Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНе мора да сте зависници од шопинг за да ги посетите најдобрите дестинации во светот, каде буквално можете да си купите сè што ќе ви текне на памет. Доволно е да ги пронајдете на вашата мапа, да ги земете кредитните картички и да заборавите на својата заштеда. :)rnrn
rn
5-тата авенија во Њујорк
rnОва место е идеално за оние кои преферираат „тренди“ стил и се секогаш во чекор со најновите збиднувања во модата. Прада, Луј Витон, Гучи, Фенди, Версаче се само дел од најпознатите модни куќи каде можете да се подновите со некое луксузно парче облека. 5-тата авенија е идеално место и за децата, бидејќи токму овде е сместена најголемата продавница за играчки „Фао Шварц“. Исто така и вљубениците на технологијата нема да останат разочарани, бидејќи овде ќе можат да ја посетат познатата „Епл“ продавница.rnrn
rn
Галеријата Виторио Емануел II во Милано
rnЗа сите вљубеници во архитектурата од 19 век, ова е извонредно место каде шопингот може да се претвори во вистинско уживање. Галеријата Виторио изградена во 1870 година, плени со својот средновековен раскош и убавина. По многуте часови поминати низ продавниците, можете да се опуштите и да седнете во едни од најдобрите ресторани во Милано, сместени токму во оваа галерија.rnrn
rn
Трговскиот центар во Дубаи
rnНајголемиот трговски центар во светот, со исклучок на Северна Америка, се наоѓа во Дубаи. Распослан на 2,4 милиони квадратни метри, ова е место каде ќе уживате во уникатниот ентериер специјално дизајниран за потребите на центарот. Она што воодушевува е затворениот ски-центар „Ski Dubai“, огромно пространство прекриено со вистински снег кога температурите надвор се качуваат и до 40 степени.rnrn
rn
Стоковната куќа „Вако“ во квартот Гинза, Токио
rnКвартот Гинза е најпопуларниот во Токио кога се работи за забава и шопинг. Куќата „Вако“, лоцирана во срцето на Гинза, е популарна по луксузниот накит, скапите часовници и порцеланските предмети. Изградена во ренесансен стил, е една од малкуте згради што ја преживеале Втората светска војна.rnrn
rn
Галеријата „Лафајет“ во Париз
rnГалеријата „Лафајет“ е вистински рај за сите оние за кои шопингот претставува задоволство. Оваа галерија, изградена во 1894 година, е една од најстарите дестинации за купување во Париз. Освен најновите паришки трендови на модата, галеријата е посетена од цел свет и поради познатите светски брендови кои нудат производи од прва класа. Бидете подготвени да потрошите нешто екстра за паришко парче од високата мода, кое ќе ви остане како спомен за цел живот.rnrn
rn
Центарот „Итон“ во Торонто
rnТрендовски и еден од најпосетуваните трговски центри во Торонто, е токму центарот „Еатон“. Во оваа застаклена галерија се сместени околу 250 продавници и буквално можете да купите сè што ве интересира, од накит, облека, работи за домаќинството и електроника.rnrn
rn
Стоковните куќи „Селфриџес“ и „Хародс“ во Лондон
rnОвие две големи куќи се едни од најлуксузните дестинации во Лондон кога се работи за шопинг. Многу од продавниците и рестораните кои се наоѓаат овде се едни од најпознатите во светот. Трговскиот центар „Хародс“ е познат по големиот избор на чевли, облека и накит со печат од најпознатите светски брендови.rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.















rnrn


rn
rn

rnrn
Конференциските сали имаат аглеста гарнитура, ходниците се направени како на вселенскиот бродот „Enterprise“ од серијалот „Ѕвездени патеки“, а за време на паузите сите можат да се забавуваат во собата со билјард-маса и видеоигри.
Кога од Гугл започнале да го прават овој работен простор, тие решиле да почнат од нула, па ги урнале сите ѕидови и го исфрлиле целиот мебел. Уникатниот изглед бил создаден само за вработените да бидат задоволни и да го даваат максимумот на работа.

За освежување за време на паузите тука може да се наиде на многу храна и пијалаци. Може да се пие кафе, кое го прават во 19 видови, а за јадење може да се седне во еден од четирите ресторани кои се целосно бесплатни.
Исто така, на овој кат има и фитнес-сала, звучно изолирана музичка соба во која има тапани и електрични гитари, а во собата за игри има билјард-маса, конзоли за играње и огромен телевизор.








Ова видео е направено да ја одбележи 100-годишнината на источно-лондонската мода, танцувањето и музиката. Краткиот филм воедно претставува одбројување до отворањето на 
rnrnВо музејот на првиот кат се наоѓа продавница за сувенири, која е преполна со многу интересни и инспиративни подароци. Можете да купите качкет, луле, приврзоци, мали сувенири со ликовите и слично. На вториот кат од музејот се наоѓаат собата на Ватсон, канцеларијата на Шерлок Холмс и дневната соба. На третиот кат има восочни фигури од сите ликови, прикажани преку некои сцени од книгите.rnrn



















rnrn rnrn
Кордал најпрво ги изработува фигурите од глина, а потоа прави повеќе копии од цемент употребувајќи силиконски калапи. Копиите потоа ги поставува на урбани локации, прицврстувајќи ги со супер силно лепило.











rnrn
Првиот клуб во Лондон бил отворен во 1965 година, по легализирањето на коцкањето во Велика Британија. Овој клуб е првиот кој се отворил на тло на Европа. Девојки од Англија, биле носени до САД за да бидат обучени како Плејбој зајачици, келнерки и крупиерки, за отварањето на овој клуб. Се верува дека сопственикот на магазинот, 
Клубот во Лондон, наскоро почнале често да го посетуваат славните и богатите, меѓу кои бил и 


Во 1972 година, неколку од зајачиците во клубот го снимиле и албумот насловен „Распеани зајачици“ (Singing Bunnies). Клубот се затворил во 1981 година, откако не му била продолжена лиценцата за коцкарницата. Клубот повторно ќе се отвори оваа сабота, 30 години по неговото затворање. Новите зајачици повторно беа пратени на интензивно обучување кое траеше 11 недели, а нивните облеки, кои беа специјално дизајнирани за секоја од нив, се карактеризираат со помодерн стил.




Тој работи со акварел и техника на масло, но специфично во неговата работа е начинот на нанесување на боите, за што користи нож. Резултатот од ова се прекрасните илустрации на Лондон, Париз, Њујорк…
Цртежите на Кал се исклучително колоритни и за миг го обземаат просторот во кој се наоѓаат. Тоа не е така само затоа што овој уметник го апсолвирал овој стил на цртање, туку и затоа што тој ја обожава својата работа и тоа се гледа во секоја негова слика. Препознатлив знак на Кал се црвените чадори, кои вметнати во овие живописни цртежи ја прават неговата колекција беспрекорна.





































