почнете муабет кој ќе трае со часови и часови, а ќе зборите за сѐ и сешто. Едноставно совршена е. Лошата работа е тоа што, пред да си оди ќе ви каже дека има дечко веќе 3 години.rnrn10 типови луѓе кои ги среќаваме на секоја забаваrn

    Човек што се однесува како по дома

    rnНе само што не го знаете, туку и тој што го донел го знаете само на „Здраво“. По извесно време ќе го видите како си прави сендвич, копајќи по фрижидерот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул форми направени од илјадници луѓе

    Кул форми направени од илјадници луѓе

    Интересна идеја, добра организација и креативност е она што е потребно да се создадат вакви несекојдневни форми. Некои од овие навистина неверојатни формации се специјално креирани за да се најдат на листата на светски рекорди, додека други се создадени спонтано. Во секој случај, добрата забава е секогаш загарантирана!rnrn„Кул“ форми направени од илјадници луѓеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед…

    Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед…

    Познатите личности од шоу бизнисот и моделите, оддалеку изгледаат како животот да им е перфектен. Имаат изградена кариера, многу пари и одлично обликувани тела. Но, што ако сиот нивен гламур и сјај исчезне, нивната кожа не блеска, нивната коса не е бујна и раскошна и нивното тело нема совршен облик? Сте помислиле ли како вашите идоли би изгледале кога би биле обични луѓе, кои немаат толку време и пари за да се грижат за својот изглед?Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Доколку вие не можете да ги замислите, за тоа се погрижил експертот за Фотошоп Дени Еванс кој направил фото-серија со обработки т.н „Celebrity Make Unders“, која е дел од неговиот проект „Planet Hiltron“. Со своите обработки тој нè внесува во еден бизарен свет во кој го гледаме грдото алтер-его на најубавите личности од ТВ екраните како Анџелина Џоли, Бред Пит, Скарлет Јохансон, Џони Деп, Бијонсе, Ријана, Бекам… Њујоршкиот фотограф со своите фото-манипулации се обидува да ни покаже дека познатите личности се само луѓе, исто како сите ние. Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Можете да ги препознаете кој е кој? Доколку не се снаоѓате погледнете на неговата фан страница, каде има и други ултрасмешни манипулирани фотографии од познатите личности. 🙂Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед...
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сингл – да се биде или не, прашање е сега!

    Сингл – да се биде или не, прашање е сега!

