КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубомора

  • За посреќен и поздрав живот, престанете да им судите на другите

    За посреќен и поздрав живот, престанете да им судите на другите

    Сигурно ви се има случено да судите некому. Дали знаете дека со тоа само си ги трошите времето и енергијата? Размислете дали тоа судење го направило вашиот живот подобар. Сигурно не. Можеби ве направило гневни и љубоморни. Ако сте ја фокусирале таа енергија на нешто продуктивно, би ви било многу подобро.rnrnza-posrekjen-i-pozdrav-zhivot-prestanete-da-im-sudite-na-drugite-kafepauza.mkrnrnСудењето на другите, особено за работи што не ве засегаат, само ќе ја влоши ситуацијата. Но како да го избегнете тоа? За повеќето од нас, судењето ни е вградено. Ги судиме сите, од странецот на улица, до колегата па и јавните личности, без воопшто да имаме информации за нив. Може да биде навистина тешко да одолеете, но кога ќе сфатите каква штета ви прави судењето, веднаш ќе сакате да го исфрлите од вашиот систем.rn

    Судењето прави да ги изгубите пријателите

    rnШто барате во добар пријател? Веројатно сочувство, разбирање и поддршка. Но судењето води до спротивностите од овие работи. Кога секогаш ги барате негативните работи кај другите, не можете да ги видите позитивните. Ова може секому да му се случи. Понекогаш судиме без воопшто да размислиме, а ова создава ѕид помеѓу нас и нашите пријатели.rn

    Кога им судите на другите не можете да научите ништо од нив

    rnСудењето многу често потекнува од љубомора. Им судиме на другите за да се утешиме бидејќи ја гледаме таа личност како наш противник. Сакаме да се убедиме дека таа личност не е подобра од нас. Замислете дека имате колега кој му е омилен на вашиот шеф. Знаете дека е вреден, дека го заслужува вниманието кое го добива. Можете да го прифатите тоа, но сепак се обидувате да најдете недостатоци и да покажете дека вие сте подобри. Дали ова е добро за вас? Или пак подобро е да научите нешто од овој колега? Можеби сте подобри во некои работи од другите, но имајте на ум дека некој друг е подобар во нешто друго. Престанете да се споредувате и обидете се да научите нешто.rn

    Кога им судите на другите не сте отворени кон нови искуства

    rnНашите мислења обично се основани поради нашите претходни искуства. Често мислиме дека она што работело за некој друг ќе работи и за нас. Проблемот е што после неколку искуства, луѓето сметаат дека знаат сè и дека имаат право да им судат на другите. Постои нарушување каде што луѓето развиваат лажна супериорност. Тие имаат преголема самодоверба и мислат лошо за сите други. Се разбира, вашите искуства ве научиле многу, но имајте на ум дека на светот има толку многу луѓе со толку различни искуства и дека секој е различен. Размислете колку сте научиле од вашите искуства. Сега размислете колку можете да научите од искуствата на другите.rn

    Судењето ги оштетува вашите среќа и здравје

    rnЕдно истражување го потврдило верувањето дека негативната перцепција на другите може да предизвика антисоцијално однесување. Склоноста да ги гледате другите негативно може да го зголеми ризикот од депресија и други нарушувања. Може да биде тешко да ги замолчите сите негативни гласови наеднаш. Но можете да го правите тоа полека. Секогаш размислете добро пред да формирате негативно мислење за некого. Не се откажувајте. За кратко време ќе сфатите дека сте ја изгубиле навиката да им судите на другите. А поради тоа ќе бидете навистина среќна и позитивна личност.rnrnОвие совети ќе ви помогнат да престанете да им судите на другите.

  • 12 знаци кои ќе ви помогнат да забележите дали некој ви љубомори

    12 знаци кои ќе ви помогнат да забележите дали некој ви љубомори

    Секој од нас се чувствува убаво кога ќе постигне некоја цел. За жал, постојат луѓе кои не можат да се радуваат за другите и пробуваат да им ја уништат радоста. Ова се луѓето кои навидум ви посакуваат сè најдобро, но всушност се љубоморни на вашиот успех. Не е лесно да препознаете и да се справите со љубоморна личност, но овие 12 знаци и совети ќе ви помогнат во тоа.rnrn12-znaci-koi-kje-vi-pomognat-da-zabelezhite-dali-nekoj-vi-ljubomori-kafepauza.mkrn

    1. Имитација

    rnЛичноста која е љубоморна на вашата кариера, вашите врски, вашата облека и слично, ќе направи сè за да биде како вас, па дури и ќе ве имитира. Оскар Вајлд рекол дека имитацијата е најискрената форма на ласкање, но може навистина да ве иритира кога некој ви ги краде идеите. Наместо да се лутите, најдобро е да им помогнете на овие личности да се пронајдат себеси. Објаснете им зошто е важно да бидат свои ако сакаат да успеат.rn

    2. Лажни комплименти

    rnЉубоморните личности ќе се однесуваат како да ве ценат, но штом ќе го свртите грбот тие ќе почнат да ве озборуваат. Наместо да се ослободат од љубомората тие ќе се однесуваат како да не им е грижа. Немојте да се спуштате на нивно ниво и ценете ги за нивниот успех кога ќе го заслужат тоа.rn

    3. Омаловажување на вашиот успех

    rnОвие луѓе постојано ќе се обидуваат да ги намалат вашите достигнувања, а понекогаш знаат да бидат и сурови. Запомнете дека нема потреба да се обидувате да им објаснувате бидејќи тоа нема да направи разлика. Сепак, вашите успеси се за вас.rn

    4. Посочување на грешките

    rnАко направите и најмала грешка, љубоморните луѓе се првите кои ќе ви го кажат тоа. Дури и вашиот најмал неуспех прави тие да се чувствуваат убаво и задоволно. Не дозволувајте нивните зборови да имаат влијание на вас. Сè додека сте на правиот пат, не може ништо да застане помеѓу вас и вашиот успех.rn

