КАФЕ ПАУЗА

Tag: личност

  • 15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

    15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

     rn

    „Ако внимателно се погледнете самите, во себе ќе ги видите и сите останати.“

    rnЕмоционално интелигентните личности не дозволуваат чувствата да надвладеат со нив туку тие управуваат со сопствените емоции. Ова се 15 карактеристики на емоционално интелигентните луѓе кои ќе ви помогнат да откриете колкава е вашата емоционална интелигенција.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    1. Внимателно го набљудуваат однесувањето на луѓето

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се просто фасцинирани од туѓото однесување. Тие обрнуваат внимание на јазикот на телото, дијалектот, начинот на говор како и навиките и верувањата според кои другите функционираат во животот. Со други зборови тие ги набљудуваат луѓето откривајќи по што секоја индивидуа е препознатлива и што ја прави посебна.rn

    2. Не даваат наредби туку поставуваат пример

    rnТаквите личности не зборуваат напразно туку своите зборови умеат да ги поткрепат со дела. Нема да дозволат да ја следат колоната давајќи наредби туку ќе одат напред поставувајќи пример за другите.rn

    3. Си ги знаат слабите како и силните страни

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се свесни и за своите предности но и за своите недостатоци. Сепак со своето однесување ќе ги истакнат предностите и ќе ги маскираат мааните.rn

    4. Се помириле со минатото

    rnЗнаат дека промените и успесите се случуваат во сегашноста и баш затоа живеат токму во неа, оставајќи го минатото зад себе. Она што поминало не може да се промени, но може да се влијае на она што допрва доаѓа.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    5. Не се преоптоваруваат со иднината

    rnЖивотот е авантура, а не строго подготвено сценарио. Оние со емоционална интелигенција знаат дека не треба да се преоптоваруваат со иднината, особено со оние работи кои се надвор од нивната контрола и не зависат од нив.rn

    6. Активно се вклучени во својот живот

    rnТие не преживуваат и не чекаат подобри времиња, напротив тие живеат во сегашниот момент. Што е она што можете да го направите сега? Што можете да промените, како можете да се унапредите и да се издигнете на повисоко ниво? Денот секако дека ќе мине, но работата е да го обележите како ден во кој сте создале нешто.rn

    7. Тие се искусни слушатели

    rnЗнаат да ве ислушаат и прават разлика меѓу слушање и вистинско разбирање на зборовите. Во нивно друштво луѓето чувствуваат дека е безбедно да зборуваат и дека не зборуваат напразно.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    8. Свесни се од што резултираат нивните мисли и постапки

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се како детективи кои умешно ја пребаруваат околината, бараат знаци и траги и знаат кој е коренот на нивниот проблем. Знаат зошто се вознемирени и зошто се чувствуваат така како што се чувствуваат, но најважно од сè знаат што да преземат за да ја подобрат ситуацијата.rn

    9. Имаат одлични комуникациски способности

    rnТие без проблем разговараат со непознати и умешно дискутираат со оние кои се различни од нив. Не осудуваат предвреме и им даваат шанса на луѓето без разлика на нивниот пол, раса или политичка определеност.rn

    10. Се водат според правилата на етиката

    rnИмаат свои принципи и етички се однесуваат на работното место, во односи со други личности како и во љубовните врски. Секако ќе постојат личности кои нема да им се допаднат, но секогаш ќе бидат водени од нивниот морален компас.rn

    11. Желни се да пружат помош

    rnУмеат да сочувствуваат и да се стават во нечија позиција. Тие чувствуваат потреба да им помогнат на луѓето и да им излезат во пресрет онолку колку што можат.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    12. Умеат да ги читаат луѓето

    rnСвесни се дека секогаш има многу повеќе од самиот збор. Начинот на кој луѓето зборуваат, тонот, движењата, погледите и гестикулациите испраќаат безброј пораки. Емоционалната интелигенција подразбира декодирање на многу скриени знаци.rn

    13. Цврсто се посветуваат на зацртаната цел

    rnНе си изгубил сè додека не се откажеш. Тие се свесни дека ќе доживеат по некој пад или негативна критика, но секогаш решително ќе се исправат повторно тргајќи кон зацртаната цел.rn

