КАФЕ ПАУЗА

Tag: лимон

  • Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив

    Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив

    Здравствените проблеми како што се главоболката, мачнината, болките во желудникот и дијарејата не можат да се сместат во категоријата болести, но без сомнение се многу непријатни за организмот и имаат силен негативен ефект врз него. Без разлика за која од овие состојби станува збор, може да се случи долго време да се чувствувате исцрпено под нивно влијание, дури и ако сте на терапија.rnrnКафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нивrnrnДоколку не сакате да користите лекови или пак, сметате дека тие не ви помагаат доволно можете да ги користите овие две намирници кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом со цел брзо да ги излечите овие тегоби. Како што веќе спомнавме, само збор за кафе и лимон.rn

    Рецепт #1 – За силна главоболка

    rnСварете една шолја домашно кафе без шеќер и во неа исцедете половина лимон. Испијте го додека е топло и за само неколку минути ќе почувствувате олеснување во вашата глава. Исто така, покрај кафето добро е и да пиете многу течности, особено вода и да излезете малку на свеж воздух.rn

    Рецепт #2 – За силна мачнина, болки во желудникот и дијареја:

    rnИзмешајте 3 чајни лажички мелено кафе со 2 супени лажици сок од лимон. Измешајте ги добро и така изедете ги. Оваа смеса може скоро инстантно да ви помогне при силната мачнина, болките во желудникот, како и дијарејата. Покрај неа, помага и ако испиете пробиотик, пиете кефир, јадете ориз или банана. Изгладувањето не е препорачливо.

  • Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат

    Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат

    Жените ги добиваат стриите во кој било период од нивниот живот, од пубертет па сè до старост и за жал никој не е поштеден од овие бели линии на телото. Главен фактор за создавањето на стриите е одеднаш променетата телесна тежина, нејзиното често варирање, како и наглиот и брз раст во пубертетот. Поедноставно кажано, никој не е имун на нив.rnrnpoglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mkrnrnБрзото ширење на кожата во текот на дебелеењето е проследено со споменатите промени на кожата, кои се јавуваат во вид на пукнатини во различни бои. Нивната боја варира од виолетова па сѐ до нешто посветла нијанса од онаа на самата кожа. Токму дебелината во пределот на стомакот, бутовите и задникот е главен предуслов за настанување на тие ситни пукнатини по кожата, односно стрии.rnrnИако овој проблем ги мачи сите жени со децении, денес постојат многу природни третмани кои можете да ги направите дома со чија помош ќе ги отстраните стриите за неколку месеци. Можеби ефектот не е моментален, но мора да бидете упорни за да ги отстраните белезите од кожата кои најмногу се гледаат во лето, кога треба да облечете костим за капење или кратка облека.rn

    1. Кокосово масло

    rnКокосовото масло навистина може да направи чудо за кожата, а многу е ефикасно и кога станува збор за отстранување на стриите. Тоа ја зголемува еластичноста на кожата, ја поттикнува нејзината регенерација и ја штити од воспаленија, вируси и бактерии. Втријте го маслото на местото каде што се појавиле стриите и повторувајте ја оваа постапка 3 пати неделно. Значајна разлика ќе забележите за недела дена.rnrn4-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mkrn

    2. Алое вера

    rnАлое верата содржи голема количина на билен колаген кој помага во обновувањето на кожата. Најефикасен е чистиот гел од алое вера. Него намачкајте го на кожата и оставете го 2 часа за да се впие, за третманот да биде успешен, а потоа исплакнете со вода. Често почестувајте се со овој третман, бидејќи ја одржува природната влажност на вашата кожа.rn

