КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовна врска

  • Астрологијата и љубовните врски на далечина

    Астрологијата и љубовните врски на далечина

    Предизвикувачка, тешка за одржување, однапред осудена на пропаст… Доколку сте во љубовна врска на далечина, до сега сигурно сте ги слушнале сите можни негативни коментари во врска со тоа. Она што не сте го слушнале, е дека ваквите љубовни врски имаат исто толку шанси за успех, колку и оние во кои партнерите живеат во истата населба. Исто како и во сите други љубовни врски, така и врската на далечина си бара постоење доверба помеѓу партнерите, добра комуникација и многу вложен труд за нејзино правилно насочување. Можете да ги употребите моќите кои ги поседува вашиот хороскопски знак за да се справите со предизвиците кои ги поставува пред вас љубовната врска, која сакате да ја одржувате на илјадници километри од вашиот партнер.

    rn

    Астрологијата и љубовните врски на далечина

    rnrn

    Овен

    rnВие обожавате предизвици, така што најверојатно веднаш ќе се „загреете“ за идејата да имате врска на далечина. Но, дали ќе бидете истрајни во вложувањето напори за да ја одржите, е друг муабет. Доколку вашата цел е да ја одржувате таа љубов и покрај тоа што километри ве разделуваат од вашиот сакан/а, внимавајте да не го изгубите фокусот кон неа, поради следното возбудливо нешто кое ќе се појави во вашиот живот.rn

    Бик

    rnВашата јака страна во секоја љубовна врска која ја имате, е способноста да ја одржувате романтиката во живот. Вие сте надарени со талент да го задоволувате вашиот партнер со сензуални задоволства во кои и двајцата уживате. Кога нема да бидете блиску еден до друг, одржувајте го жарот во врската, така што ќе му праќате на вашиот партнер изненадувања кои ќе му бидат од големо значење, како на пример ароматизирана свеќа, која двајцата ве асоцира на романтики.rn

    Близнаци

    rnБла, бла, бла… комуницирањето на големи далечини вам ви е наједноставната работа, бидејќи сте многу зборлести по природа. Но, внимавајте на кој начин го поминувате времето зборувајќи на телефон или преку Скајп. Наместо да го арчите времето со вашите досетки и брборење за сè и сешто, информирајте го вашиот партнер за битните настани кои ви се случиле во животот и зборувајте му отворено за вашите најдлабоки чувства. Најдобриот начин да ја изградите довербата во вашата врска, е да бидете искрени.rn

    Рак

    rnВие можеби ќе се расправате за тоа дека партнерот е тој којшто секојпат треба да дојде да ве посети онаму каде што сте вие, но редно време е да бидете фер. Поделете го по пола стресот предизвикан од патувањето со авион со вашиот партнер, така што ќе понудите алтернативни локации за средба. Кога ќе се пакувате, одолејте му на вашиот нагон да го понесете со вас секое можно предметче кое ви создава чувство на удобност и домашна атмосфера.  Наместо тоа, охрабрете го вашиот партнер да инкорпорира нешто во неговиот дом, што вие ќе му го предложите.rn

    Лав

    rnКога разговарањето преку телефон, чет или имејл пораки се најчестите начини на кои комуницирате со вашиот партнер, не можете да се потпрете на вашата харизматична насмевка и шарм, како што можете во интеракциите лице в лице. Одбирајте ги вашите зборови внимателно, за да не се случи вашиот партнер погрешно да го интерпретира тонот на вашиот глас. Исто така, гледајте да ги одложувате потешките разговори за деновите кога ќе можете да се видите во живо.rnrnАстрологијата и љубовните врски на далечинаrn

    Девица

    rnВие обожавате да планирате, па затоа искористете ги вашите организациски способности за да креирате долгорочен план за вашата љубовна врска. Зборувајте со вашиот партнер за иднината и договорете се колку време ќе живеете оддалечени. Дискутирајте за тоа дали постои можност едниот од вас да се пресели кај другиот и доколку постигнете компромис, поставете краен рок до кога тоа мора да се случи. Прегледувајте ги вашите планови одвреме-навреме и имајте флексибилен однос со вашиот љубен/а.rn

    Вага

    rnДајте му на вашиот партнер на знаење кои се вашите очекувања од врската и колку сте спремни да вложите во неа. Ако тој или таа има различни идеи од вашите, употребете ја вашата способност за преговарање и обидете се да постигнете компромис кој ќе ви одговара на двајцата. Преземањето иницијатива и отворениот пристап, се одлични начини на создавање чувство на блискост во вашата врска.rn

    Скорпија

    rnНа сите парови кои функционираат на далечина најмногу им недостига физичката интимност која другите парови си ја зимаат здраво за готово. Очигледно е дека не можете секојдневно да ги победите илјадниците километри за да го бакнете вашиот љубовен партнер, но затоа можете да ја свртите веб-камерата кон вас. Употребете го жешкиот шарм кој го поседувате, за да го послужите вашиот љубовник со секси сајберстриптиз.rn

    Стрелец

    rnНастојувајте да пронајдете заеднички интереси помеѓу вас и вашиот партнер, па макар и со сила. Учете го истиот странски јазик кој го учи вашето најмило и вежбајте го во конверзација и преку праќање пораки на интернет. Како награда за вложениот труд, планирајте го вашиот заеднички одмор, на кој ќе можете да ги искористите вашите новостекнати јазични способности и да тестирате колку течно го зборувате јазикот. Заедничките интереси се одлични за зацврстувањето на вашата врска.rn

    Јарец

    rnНахранете ја вашата носталгична страна, така што ќе планирате настани кои ќе бидат базирани на убавите моменти кои сте ги поминале со вашиот партнер. Повторно посетување на романтичните места со вашиот партнер, секогаш „ги полни батериите“ на врската. Кога вашето злато ќе си дојде дома на посета, направете албум со фотографии од тие места и опис на романтичниот момент, кој ќе ве прошета низ убавите спомени секогаш кога ќе посакате да се присетите на нив. И се разбира, не заборавајте да направите две копии од албумот, за секој од вас да си понесе по еден дома кога ќе морате повторно да се разделите.rn

    Водолија

    rnВие всушност можеби ќе ја цените оддалеченоста помеѓу вас и вашиот партнер, бидејќи таа ќе ви дозволи да си ја одржувате индивидуалноста, која понекогаш може да исчезне поради тоа што партнерите поминуваат премногу време заедно. Во секој случај, внимавајте да не се оддалечите и емоционално од вашиот партнер.rn

    Риби

    rnВие сакате да ја искористите секоја прилика да избегате од реалноста за да можете да си ја регенерирате вашата креативна енергија. Поканете го вашиот партнер да ви се придружи во играњето некоја научно-фантастична видео игра преку интернет. Кога ќе бидете во можност да се видите во живо, создадете сцена како од фантазиите, за да продолжите да ја играте вашата имагинативна игра во реалноста. Тоа може да внесе нова искра во вашиот љубовен живот.rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    За да можат да функционираат љубовните врски, пред сè е потребна меѓусебна љубов помеѓу партнерите. Но, понекогаш љубовта не е доволна, за да ги победи сите недоразбирања, расправии, повредени чувства и нарушена самодоверба. За да не дозволите вашата врска неславно да заврши, имајте на ум дека сите односи помеѓу луѓето треба непрестајно да се негуваат за да можат добро да се развиваат.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите rnrnСледуваат 10 интересни нешта кои можете да му ги приредите на вашиот партнер за да се чувствува љубено.rn

    1. Пофалете го/ја пред вашите пријатели

    rnАко вашиот/та љубен/а неодамна постигнал/а некој успех на некое поле од животот, раскажете им на вашите пријатели за таа добра вест. Тоа ќе му/ѝ ја покрене самодовербата и ќе направи да ве сака уште повеќе.rn

