КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовна врска

  • 6 негативни мисли кои ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужува

    6 негативни мисли кои ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужува

    Дали некогаш во животот ви се случило да се плашите да раскинете со некого иако сте свесни дека партнерот не ве заслужува? Токму чувството на вина не ви дозволува да го направите тој чекор. Во еден момент сфаќате дека вашиот партнер воопшто не се грижи за вас и за вашата љубовна врска, а вие сте личноста која, всушност, ја одржува врската преку вашето страдање. Не заборавајте дека вие заслужувате да бидете среќни со некој кој ќе биде способен да ве сака и да ви возврати со истата (или речиси иста) доза на љубов. Прочитајте во продолжение кои мисли ве држат „заглавени“ во врска со личноста која не ве заслужува.rnrn6 негативни мисли кои ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужуваrn

    1. Не сакате да го повредите партнерот

    rnМногупати луѓето остануваат во врска бидејќи нивниот партнер бил многу добар со нив и затоа не сакаат да го повредат. Но, доколку сфатите дека не постојат страст и љубов во вашата врска нема потреба да се чувствувате виновни поради тоа.rn

    2. Некогаш ја сакавте таа личност

    rnПомислата да ја напуштите личноста која некогаш сте ја сакале или која ве сакала, може да биде навистина болна. Но, не заборавајте дека работите се менуваат со текот на времето, па така и луѓето и ситуациите. Така, партнерот со кој сте биле во врска со години можеби се променил, можеби неговите чувства и однесување кон вас се промениле во меѓувреме. Имајте на ум дека освен љубовта, неопходни елементи за да опстане една врска се почитта и разбирањето.rn

    3. Се плашите дека нема да најдете подобра личност

    rnСекој го има овој страв во поглед на иднината: „Што ако не најдам подобар партнер? Што ако нема да пронајдам некој кој ќе ме сака?“. Но, дали некогаш сте помислиле дека токму овој страв ве спречува да живеете многу подобар живот од овој сегашниот? Можеби животот се обидува да ви даде уште една можност, а вие ја игнорирате токму поради вашите стравови!rn

    4. Уживате во начинот на живот што го споделувате со таа личност

    rnМожеби партнерот ви ги обезбедува сите поволности и привилегии што некогаш сте ги посакувале во животот. Но, доколку и на двајцата не ви е пријатно во врската, тогаш која е поентата да продолжите да ја одржувате?rn

    5. Немате храброст да се одлучите за иднина полна со неизвесност

    rnНикој не ги сака животните неизвесности, но тоа е животот. Затоа, искористете ги можностите кои ви се нудат секој ден и кои сигурно ќе ве однесат кон подобар живот. Пружете си самите себеси шанса за да ризикувате и ќе увидите дека вашиот ризик нема да биде залуден.rn

    6. Сметате дека не заслужувате подобро

    rnНе казнувајте се себеси со одлуката да останете во врска која ви предизвикува само болка и тага. Не дозволувајте зборовите на другите да ве натераат да се презирате себеси. Само вие знаете со какви предизвици сте се соочиле во животот и премрежињата низ кои сте поминале додека сте биле во оваа врска. Не дозволувајте оваа мисла да ја уништи вашата шанса за подобар живот!rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да ја подобрите вашата љубовна врска?

    Како да ја подобрите вашата љубовна врска?

    Секоја љубовна врска се соочува со подеми и падови. Тоа е сосема нормално, но и неизбежно, особено доколку станува збор за продлабочување на љубовната врска. Сепак, во оние моменти кога ни се чини дека врската не функционира, наместо да размислуваме како можеме да придонесеме и да ја подобриме, ние се фокусираме само на однесувањето на партнерот. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да ја подобрите љубовната врска.rnrnКако да ја подобрите вашата љубовна врска?rn

