КАФЕ ПАУЗА

Tag: личност

  • Следниве карактеристики покажуваат дека вие имате навистина редок тип на личност

    Следниве карактеристики покажуваат дека вие имате навистина редок тип на личност

    Сите ние сме единствени како индивидуи. Имаме различни карактери и постојат други луѓе кои можат да бидат многу слични на нас или тотално различни. Карл Јунг следниот тип на личност го сметал за многу редок и неверојатен. Денес овој тип на личност се вика ИНФЈ (интровертност, интуитивност, чувствителност и емпатичност). Луѓето кои го имаат овој тип на личност ги поседуваат следниве карактеристики… дали и вие сте едни од нив?rnrnrnrn1. Секогаш се обидуваат да се фокусираат само на важни работи и не трошат време и енергија на сè. Секогаш застануваат на нозе дури и ако судбината ги турка на колена.rnrn2. Подготвени се секогаш да работат напорно за да ги остварат своите цели иако знаат дека среќата и успехот немаат граници.rnrn3. Кога нешто ќе тргне по зло, тие секогаш бараат излез од ситуацијата. Таквите луѓе веруваат во својата интуиција.rnrn4. Тие се среќни со само неколку добри пријатели околу себе.rnrn5. Тие навистина можат да ја почувствуваат туѓата болка, тага и незадоволство.rnrn6. Лесно можат да прочитаат секого. Секогаш знаат кога некој ги лаже и кога не е целосно искрен.rnrn7. Тие се во состојба да го подобрат светот, да го обојат во бои. Меѓу овие луѓе најчесто спаѓаат писателите и уметниците.rnrn8. Никогаш не тежнеат да бидат лидери, но ако дојде до тоа секогаш тргнуваат напред надевајќи се дека другите ќе го следат нивниот пример.rnrn9. Сакаат да бидат сами и да ги запишуваат своите мисли.rnrn10. Проблемите никогаш нема да ги спречат. Наместо да паничат тие бараат излез од кризната ситуација.rnrnДознајте и кои се заедничките карактеристики на сите оние што си ги оствариле своите соништа.

  • Ситуации во кои можете да откриете каков е секој човек

    Ситуации во кои можете да откриете каков е секој човек

    Луѓето најчесто се трудат да се однесуваат според нормите, но сепак постојат одредени ситуации во кои можеме да видиме каков е вистинскиот карактер на секоја личност. Вистина е дека луѓето многу глумат, но сепак во дадени моменти, карактерот може да ги издаде. Еве за кои ситуации се работи…rnrnСитуации во кои можете да откриете каков е секој човекrn

    1. Позиција на моќ

    rnПозната е изреката: „Дај му на човек моќ за да го видиш каков е навистина.“ Ова е сосема точно. Луѓето се менуваат кога ќе се почувствуваат моќни.rn

    2. Искушение

    rnСите имаме тенденција да се избереме себеси пред другите, но ако сакаме да искористиме некоја предност за себе и притоа му нанесеме штета на друг, тогаш сме паднале во искушение и со тоа си го покажуваме нашиот вистински карактер.rn

    3. Можност за покажување

    rnДајте му некому прилика да се покаже. Ќе каже ли нешто лошо за себе или ќе се пофали со нешто? Притоа внимавајте и на неговиот тон. Тоа може да открие многу.rn

    4. Нормално лудило

    rnВи пукнала гума, сте останале без бензин, ви снемало струја… Можеби не е толку очигледно, но како се однесуваме во таквите ситуации може многу да открие за нас. Оние што успеваат да останат мирни и сталожени и не паничат најдобро се носат со предизвиците и не се плашат да побараат помош кога им е потребна. Со тоа покажуваат силен карактер и стабилна личност.rn

    5. Врски

    rnВо некои ситуации не може да се процени карактерот на човекот според неговото однесување. На пример, некој може да е фин и љубезен со случајните минувачи, а да е вообичаено ужасна личност. Затоа се вели дека вистинскиот карактер на луѓето избива дури кога ќе стапат во брак.rn

    6. Ситници

    rnПонекогаш карактерот не може добро да се препознае во некоја одредена ситуација, туку треба внимателно да се анализира во сите ситуации. Како личноста се однесува со пријателите, а како со вас? Која е првата личност што ќе ви помогне во неволја, а кој за сѐ ќе очекува противуслуга? Притоа, овде не се мисли само на материјални работи, туку и на нематеријални како вложено време, сочувство и сл. Со други зборови, малите нешта во карактерот се како огледало, во кое се одразува личноста во вистинското светло.rn

    7. Долго чекање

    rnМожете да го процените човек и кога сте на пример, заедно вечера во ресторан и предолго ја чекате храната што сте ја нарачале. Нормалните луѓе разбираат дека не е виновен персоналот и нема да се изживуваат со нив поради тоа.rn

    8. Во криза

    rnКако реагираат луѓето кога нешто ќе тргне на лошо? Плачат, стануваат агресивни или почнуваат да го бараат виновникот? Или пак, наместо да се концентрираат на негативното, прават сѐ што е во нивна моќ за да го решат конкретниот проблем и да се потрудат за сите да биде подобро.rnrnПогледнете ги и овие 7 лични карактеристики што ги мрази речиси секој.

  • Читате пред спиење? Еве што кажува тоа за вас

    Читате пред спиење? Еве што кажува тоа за вас

    Што правите последно пред да си легнете да спиете? Проверувате што има на Инстаграм? Маратонски ја гледате вашата омилена ТВ серија? Или можеби си грицкате некоја ужинка? Ако пак, сакате да отворите книга веднаш штом се оптегнете на чаршафот, тоа кажува нешто за вашата личност. Всушност, сите овие мали навики што сите ги имаме зборуваат повеќе за нас одошто би можеле да претпоставиме.rnrnЧитате пред спиење? Еве што кажува тоа за васrnrnКејти Зискинд, лиценциран брачен и семеен терапевт, вели дека доколку чувате куп книги на вашата наткасна кои едвај чекате да ги фатите во рака штом си легнете да спиете, тоа значи дека сте интелектуална, аналитична личност која се грижи за себе. Иако за многумина, читањето пред спиење може да делува како да сте бубалица или домашар, во суштина значи дека имате развиено здрава вештина за опуштање и заспивање.rnrnЗискинд додава дека читањето е мисловна активност и доколку тоа е нешто што сакате да го правите пред спиење, значи дека сте личност која сака да биде ментално стимулирана.rnrnНо, покрај ова, читањето пред спиење открива и некои поспецифични карактеристики на личноста. Според д-р Ким Кристофер, оваа навика се поврзува со луѓето кои имаат INFJ тип на личност според тестот Маерс-Бригс, што значи дека се интуитивни, грижливи и осудувачки настроени. Дополнително, луѓето кои сакаат да читаат кога ќе си легнат обично се поинтровертни и следствено, повеќе се полнат со енергија кога поминуваат време сами со себе. Тие често ги донесуваат одлуките на организиран начин, врз база на нивните чувства и вредности, а не спонтано и непланирано.rnrnНик Хобсон, бихејвиорален научник и предавач на Универзитетот во Торонто, пак, додава дека лакомите читачи се генерално личности со отворен поглед.rn

    „Конкретно, постои една карактерна особина што ја нарекуваме ‘отвореност кон искуства’. Луѓето кај кои оваа особина е високо изразена обично уживаат во разни форми на уметност и литература, а особено белетристика. Како што вели и самиот термин, овие луѓе трагаат по нови искуства и се отворени за нив. Тие чувствуваат задоволство од искусувањето на романот, како и на различното, што ги вклучува приказните и литературата.“

    rnЗа Хобсон, читањето пред спиење означува дека се работи за личност која е посвесна и емотивно стабилна. Овие луѓе прават ритуал од читањето и на тој начин создаваат одредена предвидливост во нивниот секојдневен живот. Уредноста во навиките е природен ослободувач на анксиозноста, а чувството на смиреност е одлично за моментите кога ќе ја ставите главата на перница.rnrnДоколку ја имате оваа навика, според Хајди Бекбејн, лиценциран терапевт за брак и семејство, може да значи дека барате здраво бегство од секојдневната рутина, што е одличен начин да си покажете грижа кон себеси. Сѐ додека не читате нешто што ве тера бесно да вртите страница по страница и ве остава без добар сон, ова е пожелен ноќен ритуал.rnrnПрочитајте и на кој начин љубителите на читањето размислуваат поинаку од останатите.

