Без разлика кои сте или од каде доаѓате, секој сака да добива подароци. Какви се подароците… тоа е веќе друго прашање.rnrn
rnrn1. Вашата мачка не ви го дава нејзиниот плен само како знак на благодарност или великодушност. Таа веројатно ги забележала вашите очајни ловечки способности и се обидува да ве научи, исто како што ги учи своите мали мачиња.rnrn
rnrn2. Во текот на сезоната на парење, мажјакот мора да го декорира гнездото во соодветни бои, прифатливи за женката. Ако женката не е импресионирана од неговиот дизајнерски вкус, може да одлета кај друг мажјак.rnrn
rnrn3. Истражување спроведено на Универзитетот Дјук покажа дека мајмуните бонобо доброволно ја споделуваат својата храна, дури и со непознати бидејќи сакаат да се социјализираат и уживаат во секоја интеракција. Но тие ќе ги споделат своите богатства без разлика дали ќе се формира нова врска.rnrn
rnrn4. Луѓето од племето Масаи од Кенија и Танзанија плукаат на предметите кои имаат намера да ги подарат. Тие тоа го прават поради обострана почит. Плукањето се смета како благослов, а не навреда.rnrn
rnrn5. Омијаги (јапонски збор за сувенир) во Јапонија се сфатени сериозно, така што постои општествена одговорност да донесете подароци за вашето семејство и колегите кога ќе се вратите од одмор.rnrn
rnrn6. Кога авиокомпанијата Јунајтед воведе лет од прва класа до Хонгконг, вработените и патниците ги даруваа со бели каранфили без да знаат дека во тој регион од светот тоа значи несреќа и смрт.rnrn
rnrn7. Во Азиските култури се избегнува да се подарува огледало на свадби. Бракот треба да трае додека смртта не ги раздели сопружниците, па поради кршливоста на огледалото и несреќата што ја симболизира скршеното огледало, се смета како ризичен подарок.rnrn
rnrn8. За Денот на мртвите некои семејства трошат повеќе од две месечни плати на подароци и декорации во чест на мртвите роднини, со надеж дека нивните духови ќе им обезбедат заштита, среќа и мудрост.rnrn
rnrn9. Без разлика дали тоа бил убав камен, коска, заб од животно, гранка од дрво или каков било друг предмет од природата, подарувањето било вообичаено многу векови пред да се создадат напредните цивилизации.rnrn
rnrn10. Постои традиција ловците на китови од племето Инупиак да споделат голем дел од својот улов со останатите соселани. За возврат, стекнуваат почит во селото и си обезбедуваат повисок статус во општеството.
Tag: луѓе
-

10 чудни човечки и животински навики за размена на подароци
-

Совети од Мајка Тереза: Како да се справите со лошите луѓе?
Мајка Тереза го посветила својот живот служејќи им на сиромашните, болните, сираците и оние кои цел свет ги заборавил и отфрлил. Таа била неверојатна жена од албанско потекло родена пред 105 години во Скопје, но нејзините совети и ден денес можат да служат како инспирација и водичи кон вистинската насока. Откријте што таа им советува на сите оние кои се нападнати од луѓе кои им мислат лошо…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЛуѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични: Сеедно, опростете им.rnrnАко ја негувате добрината, а луѓето ве обвинуваат тајно и од лични причини: Сеедно, негувајте ја добрината.rnrnАко сте постигнале успех, околу вас може да се појават многу замислени пријатели и вистински непријатели: Сеедно, постигнувајте успех и понатаму.rnrnАко сте искрени и отворени, а луѓето ве напаѓаат: Сеедно, продолжете да бидете искрени и отворени.rnrnТоа што сте го граделе со години може да биде уништено преку ноќ: Сеедно, не престанувајте да градите.rnrnАко сте пронашле спокој и среќа, а другите ви завидуваат: Сеедно, бидете си среќни.rnrnДоброто кое сте го создале денес, луѓето ќе го заборават утре: Сеедно, не престанувајте да правите добро.rnrnДелете го со луѓето најдоброто што го имате, тоа никогаш нема да биде доста: Сеедно, не го чувајте само за себе.rnrnНа крајот од краиштата и самите ќе се уверите дека сè ова е помеѓу вас и Бога: Сеедно, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив.rnrn[/message_box] -

Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните
Кога луѓето правилно го користат своето право за владеење над животните, тоа може да им донесе многу убави моменти. Многу љубители остваруваат близок контакт со животните, притоа сметајќи ги за дел од нивното семејство. Несомнено е дека животните придонесуваат за подобар, посреќен и поисполнет живот.rnrn
rnrnДоколку сте љубители на животните погледнете ги овие неколку цитати коишто дополнително ќе ви ја зголемат желбата да го прегрнете вашето милениче.rn„Кучињата зборуваат, но само на оние коишто знаат да слушаат.“ ― Орхан Памук
rn
„Животните постојат во светот поради свои причини. Тие не се создадени за луѓето, исто како што црните луѓе не постојат за белите и жените не се створени за мажите.“ ― Алис Вокер
rn
rn„Ако да имаш душа значи да бидеш способен да чувствуваш љубов, верност и благодарност, тогаш животните се подобри од многу луѓе“. ― Џејмс Хериот
rn
„Можеме да судиме за срцето на човекот по неговото однесување кон животните.“― Емануел Кант
rn
rn„Не знам како животните ги разбираат работите, но јасно е дека тие разбираат. Веројатно постои јазик којшто не е составен од зборови и сите на светот го разбираат. Веројатно постои душа скриена во сѐ и таа секогаш може да ѝ зборува на друга душа, без притоа да испушти звук.“ ― Франс Ходсан Бурнет
rn
„Нашето совршено друштво никогаш нема помалку од четири нозе.“― Колет
rn

-

Богати vs. средна класа: 10 клучни разлики кои ги двојат финансиски моќните од просечниот човек
Ако не сте богати, но не сте сиромашни, тогаш вие припаѓате на средната класа. За жал, средната класа полека исчезнува, а тоа го докажуваат и истражувањата од последните две децении – сѐ помал е бројот на луѓе кои спаѓаат во оваа класа. Денес, или имате пари или немате. Златна средина нема. Еве што ги разликува богатите од средната класа.rnrn
rn1. Средната класа живее удобно, богатите ризикуваат
rnМногу е полесно и поудобно да имате сигурна работа и да работите за некого. Луѓето од средниот сталеж гледаат да бидат повлечени за да живеат поопуштен живот. Од друга страна, богатите се водат по мотото „без ризик нема добивка“. Факт е дека започнувањето на сопствен бизнис е голем ризик, но резултатите можат да вредат и да го исплатат тој ризик. Понекогаш мора да излезете од зоната на удобноста за да го постигнете она што го сакате.rn
2. Средната класа троши, богатите штедат
rnНикогаш нема да видите милионер во прескапа кола или во куќа вредна милион долари. Тие не ги трошат парите на такви нешта. Дури и ако можат да си го дозволат најновиот модел на спортски автомобил, тие нема тогаш да купат – ќе почекаат некоја година, па тогаш ќе го купат. Запомнете: ако ги потрошите сите пари кои сте ги заработиле, тогаш повторно сте на нула.rn
3. Средната класа работи за друг, богатите работат за себе
rnЛуѓето од средната класа брзаат да стигнат на работа пред шефот. Ја бркаат кариерата. Богатите најчесто имаат своја фирма, своја работа. Тие бараат луѓе кои ќе работат кај нив и за нив.rn
4. Луѓето од средната класа се дружат со секакви луѓе, богатите луѓе внимателно одбираат пријатели
rnНа моќните луѓе им е јасно дека доколку се опкружени со успешни луѓе, тогаш и шансата да постигнат успех е поголема. И обратно – мрзливите и невработените луѓе лошо влијаат на луѓето околу нив. Ако сакате да заработувате повеќе и да бидете успешни тогаш привлечете паметни, вредни и амбициозни луѓе.rn
5. Средната класа работи за пари, богатите за знаење
rnОбичните луѓе се склони кон промена на работното место само кога некој ќе им понуди подобра плата. Моќните знаат дека не сѐ се врти околу парите, особено додека се помлади т.е. на почетокот од кариерата. Стекнување искуства и вештини е многу повредно од пари, особено на почетокот. За да станеме успешни во нашата работа, а со тоа и повеќе да заработуваме, најпрво мора да имаме искуство и да се наоружаме со знаење и вештини.rn
6. Средната класа поседува материјални нешта, моќните поседуваат пари
rn
rnrnДа се вратиме на колите и куќите. Грешката на средната класа е во тој домен – тие трошат повеќе пари од она што имаат за да си дозволат скапи автомобили, огромни куќи и други скапоцени нешта. Богатите знаат дека богатството е во парите – затоа тие ги бркаат парите, а не материјалните нешта.rn7. Средната класа се фокусира на штедење, богатите на заработка
rnСекако дека штедењето е важно, но важно е и да инвестирате затоа што заработката е основа на сѐ. Јасно е дека треба да штедите и да инвестирате, но ако сакате да постигнете повеќе и да го извлечете максимумот од тоа, потребно е да заработувате и да работите повеќе.rn
8. Обичните луѓе се емотивни кога станува збор за пари, богатите се водат по логика
rnОсновната разлика меѓу високата класа и просечниот човек се гледа во парите. Припадниците на средната класа одлуките поврзани со парите ги носат врз основа на емоционалната состојба, а богатите во таквите ситуации се водат исклучиво по логика, затоа што тие знаат дека емотивното носење одлуки може да донесе нестабилна финансиска состојба.rn
9. Средната класа се потценува, богатите си поставуваат високи цели
rnОбичните луѓе не си поставуваат цели, или ако веќе ги поставаат тие се просечни и лесно досегливи. Од друга страна, богатите го сакаат она што е скоро невозможно, често и претеруваат, но знаат дека таа цел е возможна. За нив, сѐ што треба е само повеќе труд и време.rn
10. Средната класа верува во напорна работа, богатите во инвестиција
rn
rnrnНапорната работа е неопходна за да постигнете резултати. Секој успех бара многу труд и работа. Меѓутоа, за да дојдете до врвот ви треба и сила. Потребно е да вложувате и да инвестирате. Да се туркате напред, да не се вртите назад и да не застанувате. -

5 нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе и каде да ги најдете!
Колку пати досега во животот сте сакале да направите нешто и тоа сте му го спомнале на некој ваш пријател или роднина коj веднаш ве исполнил со толкава негативност што на крај сте снемале енергија и сте се предале? Или, личноста ви покажала дека премногу работи не се во ред со идејата, па сте се убедиле дека не можете да го направите тоа или дека не сте доволно добри за да ја остварите.rnrn
rnrnМожеби вие сте најпозитивната личност, но сепак луѓето околу вас влијаат врз вашите одлуки и однесување. Нивното влијание во вашиот живот се одразува на вашите мисли, одлуки, самодоверба и способноста да го следите зацртаниот план.rnОва се 5-те нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе:
rn
- rn011
- Вашата перцепција за животот и за тоа кои сте како личност стануваат многу подобри.
- Ќе постигнете ново ниво на оптимизам и страст да го правите она што го сакате.
- Развивате чувство за цел и порив за она што сакате да го правите во животот.
- Фокусирани сте и мотивирани да направите план и да го остварите.
- Станувате пофокусирани на целта.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Каде може да ги најдете ваквите луѓе?
rn
- rn011
- Настани поврзани со конкретна индустрија, обуки, состаноци на здруженија и професионални настани.
- Постари личности на местото каде што работите. Сепак внимавајте на ова, може да имате ментор на кој длабоко му се восхитувате, а тој да посакува и да го очекува вашиот неуспех. Пред личноста да ви стане ментор, тестирајте ја колку е таа спремна да ви помогне и дали навистина нејзините намери се искрени.
- На конференции и јавни говори. Одете на бесплатни настани и инвестирајте во неколку платени, секако ако можете да си дозволите.
- Ако ниедна од овие опции не ви се допадна, тогаш интернетот е секогаш тука за вас – Шерил Сендберг и Аријана Хафингтон се само дел од личностите кои можат да ви помогнат. Тие имаат многу онлајн говори и голем број книги кои можете да ги спуштите. Добра опција е да ги следите на Твитер и Фејсбук.
- Другите онлајн можности вклучуваат блогови, форуми и веб-сајтови од одредена индустрија.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНе им приоѓајте на овие луѓе како да се вашите херои. Тие се нормални луѓе исто како што сте вие. Развијте стратегија за секоја активност во којашто ќе се впуштите. Идентификувајте ги луѓето со кои сакате да се поврзете, а потоа пристапете им така што ќе им покажете дека сакате искрена, професионална врска од која двете страни ќе имаат корист. Поврзете се со нив на социјалните мрежи како Линкдин и Твитер, но држете се понастрана од Инстаграм.rn
Со какви истомисленици би требало да се поврзете?
rn
rnrnЗемете пенкало и направете листа од 5 луѓе кои сметате дека го претставуваат местото каде што би сакале да бидете – луѓе кои ги симболизираат квалитетите што ги посакувате. Тие се луѓето со кои сакате да се опкружите. Барајте ги – онлајн и офлајн – и најдете начин да се поврзете со нив.rnrnПонекогаш негативните луѓе се дел од фамилијата или ви се блиски така што не можете да се оттргнете од нив. Сепак, не ви препорачуваме сосема да ги исклучите од вашиот живот, туку да го намалите нивото на контакт. Не поминувајте многу време околу ваквите луѓе. Запомнете дека ова е за тие 5-те луѓе со кои го поминувате најголемиот дел од времето. Исклучете ги оние кои сметате дека наместо да ви помогнат да ги реализирате вашите цели, ве попречуваат во тоа.rnrnСите значајни луѓе во вашиот живот треба да ве воздигнуваат, да ви даваат сила и да ве прават подобра и посилна личност. Со тоа што ќе изберете со кого сакате да го поминете вашето време, правите свесна одлука да ја обликувате вашата иднина така како што вие сакате. -

3 видови луѓе на кои не треба да им дозволите да влезат во вашиот живот
Односите се без сомнение најважниот дел од животот. Интеракцијата со другите луѓе го обликува и влијае на вашето искуство. Развојот на вашиот ум и душа зависи од луѓето со кои сте опколени. Постојат многу различни универзални пријатели кои се појавуваат во нашиот живот и кои можат да ни помогнат да станеме подобра личност. На пример, оние кои се добри слушатели, оние кои секогаш ја гледаат светлата страна, оние кои не се плашат да ја кажат вистината… Но, постојат и одредени видови луѓе кои не треба да имаат место во вашето срце, доколку сакате да живеете среќен живот. Обрнете внимание на овие 3 видови луѓе, бидејќи ако успеете да ги препознаете, можете да си заштедите голем број лоши искуства.rnrn
rn1. Манипулатор
rnОвие личности можат лесно да ве залажат и да ве наведат да помислите дека се нешто сосема друго одошто вие мислите. Поради некоја причина, нешто во нив им овозможува да бидат толку уверливи во својата лага, што многу често успеваат да ги измамат дури и вашите инстинкти. Нивната цел е да се вовлечат во вашиот живот, да ја заработат вашата доверба, а потоа да ве искористат за тоа што планирале. Без разлика дали станува збор за пари, секс, влијание или пак, само сакаат да си поиграат со вас, тие нема да се двоумат во својата намера. Ако почувствувате дека нешто не е во ред, не ја потиснувајте вашата интуиција. Најчесто има добра причина за тие чувства.rn
2. Насилник
rnСамиот збор кажува сè што треба да знаете. Овие личности доживуваат чудна исполнетост додека гледаат како другите патат. Преку омаловажување, во нив се развива чувство за вредност и потврда на својата надмоќ. Луѓето кои се насилници, најчесто длабоко во себе патат, па ако можат да направат и некој друг да се чувствува лошо, нивното расположение се подобрува. За да се справите полесно со овие луѓе, не сфаќајте сериозно ништо што тие кажуваат или прават. Иако не се секогаш свесни за тоа, тие најчесто водат битка со себе, а не со вас. Не се мешајте во оваа борба.rn
3. Его-манијак
rnСтанува збор за личности кои се во контакт со вас само затоа што тоа им ја подобрува нивната слика за себе. Тие сакаат во очите на другите да изгледаат како личности со одреден статус и ако сметаат дека дружењето со вас ќе им го подобри нивниот социјален идентитет, тие никогаш нема да ве напуштат. Сè додека имаат корист за нивното его од вашата близина, тие ќе бидат покрај вас. Овие личности реално не се заинтересирани за пријателство и никогаш нема да бидат, па доколку се почитувате доволно, нема да им дозволите да ја исцрпуваат вашата енергија.
