Секоја жена понекогаш знае да искоментира нешто лошо за друга жена. Без разлика дали се работи за пријателка, колешка или случајна девојка која „премногу дотерана и згодна“ поминала пред вас, веројатно и вие не сте исклучок од оваа појава. Интересно е дека во споредба со мажите, жените многу почесто коментираат за други жени, во негативна конотација. Во ред е понекогаш да озборуваме, но постојат работи кои едноставно треба да престанеме да си ги правиме една на друга.rnrn
rn
Еве што треба да престанат да прават жените:
rn1. Да зборуваат за сексуалниот живот на други жени. Тоа е лична работа и лична одлука. Многу едноставно: не е твоја вагина, не е ни твоја работа.rnrn2. Да коментираат за туѓиот изглед на телото. Нема потреба од ова. Секоја жена ваквите коментари ќе си ги земе при срце.rnrn3. Да си кажуваат коментари од типот „леле, колку си слаба“, што е подеднакво понижувачки како да ѝ кажеш на девојка дека има вишок килограми.rnrn4. Свесно да се обидуваат да преземат нечие момче или сопруг. Почитувајте ги туѓите врски како што би сакале да ја почитуваат вашата.rnrn5. Да даваат двосмислени комплименти од типот „Косата ти изгледа убаво, но мислам дека би требало малку да ја скратиш.“rnrn6. Да бидат љубоморни на туѓите женски успеси. Треба да бидете среќни на туѓите достигнувања постигнати со многу труд и напорна работа.rnrn7. Да се натпреваруваат меѓу себе. Сите играме за ист тим на овој свет и кога ќе почнеме да се противиме кон други, не постигнуваме ништо освен што создаваме непотребни подвојувања.rnrn8. Да ја обвинуваат другата жена кога нивниот партнер ги изневерил. Зошто секогаш претпоставуваме дека таа е виновна? Таа може дури и да не знаела дека тој е посветен на друга врска. Тој е оној којшто ја ветил својата љубов на некој друг и ја изневерил. Вистинската реакција би била да престанете да ја обвинувате другата жена и да се соочите со вистинскиот проблем и вистинскиот човек, директно во очи.rnrn9. Да шират гласини.rnrn10. Да избегнуваат да ги расчистат работите во лице со личноста со која се во некаков конфликт, додека истовремено со леснотија на сите други им раскажуваат што направила, што кажала и како не можат да преминат преку тоа. Сериозно дами, одете право кај изворот на проблемот и расчистете ги работите во лице.rnrn11. Да ги издаваат тајните за кои ветиле дека нема да ги кажат. Ако пријателка ви се довери за нешто и ве натера да се заколнете во тајност, таа тоа и го заслужува.rnrn12. Да си ги споредуваат телата со други. Штом се споредите со друга жена, тоа е отров за вас. Сакајте се какви што сте и не мислете дека треба да изгледате како кој било друг.rnrn13. Да го критикуваат карактерот на други жени. Ако девојката е зборлеста, не нарекувајте ја напорна, ако е тивка, не значи дека е вообразена.rnrn14. Да си глумат една пред друга. Ако имате проблем со друга жена, едноставно не дружете се со неа. Не преправајте се дека сте ѝ пријателка за да ѝ се исмевате подоцна со останатите ваши пријателки.rnrn15. Да ги презираат партнерите на нивните пријателки заради тоа што тие поминуваат повеќе време со нив отколку со вас. Доколку ова отворено ѝ го кажете на вашата пријателка, сè што ќе предизвикате е само поголема оддалеченост помеѓу вас двете.rnrn16. Да си бидат непријатели без причина. Ако некој ве праша зошто не сакате одредена личност, а вие не можете да смислите одговор, едноставно откажете се.rnrn17. Да ги користат недостатоците на други жени за да се истакнат себеси и да изгледаат подобро. Не мора да ја спуштите туѓата самодоверба за да ја подобрите својата.rnrn18. Да зборуваат лошо за други девојки на Твитер или да прават други злобни стратегии за понижување преку социјалните мрежи. Средношколските денови се зад нас. Да се однесуваме како возрасни.rn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПаметам дека уште бевме средношколки кога на другарка ми ѝ се јави збудалено жениште кое пискаше од другата страна на слушалката прашувајќи ја зошто го бара нејзиниот маж. Се смеевме како будали цел час. Дури мислам дека ја зезавме и ѝ титкавме. Абер немавме ни која е таа, а ниту пак кој е нејзиниот маж. Тоа што го згрешила бројот нам баш ни го разубави денот. Тогаш си го сфатив како добра смешка. Го раскажувавме со денови. Ама денес кога ќе се сетам, жал ми е за неа. Се прашувам, дали уште е со својот сопруг и што тој сторил за да ја направи толку љубоморна? Што е тоа што ги тера луѓето така да се однесуваат? Недоверба, несигурност, во другата личност или во самиот себе?rnrnНекој некогаш (ни знам кој ниту кога, ама многу бил во право), рекол дека љубовта е како песок кој ти стои на дланка. Ако ја стегнеш дланката ќе ти се излизга низ прсти, а ако слободно ја отвориш ќе остане мирна. Едно е сигурно, ако со својата опсесивно-компулсивна љубомора ги загушите оние кои ви значат, гарант ќе ги изгубите и тоа за брзо. Се прашувам, љубомората е доказ за вистинска љубов или доказ дека си шизнал со паметот и дека не си заљубен туку опседнат?rnrnЉубомората е карактеристика на слабите личности со недоволно самодоверба. Да се плашиш да не изгубиш некој, да се грижиш за таа личност, не е исто со љубоморното однесување кое само по себе подразбира држење за врат и кое може да се дијагностицира како патолошка љубомора.rnrnРазмена на пасворди, будно следење на профили, чепкање по телефони… Зошто би ѝ го направиле тоа на личноста која ја сакате? Или уште полошо, која е поентата ако и двајцата сте ок со тоа, и мислите дека тоа е политика на здрав разум?rnrnПо форуми често ќе сретнете теми како „Дечко ми е премногу љубоморен, што да правам???“. Јас велам, остави го. Ако ти кажува да се облечеш поинаку и да го покриеш телото повеќе, ако бара од тебе извештај 24/7, или не дај Боже одлучи да те следи додека си излезена со другарки, значи дека дечкото си има проблем. Мој совет, прашај го да не сака да шеташ по улица прекриена со чаршаф и дали е љубоморен што попот на крштевањето те држел гола в раце. Ако не ја сфати иронијата, удри му ги клоците уште побрзо. Добро, како ја замислувате иднината во таква врска?rnrnДа скратиме. Љубомората се вбројува во лоши и негативни карактеристики. И точка. Нема потреба од дообјаснување. Ако покажувате љубомора, покажувате колку сте несигурни во себе. Не сум разбрала, а и никогаш нема да го разберам крајно љубоморното однесување на одредени личности. На пример, правиш муабет со колега, а женска му од другата страна те гледа како орел. Се прашуваш во кој момент ќе ти скокне за да ти ја искуби косата. И ајде сега барај ти здрав разум.rnrnАко сакате здрава и хармонична врска, ве советувам да заборавите на љубомората. Да, некогаш ќе се почувствувате несигурно, некогаш ќе почувствувате страв да не ја изгубите личноста која ви значи, и сè тоа е ок бидејќи сме смртници и оправдано ни е да чувствуваме страв. Ама тоа е многу различно од опсесивна љубомора.rnrnИ нешто друго ме интересира, 
rn
Елизабет Хејнс живее во Кент, Англија. Нејзиното име стои на 3 ултра популарни новели со кои за кратко време се рангира како еден е најдобро продаваните крими автори. За своето првенче „Скриена во најмрачниот агол“ е добитник на престижната награда на Амазон „Најдобрите книги во Велика Британија“ во 2011 година. За себе вели дека била од оние деца со бујна имагинација и желба за пишување раскази. Всушност на 13 години си ја купила првата машина за пишување на која почнала да ги создава своите ремек дела.rnrnПрвиот посериозен чекор кон светот на пишаниот збор го направила кога се пријавила на реномираниот сајт на „Националниот месец на пишување новели“ и се решила да напише новела од 15.000 збора во текот на еден месец. Станува збор за годишен предизвик за младите и амбициозни автори кои бараат начин да бидат признаени и иако Елизабет не го освоила првото место, го добила потребниот поттик и инспирација да го започне делото со кое ќе се прослави и од анонимус ќе се искачи на врвот.rn
rn