    Не занемарувајте ги вашите чувства и искуства

    rnКога односите во врската се влошуваат, честопати со денови размислувате за недостатоците на вашиот партнер и се чувствувате „заглавени“ во мислите и однапред оформените мислења и ставови за вашата врска. Наместо тоа, обидете се да им се препуштите на моменталните чувства. Запрашајте се што е тоа што го чувствувате во овој момент, што чувствувате секогаш кога вашиот партнер ќе каже или ќе направи одредена работа? На тој начин, станувате посвесни за проблемите во врската, наместо да реагирате како што многумина прават, со обвинување и судење. Токму спознавањето на чувствата како тага, срам или страв се појдовна точка за продуктивен разговор. Така, поверојатно е дека вашиот партнер ќе ве ислуша докрај без да се одбрани доколку му оставите до знаење како се чувствувате, наместо да го осудувате или критикувате.rn

    Бидете храбри да погледнете внатре во себе

    rnСекогаш е полесно да верувате дека за конфликтите и тешкотиите е виновен некој друг и дека вие немате никаков удел во тоа. Затоа, обидете се да се запрашате на кој начин и вие придонесувате за тие проблеми во врската. Секако, потребна е голема храброст за да си ги признаете сопствените грешки, особено доколку на нив гледате како на своја слабост.rn

    Комуницирајте така што ќе го споделите својот внатрешен свет

    rnНенасилната комуникација ви помага да ги споделите чувствата и потребите и на тој начин полесно да го допрете срцето на партнерот, наместо да упатувате критики и осуди. Така, следниот пат наместо да кажете: „Мислиш само за себе! Ти си егоцентричен/а!“ можеби и ќе најдете храброст да кажете: „Се чувствувам осамено и тажно. Сакам да поминуваме повеќе време заедно затоа што ми значи твоето присуство“.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да ја подобрите љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто љубовта не е доволна во љубовната врска?

    Зошто љубовта не е доволна во љубовната врска?

    За жал, честопати постои јаз помеѓу љубовта што ја чувствувате кон некого и емоционалната интимност што ја доживувате со некого. Така, може да се случи да се заљубите во некого, а притоа да почувствувате недостаток на доверба и безбедност. Токму овие елементи се неопходни за понатамошен развој на врската.rnrnЗошто љубовта не е доволна во љубовната врска?rnrnКога се чувствувате безбедни со некого, тоа ви помага да се опуштите и да бидете слободни, без да се плашите дека ќе се засрамете или ќе бидете критикувани.rnrnОсвен тоа, кога не се чувствувате безбедни несвесно правите сè за да се заштитите, како на пример го сведувате на минимум контактот со партнерот. Од друга страна, кога се чувствувате безбедни, довербата и интимноста се продлабочуваат. Верувате дека партнерот има желба и волја да ве слуша и да ја разбере вашата вистинска природа.rnrnБезбедноста во врската ви ја дава и слободата да бидете свои. Тоа значи дека партнерот ве прифаќа онакви какви што сте. Но, безбедноста во врската се заснова и на вистината бидејќи не можете да се чувствувате безбедни доколку некој ве мами или доколку не прави ништо за да го докаже тоа што го ветува. Со други зборови, отворената комуникација е клучот за воспоставување интимност и безбедност во врската.rnrnОткако прочитавте зошто љубовта не е доволна во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои се 5-те фази на љубовната врска?

    Кои се 5-те фази на љубовната врска?

    Заљубувањето е една од најубавите работи што животот може да ни ги подари. Но, покрај чувствата на среќа и возбуда, љубовната врска минува и низ фази на сомнеж и разочарување што е сосема нормално. Во продолжение прочитајте ги 5-те фази на љубовната врска.rnrnКои се 5-те фази на љубовната врска?rn

    1. Романса и привлекување

    rnОва е првичната фаза во која постепено се запознавате со партнерот. Позната е уште како и „меден месец“ со оглед на тоа дека за време на оваа фаза сè изгледа совршено, а вие имате впечаток дека вашата врска е најдобрата на светот. Сепак, оваа фаза трае најмногу 2 години. Многумина се обидуваат да останат во оваа фаза, без да ги прифатат новите предизвици кои следуваат, па затоа голем дел од луѓето одлучуваат да раскинат со партнерот по завршувањето на оваа фаза.rn

