КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • 7 причини зошто луѓето што пијат виски се пријатно друштво

    7 причини зошто луѓето што пијат виски се пријатно друштво

    Вискито најпрво се користело како медицинска супстанца, позната како „вода за виталност“, но набрзо ја стекнало својата популарност и станало еден од најбараните пијалаци во светот. Првото виски било дестилирано во 15-от век во Шкотска, а набрзо потоа се распространило ширум светот и денес е пијалак во кој уживаат многу луѓе. Во основно училиште сите сме учеле за штетноста на алкохолот, но консумирањето виски во умерени количини може навистина позитивно да влијае на вашето здравје и пред сè расположение. А пијачите на виски тоа го знаат најдобро, па во продолжение прочитајте за нивните позитивни карактеристики и придобивките од дружбата со нив. rnrn7 причини зошто луѓето што пијат виски се пријатно друштвоrnrn1. Вискито е пијалак за релаксација. Не е пијалак за луѓе кои сакаат внимание, тој не изгледа посебно, искрено дури и не изгледа убаво. Токму затоа луѓето што пијат виски се посреќни луѓе. Тие одбираат да се такви бидејќи тоа им се допаѓа, а не затоа што изгледа добро од страна. Нема да сретнете вистински пијач на виски кој изгледа нервозно и загрижено.rnrn2. Не се плашат од малку болка. Доброто виски може да ве „изгори“ додека се лизга низ вашето грло, но дефинитивно вреди. Сѐ што е вредно да се направи, мора да боли, а пијачите на виски знаат дека е подобро да биде претопло или преладно, отколку да биде здодевно.rnrn3. Тие се релативно здрави. Луѓето најчесто го пијат вискито чисто или со диетален газиран сок. За разлика од другите алкохолни пијалаци, пијачите на виски не внесуваат дополнителни калории и шеќери. Поради ова, мамурлакот после пиењето виски е поблаг, па затоа и можете слободно да уживате во денот после бурната ноќ. Исто така, пиењето виски го намалува ризикот од рак, деменција, инфаркт и срцеви заболувања.rnrn4. Знаат да ги ценат малите нешта. Вискито е едноставен пијалак. Луѓето кои знаат да ги вреднуваат малите, едноставни нешта, секогаш се посреќни.rnrn5. Знаат да внесат забава во секојдневниот живот. За разлика од текилата или елегантните коктели, во вискито можете да уживате после работа или да го пиете за време на вечерата. Вискито е пијалак за луѓето кои сакаат да уживаат во денот и да се опуштат, без постојано да мора да присуствуваат на луди забави.rnrn6. Тие се безвременски. Вискито е вистински безвременски пијалак, а не само вкус кој ќе го заборавите после една недела. Тоа е нешто кое го одбирате кога ќе созреете доволно за да признаете дека постарите луѓе биле во право. Тоа е истата зрелост која ќе ве спаси од непотребната драма во преостанатиот дел од животот.rnrn7. Тие уживаат во природата. Вискито неофицијално е официјален алкохолен пијалак во дрвените викендички насекаде низ светот. Дали некогаш сте виделе несреќен човек седнат пред каминот во својата куќичка во шумата? Секако дека не.rn

  • 7 нешта кои луѓето со добра душа ги прават секојдневно

    7 нешта кои луѓето со добра душа ги прават секојдневно

    Сте забележале дека токму добрите луѓе се и оние кои се најзадоволни со својот живот? Тоа се случува бидејќи добрината има моќ да го зголеми нашето здравје. Никогаш не заборавајте дека токму малите добри дела можат да ги направат најголемите разлики. Погледнете ги следниве 7 нешта со кои добрите луѓе се издвојуваат од останатите.rnrn7 нешта кои луѓето со добра душа ги прават секојдневноrn

    1. Тие се однесуваат добро кон себе

    rnТие знаат дека спонтаноста и дарежливоста со себе носат позитивна енергија. Токму затоа и најпрво се грижат за своите потреби, а потоа, кога и самите се среќни, се насочуваат кон другите. Како резултат, сите околу нив го ценат нивното присуство.rn

    2. Тие се благодарни дури и за најмалите нешта

    rnТие се вистински и длабоко благодарни за целиот живот и сè што тој носи со себе, заедно со сите предизвици и лекции. Тие секоја ситуација ја гледаат целосно, со позитивните и негативните страни, но сепак решаваат да се фокусираат на добрите нешта.rn

    3. Тие навистина слушаат

    rnДури и кога имаат што да кажат, тие најпрво ги ислушуваат другите, со цел соговорниците да се почувствуваат почитувано и разбрано. Токму затоа и лесно се поврзуваат со луѓето, слушаат со интерес и немаат потреба да го цензурираат разговорот.rn

    4. Тие имаат висока самодоверба

    rnНивната самодоверба им дозволува да ја покажат својата добра природа без притоа да чекаат нешто за возврат. Токму оваа карактеристика останатите луѓе ја сметаат за многу привлечна, па затоа и нивниот круг на блиски пријатели постојано се зголемува.rn

    5. Тие навистина се грижат

    rnДобрите луѓе обрнуваат внимание како на вашата среќа, така и на вашата добросостојба. И покрај тоа што ги почитуваат личните граници, тие го поддржуваат тоа што води кон општо добро. Затоа и искрено сакаат да знаат каков ви бил денот, дали сте добри и што ви се случува во животот.rn

    6. Тие често и искрено се смеат

    rnДобрите луѓе го гледаат и хуморот и иронијата во дадени ситуации, но без подлоста која другите луѓе најчесто ја покажуваат. Животот е забавен! И овие неверојатни луѓе точно знаат што да кажат или направат за да ви помогнат да се насмеете и расположите.rn

    7. Тие имаат голема почит кон другите

    rnТие ги обожаваат различните ставови и никогаш не очекуваат другите да го делат нивното мислење. Токму затоа и сфаќаат зошто гледате така на нештата, дури и кога не се согласуваат со вас. Ова е само уште еден начин на кој се грижат за луѓето околу нив.

  • 8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафуле

    8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафуле

    Во близина на вашиот дом има прекрасен кафе бар, со пријатна атмосфера и одлично кафе. Без разлика дали таму одите само за да сурфате на интернет додека уживате во кафето или пак бидејќи таму работи некој ваш пријател, во него поминувате долго време од денот. Покрај тоа што во крвотокот веќе имате кофеин, вие навистина сте вљубени во тоа мало местенце. Токму затоа се вадите од памет кога тоа кафуле ќе го посети еден од овие осум типови луѓе.rnrn8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафулеrn

    1. Гласниот муабетчија

    rn„ШТО? Не можам да те чујам, во глупавово кафуле има премногу врева. Господе, зошто во околинава нема друго место за кафе?“ Поради бизарни, необјасниви причини, овој гласен муабетчија не може да ги забележи останатите 30 луѓе во кафулето и претпоставува дека никој не го слуша неговото врескање. Ако постои правда во светот, менаџерот ќе побара од него да не вика толку или да го заврши разговорот надвор. Но, многу е поверојатно дека тој ќе продолжи со својот приватен разговор во просторијата полна со странци.rn

    2. Пребирливиот

    rnКога сте заглавени во редот зад пребирливите кафеџии, тогаш имате време да го извадите телефонот и да одговорите на сите мејлови поврзани со работата.rnrn„Би сакал мало лате во голема чаша, не средно, туку во голема чаша. Нека биде со бадемово млеко, една и пол лажичка шеќер, сируп од лешници и многу пена.“rnrnШто ќе прави со ова ремек-дело? Дали вака кафето навистина ќе има подобар вкус или на овој начин тој само го одвлекува вниманието од својот досаден живот? Најлошото од карактерот на пребирливите излегува на виделина кога нивната нарачка нема да испадне баш како што ја замислиле или почекале подолго отколку што планирале.rn

