КАФЕ ПАУЗА

Tag: лимон

  • Вратете го сјајот на белата облека со помош на овие домашни состојки

    Вратете го сјајот на белата облека со помош на овие домашни состојки

    Со овие природни состојки, вашата облека повторно ќе го добие белиот сјај, без употреба на хемикалија или агресивни белила.rnrn(1)vratete-go-sjajot-na-belata-obleka-so-prn

    1. Сонце

    rnПрескокнете ги белилата и оставете ја пожолтената облека да се суши на јако сонце. Сонцето ќе ја избледи жолтата боја исто како што и белилото, без да ја оштети ткаенината.rn

    2. Сок од лимон

    rnЛимонот за многу брзо време ќе го врати сјајот на пожолтената облека. Помешајте 120 милилитри лимонов сок и 1 литар врела вода. Во оваа смеса ставете ја пожолтената облека и оставете ја да отстои минимум еден час, а најдобро е да ја оставите преку ноќ.rnrnОткако ќе отстои, извадете ја облеката и исперете ја во машина за перење.rnrnИсто така, лимонот е ефикасен при отстранување на дамки од облеката. Испрскајте го нечистото место и оставете да делува 30 минути. Потоа, истријте ја и исперете ја облеката. Флеката ќе исчезне.rn

    3. Оцет

    rnОцетот има голема примена за облеката. Тој има голем број придобивки, од избелување до отстранување на тврдокорните дамки од дезодоранс.rnrnЗа избелување, измешајте 60 милилитри лимонов сок и 120 милилитри оцет. Овој микс е одлична алтернатива за избелување. Додавајте го во машината за перење сè додека пожолтената облека се пере.rn

    4. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната е исто така одлична при отстранување жолти дамки од облеката. Доволно е само 1 лажичка сода бикарбона за вашата облека да се избели. Освен избелувањето, содата ќе ѝ даде и одличен мирис на вашата облека.rnrnПрочитајте ги и овие 10 совети за чистење со кои вашата кујна ќе заблеска.

  • Зошто треба да почнете да смрзнувате лимони?

    Зошто треба да почнете да смрзнувате лимони?

    Една нова студија докажала дека лимуноидите, природните состојки во лимонот и другите агруми, се одлични за превенција или борба против развивање клетки на рак, особено на ракот на дојки. Научниците нагласуваат дека ниту еден дел од лимонот не треба да се фрла – од сокот, до семките и кората, бидејќи само кората содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самиот сок.rnrnrnrnПокрај антиканцерогеното делување, целиот лимон помага и при ослободување на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактериски и габични инфекции, се бори против внатрешните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив и е одличен во борбата против стресот.rnrnПокрај очигледните здравствени причини, вие можете да уживате во лимонот на сосема нов начин. Сè што треба да направите е да земете органски лимон, добро да го измиете, да го ставите во замрзнувач (цел или исечкан на кругови) и да почекате да замрзне. Потоа извадете го од замрзнувачот и изрендајте го.rnrnНа овој начин можете да го послужите во салата, на сладолед, во супа, со житарки, на вашиот омилен пијалак… Не само што ќе имате можност да вкусите нешто сосема ново, туку и вашето тело ќе ви биде благодарно бидејќи ќе се наполни со здравје!rnrnЛимонада со лаванда: Летно освежување што има моќ да ја смири секоја главоболка!

  • 9 примени на лимонот во третманите за здравје и убавина

    9 примени на лимонот во третманите за здравје и убавина

    Ако сметате дека лимоните се само за десерти и освежителни пијалаци, тогаш се надеваме дека ќе ви го промениме мислењето. Ова овошје може да биде многу покорисно отколку што мислите. Лимоните се одлични за вашето здравје, а можете да ги користите и во вашата рутина за убавина. Покрај тоа, тие се достапни и се со прифатлива цена. Па, погледнете како да го извлечете најдоброто од ова овошје.rn

    1. Лимоните имаат многу антиканцерогени својства

    rn9 примени на лимонот во третманите за здравје и убавинаrnrnКако и многу свежи овошки, и лимоните имаат антиканцерогени својства. Неодамнешно истражување од септември 2017-та година ја нагласува важноста на цитрусните овошја во намалувањето на ризикот од рак. Полн со витамини, сокот од лимон ги штити вашите клетки од оштетување кое може да предизвика многу болести. Лимоните имаат вредни хранливи материи како витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, калиум и влакна. И кората на лимонот содржи антиканцерогени состојки. Се покажало дека може да го намали ризикот од рак на белите дробови, црниот дроб и многу други видови.rn

    2. Природно отстранување на брчките

    rn9 примени на лимонот во третманите за здравје и убавинаrnrnНе можете да го сопрете процесот на стареење, но со лимоните можете значително да ја намалите видливоста на брчките. Маслото од лимон ја намалува оштетеноста на површината на кожата. Лимоните се богати со витамин Ц кој пак го поттикнува производството на колаген и ја враќа еластичноста на кожата. Природните ензими во лимоните ги намалуваат проширените пори и ја спречуваат појавата на нови.rnrnВо борбата против брчките можете да користите домашно направени производи. Исечете парче лимон и втријте го на проблематичните места. Можете да изрендате и кора од лимон и да ја нанесете како маска. Според Американската академија за дерматологија, ефектите се видливи по еден месец. Па, не очајувајте ако не забележите подобрување уште првата недела.rn

    3. Вода со лимон за слабеење

    rn9 примени на лимонот во третманите за здравје и убавинаrnrnВитаминот Ц докажано го намалува нивото на кортизол, стрес хормон кој предизвикува глад и складирање масни наслаги. Не постои единствен вид храна или пијалак кој значително ќе ја намали вашата тежина, но ако јадете одредена храна или пиете одредени пијалаци во комбинација со здрава програма за слабеење, тие ќе ви помогнат побрзо да стигнете до посакуваните резултати. Покрај тоа, ако наместо кафе или сок пиете вода со лимон, ќе внесете многу помалку калории. Лименка од 330 милилитри Кока-кола содржи 140 калории, а 100 милилитри сок од јаболка има 46 калории. Свежиот сок од лимон со вода има 0 калории.rn

    4. Сок од лимон за детоксикација на црниот дроб

    rn9 примени на лимонот во третманите за здравје и убавинаrnrnПиењето вода со лимон е одличен начин за детоксикација на телото и подобрување на работата на дигестивниот систем. Пектинот во лимонот помага во отстранувањето на отпадот од цревата. Холинот и маслата во кората му помагаат на црниот дроб да работи поефикасно. Лецитинот го забрзува разградувањето, апсорбирањето и дигестијата на мастите. Овој едноставен пијалак можете да го приготвите и дома.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лимон
    • rn 011

    • 120 милилитри вода
    • rn 011

    • 1 лажичка лецитин или живо јајце
    • rn 011

    • 2-3 лажички сиров кокосов путер или екстра девствено маслиново масло
    • rn 011

    • 1 капсула витамин Е
    • rn 011

    • 1 парче ѓумбир
    • rn

    rnИзмешајте ги состојките и блендирајте 1 минута. Чувајте го пијалакот во фрижидерот и испијте го до наредниот ден. За најдобри резултати испијте половина од пијалакот пред појадок.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Кора од лимон: Најевтината инвестиција за вашето здравје!

    Кора од лимон: Најевтината инвестиција за вашето здравје!

    Лимонот може да се употребува на илјадници начини, од додавање на кората во водата за арома, преку улогата за чистење во домаќинството, до додавање вкус на разни јадења. И покрај тоа, многумина предвид го земаат само користењето на сокот. Но, доколку го користите сокот, а ја фрлате кората, тогаш имајте на ум дека пропуштате многу.rnrn2-kora-od-limon-najevtinata-investicija-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    Значи, кои се главните предности од користењето на цел лимон?

    rnПред сѐ, на тој начин добивате повеќе витамини за себе.rnrnКората на лимонот содржи од 5 до 10 пати повеќе витамини отколку сокот. Да наброиме само неколку витамини: витамин Ц, витамин А, бета каротен, калциум, фолна киселина, магнезиум и калиум.rn

    Помага во борбата против ракот

    rnСе смета дека кората на лимонот има силно дејство при спречувањето на насобирање токсични елементи во организмот. Тоа значи дека кората на лимонот му помага на телото да се ослободи од канцерогените елементи. Таа се состои од компонентата која е позната како салвестрол K40 и лимонен, кои се познати во борбата против канцерогените клетки во телото. Исто така, флавоноидите кои се наоѓаат во кората се ефикасни кога е во прашање превенцијата на одредени канцерогени клетки.rnrnЗатоа, за употребата на кората на лимонот се знае дека е превентивна мера во развојот на различни типови канцер, вклучувајќи го и ракот на дојката, дебелото црево и кожата. Истражувањата покажуваат дека со консумирање чај од кората на лимонот, ефикасно го спречувате развојот на клетките на ракот.rnrn1-kora-od-limon-najevtinata-investicija-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    Го подобрува здравјето на коските

    rnКората на лимонот изобилува со калциум и витамин Ц. Консумирањето на кора од лимон спречува остеопороза, ревматоиден артритис, инфламаторни полиартритис и други болести на коските.rn

    Го намалува нивото на холестерол

    rnСо варењето на кората од лимонот се намалува, таканаречениот, лош холестерол, низ неговите полифенол флавоноиди. Витаминот Ц и витаминот П помагаат во чистењето на крвните садови, го спречуваат или намалуваат ризикот од развивање на меѓусебно поврзаните симптоми, како што е зголемениот крвен притисок, болестите на срцето и дијабетичните болести на срцето.rnrnТоа е сето она што го отфрламе и го губиме ако не ја користиме кората од лимонот!rn

    Неколку совети како повеќе да ја користите кората од лимонот во вашата секојдневна исхрана

    rnЗамрзнете го лимонот и чувајте го во фрижидер. Потоа, изрендајте ја кората од лимонот во својот оброк, пијалак, салата, супа и сето останато што го консумирате во текот на денот. Ќе добиете свеж вкус и арома во устата, како и долготрајна корист за вашето здравје.

  • Спијте со посолен лимон покрај главата и ќе бидете воодушевени од придобивките

    Спијте со посолен лимон покрај главата и ќе бидете воодушевени од придобивките

    Кога се зборува за здрава исхрана, една од работите кои прво ви доаѓаат на ум, сигурно е лимонот. Придобивките кои ги имате од него се многубројни. На пример, самиот негов мирис прави да се чувствувате освежено и чисто, а тоа е така затоа што лимонот е природен антисептик, а неговиот сок е одличен и за чистење на најтешките дамки.rnrnСпијте со посолен лимон покрај главата и набрзо ќе ги почувствувате придобивките од тоаrnrnОсвен тоа, познато е дека мирисот на лимонот го подобрува расположението на луѓето кои патат од анксиозност и депресија. Доколку сакате да видите како еден обичен лимон може да направи вистинска магија, испробајте го овој трик: Секоја вечер пред спиење исечете го лимонот на четири дела, посолете го и ставете го во чинија покрај вашата глава. Оваа комбинација има моќ да го олесни дишењето, особено на луѓето кои страдаат од астма, алергија или пак се настинати. Со ова исто така се нормализира и крвниот притисок, а еве уште кои придобивки ќе ги почувствувате:rn

      rn011

    • Лимонот ги одбива инсектите, вклучувајќи ги и комарците.
    • rn011

    • Ќе се разбудите со почисти мисли и подобар глас.
    • rn011

    • Кога ќе го вдишите мирисот на лимонот, побрзо ќе можете да се освежите после будењето и ова делува подобро и од кафето.
    • rn011

    • Просторијата ќе ви мириса пријатно и свежо.
    • rn

    rnПа, не двоумете се повеќе и веднаш посегнете по лимонот и искористете ги неговите многубројни предности!

