Добриот стил не е лесно да го опишете во неколку збора. Понекогаш е тешко да ги кажете неговите главни одлики, но едноставно знаете кој ви се допаѓа. Од друга страна пак, постојано се прашувате дали добро се облекувате, бидејќи не добивате никакви повратни информации од околината. За да бидете сигурни дали вашето облекување е добро или пак грешите во нешто, најпрво дознајте кои знаци откриваат дека сте лошо облечени.rnrn
rnrn1. Имате заборавено кога беше последниот пат кога некој ви дал комплимент за вашата гардероба.rnrn2. Често ви се случува на некоја забава или формална прилика да се двоите од околината, односно вашиот изглед да не се совпаѓа со изгледот на останатите.rnrn3. Вашиот гардеробер е полн со парчиња кои сега се во мода, а во него немате ништо класично и безвременско, како што се малиот црн фустан и салонките.rnrn4. Вашето семејство и пријателите често имаат лоши коментари за изборот на вашата гардероба.rnrn5. Трошите голема сума пари за скапи и брендирани парчиња кои ги комбинирате без смисла, водејќи сметка само за тоа секое парче да е етикетирано.rnrn6. Брендираните производи секогаш ги одбирате само ако логото им е големо и лесно видливо.rnrn7. Кога ќе се погледнете на фотографиите од пред неколку години, се прашувате што ви било што сте се облекле така.rnrn8. Не обрнувате внимание на деталите и на тоа како ги комбинирате во својот целокупен изглед.rnrn9. Не сте во можност да го дефинирате својот стил со неколку збора.rnrn10. Дури и кога ќе добиете некој комплимент, тој се однесува само за некое ваше парче, но никогаш за вашиот целосен изглед.
Tag: лош стил
-

10 знаци дека сте лошо облечени
-

10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете
Оформувањето сопствен стил на облекување кој ќе направи да се чувствуваме убаво во нашата кожа, воопшто не е лесна работа. Плус, проблемот не се состои само во тоа како сакаме да изгледаме, туку како секојдневно да умееме да ги искомбинираме различните парчиња облека, чевли, чанти, накит со кои располагаме, а притоа да бидеме постојано различни, уникатни и убаво дотерани за секоја пригода. Во секој случај, што и да облечете, секогаш имајте на ум дека следниве 10 модни катастрофи не треба да бидат дел од вашиот имиџ.

rnrn
1. Униформното облекување не е шик
rnДефинитивно погрешен моден чекор е да мислите дека бојата на вашата облека, чанта, чевли и накит треба да бидат во иста боја. Всушност во поголемиот број случаи многу подобро е да комбинирате бои, материјали и кроеви. Доколку различните парчиња убаво се согласуваат едно со друго, нема никаква потреба тие да бидат во иста боја.
rn2. Премногу накит не изгледа „вкусно“
rnАко на себе носите блузичка или јакна со нитни, монистри, патенти, џебови или некаква апликација, тоа парче облека само по себе е веќе накитено, што значи дека китење на вашето тело со еден тон накит воопшто нема да изгледа добро, а вие ќе изгледате како да сте се спремиле за на карневал. Кога сакате да носите повеќе накит или марами, одберете еднобојна и поедноставно блуза, на која тој убаво ќе „легне“.
rn3. Црна шминка по целото лице не изгледа секси
rnПод поимот мода не се подразбира само изборот на добра облека. Ако на вашето лице има едно кило шминка, кој воопшто ќе забележи што носите? Во вашиот личен стил спаѓа и тоа дали умеете убаво да ја нанесете шминката. Ако носите црна сенка за очи, дефинитивно немојте да носите и црн кармин, освен доколку сакате да изгледате како ликовите од Adam’s Family.
rn4. Никогаш не комбинирајте различни шари
rnКога ги комбинирате парчињата облека, секогаш имајте на ум дека пругастите, карираните и точкастите парчиња облека, никогаш не си одговараат едно со друго.
rn5. Не игнорирајте го маникирот
rnДа се има добар моден стил, подразбира негување на вашиот целокупен изглед. Покрај доброто комбинирање на вашите парчиња облека и убавата шминка, вашите нокти и коса секогаш треба да изгледаат барем пристојно. Лакираните нокти вечно ќе бидат во мода и изгледаат секси, доколку убаво се вклопуваат со боите на вашата облека. Битно е да се спомне дека никогаш не треба да го оставите лакот сам да се излупи, да ги грицкате ноктите или тие да имаат никаков искривен облик.
rn6. Внимавајте со прерамките од градникот
rnНикогаш не дозволувајте да ви се гледаат прерамките од градникот. Без разлика дали одговараат на боите што моментално ги имате на себе, тие ви го нарушуваат изгледот. Како додатен совет, обидете се секогаш да носите градник, бидејќи тоа е посигурната опција.
rn7. Правилната должина е секогаш важна
rnОдбирањето пантолони, може да биде тешка работа, особено доколку сте ниски. Капри панталоните можат да направат да изгледате уште пониско, па затоа треба да внимавате кога одите на шопинг. Осигурајте се дека должината ќе биде некаде во пределот помеѓу колената и глуждовите, за да ја избегнете летната модна катастрофа. Во комбинација со некоја шик тесна маичка со кратки ракави, капри панталоните не само што убаво ќе стојат, туку и визуелно ќе ве издолжуваат.
rn8. Тесното не е секогаш решение
rnИзбегнувајте да се обидувате да изгледате послабо со тоа што ќе носите потесни алишта. Неизбежно, резултатите ќе бидат катастрофални, бидејќи ќе ви дојдат до израз вишокот килограми. Со сигурност не сакате да го потенцирате, она што сакате да го скриете нели?!
rn9. Белиот проблем
rnНикогаш не комбинирајте бели обувки со бели панталони, фустани или шорцеви. Доколку се најдете во таква ситуација, веднаш облечете чанта, накит или обувки во некоја друга боја за да разбие.
rn10. Танга гаќичките не се за на грб
rnДевојки, не трудете се да ја покажувате вашата танга качувајќи ја повисоко. Излезената танга ве прави да изгледате невкусно и дава погрешна слика за вас, па затоа секогаш е подобро таа да остане малку подолу.
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn