Секој човек го интересира каков впечаток остава кај другите луѓе и што навистина мислат тие за него. Ако се сметате себеси за комуникативни и друштвени, можеби овој психолошки тест ќе го докаже токму спротивното бидејќи сигурни сме дека постојат некои скриени страни од вашата личност за кои ни самите не сте свесни. Какви се вашите односи со љубовниот партнер? А со вашиот круг на пријатели? Погледнете го видеото и направете го овој интересен тест кој ќе ви открие сѐ што треба да знаете за психологијата која стои зад вашите односи и врски во животот.rnrnrnrnОбидете се да одговорите на следниве прашања…rnrn1. Замислете си го вашето омилено животно. Размислете за тоа како ова животно прави да се чувствувате. Кои придавки би ги употребиле за да го опишете?rnrn2. Замислете друго животно. Што го прави ова животно посебно?rnrn3. Замислете си ја вашата омилена боја. Што ве привлекува кај оваа боја? Кои придавки би ги употребиле за да ја опишете?rnrn4. Замислете си некоја водена површина. Дали е голема или мала? Мирна или брза?rnrn5. Замислете си дека сте во некоја бела соба. Во собата нема ниту прозорци, ниту мебел, но е добро осветлена. Како се чувствувате во оваа соба?rnrnГи запаметивте одговорите? Проверете што откриваат тие за вашата личност…rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]rnrn1. Првото животно го претставува она што го цените кај партнерот.rnrn2. Второто животно кажува како се гледате себеси.rnrn3. Бојата што ја одбравте кажува како другите ве гледаат.rnrn4. Водената површина ја претставува енергијата на вашата сексуалност.rnrn5. Белата соба покажува како се чувствувате во врска со смртта.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
Tag: луѓе
-

Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат
Ако можевте да влезете во главата на случајните минувачи и да се погледнете себеси од нивните очи, тогаш многу лесно би можеле да дознаете како другите луѓе ве доживуават. На пример, дали тој фустан ве прави да изгледате послаби? Дали новата кошула ги истакнува позитивните аспекти од вашето тело? Ние можеме само да ги замисливме одговорите, но сер Франсис Галтон спровел цел експеримент на оваа тема и бил изненаден од добиените резултати. Па, за што точно станува збор?rnrn
rnrnЕден ден, сер Франсис Галтон решил да направи интересен експеримент. Пред да започне со неговата секојдневна прошетка низ улиците на Лондон се убедил себеси дека е одвратен човек и дека сите во Англија го мразат. Тој се фокусирал на оваа мисла неколку минути и потоа тргнал на својата редовна прошетка. Но, таа воопшто не била обична, како и претходните.rnrnТој доживеал непријателски став полн омраза од случајните минувачи без некоја видлива причина. Многу луѓе едноставно се тргале од него, додека неколку пати можел да чуе и погрдни зборови од нив. Кога Галтон поминувал покрај пристаниште, еден од тамошните работници го удрил толку силно со својот лакт, што тој паднал долу во калта.rnrnИзгледа дека дури и животните биле непријателски настроени кон него. Кога Галтон поминал покрај питом коњ, животното го удрило кутриот човек толку силно што тој повторно паднал наземи. Психологот се обидувал да поттикне симпатија од очевидците, но за негово изненадување, луѓето почнале да го бранат коњот. Галтон веднаш решил да се врати дома бидејќи не сакал неговиот квази-експеримент да му донесе посериозни последици.rnrnОваа приказна може да се прочита во многу психолошки книги. Но, не станува збор за магична материјализација на мислите. Кога Галтон се фокусирал на неговата опасна мисла за себеси, тој почнал и да се однесува во согласност со неа. Неговите манири и фацијални експресии се промениле, давајќи им на сите до знаење дека тој знае каков однос заслужува од останатите.rnrnПостојат 2 многу важни заклучоци од оваа приказна:rn- rn011
- Вие сте оние кои верувате дека сте. Променете ги вашите мисли и ќе се смените себеси, како и односот на другите луѓе кон вас.