-

4 личности со вистински супермоќи кои науката не може да ги објасни
Изгледа луѓето со супермоќи не постојат само во фиктивните светови на филмовите и сериите и тоа добро ни го покажуваат следниве 4 личности за чии способности науката не може да најде објаснување. Тие се издвојуваат со неверојатни таленти, започнувајќи од контрола врз телесната температура, па сè до беспрекорно помнење. Погледнете…rnrn
rnИнго Сван
rnИнго Сван е човек кој има способност да гледа далечни географски локации и да разговара за нивните физички атрибути. ЦИА и НСА дури направиле контролирани експерименти на голема оддалеченост, и и покрај тоа што нивните откритија не се многу јасни, сепак тврдат дека неговите способности се вистинити.rnrnrnrn
Стефан Вилтшајр
rnСтефан Вилтшајр бил дијагностициран со аутизам кога имал само 3 години. Денес, тој може да црта неверојатни градски пејзажи кои ги влече директно од неговото помнење. Тој доволно е да погледне една фотографија само неколку секунди и потоа по помнење да ја нацрта на хартија со неверојатна точност.rnrnrnrn
Вим Хоф
rnВим Хоф станал познат кога се потопил под лед и останал во таа позиција скоро 2 часа без неговата телесна температура воопшто да се промени. Тој вели дека во тоа успеал со помош на медитација, но науката сè уште не може да објасни како го извел тоа.rnrnrnrn
Даниел Тамет
rnДаниел Тамет го шокирал светот кога ја рецитирал математичката константа пи, 3,141… од помнење сè до својата 22.414-та децимала во рок од 5 часа без да направи грешка. Тоа се случило во Музејот за историја и наука во Оксфорд каде што тој поставил нов европски рекорд. Тој истата година бил дијагностициран со синдромот високо функционален аутистичен савант и може да прави неверојатно комплексни ментални задачи со многу поголеми брзини одошто нормалниот ум може да постигне.rnrn
-

10 типови токсични луѓе кои ја одземаат вашата енергија
Луѓето често се грижат за храната која ја јадат – дали овошјето и зеленчукот се прскани, дали месото е добро зготвено, дали водата која ја пијат е здрава, дали во воздухот има токсини итн. Притоа се трудат да внесуваат што е можно помалку отрови во своето тело, но што е со токсичните луѓе во нашето опкружување?rnrnСекој познава барем две такви личности. Можеби живеете, работите или се дружите со нив. Токсичните луѓе ја црпат вашата енергија и си играат со вашето ментално здравје. И баш исто како во допир со секој друг отров, така и контактот со овие луѓе би требало да биде сведен на минимум, за да се заштитите. Ова се 10 типови токсични луѓе кои би требало да ги избегнувате.rnrn
rn1. Токсично арогантни
rnПостои голема разлика помеѓу самодоверба и ароганција. Самодовербата инспирира, додека ароганцијата заплашува. Арогантните луѓе секогаш знаат најдобро и мислат дека се супериорни во однос на останатите. Тие никогаш нема да ја слават вашата самодоверба, бидејќи тоа ја руши нивната ароганција.rn
2. Токсични жртви
rnЕдна од најопасните личности која може да ја имате во вашето опкружување е постојаната жртва. Тие ги согледуваат своите проблеми и грешки, но секогаш другите им се криви за тоа и никогаш нема да ја преземат одговорноста за нивниот живот.rn
3. Токсични контролори
rnОние кои контролираат секогаш знаат сѐ и секогаш го знаат најдобриот начин да се направи нешто. Најчесто, под површината, се многу несигурни, но додека тие се во вашето опкружување, вашата идеја никогаш нема да биде прифатена, ниту ќе можете да направите нешто сами, без нивна „помош“.rn
4. Токсично завидливи
rnТие се љубоморни, никогаш не се среќни со она што го имаат и не се способни да бидат среќни кога нешто убаво ќе ви се случи вам. Тие не знаат да го ценат напредокот на останатите, но и ќе шират лаги за вас на другите луѓе.rn
5. Токсични лажговци
rnСѐ додека има луѓе, ќе има и такви коишто лажат. На хроничните лажговци никогаш нема да знаете кога да им верувате, па затоа не можете да се потпрете на нив. Ќе ви кажуваат лаги за другите, но и ќе ги лажат другите за вас.rnrn
rn6. Токсични негативци
rnСигурно познавате некој кој е секогаш бесен, спремен да се откаже, сомничав. Времето кое го поминувате со негативните луѓе само ја црпи енергијата од вас.rn
7. Токсично алчни
rnДо одредена точка желбите и амбициите може да бидат добри. Но стануваат токсични, кога луѓето сакаат сѐ, и она што е нивно и она што не е. И побитно им е да имаат, отколку да работат и да постојат.rn
8. Токсични судии
rnГолема е разликата помеѓу тоа „да донесете суд за некого или нешто“ и да осудувате. Оние кои осудуваат сакаат да критикуваат, а своите судови ги донесуваат избрзано, врз основа на првиот впечаток. Тие не знаат да сослушаат.rn
9. Токсични озборувачи
rnОзборувачите сакаат да се издигнат себеси над својата несигурност, на туѓа сметка, не правејќи разлика помеѓу шпекулации и факти.rn
10. Луѓе со токсичен карактер
rnКога на некој му недостига интегритет и искреност, кога изневерува, лажe, манипулира, озборува, кога не дозволува ништо да му застане на патот, ништо нема да го спречи да ве прегази доколку вие му станете пречка.rnrnДоколку познавате вакви луѓе, не чекајте го утрото за да ги отстраните од вашиот живот, но доколку не можете да го сторите тоа целосно, обидете се барем да ги држите на дистанца.
-

9 фрази кои паметните луѓе НИКОГАШ не ги користат во конверзација!
Сите ние понекогаш кажуваме работи кои луѓето ги сфаќаат на погрешен начин. Токму тие, наизглед безначајни коментари, подоцна водат до ужасно чувство на вина и товар кој го носиме со денови. Затоа е многу важно да го прилагодите вашиот речник и погрешните фрази да ги замените со нови – а тоа сигурно ќе го подобри вашиот однос со другите. Ви предлагаме неколку фрази кои паметните луѓе секогаш се обидуваат да ги избегнат.rnrn
rn1. „Изгледаш уморно.“
rnУморните луѓе се ужасно непривлечни – тие имаат подочници и неуредна коса, проблем со концентрацијата и делуваат намќоресто. Да му кажете на некого дека изгледа уморно, ги подразбира сите горенаведени карактеристики.rn
2. „Неверојатно е колку си ослабел/а.“
rnОвој коментар честопати луѓето не го доживуваат како комплимент – туку како критика. Да му кажете на некого колку многу килограми изгубил, сугерира на тоа дека тој некогаш изгледал дебело и непривлечно.rn
3. „Секако беше предобар/ра за нејзе/него.“
rnКога некој ја раскинува врската со некоја личност, без разлика дали е љубовна или професионална, овој коментар имплицира дека тој има лош вкус или дека прави погрешни избори.rn
4. „Ти сè уште…“ или „Ти некогаш…“
rnНикој никогаш не прави иста работа (или грешки) одново и одново. Па, кога вие го изговарате ова, на некој начин ја осудувате другата личност. Овие фрази ги прават луѓето дефанзивни и влијаат лошо на комуникацијата и одржувањето на хармонични односи.rn
5. „Изгледаш добро за своите години.“
rnОвој коментар е навредлив и пред сè непристоен. Никој не сака да биде совршен и сите се свесни за своите маани – особено кога се во прашање годините и стареењето, но овој коментар (иако понекогаш не е злонамерен) е голема навреда за поголемиот дел од луѓето.rnrn
rn6. „Како што кажав претходно…“
rnСите ние забораваме работи одвреме-навреме. Оваа фраза звучи како некој да е принуден да го памти сето она што вие си го повторувате на себе. Честопати луѓето кои ја користат оваа фраза се несигурни или мислат дека се подобри од останатите.rn
7. „Ќе ти треба многу среќа.“
