КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа?

    Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа?

    Со секој од хороскопските знаци владее некој од четирите елементи: Оган (Овен, Лав, Стрелец), Земја (Бик, Девица, Јарец), Воздух (Близнаци, Вага, Водолија) и Вода (Рак, Скорпија, Риби), а секои од овие елементи го одликуваат одредени особини и активности. Огнените знаци се наклонети кон спорт и игри во кои е потребна посебна вештина, земјените знаци се тесно поврзани со природата и различни креативни активности, воздушните повеќе тежнеат кон интелектуални цели истражувања, а водените најдобро се снаоѓаат кога се занимаваат со уметност и духовност. Доколку ја барате вашата сродна душа, обидете се на места каде што е најголема можноста да сретнете луѓе кои најмногу одговараат на вашиот хороскопски знак.rnrn(0) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душаrn

    Огнени знаци

    rnТие се енергични, ентузијасти и многу социјални. Луѓето со кои владее овој елемент често се во движење и својата енергија ја полнат обично на места каде што има многу физичка активност. Затоа, родените во знаците на Овен, Лав и Стрелец, многу често ја пронаоѓаат својата сродна душа во фитнес клубови или на спортски игралишта. Вклучување во активностите на некој клуб или на некој спортски тим, може да биде предност во романтичната потрага. Огнените знаци се многу натпреварувачки настроени и можат својата љубов да ја пронајдат и на некои спортски случувања, турнири или друг вид натпревари. Тие се импулсивни и повеќе им одговараат места каде што луѓето можат да се изразат без стравови и притисоци, каде што се чувствуваат релаксирани и свои.rnrn(1) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душаrn

    Земјени знаци

    rnЛуѓето родени во овие знаци се сензуални, стабилни и практични. Затоа Бикот, Девицата и Јарецот се одлучуваат за хоби во коешто примарно сетило е допирот, како што се готвењето, работата со дрво, вајарство, плетење. Доколку барате некој кој ќе ја дели вашата страст за создавање убави нешта надвор од материјалниот свет, запишете се на курс за некоја активност каде што допирот и работата со дланките доаѓа до израз. Овие знаци се исто така многу социјални и можат да го пронајдат својот душевен мир доколку се приклучат во групи кои се занимаваат со култура или екологија. Тие се исклучително поврзани со физичката складност и мораат својата љубов да ја бараат онаму каде што сите сетила се поврзани на убав, креативен начин. Избегнувајте стерилни места, а дајте му предност на конструктивниот развој.rnrn(2) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душаrn

    Воздушни знаци

    rnРодените во овие знаци се интелектуални, објективни и аналитички настроени. Доколку сте под влијание на овој елемент, потребен ви е партнер кој може да ве следи во вашата спиритуалност. Ако сте во потрага по вашата сродна душа, фрлете поглед кон некои литературни клубови, клубови на писатели и поети, клубови за социолошки дебати или на некои политички организации. Луѓето кои се родени во знаците на Близнаци, Вага или Водолија се љубопитни, и можат да ја пронајдат својата љубов во библиотека, книжара или пак, некоја државна институција. Всушност, секаде каде што има многу информации со различна намена. Воздушните знаци постојано мораат да имаат ангажирани умови, така што можете да си барате друштво онаму каде што интелигенцијата е на врвот и го има приматот. Не одете на места каде што има медиокритети.rnrn(3) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душаrn

    Водени знаци

    rnРаковите, Скорпиите и Рибите се креативни и интуитивни. Доколку припаѓате на некои од овие три знака, барајте партнер кој ќе знае да ја почитува уметноста. Вашата сродна душа можете да ја сретнете во некој танцов клуб, во кино, во театар или во музеј. Водените знаци, исто така, имаат силен инстинкт и главно кај луѓето повеќе го почитуваат нивното дејствување, отколку она што го кажуваат (некои луѓе се силни само на зборови, но водените знаци тоа одлично знаат да го препознаат). Можете да пронајдете прекрасен љубовник во некој хуманитарен центар, на сите места каде што луѓето го посветуваат своето време на нешта преку кои светот може да стане барем малку подобар и поубав. Водените знаци тежнеат кон тоа да се поврзат со луѓето на емоционално ниво и затоа им се потребни места каде што има многу луѓе, но исто времено кои нудат одреден мир и спокој. Доколку сте родени во некој од овие три знака, стојте подалеку од места кои ја обесхрабруваат искрената дискусија. Вашата сродна душа мора да ги дели со вас истите интереси или во себе да носи искрена заинтересираност за тоа што вас ве прави среќни.rnrn(4) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа

  • 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки

    15 начини на кои универзумот ви праќа пораки

    Ние не сме изолирани суштества, отсечени од остатокот на светот. Многу луѓе веруваат дека ние сме поврзани со универзумот на безброј испреплетени начини преку кои тој може да ни праќа пораки. Сигурно ви се случило да наидете на многу од нив во текот на вашиот живот, а можеби не сте препознале за што станува збор. Можеби ги сметате за случајности, но постои веројатност дека станува збор за знаци од универзумот пратени со цел да ви го покажат патот на еден или друг начин. Доколку верувате во оваа теорија, прочитајте ги следниве 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки…rnrn15 начини на кои универзумот ви праќа поракиrn