    2. Оставете му/ѝ тајни пораки во знак на внимание

    rnСледниот пат кога вашата душичка ќе го напушти градот или ќе замине на работа/факултет, оставете ѝ љубовна порака во џебот од јакната или во книгата која што во моментот ја чита. Не заборавајте да оставите отпечатоци од вашите усни обоени со црвен кармин доколку сте женско или да прснете секси машки парфем ако сте машко.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    3. Заедно прославете ги неговите/нејзините успеси

    rnДоколку вашето злато конечно го добило покачувањето на платата кое го очекувало долго време или „фатило“ некоја „фриленс“ тезга или го положило најтешкиот испит во неговото студирање, приредете му некое пријатно специјално изненадување. Дури и ако сè што имате на ум е отворање шише шампањско по повод прославување на убавата вест, самиот чин дека го вреднувате успехот на вашиот партнер, нему ќе му причини огромно задоволство.rn

    4. Понудете му/ѝ ја вашата помош кога се чувствува под стрес

    rnСледниот пат кога вашиот партнер ќе се почувствува пренатрупан со многу обврски или со некакви лични грижи, понудете му масажа од половина час, перење на неговите алишта или вкусни јадења за цела недела кои ќе може да ги одржува во фрижидер. Ваквите едноставни постапки ќе му покажат на вашето најмило дека се грижите за него и истовремено ќе му помогне да ја тргне од мислите тежината која ја чувствува.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    5. Постојано полнете го неговото/нејзиното его

    rnДали вашиот партнер има некој посебен талент? Без разлика дали тој/таа има фантастична ориентација во простор, одличен вкус за облекување, убаво пее, одлично вози или секогаш победува во карти, секогаш дајте му/ѝ до знаење колку сметате дека е фантастичен/а. Без разлика дали тој негов/нејзин талент има или нема некое посуштинско значење во животот, секогаш кажувајте ги на глас тие работи кои ви се допаѓаат кај него/нејзе.rn

    6. Флертувај со него/нејзе на јавни места

    rnСе наоѓате на забава со вашиот/та партнер/ка? Обидете се да не го поминете целото време заедно еден до друг. Остварувајте контакт со очи од другиот крај на просторот и кога ќе се разминете, како да сте странци, тоа со сигурност ќе ги врати старите романтични чувства. Не заборавајте и да поднамигнувате, секако со стил и незабележително.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    7. Изненадете го/ја со специјално рандеву

    rnДали вашиот партнер спомнал дека многу сака да присуствува на некој концерт, настан или спортски натпревар? Запомнете го датумот и изненадете го со влезници. Планирање на нешто што е важно за другиот секогаш ја подобрува врската.rn

    8. Покажете интерес за неговото/нејзиното хоби

    rnДури и да не сте обожаватели на следење спорт или ТВ новели, обидете се да издржите и одвреме-навреме учествувајте во интересите на вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    9. Прашувајте за неговиот/нејзиниот тек на денот

    rnМожеби изгледа едноставно, но сепак ова може да биде многу важно. Доколку на партнерот не му оставите простор да каже за неговиот тек на денот, тој ќе се чувствува како да не ви е важно неговото време. Секогаш имајте на ум дека не треба да зборувате само за себе и вашите чувства.rn

    10. Прикачете ја вашата омилена музика на неговиот/нејзиниот плеер или изрежете цеде

    rnКога вашиот партнер треба да заминува на некое патување, изненадете го со плејлиста од вашите омилени песни. Секоја од нив ќе го потсетува на вас.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Perfect Couples (Совршени парови)

    Perfect Couples (Совршени парови)

    ТВ серија за 3 сосема различни љубовни двојки кои се обидуваат да опстанат во совршени врскиrnrnPerfect Couples (Совршени парови)Главни улоги: Кајл Борнхајмер, Кристин Вудс, Мери Елизабет Елис, Дејвид Валтон, Хејс Мекартур, Оливија МанrnrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатор: Џон Полак, Скот СилвериrnrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnПремиера: 20 декември 2010rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnВо врските, сите сме поинакви одошто сме надвор од нив. Исто така, љубовните парови и различно изгледаат за околината, од она што само тие меѓусебно го делат и знаат. Кавги, сплетки, љубомора, неизвесност, среќа, смеа, забава… сето тоа е дел од секоја врска. Во овие три „совршени“ врски, пак, сето тоа ни е одблизу прикажано, па не потсетува дека она што го имаме е всушност сосема нормално.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn

    Создадена од креаторите на „30 Rock“ (Џон Полак) и „Friends“ (Скот Силвери), кога пилот-епизодата се прикажа на телевизиските екрани кон крајот на минатата година, беше разочарување за публиката и основа за остра критика од страна на ТВ-рецензентите. Прости шеги, дејство заостанато во времето, губење половина час од вашето драгоцено слободно време, се само дел од критиките. Сепак, тие станаа малку подобри по емитувањето на втората епизода и се ублажија уште повеќе со констатацијата дека серијата оди кон подобро од епизода во епизода.

    rn

    Нашата препорака за „Совршени парови“ доаѓа од потребата за релаксација после работниот ден, копнежот по фотелјата кон крајот на денот и желбата да се пронајдеме во едноставното. Хуморот не е премногу застапен, но е далеку од прост. Доколку не очекувате ништо посебно, а не треба, „Совршени парови“, може и да ви го направи денот. Серијата е нова, па засега имате можност да го изведете вашиот „ритуал“ само 7 пати, но, препорачуваме, сепак, да и дадете шанса.

    rn

    Приказна: Дејството на серијата се одвива околу три двојки кои поминуваат премногу време заедно, и како парови, но и во заедничко друштво. Сите се стремат кон идеални врски, на хумористичен начин надминувајќи ги незгодите кои се дел од нивните живот. „Совршени парови“ ни ги раскажува храбрите животни подвизи на секој од карактерите во потрага по совршенство во врската, без притоа да се уништат меѓусебно во процесот.Perfect Couples (Совршени парови)Венс и Ејми се на прв поглед несекојдневна двојка и ја претставуваат првата екстремна страна на „ненормалното“. Тој е детинест и кул, зависен од својот најдобар пријател, а таа е невротична и зависна од шопинг. Сепак, заедно сочинуваат совршена љубовна двојка, која или прави драми, вадејќи го најлошото еден од друг или е во голема страст, водејќи љубов во спалната соба.  За нив, врската се темели на секс, па веројатно и опстојува поради тоа. Сепак, изгледа дека има и нешто повеќе.Perfect Couples (Совршени парови)Дејв и Џулија се нормална двојка која, на некој начин, претставува баланс и е на средина помеѓу останатите два пара. Тие се луѓе на кои човек може да се потпре. Џулија е зафатена жена, посветена на работата, која се обидува да најде време за Дејв и за нивната врска, притоа обидувајќи се да остане кул и да не бара премногу од својот сопруг. Но, Дејв, често го предизвикува нејзиното трпение, во обидот да балансира во дружењето со неговиот најдобар пријател и бизнис партнер Венс.Perfect Couples (Совршени парови)Третото дуо го сочинуваат Рекс, брат на Џулија, кој во младоста лудо се забавувал, а сега е преобратен во посветен, трпелив и грижлив сопруг и неговата жена Ли, која се поставува како безгрешна и „мајка“ на сите во друштвото. Тие себеси се сметаат за совршена двојка, па затоа често им ги нудат своите експертски знаења за врските на останатите два пара. Тие го живеат својот живот, буквално „според книга“, но изгледа дека и за ваквиот рецепт постои идеален сооднос на вистинските состојки.Perfect Couples (Совршени парови)Покрај врските, серијата ги обработува и родовите прашања. На една страна се мажите, претставени сосема типично: мрзливи, непромислени, сакаат да се глупираат, неорганизирани, со лош вкус, често фантазирајќи за бејзбол. Жените, пак, се способни, итри, некакви модели на успехот. Бракот е прикажан прилично во „old school“ стил, како ништо да не се променило од „The Honeymooners“ (1955).rnPerfect Couples (Совршени парови)Perfect Couples (Совршени парови)Кога и како да ја гледате: Комедија може да се гледа секогаш, а оваа е толку лесна што не мора нешто особено да се мислите пред вашата домашна „проекција“ дали да ја пуштите или не. Пред спиење, додека јадете, за викенд, сами, со пријатели, додека другите галамат во дневната соба… можете дури и да пеглате пред телевизорот и сепак да ги фатите сите шеги. Сепак, очигледно е дека најдобро друштво би бил партнерот со кој ќе можете да си разменувате мислења  додека тече дејството. Нешто од типот:rn.

    rnrn

    – Ете, исто како ти што ми правиш.rn- Ееее, како не, кога сум направил нешто вакво?rn- ….

    rnPerfect Couples (Совршени парови)Слични серии: Модерна фамилија, Пријатели, Како ја запознав мајка ви, Секогаш е сончево во Филаделфија

  • Љубовта е нешто магично…

    Љубовта е нешто магично…

    Љубовта претставува најголема светлина во животот на луѓето. Секој од нас знае дека таа го зголемува квалитетот на нашето постоење. Ако сè уште меѓу вас постојат такви кои не веруваат во ова, прочитајте ги следниве интересни научни факти за љубовта, кои ја докажуваат оваа теорија.rnrn1. Најстарата љубовна песна е напишана пред 4.000 години, а потекнува од областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn2. Заљубувањето предизвикува смирувачки ефекти на телото и умот, помага во обновување на нервниот систем и ја подобрува меморијата на личноста која е заљубена.rnrn3. 65% од луѓето кога се бакнуваат ја навалуваат главата на десно, за да го избегнат удирањето со носовите.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn4. На секоја петта долготрајна љубовна врска, двајцата партнери кога ја започнале, истовремено биле и со друг/друга.rnrn5. Жените кои читаат љубовни романи имаат два пати повеќе секс, од оние кои не читаат.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn6. Човекот во просек поминува околу 2 недели од животот во бакнување.rnrn7. Секојдневно во светот се случуваат околу 120 милиони сексуални односи.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn8. Силното чувство на заљубеност може да предизвика исто ниво на стрес, како кога чувствуваме голем страв. Телото реагира на ист начин: зениците се прошируваат, дланките се потат и срцето почнува побрзо да чука.rnrn9. Според неодамнешно истражување, меѓународниот аеродром во Филаделфија, е прогласен за аеродром број 1 според тоа колку љубовни конекции се создале таму.rnrn10. Мажите кои наутро ги бакнуваат нивните жени, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn11. Откриено е дека 85% од мажите кои умреле од срцев удар во текот на сексуалниот однос со нивната сопруга, имале афери со други жени.rnrn12. Традицијата момчето да и стави дијамантски прстен на својата девојка на денот кога ќе ја запроси, потекнува од 15 век, кога Аркдјук Максимилијан од Австрија, и дал прстен со дијаманти на својата свршеница Мери од областа Бургундија.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn13. Луѓето кои се тазе вљубени лачат помало ниво од хормонот серотонин. Нивото е толку ниско, како кај луѓето кои имаат опсесивно–компулсивно нарушување. Можеби тоа е причината зошто луѓето лесно се опседнуваат со луѓето во кои се заљубени.rnrn14. Брадата кај мажите расте побрзо, ако претчувствуваат дека набргу ќе имаат секс.rnrnЉубовта е нешто магично...rnrn15. Според математичката теорија, треба да се забавуваме со околу 12 луѓе, пред да избереме партнер за долга врска, бидејќи на тој начин шансите се големи дека ќе го направиме најдобриот можен избор.rnrnP.S. Ова можеби нема да ве изненади, но сепак сакавме да го споделиме со вас: романтичната врска ги прави и мажите и жените посреќни. Колку е нивната врска поцврста, толку е поголема среќата на партнерите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.