КАФЕ ПАУЗА

Tag: лимон

  • Измешајте ги овие две состојки и ниту еден комарец нема да ви се приближи

    Измешајте ги овие две состојки и ниту еден комарец нема да ви се приближи

    Комарците се вистински кошмар, а ги има сè повеќе во овој период. За среќа, постои едноставен трик кој ќе ви помогне да се спасите од нив. Овој рецепт кружи на социјалните мрежи и гарантира дека инсектите повеќе нема да ви приоѓаат доколку ги измешате овие две состојки. Потребен ви е еден лимон пресечен на половина во кој треба да наредите каранфилчиња. Според искуствата на корисниците на социјалните мрежи, овој трик помага и против мувите, а исто така го освежува и просторот.rnrnИзмешајте ги овие две состојки и ниту еден комарец нема да ви се приближиrnrnДознајте кои билки со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом.

  • Овој прекрасен италијански ресторан е идеална локација за летните вечери

    Овој прекрасен италијански ресторан е идеална локација за летните вечери

    Островот Капри е дестинација која мора да ја посетите барем еднаш во животот. Покрај живописните места за риболов, старата медитеранска култура и прекрасните заливи и плажи, добрата храна е исто така една од причините да се вљубите во ова место. Островот е полн со одлични ресторани, но овој ресторан навистина е магичен.rnrnРесторанот Да Паолино со години привлекува посетители од целиот свет поради својата медитеранска кујна и стогодишните лимонови дрвја кои ја украсуваат терасата. Семејството Де Мартино го води ова место повеќе од 50 години. Необичните лимони се причината зошто овој ресторан стана вистинска атракција. Замислете тиква, летна вечер полна со свежа морска храна и неодолива миризба на лимони.rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrnrnПрочитајте и која е најубавата плажа во Европа за 2020 година.

  • Мазагран: Алжирско кафе кое ќе сакате да го пробате

    Мазагран: Алжирско кафе кое ќе сакате да го пробате

    Топлото време полека доаѓа, а ова ледено кафе со вкус на лимон може да биде одговорот на сите желби за добро кафе. Неговото потекло доаѓа од француската инвазија на Алжир кога француските војници биле стационирани во Мазагран во Алжир. Ова кафе им помагало да ги преживеат топлите денови и војната.rnrnЗа да го направите потребно ви е еспресо и лимон, но некои рецепти содржат и малку рум.rnrnМазагран: Алжирско кафе кое ќе сакате да го пробатеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • коцки мраз
    • rn 011

    • 250 милилитри еспресо или инстант кафе
    • rn 011

    • лимон по вкус
    • rn 011

    • засладувач по избор (шеќер, ванила, цимет)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Наполнете една чаша со коцки мраз.
    2. rn 011

    3. Подгответе го кафетo и истурете го врз мразот.
    4. rn 011

    5. Додадете свежо исцеден сок од лимон и засладувач и измешајте.
    6. rn

    rnПробајте го и овој рецепт за тирамису фрапучино.

  • Колач од лимон и бадем без брашно: Сочен и мек десерт кој е совршено изненадување за целото семејство!

    Колач од лимон и бадем без брашно: Сочен и мек десерт кој е совршено изненадување за целото семејство!

    Овој колач ќе ве воодушеви уште од првиот залак со својот интензивно ароматичен вкус.rnrnКолач од лимон и бадем без брашно: Сочен и мек десерт кој е совршено изненадување за целото семејство!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 лимони
    • rn 011

    • 250 г мелени бадеми
    • rn 011

    • 6 големи јајца
    • rn 011

    • 200 г шеќер
    • rn 011

    • 1 лажичка прашок за печиво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете ги лимоните во сад и додајте им ладна вода која треба да ги залие.
    2. rn 011

    3. Покријте ги со капак и ставете на тивок оган да вријат 1 час.
    4. rn 011

    5. Потоа, тргнете ги од ринглата и оставете ги уште половина час покриени со капак.
    6. rn 011

    7. Загрејте ја рерната на 190 ᵒС, а потоа премачкајте го со путер калапот за торта со дијаметар од 20 или 22 см.
    8. rn 011

    9. Исечете ги лимоните на тенки парчиња и сомелете ги во блендер како пире.
    10. rn 011

    11. Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го пирето од лимон, а на крај смесата од мелени бадеми и прашок за печиво.
    12. rn 011

    13. Добро измешајте ја смесата со дрвена лажица, па истурете ја во подготвениот калап за печење и печете го колачот 20 минути.
    14. rn 011

    15. Потоа покријте ја тортата со фолија, намалете ја температурата на 180 ᵒС и печете го уште половина час до 40 минути, сè додека чепкалка за заби со која ќе го боцнете не излезе чиста.
    16. rn 011

    17. Оставете го колачот во калапот половина час да се излади.
    18. rn 011

    19. Потоа извадете го од калапот и оставете го да се олади целосно пред да го исечете на парчиња. Украсете го колачот по желба и уживајте во вкусот на овој неверојатен десерт.
    20. rn

    rnМожеби сакате да дознаете и како се прават миризливи колачиња, брз и лесен рецепт за велигденски десерт.

  • Не фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброк

    Не фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброк

    Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц и тој ги штити здравјето и имунолошкиот систем, а тоа е клучно за вас во овој период на владеење на коронавирусот. Но, кората од лимонот најчесто ја фрлате, а таа може да ви биде од голема корист при подготвувањето на некои јадења.rnrnНе фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброкrn

    Тестенини

    rnКората од лимон и тестенините може да се комбинираат. Кората можете да ја додадете во сè, од сос за шпагети до морска храна.rnrnНајважно е да ја додадете кората од лимонот на крајот за да го направите вкусот попрепознатлив. Дури можете и да ја изрендате врз секој оброк, слично како пармезанот.rn

    Колачи

    rnМалку кора од лимон може да го дополни вкусот на тортата. Исто како и солта, само малку кора од лимон ќе ви даде уникатен вкус.rnrnДури и ако не пишува во рецептот, можете да додадете лажица или две кора од лимон, од лимета или од портокал во речиси секој сладок леб, во мафините и во бисквитите.rn

    Сос

    rnОсвен во сос, кората од лимон може да ја додадете и во домашниот или во купечкиот мајонез за подобрување на веќе богатиот вкус. Исто така, кората можете да ја додадете во различни сосови кога готвите јадења како што се пилешко или морска храна.rn

    Насоки за рендање на кората од лимон:

    rnЛимонот треба да биде добро измиен и избришете го пред да започнете да ја рендате кората. Ако ви требаат и кората и сокот од лимонот, прво изрендајте ја кората, па исцедете го лимонот. За да ја избегнете горчината, не рендајте го белиот, внатрешен дел од кората и задржете се само на жолтиот, површински слој. Откако ќе го направите тоа, можете да го подготвите омиленото јадење.rnrnПогледнете како да подготвите здрава пролетна чорба, одлична за вашиот имунитет.

  • Еве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!

    Еве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!

    Сигурно ја знаете поговорката: Ако животот ви даде лимон – направете лимонада. Но, ние ви предлагаме: Ако животот ви даде семки од лимон, засадете го и ќе добиете еден куп свежи лимони.rnrnЕве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!rnrnОпшто мислење е дека лимоновите дрвја успеваат само на места со топла и сончева клима. Но, вистината е дека тие може да растат и во затворени и во добро климатизирани простории.rnrnЗа да го добиете вистинско овошје ќе ви требаат 3 до 6 години – но вреди!rn

    Како да засадите лимон:

    rn

      rn 011

    1. Набавете органски лимон (можеби е скап, но ќе ви требаат само неколку семки),
    2. rn 011

    3. Извадете го семето од него,
    4. rn 011

    5. Подгответе мешавина од почва за идното лимоново дрво (агрумите најдобро се одгледуваат во мешавина од тресет, перлит, вермикулит и органско ѓубриво). На почвата мора да ѝ се овозможи пропустливоста на вода.
    6. rn 011

    7. Изберете керамички цреп со дијаметар од 20 см. Може, исто така, да употребите пластичен сад, како и оној од дрво. За почетниците, многу е важно да го засадат семето од лимон во помал сад додека не порасне.
    8. rn 011

    9. Потребни се 10 до 14 часа светлина за семките да про’ртат, па изложете го садот на вештачка светлина во отсуство на природна светлина, како при инкубација на јајца.
    10. rn 011

    11. Наводнувајте го семето секој ден. Најдобро е да се користи млака вода и почвата постојано да биде влажна.
    12. rn

    rn

    Постапка за засадување

    rnЕве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!rn

    Сега кога имате сè, започнете со садење:

    rn

      rn 011

    1. Направете чај од камилица, па оставете да се излади. Исечете го лимонот и извадете го семето од него. Ставете ги неоштетените семки од лимон во млакиот чај од камилица.
    2. rn 011

    3. Пополнете го садот до половина со земја и добро наводнете го додека почвата не се изедначи рамномерно. Потоа пополнете го садот скоро до врвот.
    4. rn 011

    5. Наредете ги семето рамномерно низ садот со почвата, покријте ги со нов слој земја (на длабочина од околу 3 сантиметри), а потоа повторно наводнете ја почвата.
    6. rn 011

    7. Покријте го садот со пластична обвивка и оставете го на топло место. Бидете сигурни дека почвата е топла и влажна со цел семето да про’рти. По 2 недели, лимонот ќе никне.
    8. rn

    rnКога лимоновото дрво не порасне малку, мора да го прехранувате со ѓубриво. Ставајте му ѓубриво двапати годишно.rnrnПочвата околу лимон не смее да биде сува, но исто така, никогаш не треба да биде со многу вода. Ако нема природна светлина, дрвото ставете го покрај вештачка светлина.rnrnИ уште една важна работа: лимонот обожува кога разговарате со него, затоа зборувајте му и пејте му.rnrnАко го направите сето ова како што е објаснето, ќе уживате во прекрасните плодови од вложениот труд.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 6-те причини зошто треба почесто да користите лимон во исхраната.rnrn 

  • Ммм, преубави се! Кифличките со кора од лимон и пудинг од ванила се вкусни и лесни за правење

    Ммм, преубави се! Кифличките со кора од лимон и пудинг од ванила се вкусни и лесни за правење

    Дали има нешто поубаво од тоа наутро за време на викендот или попладне, по стресниот работен ден со кафе или чај да поткаснете нешто навистина вкусно?rnrnАко сте љубители на слатките вкусови, овие кифлички ќе ве воодушеват.rnrnВи го донесуваме оригиналниот рецепт за кифлички – а најголемите гурмани ќе побараат и репете!rnrnМмм, преубави се! Кифличките со кора од лимон и пудинг од ванила се вкусни и лесни за правењеrnrnЕве ви рецепт за 12 вкусни кифлички…rn

    Потребни состојки за полнењето со пудинг:

    rn

      rn 011

    • 1 пакетче пудинг од ванила
    • rn 011

    • 400 мл млеко
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn 011

    • 2 лажици шеќер
    • rn 011

    • 200 г кисела павлака
    • rn

    rn

    Потребни состојки за тестото:

    rn

      rn 011

    • 550 г брашно
    • rn 011

    • ½ коцка квасец
    • rn 011

    • 100 г шеќер
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn 011

    • ½ лажичка кора од лимон
    • rn 011

    • 250 мл млако млеко
    • rn 011

    • 100 г омекнат путер
    • rn 011

    • прстофат сол
    • rn

    rn

    За наросување:

    rn

      rn 011

    • 50 г шеќер во прав
    • rn

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @kfaworks on

    rnrn

    rnrn

    Начин на подготовка на кремот:

    rn

      rn 011

    1. Измешајте го пудингот во прав со 3 лажици ладно млеко.
    2. rn 011

    3. Ставете го млекото во тенџере и разматете го јајцето во него.
    4. rn 011

    5. Стоплете го млекото, додајте ја смесата за пудинг и мешајќи варете го кремот околу една минута.
    6. rn 011

    7. Тргнете го тенџерето од шпоретот, истурете го пудингот во голем сад за малку да се излади.
    8. rn 011

    9. Откако ќе се излади додајте ја павлаката и добро соединете ги состојките.
    10. rn 011

    11. Покријте го кремот со фолија за да не фати коричка.
    12. rn

    rn

    Начин на подготовка на тестото за кифлички:

    rn

      rn 011

    1. Измешајте го брашното, квасецот, шеќерот, кората од лимон, млакото млеко, омекнатиот путер и јајцето.
    2. rn 011

    3. Замесете тесто а потоа, покријте го и ставете го на топло место да нарасне и да го удвои својот волумен (околу 45 минути).
    4. rn 011

    5. Потоа повторно размесете го тестото.
    6. rn 011

    7. Тестото расукајте го на набрашнета површина и исечете го во форма на триаголници.
    8. rn 011

    9. Премачкајте го секој триаголник со 1 до 2 лажици пудинг и обликувајте ги триаголниците во кифли. Притоа, прво преклопете ја најдолгата страна на триаголникот, а потоа завиткајте.
    10. rn 011

    11. Пред да ги ставите кифлите во рерна, наредете ги на плех за печење на кој сте ставиле мрсна хартија и оставете ги да нараснат уште 15 минути.
    12. rn 011

    13. Испечете ги благите кифлички во рерна загреана на 170 ᵒС додека не добијат златно жолта боја (околу 25 минути), а потоа оставете ги да се изладат на решетка.
    14. rn

    rnПред сервирање, наросете ги со шеќер во прав.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да подготвите торта со пишкоти и јагоди: Божествен вкус кој ќе ве фасцинира!

  • Во овие ситуации лимонот станува опасен по здравјето!

    Во овие ситуации лимонот станува опасен по здравјето!

    Повеќето луѓе сметаат дека лимоните се феноменални за здравјето, кожата и косата. Сепак, дури и оваа исклучително корисна состојка може да биде придружена со несакани ефекти!rnrnВо овие ситуации лимонот станува опасен по здравјето!rnrnНа пример, ако испиете премногу сок од лимон во текот на еден ден, шансите дека потоа ќе имате раздразнет стомак се многу големи.rnrnНашиот организам е во состојба да свари сè одеднаш, а тоа го прави стомакот кисел подолго време. Ова значи дека мукозните мембрани на дигестивниот систем се иритирани, а тоа може да доведе до болки во стомакот.rnrnГастроезофагеалната рефлуксна болест е исто така позната како киселински рефлукс, а лимонот е една од состојките одговорни за ваквата состојба. Киселината во овошјето може да го ослабне долниот езогагелен сфинктер (мускул што го одделува желудникот од хранопроводот) и да стимулира производството на киселина во желудникот што може да ја иритира мукозната мембрана на хранопроводот. Оваа состојба може да резултира во чир на желудникот.rnrnНекои од симптомите се гадење, регургитација (неволно враќање на желудочна содржина во хранопроводот и фаринксот), повраќање, болка во градите, болки во грлото…rnrnДруг несакан ефект од ова овошје е тоа што помага при формирањето на камења во бубрезите или жолчното ќесе.rnrnВо овие ситуации лимонот станува опасен по здравјето!rnrnПрекумерната употреба на лимони може да предизвика вашите дигестивни органи да апсорбираат премногу железо, со што големо количество непотребно железо да се акумулира во организмот. Оваа висока концентрација на железо на крајот може да доведе до болест како што е хемохроматозата.rnrnЛимонската киселина произлегува од високата концентрација на витамин Ц во лимонот. Тоа го прави ова овошје природен диуретик, но исто така ја зголемува и потребата од мокрење.rnrnИстражувањата покажале дека лимонот може да биде една од најчестите причинители на мигрена или главоболки, бидејќи содржи значителна количина аминокиселини.rnrnКонсумирањето сиров лимон или пиењето чист сок од лимон може директно да ги оштети вашите заби. Лимонската и аскорбинската киселина, кои се наоѓаат во лимонот предизвикуваат сериозно оштетување на забната глеѓ. Ова може да доведе до промени на бојата на забите, но и нивно расипување.rnrnМногумина користат сок од лимон за разубавување на кожата, но во лето тоа не е толку препорачливо бидејќи може да предизвика изгореници. Користењето на сок од лимон при миењето на косата е дефинитивно добра идеја, но не треба да претерувате за да не ја направите косата премногу сува.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 5-те причини зошто треба да јадете манго.

  • Маска од 2 состојки што го изедначува тенот и го смирува црвенилото на кожата

    Маска од 2 состојки што го изедначува тенот и го смирува црвенилото на кожата

    Доколку имате неизедначен тен или проблеми со црвенилото на кожата, тогаш оваа маска е како создадена за вас. Најдобрата работа е тоа што таа е целосно е природна и нема да ви бидат потребни многу пари за неа. Сè што ви треба е само една круша и половина лимон. Оваа маска ќе ви ја врати свежината и ќе ги смири иритираните места на кожата. Потребно е да ја нанесувате 2 пати неделно за да имате видливи резултати.rnrn(1) go-izednachuva-tenot-i-go-smiruva-crveniloto-na-kozhata-maska-od-dve-sostojkirnrnПа, како да ја подготвите и користите?rnrnИспасирајте ја крушата, а потоа додајте го исцедениот лимон. Добро измешајте ги состојките, па нанесете ја смесата на лицето. Почекајте да отстои 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода и на крај нанесете ја кремата за лице која вообичаено ја користите.rnrnЦрвенилото од кожата би требало веднаш да го снема, а за да добиете изедначен тен, ќе ви биде потребно повеќе третмани.rnrnПоради витамините Е и Б кои помагаат во регенерирањето на кожата, витаминот Ц и бакарните минерали, кои се исто така моќни антиоксиданти, крушата и лимонот се мелем за кожата, бидејќи го забавуваат нејзиното стареење и длабоко ја хидрираат.rnrnПробајте ја и оваа природна маска за нега на кожата со само 3 состојки.

  • 6 причини зошто треба почесто да користите лимон во исхраната

    6 причини зошто треба почесто да користите лимон во исхраната

    Лимонот е популарно цитрусно овошје што најчесто се користи за правење пијалаци и преливи за салати, а ретко се јаде самостојно за разлика од портокалот и мандарините. Тој претставува добар извор на витамин Ц и флавоноиди кои допринесуваат за подобро здравје. Прочитајте ги и следниве 6 причини зошто лимонот е многу добар за вас.rnrn6 причини зошто треба почесто да користите лимон во исхранатаrn

    1. Го смалува ризикот од мозочен удар

    rnСпоред една 14-годишна студија од Америка во која учествувале 70.000 жени, оние што јаделе најмногу цитруси имале за 19% помал ризик од исхемичен мозочен удар во однос на оние кои јаделе малку овошје.rn

    2. Спречува развој на хипертензија

    rnЕдно истражување од Јапонија покажало дека жените што секојдневно користат лимон во исхраната имаат понизок крвен притисок во споредба со оние кои не јадат лимон воопшто.rn

    3. Го забавува стареењето на кожата

    rnВитаминот Ц во лимонот го поттикнува создавањето колаген кој е од клучна важност за превенција од брчки. Овој витамин како и другите антиоксиданси што лимонот ги содржи се борат против загадувањето и оштетувањето што настануваат поради УВ зрачење.rn

    4. Помага при превенција на астма

    rnИстражувањата покажуваат дека луѓето кои внесуваат поголема количина на одредени намирници, меѓу кои е и витаминот Ц, го смалуваат ризикот од развој на астма. Една студија покажала дека тој исто така ги ублажува симптомите кај луѓето со астма кога ќе настинат.rn

    5. Ја подобрува апсорпцијата на железо

    rnНедостатокот на железо е главен причинител за анемија и во развиените земји е меѓу најчестите здравствени проблеми. Консумирањето намирници богати со железо во комбинација со витаминот Ц ја подобрува способноста на организмот да го апсорбира железото од храната.rn

    6. Го јакне имунитетот

    rnХраната богата со витамин Ц и флавоноиди, како што се лимонот и останатите цитруси, го јакне имунитетот и го смалува ризикот од настинка и грип.rnrnДознајте и за овие примени на лимонот во третманите за здравје и убавина.