    1. Искуства кои се повторуваат

    rnСте забележале ли дека понекогаш ви се случува истата работа одново и одново? Можеби постојано го истурате пијалакот, го удирате прстот или го губите телефонот. Секоја од овие работи може да има подлабоко значење кое не е очигледно од прв поглед.rn

    2. Соништа

    rnВашиот несвесен ум е делот кој е најотворен за примање пораки од универзумот. Пораките често се пренесуваат токму преку соништата. Кога спиеме, се соединуваме со нашата потсвест доволно долго за да можеме да ја апсорбираме пораката испратена од универзумот.rn

    3. Животни

    rnПриродниот свет има многу начини на кои може да ни испраќа пораки, а тоа обично се случува преку животните. Кога постојано гледаме одредено животно или животинско однесување, тоа може да укажува на нашите неисполнети желби или да ги претскажува настаните кои следуваат. На пример, ако постојано забележувате јато птици како летаат високо на небото, тоа може да е знак дека имате потреба од патување и бегство.rn

    4. Броеви

    rnБроевите се човечко дело, но можат да бидат и вид на комуникација со универзумот. Броевите кои се повторуваат како што се 11:11 или последователните броеви како 1, 2, 3, може да носат скриено значење кое треба да го дешифрирате.rnrn15 начини на кои универзумот ви праќа поракиrn

    5. Синхроницитет

    rnСигурно сте го доживеале ова многу пати. Мислите на некого и по кратко време, таа личност ви се јавува, ви праќа порака или налетувате на неа лично. Најчесто, тоа е знак дека сте на прав пат. На тој начин универзумот ви потврдува дека вашите мисли совршено се согласуваат со вашата идна реалност.rn

    6. Губење, наоѓање или кршење предмети

    rnНашиот однос со работите кои ги поседуваме е многу силен и не е чудно што универзумот може да ни испраќа пораки преку нив. Кога нешто ќе изгубиме, најдеме или скршиме, тоа може да значи многу работи. Наоѓањето работи се случува за да ја зголеми меморијата во вашиот ум, а кршењето предмети е знак дека мора да се ослободите од нешто.rn

    7. Зборови и реченици кои се повторуваат

    rnСлично како со искуствата кои се повторуваат во краток временски период, кога постојано налетувате на одреден збор или израз, тоа обично има некое значење. Можеби станува збор за многу специфична порака. Сметајте ги тие зборови како траги кои ќе ви помогнат да разберете за што се работи.rn

    8. Болки и болести

    rnБолката не мора секогаш да е последица на некој одреден инцидент, ниту, пак, болестите мора да потекнуваат од некој очигледен извор. Сепак, не е невообичаено овие појави да симболизираат нешто друго во вашиот живот. Локацијата на болката или видот на болестот може да имаат скриено значење, нешто на кое би требало да обрнете внимание.rn

    9. Песни, музика, зборови

    rnДали некогаш сте се разбудиле со одредена песна во вашата глава? Или сте работеле нешто и одеднаш сте чуле одреден дел од песна? Нашиот ум често создава сложена поврзаност помеѓу музиката и нашите чувства. Универзумот можеби користи одредени песни или зборови за да ви пренесе важни информации.rn

    10. Временски појави

    rnНе се важни самите временски појави, туку она што ќе го забележите и моментот кога ќе го забележите. Доколку вашето внимание го привлекуваат грмотевиците, тоа е знак дека треба да направите пауза од она што го правите. Исто така, доколку копнеете по одредена временска појава, тоа може да каже многу за вашата умствена состојба. Ако посакувате невреме на пример, тоа би можело да значи дека чувствувате потреба да ги исчистите неодамнешните случувања и да се ослободите од нив.rnrn15 начини на кои универзумот ви праќа поракиrn

    11. Неочекувани средби

    rnДали некогаш сте се сретнале со некоја личност која можела да ви помогне со вашите тогашни проблеми? Можеби само што сте одлучиле да дадете отказ на работа за да станете личен тренер и потоа на некоја забава запознавате личност која го направила истото неколку години претходно. На овој начин универзумот ви говори дали е тоа вистинскиот или погрешниот пат за вас, во зависност од ситуацијата.rn

    12. Чувства

    rnНашите чувства можат да бидат многу важни гласници и понекогаш ни кажуваат работи од големо значење. На пример, ако се наоѓате на безбедно место, но одеднаш почнувате да чувствувате необјаснив страв и нервоза, можеби постои добра причина зошто би требало да бидете внимателни.rn

    13. Необични и нови зборови

    rnУниверзумот можеби сака да ви пренесе одредена порака со тоа што ве изложува на необични, нови зборови кои ќе ве сопрат за момент. Кога ќе наидете на збор чие значење не го знаете или чуете зборови кои долго време не сте ги чуле во говорот, тоа може да е знак дека треба да обрнете внимание.rn