    Како што читам текстови за луѓето кои не се во врска, сè повеќе сфаќам дека денес не е ин да си сингл. Ако повеќе обрнеш внимание, ќе сфатиш дека статусот „сингл“ го спомнуваат во таков контекст како да е болест.rnrnДали сè уште сте сингл? Што не е во ред со вас? Како да си најдете момче? Како да го освоите принцот од бајките? Зошто не можете да запознаете некој по ваша мерка? И вие ми ги нудите сите тие одговори, како на послужавник? Браво! А што ако, ете по некоја чудна претпоставка, некој сам си одлучил дека сака да биде сингл? Замислете си, постојат и такви луѓе, кои се сингл зашто така им се сака!rnrnСингл – да се биде или не, прашање е сега!rnrnЗнам доволно личности кои влетале во врска, не зашто тие сакале туку дека така требало, па затоа си имам поткрепа за една моја теорија. Луѓето забораваат да си го тераат својот ќеф. Некои од нас се толку опседнати со тоа да не бидат осудувани и покажувани со прст, што забораваат на она што навистина им е важно во животот. Општеството не е монотона шема, барем не сега во 21-ви век! Не мора да значи дека по завршувањето факултет мора да се мажиш, во случај да не се запишеш на факултет, дека ќе се мажиш по завршувањето средно, не мора да имаш дечко/девојка само затоа што сите останати од твоето друштво имаат, не мора да имаш сериозна врска само зашто ти било дојдено времето за сериозна врска. Секој си го тера животот по своја шема, на секого различно ќе му се наместат коцките, секој си ја наоѓа среќата во различни работи.rnrnАко таа сака да биде сингл и на 30 години, ќе биде, ако сака да ù се посвети на кариерата ќе го стори тоа, а нема да ги слуша бабите и тетките по свадби како благословуваат 20-годишни девојчиња „И на ваша глава, што поскоро!“ Сакав да применам една добро позната финта за на погреби ама ми звучеше многу лошо, па научив да си ја таложам нервозата и да возвратам со насмевка и едно кратко и безначајно „Благорадам“. Сепак е благослов, не велам не, само немојте што поскоро, туку кога вие ќе мислите дека е правото време. Свадбите и слични семејни собири за сингл-луѓето можат да бидат вистински пекол, но и рај, кој како ќе си ја сфати ситуацијата. Исто како што и животот е трагичен за оние кои премногу размислуваат.rnrnУбаво ми вели тато и ќе си го послушам, Не фаќај дечко кој ќе го стави фудбалот пред тебе како примарна работа, најди некој кој ќе го исклучи телевизорот кога ќе види дека имаш проблеми, исто како што тоа го правам јас.“ Ете така, а кога ќе мислам дека ми треба некој ќе си распишам оглас: „Барам дечко за озбилно, ама не за везден, да не ме замара 24/7.“rnrnШала на страна, мој совет е да го следите РАЗУМОТ. Кога вие ќе се чувствувате подготвени за врска или за брак, а не кога вашата комшивка ќе ви рече дека ви заминал возот. Проблемот на нашето општество е тоа што секој си го пика носот таму каде не му е местото. Кога секој би си ги гледал своите грижи и проблеми сè би било поинаку! Имате право да пребирате и на 40 години, никој на ништо не смее да биде приморан, сакам веќе еднаш да дојде тоа време кога луѓето ќе ги рашират видиците, ќе гледаат подалеку од носот и ќе престанат да осудуваат. Подобро да си сингл отколку да си во врска која те гуши, подобро не биди во брак на колку било години отколку да се мажиш/жениш зашто општеството така налага. Не смееме да правиме нешто што не нè исполнува и не нè прави среќни.rnrnДа се биде сингл има свои предности и недостатоци, но да не бидеш сингл само поради непишаните критериуми на општеството е трагичо.rnrnНе знам за вашето, но моето кафе е „дабл“ и покрај тоа што е наменето за една личност, како инаку да се справам со овој мамурлак?rnrnБидете сингл ако ви се сака, бидете дабл ако уживате повеќе така,rnrnТерајте си ќеф, до следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

    Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

    Потребно е многу време да се изгради репутација, а само една мала, навидум незначајна акција за да изгубиме сè што сме граделе со години. Еве ги тие „мали нешта“ кои треба да се избегнуваат, и во приватниот и во деловниот живот.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    1. Неценење на туѓото време

    rnДоцнењето на закажаните состаноци и средби, на почеток може да се толерира, но со текот на времето ќе почне да зборува за други ваши маани, покрај навиката да доцните. Ќе ги доведе во прашање вашата искреност, способноста за организација и за менаџирање на времето, вашите лидерски способности и воопшто способноста да ги завршувате работите. Доцнејќи, всушност на другите бесрамно им велите „Не те ценам и не те почитувам“.rn

    2. Необрнување внимание на она што се зборува

    rnНе мора да фаќате забелешки во текот на разговорот, но можете да се обидете да го тргнете погледот од телефонот кој постојано го чепкате и наместо тоа, да остварите контакт со очите. Кога давате несоодветни одговори на прашања кои сте ги чуле до половина, другата страна го забележува тоа, а кога барате да се повтори сè што било кажано претходно, куртоазно покажувате колку не ви било гајле, и за потрошеното време на соговорникот, и за неговиот вложен труд.rn

    3. Невклучување во толпата

    rnКога вашите колеги организираат некој настан или подготвуваат проект, обидете се да се вклучите подеднакво во спроведувањето на планираните активности. Поместувањето на столчињата не е доволно и јасно покажува дека не сакате да се свиткате во кичмата.rn

    „Само добрите лидери поминуваат време работејќи помалку гламурозни работи заедно со луѓето кои се надеваат дека во иднина ќе ги водат.“

    rn

    4. Ги микроменаџирате сите, освен себеси

    rnМожете да ја следите работата на другите одблизу, постојано да ги проверувате, да ги враќате заради „влакно во јајце“ и да им кажувате како точно треба да ја работат својата работа. На крајот, кога ќе ги проценувате резултатите, можеби ќе сфатите дека не сте го постигнале максималниот ефект, веројатно поради премногу ситничарење, притоа несвртувајќи се кон себеси.rn

    5. Игнорирање на договореното

    rnАко мора да ветите или да се обврзете за нешто кон луѓето околу вас, погрижете се и да ги исполните исполните ветувањата. Во спротивно, доколку не останувате доследни на договорените работи, луѓето со време ќе сфатат дека не можат да сметаат на вас и во иднина ќе го променат односот.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    6. Изговори

    rnСекогаш имате изговори за да кажете зошто не сте успеале да го реализирате договореното. Некој од овие ви звучи познато?rn

      rn011

    • Заборавив
    • rn011

    • Ау, па мислев дека е на друг датум (или место)
    • rn011

    • Не знаев дека ти треба за денес
    • rn011

    • Го завршив, ама не го понесов со себе
    • rn011

    • Го имам во глава, само треба да седнам и да го напишам. Ако сакаш можам сега.
    • rn

    rn

    7. Неподдржување

    rnКога на вашите колеги им оди тешко при презентацијата на вашиот заеднички проект, слободно дистанцирајте се. Не мора да „скокнете“ за да им помогнете. Или?rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    8. Светлото е секогаш насочено кон вас

    rnСте забележале како секогаш ги вртите разговорите ставајќи се себеси во фокусот? Вашите постигнувања и вашите успеси се најважни и најинтересни, нели? Многу скромно.rn

    9. Обвинување

    rnПонекогаш се случува работите да не испаднат добро на крајот. Доколку се работи за вашиот важен проект на работа, не мора да значи дека виновни биле вашите асистенти, соработниците кои биле многу бавни или машината за производство. Патем, уште полошо е ако при сите овие „препреки“, вие сте го дале најдоброто од себеси.rn

    10. Злоупотреба на односите со луѓето

    rnИмате обичај да ги контактирате луѓето само кога ви треба нешто од нив. И тоа, им се јавувате, започнувате со прашања за нивниот живот, немате доволно информации за да ги прашате за некои детали кои и онака воопшто не ве интересираат, потоа вртите на „па 100 години не сме се виделе“, за на крајот да ја пуштите бомбата и да ја откриете целта на повикот. Како и да е, ова може да ви успее еднаш или максимум двапати.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    11. Откажување од започнати проекти

    rnНормално е дека ги поддржувате проектите кои се успешни, но штом дојде тешко, се откажувате, со добро познатите изговори за негативниот исход (6) и воопшто не ви е грижа што и други луѓе вложиле труд во процесот.rn

    12. Не прифаќате критика

    rnНе им дозволувате на другите да ве критикуваат и да ви кажат дека некаде грешите. Се слушате само себеси и едноставно го игнорирате она што другите имаат да го кажат.rnrnПочитта, лојалноста и кредибилитетот се важни. За да ги стекнете, почнете од точка број 1 и пишете ни кога ќе дојдете до број 12. Тогаш ќе ви кажеме „браво!“

  • Благодарноста го разубавува животот

    Благодарноста го разубавува животот

    Едно од најубавите чувства кое ги прави луѓето среќни и може да го промени односот спрема животот е благодарноста, вели едно американско психолошко истражување, спроведено во текот на последните неколку години.Благодарноста го разубавува живототНаучниците се обидувале да докажат дека благодарноста не само што ни помага во животот, туку докажале дека постои и неврохемиски процес кој стои зад таквите чувства. Воедно, тие ги истакнале и најдобрите начини за искажување на благодарноста.rnrnПрофесорот по психологија на Универзитетот во Мајами, Мајкл Макалок испитувал група луѓе, од кои било побарано редовно да го искажуваат чувството на благодарност.rn
    rn

    Кога ќе застанете и ќе ги преброите сите добри работи кои постојат во вашиот живот, на некој начин ја преземате контролата врз своите емоции“ – објаснува Макалок.

    rnПрофесорот додал дека психолозите порано ја потценувале моќта на обичното чувство на благодарност и дека една од причините поради којашто благодарноста делува толку добро врз емоционалната состојба на луѓето, е фактот дека таа нѐ поврзува со другите луѓе, па во согласност со тоа, има подлабоко емотивно и интимно значење за луѓето.Благодарноста го разубавува живототВодењето дневник за благодарноста, во кој луѓето на неделно ниво или секоја вечер ќе ги запишуваат нештата поради кои се чувствуваат благодарно, сѐ повеќе станува редовно терапевтско средство.rn
    rn

    Многу е важно во вашиот дневник поголемо внимание да им посветите на другите луѓе поради чие присуство во вашиот живот, се чувствувате благодарни“ – вели Роберт Имонс, професор по психологија на Универзитетот Калифорнија.

    rnИмонс смета дека луѓето треба да си замислат како нивниот живот би изгледал без убавите работи во него. Особено треба да си замислат каков би им бил животот без присуството на нивниот сопруг/а и да се запрашаат колку се благодарни за неговото/нејзиното постоење.Благодарноста го разубавува живототrn
    rn

    Луѓето кои се благодарни, се чувствуваат побудно, поживо, позаинтересирано, ентузијастично и чувствуваат поголема поврзаност со другите луѓе“ – објаснува Имонс, кој е автор на две книги посветени на благодарноста и кои го проучуваат ефектот на водењето дневник на благодарност.

    rn
    rn

    Чувството на благодарност исто така, го ублажува стресот. Помалку е веројатно дека благодарните луѓе ќе ги обземат чувства на завист, лутина, незадоволство, каење или други непријатни чувства кои го предизвикуваат секојдневниот стрес“ – наведува Имонс.

    rnНаучниците покрај тоа што ги проучиле емоциите кои стојат зад благодарноста, ја истражиле и нивната неврохемиска основа. Имонс објаснува дека прелиминарните теории ги проучуваат хормоните во крвта и невротрансмитерите во мозокот, кои се поврзани со ова чувство.rn
    rn

    Левата претфронтална кора на големиот мозок, која се поврзува со позитивните чувства како што се љубовта и сочувството, најверојатно е клучната точка“ – вели професорот.

    rnАко ви треба идеја за да започнете да го практикувате заблагодарувањето, еве некои работи за кои често забораваме да бидеме благодарни, а еве дури 15 креативни начини на кои можете да се заблагодарувате.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Oксиморонските реченици на познатите

    Oксиморонските реченици на познатите

    Кога ќе се спојат два противречни поими добивате оксиморон. Речениците во кои е застапена оваа стилска фигура на прв поглед изгледаат смешни, глупави и сосема нелогични, но ако ги анализирате подлабоко, ќе дојдете до заклучок дека всушност тие совршено ја дефинираат реалноста. Барем оние што може да се прочитат во познатата „Оксимороника“ на Марди Грот. Авторот успеал на едно место да собере стотоци противречни изјави и мудрости на познатите. Ние ви издвоивме само мал дел од нив… rnOксиморонските реченици на познатитеrn
    rn

    „Колку помалку, толку повеќе.“ – Роберт Браунинг

    rn

    „Бесплатната љубов чини многу скапо.“ – Бернадет Девлин

    rn

    „Среќата е отсуство на стремежот кон среќа.“ – Чуанг-Це

    rn

    „Вистинското знаење е да ја знаеш длабочината на сопственото незнаење.“ – Конфучие

    rn

    „Не можеш да речеш дека цивилизацијата не напредува, кога во секоја војна те убиваат на поинаков начин.“ – американскиот хуморист Вил Роџерс

    rn

    „Сликањето е лесно кога не знаеш да сликаш, но многу тешко кога знаеш.“ – Едгар Дега

    rn

    „Кога бев млад можев да запомнам сè, без оглед дали се случило или не, но стареам и наскоро ќе го помнам само она второто.“ – Марк Твен

    rn

    „Посакувам луѓето кои имаат проблем со комуникацијата едноставно да замолчат.“ – Том Лерер

    rn

    „Луѓето сакаат штедливост и ќе платат колку што треба само за да ја добијат.“ – Ли Јакока

    rn

    „За да ги водиш луѓето оди зад нив.“ – кинескиот мудрец Лао-Це

    rnOксиморонските реченици на познатитеrn
    rn

    „Ќе се изненадите ако дознаете колку чини да се изгледа вака евтино.“ – Доли Партон

    rn

    „Автентичен фалсификат“ – Џејмс Скоти Рестон од Њујорк Тајмс за Роналд Реган

    rn

    „Никој повеќе не оди таму. Има премногу турканица.“ – Јоги Бера (бејзбол играч)

    rn

    „Спиеме во одделни соби, одделно вечераме, за одмор правиме одделни планови, правиме сè што можеме за да си го одржиме бракот.“ – Родни Дејнџерфилд

    rn

    „Тргнувајќи од тоа дека добро го владеам јазикот, не реков ништо.“ – Роберт Бенчли

    rn

    „Едно мартини е доволно, две се премногу, три се малку.“ – Џејмс Турбер

    rn

    „Да се биде природен е став кој тешко може да се одржи.“ – Оскар Вајлд

    rn

    „Атеист сум, фала му на Бога.“ – Џорџ Бернард Шо

    rn

    „Никогаш не заборавај дека си апсолутно уникатен. Како и сите други.“ – Маргарет Мид

