Во изминативе две децении, сме имале прилика да изгледаме еден куп интересни серии, специфични и карактеристични, секоја на свој начин. Но во секоја серија, еден лик отскокнува и ја прави уште поинтересна, без разлика дали станува збор за главна или споредна улога. Сепак, честитки до режисерите за изборот на глумците, кои успеале успешно да ја пренесат нивната идеја, за ние гледачите да уживаме во нивните изведби. Ова се само дел кои ние ги издвоивме за вас.rn.rn
rn011
- Серија: ИМЗ: Мајами (CSI: Miami)
rn011
- Лик: Хорацио Кејн
rn011
- Глумец: Дејвид Карусо
rn
rn
„Истрага на местото на злосторството: Мајами“, никогаш немаше да биде толку позната да не беше овој лик. Сите го знаат по неговите надалеку познати очила за сонце, а неговото специфично отворање на секоја епизода, со поставување енигма и заминување од кадарот, стана легендарно.rn.rn
rn
Со својата дрскост и британскиот акцент, овој лик ќе ве привлече уште од првата епизода. Ќе уживате во неговата генијалност и прецизност, а приказната на серијата во која глуми ќе ве воодушеви.rn.rn
rn011
- Серија: Теоријата за Биг Бенг (Big Bang Theory)
rn011
- Лик: Шелдон Купер
rn011
- Глумец: Џим Парсонс
rn
rn
Зарем може да се опише ваков лик!? Неговата прецизност и планирањето на секоја секунда од неговото време во комбинација со неговото знаење и генијалност ќе ве насмее до солзи. Маичките од супер херои кои ги носи во зависност од расположението, точниот распоред за секој оброк во неделата, комплицираните договори за цимерскиот живот и што ли уште нема да видите од овој лик.rn.rn
rn011
- Серија: Третиот камен од сонцето (Third rock from the sun)
rn011
- Лик: Дик Соломон
rn011
- Глумец: Џон Литгоу
rn
rn
Ја паметите оваа серија, нели? Одличниот хумор кој ù го носи овој лик на серијата е многу важен дел од успехот кој таа го постигна. Вонземјанинот во човечко тело, како глава на лудото семејство секогаш знаеше да ги каже „најпаметните“ работи, а токму затоа публиката го обожаваше.rn.rn
rn011
- Серија: Фрејзер (Frasier)
rn011
- Лик: Фрејзер Креин
rn011
- Глумец: Келси Гремер
rn
rn
Неверојатно смешниот психијатар со свое радиско шоу е длабоко влезен во историјата на најдобрите комични ликови на сите времиња. Надополнет од својот брат Нилс Креин и татко му Мартин, скоро е невозможно да не го сакате.rn.rn
rn011
- Серија: Калифорникација (Californication)
rn011
- Лик: Хенк Муди
rn011
- Глумец: Дејвид Духовни
rn
rn
Разведениот татко, кој меѓу другото е познат писател, е главна ѕверка во Калифорнија по кого сите жени сечат вени. Нездравиот начин на живот и неговиот несериозен пристап кон работите, го прават овој лик многу интересен.rn.rn
rn
Дрскост, дрскост и само дрскост. Главниот лик на оваа серија е склоп од комплексност и професионалност, а неговиот изглед само ја надополнува сликата. Со слободна мисла, без влакна на јазикот и со извонредно проткаениот хумор на ниво, овој лик и тоа како ја прослави оваа серија.rn.rn
rn
Секогаш перфектно костумосаниот Барни е еден од оние ликови кои се паметат вечно. Големиот „швалер“ прави одлична дигресија во мирното и забавно друштво во серијата, а неговите фрази и постапки пополека стануваат легендарни.rn.rn
rn
Човекот кој без влакна на јазикот и со крајна дрскост оди до крај за да обезбеди најдобар ангажман за своите клиенти. Безобразен, нападен и енергичен на работа, кроток и емотивен со семејството, него го сакате, додека истовремено и го мразите. Ари Голд се пика под кожа кај сите останати во серијата, но и кај публиката. Кратко кажано, човекот е цар!rn.rn
rn011
- Серија: Декстер (Dexter)
rn011
- Лик: Декстер Морган
rn011
- Глумец: Мајкл Хол
rn
rn
Ладнокрвен, сталожен, пристоен и мирен се додека не му згрешиш некако нему, на неговото семејство, пријателите, но и на човечкиот морал и достоинство. Според многумина, една од најдобрите серии некогаш снимена, токму поради одлично замислениот и реализиран лик на Декстер.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.