  • 13-те карактеристики на најосамените луѓе

    13-те карактеристики на најосамените луѓе

    Според тестот на личноста на Мајерс Бригс, постојат 16 видови луѓе. Едни од најинтересните се луѓето опишани како интроверти, чувствителни, размислувачи и набљудувачи. Навистина е тешко да ги прочитате овие луѓе. Тие се брилијантни, но често ги шокираат другите со нивните постапки. Ако мислите дека и вие спаѓате во оваа група, ова се вашите главни карактеристики.rnrn13-те карактеристики на најосамените луѓеrn

    1. Искрено, не ви одат сериозните врски

    rnДодека на многу луѓе им е потреба посветеност, ова не важи за вас. Всушност, вам ви е многу тешко воопшто да останете во врска. Вие сте луѓето кои најверојатно би го изневериле партнерот.rn

    2. Кога станува збор за работа, сакате да се држите до фактите

    rnВие сакате факти кога станува збор за донесување одлуки и работење. Поради ова вие би биле одлични во областа на науката, програмирањето и машинството.rn

    3. Потребно е да знаете зошто, пред да направите нешто

    rnВие сте логичари и аналитичари. Потребно е да разберете што се случува пред да се возбудите за нешто.rn

    4. Луѓето ве бараат кога им е потребно око за детали

    rnНабљудувањето е една од вашите најдобри особини. Вие сте луѓе кои лесно се справуваат со тешки работи и поради ова сте одлични колеги.rn

    5. Луѓето сметаат дека сте кретени

    rnСоцијалните настани не се вашето омилено место. Бидејќи избегнувате конфликт, често им дозволувате на проблемите да се собираат и на крај да експлодираат. Често и вие се ставате на прво место, па поради ова луѓето мислат дека сте злобни.rn

    6. Одложувате или ги заборавате обврските

    rnВие сте познати по одложувањето и по одвлекувањето на вашето внимание. Заборавате состаноци, ги оставате валканите садови, па дури и заборавате да ги платите вашите сметки.rn

    7. Структурите не ви одговараат

    rnАко ви се дадени многу правила, ќе заминете уште веднаш. Воопшто не ги сакате структурите.rn

    8. Вие сте екстремен самотник

    rnВие не сте личност што може да се најде на забава. Најчесто сте затворени во вашиот свет и се чувате од другите. Можеби имате еден или двајца вистински пријатели, но и со нив не сакате да излегувате на бучни места.rn

    9. Луѓето често се исплашени од вашите интензивни расположенија

    rnПроменливото расположение навистина им отежнува на другите да се зближат со вас. Вие сте импулсивни, депресивни и со променливо расположение, а не правите ништо за да се контролирате.rn

    10. Не можете да поднесете промена

    rnВие имате рутина и правила кои сакате да ги следите. Никој и ништо не може да ве натера на промена.rn

    11. Во итни случаи ве бараат вас

    rnЕдна од најдобрите ваши особини е работењето во итни случаи. Секогаш сте смирени и можете брзо да ги решите проблемите.rn

    12. Сакате да правите работи и да започнувате нови проекти

    rnВие навистина сакате да создавате работи, да ги составувате и да се вклучувате во нови проекти. Не ви е страв да ги извалкате рацете кога работите.rn

    13. И покрај целиот хаос во животот, опуштени сте

    rnВие сте навистина опуштени во секојдневниот живот. Понекогаш им помагате и на другите да ја постигнат вашата смиреност.rnrnЗнаете ли дека понекогаш самотијата е добра за вашето здравје?

  • Првото нешто што ќе ви падне во очи на оваа слика открива што се крие во вашата душа

    Првото нешто што ќе ви падне во очи на оваа слика открива што се крие во вашата душа

    Сите ние сме направени од ѕвездена прашина. Нашата сенка е зенит на нашата космичка моќ и вистинската тајна сила. Во психологијата, сенката е дел од личноста што свесното „јас“ не го прифаќа, па можеби дури и се срами од него. Па, доколку сакате да откриете што се крие во вашата сенка, како и во вашата душа, само погледнете ја сликата и забележете што прво ќе ви падне во очи. Дали сте доволно храбри да ѕирнете подлабоко во себе?rnrnrn

    1. Мечка

    rn

    Вас ве води срцето. Уште откако сте биле млади сте чувствувале сила во вашето срце на која ѝ нема крај.

    rnМечката е знак за вашата целосна внатрешна сила. Вашата сенка ве контролира и ве турка напред во животот. Кога таа ќе се зајакне, вие ќе почувствувате растење на енергијата што ве потсетува да делувате. Останува на вас да одредите дали оваа енергија ќе биде корисна или штетна, но никако не се обидувајте да се борите против неа.rnrnВие сте сила на која целиот свет смета. За да можете да ја контролирате оваа енергија, фокусирајте се на медитација бидејќи така ќе научите да се приземјите. Можете да правите неверојатни нешта, ако гледате од вистинската перспектива кон светот.rn

    2. Планина

    rn

    Вас ве водат мислите. Постојано работите на својот развој, а тоа значи дека сте фокусирани, детални и паметни.

    rnПланините претставуваат алхемија, а вие сте алхемичарот. Не се плашите од искушенијата за да можете да стигнете до врвот, но знаете дека тоа е осамено место. Затоа и мора да научите како да си го отворите срцето.rnrnНе морате постојано да работите напорно. Одвојте малку време за себе, како и за вашите пријатели семејството. Рамнотежата ќе ве одржува фокусирани и сконцентирани. Порано или подоцна ќе научите дека вашата сила не е на врвот на планината, туку дека веќе ја носите во вашето срце. Вашата душа е прекрасна, дозволете им и на другите да ја видат!rn

    3. Дрво

    rn

    Вас ве вод вашиот дух. Вие сте многу подруштвени одошто признавате.

    rnВашата сенка е слична на шума каде што стеблата на сите дрвја се поврзани преку нивните корени. Дрвјата меѓусебно разговараат, па затоа и вие треба да престанете да се плашите да зборувате. Поврзете се со другите луѓе во корен.rnrnСите ние сме поврзани со нашата планета, па затоа одвреме-навреме ни е потребно да излеземе во природата за да си ја вратиме рамнотежата. Луѓето како вас се често повредувани, но не смеете да дозволите тоа да ве спречи да го живеете животот во целост. Бидете храбри и искажете си ги емоциите. Колку повеќе се криете од светот, толку повеќе тој ќе ве обземе.rn

    4. Месечина

    rn

    Вас ве водат вашите сништа. Вие дефинитивно не сте од овој свет.

    rnВие имате магична аура на која луѓето не можат да ѝ одолеат. Ги знаете патиштата на универзумот и многу различно гледате на нештата и односите со луѓето. Чувствувате како да ве води некоја невидлива сила што ви носи мир во животот.rnrnБидете свесни за оваа сила за да можете да продолжите со вашата потрага по смисла. Бидете поврзани со онолку луѓе колку што ви е потребно за да ја одржувате рамнотежата во животот.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”] Расположени за уште еден тест? Дали на цртежов гледате јајце или компир? Откако ќе имате одговор, кликнете на него за да дознаете нешто повеќе за себе… [/message_box]

  • Сакате да ја најдете сродната душа? Прво откријте во која од овие 4 категории спаѓате…

    Сакате да ја најдете сродната душа? Прво откријте во која од овие 4 категории спаѓате…

    Ако се прашувате како да ја пронајдете вашата сродна душа, потребно е прво да разберете во која категорија спаѓате. На пример, некои луѓе ги привлекуваат личности со исти интереси. Други пак сакаат личности што се сосема спротивни на нив. Во теорија би требало да постои „формула“ која би ви помогнала да ја најдете вашата сродна душа, но дали навистина има нешто такво?rnrnСакате да ја најдете сродната душа? Прво откријте во која од овие 4 категории спаѓате...rnrnВашиот тип на личност одредува дали ве привлекуваат луѓе кои се исти или различни од вас. Според хемијата на мозокот, постојат 4 типови кои влијаат на нашето однесување и размислување.rn

      rn 011

    • Допамин: Креативни, енергични, спонтани, преземаат ризици.
    • rn 011

    • Серотонин: Традиционални, лојални, следат правила.
    • rn 011

    • Тестостерон: Аналитичари, логичари, одлучни.
    • rn 011

    • Естроген: Грижливи, интуитивни, добри социјални вештини.
    • rn

    rnСпоред еден тест на личноста спроведен од страна на Chemistry во кој учествувале 14 милиони луѓе од над 40 држави, се покажало дека вашиот тип на личност одредува какви луѓе ќе ве привлекуваат.rnrnЛуѓето во групата серотонин и допамин се привлекувани од личности кои наликуваат на нив. Односно луѓе кои ризикуваат сакаат луѓе кои ризикуваат. Луѓето кои ги сакаат традициите се привлечени од личности со истата особина.rnrnНа луѓето во групите тестостерон и допамин како да им е потребна личност целосно спротивна на нив. Најверојатно за да се воспостави рамнотежа.rnrnПа, како да ја искористите оваа информација за да ја пронајдете својата сродна душа? Многу едноставно – гледајте ги романтичните врски како танц. Еден од партнерите мора да го води танцот, но другиот треба да може да го следи. Луѓето постојано и несвесно се обидуваат да пронајдат партнер кој ќе „танцува“ со нив, некој кој како да бил создаден за тоа. За некои луѓе ова значи безгрижен и спонтан партнер како тие самите, за други тоа значи грижлив партнер. На крај, за секоја личност има некого. Понекогаш е потребно само да забавите за навистина да откриете кој е тоа.rnrnДали знаете кои се разликите помеѓу сродна душа и животен партнер?

  • Тест: Првата форма што ќе ја видите кажува каква личност сте

    Тест: Првата форма што ќе ја видите кажува каква личност сте

    На основа на перцепцијата, можеме да откриеме многу карактеристики за луѓето околу нас, особено кога се работи за одредена слика на која може да се забележат повеќе форми.rnrntest-prvata-forma-shto-kje-ja-vidite-kazhuva-kakva-lichnost-ste-kafepauza.mkrnrnВо овој психолошки тест важно е да запаметите што прво сте виделе на сликата погоре, па врз основа на вашиот одговор, да откриете каква личност сте навистина.rnrnОдговорите пронајдете ги на следната страница.rnrn

  • Тест на личноста: Откријте во кој дел од заљубувањето најмногу уживате

    Тест на личноста: Откријте во кој дел од заљубувањето најмногу уживате

    Овој тест на личноста е брз и лесен начин да дознаете што е тоа што толку ве привлекува кај љубовта. Можеби дури и ќе се изненадите кога ќе сфатите дека сте се криеле токму од оние аспекти на љубовта што најмногу го полнат вашето срце.rnrntest-na-lichnosta-otkrijte-vo-koj-del-od-zaljubuvanjeto-najmnogu-uzhivate-www.kafepauaza.mkrn

    1. Жена со маска

    rnАко прво ја забележавте жената со маската, тогаш за вас најдоброто нешто при заљубувањето е освојувањето. Ова не мора да значи дека сте се исклучиво за моногамија, но да бидеме искрени – нема да бидеме изненадени ако навистина е така. Едноставно не можете да си помогнете, вие ги обожавате сите оние рани фази на заљубувањето, кога сè уште не сте официјален пар, но дефинитивно сте заедно.rnrnТокму овие рани денови на романтичната љубов се нешто посебно и затоа треба да бидат ценети за љубовта да може да премине на подлабоко ниво.rn

    2. Пар

    rnАко прво го забележавте парот, тогаш за вас најдоброто нешто при заљубувањето е чувството на сигурност. Вие сакате да бидете кул и сингл како повеќето ваши пријатели, но нешто ве влече кон идејата да изградите живот со личност на која можете да ѝ верувате и да ја љубите. Затоа и постојано одите на љубовни состаноци.rnrnБезбедноста е одлична, но имајте го на ум фактот дека сите овие нешта доаѓаат со време. Вие не можете да ги наметнете овие чувства, бидејќи тие не функционираат на тој начин.rn

    3. Празен чамец

    rnАко прво го забележавте празниот чамец, тогаш најдоброто нешто при заљубувањето за вас е чувството на препуштање во непознатото. За некои луѓе новите и различни нешта се страшни, па затоа и се обидуваат да ги избегнат, но ова не важи за вас. Вие живеете за моментот да запознаете нова личност и да се заљубите целосно во неа, дури и покрај тоа што е едно најстрашните нешта на светот – токму затоа и ви е привлечно.rnrnСупер е да размислувате вака за непознатото, но имајте на ум дека луѓето се повеќе од авантури во кои вие се впуштате. Бидете толку возбудени и за запознавање на подлабоката страна на луѓето.rn

    4. Чунар

    rnАко прво го забележавте чунарот во далечината, тогаш најпривлечното нешто при заљубувањето за вас е чувството да излезете од својата глава. Вие секојдневно се борите со стравови и несигурности. Но, кога ќе запознаете некој што може да ви помогне да ги надминете овие препреки, тогаш вистинската магија започнува.rnrnДобро е да знаете дека отворањето на срцето ќе ви помогне да се поврзете со целиот свет, но исто така и дека никој не може да ги поправи вашите проблеми. Љубовта не прави никого целосен, само овозможува поддршка при справувањето со животните проблеми.rnrnРасположени сте за уште еден тест? Тоа што прво ќе го видите на оваа слика ја открива вашата тајна слабост во љубовта! Кликнете на него и подгответе се да бидете вчудовидени!rnrn

  • На кого прво би му помогнале? Одговорот открива длабоки тајни за вашата личност

    На кого прво би му помогнале? Одговорот открива длабоки тајни за вашата личност

    Нашите избори откриваат многу за нашата личност, особено кога сме под стрес. Овој тест го прави токму тоа. Сè што е потребно е да ја погледнете сликата и да ја изберете личноста на која прво би ѝ помогнале. Вашиот одговор мора да биде оној што прво ќе ви падне на памет, па немојте премногу да размислувате или да ја анализирате ситуацијата. Откако ќе ја донесете вашата одлука, продолжете да читате за да дознаете што таа кажува за вас како личност.rnrn1 na-kogo-prvo-bi-mu-pomognale-odgovorot-otkriva-dlaboki-tajni-za-vashata-lichnost-www.kafepauza.mkrn

    Ако сте одлучиле прво да ѝ помогнете на медицинската сестра

    rnТоа значи дека сте безгрижна личност! Медицинската сестра најверојатно е единствената на сликата што нема потреба од сериозна помош. Вие не се грижите за проблемите на овој свет. Веројатно сте сакале да ѝ помогнете прво неа бидејќи таа била првата што сте ја виделе.rnrnОд друга страна пак, вие го гледате животот во силни бои и по природа сте многу позитивни, па затоа и верувате дека сите околу вас ќе бидат во ред. Лесно се поврзувате со луѓето. Имате опуштен став и силна вера дека сите мрачни фази во животот се минливи. Не сакате да бидете затворени помеѓу 4 ѕида. Вие имате слободен дух и голема храброст.rn

    Ако сте одлучиле прво да му помогнете на човекот со патериците

    rnВие сте родени лидери! На сликата лесно се забележува дека човекот со патериците ќе падне, па не сакате да го оставите да чека. Затоа и ќе му помогнете да застане повторно на своите нозе и да продолжи да се движи. Токму во ова се гледаат вашите лидерски вештини.rnrnВие сте срцето и душата на секој тим. Им помагате на другите и привлекувате силни луѓе околу себе. Помагање на ова момче е вашата главна грижа бидејќи го цените неговиот труд да оди и покрај тоа што има скршена нога. Вие по природа сте динамични, организирани, чувствителни и исклучително фокусирани во животот.rn

    Ако сте одлучиле прво да му помогнете на расплаканото бебе

    rnТоа значи дека сте емпати! Со помагањето на бебето вие покажувате дека сте многу чувствителни и дека не го поднесувате туѓото патење. Но, никој не знае зошто плаче бебето. Причините се многу, од лесно решливи ситници до сериозно опасни ситуации.rnrnНо, сепак, фактот што одлучивте да му помогнете без да знаете зошто плаче укажува на тоа дека одговарате на сите повици за помош, без разлика дали се издржани или не. Поради тоа и честопати сте биле повредени. Најблиските постојано ви велат да не дозволувате да ве искористуваат, но вие едноставно не можете да одолеете на побарана помош.rn

    Ако сте одлучиле прво да ѝ помогнете на старицата

    rnВие имате силно чувство за етика! Сликата јасно покажува дека старицата има потреба од помош при одењето. Вашата одлука да ѝ помогнете покажува дека ги цените старомодните вредности и дека длабоко ја почитувате културата, како и традицијата.rnrnГи почитувате постарите, а вашата подготвеност да им помогнете без да очекувате ништо за возврат најдобро покажува колку сте несебични. По природа сте позитивни и разбирате дека без разлика на годините, секој може да допринесе светот да биде подобро место за живеење па затоа и сметате дека ваша одговорност е да помагате за тоа да може да се случи.rnrnСакате да направите уште еден ваков тест? Одберете го детето што ви изгледа најмладо на оваа слика и кликнете на него. Вашиот одговор открива колку сте мудри!rnrn

  • Нацртајте круг и триаголник и откријте нешто важно за себе

    Нацртајте круг и триаголник и откријте нешто важно за себе

    Денес решивме да ви зададеме едноставен, но забавен тест што ќе ви открие многу за вашиот карактер. Сè што треба да направите е да нацртате круг и триаголник. Па, како го направивте тоа? Дали го нацртавте кругот во триаголниот, на неговиот врв, околу триаголникот или пак, на некој сосема друг начин? Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека триаголникот ги претставува луѓето во вашиот живот, а кругот начинот на кој се поврзувате со нив.rnrnНацртајте круг и триаголник и откријте нешто важно за себеrn

    Круг во триаголник – вие сте топли и сочувствителни

    rnВие сте топли и грижливи. Секогаш сте подготвени да им помогнете на луѓето во неволја. Со насмевка дочекувате непознати личности. Вашите најблиски ве обожаваат и најчесто многу зависат од вас. Бидејќи сте го нацртале кругот во средината, тоа значи дека секогаш сте опкружени со луѓе. Вие сте социјални, но резервирани сте кога станува збор за приватниот живот, кој пак го делите само со најблиските.rn

    Круг на врв на триаголник – вие сте мирни и доверливи

    rnЦртањето круг на врвот на триаголникот укажува на фактот дека сте свесни за светот што ве опкружува. Не се издвојувате многу од своите врсници, но не сте ни премногу поврзани со нив. Самоуверени сте и сконцентрирани на својата работа. Вие сте многу ценети поради неверојатните нешта што ги правите. Не ви се потребни празни муабети и дружење со луѓето. Вие ги знаете своите приоритети и имате доволно блиски луѓе што ви нудат вистинска поддршка.rn

    Круг околу триаголник – вие сте заштитници

    rnСекогаш сте тука за луѓето, без разлика дали ги познавате цел живот или само неколку часови. Од непознати, до сакани, вие секогаш нудите помош не размислувајќи за последиците. Може слободно да се каже и дека сте ангел чувар. Луѓето доаѓаат кај вас за совет и секогаш кога имаат потреба за разговор. Лојални сте и многу попаметни од другите.rn

    Полукруг околу врв на триаголник – вие сте весели и оптимистични

    rnВие сте главните навивачи. Секогаш ги поттикнувате другите да го прават тоа што го сакаат. Исто така сте среќни и кога другите напредуваат. Зборот „љубомора“ не постои во вашиот речник. Вие сте оптимисти и имате способност да ги разведрите дури и најтешките личности. Имате моќ да поткренете сечија самодоверба, па затоа и многумина ве познаваат и сакаат да бидат покрај вас.rnrnОдберете и еден од овие чорапи, кликнете на него и дознајте нешто повеќе за себе!rnrn