    14. Мирис

    rnНашиот ум поврзува одредени луѓе и настани со различни мириси во текот на нашиот живот. Можеби нема да бидете свесни дека воопшто постојат тие врски, сѐ додека не се сретнете со неочекуван мирис кој создава силна слика во вашиот ум. Кога ќе наидете на некој необичен мирис, можеби универзумот се обидува да ве потсети на нешто или некој кој е од особено значење за ситуацијата со која се соочувате во реалноста.rn

    15. Чувство на пеперутки во стомакот

    rnЧувството на пеперутки во стомакот е уште еден потенцијален гласник на кој би требало да обрнете внимание. Вашиот инстинкт и интуиција често се изразуваат преку чувството во стомакот и тоа чувство е производ на активниот несвесен ум кој ја пренесува пораката од универзумот.rnrnБез разлика на тоа дали верувате во тоа дека универзумот ви испраќа пораки или не, нема сомнеж дека ова е навистина интересна теорија која би требало да се има предвид со цел да се одбегнат погрешните одлуки и избори.

  • 5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите

    5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите

    При средбата со луѓе кои имаат исклучителен интегритет, веднаш знаете дека има нешто особено во нив што се чувствува како привлечна сила. Не постои тајна како се станува човек со интегритет. Секој би требало да се обиде да биде шармантна и чесна личност за да живее еден автентичен живот. Личниот интегритет значи да се биде верен на она што навистина сте. Интегритетот е начин да се биде искрен во своите акции и тоа е она што ве прави сигурен романтичен и деловен партнер и одговорен член на општеството.rnrn(1) 5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатитеrnrnЛуѓето со интегритет се оние чиишто зборови се совпаѓаат со нивните дела и начинот на којшто дејствуваат и кои често нè инспирираат да бидеме онолку добри колку што се тие и да тежнееме кон успех. Тие покажуваат кои се вистинските работи кон кои треба да целиме и го практикуваат тоа во својот личен и професионален сегмент. Тие, едноставно кажано, се луѓе кои секогаш знаат и умеат да решат проблем и се примери во општеството во коешто живееме. Истовремено се придвижувачи и размрдувачи на позитивни работи. Луѓето со интегритет се карактеризираат со следниве 5 навики, кои секој од нас би требало да ги применува.rn

    1. Ветуваат и исполнуваат

    rnДали некогаш ви се случило да се разочарате од некоја личност поради тоа што не го исполнила ветувањето коешто го дала? Луѓето со интегритет најмногу нè инспирираат поради тоа што за нив дадениот збор значи и обврска да се исполни ветеното. Тие ќе направат сè да го исполнат дадениот збор и поради тоа се поинакви од голем број луѓе, кој не ја сфаќаат секогаш тежината на она кое го ветиле. Доколку за вас можете да кажете дека секогаш кога ќе ветите нешто и го исполнувате, тогаш сместете се во групата на луѓе со интегритет.rn

    2. Се борат за правда

    rnНасилниците не го сакаат она што го говорат и го прават луѓето со интегритет. Истото важи и за сите останати кои користат јазик на навреди. Луѓето со интегритет знаат да се справат со овие луѓе. Тие имаат вродено чувство за тоа што е исправно, а што е лошо и се обидуваат да ја балансираат вагата на правдата. Кога ќе забележат дека некои луѓе ја злоупотребуваат својата моќ, луѓето со интегритет секогаш ги заштитуваат немоќните, затоа што злоупотребата на моќта е неправда. Луѓето со интегритет се одликуваат со тоа што секогаш застануваат на страната на оние кои се третирани од останатите луѓе како помалку вредни.rn

    3. Се погледнуваат во огледало и се посветуваат на позитивни промени

    rnЕден значаен дел од здравиот начин на личното оценување е дали човекот се придржува до стандардите кои ги поставува за околината. Никој од нас не може да посочи други луѓе со прст дека не се доволно добри во нешто, доколку не почнеме од себеси. Можеби веќе сте слушнале или искусиле дека доколку покажете со прст кон некого, тоа може да ви се врати со три прста вперени кон вас. Да се осудуваат туѓите грешки е една мамка во која лесно можеме да паднеме. Тука лежи разликата која ги одликува луѓето со интегритет. Тие, наместо да осудуваат, им помагаат на луѓето да се извлечат од проблемите во кои западнале и да ги прифатат и да станат свесни за своите недостатоци. Никој од нас не е совршен, а тоа луѓето со интегритет го знаат многу добро. Затоа, тие не само што ги прифаќаат, туку и работат на подобрување и менување на своите лични недостатоци.rnrn(2) 5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатитеrn

    4. Преземаат одговорност за решавање на проблеми, дури и кога грешката не е во нив

    rnЛуѓето со интегритет преземаат улога на водачи, кога никој друг не сака да ја преземе одговорноста. Почнувајќи од навидум наједноставни прашања и проблеми, како на пример, можеби, не е нивна вина што некој оставил кеси со отпад во заедничкиот ходник во зградата, но тие препознаваат проблем и преземаат одговорност да го решат тоа прашање. Исто така, овие луѓе многу често се пријавуваат за волонтерска работа или за помош на луѓе на кои им е потребна помош. Неколку збора со кои можат да се опишат овие луѓе се: Способност да ги слушаат останатите, емпатија, влијаат позитивно на околината, имаат високо развиена свест, имаат моќ на убедување, знаат да направат концепт, можат да ги предвидат работите, ги извршуваат задачите кои си ги поставуваат или кои им ги поставуваат, посветени се истовремено и на развојот и на другите луѓе, придонесуваат во изградба на заедницата.rn

    5. Тоа што можат да го сработат денеска, не го оставаат за утре

    rnЛуѓето со интегритет не чекаат да видат дали некој друг ќе скокне прв во вода да спаси човек кој се дави, затоа што тие се првите кои го прават тоа и доаѓаат до жртвата колку што е можно побрзо. Ова е еден едноставен и сликовит пример преку кој на наједноставен начин може да се опише нивната решителност и одговорност која ја преземаат врз себе. Овие луѓе се свесни за одговорноста која со себе ја носи секој поединец. Тие не се грижат единствено за своите интереси, затоа што знаат дека преку правилно и искрено дејствување, не само што се заштитуваат себеси, туку и околината. Секогаш кога треба да се заврши одредена работа тие тоа го прават на најодговорен начин, тука и сега, без да го оставаат за утре, задутре… Луѓето со интегритет се свесни дека една мала недовршена работа некогаш може да биде фатална, како за нив, така и за околината.

  • Неколку мудри начини да се справите со луѓето коишто не ви се допаѓаат

    Неколку мудри начини да се справите со луѓето коишто не ви се допаѓаат

    Доколку живееме во совршен свет, секој човек со кој би имале можност да комуницираме би бил убав, учтив, внимателен, дарежлив и уште многу повеќе. Сите би се наоѓале во позитивна атмосфера каде што никој не би бил вознемирен. Сепак, ние не живееме во совршен свет. Некои луѓе успеваат да нѐ изнервираат, а и ние исто така влијаеме на други. Оние што не ни се допаѓаат едноставно не одговараат на нашиот карактер. Но, едноставно не е возможно да ги сакаме сите оние со коишто ќе се запознаеме, па затоа овде ви прикажуваме неколку начини со чија помош можете да се справите со поголемиот дел од луѓето кои не ви се допаѓаат.rnrnrn

    1. Прифатете дека не треба да ги сакате сите

    rnИако понекогаш мислите дека можете да се вклопите со секој со кој комуницирате, сепак, неизбежно е дека ќе се судрите со луѓе коишто се противат на она што го мислите. Треба да сфатите дека конфликтите и несогласувањата се резултат на разликите во вредностите. Тоа лице што не ви се допаѓа, не мора да значи дека во суштина е лош човек. Едноставно, има разлика во вашите карактери, па затоа треба да прифатите дека не секогаш ќе им се допаѓате на сите, или пак сите ќе ве сакаат вас.rn

    2. Не игнорирајте ги и не отфрлајте ги оние кои не ви се допаѓаат

    rnСекако, комуникацијата со оние кои не ви се допаѓаат може да биде навистина тешка, но треба да знаете дека оние луѓе кои на некој начин ве предизвикуваат, понекогаш може да ве доведат и до нови сознанија и ви помагаат да успеете. Запаметете, ни вие не сте совршени, па луѓето сепак ве толерираат.rn

    3. Третирајте ги со учтивост оние кои не ви се допаѓаат

    rnБез оглед на вашите чувства кон некој, таа личност ќе биде свесна за вашиот став и однесување, па најверојатно ќе се однесува исто. Ако сте груби кон некого, личноста ќе биде груба и кон вас. Затоа, останете фер и непристрасни. На овој начин нема да се спуштите на нивно ниво и да делувате на начинот на кој тие се однесуваат.rn

    4. Запознајте се со своите очекувања

    rnНе е невообичаено едни луѓе да имаат нереални очекувања во однос на други. Вие можете да очекувате една личност да реагира и да го кажува она што вие би сакале, но тоа не е реално. Всушност, очекувајќи другите да го прават она што вие би го направиле во дадена ситуација, значи дека самите си создавате разочарување. Доколку некоја личност прави да се чувствувате секогаш исто, приспособете ги вашите очекувања. На овој начин ќе бидете психички подготвени и нема да бидете изненадени од однесувањето на луѓето кои не ви се допаѓаат.rnrnrn

    5. Фокусирајте се на себеси

    rnБез разлика што и да направите, некои луѓе сѐ уште може да ве нервираат. Но, важно е да научите како да се справите со вашата фрустрација кога сте во близина на некој што ве нервира. Наместо да размислувате колку иритирачка е таа личност, фокусирајте се на она што сте. Понекогаш она што не ви се допаѓа кај другите, е токму она што не ви се допаѓа и кај вас. Затоа запаметете дека подобро е да ги промените своите ставови и очекувања, отколку да барате некој да се однесува различно.rn

    6. Направете пауза и земете длабок здив

    rnНекои карактеристики на личноста честопати може да ве нервираат. Тоа може да биде колегата кој ги промашува зададените рокови или пак личноста која секогаш кажува невкусни шеги. Во тие моменти подобро е да направите мала пауза и да добиете контрола над вашиот адреналин, па да можете подобро да реагирате. Земете длабок здив и заштитете се од несаканите реакции.rn

    7. Искажувајте ги своите потреби

    rnДоколку некој постојано ве нервира, дајте му до знаење дека неговиот начин на однесување или стил на комуникација е проблем за вас. Избегнете ги навредите, но на учтив начин искажете го својот став, па притоа чекајте го нивниот одговор и нивната реакција.rn

    8. Овозможете си простор помеѓу вас

    rnАко ништо друго не успее, овозможете простор помеѓу вас и личноста што не ви се допаѓа. Тоа значи да си продолжите по својот пат. Доколку сте на работното место и доколку ви дозволуваат условите, преместете се во другата канцеларија. Со тоа што ќе бидете оддалечени, на некој начин вие ќе можете да ја вратите и одржувате и меѓусебната комуникација.

  • Науката открива: Луѓето денес имаат помал опсег на внимание од златните рипки

    Науката открива: Луѓето денес имаат помал опсег на внимание од златните рипки

    Со сета почит кон златките рипки и останатите животинки, но ние луѓето отсекогаш сме се сметале за понапреден и еволуциски поразвиен вид. Сепак, малите рипки се еден чекор пред нас, барем во една категорија: Внимание.rnrnНауката открива: Луѓето денес имаат помал опсег на внимание од златните рипкиrnrnСпоред новото истражување од корпорацијата „Microsoft“ спроведено на почетокот од месецов, просечниот опсег на внимание на златните рипки е 9 секунди. Денес, луѓето имаат опсег на внимание од 8 секунди.rnrnКој е виновникот? Научниците велат дека тоа се веројатно паметните телефони. Во 2000-та година, на почетокот од мобилната телефонија и нејзиниот глобален подем, просечниот опсег на внимание кај луѓето бил 12 секунди. 16 години подоцна, нашите мозоци станале толку стимулирани, што не можеме да го задржиме фокусот.rnrnНо, не е сѐ толку лошо. Истражувањето вели и дека нашето потпирање на мобилната и паметната технологија ја подобрило нашата способност да извршуваме повеќе задачи и обврски истовремено, или во науката познато како мултитаскинг.rnrnСо други зборови, можеби повеќето од нас денес не можеме да изгледаме една епизода од „Игра на тронови“ без да ги провериме телефоните барем еднаш, но сепак сме способни да го направиме тоа без да ни падне телефонот во тоалетот или да се сопнеме од самите себеси.

  • Вие ќе бидете многу посреќни кога ќе престанете да ги осудувате другите

    Вие ќе бидете многу посреќни кога ќе престанете да ги осудувате другите

    Размислете, кога последен пат сте почувствувале вистинска среќа? Која била причината за тоа? Дали сте биле радосни затоа што сте направиле нешто? Или поради начинот на којашто сте изгледале? И најважно: Дали траело чувството? Будизмот нè учи дека можеме да постигнеме задоволство во животот со свесност и учење. Научните истражувања пак, покажуваат дека за трајна среќа ни треба психолошко здравје.rnrnВо психологијата постои теорија наречена „теорија на самоопределување“. Тоа покажува дека психичкото здравје е најважно кога е во прашање доживувањето среќа и дека таквото здравје произлегува од балансот помеѓу автономијата (чувството на контрола над нашето однесување и нашите цели), компетентноста (да се стане господар на некоја вештина) и поврзаноста (чувството за припадност на други луѓе).rnrnrnrnСепак, сериозна грешка во нашите односи кон другите е грубата проценка којашто ја правиме, со што се уништува нашата автономија и поврзаност. Кога осудуваме некој, се обидуваме да имаме контрола врз работите коишто реално не можеме да ги контролираме, при што се намалува нашата автономија, предизвикувајќи оние коишто ги судиме да бидат заштитени. На пример, еден човек во одреден момент не може да ги оствари нашите очекувања, па ќе судиме дека е мрзлив. Ова предизвикува само слабеење на нашата сопствена сила и нè прави помалку среќни. Покрај ова, ние ги уништуваме односите со таа личност.rnrnСтудиите покажале дека кога сме внимателни, можеме да разбереме дека секој човек бара да биде задоволен. Ова значи дека иако другите не може да ги исполнат нашите очекувања, ние не треба да им судиме. Не смееме да ги гледаме луѓето како „точни“ или „погрешни“ само затоа што тие се поразлични од нас. Велејќи дека другите не се во ред, покажуваме дека сме несигурни. Со тоа што ќе кажеме дека ние сте подобри, а другите полоши, ние не ја подобруваме ситуацијата. Потребно е да се разбере што е навистина важно, а не кој е во право, а кој не.rn

    Како да се воздржите од осудување?

    rnВо Будизмот постои учење со помош на јагода. Всушност, кога слободно ќе можете да ја погледнете јагодата без да гледате дали изгледа добро или не, без да забележувате како таа влијае на вас, тогаш можете да се движите напред. Потоа, кога ќе се чувствувате удобно со ова, ќе бидете подготвени да го применувате ова и со некоја личност. Тогаш ќе ги прифаќате луѓето онакви какви што се.

