Има некои работи кои девојките можеби ги прават сосема несвесно, но тоа многу лошо влијае врз нивните момчиња. Не станува збор за нивна помала самодоверба, туку едноставно најголемиот дел од мажите имаат потреба да ја совладаат конкуренцијата и да бидат први, единствени и најдобри. Иако можеби нема да ви каже или покаже, кога правите една од следните 10 работи, во главата на вашиот партнер почнуваат да се мотаат секакви мисли, исполнети со лутина, нервоза, недоверба, инает, љубомора…rnrn
rn
1. Флерт со други момчиња
rnКога флертувате со други момци пред него, тогаш во неговата глава се одвива вистински хорор. Мажите во тие моменти реагираат најразлично, во зависност од нивниот темперамент и карактер, но внимавајте во негова близина да нема остри, ниту тапи предмети.rn
2. Се смеете на туѓи шеги
rnОва е една работа која комплетно ги излудува момците. Ако го прашате него, веројатно ќе ви одговори дека само тој има право да измами насмевка на вашето лице.rn
3. Женски излегувања
rnФактот дека мажите не знаат што точно се случува за време на вечерните дружења со жени е доволна причина да чувствуваат несигурност. Додека седи сам, во главата си замислува како ви приоѓаат и ви се додворуваат десетици момци таа вечер.rn
4. Ви се допаѓаат познати личности кои изгледаат подобро од него
rnЗнаете ли зошто некои момци едноставно не можат да поднесат некој актер, пејач, фудбалер? Па, поради вас. Поради нешто што вие сте кажале или сте направиле поврзано со таа позната јавна личност. Поради оној ваш излив на емоции кога ќе го видите на малите ТВ екрани. Ете, токму поради тоа.rn
5. Кога споменувате други момци само по нивното име, без објаснување
rnДоколку на вашето момче му раскажувате одредена случка од работа, внимавајте како ги употребувате зборовите. Ако ја почнете реченицата со „Оној Горан од работа“ или „Горан од мојот оддел“ тогаш е во ред, но доколку започнете со „Како ме изнасмеа денеска Горан“, тогаш создавате хаос во неговата глава.rn
6. Праќате пораки на други момци
rnТој полудува во моментот кога сфаќа дека праќате порака на друго момче, без оглед за каква содржина станува збор.rn
7. Најдобриот пријател не ви е девојка, туку момче
rnНема врска колку долго се познавате со вашиот другар и колку сте „само другари“. Вашиот партнер сигурно веќе неколку пати си помислил дека веројатно сте имале интимни односи, некогаш одамна. Еднаш, некогаш, случајно. За таквото размислување обвинете ги стереотипните романтични комедии.rn
8. Се сеќавате на позитивни спомени од поранешните момчиња
rnКога ќе споменете некое ваше поранешно момче во некоја позитивна конотација тогаш се создава страв и несигурност кај вашиот партнер. Почнува да размислува дали можеби сè уште сте заљубени во тоа момче, дали е можеби тој подобар од него. Доколку добро погледнете, ќе забележите суптилен бес во неговите очи.rn
9. Слободните денови ги користите за одмор со пријателите
rnТоа е време кое сте можеле да го минете со него. Ако е повлечена личност и сака да поминува време сам со себе, тогаш нема да има некои големи реакции, но доколку е дружељубив веднаш ќе ве праша зошто не го земате со вас.rn
10. Доколку не го поддржувате во кавгите со други луѓе
rnБез оглед дали сметате дека е во право или не, секогаш пред другите треба да го поддржувате. Доколку застанете на страната на неговите родители, браќа, сестри, пријатели, колеги, тогаш навистина ќе се чувствува повреден.

rn

rnrnЕднаш дневно го отворате неговиот Фејсбук профил. Ништо сериозно, само една од основните претпазливи мерки. Чисто онака колку да видите дали има некои сомнителни коментари со двосмислена содржина и со колку и какви девојки станал пријател. Ова е нешто што редовно се случува дури и целосно да му верувате на партнерот, така што одвај влегува во скалата за мерење љубомора.rn
rnrnКога прв пат ќе забележите дека флертува со келнерката, немојте веднаш да донесувате заклучоци. Останете прибрани и добро набљудувајте ја ситуацијата. Пред да го преплавите со непотребни прашања, обидете се сами да процените дали е едноставно шармантен или навистина има задни намери. Понекогаш добро е да побарате и второ мислење, но останете доследни на вашата проценка бидејќи сите имаме различна перцепција на нештата. Во секој случај не се опседнувајте поради ова, сè уште сè се одвива во границите на нормалата.rn
rnrnВторото ниво може лесно да ескалира во наредното доколку тоа прво чувство на љубомора не исчезне. Почнувате постојано да се прашувате дали е верен, па се обидувате одговорите што ве интересираат да ги добиете преку секојдневен разговор, меѓу редови. Тој сè уште не може да забележи дека сте љубоморни, но тоа полека станува дел од вашата врска.rn
rnrnЉубомората сега веќе станува видливо присутна. Вие имате мисија по секоја цена да најдете нешто сомнително, дури и ако во реалноста нема ништо такво. Одвај чекате да отиде до тоалет за да го грабнете телефонот. Ниту пасвордот не може да ве сопре да дознаете со кого уште зборува во доцните часови.rn
rnrnНа ова ниво љубомората веќе преминала во злоба. Порано ви се допаѓаше што секогаш е среден, но сега се прашувате за кого се облекува толку убаво. Му давате двосмислени комплименти за неговата нова фризура и го прашувате зошто токму тој добил унапредување на работа. Немојте да мислите дека ваквото однесување е нормално. Веќе ги преминавте границите на нормалата.rn
rnrnОд оваа фаза веќе нема враќање назад. Официјално ја добивте титулата за љубоморна девојка. Честитки! Се појавувате на секој настан каде што оди тој и се преправате дека се работи за случајност. Вие само сакате да бидете сигурни дека не зборува со други девојки, но не е неопходно тој да знае за тоа. Во овој момент неговите другари се обидуваат да го убедат дека комплетно сте го изгубиле разумот.rn
rnrnВо последните неколку месеци имате пропуштено безброј излегувања со другарките поради вашите прогонувања и шпионирања. Тој сака да оди сам на викенд со другарите, но вие сте решени да дојдете со него. Одвај му дозволувате сам да излезе од соба и секогаш гледате да е барем на метар оддалеченост од друга девојка.rn
rnrnВоопшто не сте сигурни во себеси и целосно имате изгубено допир со реалноста. Вие сте опседнати и единственото нешто што го задржува во оваа врска е неговите чувства за вас. Постојано му создавате грижа на совест и тој се чувствува обврзан да ја искажува неговата љубов речиси секој ден. Вака само го оддалечувате од себе, а неговите емоции избледуваат сè повеќе и повеќе.rn
rnrnАко има барем грам памет, полека ќе почне да се оддалечува од вас. А вам веќе воопшто не ви е грижа за како другите ве гледаат. Едноставно се јавувате на неговата најдобра пријателка и без предупредување ја прашувате дали спие со вашето момче.rn
rnrnЕпа тоа е тоа. Зеленоокото чудовиште излезе од својата пештера и спремно е за напад. Ги поминавте сите нивоа на љубомора од беснеење без никаква причина до појавување на секоја можна локација каде што тој се наоѓа. Не го ни сакате повеќе, само не сакате никој друг да биде со него. Запаметете дека нема победник во оваа изопачена игра на љубомората.rnrnДоколку се пронајдовте во првите три нивоа сè уште се движите во границите на нормалата и сосема е во ред да ви се случуваат такви работи. Но, ако забележите дека со текот на времето чувството на љубомора наместо да се намали или барем да стагнира, сè повеќе расте и евентуално ќе кулминира, преземете мерки на време. Не пуштајте го Зеленоокото чудовиште надвор од неговото засолниште. Размислувајте рационално и разговарајте со вашиот партнер. Повеќето работи се најчесто плод на нашата бујна имагинација. Ќе се изненадите од тоа колку лесно еден обичен разговор може да го реши проблемот и да ги успокои вашите грижи.








rn

