Рехан е француски фотограф кој патувал во повеќе од 35 земји, а една од нив е и Виетнам. Тој почнал да ги истражува заедницата и културата на земјата и создал фото-проект што ја доловува вистинската „душа“ на луѓето и на нивниот секојдневен живот. Погледнете ги овие фотографии што ја покажуваат убавината на Виетнам.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Tag: луѓе
-

Француски фотограф се вљубил во Виетнам и го нарекол мозаик на контрасти
-

Како изгледа менито на најздравите луѓе во светот?
На север од Пакистан, во планинската долина Хунза и регионот Гилгит-Балтистан, луѓето живеат до 120 или 130 години. Некои од нив го прославија и својот 145-ти роденден пред да заминат од овој свет. Точниот број на години е тешко да се утврди затоа што Хунзите немаат изводи или докази за да го потврдат својот роденден.rnrn
rnrnВо другите делови од Пакистан, луѓето живеат до 67 години, но во изолираните пустини на Хималаите, владеат сосема различни закони за живот и смрт. Истражувачите забележале дека жените можат да забременат многу доцна, во шеесеттите години и подоцна, а исто така се верува и дека не страдаат од рак.rnrnХунзите пијат вода од глечерите, сами одгледуваат храна и бидејќи се отсечени од околните градови, тие не јадат ништо преработено. Кајсиите често се наоѓаат на нивното мени, а за време на постот со денови, па дури и месеци, тие не јадат ништо друго освен свеж сок и семки од овошје. Нивното месо не е на менито секој ден, туку доминираат житарки и зеленчук. Тие вежбаат јога, вежби за дишење и медитација.rnrnНивното потекло е обвиткано со мистерија. Нивната кожа е посветла од онаа на сите соседни народи, а нивниот јазик (Бурушаски) е повеќе сличен на баскискиот отколку на кој било друг кој ги опкружува. Се шпекулира дека тие се потомци на војниците на Александар Македонски кои не можеле да продолжат да го следат, па решиле да останат на Хималаите.rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој град во кој температурите во зимата достигнуваат до -68, а во лето +38 степени Целзиусови. -

Постојат 4 вида луѓе и секој има своја боја: Која е вашата – сина, зелена, црвена или жолта?
Според теоријата на темпераментот, сечиј карактер се состои од комбинација од сите четири бои, а двете доминантни претставуваат јадро на карактерот на една личност. Во принцип, зелените типови се независни мислители, жолтите се прагматични планери, црвените типови се ориентирани кон акција, а сините се ориентирани кон луѓето. Разбирањето на сопствениот темперамент е важно кога работите со другите. Секој има своја боја, но една може да биде доминантна во споредба со другите. Луѓето не се само во една боја, туку ги имаат сите четири бои. Но, некои бои доминираат повеќе од останатите.rnrn
rnСина
rnОвие личности се посветени, вредни и доверливи. Смислата на нивниот живот се состои од правила, јасна структура и внимание на детали. Тие не покажуваат емоции, поради што оставаат впечаток на дистанцирани и ладни луѓе. Овие луѓе живеат во хармонија и мир и се многу педантни.rn
Црвена
rnОвие луѓе сакаат предизвици и проблеми и се трудат да ги решат веднаш. Тие мора да бидат водачи, а конкуренцијата е многу силен мотивирачки елемент за нив. Тие се екстроверти, полни со желби и со големи апетити и го живеат животот со полни гради.rn
Зелена
rnОвие луѓе се мирни и нежни. Тие секогаш ги ставаат другите пред нив. Имаат изразена емоционална интелигенција, емпатични се и секогаш имаат разбирање за чувствата на другите луѓе. Многу се стабилни и се лојални работници, пријатели и партнери. Тие копнеат да бидат сакани. Бараат признание и одобрување за секојдневните работи што ги прават. Овие личности се приземјени и свесни се што мислат другите за нив. Добриот углед им е многу важен. Тие се лојални, приврзани и искрени.rn
Жолта
rnОвие личности ги сакаат животот и забавата, секогаш се ведри и весели. Тие се многу убедливи, слаткоречиви и отворени, па затоа се омилени во друштвото. Сакаат да бидат забележани, лесно градат социјални врски, исклучително се позитивни и спонтани. Тие сакаат да научат нови работи и вештини.rnrnЦрвените луѓе ќе ги препознаете по тоа што тие се лидери и се отворени, жолтите се насочени кон добрите односи со околината и со луѓето, сините сакаат точни броеви и математика, а зелените се оние кои секогаш се грижат за општото добро.rnrnПогледнете ги овие 15 илустрации што покажуваат дека постојат два вида луѓе во светот.
-

15 илустрации што покажуваат дека постојат два вида луѓе во светот
Во секоја ситуација постојат два вида луѓе со различни мислења, а можеби овие илустрации ќе ви помогнат да откриете во која група спаѓате вие.rn
1. Луѓе кои сакаат тропски температури и оние кои не можат да издржат на сонце
rn
rn2. Луѓе кои ја украсуваат роденденската торта со многу свеќи и оние кои избираат свеќи во форма на броеви
rn
rn3. Луѓе кои секогаш оставаат половина јаболко и оние што ја оставаат само дршката
rn
rn4. Луѓе кои можат да работат каде било и оние на кои им треба посебно биро
rn
rn5. Луѓе кои носат ракавица за печење и оние што користат крпа
rn
rn6. Луѓе кои лупат банани од различни краеви
rn
rn7. Луѓе на кои им е или премногу топло или премногу ладно во авионот
rn
rn8. Луѓе кои ја преклопуваат или ја туткаат тоалетната хартија
rn
rnrnЗа повеќе илустрации продолжете на следната страница…rnrn -

Сигурно ќе се препознаете: 11 видови луѓе во карантин и нивните смешни описи
Поминаа многу денови од затворањето на кафулињата, на рестораните и на другите места за дружење, а со моменталната состојба излегоа на површина некои нови особини кај луѓето. Луѓето за кои мислевте дека знаете сè или луѓето за кои мислевте дека се сосема различни, сега станаа нешто сосема ново. Сега, околу вас има луѓе кои знаат сè, паничари, мајстори, оние кои не престануваат да чистат, оние кои неуморно работат, оние кои го користат времето во карантин за да откријат некои сосема нови таленти итн. Во продолжение прочитајте кои се најчестите видови луѓе во карантин, па можеби ќе препознаете барем едно лице од вашето опкружување, а можеби ќе се препознаете и вие самите.rnrn
rn1. Доверливи информации
rnСигурно познавате личност чиј кум на сестрата на тетката има пријател чиј пријател е на многу висока позиција. Таа прва ги дознава информациите и ги споделува само со вас затоа што ви посакува добро.rn
2. Шири паника
rnСè е теорија на заговор. Ситуацијата е секогаш полоша отколку што изгледа и таа е онаа личност што ќе ве освести. Можеби сето тоа е виртуелна реалност и вие веќе сте зомби на кое му ја избришале меморијата.rn
3. Шири љубов
rnИспраќа виртуелни прегратки. Вибрира на фреквенцијата на среќата. Оваа личности би го прегрнала и самиот вирус затоа што мора да му недостасува љубов, па затоа е лош. Не обвинувајте ја. Ако не шири љубов, фрла оган.rn
4. Опседнат со забави
rnОваа личност присилно ги поканува пријателите да пијат сами дома и да се забавуваат. Но, во живо. Викањето погласно од музиката, наздравувањето преку камера и дотерувањето се неизбежни.rn
5. Шеф на кујна
rnВистинско време да се фотографираат сите дневни оброци. Ако е добро расположена, оваа личност ќе ви го даде и рецептот бесплатно. Деновиве, „мајсторите“ споделуваат рецепт за леб. Измешајте брашно, вода и сол. Испечете во рерна. Фотографирате, додајте неколку ефекти и ете го најубавиот леб.rn
6. „Хејтер“
rnТој го користи своето слободно време, што и инаку го има во изобилство, за истражување што не чини кај другите. Најквалитетните примери можете да ги најдете на Твитер.rn
7. Мрзливец
rnТие се покажаа како херои. Додека другите се бунат дека се затворени, мрзливите луѓе уживаат. Можеби не се ни свесни што се случува затоа што не сакаат да гледаат вести.rn
8. Чистопатна
rnКваките се дезинфицираат веднаш штом ќе се допрат, прозорците се исчистени веќе петпати, сè е дезинфицирано. Проблемот е во тоа што работите не се валкаат и наскоро ќе нема што да се чисти. Но, можеби една бања со асепсол ќе го намали стресот. А, вие се грижите таму за некое брашно.rn
9. Хобихоличар
rnСето ова добро му дојде. Конечно има време за сите свои хобија. Не размислува да ги претвори во бизнис затоа што тоа не е хоби ако некој ве плати за тоа што сакате да го правите.rn
10. Вежбач