    rn

    „Кога ништо не успева, прочитај го упатството.“ – Агнес Ален

    rnOксиморонските реченици на познатитеrn
    rn

    „Почнавме со обиди да основаме мала анархистичка заедница, но луѓето не сакаа да ги почитуваат правилата.“ – Алан Бенет

    rn

    „Ако квантната физика не те збунува, тогаш не си ја разбрал во потполност.“ – Нилс Бор

    rn

    „Она што сите го бараме кога се фотографираме е убава, природна фотографија на која не личиме на себеси.“ – Пег Бракен

    rn

    „Голема штета е што сите луѓе што знаат да управуваат со државата се зафатени со возење такси или работа во фризерски салони.“ – Џорџ Барнс

    rn

    „Огромен број лаги кружат по светот, но најлошо е тоа што половина од нив се точни.“ – Винстон Черчил

    rn

    „Банката е место каде што ќе ти позајмат пари, ако можеш да докажеш дека не ти требаат.“ – Боб Хоуп

    rn

    „Тешко е да молчиш кога немаш што да кажеш.“ – Малколм Марголин

    rn

    „Никогаш не дозволив училиштето да ми го попречи образованието.“ – Марк Твен

    rn

    „Ништо не иритира повеќе од тоа да не те поканат на забава, на која не сакаш ни да одиш.“ – Бил Воган

    rn

    „Како и повеќето родени њујорчани, роден сум во друг град.“ – Хари Хершфилд

    rnOксиморонските реченици на познатитеrn
    rn

    „Никогаш не сме подготвени за она што го очекуваме.“ – Џејмс Мишенер

    rn

    „Учен будала е поголем будала од обичен глупак“ – Молиер

    rn

    „Постојано сме опседнати со сексот, освен за време на чинот. Тогаш талкаме со умот.“ – Хауард Немеров

    rn

    „Сексот е како парите. Само премногу е доволно.“ – Џон Апдајк

    rn

    „Бракот е грешка што треба секој да ја направи.“ – Џорџ Џесел

    rn

    „Кога мажот, без причина, ќе ù однесе цвеќе на својата сопруга, има силна причина за тоа.“ – Моли Мекги

    rn

    „Брзај полека.“ – Август Цезар забележано кај Суетониј (прв век)

    rn

    „Подобро за нештото да не знаеш ништо, отколку да знаеш делумно.“ – Публилиус Сирус во Морални изреки

    rn

    „Ќе имаме мир, па дури и ако треба да се бориме за него.“ – Двајт Д. Ајзенхауер

    rn

    „Во Израел за да бидеш реалист, мора да веруваш во чуда.“ – Давид Бен-Гарион

    rn

    „Мајка ми никогаш не ја виде иронијата во тоа што ме викаше кучкин син.“ – Џек Николсон

    rn

    „Никогаш не прифаќајте совети.“ – Џорџ Бернард Шо

    rn

    „Славна личност е личност која цел живот работела на тоа да стане добро позната, а потоа носи темни очила за да не биде препознаена.“ – Фред Ален


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Париз – најпосакувана дестинација на туристите

    Париз – најпосакувана дестинација на туристите

    Светската трговска организација соопшти дека оваа година ќе се стигне до бројката 1 милијарда луѓе кои патувале во странска држава како туристи. Според прибраните податоци, најпосетувани земји се Франција, САД и Кина. Регионалниот директор на организацијата за Јужна и Северна Америка, Карлос Воглер проценува дека до оваа бројка ќе се стигне оваа година наесен.Париз најпосакувана дестинација на туриститеБројот на туристи кои патувале до овој период од годината за разлика од истиот период лани, е зголемен за 4%. Во бројот на луѓе кои влегуваат во оваа класификација, се само оние кои преноќиле барем една ноќ во друга држава, додека на пример луѓето кои се појдени на крстарење не влегуваат во „пописот“.rnrnСпоред анализите до 2020 година, бројот ќе се зголеми на 1,4 милијарди туристи, додека во 2030 година до 1,8 туристи на светско ниво. Убедливо најпосетуван град од туристите е главниот град на Франција, вечниот град Париз. Да погледнеме зошто е тоа така. Париз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туристите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извадоци од дневникот на Ана Франк