    5. Не се добри пријатели

    rnОбично ќе забележите кога луѓето се дружат со вас само кога сте успешни. Ако вашиот успех се намали, тие веднаш ќе исчезнат од вашиот живот. Но, љубоморните луѓе се поинакви. Штом ќе забележат дека успевате тие ќе почнат да се повлекуваат. Вашиот успех ќе ја зголемува нивната љубомора и ќе ја намалува нивната самодоверба.rn

    6. Вие сте ривали во нивните очи

    rnЉубоморните луѓе ќе се натпреваруваат со вас бидејќи тие сакаат да бидат подобри. Не дозволувајте да ве провоцираат. Ова ривалство често е нездраво, а љубоморните луѓе користат подмолни тактики за да ве повлечат надолу.rn

    7. Ширење гласини

    rnОвие луѓе ќе ја искористат секоја можност за да зборуваат зад вашиот грб. Тие не размислуваат за тоа какви гласини ќе рашират за вас. Немојте да паднете под влијание на овие луѓе. Обидете се да ги замолите да престанат со ширењето гласини без расправање.rn

    8. Наоѓаат мани

    rnБидејќи љубоморните луѓе сметаат дека сè сте постигнале со среќа, тие постојано ќе ве критикуваат. Нив не им е важно дали сте работеле напорно. Дури и ќе измислуваат работи само за вие да се чувствувате лошо.rn

    9. Ве мразат без причина

    rnЉубоморните луѓе секогаш ќе ве презираат, и тоа не е ваша вина. Тие копнеат по вашиот успех, па кога го немаат ве мразат за тоа. Единствениот начин да се справите со ова е да се однесувате културно со нив за да не ви наштетат.rn

    10. Ќе се обидат да ве изолираат од другите

    rnЉубоморните луѓе ќе се обидуваат да ве одделат од луѓето кои најмногу ги сакате. Ќе се осигурат дека немате поддршка за подоцна полесно да ве уништат. Тие може да влијаат на вашите романтични, семејни па дури и пријателски врски.rn

    11. Не го покажуваат нивното вистинско лице

    rnНе очекувајте овие луѓе да бидат искрени со вас. Тие секогаш ќе се преправаат дека се радуваат за вас и дека ви посакуваат само среќа. Но имајте на ум дека не мислат ниту еден збор од тоа што ви го кажуваат.rn

    12. Ве саботираат преку нивните совети

    rnСовеста на љубоморните луѓе не работи кога се обидуваат да ви го украдат успехот. Тие може да ви го дадат најлошиот совет со надеж дека ќе го искористите и нема да успеете во посакуваната цел.rnrnПогледнете и кои знаци покажуваат дека вашите пријатели ви љубоморат.

  • Предностите на негативните емоции: Како да ја претворите зависта во мотивација?

    Предностите на негативните емоции: Како да ја претворите зависта во мотивација?

    Сите ние сме луѓе кои се оформени од чувства и емоции. Начинот на кој се однесуваме и комуницираме со другите покажува какви сме. Сите поминуваме низ позитивни и негативни емоции, но тоа не значи дека чувствуваме сè одеднаш. Љубомората и зависта се можеби најнепријатните емоции кои имаат негативни аспекти.rnrnprednostite-na-ljubmorata-kako-da-ja-pretvorite-zavista-vo-motivacija-kafepauza.mkrnrnОвие емоции се негативен одговор на делата на некоја личност, или пак на некој настан. Иако изгледаат исто, зависта и љубомората имаат неколку разлики. Зависта е емоцијата која ве тера да посакувате нешто туѓо. Таа се фокусира на негативноста на една личност. Од друга страна, љубомората е на некој начин страв од губење нешто. Таа се фокусира на ривалството. Љубомората е негативна емоција, но зависта може да има и свои предности.rnrnПричините за завист може да бидат различни. Некои луѓе сметаат дека успехот на другите не е фер. Други пак мислат дека некој друг е одговорен за нивниот неуспех. Некои истражувања покажале дека нашиот мозок реагира на зависта како таа да е физичка болка.rnrnВо продолжение следуваат неколку совети за тоа како да ја претворите зависта во ваш пријател и како да ја искористите во ваша корист. Најпрво треба да ја откриете причината за нејзиното појавување, а потоа направете стратегија за да ја искористите.rn

    1. Научете лекција

    rnСекоја приказна за успех може многу да ве научи. Размислете за работите кои ќе ви помогнат и кои можете да ги употребите во ваша корист.rn

    2. Размислете за вашите грешки

    rnЗапрашајте се за работите што сте ги оставиле. Можеби и вие ги имате истите способности како вашиот ривал, но на некој начин сте ја испуштиле можноста. Анализирајте го патот на успехот на вашиот ривал.rn

    3. Поставете си правилни стандарди

    rnЗа да постигнете нешто, важно е да си поставите реални стандарди. Можеби вашите биле премногу ниски, па имале негативно влијание на вашиот напредок. Или пак сте имале превисоки очекувања кои било невозможно да ги постигнете.rn

    4. Признајте го успехот на вашите ривали

    rnМожеби најтешкото нешто е признанието за успехот на вашиот соперник. Ќе најдете сила кога ќе признаете дека некој друг успеал. Тогаш ќе можете да размислувате чисто. Полесно ќе откриете на кој начин успеале другите луѓе.rn

    5. Почнете да им се восхитувате на другите

    rnТреба да знаете како да ја претворите зависта во восхит. Наместо да ги мразите луѓето поради нивниот успех, научете како да им се воодушевувате за постигнатото и научете нешто од нив.rn

    6. Имитирајте ги ривалите

    rnШтом вашиот соперник стигнал до својата цел, значи неговите методи биле правилни. Обидете се да го повторите неговиот пат до успехот, но како што ќе се движите адаптирајте го на своите потреби.rn

    7. Одредете точка од која нема враќање

    rnОчигледно е дека и вашите соперници имале по некој неуспех. Откријте ги овие грешки и немојте да ги повторувате.rnrnОвие совети навистина ќе ви користат. Секогаш имајте на ум дека и вие можете да ја постигнете посакуваната цел. Разгледајте ја ситуацијата од повеќе аспекти и разгледајте го патот на успехот на другите. Споредете ги нивните методи со вашите и почнете да работите на себе. Исто така, немојте да ги заборавите вашите силни страни и секогаш употребувајте ги. Наскоро и вие ќе го славите успехот, и вие ќе восхитите некој друг.rnrnПогледнете и кои се токсичните чувства од кои треба да се ослободите.

  • Вашиот хороскопски знак ја открива причината поради која луѓето најчесто ви се љубоморни

    Вашиот хороскопски знак ја открива причината поради која луѓето најчесто ви се љубоморни

    Секој хороскопски знак има свои специфични предности и добри страни, кои се преплетуваат со недостатоците и слабостите и ја даваат онаа препознатливост по која можете да споредите различни особини на ист знак. Хороскопот открива сплет на особини заради кои другите ви завидуваат, бидејќи не може да бидат како вас.rnrn1-horoskopot-otkriva-zoshto-drugite-lugje-vi-ljubomorat-www.kafepazua.mk_rn

    Овен

    rnЛичностите кои се родени во знакот Овен ја имаат онаа енергија и издржливост, која поголемиот дел од останатите ја немаат и која им недостига кога им е најпотребна. Овенот поттикнува, постојано е во акција, не го држи едно место, со него никогаш не е досадно, неговата енергија е инспиративна и моќна. На Овните не им недостига шарм и самодоверба и се чувствуваат добро во толпа од непознати луѓе. Тие на нив гледаат како идни пријатели, соработници и познаници.rn

    Бик

    rnНа Биковите обично им се завидува на независноста. А, она од што тотално не зависат е туѓото мислење. Секој од нас понекогаш вели дека не му е грижа што мислат другите, но Бикот навистина го мисли тоа и го прави она што го сака, поточно онака како што сака, не чекајќи ничие одобрување или охрабрување. Бикот верува во себе, го слуша своето срце и е многу мотивиран.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се креативни, генијални, способни, шармантни, талентирани, чиј ум е бистар поток, чии раце се брзи и вешти и кои умеат со сопствени раце да создадат нешто од сопствената идеја. Тие имаат среќни раце кога ќе се зафатат со нешто и умеат да го наплатат својот талент и знаење, заради што останатите талентирани и учени силно им завидуваат.rnrn2-horoskopot-otkriva-zoshto-drugite-lugje-vi-ljubomorat-www.kafepazua.mk_rn

    Рак

    rnПознат по своите капацитети за љубов, Ракот е некој кој сака најмногу, најдлабоко и најцелосно. Зошто некој би му завидувал на тоа, кога со таа способност за љубов доаѓа и отвореноста за повредување и патење? Па, бившите партнери им завидуваат кога тие после нив почнуваат нова врска со друга личност. rn

    Лав

    rnПристојните луѓе им завидуваат на Лавовите како да им одземале нешто што тие го постигнуваат со леснотија. Кога е некој трн во окото, бидејќи со леснотија му течат работите и плус собира заслуги за она за кое вие најмногу се трудите, а не добивате ништо, тој е најверојатно Лав во хороскоп. А тоа значи дека умеел да се наметне како компетентен и дека барал неговата компетенција да се вреднува и наградува. Лавот го бара само она што му е потребно и не чека некој да се сети да му го понуди, а ние останатите можеме само да се нервираме заради тоа.rn

    Девица

    rnДевиците знаат како никој друг да соберат два и два. Сите го знаат резултатот, но аналитичкиот ум на Девицата и нејзината смиреност го земаат предвид секој аспект на таа едноставна задача и затоа се одлични при детектирањето на проблемите и во нивното решавање. Сите ги сакаат во својот тим, бидејќи продираат во суштината и заради таа особина ги сакаат и професорите, пријателите, шефовите, па дури и емотивните партнери, а им завидуваат сите останати.rnrn3-horoskopot-otkriva-zoshto-drugite-lugje-vi-ljubomorat-www.kafepazua.mk_rn

    Вага

    rnЛуѓето им се љубоморни на Вагите, бидејќи имаат толку многу пријатели и тоа добри. Толку сјајни и квалитетни личности ја познаваат таа Вага и имаат најдобро мислење за неа. Бидејќи таа не собира трофеи, туку со својот такт, љубезност, внимание и искреност прави секој покрај неа да се чувствува како посебно суштество на светот – сакано и драгоцено.rn

    Скорпија

    rnСкорпијата е сѐ спротивно од пасивност – нејзиниот чекор е енергичен и напорот кој го презема воопшто не делува како напор. Никој не е толку фокусиран, толку мотивиран и толку упорен кога нешто сака, како што е Скорпијата. Страста која ѝ дава енергија не може да се научи, или ја имате или ѝ завидувате на туѓата.rn

    Стрелец

    rnКога ќе го посакаат тоа, Стрелците се најзабавните личности на светот, а тоа е комплексна особина заради која многу срамежливите и затворени личности бескрајно им завидуваат. Не постои таа грижа од која нема да ве извлечат после својата саркастична забелешка и начинот на кој го набљудуваат светот – сѐ што постои е тука за тие да се забавуваат најдобро што можат, а патем и сите оние кои се во нивна близина.rnrnrn