rnСекако дека е убаво да му посакате на некого среќа, но можете малку повеќе да се потрудите и да кажете нешто поубаво, бидејќи оваа фраза сугерира дека им е неопходна среќа за да успеат во својата цел.rn
8. „Оставам на тебе.“ или „Како сакаш.“
rnОвие одговори значат дека сте потполно рамнодушни во врска со прашањето кое ви го поставил соговорникот. Вашето мислење е очигледно важно и ценето, инаку таа личност не би ве прашала вас за совет.rn
9. „Па, јас барем никогаш не сум…“
rnОваа фраза е агресивен начин да се префрли вниманието од својата грешка на туѓата, истакнувајќи некоја стара, најверојатно небитна случка при која погрешила другата личност.rnrn

-

Малите нешта се важни: Луѓето ја проценуваат вашата личност врз основа на овие ситници
Кога запознавате некого за прв пат, веднаш започнувате, можеби несвесно, да го анализирате и проценувате. Ист е случајот и кога некој ќе ва запознае вас. Луѓето честопати не се свесни дека всушност ситниците се основа врз која другите луѓе судат. Дури и врз основа на некои, на прв поглед, небитни и безначајни ситници давате впечаток каква личност сте и каков е вашиот карактер. Луѓето судат и донесуваат грешки. Можеби не се 100% во право, но врз основа на вашето однесување и првите импресии одлучуваат дали тие ќе ви покажат доверба или ќе ви го завртат грбот. Еве врз основа на што се донесуваат заклучоците дали сте „добра или лоша“ личност.rnrn
rn1. Ракописот
rnНаучниците истражувале дали врз основа на ракописот луѓето судат за нечиј карактер или однесување. Тие дошле до заклучок дека ракописот навистина понекогаш влијае дали некој ќе ја добие работата или не и дали се работи сериозна личност или пак за детинеста и незрела. Истражувањето покажало дека луѓето веруваат дека личностите кои пишуваат со ситен ракопис се срамежливи, додека оние кои пишуваат со крупни и големи букви даваат впечаток дека се дружељубиви, доверливи и сигурни во себе.rnrn
rn2. Бојата на облеката
rnБојата на облеката навистина зборува многу за вас. Личностите кои се облекуваат во црно оставаат впечаток дека се уметнички настроени, чувствителни и обрнуваат внимание на малите детали, додека оние кои ја сакаат црвената боја обично се весели, разиграни и многу се продуктивни. Зелената боја дава впечаток дека сте вредни и доверливи, додека белата боја на луѓето им сугерира дека сте организирана и многу чувствителна личност.rnrn
rn3. Грицкањето нокти
rnАко ги грицкате ноктите луѓето нема да помислат само дека вашите нокти изгледаат неуредно, туку тоа однесување ги асоцира и на депресија, нервоза, па и на тоа дека сте израснале во дисфункционално семејство или средина.rnrn
rn4. Обувките
rnПсихолозите тврдат дека луѓето ги проценуваат другите луѓе врз основа обувките кои тие ги избираат. Како што е и случајот со облеката, така и врз основа на обувките луѓето проценуваат дали имате стил, колку заработувате, дали сте богати, сиромашни, па дури и колку години имате отприлика.rnrn
rn5. Бојата на очите
rnОчите се огледало на душата, барем така кажува народното верување, а многумина веруваат дека бојата на очите е поврзана со нечии темперамент и чувства. Така, луѓето веруваат дека личностите со сини и зелени очи се помалку агресивни од луѓето со црни и темно кафеава боја на очи.rnrn
rn6. Ракувањето
rnЛуѓето можеби и несвесно веднаш заклучуваат дека личностите кои имаат цврст стисок одаваат доверба, имаат цврст карактер, но и големи очекувања, како и дека не се плашат јасно и гласно да ги искажат своето мислење и чувства. Личностите кои имаат благ стисок не се личности полни со самодоверба, не се справуваат најдобро со предизвиците и притисоците, како ни со стресните ситуации.rnrn