rnМоже да го извадите од теретана, но не можете да ја извадите теретаната од него. Очекувајте многу пот, совети и протеинска исхрана.rn
11. Хипоходрик
rnТој има корона трипати на ден. Другите заболувања чекаат трпеливо бидејќи ова се петте минути на короната.rnrnПрочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.
-

12 причини зошто како што стареете, сè повеќе почнуваат да ве нервираат сите
Можеби порано бевте една од оние девојки кои беа очајни да бидат популарни, да имаат многу пријатели и да бидат опкружени со луѓе. Но, како што стареете, сфаќате дека се претворате во незгодна дама, која не сака да биде опкружена со многу луѓе. Всушност, со текот на времето сè повеќе се претворате во интроверт и тоа е природен процес што не можете да го избегнете. Во продолжение прочитајте зошто станувате поинтровертни и зошто почнувате да ги мразите сите.rnrn
rn1. Колку повеќе стареете, толку почесто луѓето ќе ве разочаруваат
rnДо почетокот на 30-тите години, веројатно ќе доживеете некаков удар од луѓе за кои никогаш не сте помислиле дека ќе можат да ве повредат и тоа ве прави навистина изморени од луѓето.rn
2. Како што стареете, желбата да бидете опкружени со луѓе исчезнува
rnПопуларноста престанува да биде забавна кога ќе сфатите колку пари чини да бидете популарни и колку време трошите залудно.rn
3. Со текот на времето учите дека луѓето ги уништуваат најдобрите работи
rnДали некогаш сте забележале дека е потребен само еден непромислен чекор за да се уништи некоја добра работа? Дали некогаш сте забележале колку добри работи се уништуваат на овој начин? Причината поради која не можете да имате неверојатно убави работи се постапките на другите луѓе.rn
4. Откривате дека повеќето луѓе што ги среќавате се многу здодевни
rnЦелиот нивни живот се врти околу работи што не се важни. Тие се здодевни и постои одредена точка кога тоа станува причина да не разговарате со нив.rnrnКако што стареете, сè повеќе ќе сакате да се дружите со луѓе што имаат вистински искри во нив, а тоа нема да се случува премногу често.rn
5. Откривате дека 99% од луѓето што ги среќавате се измамници
rnПовеќето луѓе што ги знаете не зборуваат искрено за тоа како се чувствуваат, низ што минуваат или што мислат за вас.rnrnПовеќето луѓе нема да ви ја кажат целата вистина, дури и ако тоа е неопходно.rn
6. Сфаќате дека справувањето со драмата на луѓето е исцрпувачко
rnДрамата е позабавна ако само ја гледате и ако нема да влијае негативно на вас.rn
7. Како што поминуваат годините, вашата толеранција кон луѓето што ве осудуваат и ви кажуваат што да правите се сведува на нула
rnЛуѓето секогаш се лутат кога не живеете онака како што тие сакаат вие да живеете.rnrnКако што стареете, нема да сакате да бидете опкружени со луѓе што ве осудуваат, што се обидуваат да ве контролираат или што ви кажуваат како да го живеете животот. Зарем не треба другите да се грижат повеќе за својот живот?rn
8. Колку сте постари, толку полошо луѓето се однесуваат кон вас
rnКога сте дете, сите ве опсипуваат со љубов и внимание. Кога сте тинејџер, сите ве мразат. Кога сте возрасни, сите ве мразат и очекуваат да правите тоа што тие сакаат.rn
9. Кога ќе наполните 30 години, сфаќате дека вашите миленици се позрели од луѓето со кои разговарате секојдневно
rnЗатоа можеби е подобро да се дружите со мачките.rn
10. Не можете да се справите со однесувањето на луѓето
rnНема да сакате да се дружите со луѓе што ве ценат според тоа колку парите имате, каква облека носите или како изгледате.rn
11. Луѓето не се однесуваат кон вас како што сакаат вие да се однесувате кон нив
rnЛуѓето се однеуваат лошо кон вас, но очекуваат вие да се однесувате убаво кон нив.rn
12. Како што стареете, сфаќате дека повеќето луѓе не се вредни за многу работи
rnОва ги прави многу поскапоцени малкуте луѓе што вреди да разговарате со нив.rnrnПрочитајте кои 18 знаци откриваат дека сте лоша девојка.
-

Една студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето
Добра вест за оние кои велат дека ги сакаат своите кучиња онолку колку што другите ги сакаат своите деца.rnrn
rnrnМногу луѓе тврдат дека кучињата не се толку различни од луѓето околу нив, па дојде ред и науката да потврди дека тие се во право.rnrnКучињата само сакаат да чувствуваат љубов, исто како и сите нас.rnrnНаодите од една јапонска студија објавена во списанието „Science“, откриваат дека нашите крзнени пријатели го имаат истото лачење на окситоцин, хормонот одговорен за љубов и поврзување, како и луѓето, кога ќе погледнат во очите на нивните сопственици.rnrnСтудијата опфатила сопственици на 30 кучиња, чии раси биле златни ретривери, лабрадори, минијатурни шаузери и јазовичари, пудлици, како и боксери, германски овчари и слично. Од сите сопственици се барало да ги погледнат своите кучиња во очи.rnrnКолку подолго луѓето и кучињата се гледале во очи, толку повеќе се лачело окситоцин и кај луѓето и кај кучињата.rnrnОкситоцинот е хормон кој се поврзува со приврзаност и љубов, а истиот тој хормон е одговорен и за приврзаноста на децата со нивните родители.rnrnЗа да бидат сигурни, истражувачите ја следеле интеракцијата помеѓу волците и професионалците кои ги дресирале, ги одгледувале, ги хранеле и си играле со нив. Волците не разменувале погледи со овие лица и кај нив не се зголемувало лачењето на окситоцин. Ова е веројатно, бидејќи волците го сфаќаат контактот со очите како чин на агресија, додека пак кучињата со текот на времето еволуирале и покажале повеќе човечки црти.rnrnЗначи, луѓето кои тврдат дека ги сакаат своите миленици како да се нивно дете, не се целосно „луди“.rnrnЧувството не само што е вистинско, тоа ви е и возвратено од вашето куче.rnrnВо дополнителен експеримент, истражувачите решиле да го инјектираат секое куче со доза окситоцин непосредно пред да бидат однесени на 30-минутна дружба со нивните сопственици.rnrnПокачувањето на хормоните го зголемил бројот и времетраењето на погледите на женските кучиња со нивните сопственици, објавиле „LA Times“, но исто така и кај нивните сопственици се зголемило нивото на излачен окситоцин. Ова не било забележано кај машките кучиња.rnКако можете да го откриете ова кај вашето куче?
