КАФЕ ПАУЗА

Tag: ликови

  • Креативна девојка се трансформира во принцезите од Дизни

    Креативна девојка се трансформира во принцезите од Дизни

    Креативната шминкерка Таманг Фан обожава да експериментира со својот изглед, користејќи различна шминка, фризури и костими. Овој пат, таа се трансформирала во дел од најпознатите ликови од омилените анимирани филмови на Дизни. Таманг со задоволство објаснува за сите трансформации на нејзиниот канал на Јутјуб и вели дека секоја девојка може да се шминка како што се шминка таа.rnrn

    Креативна девојка се трансформира во принцезите од Дизни
    Елса
    rnrnДоколку ви се допаднаа креативните проекти на Таманг и сакате да го следите нејзиниот пример тогаш можете слободно да ги погледнете видео туторијалите во кои таа детално го објаснува создавањето на избраниот изглед, чекор по чекор. А сега, погледнете дел од нејзините најинтересни трансформации.rnrn
    Креативна девојка се трансформира во принцезите од Дизни
    Елса
    rnrn

  • Неверојатни полициски скици направени од описите на ликовите во вашите омилени книги

    Неверојатни полициски скици направени од описите на ликовите во вашите омилени книги

    Кога станува збор за физичкиот изглед на своите ликови, добриот писател има моќ да нацрта слика со зборови. Многу често тие обрнуваат големо внимание на описите, како и на атрибутите кои помагаат да се изгради нечија личност, а потоа и цела новела. Ако книгата со тек на време се претвори во филм и овие внимателно одбрани детали се занемарени, тогаш целосно се губи ликот кој сите ние го имаме во нашата глава.rnrn

    Кетнис Евердин - Игрите на гладните, напишана од Сузан Колинс
    Кетнис Евердин – Игрите на гладните, напишана од Сузан Колинс
    rnrnАртистот Брајан Џозеф Дејвис, кој работи во филмската индустрија, преку неговиот сегашен проект ни покажува како изгледаат полициските скици на добро познатите ликови направени од описите во книгите. Тој ги создава овие цртежи со софтверот кој го користи полицијата, а потоа манипулира со нив со цел да ја долови визијата на авторот. Фасцинантно е да се гледа како зборовите можат да оживеат. Погледнете.rnrn

  • Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

    Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

    Хороскопските знаци ни покажуваат кои аспекти од нашата личност доминираат, како и кои се нашите маани и слабости. Но, тие исто така можат да ни покажат и со кои фиктивни ликови имаме најголема сличност. Започнувајќи од класиците, па сè до модерната литература, откријте кој лик од најпознатите книги најмногу одговара на вашиот карактер.rn

    Овен: Хаклбери Фин од книгата „Авантурите на Хаклбери Фин“, напишана од Марк Твејн

    rn(1) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како и Хак, така и Овните можат да бидат импулсивни и насочени само кон себе. Но, и покрај тоа тие имаат дарежлива страна исполнета со ентузијазам. Овните преферираат да бидат независни, но исто така се и екстремно лојални пријатели, исто како и Хак.rn

    Бик: Кетнис Евердин од книгата „Игри на гладните“, напишана од Сузан Колинс

    rn(2) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како и Кетнис, така и Биковите се независно тврдоглави и преферираат да ги прават нештата на свој начин. Тие повеќе се следбеници отколку лидери, но само ако веруваат во тој лидер. Кога станува збор за луѓето кои ги сакаат, тие се лојални и ќе направат сè за нив. Дури и ако тоа значи волонтирање во игра каде што има 99% шанса за смрт.rn

    Близнаци: Алиса од книгата „Алиса во земјата на чудата“, напишана од Луис Керол

    rn(3) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnБлизнаците се неверојатно независни, полни со енергија и лесно се адаптираат. Исто како и Алиса која ќе налета на светот на чудата, тие истражуваат нови простори и запознаваат нови луѓе со ентузијазам. Но, истовремено можат да бидат и многу неодлучни и токму тоа ги води подалеку од патот по кој сакаат да се движат.rn

    Рак: Дороти Гејл од книгата „Волшебникот од Оз“, напишана од Л. Френк Баум

    rn(4) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како и слатката Дороти, така и Раковите се лојални и се грижат за семејството и пријателите. Тие се оние луѓе на кои секогаш можете да сметате дека ќе ве расположат кога нештата се тешки. Исто така тие знаат да бидат и несигурни, па треба да бидат охрабрени и пофалени, особено ако се чувствуваат виновни за случајното убивање на зелената лоша вештерка.rn

    Лав: Хари Потер од книгите „Хари Потер“, напишани од Џ. К. Роулинг

    rn(5) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnДали ве изненадува тоа што Лавовите се исто толку храбри и лојални како Хари? Тие се природни лидери, па токму затоа и лесно привлекуваат луѓе со нивната аура. И покрај тоа што на моменти можат да делуваат мелодраматично, тие би направиле сè за своите пријатели.rn

    Девица: Хејзел Грејс Ланкастер од книгата „Виновни се ѕвездите“, напишана од Џон Грин

    rn(6) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnДевиците се потпираат на логиката и опсервациите за сè, дури и за болеста. Исто како и Хејзел која боледува од рак, тие се однесуваат како да имаат сè под контрола, кога вистината е сосема спротивна. Тие можат да бидат скептични за оние нешта кои не ги разбираат целосно и понекогаш имаат тенденција да ги потиснуваат своите емоции.rn

    Вага: Атикус Финч од книгата „Да се убие птицата подбивница“, напишана од Харпер Ли

    rn(7) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како Атикус, така и Вагите се природни дипломати. Тие се шармери кои преферираат мир наместо хаос и кој тежнеат кон задржувањето на мирот колку што можат повеќе. Тие се инстинктивни и идеалисти, но и многу ја почитуваат правдата, па ако сметаат дека некој е погрешно обвинет, ќе направат сè во нивната моќ за да ја докажат вистината.rn

    Скорпија: Холден Каулфилд од книгата „Игра во ’ржта“, напишана од Џ. Д. Селинџер

    rn(8) kКој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnСкорпиите се лојални, снаодливи и одлично забележуваат детали. Но, тие повеќе го сакаат своето друштво и затоа не им веруваат на другите. Мислите на Холден се преполни со негативни, опсесивни и цинични детали за другите кои тие му делуваат „лажно“. Скорпиите размислуваат на истиот начин.rn

    Стрелец: Р. П. МекМарфи од книгата „Лет над кукавичјото гнездо“, напишана од Кен Кисеј

    rn(9) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnСамо две нешта им се важни на Стрелците: слобода и авантура. Тие се екстремно пријателски настроени и лесно ги привлекуваат луѓето со нивните позитивност и ентузијазам. Токму тоа и го споделува МекМарфи со неговите пријатели, учејќи ги на слободата, авантурата и живеењето.rn

    Јарец: Господин Дарси од книгата „Гордост и предрасуди“, напишана од Џејн Остин

    rn(10) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како горделивиот господин Дарси, така и Јарците знаат да бидат диктатори, наметливи и недоверливи. Но, кога ќе им се даде шанса, тие се едни од најлојалните и најтрпеливите луѓе во светот. Поради нивното чувство на одговорност, имаат силен работен став кој им помага брзо да напредуваат.rn

    Водолија: Виктор Франкенштајн од книгата „Франкенштајн“, напишана од Мери Шели

    rn(11) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како и генијот кој истовремено е и луд доктор, Водолиите се паметни и инвентивни. Тие имаат потреба за знаење и би направиле сè за да ја задоволат оваа потреба. Но, тие исто така се и тврдоглави бунтовници кои не дозволуваат ништо да им го одвлече вниманието од целта која си ја зацртале, дури ни ако станува збор за враќање на мртвите во живот.rn

    Риби: Џеј Гетсби од книгата „Големиот Гетсби“, напишана од Ф. Скот Фицџералд

    rn(12) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?rnrnИсто како Гетсби, така и Рибите се сочувствителни и екстремно посветени. Гетсби успеал и се збогатил поради својата љубов и посветеност кон Дејзи, надевајќи се дека таа ќе му се врати. Со оглед на тоа дека Рибите се најчувствителни во Зодијакот, тие често запаѓаат во самосожалување и несигурност.

  • 12 најубави љубовни приказни кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните

    12 најубави љубовни приказни кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните

    Иако љубовта од ТВ екраните можеби не е вистинска, сепак од неа можеме многу да научиме за љубовта и врските. И иако на прв поглед нивните врски ни изгледаат идилични и нереални, факт е дека тие многу наликуваат на денешните врски. Романтични предлози за брак кои до ден-денес посакуваме да ни се остварат, интересни ситуации кои можат да се случат само на филм и разни љубовни сплетки… Од најромантичните парови до најнеобичните, направивме листа од 12 ТВ парови кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните.rnrn0-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    1. Кери и Фацата од „Сексот и градот“

    rnКери и Фацата се можеби најдобриот пар на сите времиња. Од караници до раскинувања, големи проблеми и животни предизвици со кои овие два ликови се соочуваат, сепак нема нешто што може да ги победи. Тие се доказ дека вистинската љубов постои и покрај сѐ. А после 10 години проблеми, предизвици, бројни раскинувања и емоционални моменти, Кери и Фацата конечно го добиваат нивниот среќен крај.rn

    2. Моника и Чендлер од „Пријатели“

    rnМожеби најнеочекуваниот пар во серијата, Моника и Чендлер од најдобри пријатели преминуваат во момче и девојка полека разгорувајќи го малото љубовно пламенче кое е секогаш присутно меѓу нив. Иако Рос и Рејчел се главниот пар, сепак овие двајца имаат поромантична и понеобична љубов која на крај ќе заврши со брак.rn

    3. Лили и Маршал од „Како ја запознав мајка ви“

    rnНема ликови од ниедна ТВ серија кои повеќе си одговараат од овие двајца. Луди и романтични, со убава историја преплетена со вредни моменти, Лили и Маршал успеваат да пребродат сѐ што животот може да приреди. Тие се совршена слика за тоа како еден брак треба да изгледа, но иако не е сѐ розово, вистинската љубов успева да се одржи на површината потиснувајќи ги проблемите.rnrn1-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    4. Рејчел и Рос од „Пријатели“

    rnСамата приказна дека Рос е веќе 10 години заљубен во Рејчел без да признае толку долго време нѐ тера да извикаме „ооо“ со слатко гласче. Нивната љубовна приказна, исполнета со тврдоглавоста на Рос и горделивоста на Рејчел на моменти нѐ предизвикува да влеземе во ТВ екраните, да ги удриме нивните глави една со друга и да ги натераме да се бакнат.rn

    5. Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“

    rnИако на почетокот тие го загрозуваат нивниот однос стажант-ментор, тоа прераснува во една прекрасна љубовна приказна исполнета со секојдневните доживувања и проблеми на докторите. А вистинската љубов не може ни смртта да ја раздели.rnrnELLEN POMPEO, PATRICK DEMPSEY, CHYLER LEIGHrn

    6. Блер и Чак од „Озборувачка“

    rnНајконтроверзни, а сепак најзаљубени, Чак и Блер имаат невообичаена врска. Нивната романтичност и лицемерие, карактеристично за богатата класа е токму она што силно нѐ прикова за ТВ екраните додека траеше оваа популарна серија. Од согласност за секс за една ноќ со неговата девојка за да го добие назад својот хотел до екстравагантни понуди кои ниедна жена не може да ги одбие, Чак и Блер имаат искусено сѐ. Но, најважно е што сето она што им се случува тие успеваат да го пребродат заедно. А нема ништо помоќно од тоа.rn

    7. Робин и Барни од „Како ја запознав мајка ви“

    rnПовеќе како пријатели отколку како момче и девојка, Барни и Робин започнуваат со платонски односи, но еден импулсивен секс и работите во главата на најголемиот женкар се менуваат. Неговата слатка, детска и невина љубов која ја чувствува кон Робин е токму главната карактеристика на овој прекрасен пар.rnrn7-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    8. Хана и Кејлеб од „Слатки мали лажливки“

    rnВистински показател дека врските на далечина можат да опстанат се Хана и Кејлеб од „Слатки мали лажливки“. Она што е навистина интересно, па и клише за овој пар, е тоа што иако припаѓаат на целосно различни светови, тие сепак успеваат да ја одржат нивната љубов.rn

    9. Џеки и Хајд од „Луди 70-ти“

    rnБез разлика колку се мразеа, тие двојно повеќе се сакаа. Иако таа беше размазената богаташка и сѐ она што тој го мрази кај една девојка, љубовта која Хајд ја чувствуваше кон Џеки не може да се спореди со ниедна друга. Младоста и предизвиците кои таа ги носи никогаш не ги спречи овие два ликови да бидат заедно.rn