    Јарец

    rnСтроги и пристојни, Јарците предизвикуваат восхит и завист со својата способност да бидат вистински борци кога е во прашање нешто за коешто се грижат. Негативна особина? Не, тоа е дар, па затоа им завидуваме. Тие не заминуваат на спиење посакувајќи да направеле нешто подобро или да направеле барем нешто, бидејќи тие го прават тоа што го сакаат, а ако квалитетот на направеното не зависи само од нив, ќе бидат упорни додека сите околу нив не ја истиснат последната капка напор и залагање, мразејќи ги што се тирани и завидувајќи им на способноста да истераат по свое.rn

    Водолија

    rnАко некој ѝ завидува на Водолијата, најверојатно и не знае зошто ѝ завидува. Можеби на мирот и на достоинството. Никој нема да помисли дека ѝ завидува на Водолијата затоа што е толку подбра и покомпетентна од него, посветена на нематеријалните вредности кои ја обвиваат. А, Водолиите имаат срце кое е во состојба да се грижи за целиот свет и тие често го прават тоа на разни начини, давајќи му свој придонес на човештвото низ разни облици на активизам.rn

    Риби

    rnРибите се тивки креативци кои можеби нè оставаат добар впечаток од прв пат и кои треба да ги откриете, но може да им се завидува на таа нивна способност да живеат во својот совршен свет и понекогаш од него да изнесат по некој бисер, без никаква бучава и слава. Ако некој од прв пат им завидува на Рибите, ќе заврши восхитувајќи им се и почитувајќи ги.rnrnОсвен особината заради која ви завидуваат, дознајте уште неколку најпозитивни особина на секој хороскопски знак.

  • Дознајте кои хороскопски знаци не се воопшто љубоморни

    Дознајте кои хороскопски знаци не се воопшто љубоморни

    Постојат луѓе кои стануваат љубоморни за сѐ и сешто. Доволни се една насмевка или сомнителен поглед за да избувнат и да ја покажат нивната несигурност. За жал, љубомората навистина може да ја уништи врската. Сепак, има и луѓе кои многу ретко стануваат љубоморни. Тоа е така најчесто затоа што имаат многу други поважни проблеми и ако им дадете причина да бидат љубоморни, најверојатно уште веднаш ќе ја прекинат врската. Постојат неколку хороскопски знаци кои никогаш не се љубоморни, бидејќи знаат дека нивните партнери или се верни или не се и нема потреба да размислуваат за тоа. Погледнете за кои знаци станува збор и дознајте дали и вие сте едни од нив…rnrnДознајте кои хороскопски знаци не се воопшто љубоморниrn

    Овен

    rnОвните се грижат само за себе и за никој друг. Нивниот распоред е секогаш полн со настани и обврски и тие едноставно немаат време да бидат љубоморни. Тие постојано напредуваат во животот, излегуваат и запознаваат нови луѓе. Овните исто така знаат дека ако се дружите со некого или се однесувате љубезно кон некого, не значи дека тука постојат некакви задни намери. Освен тоа, припадниците на овој знак веруваат дека љубомората е знак на несигурност. Ако не верувате во себе и во врската, тогаш мора да промените нешто.rn

    Стрелец

    rnСтрелците живеат од ден за ден. Од моментот кога ќе се разбудат па сѐ до крајот на денот, тие само сакаат да уживаат. Љубомората за нив значи дека ќе мора да пропуштат дел од сегашноста, а тоа никако не сакаат да го направат. Со оглед на тоа што се многу слободоумни, вистинско чудо е доколку Стрелецот воопшто се согласи на врска. Според нив, љубомората е една од главните причини зошто одбегнуваат да започнуваат врски. Не им треба дополнителен причинител на стрес во животот.rn

    Водолија

    rnВодолиите се многу независни луѓе кои сакаат да си останат доследни на себе. Тие најпрво стануваат пријатели пред да започнат што било друго и не гледаат потреба од љубоморни испади. Ако не стануваат љубоморни поради работите што ги прават нивните пријатели, зошто би љубомореле за истите работи што ги прават нивните партнери? Водолиите мразат кога некој се сомнева во нив, па затоа и тие се обидуваат да не се сомневаат во нивните сакани. Припадниците на овој знак не стануваат љубоморни, бидејќи не можат да најдат логично објаснување што би го оправдало нивното однесување.rnrnПрочитајте и кои хороскопски знаци се најсклони кон љубомора.

  • Хороскопски знаци кои се најсклони на љубомора

    Хороскопски знаци кои се најсклони на љубомора

    Љубомората е чувство кое е тешко да се контролира, но исто така е и многу нездрава, непродуктивна и прави да се чувствуваме исклучено и незадоволно. Сепак љубомората е природна и инстинктивна емоција што секој од нас ја искусува во текот на животот. Прочитајте дали вашиот знак е посклон кон љубомора од другите.rnrnhoroskopski-znaci-koi-se-najskloni-kon-ljubomora-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНа Овните им е потребна целосна доверба бидејќи тие ги презираат лажењето и лицемерието. Тие можат да станат многу љубоморни, а понекогаш се и жртви на неподнослива љубомора поради недостигот на верување и чувството на несигурност. Во вакви ситуации најдобро е да разговараат со нивните партнери наместо да бегаат од проблемот.rn

    Бик

    rnБиковите сакаат среќно семејство, како и здрав и хармоничен дом. Ако почувствуваат и најмал сомнеж тие ќе почнат да „истражуваат“ и можат да предизвикаат вистинска љубоморна сцена.rn

    Близнаци

    rnЛуѓето родени во овој знак не се склони кон љубомора, но понекогаш знаат да ја почувствуваат без некоја посебна причина. Близнаците се свесни дека се склони кон неверство, па претпоставуваат дека и другите не се толку верни. Овој сомнеж понекогаш ги тера да бараат докази за неверство и тоа ги прави многу несреќни.rn

    Рак

    rnРаковите речиси никогаш не чувствуваат љубомора бидејќи секогаш се лудо вљубени. Со нивната посветеност кон партнерот тие не можат ни да замислат дека би биле излажани. Но, кога ќе најдат причина да бидат љубоморни тоа може навистина да ги потресе. Ако Раковите научат да простуваат тие ќе бидат многу посреќни.rn

    Лав

    rnЛавовите обично се љубоморни поради нивната повредена гордост или поради стравот дека не се доволно љубени и почитувани. Па, кога Лавот ќе „заржи“, тоа повеќе го прави поради изгубената моќ отколку за изгубената љубов. Тие знаат да очекуваат премногу од нивните партнери.rn

    Девица

    rnНекои Девици уживаат кога ќе предизвикаат љубомора кај некој друг. Партнерот на Девицата порано или подоцна ќе почувствува дека има „споредна улога“ и ќе почне да се чувствува љубоморен.rn

    Вага

    rnВагите едноставно ги обожаваат нивните партнери. Тие воопшто не се љубоморни, но ако нивниот партнер ја искористи нивната толеранција, Вагите можат да станат непредвидливи и опасни. Најдоброто нешто што можат да го направат е да избегнуваат конфликти.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите зрачат со љубомора. Луѓето родени во овој знак се љубоморни на секој што застанал до нивниот партнер. Проблемот е во тоа што тие не можат да ги контролираат нивните чувства, дури и кога станува збор за љубомора.rn

    Стрелец

    rnСтрелците не признаваат дека се љубоморни бидејќи тоа би било под нивното достоинство. Но, тие никогаш нема да простат или да заборават неверство. Најдобро веднаш да ја тргнете и најмалата причина за љубомора кај Стрелците за да не претворите нешто во проблем без решение.rn

    Јарец

    rnЈарците не можат да простат или да заборават лошо искуство. Изненадувачки, тие не се многу љубоморни, па никогаш нема да ги истражуваат постапките на нивните партнери. Но, ако дознаат дека биле изневерени, тие ќе ја „треснат вратата“ и ќе ѝстават крај на врската.rn

    Водолија

    rnВодолиите не чувствуваат љубомора. Тие обично не страдаат, ама и кога страдаат ќе се обидат да го сокријат тоа. Штом ќе бидат изневерни нема да бараат причина за простување, тие едноставно ќе си заминат.rn

    Риби

    rnЉубомората е постојан придружник на Рибите. Луѓето родени во овој знак обично бараат многу љубов и внимание од нивните партнери. И кога нивните очекувања не се исполнети, Рибите се повлекуваат. Многу често не можат да простат дури и за најмалите грешки.rnrnПрочитајте го и точниот процент на љубомора кој го чувствува секој знак во љубовните врски.

  • 10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

    10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

    По секое раскинување, девојките се чувствуваат безвредно и несигурно. Па затоа, преболувањето вклучува и правење работи кои ќе ги потсетат поранешните партнери на она што го изгубиле. Тоа е сосема безопасно, сѐ додека не ги преминува границите на нормалата. Погледнете кои работи ги прават девојките за да предизвикаат љубомора кај бившите…rnrn10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившитеrn

    1. Прават селфи со нивната нова фризура

    rnНовата фризура е многу возбудлив настан во животот на секоја девојка. Кога конечно ќе ја бојадисате косата во боите на виножитото, секако дека тоа треба да се овековечи со фотографија на Инстаграм.rn

    2. Објавуваат стари секси фотографии

    rnМожеби за први април сте се маскирале во згодна жена мачка, па сакате да ги потсетите на тој ваш блескав момент сите ваши следбеници на Инстаграм, вклучувајќи го и вашиот поранешен партнер. Сега е време да ја објавите онаа фотографија по костим за капење од одморот пред 3 години! На тој начин ќе се потсетите дека отсекогаш сте биле прекрасни и дека нема од што да се срамите.rn

    3. Објавуваат мистериозни фотографии од ручек

    rnВие ручате заедно со вашата најдобра пријателка, но вашиот поранешен партнер не мора да го знае тоа. Вистинската пријателка ќе ви дозволи да ја исечете од фотографијата и да ја оставите само нејзината чинија на неа. Тоа ќе отвори многу прашања кај вашите следбеници!rn

    4. Се сликаат со цело друштво

    rnОбично вие сте срамежливи и никогаш не предложувате да направите групно селфи. Но, кога сакате да му покажете на бившиот колку многу уживате во сингл животот, работите се менуваат. Секој ден излегувате и се сликате, обидувајќи се да покажете дека воопшто не сте осамени.rn

    5. Објавуваат фотографии со згодниот пријател

    rnФилип навистина ви е само пријател и ништо повеќе, но вашиот бивш дечко сигурно ќе си помисли дека оваа копија на Џони Деп е вашата нова љубов. Секако, дека срцата што сте ги додале на фотографијата нема да му ги разјаснат работите на вашиот поранешен партнер, туку само дополнително ќе го збунат.rnrn10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившитеrn

    6. Се дотеруваат кога знаат дека ќе го сретнат бившиот

    rnСпоред правилата на природата, ќе го видите вашиот поранешен партнер токму тогаш кога косата ќе ви изгледа ужасно и сте излегле со дамка од кечап на маицата. Но, за среќа, тука се родендените на заедничките пријатели кои ќе ви дадат можност да се оправдате. Тогаш го облекувате вашиот прекрасен нов фустан кој ги истакнува вашите атрибути, но никако не признавате дека го правите тоа поради некого.rn

    7. Се трудат да разговараат со нови луѓе, особено со потенцијалните партнери

    rnКога сте во долга врска, не мора да се трудите да разговарате и да бидете фини со сите луѓе што ќе ги запознаете. Но, сингл животот е поинаков, особено ако сакате да најдете нова љубов. Да не ни почнуваме да зборуваме за моментот кога вашиот бивш дечко ќе фрли поглед кон вас и вие одеднаш станувате неверојатно зборлести со момчето до вас.rn

    8. Објавуваат фотографии од згодни славни личности

    rnИако знаете дека нема шанси навистина да бидете со Бред Пит, вие сакате да оставите впечаток дека гледате други мажи и дека воопшто не сте заинтересирани за вашиот поранешен партнер.rn

    9. Го употребуваат зборот „љубовен состанок“ секогаш кога ќе се укаже прилика

    rnСите знаат дека се обидувате да продолжите понатаму и да запознавате нови луѓе, но тоа не значи дека не треба да го потенцирате тоа секогаш кога ќе добиете можност за тоа.rn

    10. Им кажуваат на нивните заеднички пријатели колку се среќни

    rnЗнаете дека ако вашиот поранешен партнер дознае дека изгледате и се чувствувате најдобро од кога било, нема да му биде сеедно. Токму затоа, вие одите поисправено од вообичаено и се обидувате да не се фалите премногу со сите успеси што сте ги постигнале, како и со познатиот манекен кој ве викнал на љубовен состанок. Вашата поранешна љубов не мора да го знае она што го знаат само вашите најдобри пријатели: Дека понекогаш заспивате со огромна кутија сладолед пред вас гледајќи ја омилената серија.rnrnДоколку сте во врска, но имате проблем со љубомората, прочитајте како да се справите со љубоморниот дечко.

  • Како да се справите со љубоморниот партнер?

    Како да се справите со љубоморниот партнер?

    На прв поглед, љубомората може да не изгледа како голем проблем. Пред сѐ, таа може да направи да се чувствувате сакани, заштитени и згрижени. Но, таа најчесто се претвора во голем, горчлив проблем кој се развива брзо и никој здрав однос не може да се гради врз основа на неа. За среќа, тоа е проблем со кој можете да се справите, сѐ додека и двете страни се подготвени на компромиси и разбирање. Еве како да се справите со љубоморниот партнер и да ја зајакнете вашата љубовна врска.rnrnЕве како да се справите со љубоморниот партнер rn

    Која е причината?

    rnПостојат повеќе причини зошто вашиот партнер може да биде љубоморен и не сите тие се поврзани со вас. Во некои случаи може да биде прашање на несигурност, но во други случаи може да станува збор за довербата, што веќе претставува проблем. Тој може да има недостаток на доверба во вас или во останатите, но како и да е, оваа ситуација не е во ред. Полесно е да се справите со тоа доколку тој не им верува на другите луѓе. Тогаш едноставно треба да поминувате повеќе време заедно и да ги запознаете меѓусебните пријатели и колеги. Но, најпрво е потребно да признаете дека постои проблем. Пред да дознаете кој е проблемот, треба да прифатите дека тој постои и дека тоа е нешто што треба да го решите. Откако еднаш и двајцата ќе ја прифатите реалноста, тогаш можете да ја видите суштината на проблемот и истиот да го решавате.rn

    Суштината на проблемот

    rnНајважниот чекор за справување со љубоморниот партнер е да ја пронајдете суштината на проблемот. Отворањето некому не е лесно, затоа што многу мажи и жени имаат проблеми со отворена комуникација, што може да доведе до непријатни теми. Создавањето безбедна и отворена комуникација е важно, а доколку самите не можете да го направите ова, тогаш можете да побарате стручна помош. Ако пак се одлучите да ги преземете работите во свои раце, тогаш тоа е многу лесно. Вие треба да не судите, да бидете добар слушател и да се фокусирате не само на себеси, туку и на вашиот партнер. При отвореното и искрено објаснување за тоа како се чувствувате вие, многу е важно да не ја префрлувате вината. Подобро е да седнете и да размислите за овие работи уште пред да го започнете разговорот. Познавањето на тоа како се чувствувате е важен чекор. rnrnПостојат многу причини зошто вашиот партнер може да се однесува љубоморно, а повеќето од нив потекнуваат од нивното минато. Важно е да запаметите дека без оглед на причината за нивната љубомора, најверојатно таа потекнува од несигурноста. Справувањето со љубомората и несигурноста треба да се направи на начин на кој и двајцата ќе се чувствувате удобно. Доаѓањето до суштината на проблемот може да биде тешко. Сите сме биле повредени во минатото, а понекогаш некои рани остануваат. Но, со разговарањето вие ќе можете да го решите проблемот уште пред тој да ве раздели.rnrnЕве како да се справите со љубоморниот партнер rn

    Ова не е пријатен момент

    rnБез разлика колку и да е прекрасен вашиот партнер, неговото однесување и љубомората може да бидат показатели на големи проблеми. Однесувањето како што е на пример желбата да ве контролира вас и секое ваше движење, да контролира со кој го поминувате вашето време, кои се вашите пријатели или кога ќе се видите со вашето семејство, е голем предупредувачки знак кој покажува на тоа дека треба да преиспитате дали вашата врска е здрава или не. Но, првиот чекор секогаш значи да седнете и да разговарате околу проблемите. Настојувајте да бидете отворени и искрени. Ова може да ви изгледа како најтешката работа што треба да ја направите, но исто така е и најдобра.rn

    Справување со несигурноста

    rnОткако седнавте и разговаравте, заклучивте дека тој е несигурен. Тоа може да доаѓа од секаде: од минатите искуства, претставата што тој ја има за самиот себе, пријателствата… Несигурноста е нешто со што секој од вас се соочува секојдневно, но таа може да ги уништи најдобрите врски и најдобрите денови во вашиот живот. Несигурноста може постојано да расте и со текот на времето да ве победи. Но, за среќа, постојат начини на кои можете да им помогнете на вашите блиски во оваа борба. Малите работи може да помогнат многу. Уверете го, затоа што уверувањето е нешто што на сите одвреме-навреме ни е потребно. Бидете искрени со вашиот партнер, дајте му комплименти, бидете отворени со него, вклучете го во поголем дел од вашиот живот и животот на вашите пријатели. Малите работи како што е на пример оставањето белешка колку само да го потсетите дека се грижите за него, може да ви помогнат да ги промените работите.rnrnЕве како да се справите со љубоморниот партнер rn

    Нема доверба

    rnОва е проблем со кој е тешко да се справите. Доколку вашиот партнер не ви верува или не им верува на другите околу вас, особено мажите, можеби е време да се запрашате дали оваа врска е вистинската за вас. Недовербата на другите луѓе е една работа, но недовербата кон вас е нешто сосема друго. Постојат ситуации кога недовербата на вашиот партнер може да биде целосно оправдана, затоа што довербата е нешто што треба да се заработи со текот на времето. Зошто тој не ви верува вам? Зошто не им верува на другите луѓе? Размислете за ова, слушајте го, но бидете претпазливи на неговото опсесивно однесување. Дали оваа врска вреди? Иако ова може да ви делува како сериозно прашање, тоа е нешто за што треба да размислете. Љубомората до одреден степен може да биде привлечна, но доаѓа момент кога треба да сфатите дека не можете да имате здрава врска доколку вашиот партнер не ви верува.rn

    Разговарање, доверба и намери

    rnПрво и основно, треба да го уверите дека сакате да бидете со него. Разговарајте и прашајте го како можете да му помогнете за да има повеќе доверба, кажете му дека треба да ви верува, а и покажете му го тоа. Продолжете да бидете прекрасната личност која сте биле и до сега и довербата ќе дојде со текот на времето. Бидете отворени и искрени. Фокусирајте се на тоа дека сакате да го задржите во вашиот живот. Никој не може да каже дали врската ќе трае или не, а најдоброто нешто што треба да го направите е да останете верни и искрени со себе. Искреноста е една од најважните работи која треба да ја имате кога учите како да се справите со љубоморниот партнер.

  • 9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

    9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

    Сакате да ги мразите, а истовремено сакате да бидете како нив. Ги прогонувате на социјалните мрежи, ги критикувате, а на крај ги имитирате. Постојат одредени видови жени на кои останатите може да им завидуваат. Вие може потајно да се споредувате со нив и никогаш да не признаете дека длабоко во себе чувствувате малку љубомора. Еве за кои жени станува збор.rnrn9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморатrn

    1. Жени кои постојано се сингл

    rnОвие жени можат да не бидат во љубовна врска долго време. Вие можеби си велите дека тие се независни и дека не можат да задржат ниту еден маж до нив, но вистината е дека секогаш можат да бидат во добри врски, но избираат да се забавуваат со повеќе момци околу нив.rn

    2. Бунтовнички

    rnОвие жени постојано патуваат и секогаш успеваат успешно да управуваат со својот буџет. Како утеха, вие можеби да си велите дека тие се неодговорни и трошат премногу пари и време, но сепак, вистината е дека тие ги живеат своите соништа, а длабоко во себе се прашувате кога вие би биле способни да ги посетите сите тие места и дали некогаш ќе успеете да сочувате доволно пари за тоа…rn

    3. Жени кои флертуваат

    rnСекогаш кога излегувате, овие видови жени привлекуваат момци без да прават ништо. Можеби ќе настојувате да се уверите себе дека тоа е така затоа што оставаат впечаток дека лесно може да се добијат, но вистината е дека тие се доста привлечни, а помеѓу нив вие се чувствувате изоставени и несакани.rnrn9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморатrn

    4. Жени кои се добар пријател секому

    rnБез разлика каде и да се наоѓаат, тие некако успеваат да бидат најзабавните и најшармантните личности во друштвото. Вие можете да се тешите дека тие имаат само површни односи, дека се досадни со нивните драматизирања и дека залудно го трошат времето со еден куп луѓе. Но, признајте дека се толку слатки и интересни, што секој би посакал да биде во нивно друштво.rn

    5. Жени кои се популарни на социјалните мрежи

    rnТие секогаш добиваат стотици лајкови на нивните објави и целосно ги заслужуваат. Можеби ќе сметате дека и вие би биле способни да го направите истото, но едноставно не сте заинтересирани за тоа. Сепак, длабоко во себе вие сепак ќе си признаете дека тие живеат прекрасен живот, нивните слики се толку убави, а изгледаат неверојатно…rn

    6. Жени кои одлично танцуваат

    rnТие танцуваат толку убаво што секој сака да игра со нив. Гледајќи ги, вие се тешите велејќи си дека момците танцуваат со нив само затоа што очекуваат нешто повеќе, а вам не ви е потребно тоа. Но, вистината која нема да ја признаете е дека вие им се восхитувате и се прашувате како толку умешно ги изведуваат движењата.rnrn9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморатrn

    7. Зафатени жени

    rnСекогаш кога сакате да излезете со нив за време на викендите, добивате одговор дека се зафатени, при што се чувствувате како губитник. Во овој момент сметате дека тие жени излегуваат со кој било зашто им е досадно и дека би требало да го поминат времето со вас, затоа што вие сте нивната најдобра пријателка. Но, длабоко во себе се прашувате зошто и вие до тогаш не сте направиле други планови и сфаќате дека сепак немате поголем круг пријатели…rn

    8. Жени кои ја следат модата

    rnСекогаш кога излегувате со нив, слушате коментари за тоа колку добро им прилега облеката, колку е убав нивниот накит и колку добро им стои новата фризура. Тие успеваат совршено да ги избираат своите комбинации. Како утеха вие можете да си зборувате дека овие жени се материјалисти, дека најмногу им се значајни коментарите од другите и дека вам не ве интересираат такви површни работи. Но, вистината е дека тие изгледаат неверојатно и се прашувате зошто и вие немате толку совршен вкус за облекување.rn

    9. Жени кои имаат здрави навики

    rnТие сакаат природни сокови, одлични готвачи се и не ги привлекува брзата храна. Избираат да уживаат во она што им го нуди природата и имаат контрола врз своите потреби. Можеби ќе се тешите со тоа дека тие не знаат да живеат, постојано лишувајќи се од секојдневните задоволства, но, вистината е дека им се восхитувате како успеваат да се контролираат, па многупати се обидувате и вие да го направите тоа.rnrn9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

  • Вашиот хороскопски знак открива на кој начин покажувате љубомора

    Вашиот хороскопски знак открива на кој начин покажувате љубомора

    Сите ние го познаваме чувството на љубомора бидејќи сме го искусиле, но и сме го сретнале кај други луѓе. Никој не е имун и потполно заштитен од ова чувство и неговите деструктивни последици. Некои од нас се многу љубоморни и се склони кон драматизирање, а освен темпераментот и лошото искуство, на тоа како ќе реагираме кога сме љубоморни, влијае и распоредот на ѕвездите. Дознајте како!rnrn1-vashiot-horoskopski-znak-otkriva-na-koj-nachin-pokazhuvate-ljubomora-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnБез разлика колку е Овенот полн со самодоверба и иницијатива, повремено знае да биде доста несигурен. Тој нема да го контролира своето однесување и ќе се соживее со драмата која му ја приредува љубомората. На својата мрачна страна, Овенот сака да драматизира!rn

    Бик

    rnБиковите не сакаат да ги покажуваат своите чувства на другите и бидејќи се рационални исто колку што се и тврдоглави, нема да ѝ подлегнат на љубомората на некој експлозивен и впечатлив начин. Но, ако утврдат дека нивните сомнежи се оправдани, ќе ве исклучат од нивниот живот без можност за опростување.rn

    Близнаци

    rnВерноста за нив е личен предизвик, кои не се во состојба секогаш да го одговорат, но тоа не ги спречува да очекуваат од партнерот да им биде доверлив и верен. Близнаците обично добро управуваат со своите емоции, но кога имаат причина да бидат љубоморни, тие тоа јасно ќе ви го кажат и ќе очекуваат да се коригирате и да се обидете да ја вратите довербата.rn

    Рак

    rnРаковите не се склони кон љубомора, бидејќи се многу длабоко посветени и го очекуваат истото од партнерот. Премногу се зафатени со негување на врската и поврзување на најдлабоко ниво, за да се занимаваат со такви површни чувства како што е љубомората. Но, ако го изневерите Ракот, никогаш нема да ви опрости.rnrnrn

    Лав

    rnНе доаѓа предвид да го предизвикате Лавот и неговиот љубоморен бес. Кога сте со него, вашето внимание му припаѓа само нему. Не играјте си да проверите што ќе се случи ако флертувате со други.rn

    Девица

    rnДевицата ги држи своите чувства под контрола. Не прави сцени и не дозволува да се видат нејзините слабости. Ако е љубоморна, нема да реагира додека потполно не ја истражи ситуацијата и внимателно да заклучи дали однесувањето на партнерот е прифатливо или не. Довербата ѝ е многу важна и ако ја изневерите, можеби ќе ви прости, но тешко дека некогаш повторно ќе ви верува.rn

    Вага

    rnДве работи се најважни за Вагата – да им се допадне на сите и да го избегне секој конфликт. Но, бидејќи е доста чувствителна и честопати несигурна, ќе подлегне на љубомората. Таа мрази што така ќе се чувствува и ќе се отпира стоечки, сè додека не се избори со тоа чувство и не го исфрли од себе. Ако со него замине и нејзината наклонетост спрема партнерот, сама е крива.rn

    Скорпија

    rnНајљубоморниот знак во хороскопот. На Скорпијата ќе ѝ смета дури и симпатијата на партнерот од основно училиште и фотографијата од матура и другарите од детството. Но, Скорпијата е свесна и моќна да умее своите негативни чувства да ги канализира во креативни акции.rnrn3-vashiot-horoskopski-znak-otkriva-na-koj-nachin-pokazhuvate-ljubomora-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnРетко е љубоморен, а кога е, тоа воопшто не го признава. Стрелецот има голем проблем со сомневањето дека неговиот партнер не му е верен и потребно му е разуверување. Но, партнерот мора да му ги „прочита мислите“ и да почувствува во што е проблемот, бидејќи Стрелецот нема да му олесни.rn

    Јарец

    rnЈарецот е постојано љубоморен, но воопшто не зборува за тоа и настојува да се изгуби во обврските и работата, за да не мора да мисли на ова чувство. Налетите на љубомора брзо доаѓаат и брзо заминуваат, а Јарецот темелно ги игнорира.rn

    Водолија

    rnНепредвидливите Водолии ретко ги покажуваат своите вистински чувства на кого било. Не се склони кон љубомора, тоа ниво на емоции воопшто не ги интересира. Ако партнерот сепак ја предизвика нивната љубомора, тогаш таа е сигурно оправдана и Водолијата нема да се задржи во врската во која не е вреднувана и почитувана. Ќе замине без објаснување!rn

    Риби

    rnРибите важат за најмалку љубоморниот знак во хороскопот, но сепак имаат свои моменти. Многу се емпатични и го откриваат она што другите го чувствуваат. Дури и кога имаат причина за љубомора, ќе преовладуваат сочувствувањето и разбирањето. Сепак, на Рибите ќе им биде потребно да имаат доверба во партнерот и чувствата да им бидат адекватно возвратени.