    14. Самите себе се мотивираат

    rnСекогаш тргнуваат од себеси и нивните цели и интереси. Функционираат на принципот на себемотивација бидејќи знаат што им треба и што е најдобро за нив.rn

    15. Умеат да речат „не“

    rnЗнаат дека во животот мора да поставиш граници и принципи и тогаш кога навистина не им оди во прилог способни се да одбијат понуда или барање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бојата на вашите очи зборува за вашата личност

    Бојата на вашите очи зборува за вашата личност

    Очите се прозорец кон душата на човекот. Тие зборуваат многу за луѓето. Ако сте насмеани, а вашите очи не изразуваат среќа, значи дека не сте вистински среќни. Психолозите обрнуваат многу внимание на очите за да откријат дали некој лаже или ја кажува вистината кога зборува за своите моментални чувства. Но, дали сте знаеле дека за вашата личност зборува и самата боја на вашите очи?rnrnБојата на вашите очи зборува за вашата личностrn

    Црни очи

    rnВакви очи ретко се сретнуваат. Луѓето со црни очи всушност имаат многу темни кафени очи. Ако имате црни очи, вие сте живи и полни со страст. Вашите обврски никогаш нема да останат незавршени и секогаш ќе вложувате 100% од вашата енергија во сè што работите. Имате натпреварувачки дух и се трудите да бидете супериорни.rnrnТаинствени сте и не им се отворате лесно на луѓето. Тоа понекогаш ве спречува да започнете љубовна врска. Но кога ќе се заљубите сте посветени и лојални. Црнооките често имаат цврсти ставови, но на овие луѓе можете да им верувате и да се потпрете на нив. Тие никогаш нема да ве изневерат. Една негативна карактеристика која ја имаат е нивната склоност кон расправање и постојаната желба да ги одбранат своите ставови дури и кога знаат дека згрешиле. Луѓето со црни очи се нетрпеливи и не би чекале долго.rnrnБојата на вашите очи зборува за вашата личностrn

    Кафени очи

    rnОва е најчестата боја на очи. Кафената боја претставува едноставност, сила и креативност. Ако вие имате кафени очи веројатно уживате да бидете во центарот на вниманието. Луѓето со кафени очи се блиски до природата и тие не им придаваат многу важност на материјалните нешта. Тие се одлични љубовџии и знаат како да влеат доверба во својот/та партнер/ка.rnrnНив ги сакаат луѓето, меѓу другото затоа што знаат цврсто да стојат на нозе. Тие се екстравертни и сакаат да запознаваат нови луѓе, но проблем им е кога треба да ги искажат своите чувства пред други. Имаат одличен смисла за хумор и секогаш можат да ги расположат другите. Многу се паметни и луѓето често им се обраќаат за совет. Нивна јака страна е и креативноста, а имаат и смисла за мода.rnrnБојата на вашите очи зборува за вашата личностrn

    Сини очи

    rnСинооките луѓе фасцинираат со својот поглед. Кога ќе погледнете во личност со сини очи, не може, а да не ги забележите. Луѓето со вакви очи често имаат младешки дух.  Тие се шармантни, привлечни и вистински пријатели. Плавите очи носат спонтаност и енергичност.rnrnЛуѓето кои имаат сини очи го живеат животот во целост. Секогаш се трудат да им помагаат на другите бидејќи имаат изразено сочувство. Продуховени се и целат да имаат долги љубовни врски. Сакаат среќно семејство и очекуваат посветеност од партнерот. Имаат многу изразена моќ за перцепција и ништо не може да им се провлече. Многу се отворени кога станува збор за чувствата и не се срамат.rnrnБојата на вашите очи зборува за вашата личностrnrn

  • Како да бидете поинтересна личност?

    Како да бидете поинтересна личност?

    Да бидете интересни значи да имате способност позитивно да влијаете на некоја личност со помош на вашето однесување и размислување. Оваа карактеристика е многу значајна бидејќи најчесто е основата за добра љубовна врска или пријателство. Добрата вест е дека да се биде интересен не е нешто што може да се пренесе преку гените или со наследство. Тоа е повеќе како способност или вештина, нешто што може да биде научено и извежбано. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да станете многу поинтересна личност.rnrn

    Подобрете го вашето знаење

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnЕдна од карактеристиките на забавната индивидуа е тоа што секогаш придонесува во разговорите. Тој/таа секогаш знае нешто интересно за споделување, како на пример, некои факти кои ве ќе изненадат или замислат. Оваа личност никогаш не стои на страна, слушајќи и кимајќи со главата на она што другите го говорат. Токму поради тоа, почнете да учите. Гледајте документарни филмови, читајте книги, сурфајте по интернет или едноставно учете од вашето лично искуство. На овој начин, вашите идеи и мисли побрзо ќе се создаваат и ќе имате многу нешта кои би можеле да ги споделите со вашите пријатели. Вие не само што ќе бидете позабавна личност, туку ќе бидете и во тек со она што се случува во светот.rnrn

    Бидете социјално активни

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnКриењето во една просторија и поминувањето многу време со самите себе на никој начин не е интересно. Секој од нас одвреме-навреме има потреба да се изолира од светот, но не дозволувајте тоа да ви премине во навика. Забавните личности се секогаш опколени со други луѓе. Тие лесно започнуваат разговори, дури и со непознати луѓе. Токму поради тоа, почнете повеќе да излегувате од дома. Одете со пријателите во парк, на кафе или пак на забави. На овој начин ќе го проширите вашиот круг на познанства и истовремено ќе се забавувате многу повеќе од порано.rnrn

    Смејте се

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnИнтересните личности едноставно знаат како да го привлечат вниманието на луѓето околу нив. И ништо на светов не може да привлече онолку внимание како среќата и смеењето. Овие две нешта функционираат како магнети за внимание. Доколку сакате да бидете во добро расположение, обидете се да бидете околу среќни луѓе. Избегнувајте ги оние кои секогаш ви префрлаат негативно расположение и тага.rnrn

    Бидете онаа личност која навистина сте

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnИнтересните индивидуи никогаш не се обидуваат да бидат нешто што не се. Тие не ги имитираат останатите и не се преправаат дека се интересни. И најважно од сè, знаат дека доколку лажат, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина и со тоа брзо ќе ја изгубат својата репутација. За да го одржувате вашето вистинско ЈАС, најдобро е да бидете во контакт со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што навистина сте. Обидувајте се да го намалите контактот со луѓето кои се обидуваат на каков било начин да ве сменат.rnrn

    Правете го она за што сте страсни

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnОна што ги одделува забавните луѓе од оние кои не се е нивната страст. Тие се опседнати со тоа што го прават и секогаш го прават она што ги прави среќни. Токму поради тоа планирајте ги вашите активности така што подоцна ќе ве одведат до она за што сте страсни. Исто така многу е добро доколку никогаш не престанете да го практикувате вашето омилено хоби.rnrn

  • Книгата може да ја промени приказната на твојот живот

    Книгата може да ја промени приказната на твојот живот

    Креативната маркетинг кампања „A book can change the story of your life“ (Книгата може да ја промени приказната на твојот живот) е дело на маркетинг агенцијата „Y&R“ со седиште во Пекинг, Кина, а изработена е за издавачот „Penguin Books“.Книгата може да ја промени приказната на твојот животПостерите прикажуваат настани од животот на една личност и како животниот тек може да се промени благодарение на добра и поучна книга.Книгата може да ја промени приказната на твојот живот Книгата може да ја промени приказната на твојот живот Книгата може да ја промени приказната на твојот живот Книгата може да ја промени приказната на твојот живот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секој хороскопски знак опишан со само три зборови

    Секој хороскопски знак опишан со само три зборови

    Понекогаш не се потребни многу зборови за да се опише секој хороскопски знак. Ова се три карактеристики кои се составен дел од личноста на секој знак во зодијакот.rnrnСекој хороскопски знак опишан со само три зборовиrnrnОвен – амбициозни, тврдоглави, надмениrnrnБик – тврдоглави, хедонисти, материјалистиrnrnБлизнаци – непостојани, забавни, несамокритичниrnrnРак – преемотивни, гурмани, веселиrnrnЛав – нарциси, снобови, лидериrnrnДевица – контролори, перфекционисти, креативниrnrnВага – неодлучни, конформисти, естетичариrnrnСкорпија – мрачни, сензуални, одмаздливиrnrnСтрелец – тврдоглави, наивни, авантуристиrnrnЈарец – бескрупулозни, традиционални, упорниrnrnВодолија – недопирливи, весели, себичниrnrnРиби – сонувачи, ситничари, филозофи

  • Што говори за вас кафето кое го пиете?

