Како би изгледал еден дом кога би бил дизајниран од 6 годишно дете? Веројатно шарен, во многу бои, со голем кауч за играње и скокање, надополнет со тобоган за целосно пренесување на детската игра од паркот во дневната соба. Овој дом не е дизајниран од деца, но е креативен и автентичен исто како да е. Погледнете ја куќата-виножито во Лондон.rnrn
rnrnКуќата е самата по себе уметничко дело наменето за живеење. Секој агол е уникатен и открива некое магично искуство. Во главната соба има кружен кревет кој може да се ротира во позиција од која може да се гледа кон секое од огледалата или кон надворешниот прозорец. Од подот се отвора вратичка која води до тобоганот во дневната соба, каде што пак огромниот кауч со димензии 12 на 8 метри претставува мека платформа за играње, спиење и живеење.rnrn
rnrnРазличните делови од куќата се обединуваат преку едно спирално скалиште во центарот. Оваа конструкција од плексиглас и челик градира низ целиот спектар од виножитото како што се издигнува нагоре кон куќата. На секој кат одредени бои се распределуваат низ просторот, влијаејќи на боите на подот кои создаваат визуелен ритам по вертикални оски. Сонцето се пробива низ стаклениот кров на врвот од куќата осветлувајќи ги скалите и давајќи им живот.rnrn
rnrnАко влезете во оваа куќа, всушност влегувате во еден паралелен универзум полн со забава, бои, движење и сладострастие оставајќи го обичниот свет зад себе. Куќата има толку интересни елементи, што и на возрасен не би му здодеало постојано да се качува нагоре за да се спушта по тобоганот.rnrn
rnrnКуќата е проект на Ab Rogers Design и DA.Studio. Постои од февруари, 2009.rnrn
rnrnПогледнете го видеото за целосно доживување на ова волшебно место.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



























Бен поминува повеќе часови барајќи мастика залепена на тротоар и потоа, употребувајќи шарени бои, црта на таквата леплива површина.
Прво, ја загрева мастиката со летламба и потоа ја лакира за да се стврдне. Употребува специјални акрилни бои со кои ги креира своите уметнички дела. Автор е на повеќе од 10.000 шарени и уметнички мастики кои не се поголеми од оригиналната големина на гумата за џвакање. Негови дела има во Велика Британија и во делови од Европа.
Вилсон со оваа уметност почнал да се занимава пред неколку години сакајќи да си го разубави соседството во Мусвел Хил, Северен Лондон и така почнал да создава шарени плочници низ Велика Британија.
rn
Бен вели дека најчудната работа што ја нацртал е реченицата „Ќе се омажиш ли за мене?“ на парче мастика пред продавница за чевли во која сакала да купува девојката. На крајот, таа се согласила на понудата.rnrn
Бен го уапсија од градската полиција во Лондон заради сомнителни криминални дела. За среќа, случајот беше отфрлен само неколку месеци подоцна и тој го избегна кривичното гонење.





rnrnrn
Групата се распадна во 1970 година со издавање на последниот студиски албум „Let it be“. И покрај толку години поминати од времето кога свиреа и пееја заедно како група и трагедиите кои им се случија на Џон Ленон и Џорџ Харисон, нивните песни уште се пеат и слушаат од генерациите што доаѓаат. Погледнете кои се десетте најромантични песни кои некогаш ги испеале Битлси:rnrn













Овој 28 годишен човек, по потекло Сицилијанец, во август го отвори својот прв ресторан, Relæ, откако работеше во најпознатиот, најпрефинетиот и најлуксузниот ресторан El Bulli и во ресторанот
Пред неколку години, 31 годишниот готвач Alexandre Gauthier ја обнови ѕвездичката „Мишелин“ за најдобар ресторан (фамилијарен) во северна Франција. Искуството и знаењето ги стекнал прво во фамилијарниот ресторан, потоа кај Alain Ducasse во Plaza Athénée во Париз и во La Pinède во Saint Tropez. Тој сака заносни вечери и најразлични комбинации, а негов специјалитет е јајце од препелица на кекс од никулци, со рендан лук и сецкано грозје.rn
Со само двајца вработени, 27 годишниот Mathieu Rostaing Tayard е главен готвач во ресторанот Le 126. Претходно работел со Nicolas le Bec и Pierre Gagnaire. Негов специјалитет се њоки со зачини и лук и телешка глава на пире од целер.rn
За да уживате во прекрасните јадења од менито во овој ресторан, ќе ви требаат два месеца упорност за да закажете. 32 годишниот Greg Marchand работел во ресторани во Британија и Њујорк (Gramercy Tavern), а во неговиот ресторан креира иновативни јадења, како чадена пастрмка на пире од аспарагус.rn
28 годишниот Iñigo Pena е можеби најинтересниот млад главен готвач. Неговата кујна е базирана стриктно на употреба на ориз и морски плодови. Негов специјалитет е Luma Gorri – пилешки крилца со лесно сварени компири и жолчка.rn
Овој ресторан се закити со две Мишелинови ѕвездички, а главниот готвач, 30 годишниот Bret Graham подготвува неверојатни специјалитети како чадена јагула, скуша на скара, јоркширски тетреб и многу други.
25 годишниот Stevie Parle го отвори својот прв ресторан кон крајот на 2009 година, после неколку години работење во ресторанот River Café во London. Овој млад главен готвач веќе освои награда како резултат на неговата едноставност во готвењето и неизбежната софистицираност во јадењата.
Ова е најдобриот италијански ресторан во Лондон. 28 годишниот готвач научил да готви преку ТВ емисии за готвење, а го подучувал лично и персонално, најдобриот и најпознатиот готвач Џејми Оливер. Препечена скуша и препелица, срце од вол на скара со чили и колбаси и телешки одрезок во сос од глуварче се неговите специјалитети.