    10. Пени и Ленард од „Теоријата за Биг Бенг“

    rnКрајно романтични, лигави и уникатни се дефинитивно епитетите кои ги заслужуваат овие два ликови. Колку и необично да изгледа, некогаш доброто момче ја добива убавата девојка. Нивната хемија полека растеше од првиот состанок кога Пени се досели во нивната зграда за потоа да настане реална и неотповиклива љубов.rnrn6-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    11. Снежана и Принцот од „Си биле еднаш“

    rnОсвен што е фантазија во прашање и една од најомилените двојки на сите времиња, оваа љубовна приказна има да понуди многу повеќе од тоа. Од справувањето со ќерката која е на иста возраст со нив, до амнезијата и битката против злото, Снежана и Принцот успеваат да пребродат сѐ. А доброто секогаш победува над злото.rn

    12. Џес и Ник од „Новата девојка“

    rnЖивеењето во стан со три момчиња е навистина голем предизвик. И плус, голем ризик е вљубувањето баш во оној кој нема постојана работа, не знае да искажува емоции и едноставно има несреден живот. Но, баш таа љубов е најубава. Љубов во која викањето на сред караница завршува со бакнеж.rnrn5-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 23 маки кои ги сфаќаат само љубителите на книги

    23 маки кои ги сфаќаат само љубителите на книги

    Читателите на книги честопати се соочуваат со огромни проблеми кои останатите смртници никогаш нема да можат да ги сфатат. А тоа се тешки, тешки маки со кои ниедно суштество не треба да се соочува. Или барем така мислат љубителите на книги.rn

    1. Кога треба да одлучите која книга следна да ја читате

    rn1-23-maki-koi-gi-sfajkaat-samo-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrn

    2. Прво сте возбудени за филмската адаптација за на крај да испадне дека таа нема никаква врска со книгата

    rn2-23-maki-koi-gi-sfajkaat-samo-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrn

    3. Кога некој тврди дека филмот е подобар од книгата

    rn3-23-maki-koi-gi-sfajkaat-samo-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrn

    4. Бескрајното чекање да излезе продолжението…

    rn4-23-maki-koi-gi-sfajkaat-samo-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrn

    5. Поседувате толку многу книги што веќе немате каде да ги чувате

    rn5-23-maki-koi-gi-sfajkaat-samo-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrn

    6. Кога некој ќе ве прекине додека читате

    rn6-23-maki-koi-gi-sfajkaat-samo-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrnrn

  • Викенд книга: „Од љубов до омраза“ – Кристин Хигинс

    Викенд книга: „Од љубов до омраза“ – Кристин Хигинс

    Топла, забавна и духовита приказна во која за брзо ќе се вљубите…

    rn

    Наша оцена: 6

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rn1-vikend-kniga-od-ljubov-do-omraza-kristin-higins-kafepauza.mkrnrnОд авторката на „Јас и ти“, „Од љубов до омраза“ е интересна, топла и духовита приказна во која лесно ќе се вљубите. Особено ќе ја сакаат помладите и тинејџерите, а секако дека би ја засакале и повозрасните кои се расположени за лесна литература.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnПаркер Велс е писателка на позната серија детски книги, „Ангелчиња на ролери“, преку што самата авторка дава сатиричен осврт на една нејзина книга која била одбиена од нејзините издавачи. Паркер, која е самохрана мајка, иако заработува многу од популарноста на серијалот, парите ги дава во добротворни цели. Сега Паркер е ставена пред тежок тест – нејзиниот татко поради нелегални зделки го губи целото семејно богатство. Така Паркер ќе мора да се упати кон заливот Гидеон за да продаде полураспадната колиба. За помош, татко ѝ го испраќа неговиот потрчко, адвокатот Џејмс, кого Паркер воопшто не го сака, дури и не го удостојува викајќи го по име, туку го нарекува Суштество Еден.rnrnЛишена од богатството во кое дотогаш уживала, Перкер сега ќе мора сама да заработува за себе и за своето синче, па така се вработува во цвеќарница. Полека Паркер сфаќа дека може да имаш добар живот и без толкаво богатство, и секако, сфаќа дека Суштество Еден и не е толку лош човек кога подобро ќе го запознаеш.rnrnЛичната критика за оваа книга би била дека е забавна и топла книга која ќе ве опушти и насмее. Секако, не би можела да го изоставам фактот дека е премногу „филмска“ и предвидлива, а нејзините ликови се онаа класична комбинација од близу совршен маж и слатко несовршена хероина. Ликовите се доста добро изградени, дури може да се каже дека повеќе ќе уживате во ликовите отколку во самата приказна. Иако не сум ја прочитала „Јас и ти“, гледам дека ужива многу подобри критики од поновата книга на Хигинс. Воглавно би рекла дека она што ѝ недостига на книгата е повеќе тензија, проблеми и осврти кои нема да се разрешуваат така магично и совршено. Ако сте за лесна и љубовна книга, ова е тоа што го баравте.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 29 март 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • На оваа фотографија LG детектира 16 лица. Колку гледате вие?

    На оваа фотографија LG детектира 16 лица. Колку гледате вие?

    Подготвени сте за мала забава? Колку лица можете да забележите на оваа фотографија? Вклучувајќи ги очигледните 5 личности и сликата на ѕидот, мобилните телефони LG детектираат вкупно 16 лица. Кликнете на фотографијата за целосната големина и обидете се да ги откриете сите ликови. Доколку не успеете, доближете во долниот десен агол за насоки. Откако ќе завршите, пишете ни колку време ви требаше и дали успеавте да ги најдете сите.rnrnНа оваа фотографија LG детектира 16 лица, колку гледате вие?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како би изгледале принцезите на Дизни кога би имале реални коси?

    Како би изгледале принцезите на Дизни кога би имале реални коси?

    И покрај сите сирени, волшебници, вештерки и принцови, има уште една работа во цртаните на Дизни што едноставно нема логика кога се ликовите во прашање. Лорин Бранц, илустраторка во Базфид, забележала дека нивните коси често „се однесуваат“ на чуден и нереален начин, па затоа одлучила да ни покаже како тие би изгледале кога би биле природни во реалноста. Претходно, благодарение на истата артистка, имавме можност да видиме како би изгледале Дизниевите принцези кога би имале реални струкови.rnrn

    Ариел
    Ариел
    rnrn
    Ариел со мокра коса
    Ариел со мокра коса
    rnrn
    Бела
    Бела
    rnrn
    Бела со нејзината коса залепена за сјајот на нејзините усни
    Бела со нејзината коса залепена за сјајот на нејзините усни
    rnrn
    Снежана
    Снежана
    rnrn
    Снежана со раштрчкана коса под влијание на влагата
    Снежана со раштркана коса под влијание на влагата
    rnrn
    Елса
    Елса
    rnrn
    Елса со подникнат корен
    Елса со подникнат корен
    rnrn
    Покахонтас
    Покахонтас
    rnrn
    Покахонтас со нејзината коса преку лицето на силниот ветар
    Покахонтас со нејзината коса преку лицето на силниот ветар
    rnrn
    Пепелашка
    Пепелашка
    rnrn
    Пепелашка станата од спиење
    Пепелашка станата од спиење
    rnrn
    Мулан
    Мулан
    rnrn
    Мулан со наелектризирана коса
    Мулан со наелектризирана коса
    rnrn
    Џасмин
    Џасмин
    rnrn
    Џасмин со нормален волумен на косата
    Џасмин со нормален волумен на косата
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани од Дизни

    Оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани од Дизни

    Сигурно веќе сте слушнале дека со текот на годините, бајките од Браќата Грим се „модификувани“ со цел да бидат попријатни за малите деца. Но, до кој степен се променети овие приказни? Започнувајќи од силувањето на Заспаната убавица, па сè до крвавата одмазда на Пепелашка, погледнете ги 7-те најзастрашувачки и најужасни оригинални приказни на добро познатите ликови од Дизни.rn

    1. Пепелашка

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Во цртаниот филм од Дизни кој бил направен во 1950 година, Пепелашка и Принцот се венчаат и живеат заедно до крајот на нивниот живот.rnrnКако навистина завршува приказната: Во бајките на браќата Грим, Ашенпутел и нејзиниот принц го добиваат својот среќен крај, но нејзините полусестри имаат крвав и застрашувачки крај. Во цртаниот филм сестрите беа приморани да живеат со својата љубомора кон Пепелашка, но во вистинската приказна една од нив ги сече своите прсти за да може нејзиното стапало да го собере во златната чевла, додека пак нејзината сестра ја отсекува својата пета. Но, тоа не е најлошо од сè. За време на свадбата на Ашенпутел и нејзиниот принц, гулаби долетуваат од рајот и им ги откопуваат очите на сестрите. Ужасно.rn

    2. Малата сирена

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Ариел засекогаш е претворена во човек од страна на својот татко и до крајот на својот живот е среќна со нејзиниот сопруг, принцот Ерик. Колку убаво.rnrnКако навистина завршува приказната: Во верзијата на Ханс Кристијан Андерсен, неговата сирена не посакала нозе само за да може да го добие момчето, туку поради тоа што сирените не одат во рајот како луѓето. Исто така, во неговата верзија од бајката, таа чувствувала како да оди врз ножеви секогаш кога ќе направела чекор. Но, тоа не е сè. Таа не успеала во својата мисија да го натера принцот да ја засака, кој доколку се заљубел во неа, неговиот бакнеж ќе префрлел дел од неговата душа во нејзиното тело и со тоа ќе ѝ овозможел задгробен живот. Токму затоа на денот на нивната венчавка, таа се фрлила во океанот и се удавила.rnrnНа страна од сè, оваа приказна на некој начин има среќен крај, бидејќи наместо да се претвори во морска пена, таа станала „ќерката на воздухот“, а со тоа добила втора шанса да ја заслужи својата душа. Сè што треба е да направи доволно добри дела.rn

    3. Снежана

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Принцот со бакнеж ја буди Снежана и ја носи до својот замок. Исто така, Злобната кралица умира откако ќе падне од карпа.rnrnКако навистина завршува приказната: На истиот начин, но повторно во верзијата од браќата Грим имало посуров завршеток за негативниот лик. Кралицата била поканета на свадбата на Снежана и принцот, што изгледа како добар гест, но откако пристигнала на свадбената забава ѝ дале пар жешки чевли од железо во кои била присилена да танцува до својата смрт.rn

    4. Заспаната убавица

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Принцот го победува змејот, ја бакнува заспаната девојка и потоа танцува со неа додека ѝ се менуваат боите на фустанот.rnrnКако навистина завршува приказната: Во приказната „Сонце, Месечина и Талија“ од 17-ти век, напишана од страна на Џамбатиста Басил, принцот не ја бакнува Талија која ја нашол како спие. Тој всушност бил крал и ја силувал. Таа се разбудила неколку месеци подоцна, со 2 близнаци, Сонце и Месечина, па дури потоа се нашла со кралот кој бил веќе во брак. Таа го добила својот среќен крај, но дури откако актуелната кралица се обидела да го натера кралот да ги изеде своите бебиња, поради што тој ја фрлил во оган и се оженил со Талија за казна.rn

    5. Пинокио

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Пинокио го спасува Џепето од китот и токму затоа е награден од страна на Сината самовила со човечки живот. Џимини штурецот добива работа како лиценцирана совест.rnrnКако навистина завршува приказната: Вистинската приказна од Карло Колоди е навистина ужасна. Тој го убива Џимини во првата сцена, а Џепето оди во затвор за немарност. Откако ќе излезе, кутриот Џепето го продава своето единствено палто за да му купи книга на Пинокио и да го испрати во училиште. Но, Пинокио ја продава својата книга за театарски билети и приказната од тука нагло се влошува. На крај, Фокс и Кет го обесуваат Пинокио за дрво, каде што ќе го остават да се загуши.rn

    6. Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Квазимодо не го добива баш својот среќен крај со Есмералда, но го прифаќа фактот дека таа не го гледа него на тој начин. Исто така, тој повторно станува дел од општеството откако ќе го победи злобниот Фроло и луѓето го обожаваат!rnrnКако навистина завршува приказната: Бајката „Грбав“ била оригинално напишана од Виктор Иго, па можете да замислите како завршува оваа приказна. На кратко, Фроло ја обесува Есмералда, па Квазимодо го убива Фроло и на крај Квазимодо плаче покрај трупот на Есмералда кој се распаѓа и со тек на време умира од глад.rn

    7. Лисицата и ловечкиот пес

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Тод го живее својот живот надвор, како лисица, а Купер продолжува со својот живот како ловечко куче и никогаш нема да ги заборават оние години кога другаруваа.rnrnКако навистина завршува приказната: Дали седите? Добро. Затоа што во оригиналната приказна од страна на Даниел П. Маникс, Купер го брка Тод сè додека не умре од умор. Потоа сопственикот на Купер се преселува во дом за стари, но претходно го убива Купер со сачмарка. Толку од среќниот крај.

  • 10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

    10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

    Сте се запрашале ли некогаш што точно се крие зад сцените на оваа ТВ серија? Погледнете ги наредниве 10 фасцинантни факти кои со сигурност ќе ве изненадат и ќе направат да ги засакате уште повеќе вашите омилени ликови…rn

    1. Некои од нашите омилени карактери никогаш не биле дел од стриповите

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnИ покрај тоа што Мерл и Дерил Диксон станаа нашите најомразени и најсакани ликови на малите екрани, тие всушност никогаш не биле дел од стриповите „The Walking Dead“. Браќата Диксон, заедно со Саша, се креирани од страна на продуцентот Френк Дарабонт кој сакал нови карактери со цел да се освежи приказната.rn

    2. ТВ серијата еднаш била мета на полицијата

    rnДарабонт со сигурност зажалил за одлуката да го измисли ликот Мерл во оној момент кога за време на првата сезона набљудувачи повикале полиција бидејќи мислеле дека тој е лудак кој стои на кров со снајпер. За само неколку секунди се појавиле специјалци кои брзо откриле дека станува збор за снимање.rn

    3. Во план било „T-Dog“ да умре порано

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnКога сме на темата за ликови кои не постоеле во стриповите, „T-Dog“, карактер чие полно име беше Теодор Даглас, требало да биде дел од само 3 епизоди во првата сезона. Но, тој станал толку популарен што продуцентите решиле да го поштедат од смртта и да го задржат до 3-тата сезона.rn

    4. За време на снимањето, мртвите се тивки суштества

    rnСите љубители на оваа ТВ серија многу добро знаат како звучат гладните мртви, но дали сте знаеле дека нивните звучни ефекти се додаваат во пост-продукцијата? Всушност, поголемиот дел од мртвите за време на сцените се екстремно многу тивки со цел да не се наруши атмосферата или пак, да не се одвлекува вниманието на глумците.rn

    5. Мртвите никогаш не трепкаат

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЕдна од најголемите карактеристики на мртвите во оваа ТВ серија е што тие никогаш не трепкаат. Доколку некогаш се сними трепкање кај некои од нив, тоа веднаш се исфрла. Ако добро размислите, ова до некаде има смисла, бидејќи тие едноставно не поседуваат доволно основни способности за да ги движат нивните екстремитети соодветно, па трепкањето само дополнително би ги бунело.rn

    6. Карл Грајмс е фан на стрипови

    rnВо оваа ТВ серија често можеме да забележиме мали знаци од други ТВ серии, филмови или стрипови. За време на првите 3 сезони, Карл носи маица на која има цртеж со шепа од куче. Овој цртеж е всушност логото на „Science Dog“, карактер кој исто како оваа приказна, бил креиран од Роберт Киркман за стрипот „Invincible“.rn

    7. Дублерите на Карл се всушност девојки?

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnСе сеќавате на сите оние драматични сцени со многу акција? Верувале или не, позади нив стои тим од искусни дублери кој многу наликуваат на актерите кои ги заменуваат. Но, она што е навистина интересно е што сите дублери на Чендлер Ригс (Карл Грајмс) кој е 15-годишно момче, поради својата мала градба се девојки: 31-годипната Ешли во петата сезона, 29-годишната Емили Бробст во четвртата сезона и 31-годишната Савана Џејд Вихант во третата сезона.rn

    8. Што всушност јадат мртвите?

    rnИ покрај тоа што изгледа како мртвите навистина да јадат човечко месо и органи, реалноста не е толку одвратна. Тимот кој се грижи за специјалните ефекти е екстремно креативен, па токму затоа она што вам ви изгледа како човечко месо е всушност шунка потопена во оцет. Покрај шунката, за снимањето се користат и други видови храна како на пример, желе од грозје, од кое бил направен глушецот кој Лизи ќе го подаде на едно од овие суштества во четвртата сезона.rn

    9. Луѓето и мртвите не се мешаат зад сцената

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЈадењето е многу важен дел во „The Walking Dead“, бидејќи и мртвите и луѓето постојано се во потрага по храна, но зад сцените работите се малку поинакви. Луѓето и „зомбињата“ јадат во различни простории со цел да се одржува тензијата на високо ниво кога тие повторно ќе се вратат на снимање.rn

    10. Традиционалната вечера на смртта во оваа ТВ серија не е толку ужасна како што звучи

    rnСте знаеле ли дека постои традиција секогаш кога ќе умре еден од главните карактери, останатите ликови да организираат „вечера на смртта“ во негова/нејзина чест? Оваа вечера им овозможува на сите да се збогуваат со својот пријател…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.