    Што говори за вас кафето кое го пиете?

    Врстата на кафе која обожавате да ја пиете може да каже многу за вашата личност, покажуваат најновите истражувања. Истражувањето спроведено од клиничкиот доктор Рамани Дурвасула, во кое учествувале 1.000 испитаници пронашло врска помеѓу одредени типови на личности и врстите на кафе кои можат да се најдат на пазарот.rnrnШто говори за вас кафето кое го пиете?rnrnИстражувањето вклучувало разни типови луѓе и нивните карактеристики, како трпеливост, перфекционизам, енергичност, чувствителност, храброст и слично.rnrnДоколку сакате кремасти кафиња, како на пример капучино, тогаш најверојатно сте опсесивни и имате потреба постојано да ги контролирате работите, додека љубителите на кафе со млеко сакаат да ги усреќуваат луѓето, но не се грижат доволно за себе.rnrnОние кои пијат црно кафе стојат цврсто на земја и сакаат едноставност, но знаат понекогаш да бидат чудни.rnrnИнстант кафе пијат луѓе кои секогаш ги одложуваат своите обврски и кои се по малку мрзеливи.rnrnСлатки кафе-напитоци, ледено кафе и мешани кафиња, пијат храбри луѓе кои се сметаат себеси за пораснати деца.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете го овој психолошки тест, навистина е забавен! :)

    Направете го овој психолошки тест, навистина е забавен! 🙂

    Доколку сè уште го немате направено овој психолошки тест, одвојте неколку минути за него. Со сигурност ќе бидете изненадени од резултатите… Прочитајте ги наредниве 10 прашања, замислете ги сцените во вашиот ум и запишете ги ПРВИТЕ работи кои ќе ви паднат на памет. Не размислувајте премногу за прашањата.rnrnНаправете го овој психолошки тест, навистина е забавен! :)rnrn1. Вие одите низ шума. Кој оди покрај вас?rnrn2. За време на вашето одење низ шумата налетувате на животно. Каков вид животно е тоа?rnrn3. Каков вид интеракција настанува помеѓу вас и животното?rnrn4. Навлегувате подлабоко во шумата. Потоа налетувате на чистинка и пред вас се појавува вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.rnrn5. Дали вашата куќа е на отворено или околу неа има ограда?rnrn6. Влегувате во куќата, па во трпезаријата и таму гледате трпезариска маса. Опишете што гледате на неа и околу неа.rnrn7. Излегувате од куќата преку заедниот влез. Во тревникот забележувате чинија. Од каков материјал е направена оваа чинија (стаклена, хартиена, глинена…)?rnrn8. Што правите со чинијата?rnrn9. Одите до крајот на вашиот имот и таму забележувате дека се наоѓате на работ од предел со вода. За каков вид вода станува збор?rnrn10. Како ќе преминете преку водата?rnrnСтанува збор за функционален психолошки тест. Докажано е дека вашите одговори имаат голема поврзаност со вредностите и идеалите кои ги поседувате во животот. Анализата на одговорите можете да ја погледнете тука.rn

    rn
    rn
    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?

    Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?

    Прекрасно е чувството кога подарувате некому нешто, но и кога добивате подарок од некого, особено ако станува збор за личност која ви е многу блиска и драга. Подарокот секогаш треба да биде подарен со намера, односно зад него да стои некаква мисла. Може да го давате со цел да ја искажете љубовта која ја чувствувате, да кажете колку личноста ви значи, да се извините или да барате простување.rnrnСпоред едно истражување во Америка, две третини од жените сакаат да им биде подарена љубовна честитка, но помалку од петтина од мажите го прават тоа. Мажите многу често за своите девојки или сопруги избираат погрешни подароци или ги даваат со погрешна намера. Кога и зошто се случува тоа?rnrnШто е тоа што жените го сакаат а мажите не го купуваат?rnrnГледаат подароците да бидат скапи – Во денешно време како луѓето да се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе пари на нешто. Во ред, парите се важни, но не се единствената работа која е важна. Подарокот не мора да чини многу ниту да има етикета од позната марка. Ако парите се пресуден фактор според кој одбирате подарок ќе постигнете спротивен ефект.rnrnЗабораваат на малите работи – Под подарок не се подразбира само скап накит и парфеми, подарок е вашето внимание и картичка на која ќе пишува „Те сакам“. Жените сакаат цвеќе и картички, а мажите најчесто не ги купуваат.rnrnЗа подарокот не мора да има повод – Не мора да го чекате нејзиниот роденден или да чекате да дојде Божиќ за да ѝ подарите нешто. Кога подарокот е неочекуван станува уште посладок.rnrnНе посветуваат внимание на тоа каква личност е таа – Многумина го подаруваат она што најчесто се подарува во филмовите или она што нивните другари им го подаруваат на своите девојки. Можеби има некои универзални подароци, но секоја девојка е посебна, па третирајте ја како таква! За да ѝ подарите нешто треба да знаете каква е таа како личност, што ѝ се допаѓа а што не, дали преферира бели или црвени рози и дали воопшто сака цвеќиња или повеќе би се израдувала на плишано мече.rnrnШто е тоа што жените го сакаат а мажите не го купуваат?rnrnВистина е дека жените сакаат добри парфеми, убав накит, модерна облека, ако го негираме ова најверојатно би излажале. Но би се зачудиле колку девојките го ценат вниманието кое сте им го посветиле давајќи им малечки подароци како цвеќе, љубовни честитки, чоколадни тортички… Подарокот е знак на внимание, искажување љубов, израз на вашето мислење за неа. Кога еднаш ќе тргнете со помислата дека купувањето подарок е рутина која ви ја наметнува општеството, па затоа мора да ја направите (нели сите купуваат подароци), или кога ќе помислите дека мора да ѝ купите нешто за да ја задржите, токму тоа е моментот кога романтиката и љубовта избледуваат.

  • Дали го казнувате сегашниот партнер поради грешките на бившиот?

    Дали го казнувате сегашниот партнер поради грешките на бившиот?

    Сте се запрашале дали поради лоша врска во минатото страда вашата сегашна врска? Го казнувате ли вашиот партнер поради грешките на бившиот?rnrnДоколку сте биле повредени голема е веројатноста вашата сегашна врска да ги плаќа долговите за вашето страдање, што дури и кога самите ќе размислите сфаќате дека не е праведно. Но, понекогаш ви се чини дека не можете да ги контролирате чувствата.rnrnHappy couple embracing and laughingrnrnЛошите врски од минатото знаат да се наметнат во сегашноста. Најчесто тоа се случува доколку во претходната врска сте биле изневерувани, излажани, третирани лошо, сте биле во опсесивна врска која ви ја одземала слободата, вашиот партнер бил премногу љубоморен итн. Тоа се како трауми кои ве попречуваат да имате целосна доверба во сегашниот партнер и предизвикуваат доза сомневање.rn

    Како да знаете дека го казнувате вашиот сегашен партнер?

    rn

      rn011

    • Често го/ја споредувате со бившиот/ата партнер/ка.
    • rn011

    • Кревате паника при негова најмала грешка.
    • rn011

    • Правите кавги и за најбанални работи.
    • rn011

    • Не му/ѝ верувате.
    • rn011

    • Го преиспитувате во вашата глава секој негов/нејзин чекор.
    • rn011

    • Ги потенцирате реакциите кои го/ја прават сличен/на со бившиот/та.
    • rn

    rn

    Како да ја спасите вашата врска?

    rnНе е во ред да дозволите минатото да ја контролира вашата сегашност, а вашиот партнер не е принуден да трпи реакции кои не ги заслужува. Работете на:rnrnДовербата – Како би се чувствувале доколку сте на негово/нејзино место? Ако вашиот партнер има доверба во вас зарем не ја заслужува и тој вашата? Довербата во секоја врска е тешко прашање, а најчесто и проблем. Тешко се добива, а многу лесно се губи, особено доколку сте под влијание на лошо искуство од минатото. Ако вашиот бивш партнер не ја заслужил вашата доверба, не значи дека и сегашниот не би требало да ја добие.rnrnРазговор – Голема грешка е доколку ги чувате работите во себе и не разговарате со партнерот. Најдобро би било отворено да разговарате со вашиот партнер и отворено да го кажете вашиот проблем. Само не нагласувајте го премногу често, на никого не му се допаѓа улогата на жртва. Доколку има почит и разбирање кон вас ќе биде свесен/на за ситуацијата во која се наоѓате. Не заборавајте да потенцирате дека работите на решавање на овој проблем.rnrnСамиот факт дека станува збор за различни личности – Не генерализирајте, не можете сите мажи или сите жени да ги ставите во ист кош, тоа е веќе стереотип. Навикнете се на помислата дека станува збор за сосема различна личност, со различни сфаќања, различен карактер, дека едноставно ништо не е и не може да биде како во вашата претходна врска.rnrnЧесто знаеме да изградиме ѕидови околу нас со цел да се поштедиме од повторно страдање, но така само си правиме полошо не дозволувајќи си себеси да бидеме вистински среќни. За почеток примете го партнерот со доза сомневање, но секогаш давајте му шанса да ви докаже дека ја заслужува вашата доверба и може да ги урне ѕидовите околу вас.

  • Во што е тајната на харизмата?

    Во што е тајната на харизмата?

    Некои личности едноставно се предодредени да бидат харизматични. Но, тоа не значи дека не можете да научите како да бидете најхаризматичната личност во друштвото. Според Оливија Фокс, автор на делото „Митот за харизмата: Како да ја усовршите уметноста на личната привлечност?“, харизмата е резултат на специфично невербално однесување. Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да станете похаризматични. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Бидете исправени

    rnСпречете го подгрбувањето на тој начин што ќе стоите или ќе седите исправено. Подгрбавените луѓе изгледаат мали и затворени. Наместо тоа, исправете се така што ќе ги зафрлите рамењата наназад. Истражувањата велат дека овој познат „суперхеројски став“ го намалува кортизолот (хормон на стресот), а го зголемува количеството на тестостеронот, хормон кој се поврзува со моќта и силата.rnrn

    Истакнете се

    rnЕве неколку практични совети кои ќе ја зголемат вашата харизма при конверзација. Намалете ја интонацијата на гласот на крајот од реченицата. Зборувајте полека, повремено кимнувајте со главата и почекајте две секунди пред да одговорите. Не заборавајте да се насмевнете додека зборувате затоа што така звучите пољубезно. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Слушајте

    rnВнимателно слушајте кога некој зборува. На тој начин покажувате дека сте навистина присутни и дека сте заинтересирани за она за што се зборува. За да ја подобрите вештината на внимателно слушање, секојдневно практикувајте медитација. Денес сè помалку луѓе знаат да слушаат внимателно, па затоа дури и минималниот труд може да направи голема разлика.rnrn

    Воспоставете контакт со очите

    rnКонтактот со очите е многу важна компонента на харизмата. Присутноста не се покажува само со внимателно слушање, туку и со воспоставување контакт со очите. Се препорачува контактот со очите да трае најмногу три секунди по завршувањето на разговорот. Но, бидете внимателни! Вашиот поглед не треба да биде студен и напнат, туку топол и опуштен. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Копирајте

    rnЛуѓето се чувствуваат најпријатно кога се во присуство на оние кои се слични на нив. Ваквата сличност се однесува и на изгледот, но и на однесувањето. Затоа имитирајте го туѓиот говор на телото. Тоа ќе предизвика чувство на доверба.rnrn

    Бидете ранливи

    rnДа се биде харизматичен не значи да се биде постојано силен и наметлив. Откривањето на некоја ваша слабост или споделувањето на некоја засрамувачка случка може да поттикне чувството на поврзаност помеѓу вас и другите. Сè на сè, луѓето сакаат тајни.rnrn

    Имајте визија

    rnАко се чувствувате нервозни во одредена ситуација, обидете се да си замислите дека прегрнувате некој кој многу го сакате. Истражувањата покажале дека фантазирањето за топла прегратка ослободува поголемо количество на окситоцин (невропептид кој го спречува стресот). rnrnВо што е тајната на харизмата?