rnСпоред Елиша Стунчула, генерален директор и партнер на Академијата за обука на кучиња и кученца „I Said Sit“, во Лос Анџелес, одговорот е едноставен: пофалете го и погалете го кога ќе имате контакт со очите со него.rnrnПо неколку повторувања, вашето куче ќе научи дека тоа е она што го сакате и ќе забележите дека тоа почесто ќе ве гледа во очи. На овој начин позитивно ќе се поврзете со него, а зголеменото лачење на окситоцин ќе биде дополнителна придобивка.rnrnМожеби сакате да прочитате и на кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?rnrn
-

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас
Промени во расположението, зборување во сон, зголемување на тежината поради стрес – ова се само неколку од работите кои се доказ дека луѓето и животните се разликуваат премногу. Научниците докажале дека, луѓето не се толку уникатни и дека многу животни доживуваат емоции слични на човечките.rnrnСподелуваме 12 неверојатни факти кои докажуваат дека животните се слични на луѓето во некои ситуации.rn
1. Слоновите со години тагуваат по загубата на своите блиски
rn
rnrnСликите од бебето слон, кое само што ја изгубило својата мајка и тагува покрај нејзиното тело го потресоа целиот свет. Според наодите на истражувачите, слоновите можат да доживеат голем стрес при загуба на близок и може да го оплакуваат дури и по неколку месеци. Ако слоновите се приближат до местото на смртта на нивниот близок, тие може да застанат и да молчат и тоа може да трае неколку минути.rn2. Шимпанзата чувствуваат емпатија, по претпоставка на истражувачите
rn
rnrnСтудиите покажале дека шимпанзата покажуваат емпатија. Тие може да ги споделуваат и разбираат емоциите на другите, но исто како и кај луѓето, нивото на сочувство кај секој поединец може да биде различно. Според истражувањето објавено во списанието „Nature Communications“, по некој судир, шимпанзата можат импулсивно да дојдат и да ги смируваат вознемирените учесници во конфликтната ситуација.rn3. Глувците можат да имаат десетици изрази на лицето
rn
rnrnГлувците ги искажуваат своите емоции на сличен начин како луѓето – според научниците од Универзитетот „МекГил“, глувците кои чувствуваат болка имаат неколку изрази на лицето. Исто така, очигледно глувците можат визуелно да ја искажат својата болка и да ги препознаат меѓусебните емоции.rn4. Очигледно, делфините можат да зборуваат во сон
rn
rnrnНеколку делфини од францускиот аква-парк „Planète Sauvage “ биле снимени како имитираат звуци на кит додека спијат. Според француските истражувачи, делфините можеле да слушаат звуци од кит само во текот на дневните шоуа, така што тие ги „снимале“ овие звуци и ги репродуцирале во текот на ноќта, како нивна верзија на зборувањето во сон.rn5. Гулабите може да се однесуваат нерационално, исто како и луѓето
rn
rnrnСе претпоставува дека гулабите сакаат да ризикуваат, па понекогаш се одлучуваат и за поризични ситуации, според студијата спроведена на Универзитетот во Кентаки. Овие птици понекогаш се одлучуваат за потешка задача при борбата за храна, наместо да се одлучат за полесната задача со иста награда, што е слично на однесувањето на луѓето – според истражувачите.rn6. Мачките, исто така, може да ја зголемат својата тежина кога се депресивни
rn
rnrnЕдна од причините поради кои мачките добиваат во тежина може да бидат случаите кога доживуваат стрес, вознемиреност и некаква незгода, односно драстичната промена на тежината може да биде поврзана со емоционалната состојба на животното. Истото се случува и кај луѓето. Како и да е, ако вашата мачка ја зголеми тежината, најдобро е да посетите ветеринар и да ја проверите нејзината здравствена состојба.rnrnПродолжете да ги читате овие интересни информации и на следната страница…rnrn -

13 причини зошто некои луѓе се толку среќни во животот
Да, можете да бидете родени во богато семејство, но може и сами да го создадете. Богатството што го поседуваат „среќните луѓе“ не е предуслов за среќа – тие станале среќни затоа што размислуваат поинаку и преземаат иницијатива.rnrn
rnrnДали некогаш сте погледнале некого и сте помислиле: „Тој е многу среќен човек, има пари, долга врска и одлична кариера… Камо среќа и мене сè да ми одеше „од рака“.“rnrnМислите дека ја немавте таа среќа да се родите под среќна ѕвезда и во богато семејство. Сметате дека едноставно не сте имале доволно среќа да се најдете на вистинското место во вистинско време.rnОва се причините поради кои некои луѓе имаат среќа во животот:
rnСреќните луѓе…rn
1. Тие работат напорно и тивко
rnЗатоа што не се фалат. Тие не ги објавуваат своите успеси јавно и транспарентно.rnrnТие не ги користат социјални мрежи за ниедно себеистакнување затоа што среќните луѓе се зафатени со работа.rn
2. Тие се опкружени со позитивни луѓе
rnЖивотот и онака е веќе доволно тежок.rnrnПостојат непотребно негативни луѓе кои само го отежнуваат и успоруваат протокот на позитивна енергија.rn
3. Секој ден го започнуваат со позитивни мисли
rnТие ги избираат вистинските зборови и дејства, имаат одредени ритуали со кои го започнуваат денот како медитација, молитва или утринско кафе без брзање…rn
4. Среќните луѓе не се заморуваат во секојдневните теми што им пречат
rnТие не размислуваат за оние работи што не им се важни.rn
5. Среќните луѓе имаат јасна цел
rnТие се трудат на своите деца да им обезбедат повеќе отколку што може да си дозволат, подобри услови од тие што ним им биле овозможени.rnrnТие имаат „магнет“ што ги приближува до целта.rn
6. Тие ја прифаќаат секоја ситуација
rnНикогаш не велат: „Сега е полошо.“, туку: „Секогаш е добро, овде и сега.“.rnrnТие знаат дека идеалното време никогаш нема да дојде, освен ако не го создадат сами.rn
7. Никогаш не им даваат значење на луѓето кои постојано нешто критикуваат
rnТие не сакаат такви луѓе во нивната околина. Среќните луѓе немаат време за љубомора и омраза.rnrnТие немаат време да одговорат на злобните коментари. На овие коментари, среќните луѓе само се насмевнуваат и продолжуваат да одат со високо крената глава.rn
8. Среќните луѓе повеќе чувствуваат отколку што мислат
rnЧестопати, тие се водени од нивните внатрешни инстинкти и се раководат според своите чувства. И кога ќе се најдат во тешки околности, немаат проблем со тоа да го слушнат својот разум или срце.rnrnСреќните луѓе секогаш се раководат според срцето, а не според разумот.rn
9. Нивниот фокус е целта, а не планот
rnПлановите може да се променат.rnrnИ најдобриот план може да не успее, но целта секако ќе биде остварена.rn
10. Среќните луѓе не живеат во минатото
rnТие се фокусирани на сегашниот момент и на нивните напори да го контролираат моментот – овде и сега.rnrnСреќните луѓе не се грижат премногу за вчера или утре.rn
11. Тие веруваат во себе
rnСреќните луѓе не се арогантни.rnrnТие мислат дека секој има своја внатрешна сила.rn
12. Тие знаат дека патот до успехот не е секогаш само права линија
rnСреќните луѓе едноставно знаат дека станува збор за амплитуда со постојани подеми и падови.rn
13. Среќните луѓе се однесуваат кон животот на поинаков начин
rnТие знаат дека животот не е само право туку и подарок.rnrnБлагодарни се за сè што тој има да им понуди.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 5-те совети за среќа од најсреќниот човек на планетата.
-

На светот постојат три видови луѓе и видот во кој спаѓате ја одредува вашата судбина
Кога станува збор за менталното и за емоционалното здравје, постои еден клучен фактор, а тоа е сфаќањето кој одбранбен механизам треба да го искористите за надминување на проблемите. Приказната постојано се повторува во текот на животот – се соочувате со животни пречки, страдате и се обвинувате себеси за тоа што не сфативте како да излезете од сето тоа, по можност неповредени.rnrn
rnrnМеѓутоа, наместо да се казнувате себеси и да го барате виновникот, треба да обрнете внимание на една многу важна работа. Желбата да избегате или исправено да ги издржите ударите е всушност „програмирана“ реакција на мозокот. Фигуративно кажано, тоа се „фабрички подесувања“ што можат да се надоградуваат и да се унапредуваат, исто како и мобилните телефони. Од ова можете да заклучите дека вашата отпорност е директно поврзана со квалитетот на животот, а подлабокото разбирање на механизмот на отпорност може да ви помогне многу.rnЗошто нечиј мозок е отпорен на стрес, а нечиј не?