    3. Сок од лимон и портокал

    rnЛимоновиот сок е еден од најефикасните начини за отстранување на стриите и нивната видливост, што е резултат на неговите избелувачки својства. Втријте го сокот од исцеден лимон или портокал со кружни движења на местата каде што се видливи стриите. Не облекувајте облека, туку почекајте околу 15 минути додека кожата не го впие сокот, а после тоа измијте ја кожата со млака вода. Постапката повторувајте ја секој ден за подобри резултати.rnrn2-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Рицинусово масло

    rnКога рицинусовото масло се користи за масажа, тоа помага стриите да бидат што е помалку видливи. Рицинусовото масло ја хидрира кожата, ѝ ја враќа еластичноста, а помага и за отстранување на брчките. Во некои делови на Индија, масажата со рицинусово масло им се препорачува на трудниците и на родилките за отстранување на стриите, во комбинација со топли купки – па, може да пробате и самите.rn

    5. Масажа со природни масла

    rnСо масажата ѝ помагате на кожата да се ослободи од токсините, да се регенерира, а секако е препорачлива и за отстранување на стриите. За најдобри резултати масирајте се со бадемово масло. Многу е богато со витамин Е, но исто така ѝ помага на кожата во создавање на колaген и еластин.rnrn3-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_

  • Ова се 10-те најздрави производи на планетата

    Ова се 10-те најздрави производи на планетата

    Овие 10 производи би требало што почесто да ги јадете, бидејќи тие важат за едни од најздравите производи на планетата. Дознајте зошто се здрави и на кој начин да ги употребувате и приготвувате.rnrn1-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лимон

    rnЗошто е здрав: Единствено лимонот содржи повеќе од дневно препорачаната количина на витамин Ц, кој му помага на организмот во борбата против воспаленијата, ги јакне коските и одржува здраво ниво на холестерол. Цитрусните фалвоноиди во лимонот можат да го спречат развојот на клетките на ракот.rnrnСовет: Додајте едно парче лимон во вашата шолја со зелен чај. Една студија докажала дека цитрусите во телото помагаат во апсорпцијата на антиоксидансите од зелениот чај, дури за 80%.rnrn2-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    2. Брокула

    rnЗошто е здрава: Една помала порција брокули содржи повеќе од потребното дневно количество на витамин К – кој е многу важен за градење и зачувување на коските. Истата количина може да го спречи развојот на малигни болести.rnrnСовет: Загревајте ја. Доколку се одлучите да ја загреете брокулата во микробранова печка, таа во себе ќе содржи дури и до 90% витамин Ц. Доколку ја зготвите, таа задржува само 66% од спомнатиот витамин.rnrn3-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Чоколадо

    rnЗошто е здраво: Само неколку коцки чоколадо на ден може да го намалат високиот крвен притисок. Какао правот е полн со флавоноиди и антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот.rnrnСовет: Изберете темно чоколадо. Неколку коцки темно чоколадо содржат 53,5 милиграми флавоноиди, додека млечното содржи само 14.rnrn4-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    4. Компир

    rnЗошто е здрав: Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина (витамин од групата Б), кој е неопходен за раст и развој на детето. Еден сладок компир пак, е преполн со витамин А кој е заслужен за јакнење на имунитетот.rnrnСовет: Компирот нека се олади пред да го јадете. Истражувањата покажуваат дека на овој начин можете да изгубите повеќе килограми, бидејќи оладениот компир ќе ви помогне да истрошите околу 25% повеќе масти после оброкот.rnrn5-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Лосос

    rnЗошто е здрав: Тој е одличен извор на омега-3 масни киселини, кои се поврзани со намалување на депресијата, срцевите заболувања и карциномот.rnrnСовет: Редовното консумирање на лосос го намалува ризикот од создавање на макуларна дегенерација на очите, која се појавува во подоцната доба од животот и може да доведе до губење на видот.rnrn6-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    6. Ореви

    rnЗошто се здрави: Содржат најмногу омега-3 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развојот на малигни болести.rnrnСовет: Изедете неколку ореви после вечерата – мелатонинот од оревите гарантира добар сон.rnrn7-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    7. Авокадо

    rnЗошто е здраво: Според некои студии, тоа го намалува холестеролот дури за 22%. Авокадото, исто така, содржи голема количина калиум, кој помага во намалувањето на крвниот притисок. Според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контролирање на крвниот притисок е консумирање на доволно калиум.rnrnСовет: Додајте го во салатите, а тоа ќе му помогне на организмот да ги апсорбира хранливите материи од останатите производи.rnrn8-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    8. Кромид

    rnЗошто е здрав: Одличен е во борбата против многу болести, а наводно може да го спречи развојот на некои бактерии, како што е Ешерихија коли.rnrnСовет: Внимавајте како го обработувате при готвењето – кромидот кој ќе се препржи го губи поголемиот дел од хранливите материи.rnrn9-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    9. Спанаќ

    rnЗошто е здрав: Најголемата благодат на спанаќот е количината на витамини и минерали: тој е богат извор на фолна киселина (49% од препорачаната дневна количина по оброк), витамини А, Б, Ц и Е, железо, манган и калиум.rnrnСовет: Честата консумација на спанаќ ќе остави видливи последици на вашата коса, кожа и нокти, со оглед на тоа дека комплексот на витамините Б вложува во нивната убавина.rnrn10-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_rn

    10. Мешунки

    rnЗошто се здрави: Ако јадете мешунки четири пати во неделата може да го намалите ризикот од срцеви заболувања дури до 22%, а таа иста навика го намалува и ризикот од рак на дојката.rnrnСовет: Што е мешунката потемна, толку повеќе содржи антиоксиданси. Едно истражување покажало дека црниот грав има 40% повеќе антиоксиданси во однос на сите други видови грав.rnrn11-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

  • 11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

    11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

    Вечерата само што не е готова, а вас ви заѕвони телефонот. После подолгиот разговор со пријателката се сетивте на вечерата. Ја отворивте рерната и го почувствувавте познатиот, непријатен мирис на изгорена храна, провлекувајќи се со брзина на светлината во секој ќош од вашиот дом. За среќа, постојат повеќе брзи и едноставни начини да го отстраните. Еве како…rnrn1-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    1. Отстранете го остатокот од храната што е можно побрзо

    rnВо никој случај не фрлајте ги остатоците од храната во кантата за ѓубре и потоа да заборавите на нив, бидејќи нивниот непријатен мирис и понатаму ќе се шири низ вашиот дом. Наместо тоа, ставете ги во пластична кеса, заврзете ги и веднаш фрлете ги надвор.rn

    2. Отворете ги прозорците и вратите

    rnЕден од најбрзите и најлесните начини да се ослободите од неудобниот мирис е да ги отворите прозорците и вратите за да навлезе свеж воздух и да ја неутрализира миризбата.rn

    3. Вклучете вентилатор

    rnЗа свежиот воздух побрзо да го исполни вашиот дом, веднаш покрај прозорците или вратите ставете вентилатор (или повеќе ако имате) и вклучете го на најјака брзина. Ако имате аспиратор во кујната, вклучете го и него.rn

    4. Рерна

    rnЗагрејте ја рерната на 100 степени. Дното на тепсијата покријте го со алуминиумска фолија и на неа ставете лажичка путер, малку цимет и шеќер. Ставете ја тепсијата во рерната и исклучете ја. После три часа извадете ја тепсијата. Непријатниот мирис ќе исчезне, а домот ќе мириса како штотуку да сте испекле некој вкусен колач.rn

    5. Освежувач за воздух во спреј

    rnАко ниеден од членовите на вашето семејство не е алергичен, тогаш во кујната напрскајте малку освежувач за воздух. Водете сметка да не претерате, бидејќи поголемата количина може да го засили непријатниот мирис.rnrn2-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    6. Лимон

    rnВо зовриена вода додадете лимон кој ќе биде исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 30 минути.rn

    7. Каранфилче

    rnВо зовриена вода додадете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 20 минути.rn

    8. Кромид

    rnИсечкајте една главица кромид и ставете ги парчињата во зовриена вода. Тргнете го тенџерето од шпоретот и течноста сипете ја во повеќе пластични сада. Потоа садовите распоредете ги насекаде низ домот. Оставете ги така преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утрото.rn

    9. Оцет и леб

    rnСтавете вода во тенџере, па додајте две шолји оцет. Оставете да зоврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари уште 15 минути. Натопете неколку парчиња бел леб од оваа течност и поставете ги на различни места низ вашиот дом.rn

    10. Сода бикарбона

    rnРаспоредете половина шолја сода бикарбона во неколку сада и поставете ги на местата каде што мирисот најмногу се чувствува. Оставете да делува преку ноќ.rn

    11. Направите природен освежувач за воздух

    rnВо шише со распрскувач ставете еднаква количина лимонов сок и вода. Распрскајте ја течноста насекаде низ кујната и неудобниот мирис набрзина ќе исчезне.

  • Сојузниците на витката линија: 9 производи кои имаат 0 калории

    Сојузниците на витката линија: 9 производи кои имаат 0 калории

    Често се случува кога сакаме да гo изгубиме вишокот килограми да ја планираме нашата исхрана врз основа на внесувањето на калории. Меѓутоа, за здрава исхрана најважно е да јадете здрава храна. Овој список содржи производи кои скоро и да немаат калории. Тука се наоѓаат производи кои се полни со хранливи состојки, па калориите се практично занемарливи. Ова сигурно ќе ви помогне да ја намалите тежината. Помалата количина на калории ќе ви помогне во одржување на доброто здравје и телесната тежина.nn1-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    1. Карфиол

    nОва е храна која не содржи калории во себе. Карфиолот е одличен производ во борбата против ракот, содржи хранливи состојки и витамини. Проверете дали сте испланирале добра количина карфиол на вашата чинија за оваа недела.n

    2. Кафе

    nКафето исто така нема калории. Па така, кога следниот пат ќе уживате во вашето кафе воопшто не мислете на калориите.nn2-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    3. Поточарка

    nОва е единствената храна која е освежувачка, a има само 4 калории. Таа е една од најдобрите производи за слабеење, како и за одржување на нивото на калории.n

    4. Марула

    nМарулата има само 5 калории! Додајте марула во вашиот оброк без двоумење и уживајте во многуте благодети кои таа ги дава. Одлична е за кожата, благотворно делува на нервите, бубрезите и срцето.nn3-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    5. Рукола

    nОва е еден од најдобрите производи со само 4 калории по порција. По малку лутиот вкус на руколата му ја обезбедува на вашето тело потребната количина на калиум, влакна и витамини кои помагаат во слабеењето.n

    6. Лимон

    nСекој од лимоните има по само 20 калории. Лимонот е полн со витамин Ц и претставува одличен извор на здрава храна. Па, проверете дали сте вклучиле лимон во вашата исхрана.nn4-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_n

    7. Зелка

    nСекоја главица зелка содржи 22 калории. Зелката е одлична како превенција во борбата против ракот и содржи многу хранливи состојки. Исто така, богата е со витамини кои се здрави за телото.n

    8. Домат

    nДа, доматот има само 22 калории. Можете да го јадете свеж, но и во салата или зготвен. Консумирањето на домати ѝ дава сјај на вашата кожа и помага во отстранувањето на токсините од телото.n

    9. Аспарагус

    nОваа храна има околу 27 калории. Аспарагусот ви помага да останете здрави и сити. Овој производ секако заслужува место на оваа листа, храна без калории.nn5-sojuznicite-na-vitkata-linija-9-proizvodii-koi-imaat-0-kalorii-www.kafepauza.mk_

  • Генијален трик за справување со дамките од пот

    Генијален трик за справување со дамките од пот

    Обичната бела блуза е најдобриот пријател во летното попладне – секако, ако не ги земеме во обѕир потенцијалните дамки од пот. Решението е премногу лесно и евтино, па затоа може да си го дозволи секој. Кога ќе го дознаете, нема да се воздржите а да не го испробате.rnrn1-genijalen-trik-za-spravuvanje-so-damkite-od-pot-www.kafepauza.mk_rn

    Што ви е потребно?

    rn

      rn011

    • Неколку лимони
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Шише со распрскувач
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn1. Исцедете ги лимоните и наполнете го шишето со лимонов сок до половина.rnrn2. Дополнете ја останатата половина со вода, така што ќе добиете еднакви делови на лимонов сок и вода.rnrn3. Ставете ја течноста во шишето со распрскувач и протресете убаво.rnrn4. Потоа напрскајте од течноста врз дамката од пот, сè додека тој дел од ткаенината не се натопи убаво. Нежно истријте ја дамката со лимоновиот сок и по кратко време ќе забележите дека таа исчезнува.rnrnБонус совет: Послужете се со кујнска сол која ќе ви помогне полесно да триете.rn

    Сега што?

    rnОставете сокот од лимон да се впие околу еден час, а потоа ставете ја блузата во машина за перење.

  • Лимонова торта која ќе ја помните долго време

    Лимонова торта која ќе ја помните долго време

    Совршен десерт за крајот на летото

    rn(1) Лимонова торта која ќе ја помните долго времеrn

    Потребни состојки:

    rn

    За кората:

    rn

      rn011

    • 125 грама несолен путер, омекнат
    • rn011

    • 100 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 250 грама брашно
    • rn

    rn

    За филот:

    rn

      rn011

    • 300 грама шеќер во прав
    • rn011

    • Кора од 3 лимони, ситно рендана
    • rn011

    • 9 јајца
    • rn011

    • 250 милилитри лимонов сок
    • rn011

    • 250 милилитри крем
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗа да ја направите кората, со миксер изматете ги путерот, шеќерот и солта сè додека добро не се комбинираат. Додадете ги и јајцата и мешајте додека не се комбинираат. Вклучете го миксерот на слаба брзина и матете го брашното сè додека не се соедини со смесата и потоа тргнете го тестото од садот и поставете го на рамна површина. Завиткајте го со пластична кеса и оставете го во фрижидер на околу 1 час, односно додека не се олади.rnrnТргнете го тестото од фрижидер и оставете го на собна температура 10-тина минути пред да го поминете со сукало. Намачкајте го садот за готвење со масло и ставете малку брашно на вашата работна површина. Сукајте го тестото сè додека не добие големина од околу 3 милиметри и е малку поголемо од вашиот сад за готвење, а потоа сместете го таму. Стиснете ја базата и страните, а потоа тргнете го вишокот околу рабовите. Поставете ја кората во фрижидер и дозволете ѝ да се олади половина час, а потоа загрејте ја рерната на 160 степени.rnrn(2) Лимонова торта која ќе ја помните долго времеrnrnИзбодете го тестото насекаде со виљушка, а потоа печете на околу 20-30 минути или сè додека тоа не добие светло златна боја. Во последните минути од печењето намалете ја температурата на 130 степени, а во меѓувреме подгответе го филот од лимон. Во голем сад, ставете ги заедно шеќерот и лимоновата кора. Додајте ги јајцата и матете сè додека не добијат густа форма, а потоа сипете го лимоновиот сок и на крај кремот. Префрлете ја мешавината во тегла.rnrnИзвадете ја кората од тортата и поставете ја на рамен сад за печење. Вратете ја повторно во рерната, со отворена врата и малку повлечете ја кон вас, па внимателно сипете ја мешавината со лимонот врз неа. Полека турнете ја наназад, затворете ја вратата и печете околу 50 до 60 минути. Откако ќе завршите со печење, дозволете ѝ да се олади пред сервирање. Чувајте ја во фрижидер.rnrn(3) Лимонова торта која ќе ја помните долго време

  • 4 чудни бјути трикови кои функционираат подобро отколку што би помислиле

    4 чудни бјути трикови кои функционираат подобро отколку што би помислиле

    Како што знаеме светот на убавината обожува добар чуден бјути тренд, но додека изгледа дека сите чудни трендови се веќе излезени, ние успеавме да пронајдеме четири нови. Без разлика колку се чудни, тие ќе направат револуција во вашата рутина и веројатно уште долго време ќе зборувате за нив. Затоа, еве ја листата на четирите секојдневни продукти кои ќе ви го променат животот.rnrn4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mkrn

    1. Користете лимони како дезодоранс

    rnМожеби е чудно да триете лимон под мишките, но сетете се колку хемикалии има во дезодорансот. Не само што лимонската киселина е природна алтернатива туку и ги убива бактериите кои создаваат непријатни мириси. Единствениот проблем со ваквиот метод е што после бричење би чувствувале печење во пределот на мишките, па затоа почекајте неколку часови пред да го нанесете на вас.rnrn0-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mkrn

    2. Мијте ја косата со пиво

    rnПостојат повеќе начини да ја измиете вашата коса со пиво, но прво, еве зошто ова функционира. Протеините, сладот, шеќерот и квасецот во пивото ги зближуваат кутикулите, го зголемуваат волуменот на косата и ѝ даваат екстра сјај. Постојат два начини да го користите пивото како шампон: првиот е прво да ставите шампон, потоа да ја измиете со пиво и на крај да нанесете регенератор. Вториот е да нанесете шампон и регенератор заедно, па потоа да ја измиете косата со пиво. Ние го препорачуваме првиот, затоа што од вториот поголеми се шансите да мирисате на пиво.rnrn1-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mkrn

    3. Ставете пудра во прав на трепките

    rnПрво нанесете маскара, а потоа со помош на чепкалка за уши нанесете пудра во прав почнувајќи од коренот па до врвовите на трепките. Исто така, потрудете се тоа да биде во тенок слој, за да можете да го фиксирате следниот слој маскара. Овој трик двојно ќе ги зголеми трепките и ќе ги направи погусти без (скоро) никаков труд.rnrn2-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mkrn

    4. Користете црвен кармин за да ги намалите темните кругови

    rnВо чудно Јутуб видео кое за малку ќе го „скршеше“ интернетот, менаџерот на развивање на брендот Birchbox, Депика Мутјуала користеше црвено-портокалов кармин за да ги сокрие нејзините темни кругови. Внимавајте затоа што таа нијанса не одговара на сите тонови на кожа – според експертите во Birchbox, ако имате жолти или светло кафени тонови на кожата треба да користите розови или виолетови нијанси, жолта боја за да ги скриете темните кругови и светло портокалова за да ги изедначите нееднаквите нијанси на кожата кожата.rnrn3-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mk

  • Комбинација од мед и лимон: Го зајакнува имунитетот и го подобрува варењето

    Комбинација од мед и лимон: Го зајакнува имунитетот и го подобрува варењето

    На сите ни е познато дека медот и лимонот можат да имаат голем ефект врз нашето здравје, а кога се во комбинација, нивното лековито дејство значително се зголемува.rnrnkombinacija-od-med-i-limon-go-zajaknuva-imunitetot-i-go-podobruva-varenjeto-kafepauza.mkrnrnЛимонот и медот содржат антиоксиданси, имаат антибактериски својства и го зајакнуваат имунитетот. Ако ги внесувате заедно, тогаш го храните организмот со богати и драгоцени состојки.rnrnЕве каква моќ има оваа комбинација на мед и лимон.rn

    1. Лечи бронхитис, кашлица и астма

    rnИзмешајте 2 лажички сок од лимон и 1 лажица мед и промешајте ги во чаша со вода. Пијте го овој пијалак неколку пати на ден доколку имате проблеми со белите дробови, грлото и запушен нос.rn

    2. Ги елиминира акните

    rnАнтибактериските својства на лимонот и медот можат да ви помогнат околу проблемите со акните. Покрај тоа, оваа комбинација содржи и антивоспалителни својства кои ја смируваат воспалената кожа. Направете маска од мед и лимон, нанесете ја на кожата, а потоа измијте ја и ќе добиете сјаен тен.rn

    3. Ублажува болни симптоми на убоди од инсекти

    rnЛимонот и медот заедно имаат антисептичко дејство, па тоа ќе ви помогне доколку сте каснати од инсект. Ги ублажува отоците, воспаленијата и спречува инфекција.rn

    4. Помага при слабеењето

    rnЛимонот е нискокалоричен, а медот дава енергија. Нивната комбинација го намалува собирањето на мастите во организмот, а шеќерот од лековитото овошје брзо се вари. Ако сакате да го намалите обемот на струкот, додајте 3 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед во чаша полна со млака вода. Ваквиот пијалак пијте го во утринските часови и ќе ви го забрза метаболизмот.rn

    5. Помага со грипот

    rnКога имунитетот ви е ослабен, подложни сте на настинка и грип. Поради тоа важно е да внесувате поголема доза витамин Ц со цел да го спречите тоа. Сварете литар вода, потоа додајте една лажичка рендан ѓумбир, 3 лажици мед и 3 лажици лимонов сок. Процедете и пијте го овој пијалак 2 до 3 пати на ден.rn

    6. Го решава проблемот со варењето во организмот

    rnВо чаша полна со млака вода, ставете 2 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед. На овој начин ќе се ослободите од тегобите при варењето. Свежиот лимонов сок го чисти организмот, ја балансира pH вредноста и дава многу корисни материи, како витамините Б и Ц и рибофлавин.rn

    7. Ја негува кожата

    rnОслободете се од трагите на стареењето на кожата со комбинацијата од мед и лимон. Брчките и другите знаци на стареење можете да ги отстраните користејќи маска од мед и лимонов сок.

  • Пијте ја оваа напивка 4 дена и изгубете 10 сантиметри од обемот на вашиот струк

    Пијте ја оваа напивка 4 дена и изгубете 10 сантиметри од обемот на вашиот струк

    Со доаѓањето на сончевите денови, поголемиот број од жените размислуваат како можат брзо да се ослободат од вишокот килограми со цел да изгледаат одлично на плажа, во бикини, кратки здолништа и шорцеви. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш пробајте ја оваа диетална напивка која ја препорачува нутриционистката Синтија Сас. Со нејзина помош вие ќе изгубите и до 10 сантиметри кај вашиот струк, што е пропорционално на губење 3 килограми за само 4 дена.rnrnПијте ја оваа напивка 4 дена и изгубете 10 сантиметри од обемот на вашиот струкrnrnСо цел овој план да ви успее, неопходно е во текот на 4-те дена во кои ќе ја консумирате да избегнувате слатки, грицки, масна и калорична исхрана и да се фокусирате на здравата храна.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 литри вода
    • rn011

    • 1 краставица
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 1 лажица ѓумбир во прав
    • rn011

    • 12 листови нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и употреба:

    rnДобро измијте го лимонот и без да го олупите исечкајте го на кругови и додадете го во водата. Краставицата излупете ја, исто така исечкајте ја на кругови и додајте на водата. За крај ставете ги и листовите од нане како и ѓумбирот. Добро измешајте, затворете го садот и оставете го во фрижидер цела ноќ.rnrnОткако ќе се разбудите почнете да ја пиете оваа моќна течност. Испијте ја целата, а вечерта направете нова за следниот ден. Со цел да видите резултати, потребно е да ја пиете оваа напивка 4 дена без да пиете ништо друго во меѓувреме. По 4 дена вам толку многу ќе ви се заслади што веќе никогаш нема да сакате да пиете ништо друго.