  • Луѓето кои ги прават овие 5 нешта секогаш изгледаат помладо (без разлика на годините!)

    Луѓето кои ги прават овие 5 нешта секогаш изгледаат помладо (без разлика на годините!)

    Само вие можете да го одберете вашиот животен стил. Доколку се фокусирате на радоста, вие ќе бидете многу поенергични и посреќни. Постои една студија која јасно ни покажува дека оние личности кои го гледаат стареењето како можност се многу поактивни, посоцијални и поуспешни од оние што го гледаат како пречка. Па, доколку навистина сакате да се чувствувате и да изгледате помладо и посреќно секојдневно, тогаш погледнете ги следниве 5 начини на кои можете да го постигнете тоа…rnrnЛуѓето кои ги прават овие 5 нешта секогаш изгледаат помладо (без разлика на годините!)rn

    1. Размислете пред да прозборите

    rnДали тоа што го кажувате е вистина? Дали има потреба да се каже? Дали е добро? Ако постојано ги користите социјалните мрежи, најпрво проверете ги вашите факти. Копајте подлабоко, бидете љубопитни. Не постои друг начин да откривате нови факти и да бидете во чекор со новостите.rn

    2. Пронајдете позитивна страна на нешто што не ви се допаѓа

    rnСамо затоа што нешто не одговара на вашиот стил или размислување, не значи и дека нема позитивни страни. Застанете малку и отворете го вашиот ум. Многу е важно постојано да ги предизвикувате вашите мисли доколку сакате да го проширите вашиот видик кон светот. Во сè што не ви се допаѓа постои нешто што може да биде ценето, само треба да издвоите повеќе време да го најдете.rn

    3. Зборувајте со луѓе кои најчесто би ги избегнале

    rnДури и најмалите дечиња можат да ве научат на важни лекции за животот. Сакате одличен трик за да го скршите мразот во разговорот? Прашајте млада личност за нивните омилени апликации или видео игри. Би се изненадиле од тоа што можете да го научите. Технологијата е најдобрата поврзаност помеѓу различните генерации.rn

    4. Слушајте нова музика

    rnБидете во тек со најновите музички трендови. Дури и да не ви се допаѓа денешната поп музика, постојат многу млади артисти со сличен ритам на вашите омилени стари бендови. Доколку го проширите вашиот вкус за музика, вие веднаш ќе почнете да се чувствувате, но и да изгледате помладо во очите на другите.rn

    5. Излезете од вашата удобна зона

    rnГледајте документарни филмови, волонтирајте за добра цел, обидете се со некој нов вид вежбање, читајте друг весник, намерно дружете се со личности кои имаат спротивно размислување на вашето… Не сте љубител на оружје? Запишете се на часови стрелање. Не сакате да танцувате? Поканете ги вашите пријатели на танцова забава. Понекогаш можете многу да научите за светот, како и за себеси, од оние кои се сосема спротивни на вас.

  • 5 знаци дека другите луѓе се плашат од вас

    5 знаци дека другите луѓе се плашат од вас

    Сте се запрашале ли некогаш како ве доживуваат другите луѓе? Вие можеби мислите дека сте симпатични, духовити и комуникативни, но вистината може да е потполно поинаква. Макијавели во „Владетелот“ го поставил прашањето „Дали е подобро да те сакаат или да ти се плашат, кога веќе не може и двете?“. Веројатно во поголемиот број од случаите подобро е луѓето да ве сакаат бидејќи љубовта е позитивно чувство, додека, пак, стравот е негативно. Меѓутоа, понекогаш нашето однесување може да предизвика страв, а да не сме ни свесни за тоа. Доколку се препознаете во следниве 5 знаци, време е да се преиспитате себеси бидејќи луѓето дефинитивно се плашат од вас…rnrn5 знаци дека другите луѓе се плашат од васrn

    1. Луѓето во ваша близина не си ја вршат добро својата работа

    rnДоколку некој човек чувствува тешкотија, страв и непријатност, ќе биде многу помалку продуктивен. Имено, луѓето ќе бидат толку многу сосредоточени на тоа да ви угодат, што нема да можат да се концертираат на нивната работа, должности и задачи. Кој би можел да ги обвини? Обидете се да им дадете мир на луѓето, за да не бидат постојано напнати или преплашени во ваше присуство. Ќе видите колку подобро ќе функционираат кога нема да се плашат.rn

    2. Луѓето не ве гледаат во очи

    rnКога се плашиме од некого, одбегнуваме контакт со очите. Па така, ако сте забележале дека луѓето не ве гледаат во очи, можно е да делувате премногу застрашувачки. Во животинскиот свет контактот со очите честопати значи закана, а вам никој не сака да ви се закани затоа што се плаши.rn