    2. Реалност

    rnОткако фазата на заљубеност ќе исчезне почнува да се наметнува реалноста. Така, сите нешта кои сте ги негирале во првата фаза ќе почнат да стануваат сè повидливи. Оваа трае 1 година, а за време на овој период двајцата одлучувате дали сакате да бидете заедно или не. Честопати, врските се раскинуваат токму во оваа фаза бидејќи личноста сфатила дека избрала погрешен партнер за себе. Но, доколку сте подготвени да ги прифатите недостатоците и разликите на партнерот и обратно, сè уште имате можност да бидете заедно.rn

    3. Разочарување

    rnОткако ќе настапи фазата на реалноста, таа честопати е проследена со разочарување. Така, постојано се расправате со партнерот за мали, неважни работи и иако знаете дека тоа не влијае поволно врз вашата врска, сепак не можете, а да не бидете лути еден на друг цело време. Сè уште не можете да сфатите дека конфликтот е нормална работа за секоја врска и веднаш помислувате на раскинување. Меѓусебната доверба, комуникацијата и поддршката се работите што најмногу ви се потребни за надминување на оваа фаза.rn

    4. Стабилност и интимност

    rnДоколку успеете да се справите со сите проблеми и препреки на кои наидовте во третата фаза, ќе напредувате успешно во четвртата фаза на стабилноста и интимноста. Запомнете дека ниту една врска не може да опстане без овие два столба, а штом вашата врска ќе настапи во оваа фаза, можете да бидете спокојни.rn

    5. Посветеност

    rnОва е последната фаза на љубовната врска и доколку ја достигнете значи дека и двајцата се прифаќате онакви какви што сте. Оваа фаза е доказ дека ви значи оваа љубовна врска и дека секогаш наоѓате здрав и зрел начин за справување со можните несогласувања.rnrnОткако прочитавте за 5-те фази на љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои знаци укажуваат на потребата за „личен простор“ во врската?

    Кои знаци укажуваат на потребата за „личен простор“ во врската?

    Секогаш кога ви треба „простор“ во врската значи дека имате потреба да бидете сами и да си посветите себеси повеќе време. Со други зборови, сакате да ги ставите вашите потреби пред оние на партнерот. Сепак, тоа не мора да значи дека не го сакате партнерот или дека не се грижите за него. Напротив.rnrnКои знаци укажуваат на потребата за „личен простор“ во врската?rnrnГрижата за себе и можноста за личен простор ќе ви овозможи да изградите посилна и поинтимна врска. Не заборавајте дека само доколку се сакате себеси можете да ги сакате и другите. Во продолжение прочитајте кои се знаците кои укажуваат на вашата потреба за поголем простор во врската.rn

    1. Немате доволно време за себе

    rnДали поради вашата врска ги запоставувате вашите интереси? Можете ли да се сетите на последниот пат кога се вклучивте во некоја од вашите омилени соло активности? Доколку одговорот на двете прашања е негативен, време е да почнете да размислувате за да воспоставите повеќе личен простор.rn

    2. Постојано се расправате со партнерот

    rnПостојаните расправии за кои нема некаква очигледна причина се друг знак за потребата од личен простор. Притоа, свесни сте дека се нервирате и возбудувате за работи кои воопшто не се важни. Ова се случува особено доколку не можете да му ги пренесете на партнерот вашите вистински чувства кон него. Доколку, пак, си одвоите време за себе, ќе ви стане појасно за тоа што сакате и што очекувате од врската.rn

    3. Зависите од партнерот

    rnДали секогаш барате одобрение од партнерот пред да донесете некаква одлука? Доколку е така, тоа би значело дека немате доволно самодоверба да се справите со животните предизвици. Од друга страна, ако си одвоите повеќе простор за себе, ќе научите како да го живеете животот користејќи ги вашите сопствени вештини и способности.rn

    4. Го избегнувате партнерот

    rnДали сè уште уживате во друштвото на вашиот партнер? Сосема нормално е понекогаш да ви биде здодевно, особено доколку сте во долга врска. Тоа е знак да направите пауза, да се оддалечите за момент од секојдневието и да сфатите дали и колку ви е важен партнерот. Освен тоа, тоа може да ви помогне и да ја вратите романтиката и страста во врската.rn

    5. Врската ви предизвикува стрес

    rnЕден од знаците дека ви треба простор во врската е чувството на истоштеност и исцрпеност. Покрај тоа, стресот во врската не само што може да предизвика анксиозност туку и може да доведе до негативна интеракција со партнерот. Просторот надвор од врската, пак, може да ви помогне да ја ослободите фрустрацијата и да комуницирате попозитивно со партнерот и да ги решите навреме сите недоразбирања и конфликти.rnrnОткако прочитавте кои знаци укажуваат на потребата за личен простор во вашата врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 15 мали нешта ги прават силните парови во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?

    Како да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?

    Секој од нас копнее по разбирање и емпатија од страна на друго човечко суштество. Самиот чин на обвинување за нешто што не сме направиле може да ни предизвика чувства на вознемиреност, лутина, несигурност и ниска самодоверба. Како да постапиме доколку самиот партнер е тој што нè обвинува, на пример, дека сме неверни?rnrnКако да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?rnrnЛичноста која не се чувствува сигурно во врската може да има перцепција дека партнерот е неверен, особено доколку во минатото имало случаи на изневерување на меѓусебната доверба. Сепак, довербата е нешто што тешко се гради, но лесно може да се сруши.rnrnТака, кај некои луѓе се појавува чувството на недоверба кон другите, па макар и кон саканите личности, како резултат на трауми во минатото, почнувајќи уште од детството. На пример, ако еден од нашите родители имале некаква афера, можеби ќе живееме со стравот дека и нашиот партнер ќе го направи истото.rnrnОд друга страна, доколку не сме се чувствувале безбедни во рамките на домот и семејството, тоа може да доведе до тоа да се чувствуваме дека не сме достојни или заслужни за љубов и безбедност. Затоа, несвесно ќе се убедуваме себеси дека не постои безбедна љубовна врска и дека кога-тогаш партнерот ќе нè изневери и повреди.rnrnЕве како да постапите доколку партнерот ве обвинува за работи кои не сте ги направиле.rn

    1. Бидете искрени со себе

    rnДоколку постои некаква вистина во обвинението, макар и делумна, тогаш најдобро е да си ја признаете вината и да најдете соодветно време и начин за тоа да му го соопштите на партнерот. Можеби и не се работи за афера, но сепак, постои нешто што партнерот го насетува. Можеби сте станале емотивно поврзани со некого на начин што негативно влијае врз вашата врска. Ако е така, размислете која е причината за дистанца во врската, што можеби ве доведува до тоа да барате поголемо разбирање и утеха на друго место.rn

    2. Обратете внимание на стравот и несигурноста на партнерот

    rnМожеби се чувствувате огорчено поради лажното обвинување за афера, но не заборавајте дека тоа можеби се должи како резултат на несигурноста на партнерот. Можете да ми пристапите со зборовите: „Мислиш дека имам афера. Сакам да те уверам дека не е така… и се прашувам дали можам да направам нешто за да се чувствуваш посигурно со мене“. Доволно е да му оставите до знаење дека го сакате и дека сте подготвени да вложите повеќе труд за вашата врска да успее.rn

    3. Не заборавајте кои сте

    rnНајважното нешто кога лажно ве обвинуваат е да останете доследни на себе и на сопствената вистина, наместо да дозволите другите да создадат некаква слика за вас според начинот на кој ве гледаат. Сепак, вистински предизвик е да се задржи достоинството во таквите моменти и затоа не треба лесно да се откажувате. Доколку продолжат проблемите без можност за некакво решение, тогаш единствената опција би била средбата со психотерапевт.rnrnОткако прочитавте како да се справите со лажните обвинувања од страна на партнерот, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска?

    Зошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска?

    Доколку сте склони кон тоа постојано да кажувате мали лаги во врската, не само што ја нарушувате довербата на вашиот партнер туку ја нарушувате и самата врска. Иако ви се чинат безопасни, сепак криењето и лажењето можат навистина да ја загрозат врската. Во продолжение прочитајте зошто треба да му ставите крај на таквото однесување.rnrnЗошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска?rn

    1. Може да ви прерасне во навика за идни лаги

    rnКолку повеќе лажете за малите нешта (кои ви се чинат сосема безначајни) шансите дека ќе почнете да лажете за поголеми и посериозни работи стануваат уште поголеми. Со други зборови, колку повеќе лажете толку повеќе се навикнувате на лажење. Имајте на ум дека обидите за лажење можат да завршат неславно – со тоа што ќе бидат откриени од страна на партнерот, или уште полошо, со крај на врската.rn

    2. Ја нарушувате довербата на партнерот и не покажувате почит спрема него

    rnНикој не сака да го лажат. Замислете вие како би се чувствувале доколку ве лаже партнерот. Освен тоа, лажењето не само што доведува до нарушување на довербата туку и непочитување на љубовта што партнерот ја чувствува кон вас.rn

    3. Лажењето предизвикува чувства на страв и непријатност кај партнерот

    rnОткако веќе еднаш сте го излажале партнерот, тој постојано ќе се грижи и ќе се прашува дали лажете или криете работи од него. Вашиот партнер никогаш нема да знае со сигурност дали сте престанале со лажење или не бидејќи веќе сте го излажале. Наместо тоа, ќе почне да сомнева во сето она што го тврдите и ќе живее во страв и вознемиреност, чекајќи да ја открие вашата следна лага.rn

    4. На партнерот ќе му биде потешко да ви верува следниот пат дури и кога ја зборувате вистината

    rnСекако, не можете вие да го обвинувате за тоа бидејќи токму вие сте го предизвикале тоа чувство на сомнеж.rn

    5. Лагите лесно можат да предизвикаат раздор меѓу вас и партнерот

    rnМожеби сметате дека партнерот ви простил за лагите, но вистината е дека тој секогаш ќе се сеќава на нив. Ќе се сеќава на тоа дека сте можеле да го гледате во очи и да го лажете. Освен тоа, голема е веројатноста дека во текот на некоја друга расправија која можеби и нема никаква поврзаност со ова, тој ќе ги изнесе на површина. На крајот на краиштата, тоа е ваша вина.rnrnОткако прочитавте зошто треба да им ставите крај на малите лаги во врската, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

    Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

    Понекогаш, соочувањето со траумите од поранешната љубовна врска е една од најтешките работи во животот. Дали сметате дека вашата сегашна врска ќе функционира нормално ако не се справите со траумата од претходната?rnrnКако да се справите со траумата од претходната љубовна врска?rnrnКолку и да сакаме во веруваме во старата поговорка дека „времето лечи сè“, сепак тоа е лага. Дури и ако сме доживеале траума пред десетици години, сè уште може да ги чувствуваме негативните последици. Таквите последици можат да остават длабоки траги, особено во нашите односи со другите.rnrnСепак, постојат начини како да ја надминете траумата од претходната врска така што нема да ви влијае врз сегашната. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.rn

    Споделувајте ги вашите чувства со партнерот

    rnМожеби една од најтажните работи кај луѓето е тоа што честопати нивните мисли остануваат неискажани па затоа тие не наидуваат на разбирање од другите. Токму затоа, неопходно е да зборувате со партнерот и да му оставите до знаење како тие трауматски настани влијаеле врз вас. Освен тоа, неопходно е партнерот да биде во тек со она што ви се случува. Ова ги вклучува сите непријатни мисли, кошмари и чувства на лутина или срам. Не заборавајте дека партнерот нема да може да ви помогне доколку не му дозволите.rn

    Направете план за справување со вашите мисли и споделете го со партнерот

    rnКога еден куп мисли ве мачат, тешко е да се ослободите од нив преку процесот на исцелување. Но, доколку го споделите планот со вашиот партнер, тој сигурно ќе ви помогне. Важно е да им дозволите на негативните емоции да излезат на површина. Доколку продолжите да ги чувате во себе не само што ќе биде нарушено вашето ментално здравје туку најверојатно тоа ќе биде причина и за влошување на односот со партнерот.rn

    Траумата нека ви послужи како инспирација

    rnЗа побрзо ослободување од негативните чувства, можете да ги пренесете на лист хартија. Сепак, доколку пишувањето не е ваша силна страна, можете да користите и други форми преку кои ќе направите длабока анализа на она што ви се случило – танц, песна, уметност, сè што ќе ви овозможи да го раскажете она што ви се случило. Сигурно ќе се чувствувате подобро на крајот од целиот процес.rn

    Разговарајте со терапевт

    rnСосема е нормално да чувствувате страв од опишување на траумата која веќе сте ја доживеале. Не е воопшто лесно да се сеќавате на болните искуства од минатото, без одново и одново да почувствувате болка. Во тој случај можете да контактирате терапевт кој ќе ви ги даде потребните насоки за како најдобро да се справите со тоа.rnrnОткако прочитавте како да се справите со траумата од претходната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Што треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска?

    Што треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска?

    Заборавете на непишаните правила и престанете да верувате дека некој „едноставно не е за вас“. Прескокнете ги сите совети за тоа како да се покажете во најдобро светло пред личноста што ве привлекува. Луѓето кои се искрено задоволни со своите романтични избори трошат повеќе енергија работејќи на својот сопствен развој отколку да бидат попривлечни за потенцијалниот партнер. Фокусирајте се на овие 4 принципи и дозволете времето да ви покаже кој е вистинскиот избор за вас.rnrnШто треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска?rn

    1. Спознајте се себеси

    rnПред да се одлучите да започнете врска со некого, неопходно е да се спознаете себеси, и не само во емотивен туку и во сексуален поглед. Можеби имате нереална надеж дека некој друг ќе ве разбере и ќе ве усреќи – дури и кога вие самите не се разбирате себеси. Важно е директно да комуницирате со партнерот за вашите емоции и вашата сексуална страна. Не можете да очекувате другите интуитивно да сфатат кои сте вие и што ви е потребно. Анализирајте ги вашите емоционални реакции и разговарајте со луѓето за тоа како се чувствувате или што забележувате за себе.rn

    2. Научете да верувате во она што луѓето го покажуваат и кажуваат за себе

    rnВообичаено е да го рационализираме лошото однесување на личноста доколку таа нè привлекува. Доколку личноста не ве почитува и ве изневерува, тоа веќе кажува многу работи за нејзиниот карактер. Доколку личноста ви каже дека „ѝ треба повеќе простор“ или дека не бара „ништо сериозно“, нека ви биде сигнал дека можеби не ги посакувате истите работи. Не занемарувајте го однесувањето на другите. Ако се однесуваат незрело, без почит, или пак ве навредуваат со своите постапки, знаете што треба да направите. Не е ваша работа да му помогнете некому да се подобри, ваше е само да работите на сопствениот развој.rn

    3. „Оддалечете“ се од родителите

    rnОва не е лесна задача и иако многумина сметаат дека го направиле тоа, сепак во реалноста не е така. Колку што е можно, работете на тоа да бидете независни од родителите. Тоа не значи да не поминувате време со нив и да им споделувате работи за вашиот живот. Напротив. Но, треба да бидете свесни дека самите треба да донесете одлука. Не дозволувајте тие да ви го контролираат животот така што постојано ќе барате од нив мислење, уверување или некакви насоки. Исто така, не треба да верувате дека личноста со која ќе имате романтична врска ќе се грижи за вас на начинот на кој се грижат вашите родители. Научете да го контролирате сопствениот живот и да бидете свесни за вашите цели, потреби и емоции.rn

    4. Направете обид да ја напуштите вашата удобна зона

    rnПреку развивањето поголема емоционална и сексуална самосвест, ќе можете да стекнете поголема самодоверба. Секое искуство со партнерите и пријателите ќе ви помогне подобро да се запознаете себеси. На тој начин ќе станете свесни за вашите силни и слаби страни. Нема да постигнете никаков напредок ако продолжите да размислувате и да ги правите истите работи како и секогаш. Вашиот мозок има извонредна способност да расте и да се приспособува, а за тоа му се потребни нови искуства и предизвици. Можеби постојат работи што отсекогаш сте сакале да ги направите но сте немале храброст за тоа. Доволно е да го надминете стравот и да се препуштите во авантурата наречена живот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за што треба да направите пред да стапите во љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен

    6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен

    Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос.rnrn6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморенrn

    1. Партнерот постојано ве прашува каде сте

    rnСосема во ред е кога вашиот партнер ве прашува какви планови имате после работа со цел полесно да се организира со превоз, ручек и други активности, но не е во ред кога постојано ве прашува каде и со кого сте. Неговата несигурност не треба да влијае врз вашиот живот.rn

    2. Партнерот ги поставува правилата на врската

    rnСите правила што ги следите во врската ги поставува вашата друга половина. Но, од друга страна, за него не важат истите правила. Зошто тогаш само вие да бидете ограничени?rn

    3. Не е дозволен контакт со пријателите од спротивниот пол

    rnВашиот партнер не ги одобрува контактите со вашите пријатели и ви го кажува тоа јасно. Исто така, средбата со некој од нив честопати е причина за расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Тој сака да се откажете од вашите пријатели бидејќи смета дека само тој ви е доволен и дека не ви треба никој друг. Зарем навистина ќе прекинете секаков контакт со старите другари затоа што вашиот партнер не ви верува?rn

    4. Чувствувате вина

    rnСе чувствувате виновни секогаш кога ќе излезете на пијачка со пријателите наместо да ја поминете вечерта со партнерот. Од друга страна, кога земате слободни денови од работа за да отпатувате некаде заедно, партнерот не може да се вклопи во вашиот распоред… Сигурни сте дека сакате ваков живот во кој постојано се чувствувате виновни за секоја одлука и постапка, дури и ако ништо лошо не сте сториле?rn

    5. Партнерот постојано ве контролира

    rnКога станува збор за безбедност, таквото однесување од страна на партнерот може да биде знак на грижа и внимание. Но, тоа не важи за ситуацијата кога ќе се појави ненајавен кај вас под изговор дека имал работа во близина, а всушност сака само да провери дали сте дома како што претходно сте му кажале. Друга ситуација би била постојано да ви пишува пораки додека сте со пријателите и да се чувствува навредено ако не му одговорите.rn

    6. Постојано ги спомнува вашите поранешни партнери

    rnДури и ако одамна сте прекинале секаков контакт со поранешните партнери, се чини дека партнерот секогаш ве потсетува на нив. Ве прашува какви биле, што убаво направиле за вас… Можеби дури и ќе почне да ве обвинува дека сè уште негувате чувства кон некого од нив. Не дозволувајте врските од минатото да влијаат на вашиот сегашен емотивен живот, особено не на овој начин.rnrnОткако прочитавте кои знаци покажуваат дека вашиот партнер е претерано љубоморен, можеби сакате да прочитате и кои 7 работи повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнерки.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs