Окото е многу комплексно, убаво и интригантно. Тоа е симбол на јасност, фокус и цел. Окото кое најмногу ќе ве привлече подолу открива по нешто за вашата личност. Кликнете и дознајте нешто повеќе за себеси. [column col=”1/3″]rnrn
[/column] [column col=”1/3″]
[/column] [column col=”1/3″]
[/column][column col=”1/3″]
[/column] [column col=”1/3″]
[/column] [column col=”1/3″]
[/column][column col=”1/3″]
[/column] [column col=”1/3″]
[/column] [column col=”1/3″ “last=”true”]
[/column]rnrn
Tag: личност
-

Тест: Кое око најмногу ви се допаѓа?
-

Откријте некои карактерни особини според потписот на личноста
Вашиот потпис е единствен збир од знаци кои многу говорат за вас. Истражувачи од САД утврдиле дека ракописот открива дури до 5.000 карактерни особини.rnrnПа, ако сакате подобро да го запознаете вашиот колега или шеф, послужете се со тајните на графологијата. Во анализата се земаат предвид големината на потписот, закосеноста, начинот на кој се користат или разликуваат името и презимето, користењето на нагласувачи, големината на почетните букви, начинот на поврзување и користењето на точка.rnrn
rnГолемина на буквите
rnГолемината на буквите во потписот покажува колку личноста сака да биде забележана.rnrnАко потписот, според големината и другите детали, личи на вообичаениот ракопис, односно ако е со средна големина, личноста е олицетворение на едноставноста.rnrnАко потписот е малку поголем од ракописот, тогаш личноста е самоуверена, храбра, амбициозна и сака да биде забележана.rnrnКрупниот ракопис со невообичаено големи букви, особено во средната зона, укажува на екстравертна личност кај која преовладуваат чувствата, со изразен нагонски живот и афективност. Кај поедини личности може да укажува на расипништво, но и на општа неумереност.rnrnОд друга страна, ситниот потпис, укажува на потиштеност, отсуство на радост, потреба за повлекување заедно со незадоволство и недоверба, но и на штедливост и добра концентрација.rn
Потписот во однос на линијата
rnАко потписот е под линијата, тоа означува песимистична личност, која има потреба да се повлекува, со ниско расположение и делување на нетипичен начин, а ако лебди над линијата се работи за оптимист.rn
Закосеност на буквите
rnАко буквите се закосени во лево, личноста е резервирана, внимателна и насочена на иднината.rnrnОние со потпис кој се наведнува во десно, брзо размислуваат, но се карактеризираат со таинственост и склоност за манипулации.rn
Позиција на потписот на линијата
rnЗначајно е и на која страна под текстот го оставате потписот.rnrnОптимистите и луѓето кои се воодушевени со сите аспекти на животот, најчесто се потпишуваат на десната страна на линијата за потпис.rnrnПотписот на средината на линијата, во рамнина со текстот, означува личност која сака сигурност и која е неодлучна.rnrnПотписот на левата страна во однос на линијата на текстот може да упатува на малку песимистична личност која живее во минатото.rn
Големина на првите букви од името и презимето
rnПовеќето луѓе се потпишуваат со име и презиме, но луѓето кои наместо името користат само иницијал, може да се или склони кон формалности и резервирана службена комуникација или длабоко го мразат своето име.rnrnОние на кои првата буква од името и презимето им е несразмерно поголема од останатите, најчесто се надуени личности кои имаат потреба да бидат уважени и почитувани.rnrnАко на целосно напишани име и презиме, почетната буква од името е поголема од почетната буква на презимето, тоа укажува на изразена самосвест и потреба за истакнување.rnrnИстакнатата почетна буква на презимето, а намалена на името е знак дека таа личност не е во потполност задоволна со себе.rnrnПотписот со печатни букви укажува на социјално неадекватни и личности со интелектуално пониска вредност.rn
Читкост на потписот
rnОсвен што може да значи дека личноста нешто сокрива, неуредниот потпис може да означува малку умислена личност.rnrnПотполно неразбирливиот потпис, не земајќи ги предвид канцелариските потписи на формуларите и документите, укажува на лукавост и склоност на измами и нечесност, додека спротивното укажува на јасен и методичен дух.rnrnЕдноставниот потпис без никакви украси и додатни линии укажува на отменост на духот, неупадливост и префинетост.rn
Заобленост на буквите
rnАглестиот ракопис може да укажува на самодисциплина и јака волја. Тоа е еден силен, цврст и затворен карактер, којrnможе да биде груб, ригиден и непомирлив.rnrnЗаоблениот ракопис укажува на флексибилност, благост, мирољубивост, способност за прилагодување, но и подложност на влијанија.rn
Начин на поврзување на буквите
rnАркадни – поврзување со врски во горниот дел, што укажува на отменост, воздржаност, сталоженост, но и затвореност и неискреност, лицемерство и склоност за формализам.rnrnПоврзувањето со заоблени линии во долниот дел (венечно поврзување) укажува на отвореност, попустливост, способност за прилагодување, добродушност. Овие личности се повеќе склони да даваат одошто да земаат.rn
Точката на буквите
rnИ точката во потписот си има скриено значење, како онаа на буквата „ј“.rnrnАко е во прашање креативна, кружна точка, тоа покажува дека личноста сака да се истакне помеѓу мнозинството и сака да биде поинаква, додека ситните точки укажуваат на повлеченост и недостаток на енергија за движење на работите и мобилизирање на останатите.rnrnКружните крупни точки укажуваат на енергичност и самодоверба.rnrnИскривени, неправилни и точки со нерамномерен облик зборуваат за афективна небалансираност, лутина, агресивност, а ако е поврзана со аглест ракопис – на бруталност.rnrnКратка точка укажува на зајадливост, а точка формирана со ротационо движење укажува на промисленост и рационалност.rnrnНедостаток на точката укажува на површност.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Омилената храна го открива вашиот карактер
Автор: Ана ПетровиќrnrnПоврзаноста на карактерот со исхраната е тема со која често се занимаваат бројни експерти, со цел да докажат како преокупираноста со калориската табела често ни штети во уживањето во храната.rnrnЖелбата за храна во себе содржи психички компоненти, па така потребата за слатко, солено, луто или кисело открива какви карактеристики криеме во себе и за каква личност станува збор.rnrn
rnrnАлан Хирш, невролог и психијатар од Чикаго пред неколку години спроведе истражување врз 18.000 испитаници, преку кое дојде до резултати кои јасно го покажуваат односот помеѓу желбата за одредена храна и карактерот.rnrnЗа тоа каква личност сте можете да заклучите од сопствените потреби за петте основни вкуса, кои не треба да ги потиснувате, како што вели Хирш, туку да ги задоволувате умерено и контролирано.rnrnПо што посегнувате најчесто, кој вид храна е вашиот приоритет?rnСолената храна се поврзува со успешни личности кои се водат од разумот, а не од срцето
rnЛичностите кои чувствуваат потреба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се неизмерно енергични и храбри во критични ситуации, темелејќи ги своите одлуки на разумот, а не на срцето.rnrnСо обѕир на тоа што често им дозволуваат на другите да им го кројат приватниот и деловниот живот, посегнуваат по кесичка чипс или порција солен помфрит, поради ниското ниво на минерали во организмот. Истражувањата покажуваат дека исхраната сиромашна со калциум предизвикува желба за солена храна.rnrn
rnСлатката храна е одраз на сензуални хедонисти
rnЛичностите кои чувствуваат голема потреба за темно чоколадо сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува хедонистичкиот начин на живот, додека во деловниот свет целат кон водечки позиции. Оние личности кои претпочитаат млечна чоколада често се тивки и повлечени, но знаат да уживаат во животот. Хирш нагласува дека општо, љубителите на слатки се личности кои сакаат да се дружат и да се забавуваат.rnrnЧоколадото стимулира лачење на хормонот серотонин, и е совршен десерт кој расположува и помага кога на телото му е потребна дополнителна енергија.rnrn
rnПо слатко-солена храна посегнуваат креативни и осамени луѓе
rnДоколку ја обожавате онаа комбинација на слатко и солено тогаш припаѓате во категоријата на луѓе кои најмногу сакаат да бидат сами, да управуваат со своето време и простор, кои не поднесуваат надмоќ и најмногу од сè ја ценат приватноста.rnrnЧестата желба за ваквото комбинирање е знак за намалено ниво на гликоза и натриум во организмот. Ваквата состојба резултира со исцрпеност, поради која многумина посегнуваат по солени грицки и слатки чоколади за да си ја вратат енергијата.rnrn
rnЛутата и зачинета храна укажува на темпераментни личности
rnТемпераментните личности кои не сакаат да губат време на небитни работи во животот се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина и со неверојатна брзина ги извршуваат своите обврски, па така храната со засилен вкус им делува смирувачки.rnrnВаквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето и го покачува крвниот притисок, но мора да се биде претпазлив со нејзиното конзумирање, бидејќи истражувањата покажуваат дека луѓето се способни да развијат зависност од зачинета храна.rnrn
rnГорчливиот вкус им годи на внимателните личности
rnЛичностите кои тешко му се препуштаат на срцето, често се критикувани како недоволно страсни карактери. Таквите се обожаватели на горчливиот вкус, кој е најмалку застапен во категоријата на омилени вкусови.rnrnГорчливата храна ја урамнотежува нивната ладнокрвност која е само површна, бидејќи длабоко во себе тие се мирни и емотивни личности. Ваквиот вкус го исполнува она мало незадоволство кое ги тера да гледаат на работите онака како што се, без розови очила.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Тест: Каква личност сте и како другите гледаат на вас?
Направете го овој интересен и забавен тест кој го открива вашиот карактер, како и перцепцијата што другите ја имаат за вас. Земете лист и пенкало и почнуваме!rnrn
rn1. Најголем потенцијал за работа имате:
rnа) наутроrnrnб) напладне и во рана вечерrnrnв) доцна навечерrn
2. Вообичаено чекорите:
rnа) прилично брзо со големи чекориrnrnб) прилично брзо со кратки чекориrnrnв) не толку брзо, со крената главаrnrnг) не толку брзо, со спуштена главаrnrnд) многу бавноrn
3. Кога зборувате со други, вие:
rnа) стоите со скрстени рацеrnrnб) дланките ви се споениrnrnв) една или двете раце ви е/се на колковите или во џебrnrnг) ја допирате или поттурнувате личноста со која зборуватеrnrnд) го допирате увото, брадата или косатаrn
4. Кога се опуштате, вашата положба на седење е:
rnа) свиткани колена и нозете поставени една до другаrnrnб) прекрстени нозеrnrnв) исправени нозе, протегнати нанапредrnrnг) седите на едната нога која е свиткана под васrn
5. Кога гледате/слушате нешто што навистина ве забавува, вие реагирате така што:
rnа) ќе дадете голема насмевкаrnrnб) кратко ќе се насмевнетеrnrnв) тивко ќе се поднасмеетеrnrnг) ќе ги искривите усните во скромна насмевкаrn
6. Кога одите на забава или некоја слична пригода, вие:
rnа) се трудите да бидете впечатливи така што сите ќе забележат дека сте пристигналеrnrnб) тивко влегувате, барајќи познато лицеrnrnв) влегувате речиси незабележливоrn
7. Кога напорно работите и се обидувате да се концентрирате и некој ве прекинува, вие:
rnа) го прифаќате прекинувањетоrnrnб) навистина сте иритираниrnrnв) постигнувате некаков баланс меѓу горенаведените реакцииrn
8. Кои од наведените бои најмногу ви се допаѓаат?
rnа) црвена или портокаловаrnrnб) црнаrnrnв) жолта или светлосинаrnrnг) зеленаrnrnд) темносина или виолетоваrnrnѓ) белаrnrnе) кафеава или сиваrn
9. Кога ќе си легнете да спиете, во каква положба се поставувате?
rnа) испружени, легнати на грбrnrnб) испружени, легнати на стомакrnrnв) на една страна, малку скупчениrnrnг) со главата сте легнати врз едната ракаrnrnд) со главата под покривкатаrn
10. Често сонувате дека:
rnа) паѓатеrnrnб) се боритеrnrnв) барате некој/нештоrnrnг) лебдите или летатеrnrnд) обично не сонувате (не ги памтите соништата)rnrnѓ) секогаш сонувате пријатни соништаrn
Поени за секој од понудените одговори на прашањата:
rn1. а) 2 б) 4 в) 6rnrn2. а) 6 б) 4 в) 7 г)2 д) 1rnrn3. а) 4 б) 2 в) 5 г) 7 д) 6rnrn4. а) 4 б) 6 в) 2 г) 1rnrn5. а) 6 б) 4 в) 3 г) 5 д) 2rnrn6. а) 6 б) 4 в) 2rnrn7. а) 6 б) 2 в) 4rnrn8. а) 6 б) 7 в) 5 г) 4 д) 3 ѓ) 2 е) 1rnrn9. а) 7 б) 6 в) 4 г) 2 д) 1rnrn10. а) 4 б) 2 в) 3 г) 5 д) 6 ѓ) 1rnrnСоберете ги поените за да го дознаете својот резултат.rn
Над 60 поени
rnДругите ве гледаат како некој со кој треба внимателно да се однесуваат. Оставате впечаток на надмоќна личност која се фокусира само на себе. Некои може да ви се восхитуваат и да посакуваат да бидат како вас, но вистината е дека не секогаш ви веруваат и одбегнуваат да бидат длабоко инволвирани со вас.rn
51 – 60 поени
rnВе гледаат како возбудлива и импулсивна личност, која сака промени и не стои во место. Вие сте вистински лидер. Не ви претставува проблем брзо да донесете каква било одлука иако не секогаш таа одлука е правилна. Оставате впечаток на авантуристички настроена личност која би пробала што било. Сакате да преземате ризици и да се впуштате во авантури. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво поради возбудливоста со која зрачите.rn
41 – 50 поени
rnВе гледаат како енергични, шармантни, забавни, интересни и практични. Обожувате да бидете во центар на внимание, но се трудите да не бидете наметливи. Ве гледаат како љубезни, внимателни и полни со разбирање. Вие сте секогаш тука да поттикнете нечие добро расположение и да помогнете.rn
31 – 40 поени
rnОставате впечаток на чувствителна, внимателна и практична личност. Вие сте талентирани, паметни, надарени, но сепак скромни. Не склопувате лесно нови пријателства, но бескрајно сте верни и лојални кон постоечките. Оние кои го разбираат вашиот карактер знаат дека навистина е тешко да се стекне вашата доверба, но последиците се големи доколку таа доверба се изневери.rn
21 – 30 поени
rnТрудољубиви и зафатени личности. Ве гледаат како внимателни и претпазливи личности кои претерано размислуваат за сè и бавно донесуваат одлуки. Навистина би било изненадувачки доколку направите нешто импулсивно. Толку сте претпазливи што ви е тешко да се одлучите дури и за наједноставните работи во животот. Не преземате често ризици, туку играте на сигурно.rn
Под 21 поен
rnЛуѓето ве гледаат како срамежлива личност која тешко се справува во социјалните збиднувања и е доста анксиозна при комуникација. Дозволувате другите да донесуваат одлуки наместо вас. Често се грижите за проблеми кои воопшто и не постојат. Некои мислат дека сте здодевни личности, но оние кои добро ве познаваат знаат дека не сте.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дали јас пораснав или ти се измени?
Интересно е колку мислите и ставовите ни се менуваат како што растеме и созреваме. Неверојатно е како може некој на кого сте му се восхитувале, или сте го сакале (или барем сте мислеле дека го сакате), одеднаш да го гледате од сосем поинаква перспектива. Луѓето се менуваат или ти созреваш и поинаку гледаш на нештата?rnrnРастеш и полека си ги поврзуваш точките. Кој колку вредел, кој колку лажел, кој колку се потрудил. Полека сфаќаш дека ти си многу повеќе од тоа. Реално си ја мериш и сопствената вредност. Еднаш негде прочитав дека сегашноста е илузија. Никогаш не ја гледаме сосем јасно. Дури откако ќе помине доволно време можеш да се навратиш, и јасно, и до некаде објективно, да ги погледнеш работите.rnrn
rnrnГрешки, кој не направил? Но треба ли да се каеме за нашите избори и постапки од минатото? Не, барем според мене. Не дека сè сум направила исправно, напротив, туку сосем сум свесна дека без лошите избори не би била она што сум денес. Колку и да се каете за вашето минато едно нешто треба да сфатите – тоа ве направило такви какви што сте денес. Многумина би зборувале лошо за оние со кои некогаш делеле сè. Но интересното прашање е, нели тогаш зборуваш лошо сам за себе? Нели покажуваш дека самиот себеси не се почитуваш? Кога и да помислиш да отвориш уста за да кажеш нешто лошо за некој од твоето минато размисли, што тој/таа некогаш ти значел/а, и најважно од сè не заборавај, тоа бил твој сопствен избор и израз на твоите чувства, емоции, расудувања.rnrnКога некој ќе те потпецне да зборуваш за бивш/а, или ќути или кажувај сè најдобро – во спротивно испаѓаш кретен кој не знае да го остави минатото зад себе. Кога ќе отвориш албум со слики и ќе видиш каква ти била косата некогаш или како си се облекувал/а пред 5 години, имаш право да се насмееш, но не и да се критикуваш. Буквално секој наш избор од минатото го претставува патот кој сме го минале за да станеме она што сме денес.rnrnМуабетот ми е, треба да се каеме за нашите погрешни избори? И како воопшто да знаеме дали биле погрешни? Можеби едноставно треба да оставиш времето да покаже, а во меѓувреме да продолжиш со животот, најдобро што можеш. И кога доволно ќе пораснеш ќе сфатиш дека тоа што одредена личност го напуштила твојот живот некогаш било трагично, но вистината е дека всушност тоа е најдоброто што можело да ти се случи. Не се менуваат луѓето – ние созреваме и ги разбираме вистинските вредности во животот.rnrnЕлиrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност
Колку ужасно место за живеење би бил светот без креативните луѓе. Можете ли воопшто да замислите живот без уметност? Погледнете кои се знаците кои укажуваат на тоа дека сте креативна личност.rnrn
rn1. Проблем со авторитети
rnКреативните луѓе не сакаат да бидат во подредена позиција и повеќе сакаат кога самите си ги поставуваат правилата и должностите.rn
2. Тешко се поврзувате со други луѓе
rnМногумина сакаат да се вклопат во одредена заедница и ќе направат сѐ за да успеат во тоа, а креативните луѓе баш и не го разбираат тоа.rn
3. Сакате да решавате проблеми
rnДодека повеќето бегаат од проблемите, ваквите луѓе на нив гледаат како на уште еден предизвик.rn
4. Самите на себе сте си најголемиот критичар
rnОвие луѓе ќе направат некое креативно дело, на почетокот ќе бидат задоволни, а по некое време ќе најдат илјадници маани и начини на кои можело да биде направено уште подобро.rn
5. Поставувате прашања
rnКреативните луѓе сметаат дека оној што не е љубопитен, нема капацитет за создавање нови нешта.rnrn
rn6. Носите тетратка каде и да одите
rnБидејќи како на друг начин би ги запомниле сите прекрасни идеи кои ќе им паднат на ум.rn
7. Наоѓате убавина во секојдневието
rnКреативните луѓе живеат во сегашноста и постојано се воодушевуваат на сето она што ги опкружува.rn
8. Отрпнати сте на одбивање
rnОдбивањето и потценувањето на работата на уметниците навистина може да биде болно на почетокот. Но, со текот на времето тие разбираат дека секој има различен вкус, се соземаат и продолжуваат понатаму.rn
9. Ја разбирате важноста на атмосферата
rnКреативните луѓе ѝ даваат голема важност на атмосферата. Постои причина зошто некои писатели поубаво творат на плажа, во некое кафуле или на клупа во паркот.rn
10. Мислите дека повеќето луѓе немаат вкус
rnТие мислат дека музиката, филмовите и книгите во кои другите уживаат се ужасни.rnrn
rnrn -

Тест од 59 секунди: Како да проверите дали некој е добар лажго?
Со помош на овој кус тест набрзина можете да откриете дали вашите пријатели или партнерот/ката се добри лажговци или пак најчесто ја кажуваат вистината. За тестот не ви треба ништо, освен да гледате во личноста која ја тестирате. Погледнете го видеото.rnrnrnrnЛажењето има врска со начинот на кои луѓето се перципираат себеси. Доколку се работи за луѓе кои се свесни како другите ги перципираат, тие најчесто сакаат да бидат во центарот на вниманието и се добри лажговци. Во тој случај, тие би ја нацртале буквата Q со опавчето свртено на левата страна од нивното чело. Доколку се работи за интровертна личност која не ја бива многу за лажење, веројатно ќе ја нацрта буквата Q така за да би можела самата да ја прочита – со опавчето кон десно. Вие како поминавте на тестот? :)rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Она што вообичаено го чкртате на хартија открива нешто за вашата личност
За време на здодевни состаноци, кога зборувате на телефон или додека отсутно размислувате со празен лист хартија пред вас, сигурно имате обичај да цртате коцки, квадрати, ѕвездички или нешто слично. Погледнете каква личност сте во зависност од ваквата ваша навика.rnrnАндреја Мекникол е познат американски графолог и автор на книгата „Handwriting Analysis: Putting It to Work for You“, чии совети често се користат во судски случаи. Таа одлучила да нè информира за значењето на најкласичните чкртаници кои откриваат некои заеднички карактеристики за карактерот на луѓето.rnrn
rnrnКвадрати – Личност која сака да биде конструктивна, делотворна, од помош, корисна, практична и позитивна.rnrnКоцки – Личност која е во состојба да ги погледне и да им пријде на проблемите од сите можни страни.rnrnТриаголници – Откриваат логичен и рационален ум, личност која сака да ги завршува работите до крај.rnrnЛинии без смисла – Ако вашите цртежи најчесто се состојат од линии кои не се поврзани или не чинат некој препознатлив облик, тогаш вие веројатно се чувствувате како да немате доволно стабилна потпора во вашиот живот, а можеби причина за ова е фактот дека сте биле изневерени.rnrnЅвездички – Надеж, поглед нанапред и оптимизам.rnrnКругови – Ако целите вашите кругови да се секогаш правилни, тогаш вие сте пасивна личност, но исто така многу поврзана за друштвото, односно имате потреба да се дружите со зборлести луѓе кои се флексибилни и имаат потреба да им се допаѓаат на другите.rnrnСрценца – Личност која мисли на љубовта.rnrnЦветови – Ја претставуваат женствената страна на личноста, како и желбата за развој, природа и проширување на семејството.rnrnЛица – Најчесто лицето кое го цртате ја опишува состојбата на вашата свест. Затоа, од вас зависи дали ќе нацртате насмеано или натажено лице. Ненацртаните делови симболизираат чувство на губиток или недостаток од нешто.rnrnДрво – Го претставува нашето его и нашата амбиција. Обрнете внимание на гранките: ако се голи и свиени кон дното, тоа означува депресија и недостаток на борбеност.rnrnСтрелки – Ве води желбата, амбицијата и мотивацијата за успех.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Усните зборуваат за вашиот карактер
За личноста, покрај од бојата на очите, можете многу да прочитате и од устата. Научно е докажано дека големината и обликот на усните многу кажува за нечиј карактер.rnrn
rnПолни усни
rnТие се показател на страстен карактер кој ќе направи сè за да ја добие личноста која ѝ се допаѓа. Од партнерот очекува страст и одлучност. Исто така, ова е личност полна со самодоверба и храброст. Личностите кои имаат полни усни се духовите и знаат добро да се забавуваат.rn
Тенки усни
rnТенки усни се одлика на практичните, но и несигурни личности. Тие често патат од комплекс на пониска вредност. Лицата со тенки усни се мирни и сталожени и многу се грижат за деталите. Иако делуваат срамежливо и сакаат да се држат настрана, кога се дел од значајни дискусии, секогаш излегуваат како победници. Исто така тие се благи, чувствителни и интуитивни личности.rn
Широки усни
rnАко вие имате широка уста, тогаш веројатно сте перфекционист, дружељубив тип и имате многу пријатели со различни интереси. Луѓето со вакви усни се успешни, талентирани и сакаат да ги држат сите конци во своја рака.rn
Тркалезни усни
rnОвие лица имаат жив, бунтовен темперамент, шармантни се и склони кон жестоки љубовни авантури.rn
Срцевидни усни
rnЛуѓето со усни кои потсетуваат на обликот на срце се заводливи и сензуални. Независни се и полни со самодоверба. Не се плашат да ја преземат судбината во свои раце и имаат изразена потреба за љубов и добрина.rn
Спуштени усни
rnТаинствени луѓе кои луѓето ги сметаат за интелигентни и духовити. Исто така се и пребирливи, па затоа нив тешко е човек да ги задоволи.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дали би забележале доколку среде реченица почне да ви зборува друга личност?
Секој од нас често влегува во куси, не многу значајни муабети со лица кои случајно ги среќава. Тие луѓе не ни остануваат во длабоко сеќавање, а не се ни трудиме да ги запомниме поради големата веројатност дека никогаш повеќе нема да ги видиме. Но дали нашата моќ за перцепција се намалува заради ова? rnrn
rnrnПознатиот блогер Стјуарт Еџ направил еден забавен експеримент во кој на случајни минувачки им почнува муабет кој незабележително го презема неговиот пријател (или обратно), откако на момент ќе успеат да им го одвлечат вниманието од себе. Целиот експеримент бил снимен, па тој го поставил видеото на својот Јутјуб-канал, каде што можеме да ги видиме реакциите. Изненадувачки е како некои луѓе не забележале со која личност зборувале.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.