    3. Луѓето не ви поставуваат никакви прашања

    rnНајдобрата одбрана од застрашувачката личност е што помалку комуникација. Другите одбегнуваат да ве прашуваат што било поврзано со работата, а уште помалку за тоа како сте го поминале викендот. Се плашат да не ви постават погрешно прашање кое ќе предизвика негативна реакција. Доколку сметате дека не постои причина луѓето да се плашат од вас, почнете вие да ги испитувате за нивните животи. Можеби на тој начин тие во целост ќе го променат мислењето за вас.rnrn5 знаци дека другите луѓе се плашат од васrn

    4. Луѓето ве одбегнуваат

    rnДали сте забележале дека при секој разговор што ќе го започнете, луѓето не сакаат да разговараат со вас и бегаат кога ќе ве сретнат во ходникот или на некоја забава? Или, пак, преминуваат на другата страна на улицата кога ќе видат дека одите во нивен правец? Тоа е голем знак дека луѓето ви се плашат и дека се чувствуваат непријатно во ваше присуство. Луѓето кои останатите ги доживуваат како застрашувачки, честопати се и негативни и токсични. Сигурни сме дека не сакате да ве сметаат за таква личност!rn

    5. Гласот на луѓето се менува кога се во ваша близина

    rnИ промената на гласот е сигурен знак дека луѓето во ваша близина се чувствуваат непријатно. Многумина почнуваат да зборуваат побрзо, може да им се повиши гласот, нервозно да се смеат, или, пак, да зборуваат потивко. Обрнете внимание на тоа како другите луѓе зборуваат со вас и доколку забележите некој од овие знаци, можеби е време да смените нешто во начинот на вашето однесување.

  • 11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    Сигурно познавате барем една личност која никогаш не се разболува и веројатно сте се запрашале како е тоа можно. И покрај сите обврски, овие луѓе успеваат да останат здрави и нема ништо лошо во тоа да се откријат нивните навики поради кои имаат неверојатен имунитет. Никој не е имун на сите настинки и грипови, но очигледно тие прават нешто како што треба. Сосема е возможно да го земете здравјето во ваши раце со тоа што ќе почнете подобро да се грижите за себеси. Одредени навики кои се чинат безопасни, можат да предизвикаат голема штета на вашиот имунолошки систем. Доколку често се разболувате и сакате да ги сведете на минимум деновите поминати во кревет, имајте ги предвид следниве неколку навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат.rnrn11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваатrn

    1. Спиењето им е приоритет

    rnМногу луѓе ги ставаат работата и социјалниот живот пред спиењето, но тоа може многу негативно да се одрази на имунолошкиот систем. Според едно истражување, доколку спиете 6 часа, тоа ќе ја зголеми веројатноста да настинете до 4 пати, во споредба со оние кои спијат повеќе од 7 часа навечер. Соодветниот сон го синхронизира телесниот часовник и ѝ овозможува на нашата физиологија да функционира како добро предводен оркестар.rn

    2. Често вежбаат

    rnОние кои редовно вежбаат, значително го подобруваат нивниот имунитет и поретко се разболуваат. Физичката активност може да ви помогне да се ослободите од бактериите во белите дробови и дишни патишта, да ги поттикне антителата и белите крвни зрнца побрзо да циркулираат и да го забави ослободувањето на хормоните кои предизвикуваат стрес и ја зголемуваат веројатноста да се разболете.rn

    3. Редовно јадат

    rnДобрата исхрана му ги дава на телото потребните витамини и минерали кои го одржуваат здраво. Според едно истражување спроведено од страна на државниот универзитет во Мичиген, нискокалоричната исхрана ќе ве направи поотпорни на грипот и ќе ја зголеми вашата издржливост при настинка.rn

    4. Одбегнуваат шеќер

    rnШеќерот е навистина вкусен, но луѓето кои не се разболуваат често одбегнуваат благи работи. Исхраната богата со јаглехидрати, особено онаа збогатена со едноставни шеќери, може да доведе до воспаление на крвните садови. Според истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Лома Линда, кај луѓето кои внесувале 100 грама шеќер (толку содржи една лименка газиран сок) леукоцитите имале уништено помал број бактерии, за разлика од оние кои не внеле шеќер.rnrn11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваатrn

    5. Вежбаат јога

    rnВежбањето јога може да доведе до промени на молекуларно ниво кое резултира со посилен имунолошки систем и подобро здравје. Овие умствени техники го поттикнуваат мозокот полесно да донесува одлуки и да води сметка за сопственото здравје, што доведува до поголема виталност и сила.rn

    6. Не пијат многу алкохол

    rnНема ништо лошо во тоа да се испие по некоја чашка, но честото пиење може да го ослаби имунолошкиот систем дури и да се работи за 20 минути консумирање алкохол. Доколку не се чувствувате баш најдобро, одбегнете го шишето.rn

    7. Имаат секс

    rnСексуалните односи еднаш неделно го намалуваат ризикот од настинки, според истражувањето спроведено од страна на универзитетот во Пенсилванија. Луѓето кои почесто имаат секс, имаат повисоки нивоа на имуноглобинот А, антитела која го одбранува телото од разни болести и инфекции.rn

    8. Излегуваат надвор

    rnПоминувањето време надвор го зголемува нивото на витаминот Д, хранлива состојка која е клучна кога станува збор за активирање на имунитетот, според истражувањето од Универзитетот во Копенхаген. Мирисот на природата релаксира, што значи дека успешно се бори против стресот и ја подобрува општата благосостојба.rnrn11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваатrn

    9. Поминуваат време со нивните пријатели

    rnДруштвото на вашите блиски има многу други придобивки, покрај тоа што е забавно. Комуникативните луѓе подлежат на помал ризик да настинат.rn

    10. Размислуваат позитивно

    rnТие гледаат на посветлата страна на нештата. Оптимизмот го намалува крвниот притисок, заштитува од срцеви заболувања, ве штити од вируси и го зголемува вашето целокупно физичко и ментално здравје.rn

    11. Пијат чај

    rnЧајот ја зголемува телесната одбрана од инфекции со тоа што го поттикнува имунолошкиот систем да ги нападне бактериите, вирусите и габичните инфекции. Освен тоа, пиењето чај е одличен начин да останете хидрирани, што може да му помогне на вашето тело да функционира нормално.rnrnКолку повеќе од овие навики стекнете, толку поздраво ќе биде вашето тело, што ќе ви помогне да се одбраните од сите несакани болести.

  • Најлошите типови луѓе од кои треба да се држите понастрана

    Најлошите типови луѓе од кои треба да се држите понастрана

    Никој не е совршен, ама постојат луѓе кои дефинитивно се најлоши и со кои не сакате да си имате работа. Секојдневните обични ситуации можат да покажат кој каков човек е. Таквите луѓе лесно е да се препознаат, но тешко е со нив да останете рамнодушни и да не се изнервирате. Ова се неколку примери…rnrnНајлошите типови луѓе од кои треба да се држите понастранаrn

    Луѓе кои се туркаат на врата да влезат во автобус, а патниците уште немаат излезено

    rnСекако дека сите сакаат да седнат во автобус, но мора да признаете дека сте се изнервирале милион пати поради луѓе кои не се способни да почекаат 10 секунди за да излезат патниците од автобусот. Многу е лесно да се препознаат овие луѓе. Кога автобусот ќе застане на постојката, тие стојат точно пред вратата и се туркаат да влезат по секоја цена. Не сте помеѓу нив? Одиме понатаму.rn

    Возачи кои бесно им свират на возачите на обука

    rnСите луѓе во еден момент биле почетници во нешто и затоа не е јасно како искусните возачи не сочувствуваат со возачите почетници. Потребно е да се покаже барем малку толеранција и емпатија.rn

    Луѓе кои слушаат музика од мобилниот телефон во автобус

    rnАх, тој градски превоз. Доколку конечно успеавте да влезете и да седнете, тогаш најверојатно ќе ве дочека некој кој нема слушалки, но затоа има мобилен од кој вришти некој хит, не е важно од кој вид. Тоа е некултурно, како и гласното зборување на телефон во автобус. Не мора сите да знаеме што ќе има некој за ручек.rn

    Луѓе кои одат преку ред

    rnОва е дефинитивно најлошото чувство. Трпеливо го чекате вашиот ред, се подготвувате и потоа некој просто си застанува пред вас како да не постоите. Постојат две опции: Едната е ситуацијата да помине мирно и да продолжите со чекање, и секако онаа другата која ќе биде непријатна за сите.rnrnНајлошите типови луѓе од кои треба да се држите понастранаrn

    Луѓе кои ги користат своите деца за побрзо да ги завршат обврските

    rnСигурно барем еднаш сте се запрашале дали е возможно ама баш никој да не можел да го чува детето дома – баба, дедо, сосетка, роднина… Кој било! Имено, се работи за луѓе кои ги користат нивните мали деца за да поминат преку ред и да ги завршат нивните обврски побрзо и полесно.rn

    Луѓе кои не велат „благодарам“ кога ќе им ја отворите или придржите вратата

    rnМора да постои посебен круг од пеколот за овие луѓе. Основно правило на бонтонот е да се каже „Благодарам“!rn

    Некултурни луѓе во кино

    rnГласно смеење, шушкање со кесата чипс, коментирање на она што се случува на големото платно… Листата е предолга! Некултурата се покажува најчесто на јавни места, а киното е одлично место за да покажете колку сте невоспитани.rn

    Луѓе кои постојано се жалат од другите луѓе

    rnНикој не е совршен, престанете да се жалите. Тоа е напорно и за вас и за луѓето околу вас.rn

    Луѓе кои мислат дека се над сите

    rnОва е убедливо најлошиот тип луѓе. Тие мислат дека другите не им се ни до колена, а всушност ниту самите не се свесни за нивното незнаење и заблуда. Љубомората ги уништува. Од нив дефинитивно треба да се држите подалеку!