    Извадоци од дневникот на Ана Франк

    Прочитајте дел од надежите, соништата и стравовите на Ана Франк, испишани во нејзиниот дневник додека се криела од нацистите во тајната соба, во куќата на нејзиниот татко во Амстердам…rnrnИзвадоци од дневникот на Ана Франк
    rn

    „И, конечно, повторно пресврт во моето срце, лошото е надвор, доброто е внатре. Продолжувам да барам начин да станам она што би сакала и што би можела да бидам, кога таму надвор не би живееле некои други луѓе.“

    rn

    „И тогаш, тие дојдоа по мене.“

    rn

    „Секој во себе носи некоја добра вест. Добрата вест е дека не знаете колку многу можете да сакате, што сè може да постигнете, колкав е вашиот потенцијал!“

    rn

    „Колку само беа точни зборовите на тато кога рече: сите деца мора да се грижат за своето воспитување. Родителите можат да им дадат само добар совет или да им го покажат вистинскиот пат, но конечното формирање на карактерот на една личност е во нејзини раце.“

    rn

    „Колку е прекрасно тоа што никој не треба да чека ниту момент за да почне да го подобрува светот.“

    rn

    „Јас не мислам на сета мизерија, туку на убавината што преостанува.“

    rn

    „Не верувам дека единствено големите мажи, политичарите и капиталистите се виновни за војната. О, не, и малиот човек е исто толку силен, во спротивно луѓето во светот ќе го кренеа гласот многу одамна! Луѓето имаат нагон да уништуваат, да убиваат… Сè додека целото човештво, без исклучок, не претрпи голема промена, тоа ќе војува и сè што е изградено, одгледувано и растено, ќе биде уништено и изобличено. Потоа човештвото ќе мора да почне сè одново.“

    rnИзвадоци од дневникот на Ана Франк
    rn

    „Често сум потиштена, но никогаш во очај. Нашето криење го сметам за опасна авантура, која во исто време е и романтична и интересна. Во мојот дневник немаштијата ја третирам како забавна, смешна. Одлучив да водам поинаков живот од другите девојки, а подоцна, различен од обичните домаќинки.“

    rn

    „Јас живеам во лудо време.“

    rn

    „Сите ние живееме со цел да бидеме среќни, нашите животи се различни, а сепак исти.“

    rn

    „Едноставно јас не можам да ја градам мојата надеж врз основа на конфузија, беда и смрт… Мислам дека мирот и спокојството повторно ќе се вратат.“

    rn

    „Сега ја смирувам совеста со мислата дека е подобро тешките зборови да се стават на хартија, отколку мама да ги носи во срцето.“

    rn

    „Кога читам книга што ме импресионира, импресиите мора да ги чувам цврсто во себе, инаку луѓето ќе помислат дека сум чудна.“

    rn

    „Дали раздорот ќе се појави додека сè уште се бориме, дали Евреинот повторно вреди помалку од другите? Ох, тоа е тажно, многу тажно, тоа што уште еднаш, по кој знае кој пат, се потврдува старата вистина: ‘Она што го прави Христијанинот е негова работа, а она што го прави Евреинот се одразува и на другите Евреи.’“

    rnИзвадоци од дневникот на Ана Франк
    rn

    „Навистина е чудо што досега не ги отфрлив сите мои идеали, бидејќи тие изгледаат толку апсурдно и невозможно да се спроведат. Сепак, ги чувам, затоа што и покрај сè јас уште верувам дека луѓето се навистина добри во срцето.

    rn

    „Морам да се придржувам до моите идеали, можеби ќе дојде време кога ќе бидам во можност да ги реализирам.“

    rn

    „Мрзливоста може да биде атрактивна, но работата дава задоволство.“

    rn

    „Најдобар лек за оние кои што се исплашени, осамени или несреќни е да излезат надвор, некаде каде што можат да бидат тивки, сами со небото, природата и Бога, бидејќи само тогаш можат да почувствуваат дека е сè како што треба.“

    rn

    „Тие не мора да го знаат мојот очај, не смеам да им дозволам да ги видат раните кои ми ги предизвикаа. Јас не можам да го поднесам нивното сочувство и нивните невкусни шеги, тоа само ќе направи да посакам да врескам сè повеќе и посилно.“

    rn

    „Помислете на целата убавина што остана околу вас и бидете среќни.“

    rn

    „Кој би помислил дека толку многу работи минале низ душата на една млада девојка?“

    rn

    „Тој што е среќен, ги прави среќни и другите околу него.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.