rnКлучот за отпорност се наоѓа во вашиот мозок. Луѓето што се отпорни на стрес знаат како да ги „исклучат“ вознемиреноста и нерационалните мисли во екстремни ситуации.rnrnНаучниците од Универзитетот во Њујорк направиле интересно истражување и откриле директна врска помеѓу воспитувањето на детето во здрава околината и неговата способност да се справи со стресот и со вознемиреноста подоцна во текот на животот.rnrnДецата на кои им се посветува помалку внимание го носат тој белег во мозокот, а најпогодена е амигдалата, делот од мозокот што е одговорен за контролирање на стравот и на емоциите. Ова значи дека детето што не добивало доволно внимание во детството и не се чувствувало безбедно, во иднина нема да знае како да управува со своите емоции.rnrnПогледнете какви видови луѓе постојат во зависност од тоа како реагираат на стресот.rn
1. Луѓе од челик
rnСтресот буквално се одбива од овие луѓе, но таквиот одговор на стресот може да биде многу штетен и може да носи повеќе ризик отколку корист. Кога целосно се изолирате од стресот, ја пропуштате можноста да научите важни животни лекции, па за вас не постои можност да стекнете нови искуства што ќе ви помогнат да не ги повторувате истите грешки подоцна во животот.rnrnСепак, ниту една личност во светот не е целосно отпорна на стресот. Никој не е целосно направен од челик. Маската на рамнодушност што луѓето ја носат на лицето е емотивна и таа е склона кон пукање, и тоа кога човек најмалку се надева.rnrnТреба сфатите дека никој не може и не треба да биде ѕид од којшто проблемите буквално ќе се одбиваат. Ваша задача е да ги усовршите потребните вештини што ќе ви помогнат да се справите со проблемите на најдобар можен начин, но и да успеете да ги решите.rn
2. Луѓе од пластика
rnПовеќето луѓе во светот ја користат оваа стратегија. „Пластичните“ луѓе веќе имаат некоја рана предизвикана од стрес или од некој сериозен проблем. Таквите луѓе се флексибилни и еластични како пластика, а тоа ги прави да бидат отпорни. Овие луѓе многупати имаат чувство дека ќе пукнат, но најчесто се извлекуваат.rn
3. Луѓе од стакло
rnОва е дефинитивно најлошиот механизам бидејќи откако стаклото ќе се скрши, веќе нема помош. Таквите луѓе можат да бидат уништени од некои мали проблеми и да се распаднат на парчиња што никој нема да може да ги состави. Стаклените луѓе или стануваат потполно вкочанети и се оддалечени од сè и од секого или се целосно уништени.rn
Кој е клучот за здрава отпорност?
rnМора да пронајдете средина помеѓу силата и флексибилноста, да достигнете ниво на зрелост што ќе биде доволно за да ги контролирате вашите емоции, но и да си поставите приоритети и да ги промените начинот на размислување и механизмот на одбрана.rnrnАко дозволите да превладува вродениот механизам, на крајот ќе станете луѓе од стакло и ќе се распаднете на парчиња на најмалата пречка во животот.rnrnАко мислите дека механизмот на челикот е најдобриот избор, не залажувајте се. Оваа тактика ќе ви ја земе целата енергија и ќе направи да размислувате само за тоа како да не бидете повредени, а вашиот вистински живот ќе биде ставен на чекање.rnrnКлучот за здрава отпорност е да станете „материјал“ помеѓу пластика и бамбус – материјал кој е флексибилен, но истовремено и издржлив што ќе ви овозможи да ги надминеме тешкотиите.rnrnМожеби ве интересира кои 6 знаци покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај.