КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубомора

  • Кога е време да му/ѝ дадете повеќе простор?

    Кога е време да му/ѝ дадете повеќе простор?

    Сите знаеме дека вниманието е една од најважните нешта во врската, но ретко кој знае дека тоа мора да се користи мудро. И покрај тоа што една врска не може да функционира ако партнерите не поминуваат доволно време еден со друг, исто така таа не може да функционира и ако тие поминуваат премногу време заедно. Премногу време со една личност може да ве направи посесивни и наметливи. На некој начин дури може да станете и целосно зависни од таа личност и да не можете да се чувствувате среќно и исполнето ако тој/таа не е покрај вас.rnrnКога е време да му/и дадете повеќе простор?rnrnПоради тоа постои одредена рамнотежа која сите ние мора да ја одржуваме во нашите врски. Физички не е можно 24/7 да бидеме со одредена личност, но дури и да можеме тоа едноставно не е здраво. Луѓето имаат потреба од сопствен простор, бидејќи секоја индивидуа има свои вредности, интереси, хоби и цели. Кога во врската не се почитува оваа независност, таа може да стане деструктивна и штетна. Со просторот имате можност и вие и вашиот партнер да сфатите дека не се врти сè околу само една личност.rnrnГолем број од луѓето и не сакаат да бидат во врска која што со тек на време ќе почне да ги „загушува“. И кога тие ќе се почувствуваат така, едноставно си одат. А ако некој постојано има потреба да биде со својот партнер, тоа може да биде знак дека таа личност воопшто не му верува на својот партнер или пак, дека има многу ниска самодоверба и дека верува дека не е доволно добра за него/неа. Исто така овие размислувања можат да доведат и до појава на љубомора и несигурност.rnrnПогледнете ги наредниве знаци кои се појавуваат во врска каде што партнерите немаат доволно сопствен простор:rn

      rn011

    • Постојано размислувате за својот партнер кога не сте заедно.
    • rn011

    • Во текот на денот постојано му/ѝ се јавувате или пишувате.
    • rn011

    • Целото свое слободно време го поминувате со него/неа.
    • rn011

    • Лесно станувате депресивни или нервозни ако не сте со него/неа.
    • rn011

    • Станувате љубоморни или несигурни кога вашиот партнер поминува време со други луѓе.
    • rn011

    • Не можете да си замислите ни еден ден да поминете без него/неа…
    • rn

    rnМногу поздраво е за врската доколку и двајцата поминувате одредено време со самите со себе и со вашите пријатели. На сите нам понекогаш ни е потребно да се оттргнеме од сите и да се потсетиме себеси на поголемата слика во нашиот живот и на фактот дека постојат и други работи кои ни се важни. На крајот од денот, оставањето малку слободен простор всушност ни помага да се зближиме со нашиот партнер, повеќе да го цениме и да не го земаме здраво за готово.rnrnПостојат милиони начини на кој можете да го поминувате вашето време малку поразлично од досега и да се дозволите повеќе простор во вашите врски. На пример:rn

      rn011

    • Напијте се кафе со вашите пријатели и поблиски членови од фамилијата.
    • rn011

    • Прочитајте книга, гледајте филм или слушајте музика.
    • rn011

    • Започнете со креативно хоби како свирење на инструмент, цртање или пишување.
    • rn011

    • Започнете со џогирање, вежбање или спортување.
    • rn011

    • Волонтирајте.
    • rn011

    • Одете на неделен одмор во друг град.
    • rn011

    • Одредете време за метидација или молење…
    • rn

    rnОстанува на вас да одредите како ќе го употребите слободното време. Целта на овие предлози е да ве натера да одберете активности кои се совпаѓаат со вашите интереси и цели во животот, посебно активности кои нема да можете да ги правите со личностите со кои најчесто се гледате. Рамнотежата е клучна компонента во животот и е подеднакво важна и за вас и за вашата врска.

  • Седум карактери на мажи од кои треба да бегате

    Седум карактери на мажи од кои треба да бегате

    Запознаваме секакви, високи и ниски, разбрани и инаетчии, снобови, авантуристи… Не секој ја има способноста да ги прифати луѓето онакви какви што се – со сите доблести и маани. Но, не умее секој да се оттргне себеси од оние кои му влијаат негативно. Постојат луѓе со тешки карактери, со карактерни особини кои на некого може му одговараат, но вас психички би ве уништиле. Треба да умеете да се заштитите од таквите. Овде ги издвојуваме момците од кои би требало да бегате со цел да спасите жива глава.rnrnСедум карактери на мажи од кои треба да бегатеrn

    1. Господин Љубоморен

    rnНеговата љубомора не познава граници, тој може му љубомори и на вашето куче бидејќи поминувате премногу време галејќи го. На почеток љубомората ви изгледа слатка, бидејќи не веднаш тој ќе ја изнесе на виделина неговата опсесивност. Не дај боже да излезете на кафе со другар од средношколските денови или да организирате вечерно излегување со вашите другарки. Него веднаш го фаќа нервоза. Со тек на време, не покажува љубомора само кон машките од страв да не ве заведе некој друг, туку љубомори на секоја личност, животно, дури и предмет, кое го привлекува вашето внимание. Страв да не ве изгуби? Желба да му се посветите целосно нему? Подобро да речеме опсесивна љубомора од која нема спас. Љубомората до некаде е добра, ама само во оние мали количини кога искажува страв да не ве изгуби.rn

    2. Насилникот

    rnВо ред е да е подготвен да ве одбрани од што било. Но, веднаш се гледа човек кој е насилен. Тоа што ќе добие желба да го истепа келнерот кој ви се насмевнал додека ви го носел пијалакот, не е знак дека е заштитнички настроен кон вас, туку дека има желба да биде насилен. Со тек на време ќе почне да ве тегне за рака, да не внимава колку силно ви ја стега дланката или ќе ве повлече за коса. Тргнете се додека имате време, голема е веројатноста тој да стане понасилен кон вас. Во нашето општество, за жал, и во денешно време, нагонот за насилство не се гледа како голем проблем за кој треба да се побара стручна помош, туку едноставно се игнорира. Насилството не е оправдано за никого во никоја ситуација.rn

    3. Двоен играч

    rnТој можеби ве почитува и е нежен со вас, може дури и да ве сака. Но, тоа не ја исклучува можноста да биде двоен играч. Ако по природа е непоправлив женкар, размислете добро дали тој некогаш би се променил. Не ни мора да станува збор за женкар. Може да е недозреано момче кое се радува на секоја прилика да биде со некоја девојка, па кога би му се пружила шанса, веднаш би заборавил на вашето постоење. Не трошете си го времето со маж кој има други девојки како резерви и наголемо размислува за други опции. Немојте да мислите дека ваквиот тип е тешко да го препознаете. Напротив, најлесен е за откривање. Само треба да си ја разбистрите главата од моменталната заљубеност и јасно да ги погледнете работите околу вас.rn

    4. Повредениот

    rnСите сме биле повредени, но некако сме престанале да зборуваме за тоа на секои пет минути. Работата е во тоа што многумина не забораваат така лесно. Тој често ќе ви зборува за неговата бивша, за тоа како бил изневерен, предаден, повреден и што уште не. Тој е скршен, а машкото его не се лечи брзо, особено ако самата личност не може да се помири со фактот. Не дозволувајте да ја имате улогата на негов психијатар. Ако е подготвен да излегува повторно, во ред, но ако му треба време да се соземе од повреденото срце или едноставно е тип кој не го остава минатото лесно зад себе, дајте му до знаење дека имате живот каде тој не е добредојден.rnrnСедум карактери на мажи од кои треба да бегатеrn

    5. Нарцис

    rnТој е најубав и сè што е поврзано со него е најдобро. Екстремно активен на социјалните мрежи, со слики и статуси и огромна желба да биде популарен, но ќе го бара спротивното од себе. Сака поскромна девојка со цел тој повеќе да доаѓа до израз. Што ќе ви е „маж“ кој доколку би се натпреварувал со вас во поминување повеќе време пред огледало, би ве победил?rn

    6. Мамино момче

    rnЕдинствено машко дете во семејството, или со уште тројца браќа, не е важно. Тој може да има симптоми на мамино момче. Додека бил дете бил размазен од страна на неговата мајка. Но, доколку размислите добро и сфатите дека не се промениле многу работи од тогаш, запрашајте се дали тој би направил место за уште една жена во својот живот? Мажите кои си ги почитуваат мајките имаат навистина прекрасна карактерна особина, но не се само мамини галеничиња. Тој ќе ве поистоветува со неговата мајка, што и да зготвите никогаш нема да е онолку вкусно како рецептот на мама и никоја девојка не е доволно добра според неговата мајка. Кога во просек ќе го слушате зборот „мама“, повеќе од кој било друг збор, бегајте ако ви се мили нервите.rn

    7. Алфа мажјак

    rnНема да дозволи ваш напредок, ќе ви забранува да ја унапредите вашата кариера, всушност не ни сака да имате кариера бидејќи ако некогаш би биле во брак, тој ќе биде оној кој ќе го носи лебот дома. Вие само ќе треба да перите, пеглате и седите дома, сè останато препуштете му нему. Кога тој многу често, особено во друштво, нагласува колку мажот е посупериорен од жената, тргнете се и најдете некој кој ќе ве почитува и ќе се радува на вашите успеси. Некој кој вашиот напредок во кариерата ќе го смета за гордост.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

    6 знаци дека се впуштате во погрешен брак

    Постојат многу знаци кои можат да ви укажат на тоа дека можеби правите грешка со стапувањето во брак, а кои се однесуваат пред се на односот помеѓу вас и партнерот. Психологот Кристин Мајнеке издвојува шест такви знаци кои низ нејзината практика се докажале како некои кои немаат заедничко со здрава љубовна врска и секогаш водат кон лош брак.rnrn6 знаци дека се впуштате во погрешен бракrn

    Зависност од дрога или алкохол

    rnДобро е познато дека бракот со алкохоличар или зависник од дрога никако не може да биде добар. Тие немаат брачни партнери, туку заложници. Ако алкохоличарот успее да ве изманипулира, вашето друштво и љубов ќе му бидат само средство за избегнување на природните последици од неговото деструктивно однесување и можност да го избегне напорот на откажувањето од алкохолот.rn

    Емоционално насилство

    rnСвеста за постоењето на емоционалното насилство во последно време расте и сè повеќе луѓе, пред сè жени, се решаваат да ги избегнат луѓето кои се штетни за нив. За жал, има многу кои фантазираат дека нивната љубов ќе го смени партнерот, но наместо тоа стануваат нивни жртви. Прочитајте повеќе за предупредувачките знаци на емоционално насилство на кои треба да внимавате.rn

    Физички напад

    rnФизичкиот е логична последица на емоционалниот напад. Такво нешто е неприфатливо. Единствен избор е да се напушти таквиот партнер навреме, сè друго е неразумно и на сопствена штета.rn

    Несоодветно покажување гнев

    rnСекој човек покажува агресивност и гнев, но некои тоа го прават на начин којшто деморализира, заплашува или манипулира. Таквите личности мора да се избегнуваат затоа што тоа е знак дека се неспособни да покажат емпатија. Пожелно е да се избере партнер којшто знае како да се контролира.rn

    Љубомора и потреба за контрола

    rnНаспроти владејачката заблуда, потребата за контрола и љубомората немаат врска со љубовта. На клиентите на Мајнеке кои имале проблеми со љубоморните партнери им било кажувано како да се облекуваат, каква фризура да носат, каде да излегуваат, а каде не, па дури им било забранувано да се дружат со некои луѓе. Тоа не е љубов.rn

    Избегнување одговорност

    rnНекои луѓе според бројот на годините се возрасни луѓе, но не се доволно созреани за својата возраст. Ретко кога сами заработуваат и неодговорно се однесуваат со парите. Очекуваат секогаш некој да ги чека, а потоа и да ги забавува. Немаат некој позначаен успех зад себе поради емоционалната неспособност целосно да ја преземат одговорноста врз својот живот, што ги прави погрешен избор за стапување во брак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

    Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

    Социјалните мрежи лесно ги спојуваат луѓето, но исто така можат и лесно да ги раздвојат. Секојдневно слушаме многу примери за тоа како луѓе се запознаваат преку Фејсбук и се вљубуваат, социјалните мрежи станаа дури и места каде се предлагаат бракови. Но сите тие лајкови, боцкања и коментари можат лесно да им наштетат на вашата врска или брак.rnrnКако може Фејсбук да ви ја уништи врската?rnrn1. Будно следење на профилот – Кај секој заљубен човек има доза на љубомора, и тоа до некаде е нормално. Но социјалните мрежи се експерти за поттикнување на љубомората, па така луѓето се претвораат во будни стражари на профилите на своите партнери. Се следи секоја акција, секој коментар, возвраќање на коментар и секое ново пријателство. Никој не сака љубоморен партнер, секој сака да има слобода и простор да дише.rnrn2. Безначајни лајкови – Лајковите на Фејсбук направија една огромна еуфорија, почна сè и сешто да се мери со лајкови, но не заборавајте дека тоа не е начинот на кој се мери вашата љубов. Ако вашиот партнер „лајкувал“ нешто, значи дека му се допаѓа тоа што е објавено, а не личноста која го објавила. Секој има право да го каже сопственото мислење, да „лајкне“ нешто што му се допаѓа, не кревајте паники веднаш, само оставате впечаток дека сте незрела личност која обраќа премногу внимание на споредни работи во животот. Но од друга страна, кога сте во врска, нема потреба да се „расфрлате“ со лајкови по други профили, особено ако станува збор за слики од згодни момци и девојки, па која е поентата?rnrn3. Размена на лозинки – Кога вашата врска ќе стигне до тој степен да изгубите секаква доверба еден во друг, па да дојде и до размена на лозинки, знајте дека тоа не е начин да ги поправите работите кои ви тргнале надолу. Кажување на лозинките, заеднички профили и мејлови, не се знаци дека многу се сакате, туку напротив, дека не сте сигурни во себе. И покрај тоа што сте во врска, заслужувате да си имате свој живот и приватност.rnrnКако може Фејсбук да ви ја уништи врската?rnrn4. Следење на разговори – Љубомората и опсесивноста не смеат да дојдат до ваков степен. Нема потреба да следите нечии разговори, исто како што и вие не би сакале некој да ве шпионира вас. Доколку го познавате добро човекот со кој сте во врска, значи дека му верувате и го сакате, нема потреба да следите нечии разговори, тоа само ќе ви доведе кавги и неслога, зашто кога-тогаш ќе се дознае.rnrn5. „Средување“ на листата со пријатели – Да му забраните на вашиот партнер да комуницира со некого, само ќе ги влоши работите, и од тоа ништо добро не може да излезе. Напротив, кога на некого ќе му забраниш нешто и ќе му ја одземеш слободата, многу полесно можеш да го изгубиш. Што сте направиле ако ја избришавте згодната девојка од листата на негови пријатели? Зарем не можат да се видат во живо? Ако човекот е склон кон неверства, таков е секогаш и секаде, ништо не можете да решите или забраните преку Фејсбук.rnrn6. Поставување песни и оставање коментари – Кавги во една врска, предизвикани поради Фејсбук, се и оние кога ќе се јави неслога поради постирање песни и оставање коментари. Однесувајте се зрело, ако подолго време не ви постирал песна на ѕид или не ви оставил некаков коментар, не значи дека повеќе не му значите ништо.rnrnЗошто си тагнат на таа слика и која е девојката што стои до тебе? Зошто не ми врати на коментарот и кој е оној со кого си станала пријател? … Сфатете дека Фејсбук е виртуелен свет, различен од оној реалниот, и не е мерило за вашата љубов. Вашата љубов е најдобро да ја негувате далеку од очите на јавноста, бидејќи е еден интимен чин. Сфатете ги социјалните мрежи како места за забава, никогаш не дозволувајте да ви ја уништат врската или да предизвикаат кавги.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добрата страна на модерните седум смртни гревови

    Добрата страна на модерните седум смртни гревови

    Озборувањето, лажењето и суровоста може да влијаат лошо на личноста и да го уништат пријателството, но овие карактеристики во умерени количини може да бидат добредојдени. Овие таканаречени пороци всушност може да ве направат попаметни, поамбициозни и помалку нервозни.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Озборување

    rnОзборувањето може да биде клучот за намалување на стресот, но само ако е умерено, а не злобно. Исто така, озборувањето е одличен начин на ослободување на емоциите како што се бесот, фрустрацијата и болката. Во одредена мера, тоа може да го продлабочи односот со одредена личност, на тој начин што самото озборување доведува до споделување на мислењата, а можеби и на заеднички проблем.rn

    Љубомора

    rnНеверојатно е како љубомората може да ни разјасни многу работи. Ако на Фејсбук дознаете за успехот на вашиот (не)пријател и ако посакате да сте на негово место, тоа не значи дека љубомората влијае лошо на вашата психа. Во тој случај љубомората е позитивна затоа што ја поттикнува вашата амбиција.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Пцуење

    rnДури и научно е докажано дека пцуењето ги намалува стресот и нервозата, а со тоа прави и вие да се чувствувате полесно. Извикувањето вулгарни зборови може да ја намали физичката болка, додека нивото на издржливост на болка се зголемува за 50%. Од друга страна, претераното пцуење ги намалува ефектите на редуцирање на болката, па затоа обидете се непристојните зборови да ги сведете на минимум.rn

    Суета

    rnУмерената суетеност е предност и за самата личност и за другите околу неа. Суетата може да послужи како моќен мотиватор и може да биде причина за нов почеток, како на пример, започнување со фитнес вежби или воведување здрави навики во исхраната. Но, не заборавајте дека не е сè во надворешниот изглед.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Фалење

    rnПонекогаш пофалбите се она што најмногу ѝ е потребно на една личност за да напредува. Никој не сака да биде во друштво на фалбаџија, но токму фалењето е дел од стратегијата за нагласување на личните достигнувања. Според стручниот тим на Харвард, фалењето го зголемува нивото на допамин во организмот, што предизвикува исто задоволство како и при водењето љубов.rn

    Лажење

    rnВистината не е секогаш најдоброто решение. А и малите добронамерни лаги се нешто за што секој би ви простил. Често ги користиме добронамерните лаги за да го задржиме позитивниот однос и да избегнеме бесцелна кавга. Лажеме за другите да се чувствуваат добро и во тоа нема ништо лошо, сè додека лагата е поттикната заради заштита на другите, а не од личен интерес.rn

    Суровост

    rnДа се биде суров понекогаш е повеќе од потребно, посебно кога се работи за вонредна ситуација. Ако сте гласни и имате многу барања, сигурно немате многу обожаватели, но кога социјалните институции одбиваат да ве заштитат или да ви помогнат, тогаш вреди да бидете по малку сурови за да го добиете тоа што ви следува.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

    Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

    Нема љубовна врска која е совршена, поради фактот што никој не е совршен. Но постојат компромиси кои можат да ги избалансираат работите и да ги смират несогласувањата. Проблемот е во тоа што, најчесто за погрешни работи си трошиме време и се трудиме да направиме компромис, а некогаш и за најмала ситница знаеме да избувнеме.rnrnРаботи за кои (не)вреди да направите компромис во врскатаrnrnНајдобро би било да знаете за кои работи вреди да направите компромис, а за кои навистина не вреди да се трудите и да трошите нерви. Вреди да направите компромис за одредени навики на партнерот кои ви пречат, некои кои можеби не можат да се сменат и искоренат целосно, но не се толку опасни за да си ја расипете врската. Направете компромис ако вашиот партнер/ка, ја остава вратата од соба отворена, заборава да ја заклучи вратата од кола, ја остава валканата облека во дневна… Тоа се навики и постапки кои навистина се иритирачки и знаат да ве извадат од такт, но вреди да премолчите понекогаш или да направите некаков договор. Дали е во ред да ја прекинете врската со некој кој навистина ви одговара, само затоа што не го спушта капакот од ВЦ-шолјата?rnrnОд друга страна, треба да си бидеме големи непријатели самите на себе за да толерираме работи кои нè задушуваат, ни ја одземаат слободата и психички нè уништуваат. Не трудете се да направите компромис за:rn

      rn011

    • љубоморното однесување на партнерот и претераната љубомора
    • rn011

    • недостатокот на почит и омаловажувањето
    • rn011

    • насилството
    • rn011

    • ставање акцент само на нејзините/неговите потреби
    • rn011

    • имањето целосно различни цели во животот
    • rn011

    • честите несогласувања и расправии кои се повторуваат сè почесто и почесто, а ви носат и солзи
    • rn011

    • работи кои бараат од вас целосно да се смените како личност и да ги занемарите вашите критериуми и гордост.
    • rn

    rnЛуѓето не се менуваат, ќе бидат такви какви што се скроени од самиот почеток. Некогаш си мислиме дека се промениле зашто си го покажале вистинското лице, но тоа не е промена, туку откривање на вистинскиот карактер. Внимавајте какви работи сте подготвени да поднесете и издржите со цел да ви успее врската и секогаш добро размислете дали вреди да направите компромис. Но пред сè запомнете дека дури и доколку станува збор навидум за ситница, тој/таа никогаш нема да се промени!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

    Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

    Тешко на оној кој нема пријатели, но сигурно му е полошо на оној кој има лоши пријателства. Вистина е дека треба внимателно да ги одбираме пријателите и штом ќе ги најдеме оние вистинските, да ги задржиме. Но не трудете се да го зачувате пријателството кое лошо влијае на вас.rnrnПрекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на васrnrnКои се пријателите со лошо влијание?rnrn1. Љубоморните – Кога би постоеле натпревари за негативни чувства, љубомората секогаш би извојувала победа. Оние кои завидуваат на вашиот успех наместо да ве поддржат, не се вистински пријатели. Вистинските пријатели се радуваат повеќе и од вас кога вие ќе постигнете некаков успех.rnrn2. Озборувачите – Доколку сте дел од друштво од неколку пријатели/ки, а некој од нив упорно зборува лошо за другите кога не се во ваше присуство, бидете сигурни дека истото го прави и за вас, зад ваш грб. Ако ви се вистински пријатели, нема да се грижите дали ќе ве озборуваат поради вашата неуредност или вашите постапки и навики. Едноставно, ќе ве прифатат такви какви што сте и секогаш ќе кажат убави работи за вас, позади вашиот грб!rnrn3. Синдромот: „Секогаш да е по мое“ – Оние кои мислат дека секогаш треба да бидат во центар на внимание и секогаш треба да е по нивно, се луѓе кои не го заслужуваат вашето пријателство. Тие се сметаат за попаметни па затоа тие одлучуваат каде ќе одите и што ќе правите.rnrn4. Себичните – Нивните потреби се на прво место. Тие ќе ви завртат грб кога ќе им побарате услуга, поради некаква нивна банална и безначајна „обврска“. Тоа се оние кои ќе го стават момчето/девојката пред своите пријатели на скалата на важност. Тие ќе го потрошат последниот кредит за да си прочитаат хороскоп наместо да ви честитаат роденден. Со задоволство ќе ве остават да ги чекате со часови, но тие никогаш не би чекале.rnrnПрекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на васrnrn5. Навредливите – Оние кои ќе ве „цензурираат“ цело време, без да ве остават да бидете свои и слободни се напорни и тешки пријатели. Секогаш ќе треба да внимавате да не го/ја навредите, а може да се навредат и од најобични постапки. Постојано да внимавате на чувствата на овие „осетливи“ личности, чувствувајќи потреба да докажете дека заслужувате да ви бидат пријатели, е преголем притисок.rnrn6. Злопамтилата – Еден збор кажан на погрешен начин, една лоша постапка и вие сте „бележани“ за подолго време. Тоа се оние кои никогаш нема да ви го заборават и најситното „злодело“ и во секоја прилика ќе ви го „вадат низ нос“. Во оваа група на „јака меморија“ спаѓаат и оние кои постојано ќе ве потсеќаат на добрината која некогаш ви ја направиле.rnrn7. Оние со комплекси – Без разлика дали станува збор за оние со комплекси од повисока или од пониска вредност, сите се лоши пријатели. Трагачите по комплименти, без самодоверба, кои постојано се жалат, едноставно се напорни. Оние пак, кои мислат дека се повеќе од другите, најчесто си се добри само за себе, не и за вас.rnrn8. Невнимателните – Тие не внимаваат на вашите чувства. Не знаат да ве развеселат кога сте тажни и ќе ви се пофалат колку им е супер иако вашиот ден е навистина лош.rnrn9. Неискрените – Лажливците, лицемерните и дволичните не може да се наречат вистински пријатели. Дури и ако ја премолчува вистината за да не ве повреди, сепак е лажливец/ка. Ако пријателите не ви ја кажат вистината, кој ќе ви ја каже? Пријателите искрено ги кажуваат работите кои ние не ги забележуваме.rnrn10. Оние со лоши манири –  Луѓето без култура, со лоши навики, го рушат вашиот углед. Дури и да не сте тргнале по нивните стапки наскоро ќе го направите тоа. Нели е вистина дека со кој си, таков си.rnrnПријателствата треба да ви носат убави моменти и среќа. Треба да ве развеселат кога сте тажни и да ви донесат хармонија кога животот ви е неред. Штом почнале да ви носат нервози, солзи и притисок, прекинете ги навреме!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчести грешки во врските

    Најчести грешки во врските

    Понекогаш несвесно, понесени од некаква заљубеност правиме грешки. Грешките во врските се случуваат во секакви околности, особено на почетокот на врската. Секој греши, но сите имаме и можност да избегнеме одредени погрешни постапки.rnrnНајчести грешки во врскитеrnrnКои се најчестите грешки во љубовните врски?rnrn1. Му посветувате премногу време на партнерот – многу брзо врската ќе ја донесете до стадиум на тотална здодевност и тој/таа ќе чувствува како некој да му/ù ја одзема слободата.rnrn2. Мислите дека ќе се промени – дефиниција за лудило е да правите исто нешто повторно и повторно очекувајќи различни резултати. Па не бидете луди, престанете да му/ù давате шанси да ја поправи работата! Само залудно го трошите вашето, а воедно и неговото/нејзиното време.rnrn3. Дозволувате некој да биде супериорен во врската – секако постојат работи за кои е подобро да одлучите вие, а за други, вашиот партнер. Но сосема различно е некој да биде постојано супериорен во врската, да се слушаат неговите желби и да се почитуваат само неговите приоритети. Никој не сака неговото его да биде згазено, имајте почит за туѓите потреби.rnrn4. Претерано сте љубоморни – дури и кога ќе почувствувате љубомора не мора да ја искажувате. Во врската ќе донесете притисок, кавги и неслога. Нели врските треба да носат спокој, задоволство и среќа? Никој не сака да биде во врска со личност која е болно љубоморна.rnrn5. Реагирате лошо на неговите/нејзините средби со бившите – имал/а живот и пред вас, исто како што сте имале и вие. Во ред е да се сретне и поздрави со бившите, но доколку реагирате избувливо ќе изгледате како плашлива личност која нема доволно самодоверба и се плаши од луѓето во неговото/нејзиното минато. Избегнете бурни реакции пред другата личност или насамо со партнерот, освен доколку некој навистина премине одредени граници.rnrn6. Дозволувате емоционално насилство или сте емоционално насилни – врската со емоционално насилство нема иднина, не дозволувајте некој да ве вознемирува, да ги крати вашите права или слободата.rnrn7. Се изолирате од надворешниот свет – се оддалечувате од вашите пријатели, го запоставувате своето семејство. Но размислете, ако направите тој/таа да биде сè во вашиот живот, што би се случило кога на таа врска би ù дошло крај?rnrn8. Го/ја правите главна точка на распоред 24/7 – оставете го/ја да дише! Имајте си пауза еден од друг, врската побрзо ќе ви здодее доколку заедно го поминувате речиси целото слободно време, а тогаш кога не сте заедно „висите“ на телефон. Тоа се веќе опсесивни врски кои не траат долго.rnrn9. Го/ја опсипувате со подароци – со трошењето пари не правите да ве сака повеќе, може само да постигнете спротивен ефект.rnrn10. Прерано се запознавате со неговото/нејзиното семејство – додека врската не стане сериозна, нема потреба од избрзани постапки како присуствување на важни семејни собири.rnrn11. Немате разрешено со вашето минато – еден од главните проблеми во врските е мешањето на минатото со сегашноста, а уште полошо доколку не сте „начисто“ со минатото или доколку премолчувате важни работи кои би требало да бидат кажани.rnrn12. Премногу рано ја изразувате вашата љубов – внимавајте, љубов се изразува со „ладна“ глава, и секако, бидете свесни за последиците. Но не изјавувајте љубов ни предоцна. Доколку не ја вреднувате личноста со која сте во врска, може да биде доцна кога ќе сфатите колку таа личност ви била важна.rnrn13. Кавгите ги решавате со секс – расправијата која е потисната од моментално задоволство не е решена, само е скриена, но кога-тогаш ќе исплива на површина.rnrn14. Не внесувате ништо ново во врската – не дозволувајте ù на монотонијата да царува. Внесете нешто ново, интригантно, врската треба да ви биде интересна и возбудлива.rnrn15. Дозволувате други да ви се мешаат во врската – ни вашето семејство ни пријателите не знаат точно како ви е вам и кои се околностите со кои се соочувате. Не дозволувајте блиските да ви се мешаат и да ви „солат“ памет. Разграничете добронамерен совет од мешање каде некому не му е местото.rnrnИ за крај, најголемата грешка е да заборавите да се цените себеси. Не заборавајте колку вредите и дека не е крај на светот доколку на врската ù дојде крајот. Никој не е поважен од самите вас, не заслужувате некој кој ќе ве третира лошо!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека почнувате да се заљубувате

    10 знаци дека почнувате да се заљубувате

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЗимата полека си заминува, а пролетта ни чука на порти. Пролет, време за промени. Од некоја непозната причина, ова е период од годината кога нашите тела како да се програмирани да се заљубат. Кога сите пупки цутат и природата околу нас се раззеленува, изгледа и нашето срце почнува побрзо да чука. Понекогаш самата помисла на доаѓањето на пролета и напуштањето на досадната зимска рутина, буди нови љубовни чувства кај нас. Почестите излегувања, прошетки се причини за почести дружби и нови познанства. Некое од новите познанства, може ќе бидат причина за разлетување на пеперутките во вашиот стомак, заљубување и среќно започнување нова љубовна врска.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrnrnАко почнаа да ве наросуваат романтични чувства, ова се 10-те симптоми по кои ќе познаете дали сте заљубени.rnrn

    1. Прескокнување на оброците

    rnМмм прекрасен начин за слабеење. Заборавањето на редовното внесување храна, не значи само дека сме расеани, туку и дека личноста на која не можеме да престанеме да мислиме, ја сакаме повеќе од храната. Може дополнителна причина за овој тип „гладување“, се пеперутките кои ни летаат низ утробата кога ќе помислиме на  љубениот/а, па се чувствуваме како храната воопшто да не ни е ни потребна.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

    2. Се фаќате себеси како се смешкате без особена причина

    rnКраткотрајното чувство на заљубеност може да предизвика значајни промени во вашиот организам. Љубовта, особено во првите денови, прави да се чувствуваме среќни, задоволни со сами себе, замечтаени во мислите и ни мами насмевка на лицето.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

    3. Не можете да го/ја гледате во лице

    rnОдненадеж не можете таа личноста да ја гледате во очи додека разговарате, бидејќи се плашите дека ако ве погледне, ќе ги открие вашите чувства. Додека зборувате, пробајте да го/ја гледате во челото или околу носот. Побезбедно е. :)rnrn

    4. Мислите на него/неа додека наутро се облекувате

    rnДодека се спремате за излегување, во главата ви се вртат многу мисли: дали би му/ѝ се допаднале во оваа кошула, дали бојата добро ви стои на тенот, дали да вложите повеќе напор од вообичаеното во средувањето на косата, дали да се нашминкате како секој ден или пак да ставите малку повеќе шминка… Тоа е уште еден од показателите на заљубеност. Дотерајте се, во ниеден случај тоа не е погрешно постапување.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

    5. Ви недостига кога не е во ваша близина

    rnНавикнати сте личноста која ви се допаѓа да ја гледате на одредено место на пример на работа, на предавања, во кафуле и доколку во одреден момент не е таму, почнувате да се чувствувате по малку разочарано и сте постојано во исчекување во секој момент да се појави од некаде.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

    6. Станувате љубоморни за некои чудни работи

    rnОдредени моменти и ситуации кои до пред извесно време не ги ни забележувавте, почнаа полека да ви пречат. Се фативте себеси како станавте љубоморни при помислата: „Каде е, со кого е, зошто не се појавува, зошто не се јави…?rnrn

    7. Ја замислувате сликата на вашето дете

    rnУпс! Во одреден момент се фативте себеси како размислувате за тоа какво би било вашето заедничко дете. Тоа значи дека вашите чувства се искрени и почнуваат полека, но сигурно да стануваат сѐ посериозни.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

    8. Луѓето ве забележуваат дека блескате

    rnПомислата на љубената личност ви измамува насмевка на лицето и задоволство. Необјаснивата среќа која блеска од вас, е доволно моќна да го привлече вниманието на луѓето околу вас кои забележуваат дека сјаете, изгледате физички подобро и посреќно.rnrn

    9. Потешко се концентрирате на работата

    rnПотребно ви е повеќе време од вообичаено, за да се концентрирате на задачата која треба да ја завршите. Поминувате половина час во психичка подготовка пред да почнете со работа, но и откако ќе почнете, вашите мечти и понатаму се насочени кон љубениот/а и тогаш сфаќате дека сте мноооогу заљубени.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

    10. Одненадеж вашиот карактер се подобрува

    rnБез разлика дали сте машко или женско, заљубеноста буди некои подзаспани интересни карактеристики кај вас. Одеднаш почнувате да вложувате во подобрување на вашите кулинарски способности, ја преуредувате вашата соба, им нудите колачиња на сите колеги на работа, правите и некои измени во својот изглед. Станувате попримерни и поуредни.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата, мажите и љубомората

    Астрологијата, мажите и љубомората

    Скорпијата ќе ве окова со златни синџири, близнаците ќе ве полудат од сомнежи, додека пак водолијата не го познава тоа чувство… Погледнете како машките претставници на хороскопските знаци се справуваат со љубомората.rnrnАстрологијата, мажите и љубоморатаrnrnОвенот како радар го следи секој чекор на својот партнер, а секоја насмевка подарена на некој друг или одењето во кафуле во туѓо друштво му забива нож во вљубеното срце. Во такви ситуации очекувајте жолчни изливи на љубомора, тешки обвинувања, па дури и закани. rnrnСкорпијата исто така може да се пофали со недостаток на тактичност. Опседнат со сексот и верноста, тој на секое навестување на флерт се чувствува повреден и предаден, па поради тоа тој партнерот го врзува со златни синџири на својата љубов, притоа давајќи му многу малку слобода.rnrnБиковите делуваат мирољубиво и добродушно, но нивната конзервативност може да стане агресивна и да создаде јасни забрани што ќе ве гушат вас и вашата врска.rnrnЉубомората на лавот е ласкава. Таа се воздигнува како џентлменска суета и жед за внимание од својата љубена. Таа љубомора не е нескротлива, само треба да се знае како да се контролира (попуштајќи на ситници).rnrnЈарецот многу бара од врската, но тој ретко кога ќе признае дека е љубоморен, па дури и на себеси. Но, кога одненадеж ќе стане студен, пакосен и затворен, треба да се запрашате дали можеби со премногу воодушевување сте зборувале за својот нов колега или сте го фалеле скапиот автомобил на младиот сосед.rnrnЉубомората на ракот е индиректна, по малку детинеста и смешна, но поради тоа не е помалку реална. Тој е  многу сензибилен и ќе го почувствува секој ваш особен интерес како опасност за врската, а потврда за тоа ќе најде во вашиот секси фустан или во новите шеги. Поради тоа тој ќе се лути и ќе ве обвинува.rnrnРибите всушност не се љубоморни, туку несигурни и слепи од љубов, па се во состојба да истрпат многу, понекогаш плачејќи или само долго ќе молчат.rnrnРеакциите на вагата се помирни во однос на другите знаци, бидејќи таа се води според разумот и за овој знак важи дека не се сомнева.rnrnБлизнаците не се страсни, па доколку се посомневаат во верноста на својот партнер со лукава насмевка на усните ќе смислат тактика со која партнерот ќе го излудат од љубомора.rnrnЗа да ја направите девицата љубоморна ќе ви треба малку повеќе време, но кога еднаш ќе се посомнева, сама ќе измислува причини за да продолжи да истражува. Поради тоа ќе ви ѕирка во писмата и ќе ви „копа“ по џебовите.rnrnСтрелецот знае да биде непријатен, да навредува без да ги одбира зборовите и да го напушта партнерот за секакви глупости, но во повеќето случаи е толерантен.rnrnТипичната водолија (што не значи дека не постојат исклучоци) е личност со најголема доверба на светот. Љубомората ја смета за примитивно чувство на кое не му дава место во своето срце.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.