    3. Канцеларискиот потрчко

    rnКанцеларискиот потрчко има свежо и невино лице кога доаѓа да земе кафе за неговите колеги од работa. Кутрото дете е како кокошка без глава кога ќе треба да земе 45 жешки кафиња и чаеви за злобните корпорациски шефови кои раководат со секој негов потег. Имајте сочувство за потрчкото и отворете му ја вратата кога ќе излегува со сите тие жешки кафиња.rn

    4. Семејниот човек

    rnПрекрасно е што овој татко ги донел своите деца да пробаат од слатките десерти, но дали мораа да седат веднаш до вас? Дури и да сакате деца, седењето до 7 разврескани палавковци не е идеално кога се обидувате да сработите нешто на вашиот компјутер. Извесно е дека жешкото какао ќе ви биде истурено во скутот, а откако ќе се соземете од жештината и ќе ги отворите очите, ќе ве пресретне беспомошниот татко кој немоќно ги собира рамената. Во знак на извинување ќе ви понуди марамче.rn

    5. Фриленсерот

    rnНејасно е дали овие личности имаат свој дом или само ги населуваат кафулињата во текот на целата нивна професионална кариера, но нивните работи се расфрлани насекаде. Треба да поминувате низ купови со хартија кои се прекриени со белешки како „Квадратен корен од торта е квантна физика“ или „Нејзините очи имаа боја на јавор, исто како моето куче“. Нејасно е дали фриленсерите навистина имаат работа или само сакаат да изгледаат зафатено.rn

    6. Зависникот од кафе

    rn„Тројно еспресо, ВЕДНАШ!“ Зависникот би го убил секој што побрзо од него ќе дојде до дозата кофеин. Се чини дека порано бил зависник од метамфетамин, но сега преминал на нешто полесно. Неговите раце се тресат и од устата му излегува пена сè додека не ја земе чашата со горко, топло кафе.rn

    7. Тинејџерите

    rnНиедно кафуле не би било комплетно без група тинејџери во нивната готска, емоционална фаза од животот. Тие ретко нарачуваат што било, но одлично ја усовршиле вештината на ѕиркање низ нивните смешни шишки кои им го прекриваат лицето. Ги гледате со восхит и се прашувате како може толку млади луѓе да се презаситени од животот? Понекогаш ќе ви довикнат нешто навредливо од нивната маса.rn

    8. Луѓето со животни

    rnЛуѓето кои премногу ги сакаат животните не ги почитуваат санитарните правила и своето кафе мора да го испијат во присуство на нивното милениче. Секако, секој добродушен човек нема проблем кога се работи за слатки кучиња, кои мирно чекаат до нозете на својот сопственик. Но постојат луѓе кои своите миленици ги качуваат на маса и им даваат да јадат колачи од нивните чинии, што секако може да биде непријатна глетка за луѓето на околните маси. Што мислите, како поминуваат останатите гости кои протестираат поради ова?

  • Неколку знаци дека негативната енергија ве блокирала и како да се ослободите од неа

    Неколку знаци дека негативната енергија ве блокирала и како да се ослободите од неа

    Дали понекогаш ви е тешко да се ослободите од негативните чувства? Сите одвреме-навреме поминуваме низ оваа состојба, а понекогаш ни е добредојдена мала помош со цел да се вратиме на правиот пат.rnrnНеколку знаци дека негативната енергија ве блокирала и како да се ослободите од неаrnrnПогледнете дел од знаците кои укажуваат дека негативната енергија го блокира светлото во вашиот живот:rn

      rn011

    • Во последно време поголемиот дел од луѓето ве иритираат или ве вознемируваат
    • rn011

    • Повлечени сте
    • rn011

    • Не се гледате со луѓето кои ги сакате
    • rn011

    • Доживувате непријатни ситуации
    • rn011

    • Вашиот дом изгледа темно и постојано е во неред
    • rn011

    • Чувствувате дека другите не ве ценат доволно
    • rn011

    • Се чувствувате уморно и тажно
    • rn

    rnДоколку чувствувате кое било од овие нешта, тоа е сигурен знак дека негативната енергија се вовлекла во вашиот живот. Но, не грижете се, постојат неколку нешта кои можете да ги направите со цел брзо да го уништите овој облак од негативност и да го подобрите вашето расположение. Погледнете ги 3-те најдобри начини да го сторите тоа.rn

    1. Уредете го вашиот животен простор

    rnСте знаеле ли дека просторот во кој живеете се одразува на вашата внатрешна состојба? Со други зборови, ако вашиот дом, автомобил и работен простор се во неред, нечистотија и хаос, тогаш тоа ќе се одрази и врз вашата емотивна состојба. Колку повеќе време поминувате во ваква околина, толку понегативно ќе се чувствувате.rnrnОд друга страна пак, кога сте во просторија која е уредна, чиста, топла, светла и пространа, вие нема да можете да не се чувствувате сигурно и задоволно. Тоа е една од најголемите причини зошто треба да воведете ред во вашиот живот, така што ќе воведете ред во околината каде што поминувате најмногу време.rn

    2. Поминувајте време со луѓето кои ве усреќуваат

    rnИсто како вас, така и другите луѓе во својот живот имаат „енергетски полиња“ кои можат скоро инстантно да се почувствуваат кога сте во нивна близина. Доколку сакате да го ослободите својот живот од негативната енергија, многу е важно да поминувате време со позитивни луѓе, а да ги избегнувате оние кои ве влечат кон пониските вибрации.rnrnАко одредена личност прави да се чувствувате лошо, тогаш тој или таа не се вредни за вашето време и енергија. Наместо со нив, поминувајте време со среќни и радосни луѓе кои ве поддржуваат во целост и со самото нивно присуство прават да се чувствувате добро. Дружете се со оние со кои можете да се смеете, забавувате и делите искуства.rn

    3. Научете да ги отпуштите негативните емоции

    rnНегативната енергија се храни со негативните емоции. Сосема е во ред одвреме-навреме да се чувствувате тажно, луто или фрустрирано, но проблемот настанува кога не се справувате на време со овие емоции и тие почнуваат да гнијат во вас. Тоа е една од најголемите причини зошто подолго време се чувствувате лошо.rnrnНа пример, ако постојано размислувате лошо за вашата работа, вие така ќе се чувствувате и секогаш кога сте таму, резултирајќи со намалување на мотивацијата и задоволството додека работите. Со цел да го спречите ова, важно е да си допуштите да ги почувствувате овие емоции, наместо да ги блокирате, и потоа соодветно да реагирате на нив за да излезат од вашиот систем.

  • Што кажува за вас начинот на кој патувате?

    Што кажува за вас начинот на кој патувате?

    Што кажуваат за вас дестинациите на кои најчесто патувате или за кои сонувате дека еден ден да ги посетите? Дали патувањето за вас е само бегство од реалноста или пак, начин на живот?rn

    Што кажува за вас начинот на кој патувате?

    rn

    Бекпекери

    rnПатниците со ранец се најпопуларните патници ширум светот. Вие сигурно сте сфатиле дека времето е најважно. Можеби сте работеле канцелариска работа од 8 до 4 откако сте завршиле факултет, каде добро сте заработувале, но сте чувствувале дека вашата душа полека истекува од вас секогаш кога доаѓате на работното место. Токму затоа и тргнувате во вакви авантури, со цел да го вратите повторно вашиот дух. Најчесто овие патници можат да се забележат по големиот ранец, сами или со пријателите, обидувајќи се да уживаат во животот.rn

    Парови

    rnОваа категорија патници има неколку поткатегории. Можно е да сте го започнале патувањето сами, а потоа да сте продолжите заедно, или можеби сте тргнале на заедничко патување. Исто така, вие сте или неразделни во текот на целиот ден или да сте навикнати одделно да ги посетувате местата кои ви се допаѓаат. Во секој случај вие се фотографирате како и сите туристи, на познатите локации со цел да поставите стандард кој ќе сакаат да го достигнат и останатите парови, со вашите прекрасни и оригинални фотографии.rn

    Културолози

    rnВашата цел е длабоко да се поврзете со местата кои ги посетувате. Сакате да ги откриете нијансите на локалното население, храната, музиката и природата. Стандардните туристички дестинации се само мал дел од она што вие сакате да го откриете во светот. Се подготвувате за вашето патување учејќи го јазикот што се зборува во следното место кое ќе го посетите, јадете во локални ресторани и патувате наоколу со јавен превоз. Без разлика дали се работи за едногодишна пауза од школувањето, одмор или пензија, вие сте тип човек кој исчезнува, за после неколку години да биде пронајден како поглавар на локално племе. На светот му се потребни повеќе луѓе како вас.rn

    Историчари

    rnИсторијата и науката се главните причини поради кои патувате. Вашите патување се испланирани така што постојано ќе добивате нови информации, но без строгата структура на академското опкружување. Посетувате музеи, ја истражувате значајноста на културолошките локалитети (посебно тие кои се поврзани со вашето наследство) и обожавате тури со туристички водичи. Често разговарате со водичите или им кажувате интересни факти на останатите патници. Вообичаено изгледате како спореден лик од филмот „Индијана Џонс“.rn

    Луѓе од природата

    rnУживате во дивината и допирот со недопрената страна на светот. Воодушевени од новите откритија, целосно се впуштате во светот на природата со голема приспособливост и со оптимистички размислувања. Истражувањето на природното опкружување околу вас е најважниот дел од вашето патување. Ненамерно, вашата храброст ги инспирира и другите да почнат да патуваат или да продолжат да патуваат, откривајќи нови природни убавини. Вие сте флексибилни и сакате да патувате сами или во мала група. Често планинарите, скокате од карпи или се нишате од дрво на дрво како Тарзан.rn

    Хедонисти

    rnТоа го правите заради возбудата. Сѐ што е забавно, различно и интересно е токму за вас. Вие не сте тип на човек кој целиот ден би го поминал денгубејќи на плажа. Нема да се задоволите со ништо, сè додека тоа што го правите не побуди емоционален одговор и не ве направи да се чувствувате живи. Најчесто вие сте оние кои раскажуваат приказни кои звучат премногу неверојатно за да бидат вистински или ги убедувате другите да пробаат нешто ново. Вие сте опуштени и не брзате да стигнете на вашата следна дестинација, а веројатно имате долга, бушава коса и не се грижите многу за облеката и чевлите.rn

    Опуштени патници

    rnЗа вас патувањето е начин да излезете од секојдневната рутина и да се релаксирате и одморите. Живеете брз и динамичен живот и потребно ви е полнење на батериите. Одвреме-навреме посетувате нови места, но среќни сте и ако ги посетите вашите роднини за празниците. Вашиот идеален одмор е патување за свадба. Вие сте тие кои за време на појадокот ќе се напијат вотка со сок од боровинка и ќе завршат пијани на плажа.rn

    Повторувачи

    rnОд патувањето очекувате стабилност и удобност. Не сте тип на човек кој ќе организира патување околу светот. Вашата идеја за патување е да не сте во вашиот дом, но да немате проблеми со брза адаптација. Иако сакате да си поминете убаво на патувањето, сепак не се грижите премногу за организацијата. Понудените аранжмани за одмор и туристичките тури со водичи се најдоброто нешто за вас.rn

    Патници на кратки дестинации

    rnСакате да избегате од секојдневието, но ретко одите многу далеку од дома. Сакате да одите на викенд во блиската викендичка, да посетите некој национален парк или да одите на одмор во село. Без разлика дали патувате со нив, или ги посетувате, пријателите и семејството ви се најважен дел од патувањето.rn

    Духовни трагачи

    rnВеројатно ова прво им паѓа на ум на повеќето луѓе кога помислуваат на патување. Има големи шанси дека претходно сте биле несреќни со правецот во кој се движел вашиот живот. Лошата врска или некој неуспех во животот ве втурнале во депресија и сега патувате низ светот за повторно да се пронајдете себеси. За вас патувањето претставува трансформација. Во сите ваши патувања барате значење и длабока врска со вашата душа.rn

    Луксузни патници

    rnКој вели дека патувањето мора да биде со испланиран буџет? Немате проблем да престојувате во хотели со пет ѕвезди или во луксузни апартмани. Местата кои најчесто ги посетувате се големите светски метрополи, шопинг центри и скапи ресторани. Зошто да го пакувате вашиот живот во мал ранец, кога можете да го спакувате во голем куфер од Луј Витон? Имате личен возач каде и да одите, а кога се чувствувате расположено се возите со хеликоптер.rn

    Сѐ што може да се направи, вие можете подобро

    rnНа патувањето му пристапувате како Мајкл Џордан на кошарката, со силен натпреварувачки дух. Сакате да посетите што повеќе земји за што пократко време. Сакате да планинарите на највисоките планини. Сакате да нуркате на дното на океанот без боца со воздух. Зошто да патувате ако не можете да се пофалите што сте постигнале?

  • Уникатната убавина на луѓето со пеги

    Уникатната убавина на луѓето со пеги

    Фотографот Брок Елбанк патува со цел да направи 150 фотографии од луѓе со пеги за неговата следна изложба во 2017 година. Тој сака да ја слави убавината на овие луѓе и од средината на 2015 досега успеал да направи 90 портрети од личности со пеги.rnrnУникатната убавина на луѓето со пегиrn

    „Отсекогаш сум ги сакал пегите. Она што е интересно кај индивидуалните карактери кои досега имав среќа да ги фотографирам е дека многу од нив се мачеле со нивните пеги во детство или ги мразеле, додека пак други навикнале да живеат со нив, а некои дури и ги засакале.rnrnЕден модел кој го фотографирав во септември помина со мене три или четири часа после фотографирањето, зборувајќи за тоа како се чувствувал како дете, малтретиран, отфрлан поради неговиот изглед, што за мене беше шокантно бидејќи тој изгледаше прекрасно.“

    rnАко сакате да учествувате во неговиот проект можете да го контактирате тука. Во меѓувреме, погледнете ги неговите неверојатни фотографии кои ни покажуваат дека секој човек е прекрасен.rnrn

  • Постојано доцните? Со овие промени тоа ќе стане минато!

    Постојано доцните? Со овие промени тоа ќе стане минато!

    Една од најчестите навики на луѓето која тешко се менува е константното доцнење. Поради оваа карактеристика вие на другите им покажувате дека не го почитувате нивното време, па ниту нив самите како пријатели или соработници. Токму затоа погледнете ги навиките на луѓето кои секогаш пристигнуваат на време и кои можете да ги примените уште денес за конечно да престанете да доцните!rnrn1-postojano-docnite-so-ovie-promeni-toa-kje-stane-minato-www.kafepauza.mk_rn

    1. Реални очекувања

    rnЛуѓето кои секогаш пристигнуваат на време се свесни дека наутро им е потребно барем половина час за да се спремат – за разлика од луѓето кои постојано доцнат, кои сметаат дека 5 минути се дури и повеќе од доволно за да се истушираат, облечат и појадуваат.rn

    2. Одење навреме на спиење

    rnПотребни се минимум осум часа сон за секој од нас утредента да има доволно сила и енергија за нови обврски, а особено за станување навреме наутро. Ако легнувате доцна, многу потешко ќе станете следното утро и поради тоа сигурно и ќе доцните.rn

    3. Дополнително време

    rnЛуѓето кои никогаш не доцнат се свесни дека во меѓувреме можат да излезат безброј непредвидливи околности кои имаат моќ да ги спречат во извршувањето на своите обврски. Токму затоа и секогаш оставаат дополнително слободно време за секој случај.rnrn2-postojano-docnite-so-ovie-promeni-toa-kje-stane-minato-www.kafepauza.mk_rn

    4. Клучот е во организацијата

    rnТочните луѓе строго се држат до списоците и листите со обврски кои самите ги прават, бидејќи токму тие им помагаат да ја одржуваат својата рутина.rn

    5. Без одложување

    rnКога добиваат некоја задача, точните луѓе започнуваат да работат на време и ја завршуваат дури и пред зададениот рок. На тој начин можат многу брзо да започнат со исполнувањето на следната задача.

  • 10 начини на кои и вие можете да научите да бидете среќни

    10 начини на кои и вие можете да научите да бидете среќни

    Среќата е животна цел на повеќето луѓе, но многу малку успеваат да ја исполнат. Како е возможно да бидете среќни секој ден, секој час, секој миг? Вистината е дека не можете. Не можете бидејќи сте луѓе и доживувате мноштво емоции и скоро сите чувства кои можете да ги замислите.rnrn(0)-10-nachini-na-koi-i-vie-mozhete-da-nauchite-da-bidete-srekjni-kafepauza.mkrnrnЧувството на комплетна среќа е недостижно, слично како еликсирот за вечна младост. Но, да се чувствувате малку посреќни со секој изминат ден? Тоа е веќе остварливо. Да бидете позитивна личност? И тоа е возможно исто така. Како што изминува животот, ние учиме лекции како да станеме посреќни. Во продолжение прочитајте десет важни животни лекции кои ќе ви донесат среќа во секојдневниот живот.rnrn1. Секоја вечер исфрлајте ја омразата од срцето и обидете со сите сили да го исполните со љубов за наредното утро. Ако не го направите тоа ќе оставите да ви зарасне во срцето и единствената личност која навистина ќе ја повредите сте вие самите.rnrn2. Без разлика што ви се случило, никогаш не ги напаѓајте луѓето што се обидуваат да ве сакаат и да ве направат подобар човек. Ако не ве сакаа, немаше да бидат покрај вас.rnrn3. Учете од секого и секогаш бидете со отворено срце и ум. Вие имате душа која еволуира и расте, исто како сите луѓе околу вас. Секој што ќе го сретнете знае нешто што вие не знаете.rnrn4. Некои денови ќе бидат вознемирувачки, тешки и исклучително предизвикувачки. И нема да биде лесно, но во таквите денови е важно да најдете нешто за кое ќе бидете благодарни. Секогаш постои нешто кое ќе ве направи среќни, иако некогаш е навистина тешко тоа да се забележи.rnrn5. Запомнете ги сите нешта кои можеле да тргнат на лошо, но тоа не се случило. Важно е да знаете дека често нештата можеле да бидат многу полоши.rnrn6. Простете им на тие што се немилосрдни кон вас. Некои луѓе живеат со црни демони, кои не знаат како да ги контролираат. Наместо тоа тие ги ослободуваат во надворешниот свет преку своите тешки зборови и сурови постапки, обидувајќи се да им олеснат на нивните измачени души.rnrn7. Кажете им на луѓето што ги сакате колку многу ги цените. Луѓето што ги сакате не се бесконечен извор на безусловна љубов. И тие имаат потреба од возвратена љубов.rnrn8. Секојдневно правете добрина. Светот е полн со луѓе на кои им треба помош. Ќе се изненадите колку е прекрасно чувството да направите некој друг да се смее и радува.rnrn9. Не претерувајте со очекувањата. Во моментот кога ќе престанете да поставувате високи очекување од луѓето и ќе им дозволите да бидат она што се, тогаш ќе станете личност која луѓето со задоволство ќе ја нарекуваат пријател.rnrn10. Луѓето не се запознаваат случајно. Бидете добродушни кон секого. Бидејќи секој во себе носи голема тага која може да се види само во неговите или нејзините очи.

  • 29 фотографии од човечкиот род што ќе ве остават без здив

    29 фотографии од човечкиот род што ќе ве остават без здив

    Овие фотографии сигурно ќе ги разбудат вашите емоции во целиот спектар на нивното постоење. Тие ја доловуваат различноста на човечката раса, потсетувајќи нè дека живееме на планета каде што тагата и среќата постојат заедно.rnrn

    „Преку глава ми е од војните кои ги смислуваат старци, а во нив гинат млади луѓе.“
    „Преку глава ми е од војните кои ги смислуваат старци, а во нив гинат млади луѓе.“
    rnrnНекои се убави, силни, инспиративни, а некои се многу тажни. Ви прикажуваме 29 фотографии од човечката раса, без предрасуди и филтри. Само велиме: „Тука се“. Погледнете ги и подгответе се да искусите неверојатно силни емоции…rnrn
    Палестинско девојче со Калашников помеѓу исламистичките џихадисти во Газа
    Палестинско девојче со калашников помеѓу исламистичките џихадисти во Газа
    rnrn

  • Немаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смрт

    Немаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смрт

    Што се случува со нас кога ќе умреме? Ова прашање постои исто колку и самото човештвото, па токму затоа е и предмет на голем број истражување. Во потрага по вистината, еден корисник на Редит неодамна го поставил истото прашање, но само кон оние кои преживеале клиничка смрт. Пристигнале стотина одговори и иако секој од нив треба да се чита со доза внимание, тие можат да се поделат во 3 категории.rnrnНемаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смртrnrnПрвата категорија ја сочинуваат луѓе кои не почувствувале ништо, втората се оние кои виделе светлина и/или имале некаков контакт со личност од другата страна и во последната група се оние кои гледале што сè се случува околу нив додека биле „мртви“, но не можеле ништо друго да направат. Прочитајте дел од сведоштвата на луѓе кои доживеале клиничка смрт:rn

    „Малку се сеќавам на возењето со итната помош, но воопшто не се сеќавам на своето тело. Го гледав како тоа лежи додека покрај него имаше доктор со ментол зелена боја на коса. Јас го немав видено пред да се онесвестам, а сепак го познавав кога се разбудив. Дојдов при свест 3 дена подоцна.“

    rn

    „Стоев на некое место. Околу мене имаше магла, а потоа го здогледав мојот најдобар пријател со кој во тоа време се карав и не се дружев. Дојде од маглата и ми рече дека не можам сè уште да си одам, дека морам да продолжам да се обидувам и ако му ветам дека нема да се откажам ќе ме врати. Му ветив, но без зборови и во истиот момент се вратив.“

    rn

    „Се сетив на сè што доживеав кога ‘умрев’. Немаше ни светла, ни покојни роднини. Никој не ми велеше да се вратам, но видов нешта кои никако не можев да ги видам од местото каде што лежев. Се сеќавам дека зборував и дека бев многу лут затоа што никој не ми одговараше. Мајка ми потоа ми рече дека не сум зборувал ништо бидејќи сум бил мртов.“

    rn

    „Додека итната помош ме водеше кон болницата, се сеќавам дека стоев од страна и се набљудував себеси, како и сите кои беа со мене.“

    rn

    „Во еден момент бев буден, гледав што докторот прави и разговарав со него. Одеднаш се огласи аларм и сите почнаа да паничат. Сè околу мене стана магловито, а потоа се стемни. Следно нешто што се сеќавам е кога го чув докторот како рече ‘Го вративме’.“