  • Лимонада со куркума: Рецепт кој ја лекува депресијата подобро од кои било медикаменти

    Лимонада со куркума: Рецепт кој ја лекува депресијата подобро од кои било медикаменти

    Утврдено е дека лимонадата со куркума ги содржи најдобрите лековити вредности. Имено, познато е дека куркумата има силни антивоспалителни својства, а овој корен ги убива канцерогените клетки, лечи депресија, го намалува холестеролот и нуди други придобивки како што е способноста за лекување рак на кожата, Алцхајмерова болест и други состојби како што се артритис, жолтица, дијареја, болки во стомакот и слично.rnrnЛимонада со куркума: Рецепт кој ја лекува депресијата подобро од кои било лековиrn

    Куркумата ја лечи депресијата

    rnПостојат многу начини и лекови кои можете да ги користите за лекување на депресијата, но, користењето каков било вид медикаменти може да има големи несакани ефекти, како што е на пример отежнато дишење, самоубиствени мисли или пак, крвавење во желудникот. Едно големо откритие покажало дека куркумата може да излечи личност со тешка депресија, без притоа да се соочува со какви било несакани ефекти. Куркумата ја лечи депресијата со посебна состојка која се нарекува куркумин, а докажано е дека таа е многу ефикасна.rn

    Како да направите лимонада од куркума

    rnПостојат различни начини на кои можете да направите лимонада од куркума, а денес ви прикажуваме еден рецепт за четири лица.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 милилитри ладна вода
    • rn011

    • 2 лажици свежо рендана или куркума во прав
    • rn011

    • 4 лажици 100-процентен јаворов сируп
    • rn011

    • 1 лимон или лимета
    • rn011

    • Сок од еден портокал (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во еден сад и промешајте. Потоа послужете го овој пијалак со парчиња лимон.rn

    Придобивки од куркумата

    rn

      rn011

    • Таа содржи природни состојки што делуваат против воспаленија и вируси, како и антиоксиданси.
    • rn011

    • Го подига имунитетот кој ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи.
    • rn011

    • Се користи во многу детоксикациски рецепти, бидејќи апсорбира хранливи материи и ги намалува калориите.
    • rn011

    • Може да се консумира на дневна основа и одговара со секој вид храна.
    • rn011

    • Не мора да потрошите многу пари, едноставно можете да си го подготвите овој рецепт во вашиот дом.
    • rn

  • Препорачано од нутриционистите: Освежителни и здрави летни пијалаци кои морате да ги пробате!

    Препорачано од нутриционистите: Освежителни и здрави летни пијалаци кои морате да ги пробате!

    Хидратацијата во текот на летото е една од најважните работи за правилно функционирање на нашиот организам. Овие пијалаци, кои можете да ги направите сами, како што се ароматизирана вода, леден чај или некои цедени сокови, се совршени за летните денови. Тие се добро разладени, обезбедуваат добра хидратација на организмот, збогатени се со витамини и минерали и секако, без адитиви и конзерванси. Исто така, тие се одлична замена за тетрапак соковите и газираните сокови кои се полни со шеќери, разни адитиви и кои може да допринесат до дебелеење.rnrn3 рецепти од страна на нутриционистите: Освежителни летни пијалаци кои мора да ги пробате!rnrnОвие ладни пијалаци се подготвуваат со обична или минерална вода, некои чаеви, парчиња свежо овошје, но и разни додатоци, како што се цимет, ѓумбир и слично. Овие три рецепти се препорачани од нутриционистите за ова лето, а вие секогаш може да направите и свои комбинации.rn

    1. Пијалак кој може да се консумира во текот на тренингот, но и потоа

    rnТој му овозможува одлична хидратација на организмот и му ја дава потребната енергија, помага на работата на мускулите, поради магнезиумот кој го содржи, ја подобрува концентрацијата, го намалува уморот и има одличен вкус.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 милилитри минерална вода збогатена со магнезиум
    • rn011

