КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

    Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

    Дури и покрај тоа што времето се стоплува, постојат одреден вид луѓе кои едноставно не можат да му избегаат на ладното. Особено во оние ситуации каде што се вклучени климатизери. Овие луѓе се посебни, нивните дланки и стапала постојано им делуваат како ледени коцки, и нивната борба со ладното чувство трае дури и за време на летните месеци. Можеби надвор е топло, но тие се премрзнати однатре. Па, доколку и вие спаѓате во оваа категорија луѓе, тогаш сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниве проблеми.rn

    1. Ако заборавите да си земете нешто подебело за на работа, ќе смрзнете во канцеларијата

    rn(1) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnИ големи се шансите дека нема да завршите ништо од вашите работни обврски.rn

    2. Можете да седите во кино, со џемпер и шал, и повторно да смрзнувате

    rn(2) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnЗарем е тоа можно? Сите околу вас уживаат во кратки ракави, а вие се тресете…rn

    3. Секој што ќе ги допре вашите дланки или стапала, веднаш се исплашува

    rn(3) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnВо еден момент, тие дури се прашуваат и дали воопшто сте живи!rn

    4. Мора да користите повеќе ќебиња во кревет, без разлика на поплаките на вашиот партнер

    rn(4) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnАко не си направите сопствено гнездо, големи се шансите дека ќе се разбудите како мразулец.rn

    5. Токму поради студот и не сакате наутро да станете од вашиот кревет

    rn(5) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnНадворешниот свет е толку ладен и без топли ќебиња!rn

    6. Постојано размислувате да си донесете греалка на работа

    rn(6) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnВашите колеги можеби ќе ве исмејуваат, но тоа тотално ќе вреди.rn

    7. Термостатот е најголемата причина за караници во вашиот дом

    rn(8) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnНикој не разбира дека 20 степени за вас е исто како да сте се закопале во снег.rn

    8. Знаете дека најверојатно никогаш нема да можете да носите шорцеви

    rn(7) sekojdnevni-problemi-so-koi-se-soochuvaat-samo-onie-lugje-na-koi-postojano-im-e-ladno-www.kafepauza.mkrnrnТие можеби изгледаат слатко, но во истиот момент кога ќе налетате на климатизер – ќе смрзнете!rn

    9. Преферирате водата за туширање да биде на граница пред да почне да ја гори вашата кожа

    rn(9) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnТоа е единствениот начин да го стопите ледот кој секогаш се формира околу вас.rn

    10. Кога во кафуле или ресторан ве прашуваат дали сакате маса внатре или надвор, вие најпрво сакате да ја проверите внатрешната температура пред да одлучите

    rn(10) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnЦелта е да откриете каде е потопло, внатре или надвор…rn

    11. Никогаш не можете да ја погодите температурата во вашиот автомобил

    rn(11) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnЕден момент е премногу топло, а веќе во следниот ладен воздух се удира во вас.rn

    12. Бричењето на вашите нозе никогаш не ви било приоритет

    rn(12) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnЗошто би сакале да се ослободите од совршениот џемпер, исплетен од природата?rn

    13. Почнувате да сочувствувате со гуштерите

    rn(13) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладноrnrnТие се секогаш студени и ја разбираат вашата секојдневна битка!

  • Како да не го преспиете вашиот живот?

    Како да не го преспиете вашиот живот?

    Напуштете ја рутината за да најдете и најмали нешта за кои ќе бидете благодарни. Наскоро ќе сфатите дека тие се повредни отколку што некогаш сте очекувале. Прекрасно е кога редот во маркет се движи побрзо од очекуваното. Прекрасно е кога шанкерот ви пушта бесплатна тура. Прекрасно е дури и кога се обидувате да не се насмеете во текот на сериозна ситуација (што ситуацијата во истиот момент ја прави посмешна). Еден ден ќе погледнете назад и ќе сфатите дека се сеќавате на изненадувачки голем број навидум досадни ситуации.rnrnКако да не го преспиете вашиот живот?rnrn1. Бидете присутни. Фокусирајте се и почувствувајте ја енергијата која излегува од некој за кого се грижите и сте среќни што поминувате време заедно. Кога седите со нив на каучот или спроти нив во кафе барот, слушајте внимателно што зборуваат. Не дозволувајте да ви одлета умот или да почнете да замислувате што би кажале следно. Повторувајте што кажува вашиот соговорник. Бидете присутни во моментот. Оставете го телефонот во вашиот џеб.rnrn2. Осмелете се да побарате почит од сите околу вас, додека исто така ќе запаметите дека вие не сте подобри од кого било. Погледнете ги луѓето кои најмногу ви одат на нерви и запомнете дека и тие доживеале тажни и тешки моменти како и вие. Понекогаш биле дури и во потешка ситуација. Не може да се натерате да ви се допаѓаат. Но мора да бидете свесни дека тие се човечки суштества.rnrn3. Погледнете ги подобро деталите, особено тие кои се наоѓаат во природата. Обрнете внимание на различните лисја во природата. Набљудувајте го зајдисонцето со своите очи и не споделувајте ги сликите на социјалните мрежи. Вдишете чист воздух веднаш откако ќе заврне и помислете на фактот дека само неколку нешта мирисаат подобро.rnrn4. Прочитајте за начините со чија помош може да имате поубави утра, попродуктивни денови или порелаксирани попладниња и научете како всушност да ги искористите, наместо само да се преправате. Нека нема повеќе „тоа звучи убаво… можеби еден ден“. Всушност, одете на прошетка напладне, или понесете книга која може да ја читате на паузата за ручек, наместо бесцелно да скролате на телефонот. Испијте една шолја топол чај од камилица пред да си легнете или 5 минути седете на подот и медитирајте.rnrn5. Кога се туширате, оставете го телефонот во другата соба. Опуштете се во кадата со топла вода. Едноставно бидете свои и одморете се. Не мислете на ништо, освен на чистотата.rnrn6. Бидете свои, без разлика со кого разговарате и не обидувајте се да го објасните вашето постоење пред сите. Изберете го она што мислите дека е правилно, внимавајте на себе и секогаш потрудете се да им го разубавите денот на другите.rnrn7. Прегрнете ја личноста која ви значи најмногу од сѐ и ценете го фактот, барем за две секунди, дека таа е топла и жива и дека можете да почувствувате како нејзиното срце бие за вас. Ова се малите моменти кои подоцна ќе ни недостигаат, бидејќи никогаш не сме ги ценеле.rnrnБидете овде и бидете свои, најмногу што можете. Останете будни.

  • Стравови со кои мора да се соочите доколку сакате да успеете во животот

    Стравови со кои мора да се соочите доколку сакате да успеете во животот

    „Соочете се со своите стравови!“ е еден од најчестите совети кои ќе ги слушнете во животот. Но и покрај тоа што можеби не верувате, вие мора да знаете дека стравовите ве држат затворени во вашиот измислен свет. Свет во кој владеете самоуверено, без да бидете свесни дека може да се скрши со само една невозвратена насмевка или нов предизвик во секојдневието. Излезете од вашата удобна зона и спротивставете им се на демоните кои ги гушат животните страсти.rnrnСтравови со кои мора да се соочитеrn

    1. Страв од неуспех

    rnСè додека се плашиме од пораз, никогаш нема да тргнеме во битка и ќе останеме таму каде што сме. За да успееме во што било во животот потребно е да го совладаме стравот од неуспех бидејќи тоа е буквално единствениот пат кон успехот. Затоа не плашете се да ризикувате, да погрешите или да залутате, бидејќи тоа е единствениот начин да научите и да тргнете напред. rn

    2. Страв од промени

    rnМногу луѓе се жалат на монотонијата во секојдневието, кажувајќи дека нивниот живот е празен, но кога ќе се најдат во ситуација да направат нешто ново, никогаш не се осмелуваат. Стравот од промени е синџир кој нè држи во заробеништво во светот кој одамна сме го надраснале, а се плашиме од него да излеземе на кој било начин.rn

    3. Страв од губење на контролата

    rnМногу луѓе мислат дека можат и мораат да ги контролираат сите аспекти од нивните животи. Поради тоа уверување, живеат во постојана напнатост да ги преземат сите можни акции за да ја задржат контролата на сѐ. Таквиот живот ќе се претвори во пекол кога ќе се најдат во бројни ситуации кога тоа не е возможно. Нема друг начин, освен да ги прифатат нештата кои не можат да ги променат такви какви што се.rn

    4. Страв од болка

    rnСтравот од патење е еден од најголемите стравови. Тој прави да одложуваме многу важни работи во животот, што на крај само го зголемува страдањето. Постојат страдања кои всушност претставуваат една етапа од животот кој нас нè подига на повисоко ниво. Доколку се плашиме од тие животни етапи, остануваме затворени во својот стар свет и никогаш не правиме ништо кое на нашиот живот му дава нов квалитет и убавина.rn

    5. Страв од луѓе

    rnМногу луѓе имаат страв од други луѓе. Поради тоа што не го познаваме другиот, во своите глави создаваме погрешна слика за него и се плашиме да му пријдеме, не знаејќи дека другите луѓе всушност се многу слични на нас. Поради овој страв подоцна ќе зажалите бидејќи сте изгубиле личност која толку многу сте сакале да биде во ваша близина и дека сѐ би било поинаку доколку не се плашевте да им пријдете на многу луѓе.

  • 20 знаци дека сте луд сопственик на мачка кој се однесува како родител

    20 знаци дека сте луд сопственик на мачка кој се однесува како родител

    Дали кон вашата мачка се однесувате како луд родител? Секако дека не. Или можеби по малку? Ако 5 од следниве знаци важат и за вас, тогаш по дефиниција сте. Овие илустрации се дело на креативното студио „Last Lemon“ кое ги собира исповедите на сопствениците на мачки и ги претвора во смешни цртежи.rnrn

    Ги прашувате како им поминал денот кога се враќате од работа
    rnrn
    Гледате телевизиско шоу специјално за задоволството на вашата мачка, а не за вашето
    rnrn

  • Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

    Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

    Срамежливите луѓе зборуваат само кога се сигурни дека изговорените зборови ќе звучат поубаво од тишината. Доколку сте една од оние слатки, повлечени личности кои седат сами во аголот на собата и не кажуваат ни збор, сигурно во животот сте се соочиле со овие 11 ситуации, својствени само за срамежливите личности.rnrnТивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личностиrn

    1. Мразите активности како запознавањето нови луѓе

    rnВо текот на животот, најмногу сте ги мразеле првите денови на училиште, кога моравте да станете и да се претставите пред своите врсници и професори. Сите очи во тој момент се вперени во вас. Колку непријатно чувство.rn

    2. Повеќепати во вашата глава ги повторувате и анализирате речениците пред да ги изговорите

    rnСекој збор кој излегува од вашата уста, претходно сте го испробале во вашата глава. Не е важно дали зборувате со шефот, клиент, професор или пријател. Вие сметате дека подобро е зборовите да ги повторите неколку пати, отколку да се заплеткате или да кажете нешто несоодветно.rn

    3. Марамчињата се ваш најдобар пријател

    rnВи се случило ли некогаш да почнат да ви се потат дланките кога зборувате со родителите на вашиот партнер или пак, кога ќе ви се обрати некој странец? Додека со вас имате марамчиња, сѐ ќе биде во ред.rn

    4. Никогаш не би го направиле првиот чекор

    rnКога седите покрај непозната личност, се молите тие да почнат да зборуваат со вас, бидејќи вие немате храброст. Вашата срамежливост е виновна за многу пријателства кои никогаш не се оствариле.rn

    5. Другите секогаш го коментираат начинот на кој зборувате

    rnГласот на срамежливите луѓе не е детски, ниту пак пискав како што го доживуваат другите. Нивниот глас всушност е полн со смиреност и мелодичност, без никаква назнака на фолирање.rn

    6. Вашите вештини често предизвикуваат општо воодушевување

    rnПоради особините кои ги опишуваат, срамежливите луѓе многу ретко дозволуваат да бидат во центарот на вниманието. Сепак, кога пред друштвото ќе покажете дел од своите можности, сите остануваат во шок.rn

    7. Вашите образи ќе заруменат и од најмалиот комплимент на ваша сметка

    rnПовлечените луѓе ретко, или поточно никогаш не се фалат пред своите колеги, пријатели и познаници. Благодарни сте како изгледате денес, но кога тоа ќе го забележи уште некој, лесно ќе измами црвенило на вашето лице.rn

    8. Луѓето со кои не сте блиски ве доживуваат како недружељубива личност

    rnЧесто ви се случува да оставите лош прв впечаток пред луѓето поради вашата срамежливост. Оваа особина често може да се протолкува како одбивна и непријатна за околината во која се наоѓате.rn

    9. Вашиот лут израз на лицето е досаден

    rnКога сте лути или изнервирани тешко ви е да го покажете тоа. Како со зборови, така и преку изрази на лицето.rn

    10. Уживате да ги слушате другите

    rnКога се наоѓате во друштво на пријателите и семејството, вие не сте тие кои зборуваат за своите искуства. Вам ви е подраго да ги сослушате другите и да покажете емпатија кон нив.rn

    11. Длабоко во душата сте навистина нежни и добри

    rnЗад срамежливоста се крие навистина нежна и смирена личност. Ваквите луѓе се пријатни кон околината, па не е чудно што во животот имаат многу доверливи пријатели.

  • Неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате

    Неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате

    Често се случува проблемите, сосема ненајавено, да влетаат во нашите животи и да ги направат црно-бели или некогаш дури и многу полоши. За некои од нас тоа може да биде само фаза од животот, додека за други може да значи комплетна животна промена. Прочитајте ги овие приказни за обични луѓе кои морале да се соочат со непријатни настани, но успеале да ги надминат со големо достоинство. Денес, тие се инспирација за останатите дека едноставно ништо не може да ве спречи на вашиот пат во животот.rn

    1. Ник Вујичиќ

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnОвој човек живее без раце и нозе и има неверојатен дух и желба за живот. Уште повеќе, тој е доказ дека во секоја ситуација можете да најдете причина да бидете среќни. Ник игра голф, сурфа, патува низ светот, држи мотивациски говори, а од неодамна стана и татко по втор пат. Кога децата на улица го прашуваат што му се случило, тој самоуверено одговара „Од цигарите!“rn

    2. Бил Портер

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnКога имате цел и уште поважно, желба да ја остварите, болестите нема да претставуваат пречка за тоа. Иако Бил Портер боледува од церебрална парализа, отсекогаш сакал да работи во продажба. Тој ја исполнил својата желба, а од неодамна стана и еден од најуспешните продавачи во Америка. Филмот „Од врата до врата“ е посветен на неговиот дух и треба да го гледаат сите оние кои мислат дека нешто ги спречува да ја остварат својата кариера од соништата.rn

    3. Евгениј Смирнов

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnНема ништо полошо за танчар, од тоа да ја изгуби способноста за танцување. Што може да прави професионален танчар кога ќе ја изгуби ногата во сообраќајна несреќа? Ќе продолжи да танцува! Токму тоа го направи и рускиот шампион во танцување, Евегениј Смирнов и покрај фактот дека повторно морал да учи како да танцува. Неговите перформанси во шоуто за танцување биле одличен пример, не само за човечкиот дух, туку и за фактот дека можете да танцувате и без една нога.rn

    4. Олесија Владикина

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnОваа шармантна и прекрасна девојка, иако има само 20 години, поминала низ многу страдања. Во несреќа во Тајланд таа ги изгубила левата рака и уште пострашно, и нејзината најдобра пријателка. Овој момент го променил нејзиниот живот, но таа не се предала. По несреќата, таа двапати учествувала на Параолимписките игри, освојувајќи златен медал, притоа поставувајќи светски рекорд. Таа одбила да носи протеза и сѐ што прави, прави со една рака.rn

    5. Силвестер Сталоне

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnДали мислите дека треба да изгледате совршено за да станете добар актер? Секако дека не, а Силвестер Сталоне е одличен пример за тоа. Како резултат на траума при раѓање, долниот дел од левата страна на лицето му е парализиран, а неговата уста е малку искривена, а исто така парализиран е и дел од неговиот јазик.rn

    6. Андреа Бочели

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnСлепилото му ја одзема способноста на човекот да го гледа светот, но не и да го чувствува. Можеби токму ова му помогнало на Италијанецот Андреа Бочели, да споделува фасцинантна и инспиративна енергија со публиката преку неговите песни. Тој исто така е и татко на три деца и ужива во животот велејќи дека иако е лишен од можноста да го види светот со своите очи, тој сепак го гледа со неговото срце.rn

    7. Медлин Стјуарт

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnКога имате сон, дури и хендикепот не може да ве спречи да го остварите. Медлин Стјуарт, родена со Даунов синдром, отсекогаш имала желба да стане модел. И успеала во тоа! Секако, за тоа било потребно време. Девојката почнала да спортува и изгубила 20 килограми, а потоа долго време се обидувала да влезе во модна агенција, а тие не биле премногу заинтересирани за личност со Даунов синдром. Но, Медлин ја остварила својата цел. Таа потпишала вреден договор со брендот „Manifesta“ и сега рекламира спортска опрема за жени.rn

    8. Викторија Дувал

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnСпортистот секогаш останува спортист. 20-годишната американска тенисерка Викторија Дувал, која преживеала Хоџкинсонов лимфом, го докажува тоа. Таа продолжила да тренира и веќе имаше одличен настап на еден од четирите Гренд Слем турнири. Но, се чини дека Викторија веќе ја извојува најголемата победа во својот живот.rn

    9. Шантел Браун Јанг

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnУбавината на овој модел е навистина невообичаена. Кога била малечка, Шантел дознала дека има недостаток на пигментација на кожата, која се нарекува витилиго. Но со одличното тело и прекрасните црти на лицетo, таа одлучила својот недостаток да го претвори во нејзина предност. Како резултат на тоа, таа денес е познат модел.rn

    10. Ксенија Безуглова

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnОваа мајка на две деца победи на изборот на убавина за жените во количка. Таа е активист за човекови права, која сака да ја направи средината попријатна за луѓето кои се движат со количка. Таа е личност која ужива во животот и сѐ уште има многу планови за промена на светот.

  • 9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

    9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

    Овие 9 карактеристични типови личности го прават човештвото специјално, не само поради интеракцијата меѓу нив, туку и поради својата внатрешност. Синхроницитетот ги поврзува заедно во убав систем кој прави сè да функционира како што треба. Ниеден човек не може да се претстави само со една од овие личности, туку најчесто е мешавина од неколку. Станува збор за начин на размислување кое се фокусира на среќните моменти, без да бидеме свесни дека секое делче од сложувалката е интегрален дел од духовната еволуција на човештвото. Сѐ се менува толку брзо и секој од овие сегменти има важна улога во формирањето на човечката свест.rnrnДевет типови на личности кои го менуваат светотrn

    1. Иницијатори

    rnБез оглед на иницијативата, ова се личностите кои го движат светот напред. Тие го симболизираат принципот на почеток и иницијација низ чистота на причината. Тоа е енергијата која ги започнува сите дејствија и нè води во нови правци. Без нив, многу работи ќе останеа ненаправени, бидејќи кога никој друг не би сакал да ги направи. Тие истапуваат и се истакнуваат со својата храброст, оригиналност и решителност.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Креатори и водечка сила на свеста и големите движења.
    • rn011

    • Не гледаат крај на нивните патувања и цели во животот.
    • rn011

    • Најмоќните иницијатори се оние кои веруваат дека е подобро да служиш отколку да владееш.
    • rn011

    • Секогаш се напред и им го покажуваат патот на другите.
    • rn011

    • Веруваат во своите способности да го разликуваат доброто од злото.
    • rn011

    • Најчесто се ментално посилни од останатите луѓе.
    • rn011

    • Живеат онака како што тие мислат дека треба и ништо не може да им застане на патот.
    • rn011

    • Генерално се оптимистични луѓе кои поседуваат голема внатрешна сила и често се инспирација за другите.
    • rn011

    • Самите себеси се мотивираат и се желни за напредок.
    • rn011

    • Поседуваат лидерски способности кои привлекуваат многу следачи.
    • rn

    rn

    2. Исцелители

    rnБидејќи Иницијаторите често се повредуваат себеси, во нивните константни обиди да одат напред, Исцелителите се неопходни да го вратат балансот во нивното физичко здравје. Во овој тип луѓе доминира женствената енергија, но има и многу мажи со силна исцелителна енергија. Тие го симболизираат принципот на соединување со другиот, помеѓу позитивното и негативното, машкото и женското, денот и ноќта, црното и белото, јин и јан. Тие ги соединуваат сродните умови и идеали. За исцелителите животот мора да има значење. Тие имаат најсилна интуиција од сите типови личности.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Вешти медијатори кои покажуваат високо ниво на сочувство и емпатија.
    • rn011

    • Нивната интуиција е на највисоко ниво споредена со другите типови личности.
    • rn011

    • Тие се вечни оптимисти дека светот ќе стане подобро место за живеење и дека сите ќе живеат во мир и хармонија.
    • rn011

    • Добро соработуваат со другите со цел да постигнат хармонија во нивните животи.
    • rn011

    • Избегнуваат конфликти и расправии и наместо тоа ја гледаат поголемата слика.
    • rn011

    • Секогаш се обидуваат да се несебични и фокусирани на правењето добри дела.
    • rn011

    • Се грижат сите да го искористат целиот свој потенцијал.
    • rn011

    • Сакаат да бидат прифатени онакви какви што се и настојуваат да најдат работа која ќе им овозможи да се искажат во вистинско светло.
    • rn011

    • Го помагаат својот личен напредок и напредокот на другите.
    • rn011

    • Се грижат децата да растат во топла и пријатна средина, дури и на сметка на нивниот личен комфор.
    • rn

    rn

    3. Катализатори

    rnКатализаторите на светот имаат единствена дарба со голема креативност постојано да ги менуваат луѓето и околностите. Тие се посредници на планетата кои им овозможуваат на другите да ја искористат својата енергија. Кога Иницијаторите и Исцелителите се немоќни, тие бараат помош од Катализаторите на квантно ниво. Никој од нив не може да разбере што прават за другите, но кога Иницијаторите и Исцелителите ќе се здружат, тие често имаат потреба од синтезата на Катализаторот за да ја искористат ефективно целата енергија.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Имаат карактеристики на возвишен водич.
    • rn011

    • Можат да им помогнат на сите да најдат мир, чистина и љубов во себе.
    • rn011

    • Способни се да се справуваат со животните падови и подеми и не очајуваат долго кога доживуваат неуспех.
    • rn011

    • Повеќето се надарени музичари, писатели, танчари и јавни оратори.
    • rn011

    • Имаат широки размислувања.
    • rn011

    • Се одликуваат со ентузијазам, младоликост и живост.
    • rn011

    • Одлично комуницираат и често брилијантно владеат со јазикот.
    • rn011

    • Чувствуваат потреба да инспирираат и да го разубават светот со нивните природни можности.
    • rn011

    • Охрабруваат повеќе отколку што обесхрабруваат и секогаш наоѓаат решенија наместо проблеми.
    • rn

    rn

    4. Заштитници

    rnПред да постои каква било технологија, постоела Геја, односно мајката Земја според грчката митологија. Повеќето модерни луѓе ја изгубиле врската со Геја. Заштитниците не се свесни дека можат да играат со светлината, но знаат дека се поврзани со свеста на Геја. Тие ги гушкаат дрвјата, се грижат за животната средина, одгледуваат градини, комуницираат со животни и искрено ја сакаат природата. Некои ја игнорираат нивната диетална потреба за енергија и наместо тоа ги жртвуваат своите потреби за нивната вистина и љубов кон Геја. Тие ја сакаат Земјата и Мајката природа онаква каква што е и со сето тоа што го обезбедува за нас и таа страст не ги напушта до крајот на животот.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Работат макотрпно и можат да бидат многу упорни.
    • rn011

    • Наоѓаат големо задоволство во достигнувањата кои ги постигнале со физичка работа, посебно кога се работи за обработка на земјата и повеќе се радуваат на резултатите отколку на финансиската награда или јавното признание.
    • rn011

    • Веруваат во самоконтролата и имаат зацртани цели, но тоа се едноставни и скромни цели.
    • rn011

    • Не сакаат да создаваат неволји, но ги ценат моралните убедувања и не отстапуваат кога се убедени дека го прават вистинското нешто.
    • rn011

    • Обврската на подолг рок за нив е приоритет бидејќи тие се лојални и совесни.
    • rn011

    • Амбициозни се и ориентирани кон кариерата.
    • rn011

    • Градат сигурни основи за себе и други, и се грижат сите да бидат безбедни и сигурни.
    • rn

    rn

    5. Менувачи на играта

    rnМенувачите на играта имаат најголем број стари души од сите типови личности. Тие се екстремни индивидуалци и во душата и во умот. Имаат многу интереси и се мултиталентирани. Тие се атрактивни, независни, слободоумни и брзо се движат низ животот. Тие често се сексуални суштества. Одбиваат забрани и одговорности, додека често се одликуваат со нестабилност и непредвидливост. Го одвлекуваат нашето внимание кон чудата на животот и нѐ повикуваат да го цениме хаосот околу нас. Па зошто тие ја менуваат „играта“? Бидејќи одат наоколу и шират сочувствителни акции вклучувајќи ги сите други.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Го практикуваат принципот на многустраност, прогресија и страст и ја симболизираат потребата од промени, разновидност и нов раст.
    • rn011

    • Пренесуваат и шират информации како никој друг.
    • rn011

    • Тие се прагматични и опортунисти и можат да бидат многу, многу убедливи.
    • rn011

    • Најчесто се интелектуалци, сестрани и имагинативни.
    • rn011

    • Големата флексибилност им овозможува да запрат со нешто што прават и да продолжат во сосема друга насока.
    • rn011

    • Не се држат до ништо кое создава монотонија во нивните животи и се гадат од рутина и досадни, монотони професии.
    • rn011

    • Имаат способност да се адаптираат и да се менуваат бидејќи имаат слободен дух, со чувство за авантури.
    • rn011

    • Крајно љубопитни индивидуалци кои сметаат дека искуството е најдобро школо во животот.
    • rn

    rn

    6. Негуватели

    rnНегувателот ја претставува хармонијата, балансот, искреноста, љубовта и вистината. Тие се сметаат за најхармонични од сите типови личности. Секогаш имаат силен импулс за креирање хармонична и мирна средина. Го осветлуваат нашиот пат во областите кои бараат спиритуален и духовен баланс. Тие нè учат како да управуваме со сочувството и свесно во секоја ситуација да избираме опростување. Тие се мајки на светот. Тие знаат да се жртвуваат, да се грижат, да помагаат, да ги штитат и учат другите. Ниедно семејство или општество не може да функционира без моќта на Негувателот, која ги држи на сигурно.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Ја симболизираат одговорноста и услугата, кои ги постигнуваат преку љубовта, негата и заштитата.
    • rn011

    • Поседуваат вродена внатрешна желба да донесат хармонија, мир, правда и вистина во животот.
    • rn011

    • Најголемата радост во животот ја црпат од грижата за сите и овие луѓе се чувствуваат најкорисно кога ги поправаат нештата.
    • rn011

    • Ќе се борат за своите идеали и принципи во корист на другите.
    • rn011

    • Имаат силни верувања и ставови за она што го чувствуваат како вистина.
    • rn011

    • Во врска тие љубат, нудат поддршка, утеха и бараат стабилни и балансирани партнери.
    • rn011

    • Тие се одлични домаќини за сите и знаат како да внесат љубов, баланс и убавина на сите семејни пригоди и општествени собири.
    • rn

    rn

    7. Истражувачи

    rnТие резонираат со вибрациите и енергиите од колективната свест, вербата и духовноста. Тие се занимаваат со езотеричните и научните аспекти на реалноста. Фокусирани се на активирањето на имагинацијата и вклучувањето на резултатите во нашите животи преку употребата на свесни мисли и спознанија. Тие во себе носат нешто што може да се нарече магична вибрација, со основни разбирања на фундаменталните закони на универзумот. Тие се таинствени, мистериозни, интуитивни и интроспективни. Тие се визионери и мислители и секогаш се обидуваат да ги најдат основните, скриени вистини.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Тие се едни од најголемите мислители и често големи визионери.
    • rn011

    • Ја сакаат природната убавина и цутат кога се наоѓаат во природно опкружување, далеку од цивилизацијата.
    • rn011

    • Имаат неверојатна способност да ги лекуваат луѓето на спиритуални, емоционални и духовни нивоа.
    • rn011

    • Имаат способност интуитивно да ги разберат потребите на другите.
    • rn011

    • Бараат многу од другите, но и од себеси, затоа што имаат многу високи стандарди.
    • rn011

    • Вљубени се во убавината на природата, цвеќињата, растенијата, океаните, морињата и езерата.
    • rn011

    • Не се задоволуваат сè додека не најдат врска помеѓу познатото и непознатото.
    • rn011

    • Знаењето и мудроста се нивна цел и нивната интелигенција води до тоа да најдат многу извори на информации.
    • rn

    rn

    8. Стабилизатори

    rnТие се најмалку сфатените типови личности. Кога Стабилизаторот на кармата ќе тропне на вашата врата, можете да бидете сигурни дека ќе го жнеете она што сте го посеале. Тие се практични, реални и интелигентни. Покажуваат вибрации од авторитет и лична моќ, самодоверба, способности за извршување, внатрешна сила, професионализам, менаџирање, материјална слобода, успех, добро расудување, пари. Тие ја знаат разликата помеѓу природната и вештачката духовност и се чувствуваат покомотно во царството на материјалните факти кои можат да се допрат. Тие се фокусираат на резултатите, често во форма на пари, а сепак не се грижат многу за парите како средство за задоволување на потребите. Стабилизаторите не се алчни и парите ги гледаат само како алатка, а не како краен резултат.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Сигурни се и задоволни од себеси.
    • rn011

    • Знаат што сакаат од животот и знаат како да ги остварат своите цели.
    • rn011

    • Решителни и со силна волја.
    • rn011

    • Никогаш нема да ги предадат своите верувања и принципи.
    • rn011

    • Најчесто нивна главна цел е да научат да манипулираат со пари и моќ, без да се корумпираат во текот на процесот.
    • rn011

    • Поседуваат природни лидерски квалитети, долгорочни визии и во текот на животот можат да се стекнат со многу моќ, престиж и богатство.
    • rn011

    • Имаат огромен потенцијал за да ги подобрат животите на илјадници други луѓе, на практични начини, што е дел од нивните способности за стабилизирање.
    • rn011

    • Доверливи се и независни и не бараат милост од никого.
    • rn011

    • Поддржуваат сè што носи убавина, правда, значење и профит во светот.
    • rn

    rn

    9. Финализатори

    rnТие се поврзани со универзалната љубов, вечноста и вербата. Поседуваат мудрост и одговорност и нивната крајна цел е да му служат на човештвото. Тие се справуваат со интелектуалната моќ, инвентивноста, влијанието врз ситуациите и нештата. Тие ни помагаат да ги препознаеме нашите внатрешни атрибути и да ги искористиме овие способности во светот, за да направиме позитивна разлика. Оваа вибрација му служи на светот и го прави подобро место за живот. Тие работат без мотив. Нивна цел е подобар живот за сите. Тие имаат заштитничка енергија и голема моќ и љубов во нивната душа. Интуитивно, Финализаторите ги разбираат врските помеѓу целото човештво.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Сочувствителност, несебичност и великодушност.
    • rn011

    • Мудрост, интуиција и идеализам.
    • rn011

    • Тие се милосрдни, добротворни, алтруистички настроени.
    • rn011

    • Имаат големо разбирање за угнетените и неразбраните.
    • rn011

    • Ги делат аспирациите и идеалите на понапредните души.
    • rn011

    • Тие се мечтатели кои се чувствуваат како дома во царството на уметноста, медицината, религијата, драмата, филозофијата и метафизиката.
    • rn011

    • Исцелители се и учители, кои секогаш работат за доброто на другите.
    • rn011

    • Бараат решение од инспиративниот и креативен свет.
    • rn011

    • Се грижат за сите, но мора да научат да зборуваат гласно кога тие самите имаат потреба од помош, љубов и поддршка.
    • rn

  • 15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

    15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

    Никој од нас не би сакал да живее сам и во осаменост. Животот се состои од заедничко коегзистирање и интеракција со другите луѓе. Но не по секоја цена и со секого. Внимавајте кои од луѓето околу вас ви ја црпат енергијата, кои постојано ве осудуваат, а кои ве спречуваат во вашиот развој и напредок. Исфрлете ги овие луѓе од вашите животи и држете се до тие кои секогаш знаат да дадат добронамерна критика, но пред сè ќе ви пружат поддршка тогаш кога ви е најпотребно.rnrn15 нешта на кои треба да се спротиставите во живототrn

    1. Не дозволувајте им на луѓето да ви кажуваат како да живеете

    rnИли како треба да се облекувате, со кого да излегувате или што да јадете.rn

    2.Не дозволувајте им на другите да ви ја одземаат енергијата

    rnОслободете се од овие луѓе и не канете ја нивната негативност во вашите животиrn

    3. Не дозволувајте им на луѓето да го пикаат носот во вашиот живот

    rnЛуѓе кои воопшто нема причина зошто да бидат присутни во вашиот живот. Држете се настрана од оние кои само сакаат да озборуваат наоколу.rn

    4. Не дозволувајте им на луѓето да се смеат на вашите соништа

    rnМалите умови разговараат за мали идеи. Ако сакате да сонувате за големи нешта, треба да се опкружите со луѓе кои веруваат во животни соништа или со луѓе кои можат да ги остварат тие соништа.rn

    5. Не дозволувајте им на луѓето да ве излажат и по втор пат

    rnАко некој ве убеди дека се променил, не верувајте му и не давајте му втора шанса. Самите се лажете.rn

    6. Не прифаќајте совети од луѓе кои и самите не ги применуваат

    rnАко луѓето кои ви делат совети самите не се придржуваат до нив, не слушајте ги.rn

    7. Не дозволувајте им на луѓето да ги посочуваат вашите порази

    rnЧудно, но некои луѓе се чувствуваат подобро со себе кога ги омаловажуваат другите. Не давајте им таква моќ. Соочете се со нив или напуштете ги засекогаш.rn

    8. Не дозволувајте им на луѓето да прават да се чувствувате несакано

    rnИсфрлете ги од вашиот живот луѓето кои постојано ви велат дека сте тешка личност и дека треба да се промените. Не грижете се, има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте. Држете се до нив. Тие се доволни.rn

    9. Не дозволувајте да ја искористуваат вашата добрина

    rnИли вашето време. Бидете добар пријател, но секогаш треба да знаете кога ве земаат здраво за готово.rn

    10. Не дозволувајте им на луѓето да ве оддалечат од вашите страсти

    rnЗатоа што се луди, нереални или нема да ви донесат заработка. Не дозволувајте им да ве сопрат во потрагата по вашата среќа.rn

    11. Не дозволувајте им на луѓето да ве притискаат со време

    rnЛуѓето сакаат временски рамки и рокови. Не дозволувајте да бидете само една точка од временскиот распоред на другите.rn

    12. Не дозволувајте им на луѓето да ве етикетираат

    rnРанливи. Емотивни. Луди. Неодлучни. Комплицирани. Луѓето сакаат да етикетираат, но тоа не значи дека вие треба да се согласите. Отфрлете ги нивните етикети.rn

    13. Не дозволувајте да ве одвлечат од вашите идеи

    rnМора да преземете ризик и да верувате во себе. Не споделувајте ги сите идеи со луѓе кои нема да ги разберат.rn

    14. Не дозволувајте луѓето да ве обвинуваат за нивните проблеми во животот

    rnНе дозволувајте им да ве посочат како виновник за нивните проблеми и грешки.rn

    15. Не дозволувајте им на луѓето да ви земат повеќе отколку што ви даваат

    rnНа крајот од денот, луѓето можат ненамерно да ве исцедат или да ве изневерат. Кога некој ви наметнува ставови и гледишта, запомнете дека не мора да ги прифатите.

  • 8 важни лекции за преживување во животот

    8 важни лекции за преживување во животот

    Животот претставува константно качување по стрмните скалила на успехот, а после само еден погрешен чекор вртоглаво паѓање низ падините на реалноста. Но важно е да продолжите напред. Важно е вашите животни сопатници безусловно да ве сакаат и секогаш да бидат тука кога ќе ви биде потребна помош. На крајот на денот, вие самите ја пишувате вашата приказна и од вас зависи дали тоа ќе биде бајка или трагедија.rnrn8 важни лекции за преживување во живототrn

    1. Не молете никој кој решил да замине

    rnВашата љубов не е кафез за диви срца, туку подарок кој треба да се прими со задоволство. Вие сте подобри од приказната која тие еден ден ќе ја раскажуваат за лудата личност со која некогаш излегувале и која ги демнела и после раскинувањето. Наместо тоа, бидете личноста за која ќе зборуваат со почит пред најдобрите пријатели.rn

    2. Некои луѓе доаѓаат и си заминуваат, а други остануваат засекогаш

    rnБројот на луѓе кои само привремено ќе бидат дел од вашиот живот е многу поголем од бројот на луѓе кои засекогаш ќе останат во вашиот живот. Без разлика колку длабоко ќе се заљубите во некого, секогаш постојат шанси врската да не успее. Запомнете дека секогаш има иднина и никогаш не дозволувајте да бидете комплетно уништени.rn

    3. Престанете да се грижите за луѓето кои не се плашат да ве изгубат

    rnАко некој ве сака, тој или таа секогаш ќе најде време за вас, ќе води сметка за вашите чувства и ќе ви се извини кога ќе ве повреди. Како и да е, ќе има луѓе кои ќе ги сакате иако тие престанале да ве сакаат или никогаш воопшто не ве сакале. Можете да им ги симнете ѕвездите, но не можете да ги натерате да ве сакаат. Пуштете ги. И најдете некој подобар, пореален, некој што навистина ве сака.rn

    4. Не чекајте. Спасете се уште денес.

    rnАко чекате на личноста која ќе го спаси вашиот живот, тогаш треба само да погледнете во огледало. Вистината е дека никој друг нема да ве спаси. Првиот пат кога ќе се случи нешто ужасно, вие чекате некого, кого било, за да ве спаси, но набрзо ќе сфатите дека само вие може да си помогнете самите себеси. Разочарани сте затоа што во бајките и на телевизиските серии доброто секогаш го победува злото? Не заборавајте дека во вистинскиот живот и злото понекогаш победува.rn

    5. Напишете ја вашата сопствена бајка

    rnСекоја приказна е убава. А единствената причина зошто бајките ви звучат нереално е затоа што тоа се туѓи приказни. Време е да земете здив и да не заборавите дека бајките можат да бидат реални онолку колку што вие сакате, дека не се сите бајки среќни, а некои имаат и ужасни краеви. Не мора секоја приказна да биде среќна, но секоја приказна може да биде убава на свој начин, па затоа напишете ја вашата.rn

    6. Научете ги другите како да ве сакаат, но најпрво сакајте се себеси

    rnКако некој друг би знаел да ве сака, ако најпрво вие не се сакате себеси? Вие сте комплексна личност, различна од другите, бидејќи вие го доживувате животот на уникатен начин. Токму затоа љубовта ја доживувате различно од другите. Начинот на кој се сакате самите ќе им покаже на другите како да ве сакаат.rn

    7. Дозволете ѝ на тагата да дише

    rnНајдете место каде што ќе ја исфрлите вашата болка, можеби ќе ја „посадите“ во некоја креативна почва и така сама ќе израсне во нешто сосема различно. Цртајте, сликајте, танцувајте, вежбајте, најдете нешто што ве прави посилни. Бидејќи ако ја закопате тагата под вашата кожа, наместо да ја исфрлите од вас, таа ќе израсне во вашето срце.rn

    8. Не заборавајте што сѐ сте преживеале

    rnВашиот свет се распаднал и претходно. И секогаш останатиот свет продолжува да живее и покрај фактот дека вие сте скршени. И откако сте помислиле дека никогаш нема да заздравите и дека никогаш нема да станете од подот, вие само ја бришете прашината од вас и продолжувате. Ако сте го преживеале крајот на вашиот свет, кој се случува повторно и повторно и ако сте сѐ уште тука, треба да се гордеете со себе.

  • 6 вистински причини зошто ги посакуваме луѓето кои не можеме да ги имаме

    6 вистински причини зошто ги посакуваме луѓето кои не можеме да ги имаме

    Има нешто фрустрирачки примамливо во луѓето кои не смееме или не можеме да ги имаме. Тие си играат со нашите фантазии, ги движат нашите конци и постојано нѐ тераат да мечтаеме за нив. Но, колку подолго страдаме за некој кој не можеме да го имаме, толку повеќе се сомневаме во нашите намери и се обидуваме да разбереме зошто секогаш ги посакуваме луѓето кои не се достапни за нас. Погледнете ги следниве причини кои ни даваат објаснувања зошто тоа постојано ни се случува.rnrn6 вистински причини зошто ги посакуваме луѓето кои не можеме да ги имамеrn

    1. Реалноста никогаш не ги исполнува нашите очекувања

    rnГи сакаме луѓето кои не можеме да ги имаме затоа што без разлика колку е некој неверојатен во реалноста, никогаш нема да е совршен како во нашата имагинација. Ние не размислуваме за нивните мани. Не ги замислуваме нивните недостатоци. И кога не можеме да сме со луѓето кои ги посакуваме, на крај живееме со нивната идеализирана верзија, онаа за која уживаме да фантазираме, повеќе отколку што би уживале ако имаме шанса да бидеме со вистинската личност.rn

    2. Имате подготвени изговори зошто нештата не би функционирале

    rnКога материјалните околности ве спречуваат да бидете со некого, веќе имате подготвена причина зошто нештата не би функционирале. Не треба да се грижите за пропаѓање на врската бидејќи вие сте премногу плашливи или премногу наметливи или тие не се согласуваат со вашето семејство или не можете да ги надминете разликите во вашите карактери.rn

    3. Немате притисок од обврски

    rnБез разлика колку двајца луѓе си одговараат, врската едноставно нема да функционира доколку двајцата не се еднакво посветени еден на друг. А кога се работи за луѓето кои не можете да ги имате, не постојат никакви обврски, бидејќи има конкретни причини зошто не може да бидете заедно. И овие личности никогаш не ви нудат помалку од она што вие го правите за нив. Секогаш постои баланс во посветеноста и вниманието.rn

    4. Секоја можност да бидете со нив е премија

    rnВажно за луѓето кои никогаш нема да бидат целосно наши е тоа што никогаш нема да имаме шанса да бидеме со нив онака како што посакуваме. Секоја можност што ја имаме да бидеме заедно или околу нив нѐ возбудува. Нашето срце чука силно при секоја шанса за средба. Затоа, нема кога и како да ни станат досадни или да почнат да нѐ нервираат нивните фрустрирачки навики. Немаме шанса да очекуваме повеќе од тоа што тие ни го даваат. Секој момент поминат со луѓето кои не можеме да ги имаме е бонус и затоа секогаш сме среќни што ги гледаме.rn

    5. Копнежот по нив никогаш не е задоволен

    rnКога сакате некого кој не можете да го имате, секогаш има нешто ново кое посакувате да го знаете за нив. Дури и ако сте имале шанса да бидете со нив кратко време, дури и ако интимно ги познавате, дури и ако шансите да бидете со нив се 50%, вие секогаш ќе ги сакате сите 100%. Фантазиите за овие личности вечно остануваат неисполнети. Продолжувате да се прашувате како би било ако знаете за нив апсолутно сѐ и чувството на неисполнетост постојано ја храни вашата фантазија. rn

    6. Она што не може да го имате е предизвик. А вие сакате предизвици

    rnНа крај, има едно нешто кое ги поврзува сите луѓе кои посакуваат нешто кое не можат да го имаат, а тоа е дека тие сакаат предизвици. Колку некој е понедостижен, толку е поголем тест за нашите способности. Сакаме да докажеме дека сè е возможно и дека за нас не постојат граници, а правилата се тука за да бидат прекршени.