КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубомора

  • 17 знаци дека сте опседнати и премногу приврзани за вашето домашно милениче

    17 знаци дека сте опседнати и премногу приврзани за вашето домашно милениче

    Факт е дека луѓето кои поседуваат домашни миленичиња се многу посреќни за разлика од оние кои не поседуваат. Но, сѐ си има граница, дури и кога станува збор за љубовта кон животните. Откако ќе ги прочитате овие знаци, ако се пронаоѓате во барем половина од нив, тогаш најљубезно ве молиме да го олабавите кутрото животно. Јасно ни е дека го сакате, но и нему му треба простор.rnrn0-17-znaci-deka-ste-premnogu-opsednati-i-premnogu-privrzani-za-vasheto-domashno mileniche-kafepauza.mkrnrn1. Храната што му ја давате како награда е многу повеќе мито за повеќе да ве сака.rnrn2. Го имате затворено во соба заедно со вас за да го натерате да поминува повеќе време со вас. Но, овој план не ви успева затоа што тоа трпеливо чека да му отворите врата.rnrn3. Постојано гo гледате како спие….rnrn4. И го фотографирате додека спие…rnrn5. Па добро, снимате и по некое видео одвреме-навреме.rnrn6. Станувате неверојатно љубоморни кога имате гости и вашето милениче многу повеќе си игра со нив отколку со вас, а вие само сакате да се развикате: ЈАС ТЕ ХРАНАМ НЕБЛАГОДАРНИКУ!rnrn7. Обично галењето завршува така што на крајот тоа се обидува да се оттргне од вашите „канџи“, а вие го држите толку силно, како животот да ви зависи од тоа и му викате САКАЈ МЕ!rnrn8. Сигурни сте дека го имате фатено како превртува со очите кога ќе направите нешто глупаво за да му го привлечете вниманието.rnrn9. Го имате разбудено од мирната дремка само затоа што ИЗГЛЕДАЛО ПРЕМНОГУ СЛАТКО!rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrn10. Постојано покажувате слики од вашето милениче на сите што ги познавате затоа што сметате дека не е фер таква убавина да остане незабележана…rnrn11. Како резултат на претходново, голем дел од вашите профили на Инстаграм, Снепчет и сите други форми на социјални мрежи се посветени на вашето животинче и вие воопшто не се каете за тоа.rnrn12. Потајно го сакате тоа кога ќе дојдете дома откако сте го поминале денот со други животни, а вашето милениче ве душка и се прашува каде сте биле, затоа што сакате да го потсетите дека имате и други опции, за секој случај…rnrn13. Но, секогаш му давате екстра внимание за да го потсетите дека тоа ви е најважно и најсакано.rnrn14. Не сакате да го оставате само дома многу долго затоа што се плашите дека нема да бидете таму кога ќе му бидете потребни.rnrn15. Па затоа вашите пријатели се навикнати да ги прашувате дали во новиот ресторан дозволуваат домашни миленици. Вака не морате да се грижите што прави тоа само дома затоа што вашето домашно милениче седи до вас.rnrn16. Кога ќе го видите како се забавува без вас чувствувате потреба да одите таму и да го убедите да си игра со вас. А кога тоа ќе ве погледне, како да ви вели: „Уморен/а сум од твоите глупости. Остави ме да живеам.“ И тогаш, вие двојно ја покажувате вашата љубов кон него.rnrn17. Не можете да замислите да поминете еден ден без вашето крзнено пријателче затоа што тоа е вашиот свет и ако некој се обиде да ве раздвои, тогаш ќе настанат големи проблеми.

  • Дами, вака не се заведува: Женски потези кои мажите не ги поднесуваат

    Дами, вака не се заведува: Женски потези кои мажите не ги поднесуваат

    Заведувањето е секако една од највозбудливите работи, но ако се прави на вистинскиот начин. Затоа исфрлете ги овие пет потези од играта на заведување, бидејќи мажите тврдат дека ниту малку не им се допаѓаат.rnrn1-dami-vaka-ne-se-zaveduva-zhenski-potezi-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Детски глас

    rnСите ние барем еднаш сме ја испробале оваа техника: со желба да го привлечеме вниманието на посакуваното момче сме се обиделе да го заведеме со нежен и умилив глас. Меѓутоа, вистината е дека на мажите им е навистина иритирачко да го слушаат тоа. Доволно им е да слушнат женски глас, без никаква глума.rn

    2. Беспомошна дама

    rnМажите навистина може да препознаат дама која се преправа дека е невина и беспомошна ако навистина не е. Затоа немојте да барате помош во ситуации кога е очигледно дека не ви е потребна, бидејќи мажите нема да паднат на тоа. Тие се свесни дека нас нè краси памет и сила.rn

    3. Игра топло-ладно

    rnИако претходно нè учеле дека играта топло-ладно повеќе ќе го заинтересира мажот, вистината е поинаква. Момците велат дека ова однесување ги исцрпува и дека брзо го губат својот интерес.rnrn2-dami-vaka-ne-se-zaveduva-zhenski-potezi-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Љубоморни обиди

    rnМажот ќе почувствува љубомора ако забележи дека жената којашто му се допаѓа флертува со друг. Меѓутоа од таа љубомора нема да се добие таков резултат како што очекува таа. Таа се надева дека љубоморниот маж ќе биде повеќе заинтересиран, но всушност поголеми се шансите дека тој нема ниту да започне разговор со неа.rn

    5. Глумење заеднички интереси

    rnНа мажите воопшто не им смета ако жените не знаат ништо во врска со нивното хоби или омилениот спортски клуб, па затоа нема потреба да глумите дека знаете нешто повеќе отколку што е. Мажот кога-тогаш ќе сфати дека претерувате со вашето (не)знаење, а понатамошниот епилог нема да биде сјаен.

  • Колкави се шансите за неверство и процентот на љубомора што го чувствува секој хороскопски знак во љубовните врски?

    Колкави се шансите за неверство и процентот на љубомора што го чувствува секој хороскопски знак во љубовните врски?

    Без разлика дали верувате во хороскоп или не, секогаш постојат некои сличности помеѓу карактерот и астрологијата кои ги препознаваме во себе, во своите домашни, во пријателите или во партнерот. Додека некои особини на знаците се вредни за пофалба, други пак никој не сака да ги признае и да каже дека го опишуваат неговиот знак. Љубомората и неверството се едни од тие. Затоа, дознајте кои хороскопски знаци се најопасни како партнери.rnrn0-ljubomora-i-neverstvo-koi-horoskopski-znaci-se-skloni-kon-izneveruvanje-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnВерност: Ако во неговата глава не е тоа тоа, неверството се случува одненадеж и не е реткост, но ако Овенот се заљуби, тогаш тој сака со целото негово срце.rnrnЉубомора: 75%rn

    Бик

    rnВерност: Во љубовта ја сакаат сигурноста и среќата што им ја носи цврстата и стабилна врска. Не се склони кон неверство и верни се на партнерот. Искушението не им никаков проблем – сигурно ќе одолеат.rnrnЉубомора: 65%rn

    Близнаци

    rnВерност: Иако можеби сакаат да бидат верни, тешко е да се одолее на шармот на Близнакот. Ако не се во сериозна врска, тие обожуваат да кокетираат дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружење – тоа може да ја збуни другата страна. Но кога вистински ќе се заљубат, Близнаците се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни.rnrnЉубомора: 25%rn

    Рак

    rnВерност: Ако нивната врска е квалитетна и вредна за чување и одржување, Ракот ќе ви биде верен до самиот крај, но со оглед на неговите прилично високи барања за цврста врска, во неговите очи многу лесно можете да се претворите во нешто што не е вредно за спасување. Сепак, Ракот е верен додека е среќен.rnrnЉубомора: 85%rn

    Лав

    rnВерност: Со вистинските зборови и гестови, Лавот може многу брзо и лесно да биде заведен – но тоа не значи дека тој ќе ја жртвува неговата врска, туку ќе ги стави работите на вага и ќе процени што повеќе му одговара. Има цврсто его – поради кое е тешко да го восхитите.rnrnЉубомора: 80%rn

    Девица

    rnВерност: Девиците се многу верни и истото го очекуваат од својот партнер. На овој знак, врските можат да му станат лабилни, особено ако им се допаѓа нечие ласкање. Тешко се вљубуваат.rnrnЉубомора: 40%rn

    Вага

    rnВерност: Вагите сакаат да експериментираат и да мерат на вага, како во врските – така и во животот. Поради тоа тие не се баш најверни партнери. Уживаат во љубовни авантури и тешко е да ги скротите, но ако тоа некому му тргне од рака, и ако се среќни и заљубени, тие долго ќе останат во врска.rnrnЉубомора: 50%rn

    Скорпија

    rnВерност: Скорпиите се познати како големи шармери и заводници поради нивните лукави и избрани зборови, а тоа ги прави да зрачат со голема доза сексапил. Иако се склони кон авантури и обожуваат да пробуваат нови нешта, штом одберат партнер тие и животот ќе му го посветат.rnrnЉубомора: 90%rn

    Стрелец

    rnВерност: Многу се друштвено активни и популарни и поради тоа верноста никаде не се спомнува во нивната листа на добри карактеристики. Сакаат стабилни врски, но одвреме-навреме се спремни да си дозволат по некоја авантура.rnrnЉубомора: 20%rn

    Јарец

    rnВерност: Овој знак цврсто стои на земја и не му се потребни ласкања за да ги задоволи своите потреби. Тие се многу верни и истото го очекуваат од партнерот. Спремни се многу да истраат во име на вистинската љубов.rnrnЉубомора: 30%rn

    Водолија

    rnВерност: Како љубовници се многу непредвидливи и тешки за контролирање. Сакаат игри – поради што често заглавуваат во неверства. Многу се несигурни кога станува збор за љубовта, затоа стануваат склони кон експерименти.rnrnЉубомора: 10%rn

    Риби

    rnВерност: Рибите се многу отворени и сакаат да пливаат во љубовните и друштвените води. Врските им се долги и стабилни. Кога сакаат тоа го покажуваат со дела, но и авантурите не им се непознати.rnrnЉубомора: 70%

  • 8 бесмислени митови кои кружат за љубовните врски

    8 бесмислени митови кои кружат за љубовните врски

    Вака треба или така, цел живот веруваме во бајки кои ни презентираат само едно нешто – љубовта е совршена. За жал (или за среќа), такво нешто во реалноста не постои. Совршена врска нема да најдете никаде и ниту еден пар не е постојано среќен. Митовите кои ги слушаме за врските се само тоа – митови, а секоја врска бара со полно срце да се работи на неа за таа да биде успешна, среќна и продуктивна.rnrn(1)-8-besmisleni-mitovi-za-ljubovnite-vrski-kafepauza.mkrnrnСледните 8 се најпознатите и најбесмислени митови кои постојат за врските.rn

    1. Добрата врска значи дека не мора да се работи на неа

    rnПогрешно. Добрата врска значи дека постојат двајца луѓе кои се желни постојано да работат на неа за таа да продолжи да биде добра. Според д-р Лиса Блум, клинички психолог во Пасадина и Лос Анџелес, токму оние најјаките и најстабилни врски бараат најмногу работа, а тоа е спротивното од она на кое нè подготвува општеството во кое живееме. Од мали растеме со приказни и романтични филмови кои нè учат дека љубовната врска е и треба да биде лесна, убава и совршена. Реалноста е поинаква. Секако, доколку поголем дел од времето поминувате карајќи се со партнерот, тажни и гневни, постојано обидувајќи се да се смените, можеби е редно време да се запрашате дали е тоа врската за која уште вреди да се борите.rn

    2. Ако партнерите навистина се сакаат, тогаш ќе си ги познаваат меѓусебните потреби и чувства

    rnПогрешно. Никој не е способен да чита мисли ниту да предвиди како некој ќе се чувствува. Очекувајќи ги од партнерот овие надреални моќи е апсурдно со оглед на тоа што тој/таа нема никогаш да биде во можност да ги исполни тие очекувања. Според д-р Блум, одговорност на сите возрасни е да комуницираат и да ги изразуваат своите чувства и потреби, бидејќи додека како деца можеби имаат изговор, сега веќе не е така. Покрај тоа, нели е подобро да си заштедите себеси малку време и нерви и едноставно да му кажете на партнерот што ви лежи на душа? Тој/таа ќе го цени тоа, а и вие на крајот на денот ќе го добиете токму тоа што го сакате: некој кој знае што ви е потребно.rn

    3. Вистинската љубов значи дека страста секогаш ќе постои

    rnПогрешно. Желбата за некого нема апсолутно никаква врска со љубовта. Врската со тек на време неизбежно преоѓа во рутина која дава извесно ниво на комоција кај партнерите. Тие се презафатени со секојдневните обврски и милион други нешта кои им висат на памет, што сакале или не, на крајот на денот немаат ни време ни енергија за партнерот. Ова не значи дека тие повеќе не се сакаат ниту, пак, дека немаат желба еден за друг. Значи дека страста е само скриена некаде подлабоко и треба да се најде начин таа повторно да се разбуди.rn

    4. Дете ќе ја зајакне врската

    rnПогрешно. Дете само би ја усложнило и така веќе сложената ситуација која воопшто довела до ваквата помисла. Истражувањата покажале дека во солидно добри услови, кога создавањето семејство доаѓа само по себе, среќата во врската/бракот се намалува со зголемување на бројот на деца. Зошто? Затоа што поголемото семејство со себе носи повеќе одговорности, предизвици и компликации. Наместо да се вовлекува дете во целата приказна, залудно верувајќи дека така повторно ќе бидете среќни, попаметно е да се размисли на промените кои навистина ѝ се потребни и што треба да се направи за да се дојде до посакуваното ниво на среќна врска.rn

    5. Љубомората е доказ за вистинска љубов

    rnПогрешно. Љубомората е болест во секоја смисла на зборот. Таа е болест која колку повеќе ја храните, толку повеќе ќе ве јаде и вас и вашиот партнер, а со тоа и врската. Љубомората, во некоја од своите дефиниции, може да се карактеризира како ниво на самодоверба и доверба во партнерот. Доколку сте во врска со партнер кој е љубоморен, тогаш сте свесни за тоа колку таа „болест“ е исцрпувачка и колку лоши работи носи со себе. Верувањето дека таа е доказ за тоа колку партнерот ве сака може да ве доведе до момент да го/ја уверувате дека е сè во ред што повторно нема да даде некакви резултати. Од друга страна, обидувајќи се дополнително да го/ја направите љубоморен/на, може да си направите уште поголеми проблеми. Љубомората не е доказ дека партнерот вистински ве сака.rn

    6. Расправиите ја уништуваат врската

    rnПогрешно. Комуникацијата во врската е единственото нешто кое може да ги реши проблемите. Игнорирањето на проблемите и моментите кои водат до расправии се токму она кое ја уништува врската. Не сакајќи да признаете дека нешто не е во ред и живеејќи во илузија дека нема што да се средува единствено води до ниво во врската кога воопшто и не постои искрена и отворена комуникација. Меѓу другото, огромно влијание има и начинот на кој се решаваат проблемите. Инаетот, грдите зборови и непочитувањето можат само да ја разгорат расправијата оставајќи ве без можност за заедничко решение. За разлика од тоа, разбирањето и почитувањето доведуваат до продуктивни расправии кои водат до добро познатата златна средина и наоѓање решение.rn

    7. За да успее врската, партнерот мора да се смени

    rnПогрешно. Колку повеќе барате од партнерот да се смени, толку повеќе ќе го оддалечите од себе. Проблемот не е кај партнерот, проблемот е кај вас. Наместо да се оптоварувате и залудно да се обидувате да го смените партнерот, подобро би било да видите зошто ви пречи тоа што ви пречи и зошто не можете да го прифатите партнерот таков каков што е. На крајот на краиштата, за секој проблем и секое решение во врската се потребни двајца. Па ако постои нешто што не ви се допаѓа, прво погледнете кон себе, а потоа и кон партнерот.rn

    8. Професионалното советување за парови значи дека врската е во неволја

    rnПогрешно. Терапијата е повеќе превентива со цел да не дојде период кога таа навистина ќе биде во неволја. За ова е потребна навистина огромна храброст и слободен ум, со оглед на општеството во кое живееме, но доколку некој ви значи, нели вреди да преминете преку некои стереотипи и да се одлучите на ваков чекор? Врската е во неволја во оној момент кога ќе одлучите повеќе да не се грижите, да не се замарате и да не преземате активности во насока на нејзино подобрување. А советувањето може само да помогне во целта да се спречи тој тажен крај.

  • Љубомората и врските – Болест или сосема нормална појава?

    Љубомората и врските – Болест или сосема нормална појава?

    Не постои такво нешто како Не сум љубоморна/ен. Љубомората доаѓа сама по себе, сосема е нормална, логична и очекувана во секоја врска, секако во одредени граници. Сите во одреден момент сме се почувствувале љубоморни и несигурни, особено кога врската не ни е баш најсјајна, а како и не би се чувствувале така кога постои можност да ја изгубиме личноста која ја сакаме?rnrn(4)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnДали е љубомората во ред и кога, е прашање за кое не постои вистински одговор кој би ја задоволил целата маса луѓе. Велат дека таа е тесно поврзана со довербата, но тоа и не мора да значи. Во принцип, љубомората е фактор во секоја врска кој не може да се избегне, па на база на тоа постојат три типови на луѓе:rnrn1. Оние за кои љубомората е целосно одбивна и лоша карактеристика кај партнерот, па овие луѓе најчесто и ги завршуваат врските од оваа причина;rnrn2. Оние кои гледаат на љубомората како составен дел на секоја врска, па за нив љубомората знае да е шармантна, им кажува дека некој се грижи, а во некои прифатливи граници знае да биде и заводлива;rnrn3. Оние кои се болно љубоморни, кои во секој момент мора да знаат сѐ за партнерот, па затоа и лесно може да излезат од контрола.rnrn(2)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnВо едно неодамнешно истражување, направено од страна на Дејвид Фредерик и Мелиса Феилс, цел на проучување биле разликите кои се јавуваат кога станува збор за љубомората кај машките и женските. Конкретно фокусот бил насочен кон емоционалното наспроти физичкото неверство, а луѓето кои биле дел од ова истражување се изјаснувале кое од овие две неверства за нив е највознемирувачко. На база на сумираните податоци, заклучокот бил дека:rn

    Физичкото неверство без љубов им пречи повеќе на мажите

    rnВака се изјасниле 54% од мажите кои се хетеросексуални, 32% од мажите кои се хомосексуални и 27% од мажите кои се бисексуални наспроти 35% од жените кои се хетеросексуални, 34% од жените кои се хомосексуални и 27% од жените кои се бисексуални.rn

    Емоционалното изневерување, дури и кога сексот не е вклучен, им пречи повеќе на жените

    rnВака се изјасниле 65% од жените кои се хетеросексуални, 65% од жените кои се хомосексуални, 73% од жените кои се бисексуални наспроти 46% од мажите кои се хетеросексуални, 68% од мажите кои се хомосексуални и 73% од мажите кои се бисексуални.rn

    Тука е неминовно прашањето зошто е тоа така?

    rnФредерик и Феилс веруваат дека објаснувањето за ова лежи во еволуцијата на човештвото, односно физичките потреби на мажите и жените. Порано не постоеле ДНК тестови, па мажите не можеле да знаат дали одгледуваат свои или туѓи деца. Од ова произлегува дека физичкото изневерување е поопасно за нив поради фактот дека нивната семејна лоза не би се продолжила. Наспроти нив, жените сакаат и очекуваат некој да се грижи и да биде тука за нив и за децата, а емоционалното неверство повлекува дека мажот ќе замине бидејќи е вљубен во друга жена. Токму затоа повеќето жени се подготвени да го простат физичкото неверство сѐ додека мажот нив им се враќа дома.rnrnОвие претпоставки не треба да се земаат здраво за готово, особено во времето во кое живееме. Денес е многу лесно да се направи ДНК тест, а и поверојатно е дека какво било неверство ги вознемирува многу и мажите и жените.rnrn(1)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnОна што ретко кој заборава да го вметне во своите ставови е фактот дека љубомората е двонасочна, односно, доколку вие сте љубоморни тогаш немате право да му се лутите на партнерот кога и тој ќе искаже љубомора. Од друга страна, љубомората знае да биде нож со две оштрици. Нема кој не се обидел намерно да иницира љубоморни чувства кај партнерот, бидејќи сакаме внимание и љубов, но љубомората не е играчка со која треба да си играме бидејќи е лесно запалива.rnrn(3)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnДодека секој има право на свои сфаќања и прифаќања, факт е дека колку е помала дозата на љубомора во врската, а поголема на разбирањето, толку подобро за самата врска. Ниту една врска не е совршена бидејќи никој од нас не е совршен. Затоа, уживајте повеќе и не дозволувајте времето да ви помине во несакани караници за кои подоцна може да се каете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се справите со љубоморниот дечко?

    Како да се справите со љубоморниот дечко?

    Автор: Сара ТурановиќrnrnНа почетокот ви се допаѓа да го гледате вашиот дечко како станува љубоморен кога зборувате со други момци. Но, кога тој ќе почне да „полудува“ штом спомнете друг маж, па дури и најдобриот другар, тогаш вашите односи почнуваат да се нарушуваат.rnrnКако да се справите со љубоморниот дечко?rnrnЗдравата врска се заснова на довербата на двајцата партнери. Ако вашиот дечко е љубоморен на секој кој ви се обратил значи дека се плаши дека ќе ве изгуби. Тоа е добро од него, бидејќи ве сака во неговиот живот, но за да успее вашата врска тој треба да научи да ви верува.rnrnЕве неколку совети како да се справите со љубоморниот дечко.rn

    1. Запознајте го со вашите машки пријатели

    rnАко е љубоморен кога се наоѓате во присуство на вашите машки пријатели, следниот пат поведете го со себе! Дозволете му да ги запознае сите ваши другари. Кога ќе сфати дека тие ве гледаат како своја сестра, ќе престане да се сомнева во вас.rn

    2. Не го провоцирајте

    rnДали некогаш сте му дале причина за љубомора? Доколку постојано коментирате за момците на телевизија или пак на улица тогаш не е чудо што тој е љубоморен. Ако навистина знаете каков е тој, тогаш не правете работи кои ќе го налутат. Ставете се во негова позиција. Дали би ви било пријатно тој пред вас да коментира за други згодни девојки?rn

    3. Откријте ја вистинската причина за љубомората

    rnДали знаете зошто тој е толку љубоморен? Ако неговата бивша девојка го изневерила, докажете му дека вие немате ништо заедничко со неа и дека не сте криви за тоа што таа го направила. Ако пак нема доволно самодоверба за својот физички изглед, одвреме-навреме давајте му комплименти со кои ќе сфати дека тој за вас е неодолив.rn

    4. Направете компромис

    rnДали е љубоморен на еден маж? Ако навистина има добра причина за тоа, оддалечете се од таа личност. Секако не загрозувајте ги пријателствата кои постојат со години, но ако тоа е некој со кој претходно сте биле во врска или сте излегувале, тогаш неговата љубомора е оправдана.rn

    5. Подарете му внимание

    rnКога сте на журка, опкружени со толпа мажи, не заборавајте да му посветите внимание на вашиот дечко. Ова не значи дека цело време треба да бидете еден до друг, но не е во ред да го занемарувате партнерот поради другите.rn

    6. Разговарајте со пријателите

    rnАко вашиот партнер е љубоморен на одреден ваш пријател, тогаш разговарајте со него и упатете го во моменталната ситуација. Нема потреба постојано да ве прегрнува кога сте со својот дечко. На тој начин нема да го изгубите вашиот пријател и вашиот дечко ќе го направите среќен.rn

    7. Поставете правила

    rnВашиот дечко не може да ви забрани да се гледате со вашите пријатели додека тој има голем број пријателки. Ако љубомората е без посебна причина, седнете и зборувајте. Поставете правила до кои ќе се придружувате и двајцата. Бидете фер еден спрема друг.rn

    8. Научете да кажете кога е доста

    rnАко веќе сте пробале на љубезен начин да го решите овој проблем и не успеало, време е да ги прекршите правилата. Кажете му дека неговото однесување е неправилно и дека мора да се промени ако навистина му значите. Не може да бидете во врска со некој кој постојано ве ограничува со својата љубомора.rn

    9. Прекинете ја врската

    rnАко и покрај сите ваши обиди вашиот партнер не сака да го смени неговото однесување, единствено нешто што ви преостанува е да ја прекинете врската. Не може да бидете во врска во која и двајцата би биле несреќни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да престанете да им љубоморите на другите?

    Како да престанете да им љубоморите на другите?

    Можете многу да кажете за една личност според начинот на кој таа реагира во однос на туѓата среќа и успех. Многумина изгледа дека многу лесно може да се почувствуваат како да се под закана кога ќе забележат личност на која подобро ѝ оди во одредена област од животот. Тие едноставно не можат да бидат среќни за неа, па наместо тоа чувствуваат љубомора и завидливост.rnrnКако да престанете да им љубоморите на другите?rnrnОна што многумина можеби не го знаат е дека во коренот на љубомората се наоѓа ниската самодоверба. Таа е еден вид самозаштитување. Секој може да се почувствува љубоморен на различни видови успеси, само затоа што едноставно тие не ги почувствувал/а на својата кожа. Но, сепак има начини на кои можете да се изборите со оваа состојба. Клучот лежи во перцепцијата. Тоа е вашето осудување кон себе во споредба со другите. И покрај тоа што љубомората може да биде природен одговор за многумина, таа никогаш не е здрава ниту пак од корист. Погледнете ги следниве совети кои можат да ви помогнат да ја намалите љубомората во вашиот живот…rnrnПрифатете ја својата љубомора – Таа е природна и едноставно се случува. Бидете искрени за своите чувства и за вашето повредено его кога ќе видите како другите луѓе прават нешта кои и вие посакувате да можевте да ги правите…rnrnОбидете се да избегнувате да се споредувате – Потсетете се себеси дека сите се на различен пат во животот. Сите ние имаме силни и слаби страни, но тие не нè дефинираат како индивидуа во целост. Погледнете ја вредноста во себе без притоа да мора да се чувствувате супериорни кон другите.rnrnПретворете ја љубомората во инспирација – Вистината е дека се чувствувате послабо затоа што некој друг го постигнал она што вие не сте успеале. Токму ова чувство може да доведе до љубомора, но исто така може да поттикне и инспирација и мотивација. Наместо да се депримирате од туѓите постигнувања, помислете „Ако тие можеле, можам и јас“ и одеднаш работите ќе ви тргнат во подобра насока.rnrnДавајте комплименти за туѓиот успех – Обидете се да развиете навика да делите комплименти за успехот на луѓето околу вас, дури и тогаш кога тоа не ви се допаѓа. Славете со нив и бидете среќни за нивната среќа. Ова е многу поздрав и помалку стресен начин отколку омразата.rnrnОбрнете внимание на вашиот „рефлекс за завидливост“ – Понекогаш постои мудрост во љубомората и завидливоста. За кои нешта најчесто љубоморите? Одговорот на ова прашање може да ви посочи на кои области од вашиот живот треба да обрнете повеќе внимание.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 причини зошто НЕ би требало да бидете „само пријатели“

    6 причини зошто НЕ би требало да бидете „само пријатели“

    Најголемото клише на сите времиња е изјавата „Сакам да останеме пријатели“ по раскинувањето. Често се верува дека најдобриот начин да се заврши една романтична врска е доколку магично се претвори во среќно пријателство, но работите не секогаш се одвиваат според планот. Често, одговорот на оваа изјава треба да биде негативен иако тоа не значи дека со тек на време, работите нема да можат да се променат. Но, за тоа се потребни одредени услови.rnrn6 причини зошто НЕ би требало да бидете „само пријатели“rnrnПогледнете ги наредниве 6 значи кои укажуваат дека „Ајде да бидеме пријатели“ не е добра опција за вас:rnrn1. Еден од вас навистина верува во ова пријателство, додека другиот не е воопшто заинтересиран за другарување. Кога се случува ова, како што се убедувате себеси дека тој/таа навистина сака да останете пријатели, вашиот бивш партнер се обидува на сите начини да ја врати вашата врска во живот. Оваа состојба понекогаш знае да биде полоша и од самото раскинување и може да се одложува со месеци. Едноставно кажете „не“.rnrn2. Вие никогаш не сте ги поставиле основите кои се потребни за едно пријателство. Романтичните врски кои се распаѓаат поради фактот дека сте немале ништо заедничко освен физичката привлечност или затоа што едноставно не сте можеле да комуницирате без да го повишите тонот, нема да можат да доведат ни до добро пријателство. Не се залажувајте. Размислете, дали некогаш постоело вистинско пријателство меѓу вас кое вреди да се спаси? Ако одговорот е негативен, тогаш ништо добро не може да излезе од оваа ситуација.rnrn3. Постои недостаток на взаемно почитување. Можеби вашата врска никогаш не изобилувала со почит или пак, можеби таа едноставно целосно исчезнала по самото раскинување. Без разлика, како би можеле да ја изградите оваа почит за време на платонско пријателство? И зошто би сакале да го сторите тоа?rnrn4. Постоела емоционална или физичка злоупотреба во врската. Основниот критериум за создавање на пријателство во кое целосно се отфрлени романсата и сексот е способноста да му/ѝ верувате дека тој/таа нема да ве повреди. Кога веќе сте имале романтична врска во која имало насилство, не можете да верувате дека оваа личност ќе почне да се однесува кон вас на друг начин само затоа што сега сте „пријатели и ништо повеќе“. Всушност, ова може да биде навистина опасна ситуација, бидејќи оној кој злоупотребувал ќе продолжи тоа да го прави и во пријателството. Доколку не можете да се справите со оваа ситуација, можеби би требало да побарате професионална помош и поддршка.rnrn5. Еден или двајцата сте екстремно љубоморни и посесивни доколку другиот почне со нова љубовна врска. Ова е причината зошто здравите пријателства по раскинувањето често се тешки за одржување. Дали навистина верувате дека ќе бидете во ред доколку личноста која некогаш сте мислеле дека е „вистинската“ ви раскажува за својата нова љубов? Зошто би сакале да поминувате низ тоа? Од друга страна пак, колку вие би биле способни да му/ѝ раскажувате за вашата нова врска која станува сериозна? Можеби, со тек на време ова би можело да се случи, но сигурно не веднаш по раскинувањето. А токму тоа нè води кон следната точка.rnrn6. Сè уште не сте ѝ дозволиле на вашата врска да згасне природно. Дури и да имате чувство дека би можеле да бидете долгогодишни пријатели, сепак би требало да си дадете малку време и простор на самите себе. Во спротивно, вашето пријателство ќе биде под големо влијание на последиците од вашата пропадната романса. Сите емоции кои ќе се движат низ вашето тело за време на првите неколку недели по раскинувањето ќе ви направат потешкотии при градењето на новото пријателство. Прво мора да се вратите на онаа личност која сте биле кога сте биле сингл, а потоа треба да одлучите дали платноската поврзаноста е добра за вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 нешта кои никогаш не треба да ги правите на Фејсбук

    5 нешта кои никогаш не треба да ги правите на Фејсбук

    Фејсбук е навистина моќна алатка кога станува збор за поврзување со вашата фамилија и пријателите, но тој исто така има и темна страна. Доколку се борите со чувства на љубомора, несигурност, депресија или лутина кои се предизвикани од страна на комуницирањето на Фејсбук, не грижете сè, не сте единствени. Токму затоа, доколку сакате да ги избегнете овие чувства, потребно е да престанете да ги правите наредниве неколку нешта на Фејсбук…rnrn5 нешта кои никогаш не треба да ги правите на Фејсбукrn

    1. Не го шпионирајте вашиот партнер преку Фејсбук

    rnДоколку сте во романтична врска и имате проблеми со довербата, многу е лесно да започнете да го шпионирате вашиот партнер со помош на Фејсбук. Некои луѓе дури и ги надминуваат сите граници, па токму затоа тајно се вклучуваат во акаунтот на нивниот партнер со цел да им ги читаат пораките. Верувајте, ова никогаш не завршува добро. Доколку се чувствувате несигурно или имате проблеми со довербата кон вашиот партнер, не барајте одговори на вашите прашања на Фејсбук. Наместо тоа, обидете се да разговарате лице в лице и заедно со вашиот партнер, смирено да ги решите вашите проблеми.rnrnИмајте на ум дека понекогаш дури и ако немате проблеми со довербата, константното проверување на неговиот/нејзиниот профил може да доведе до појава на неоснована љубомора која исто така може да има негативен ефект врз вашата врска.rn

    2. Не го споредувајте вашиот живот со оној на вашите пријатели преку Фејсбук

    rnНикогаш порано не сме имале можност да ги набљудуваме и анализираме деталите од животите на луѓето кои ги познаваме, но и покрај тоа што изгледа како тие да ни отвориле врата кон нивниот живот, работите не секогаш се онакви како што изгледаат. Фотографиите кои вашите пријатели одлучуваат јавно да ги споделат се внимателно одбрани и ја покажуваат само позитивната страна од сите нивни доживувања. Размислете, на Фејсбук, никој никогаш нема лош ден.rnrnМожеби е забавно да се разгледуваат фотографиите од авантурите на вашите пријатели, но доколку не внимавате тоа може да се претвори во опсесија која ќе направи да се чувствувате како вашиот живот да е досаден и монотон. Токму затоа наместо да го споредувате вашиот живот со оној на вашите пријатели, обидете се да се одјавите од Фејсбук и да си направите ваша луда авантура. Направете нешто ново, исполнете го вашето секојдневие и задржете си ги овие сеќавања за вас. Доколку сте навистина задоволни од вашата сегашност, вие нема да имате потреба да ги покажувате вашите постигнувања на Фејсбук ниту пак, ќе бидете заинтересирани за фотографиите на вашите Фејсбук пријатели.rn

    3. Не напаѓајте друга личност преку Фејсбук

    rnФејсбук не е форум на кој можете да го истурите вашиот бес. Доколку имате потреба да нападнете одредена личност на социјална мрежа, можеби е време да земете длабоко воздух и да го исклучите компјутерот. Размислете малку, зарем би сакале да ги покажувате јавно вашите лични проблеми за сите луѓе да можат да ги можат да ги прочитаат? Постои едно златно правило кое сите би требало да го почитуваме:rn

    „Доколку не сакате тоа да биде објавено на насловната страна на весник, не го пишувајте!“

    rn

    4. Не започнувате сериозен разговор за вашата врска на Фејсбук

    rnФејсбук, исто како и СМС-пораките, може да доведе до огромни недоразбирања. Доволен е само еден коментар кој е погрешно сфатен за да се појават чувства на тага, лутина или огорченост кои понатаму можат само негативно да влијаат врз вашата врска. Едноставно е невозможно секогаш да можете да го претпоставите тонот со кој била напишана пораката, бидејќи Фејсбук е јавна и најчесто неформална платформа за комуникација, па токму затоа кога станува збор за сериозен разговор, трудете се да го направите офлајн и во 4 четири очи. На овој начин ќе ги избегнете сите оние нешта кои можат да доведат до непотребни недоразбирања.rn

    5. Не ги „демнете“ луѓето кои ве привлекуваат преку Фејсбук

    rnОва правило важи за сите оние кои не се во врска. „Демнењето“ преку Фејсбук ги зацврстува сите оние несигурности кои веќе ги чувствувате во себе, а токму тоа може да доведе до намалување на вашата самодоверба и среќа. Токму затоа бидете малку старомодни и фокусирајте се на организирањето средби во реалниот свет, како на пример, социјални настани, спортски настани или пак, излегување со група пријатели. Верувале или не, поголеми се шансите на овој начин да започнете врска со личноста која ви се допаѓа, отколку доколку бескрајно чекате тој/таа да ви пише порака само затоа што вие сте му/ѝ лајкнале одреден статус…

  • Која е разликата помеѓу зависта и љубомората?

    Која е разликата помеѓу зависта и љубомората?

    Зависта и љубомората се две различни емоции кои честопати се мешаат. Можете да прашате десет луѓе за разликата помеѓу нив и ќе добиете десет различни одговори. Но, во психологијата се прави јасно разграничување помеѓу двете.rnrnКоја е разликата помеѓу зависта и љубомората?rnrnЗависта е емоција која се јавува кога кај некого ќе забележиме нешто што нам ни недостасува.rnrnЗа разлика од неа, љубомората се јавува кога нешто што веќе го имаме го чувствуваме како загрозено од нешто трето.rnrnВо ситуацијата на зависта има само две личности: едната која има нешто и друга која завидува затоа што чувствува дека тоа нешто ѝ недостасува.rnrnПри љубомората има три личности: една која има посебна врска со некого и која чувствува дека таа врска станува загрозена поради некој трет.rnrnПример за завист е кога посакувате да имате убава долга коса како вашата другарка, да заработувате како вашата братучетка или добро да играте кошарка како вашиот пријател. Тоа често се меша со љубомора, но не се работи за тоа.rnrnЉубомора постои кога ќе забележите дека вашата девојка или момче гласно се смее на нечии шеги и сметате дека таа трета личност може да ги наруши односите во врската за која вие се залагате.rnrnПостои можност да се јават и двете емоции одеднаш, кога врската ви е загрозена од личност на која ѝ завидувате за нешто, а тоа може да биде тешко и интензивно емоционално искуство.