- Нема потреба да им кажувате на другите за вашата емоционална состојба. Тие самите ќе ја почувствуваат.
rn011
rn
-

5 лесни и ефикасни вежби за мрзливи луѓе
Летото се приближува и секој од нас сака да изгледа најдобро што може. Но, понекогаш мрзливоста е посилна од сè, па вежбањето секогаш го оставаме за утрешниот ден. Доколку се пронаоѓате овде, не очајувајте, сепак постојат неколку вежби коишто можете да ги правите и вие без да треба да вложите многу труд. Во продолжение погледнете за што станува збор.rn
1. Стомачни вежби
rnНе ви се станува од вашиот удобен стол? Седнете исправено, соберете ги вашите стомачни мускули и држете ги така 30 секунди. Одморете се и повторно повторете го ова.rnrn
rn2. Правете скокови во вид на ѕвезда
rnДодека правите пауза од гледањето на омилената серија, станете од вашиот кревет и правете скокови во вид на ѕвезда.rnrn
rn3. Вежби со клекнување
rnПрактикувајте секогаш кога ќе одите во тоалет да правите вежби со клекнување. Правете го тоа барем 10 пати во текот на денот.rnrn
rn4. Шетајте додека разговарате на телефон
rnВе чека телефонски разговор? Добијте придобивки и од тоа, па додека зборувате, шетајте во исто време.rnrn
rn5. Вежбајте додека седите на стол
rnДодека седите на стол, подигнете се на врвовите од прстите на нозете. Повторете го ова неколку пати.rnrn

-

11 суптилни знаци на нарцизам кои лесно може да се занемарат
Сите мислиме дека лесно можеме да препознаеме нарцисоидна личност. Тоа се луѓето кои се заљубени во самите себе, така? Но, вистината е дека постојат многу суптилни знаци кои укажуваат на тоа дека си имате работа со нарцис, поразлични од очигледниот доказ за нарцизам. Всушност, вистинскиот нарцис може најмалку да се сака себеси. Тој е заљубен во идеализираната слика за себе, која ја проектира со цел да го одбегне соочувањето со неговото вистинско, слабо, оштетено „јас“. Доколку научите да ги препознавате овие луѓе околу себе, лесно ќе може да најдете начин да се справите со нив. Ако периодов забележувате дека имате потешкотии да се разберете со некоја личност, а не можете да сфатите зошто е тоа така, ова се 11-те знаци кои укажуваат на тоа дека можеби си имате работа со нарцис…rnrn
rn1. Постојано ве прекинуваат
rnНарцисите постојано го прекинуваат разговорот. Тие обожаваат да зборуваат за себе и не ви даваат шанса да учествувате до двонасочна конверзација. Секогаш кога ќе се обидете да кажете нешто, тие ќе сакаат да го свртат вниманието кон себе за да си дадат на значење.rn
2. Ве нарекуваат луди
rnНарцисите се многу драматични личности, сакаат да малтретираат психички и да создаваат анксиозност и збунетост, со цел да ја разнишаат самодовербата на соговорникот и на тој начин да се чувствуваат подобро во врска со самите себеси. Ако одеднаш се фатите себеси како се чувствувате несигурно и се двоумите за одлуките што сте ги донеле, иако сте биле сосема сигурни во тоа што сте сакале да го направите, причината може да лежи во тоа што си имате работа со нарцисоидна личност.rn
3. Губат интерес кога ќе почнете да им се отворате
rnНарцисите обично губат интерес веднаш штом почнете да им се доверувате и да зборувате за вашите проблеми. Така што, ако поминете часови слушајќи ги како зборуваат за себе, а потоа забележите како очите им лутаат наоколу секогаш кога ви треба пријател, тоа значи дека оваа личност е нарцис.rn
4. Шармантни се
rnНарцисите можат да бидат многу шармантни кога сакаат, и тоа е всушност причината зошто толку ве привлекле. Ако забележите дека личноста го вклучува и исклучува шармот во зависност од тоа со кого зборува, а не е цело време екстровертна и комуникативна, тоа може да биде голем знак за предупредување.rn
5. Немаат ниту една лоша слика на Фејсбук
rnНарцисите се луѓе кои имаат илјадници пријатели на Фејсбук, но ниту една лоша фотографија. Едноставно не е возможно од толку многу пријатели ниту еднаш да не биле означени на слика на која не излегле баш најубаво. Тоа е така затоа што нарцисите многу внимаваат на тоа каква слика оставаат за себе и се стремат кон тоа на светот да му ја покажат нивната идеализирана верзија.rnrn
rn6. Никогаш не се тие криви
rnАко сте опкружени со нарцисоидни луѓе ќе забележите дека тие никогаш не се виновни за тоа што се случило. Дури и кога раскажуваат приказна за тоа како направиле нешто погрешно или биле опоменати на работа, на крајот ќе дојдат до заклучок дека не се доволно ценети или дека биле емоционално малтретирани. Никогаш нема да чуете: „Тоа беше моја вина и научив значајна лекција од целото искуство“.rn
7. Не знаат да прифатат критика
rnКолку и да изгледаат самоуверено на површината, тие воопшто не знаат да прифатат ниту мала, најобична критика. Веднаш се лутат и не го сфаќаат тоа како добронамерен совет и можност да се подобрат, туку како лична навреда. Ако сте го забележале ова кај некој ваш пријател или колега, можно е тие да имаат елементи на нарцисоидна личност.rn
8. Чувствувате како постојано да треба да им давате комплименти
rnЛаскањето е најлесен начин да се справите со нив и да избегнете конфликт. Ако почувствувате дека основата на вашата врска се состои од вашите комплименти што ги давате, можеби е време да ја преиспитате динамиката на вашиот однос.rnrn
rn9. Даваат непотребни совети
rnНарцисите се личности кои често даваат совети иако не сте го побарале тоа од нив. Тие секогаш знаат малку повеќе од вас. Со тоа што ќе се направат попаметни од вас, тие се чувствуваат поважни и позначајни.rn
10. Не сакаат да чекаат
rnНарцисите воопшто не сакаат да чекаат во редици, ниту пак да чекаат генерално што било. Нивните потреби, какви и да се, мора да се исполнат веднаш. Во спротивно стануваат нервозни и предизвикуваат тензија.rn
11. Не знаат да губат… Ниту пак да победуваат
rnНарцисите се ужасни кога станува збор за некаков натпревар или игра. Се лутат кога ќе изгубат, а задеваат кога ќе победат. Дефинитивно не се луѓето што би сакале да ги поканите да играат друштвени игри со вас и вашето друштво.rnrnНарцисоидните луѓе можат да создадат многу токсични врски во вашиот живот, но не секогаш е толку лесно да се препознаат. Ако имате човек во вашиот живот кој покажува некој од овие или сите горенаведени начини на однесување, постои голема веројатност дека се нарциси и би било паметно да бидете на дистанца.
-

Научно докажано: Кои луѓе најмногу лажат?
Лагата знае да биде многу привлечно искушение и ретко кој успеал секогаш да ѝ одолее. Сепак, постојат луѓе кои лажат повеќе од останатите. Ќе останете изненадени кога ќе дознаете кои се тие! Логично е дека манипулаторите се едни од нив, но тука спаѓаат и некои други типови луѓе.rnrn
rnrnУниверзитетот во Санта Барбара, Калифорнија си поставил задача да спроведе истражување со цел да открие кои типови луѓе најмногу лажат. Еден од донесените заклучоци е дека манипулаторите се служат со лаги почесто од останатите и луѓето склони кон правење сплетки, што и не е толку чудно. Манипулаторите се луѓе кои пред сè мислат на себе, па автоматски помислуваме дека најголемите лажливци се луѓето на кои не им е гајле за другите луѓе. Но, тоа не е целосно вистина.rnrnИмено, лажливци можат да бидат и луѓето кои премногу се грижат за другите, а она што им е најважно е какво мислење имаат другите луѓе за нив. Оваа карактеристика ги опишува луѓето кои постојано се грижат за тоа каков впечаток оставаат кај останатите.rnrnУште поголемо изненадување е заклучокот дека екстровертите лажат повеќе од интровертите. За да добијат што е можно поточни резултати, научниците го зеле предвид бројот на приликите кои ги имале екстровертите и интровертите да излажат (што е доста важно бидејќи екстровертите многу почесто имаат прилика да излажат со оглед на тоа што повеќе време се опкружени со луѓе), и потоа го поврзале со бројот на лагите кои ги кажале. Така дошле до заклучок дека екстровертите лажат во поголема мера од интровертните поединци.rnrn
rnrnНо, зошто екстровертите лажат повеќе од интровертните луѓе?rn„Веројатно поради тоа што ситните лаги им овозможуваат секојдневните друштвени интеракции да течат полесно и поедноставно. Екстровертите честопати не се ни свесни колку лажат“, вели психологот Бела де Пауло.
rnУште една заедничка карактеристика на луѓето кои многу лажат е неодговорноста. Неодговорните луѓе лажат многу повеќе од одговорните и организираните луѓе.
-

Поучна приказна: Среќни се оние кои се држат за рака
Зарем некогаш би ни досадиле кратките приказни кои изобилуваат со мудрост? Најверојатно не. Токму затоа и решивме да ја споделиме оваа неверојатно поучна приказна која ни покажува колку ни се важни односите со другите луѓе, бидејќи материјалните нешта, колку и да сакаме, едноставно никогаш нема да можат да траат…rnrn
rnrnЕднаш одамна, еден монах гледал деца кои на брегот ѕидале кула од песок. Токму кога завршиле со изградбата на замислената кула, на чија изградба потрошиле многу време и трпение, дошол бран и ја израмнил кулата со песокот. Монахот очекувал солзи и бес, но наместо тоа децата се фатиле за рака и почнале да се смеат. Брзо потоа почнале да градат нова кула.rn„Дознав дека овие деца ме научија на една многу важна лекција“, почнал да зборува монахот. „Сите нешта во нашиот живот, во кои вложуваме многу време и многу енергија, се составени од песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе дојде бран кој ќе го сруши сè она што сме го граделе со толку многу труд. Кога тоа ќе се случи, можеме да се смееме само со оние со кои можеме да се држиме за рака.“
-

8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки
Ако претпоставуваме дека разбираме зошто размислуваме и ги правиме работите на одреден начин, тогаш веројатно грешиме. Со децении долгите истражувања покажуваат дека луѓето се однесуваат на начин кој е мистериозен и збунувачки – дури и за самите нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те психолошки откритија кои објаснуваат дел од одлуките што ги правиме секој ден.rnrn
rn1. Честопати се согласуваме со мислењата на другите, дури и ако е очигледно дека другите грешат
rnПсихологот Еш направил експеримент уште во 50-тите години на минатиот век каде учесниците требало да кажат која од трите линии е најдолга. Едната линија очигледно била подолга од останатите. Во секоја околност, еден учесник бил опкружен со група луѓе кои тврделе дека најкратката линија е најдолга. Дури ¾ од учесниците се сложиле со групата. Подоцнежните експерименти во кои се скенирал мозокот, покажале дека групниот притисок предизвикувало промена во перцепцијата за реалноста на луѓето, додека несогласувањето со групата ги правело да се чувствуваат неудобно.rn
2. Погрешно претпоставуваме дека повеќето луѓе го поддржуваат однесувањето на другите
rnЕден начин да се објасни овој феномен е кога „никој не верува, а сите мислат дека сите веруваат“. Со други зборови, поединци во групата приватно веруваат во едно, но мислат дека сите останати во групата веруваат во спротивното. Кога психолозите Даниел Кац и Флојд Алпорт во 1931-та година испитувале студенти за расната сегрегација, повеќето од нив не ја поддржувале, но биле убедени дека нивните пријатели ја поддржуваат. Истите резултати се покажале и во скорешните истражувања за консумацијата на алкохолот помеѓу студентите. Повеќето не ја практикувале, но мислеле дека тие се оние кои се издвојуваат од другите.rn
3. Повеќе ги сакаме луѓето кои се однесуваат слично како нас
rnВеќе е познато дека ако сакате да добиете нешто од некого, треба суптилно да го имитирате нивниот говор на телото. Овој ефект е познат како „камелеонов ефект“.rn
4. Мислиме дека имаме силно влијание врз функционирањето на работите, иако тоа не така
rnТоа објаснува зошто секогаш мислиме дека сме заглавиле во побавниот ред во продавницата или во подолгата колона на патот. Таа врска се појавува кога се чини како две работи да се поврзани, иако не се. Затоа кога стоите во ред, забележувате само две работи: Редот кој сметате дека се движи побрзо од вашиот и себеси. Не обрнувате внимание на фактот дека всушност и вие брзо се приближувате до касата.rn
5. Не размислуваме секогаш рационално кога работиме во група
rnПознатиот психолог Бен Датнер вели:rn
„Понекогаш, најдобрата работа која лидерот може да ја направи за да го спречи „групното размислување“ е да отстапи од својот тим и да овозможи групата да дојде до својот независен консензус пред да се донесе некоја финална одлука.“
rn
6. Можеме да бидеме погруби кон другите отколку кон себеси
rnЧестопати мислиме дека туѓите грешки се резултат на личните пропусти, а нашите грешки се резултат на околностите. Така на пример ако некој ве турне на поминување, ќе помислите дека е луд пред да му се случи нешто. Но, ако вие некого поттурнете, вие сте љубезни и знаете дека не сте го направиле тоа намерно.rn
7. Не сме свесни што влијае врз нашето однесување
rnВо една студија, на учесниците им била дадена плацебо таблетка и им било кажано дека ќе им се намали болката кога примаат електрични шокови. Откако ја зеле таблетката, учесниците можеле да издржат дури 4 пати поголема болка. Но, кога ги прашале зошто одеднаш повеќе ја толерираат болката, тие не го поврзале своето однесување со пилулата туку давале разни објаснувања – на пример дека се навикнале и слично.rn
8. Мислиме дека сме попривлечни некому кога ќе ги сретнеме во опасни ситуации
rnБројните истражувања покажуваат дека првата средба треба да биде возбудлива. Состанокот на кој сте вклучиле и доза адреналин – вртелешка, хорор филм (па дури и ако сте се нашле во некоја навистина опасна ситуација), го помага стимулирањето на мозокот и луѓето мислат дека навистина уживаат во вашето друштво. Што, се разбира, е вистина, но чувството дополнително се засилува.
-

20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе
Премногу креативните луѓе мислат и дејствуваат поинаку од просечниот човек. Ако околу себе имате ваква личност, сигурно сте искусиле моменти кога ви се чинело дека тие живеат во сосема поинаков свет од вас. Па, не сте се излажале. Вистината е дека тие го гледаат светот со поинакви очи, а во продолжение ви наведуваме 20 работи коишто треба да ги знаете за нив.rnrn
rn1. Нивниот ум никогаш не се изморува
rnКреативниот ум постојано е поткрепен со љубопитност, тука нема копче за пауза и иако понекогаш ова може да биде исцрпувачки, исто така може да биде извор на луди и забавни активности и разговори.rn
2. Ги предизвикуваат константните работи
rnДве прашања ги разликуваат креативните луѓе од другите: „Што ако?“ и „Зошто да не?“ Додека за другите околу нив ова може да биде непријатно, за креативните луѓе ова е прилика да откријат што се во можност тие да направат.rn
3. Ја прифаќаат својата генијалност, иако другите не го прават тоа
rnКреативните луѓе повеќе сакаат да бидат автентични, отколку популарни. Остануваат верни на себе, без компромиси, дури и ако бидат погрешно разбрани и маргинализирани од останатите.rn
4. Имаат проблеми со постојаното останување на една задача
rnПремногу креативните луѓе се полни со енергија и се подготвени да започнуваат нови работи. Постојаните проекти за нив претставуваат здодевност, пред сè поради тоа што нивното внимание повеќе е привлечено од нови и возбудливи работи.rnrn
rn5. Создаваат во циклуси
rnКреативноста има ритам којшто минува низ периоди од неколку активности, а секој период е потребен и не смее да се прескокнува, исто како и природните сезони коишто се меѓусебно зависни и неизбежни.rn
6. Ним им треба време да ги нахранат своите души
rnНа креативните луѓе честопати им е потребно да го обноват својот извор на инспирација, па затоа тие одвреме-навреме сакаат да остануваат сами.rn
7. Ним им треба простор за да создаваат
rnВистинската околина е од суштинско значење за да се достигне врвот на креативноста. За некого тоа може да биде одредено студио, кафуле или пак тивко место во куќата. Без разлика каде и да е тоа, потребно е да се почитуваат нивните барања и граници.rn
8. Се фокусираат интензивно
rnКреативните луѓе го игнорираат светот кога се фокусирани на работата. Тие не можат да се фокусираат на повеќе работи истовремено, а откако ќе бидат прекинати, ним им треба дваесет минути за повторно да се фокусираат на работата, дури и прекинот да траел само дваесет секунди.rnrn
rn9. Чувствуваат длабоко
rnКреативноста претставува начин на длабоко комуницирање и изразување. Еден писател мора да ѝ вика на една страница, ако сака да биде слушнат неговиот шепот. На ист начин, креативните луѓе мора да чувствуваат длабоко, ако сакаат да комуницираат длабоко.rn
10. Живеат на работ на радоста и депресијата
rnЗатоа што чувствуваат длабоко, креативните луѓе честопати може да се префрлат од радост во тага, па дури и во депресија. Нивното чувствително срце е извор на нивното страдање.rn
11. Мислат и зборуваат во приказни
rnКреативните луѓе, посебно уметниците, знаат дека приказните може да допрат до човечкото срце, па затоа сè што прават го претвораат во приказна. Ним им е потребно повеќе време за да објаснат нешто, но суштината не е во објаснувањето, туку во искуството.rn
12. Секојдневно се борат со отпорот
rnКреативните луѓе секое утро се будат со помислата дека треба да напредуваат. Но, секогаш постои стравот дека нема да успеат. Без разлика колку една личност е успешна, ваквиот страв никогаш не исчезнува.rnrn
rn13. Ја сфаќаат работата премногу лично
rnКреативната работа е одраз на личноста којашто ја создава. Затоа, честопати тие не се во можност да ја одвојат својата личност од работата.rn
14. Имаат потешкотии да веруваат во себеси
rnДури и навидум самоуверените креативни луѓе честопати се запрашуваат: „Дали сум доволно добар?“ Тие постојано ја споредуваат нивната работа со другите и не успеваат да го согледаат својот успех, иако тој може да е очигледен за останатите.rn
15. Тие се длабоко интуитивни
rnКреативните личности инстинктивно знаат како да реагираат во одредени ситуации. Тие ќе ви речат дека тоа не може да се разбере, туку само да се искуси.rn
16. Честопати одложуваат
rnТие честопати потсвесно, а понекогаш и намерно ја одложуваат својата работа до последниот момент, едноставно да им биде повозбудливо.rnrn
rn17. Тие се зависни од креативноста
rnКреативните луѓе се зависни од возбудата која доаѓа со создавањето нови нешта.rn
18. Имаат потешкотии со завршување на проектите
rnПочетната фаза на креативниот процес е брзото движење и искусувањето на возбудата. Честопати креативните луѓе ќе се откажат од проектите со коишто многу добро се запознаени, со цел да ја доживеат возбудата којашто ја носат новите почетоци.rn
19. Ги согледуваат работите подобро од другите
rnКреативните луѓе ги согледуваат работите уште пред да станат очигледни за другите.rn
20. Тие никогаш нема да пораснат
rnКреативните луѓе го спознаваат светот низ детски очи. За нив животот е вистинска мистерија и авантура.rnrn

-

Погледнете како би изгледале луѓето кога би еволуирале од различни животни
Уште во основно училиште на часовите по биологија се имаме запознаено со Дарвиновата теорија за еволуцијата според која луѓето потекнуваат од мајмуни. Но, покрај сличности со мајмуните, луѓето имаат тенденција да наоѓаат сличности во изгледот на луѓето со изгледот на други различни животни.rnrn
rnrnФранцускиот сликар, теоретичар и филозоф Чарлс Ле Брун покажал голем интерес за науката за физиономијата, односно науката која ја проучува врската помеѓу цртите на лицето и карактерот. Во неговото дело „Трактат за изразот на лицето“, Ле Брун насликал неверојатни слики кои покажуваат како луѓето би изгледале кога би еволуирале од различни животни. Резултатите од имагинацијата на сликарот се прилично бизарни, но вреди да се погледнат.rnrn -

5 типови луѓе кои ви требаат за да ги преживеете доцните 20-ти
Познатата изрека вели: „Со кого си – таков си“. Затоа многу е важно во доцните 20-ти години, кои се на некој начин одлучувачки во животот, да бидете опкружени со луѓе кои ќе го извлекуваат најдоброто од вас. Сите тие треба да бидат индивидуално посебни, но соединети во својата различност на тој начин што ќе се формира едно функционално и енергично друштво. Следуваат 5-те типови луѓе кои треба да ги задржите крај себе или пак, да ги пронајдете и додадете во вашиот круг на пријатели доколку сè уште не се дел од него.rnrn
rnОдговорниот
rnОва е еден од оние пријатели со кои се гледате многу ретко, најмногу еднаш месечно, колку да бидете во тек со работите што ви се случиле. Најчесто станува збор за постара личност која ви служи како пример и од која влечете инспирација. Благодарение на неговото или нејзиното богато искуство, секогаш може да ви понуди мудри зборови, совети, утеха, мотивација и решение на проблемите со кои се соочувате. Во ова пријателство нема никакви очекувања, а тоа што поминало многу време од вашата последна средба воопшто не ја намалува енергијата и флуидот кој постои меѓу вас секогаш кога повторно ќе се видите.rn
Спиритуалниот
rnСите имаме по еден пријател или колега од работа кој одвреме-навреме ни пишува инспиративни пораки за да ни го подигнат духот. Тој нè потсетува дека животот не е само тоа што се случува на работа или факултет и дека треба секој момент да го искористиме максимално. Кога имате изгубено волја и верба, тие се тука да допрат до вашата душа и да ве натераат не само да верувате во себе, туку и да ја согледате сета убавина што ја нуди светот. Овие луѓе ве потсетуваат дека сè ќе биде во ред доколку ја храните душата со позитивни мисли.rn
Социјалната пеперутка
rnСтанува збор за личноста која ќе ве извлече од вашата зона на удобност и ќе ве натера да се опуштите и забавувате. Тие ја прифатиле вашата интровертна личност во нивниот екстровертен живот со цел да ве поттикнат да живнете малку. Ним може да им се јавите во секое време. Тие секогаш ќе бидат расположени за вечерно излегување во градот исполнето со танцување, запознавање нови луѓе и создавање нови животни искуства. Несомнено е дека ќе си поминете најубаво со оваа личност која знае да ве насмее и да води интересни дискусии до доцна во ноќта. Овие луѓе ви го прават животот повозбудлив и ве потсетуваат дека надвор постои цел нов свет што сè уште не сте го истражиле.rnrn
rnАвантуристот
rnШто е животот без малку авантура? Доколку сакате да пробате нешто ново и возбудливо, како планинарење или скокање со падобранец, ова е личноста која секогаш можете да ја побарате. Таа ви овозможува да сфатите дека понекогаш во животот треба да се ризикува за да се почувствува моќта на адреналинот. Заедно планирате одмори, патувања низ Европа и посетување егзотични дестинации. Патувате низ целиот свет! Мотото на овој пријател е: „Живеј во моментот!“rn
Ученикот
rnПонекогаш потребно ви е да бидете нечиј ментор и да имате помлада личност во вашиот живот на која ѝ се потребни вашите совети и животни мудрости. Ученикот се огледува на вас и ги следи вашите стапки. Тоа не е затоа што овие луѓе немаат свое јас, туку затоа што го ценат вашето мислење и вашите дела. Исто така, ви помагаат да останете во тек со најновите трендови бидејќи секогаш се во центарот на случувањата.rnrnНе го заборавајте бесценетото значење на вашето друштво и секогаш одвојувајте време за вашите пријатели без разлика на тоа колку ви е напорно на работа или колку многу обврски имате. По многубројните разочарувања на кои ќе наидете во текот на животот, финалната селекција на луѓето околу вас е многу важна за вашиот понатамошен личен развој. Не си го трошите времето на минливи пријателства. Бидете со луѓе кои ве поддржуваат, инспирираат, мотивираат и ја извлекуваат најдобрата верзија од вашата личност.