    • 1 цеден портокал
    • rn011

    • 70 грама аронија
    • rn011

    • 1 лажичка мед.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСостојките се мешаат и по потреба овој пијалак може да се олади.rnrn3 рецепти од страна на нутриционистите: Освежителни летни пијалаци кои мора да ги пробате!rn

    2. Освежувачки ладен пијалак, одличен за патување

    rnПоради нането и ѓумбирот кои ги содржи, овој леден чај ја ублажува мачнината во текот на патувањето.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 милилитри чај од нане (најдобро домашно подготвен)
    • rn011

    • Половина лимон, исцеден
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn011

    • 1 кафена лажица изрендан ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОткако ќе се измешаат сите состојки, се остава пијалакот да се олади. Исто така, може да се исечат неколку парчиња лимон и да се стават неколку листови нане за појак вкус.rnrn3-3-recepti-od-strana-na-nutricionistite-osvezhitelni-letni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-www.kafepauza.mk_rn

    3. Пијалак за подобрување на крвната слика

    rnДоколку имате проблеми со анемија, секојдневното консумирање на овој пијалак ќе ви помогне, плус ќе ве разлади и освежи.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 милилитри чај од коприва
    • rn011

    • 1 цеден портокал и половина лимон
    • rn011

    • 70 грама аронија
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКако и претходните рецепти, така и за овој треба да ги измешате сите состојки. Аронијата и копривата одлично го подигнуваат нивото на железо во крвта, а витаминот Ц од портокалот и лимонот помага за апсорпција на железото. Покрај тоа, овој пијалак е доста вкусен и лесно се подготвува.rnrn4-3-recepti-od-strana-na-nutricionistite-osvezhitelni-letni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-www.kafepauza.mk_

  • 7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

    7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

    Денешното модерно секојдневие е нешто што може да се живее само со брзо темпо и навидум изгледа како да не можеме да направиме мала пауза и да одвоиме малку време за себе. Затоа, клучно е да пронајдеме рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот. Во тој контекст, прочитајте ги 7-те нешта кои би требало да ги прават сите типови луѓе за да останат свесни и ментално подготвени да се соочат со секоја ситуација, дури и во најзафатените денови.rnrn7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој денrnrn1. Започнете го утрото со медитација. Вашата листа со обврски кои треба да ги завршите тој ден е веројатно доста долга, но доколку наутро се обидете да одвоите 15 минути за лесни вежби или медитација ќе добиете ефективен начин за момент да го блокирате остатокот од светот.rnrn2. Вербализирајте ги вашите цели, не само вашите дневни задачи. Го трошите вашето драгоцено време, но и енергија, ако секојдневно ја микроменаџирате секоја одделна задача која треба да се заврши за вас и вашите најблиски. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на крајната цел наместо на индивидуалните ситни задачи и обврски.rnrn3. Кажете дека имате некоја важна средба. Во вашиот календар забележете 1-2 часа кои ќе ги одвоите за себе, а другите ќе мислат дека сте на некоја важна средба. Искористете ги часовите да ги проверите социјалните мрежи, да ги прегледате веб-сајтовите кои ги следите или што било друго што ве прави да се чувствувате исполнето. Никој не мора да знае.rnrn4. Направете маникир или одете на масажа. Знаеме дека никој не прави маникир секој ден, освен ако не е некоја личност која може да си го дозволи тоа и временски и финансиски, но маникирот или 10-минутната масажа можат да направат чуда за вашето расположение и енергија.rnrn5. Помирисајте лимон или портокал. Според научните истражувања, мирисањето на цитрусите може да ја намали напнатоста, стресот, анксиозноста и да ги смири нервите.rnrn6. Направете нешто спонтано. Правењето нешто непланирано и неочекувано ќе ви помогне да се опуштите и да научите како полесно да ги заборавите и да се ослободите од нештата во иднина.rnrn7. Спијте со пенкало и хартија покрај вашиот кревет. Според психолошките студии, издвојувањето на 2-3 минути за да ги запишете своите мисли пред спиење е еден од начините подобро да заспиете и да не се чувствувате како зависник од контрола следното утро.

  • Рецепт од само 3 состојки со чудотворна моќ за слабеење

    Рецепт од само 3 состојки со чудотворна моќ за слабеење

    Ако сте мислеле дека намалувањето на вашата телесна тежина е невозможна мисија, тогаш ова е вистинското време да го пробате овој неверојатен пијалак од само 3 состојки. Не за џабе го нарекуваат чудо за слабеење – тоа има неверојатен ефект за само месец дена. Станува збор за рецепт кој ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, ќе ја елиминира надуеноста, ќе ги разгради масните ќелии и ќе ја поттикне севкупната работа на вашиот организам со цел брзо да ги исфрлите токсините од вас.rnrnРецепт од само 3 состојки со чудотворна моќ за слабеењеrnrnНо, најдобро од сè е фактот што најверојатно веќе ги имате потребните состојки во вашиот дом, додека за подготовка ќе ви бидат потребни само 5 минути.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 60 грама магдонос
    • rn011

    • 60 милилитри вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и примена:

    rnИсцедете го лимонот и исечкајте го магдонос на ситни парчиња, а потоа ставете ги во чаша и сипете врз нив вода.rnrnОвој пијалак има најдобар ефект на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно, во текот од 6 дена, а потоа направете пауза од 10 дена, па почнете од почеток. Доколку започнете уште од денес, за само месец дена ќе ви треба нова гардероба бидејќи сè што имате ќе ви биде големо!

  • Кажете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

    Кажете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

    Многу луѓе секојдневно патат од болки во желудникот и абдоминалниот дел бидејќи нивниот дигестивен систем не функционира во најдобар ред и како резултат лошо ја вари храната. Но, затоа постојат многу рецепти кои помагаат во регулирањето на цревната флора, како што е зеленото смуди кое се подготвува со само неколку состојки, меѓу кои и 5-те најмоќни растенија за правилно функционирање на дигестивниот тракт. Во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrnРечете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цреватаrnrn1. Ананас: Ананасот го олеснува разградувањето на храната во организмот, го намалува апетитот, а благодарејќи на високиот процент на влакна ја забрзува и размената на материи во дебелото црево што резултира со рамен стомак. Покрај тоа, ананасот е одличен извор на витамин Ц и манган.rnrn2. Нане: Нането е исто така познато по своите лековити својства кои ја спречуваат подуеноста. Тоа е одличен сојузник при ослободувањето од чувството на тежина во стомакот, смирувањето на желудникот и спречувањето на грчевите.rnrn3. Ѓумбир: Ѓумбирот наоѓа голема примена во лекувањето на гастроинтестиналните нарушувања и тегоби. Го спречува собирањето на гасови во цревата и ја олеснува мачнината и болките во стомакот. По консумирањето, ѓумбирот се разредува во цревата и ги неутрализира киселините, хормоните и токсините.rnrn4. Куркума или индиски шафран: Ова е одличен антиоксиданс и помага во пречките и проблемите со варењето на храната, како и забрзувањето на метаболизмот.rnrn5. Алое вера: Ова растение го смирува и го прочистува системот за варење и органите во абдоминалниот дел од телото и се препорачува при лечењето на чир на желудник, синдромот на воспалени црева, целијакија и Кронова болест.rnrnРечете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цреватаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 130 грама спанаќ
    • rn011

    • 30 грама свежо нане
    • rn011

    • 130 грама замрзнат ананас
    • rn011

    • 2 лажици сок од алое вера или парче со големина од 5 сантиметри
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • 1 парче свеж ѓумбир кое потоа се лупи и се мели
    • rn011

    • ¼ лажица прав од куркума
    • rn011

    • 1 зелен лимон
    • rn011

    • 200 милилитри кокосова вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер, промешајте и испијте го сокот после оброк.