КАФЕ ПАУЗА

Tag: личност

  • СУПЕРТЕСТ: Која е вашата темна страна?

    СУПЕРТЕСТ: Која е вашата темна страна?

    Секој од нас има скриена страна на личноста која доаѓа до израз во разни ситуации преку нашите постапки и однесување. Овој психолошки тест ќе ви ги открие скриените аспекти на вашата личност. Решете го и откријте кои сте навистина.rnrn1-supertest-koja-e-vashata-temna-strana-kafepauza.mkrn

    1. На излет сте и после долга прошетка изненадено наидувате на:

    rnА) Многу привлечна личностrnБ) ПештераrnВ) РаскрсницаrnГ) Необична куќаrn

    2. Понудени ви се 4 карти, која ќе ја изберете:

    rnА) Кец во баклаваrnБ) Кец во листrnВ) Кец во детелинаrnГ) Кец во срцеrn

    3. Ве мачи морбиден кошмар и наеднаш се будите од сонот бидејќи:

    rnА) Горите во страшен оган или пламенrnБ) Паѓате од непрегледна височина и пропаѓате во бездна или темницаrnВ) Ве гони страшен монструм, крволочен убиец или давителrnГ) Се давите во водаrn

    4. Некој ви подарил:

    rnА) ПриврзокrnБ) ЧасовникrnВ) ШапкаrnГ) Парфемrn

    5. Необично важен детаљ во вашиот дом има:

    rnА) Огледалото над креветот каде што спиетеrnБ) Огромното џакузи во прекрасното купатилоrnВ) Дискретното осветлување и прозоритеrnГ) Големиот топол камин покрај удобната софа или креветотrn

    6. Понудени ви се 4 работи. Која ќе ја изберете?

    rnА) Стари париrnБ) Песочен часовникrnВ) ЛамбаrnГ) Антички клучrn

    7. Да можете да го казните својот најголем непријател, тоа би го направиле на следниот начин:

    rnА) Ќе го испратите во манастирrnБ) Ќе му го одземете она што најмногу го сакаrnВ) Ќе го мачите со најлошите направи за мачењеrnГ) Ќе го осудите на вечна самотијаrn

    8. Пред вас се наоѓа шпил карти, вие сигурно ќе извлечете:

    rnА) КецrnБ) КралrnВ) ЏокерrnГ) Дама или џандар срцеrn

    9. Би се чувствувале тотално беспомошно кога би се случило:

    rnА) Околу вас да е бескрајна темницаrnБ) Да останете тотално неподвижни, како растение кое вегетираrnВ) Некој да ве затвори во лавиринт од кој нема излезrnГ) Да останете сами после апокалипсаrn

    10. После страшен пожар или несреќа, можете да направите само еден потег. Притоа, кого ќе спасите?

    rnА) Партнерот/катаrnБ) 10 познати личностиrnВ) Братот/сестратаrnГ) 40 непознати личностиrn

    11. Сте фатиле златна рипка која може да ви исполни само една желба. Ќе изберете:

    rnА) Комплетна и совршена промена на изгледот, успех и моќrnБ) Патување низ времетоrnВ) Бескрајна младостrnГ) Среќа во љубовтаrn

    12. Вашата неостварена фантазија е:

    rnА) Да имате моќ и да бидете господарrnБ) Да имате мистична моќ и да постанете волшебникrnВ) Да можете по потреба да постанете невидлив/аrnГ) Да имате крилјаrn

    13. Повремено чувствувате страв од:

    rnА) Неуспех и немоќrnБ) Загуба и сиромаштијаrnВ) Предавство и измамаrnГ) Осаменост и болестrn

    14. Имате прилика да добиете божествен подарок. Ќе изберете:

    rnА) Еликсир на вечностаrnБ) Аргусово око кое гледа сѐrnВ) Волшебно стапчеrnГ) Камен на знаење и мудростrn

    15. Да можете би сакале:

    rnА) Да управувате со светотrnБ) Да посетите други световиrnВ) Да го спознаете и доживеете таинственото и мистичнотоrnГ) Да ја посетите Рајската градинаrn

    16. Сакате да се опуштите дома со добар филм. Кој жанр најмногу одговара на вашето расположение?

    rnА) Акција или еротикаrnБ) Комедија или мјузиклrnВ) Научна фантастикаrnГ) Психолошка драма или романсаrnrn0-supertest-koja-e-vashata-temna-strana-kafepauza.mkrn

    Резултати:

    rn

    Најмногу одговори под „А“:

    rnНајголемиот животен предизвик за вас се крие во другите луѓе и односите со нив. Ве води голема страст, импулс кој се заснова на сетилата, допирите, хедонизмот и уживањето. Без разлика колку делувате силно, психолошки или физички, вие не можете без другите. Тежнеете кон екстремности, им дозволувате на другите да ве усреќуваат, но исто така и да ве разочараат и повредат. За вас искуството нема важно влијание, склони сте да ги повторувате истите грешки. Понекогаш одите по тенка линија помеѓу радоста и тагата, среќата и несреќата, нагонот за создавање и нагонот за уништување. Важно ви е да се движите и да подложите понатаму во животот. Во суштина вие сте послаби одошто се претставувате во својата околина и одошто другите мислат. Понекогаш не умеете да се сопрете во критични ситуации. Имате нагласена склоност кон фиксации.rn

    Најмногу одговори под „Б“:

    rnВие имате нагласена потреба да го истражувате светот околу себе, но првенствено за да ги задоволите личните пориви. Кога ќе ги остварите своите цели и ќе ги задоволите вашите широки апетити, тогаш и другите можат да бидат задоволни. Задоволството, радоста и среќата ги делите со другите, но за возврат очекувате посебно признание или награда. Многу сте упорни во своите намери и скоро секогаш пронаоѓате начин или оправување да ги остварите своите цели. Доколку сте разочарани, тажни или повредени, барате начин брзо да ја повратите загубата и да ја потиснете својата слабост. Искуството на вас делува поучно, но понекогаш заради скриените слабости умеете да попуштите пред новите предизвици. Вие сте посилни одошто се претставувате во својата околина и одошто другите мислат. Потребни ви се другите за да сопрете во критичните моменти. Имате нагласена склоност кон разни сублимации.rn

    Најмногу одговори под „В“:

    rnВие знаете да го привлечете вниманието и да оставите впечаток, уште на прв поглед или со помош на необичниот стил на однесување или оригиналност. Ве привлекуваат секакви несекојдневни ситуации и големи екстреми. Понекогаш сакате да ги заобиколите правилата. Несвесно се водите по принципот: кога е добро за вас, добро е и за другите, кога ви е лошо вам, на другите им е уште полошо. Поседувате огромна енергија, но не ви е лесно да ја контролирате. Позитивниот пулс ви создава можност за радост, задоволство и среќа, но вашиот внатрешен импулс за промена е посилен од потребата да се воздржите. Кога сте разочарани, тажни или повредени, ќе направите сѐ што е потребно за да ја елиминирате таа непријатност. Се учите од своите грешки и знаете да ја предимензионирате стварноста или светот околу себе. Одрекувањето и казнувањето е цената која ја плаќате или наплатувате за разни пропусти. Вие сте послаби одошто се претставувате во околината и одошто другите мислат. Голема слабост ви е што не умеете да застанете во критичните ситуации. Имате склоност кон разни опсесии.rn

    Најмногу одговори под „Г“:

    rnКај вас се нагласени големата имагинација и емотивноста, но всушност таа длабока емотивност претставува истовремено и вашата најслаба страна на личноста. Доколку својата енергија ја насочите кон афирмација и задоволство, вие претставувате бескраен извор на радост. Но, ако доживувате разочарување, бол и страдање ќе се тргнете од другите и постанувате склони кон самоказнување. Без разлика колку делувате зависни од другите, длабоко во себе тежнеете кон комплетен развој на личноста. Во суштина, вие сте посилни отколку што се претставувате пред луѓето во својата околина и отколку што другите мислат. Имате одличен инстинкт за самоодржување, можете да претчувствувате опасност или неволја. Вие знаете да запрете во критични моменти, но ако сакате можете да ги сопрете и другите. Имате нагласена склоност кон големи фантазии.

  • Тест: Кој ден од неделата сте вие?

    Тест: Кој ден од неделата сте вие?

    Вашиот омилен ден од неделата зборува многу за вас, речиси исто колку вашиот хороскопски знак. Дури и да не верувате дека е така, овој тест е забавен начин со кој ќе поминете дел од вашето слободно време. Одберете го вашиот омилен ден од неделата, денот кога се чувствувате најдобро, најмоќно и најпријатно во своја кожа, и прочитајте што тоа кажува за вас како личности.rnrntest-koj-den-od-nedelata-ste-vi-kafepauza.mkrnrn rn

    Понеделник

    rnНаправете место за ледената кралица! Понеделник е денот на оние кои се постојано зафатени со работа, преокупирани со својата кариера, постојано се со кафето во раце и не веруваат во опуштен живот без обврски, цели и задачи. Косата и облеката секогаш им е на место, секогаш со професионален изглед и доза на острина. Тие не го доживуваат понеделникот како депресивен ден, напротив, го гледаат како ден за нов почеток и нова можност да дадат сè од себе. Станува збор за личности кои не можат да безделничат и да не прават ништо, тие се одговорни и дијагностицирани воркохолици.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Вторник

    rnВторник е денот на слатките и романтични личности. Девојките кои го избрале вторник не можат да избројат колку пара балетанки поседуваат, а истото важи за нивните џемпери во пастелни бои. Сакаат светли бои и нежни нијанси. Ја имаат испланирано до точка нивната венчавка, дури и ако сè уште не го пронашле младоженецот – сè ќе биде или во розово, нежна праска боја или пак небесно сина. Поседуваат премногу аксесоари за коса, најчесто венчиња со панделки и може да ги видите како во паркот го шетаат своето кученце – страшен ѕвер висок цели две педи. Станува збор за непоправливи романтичари и сонувачи.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Среда

    rnСтанува збор за опуштени личности на кои навистина не им е грижа што другите мислат за нив и нивното хоби е прекршување на сите норми и традиционални и конзервативни правила. Овие девојки ќе ги видите во сосема опуштено издание – искинати фармерки, бела маичка и кожна јакна. Не им пречи да одржуваат пријателства со личности од спротивниот пол и воглавно се многу кул. Навидум нивната „искулираност“ ве наведува да помислите дека не им е грижа за ништо, иако не секогаш тоа е така. Во суштина може да станува збор за интровертни личности кои својата срамежливост ја кријат со ставот не-ми-е-гајле или нејќам-да-комуницирам-со-здодевни-личности.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Четврток

    rnПо малку нестабилни личности и големи филозофи кои за сè размислуваат премногу, но знаат да бидат навистина шармантни. Нивната соба по малку е хаотична и имаат свое катче каде се изолираат од светот, читаат или пишуваат. Неретко се чувствуваат како марсовци меѓу другите луѓе и тврдат дека не можат да го поднесат местото каде живеат, како и луѓето околу себе. Мечтаат и обожаваат да бидат сами со себе. Постојано се во потрага по причината и смислата за нивното постоење. Може да поминат часови читајќи нешто од сестрите Бронте или Вирџинија Вулф. Уживаат во тоа што се различни од другите и што не може секој да ги разбере. Кога станува збор за модата, обожаваат сè што е ретро и тврдат дека се минималисти. Немаат компјутер или пак не го користат често бидејќи преферираат да користат машина за пишување. И да, во план се да издадат роман во блиска иднина.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Петок

    rnОвие личности обожаваат да патуваат и не ги држи место. Секогаш може да ви зборуваат за своите авантури и искуства. Родени се во еден град, живееле во друг, а студирале во сосема друга земја. Тие се големи авантуристи, креативци и имаат големи идеи, со кои за жал, не секогаш одат до крај. Релаксирани личности за кои е тешко да не ви се допаднат. Им годи да бидат во центар на внимание и тој што ќе сака да им го одземе тоа место не е добредојден во нивно друштво. По малку се ексцентрични, како мали имале желка како домашно милениче, а нивното животно мото им е истетовирано на рамото. Може да ги најдете како лудуваат на некој концерт во сосема опуштено издание. Намерно не ја следат најновата мода и не им се допаѓа тоа што во моментот е многу актуелно и по што сите други лудуваат.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Сабота

    rnНивни идоли се Ријана или Кејша. Обожаваат да се забавуваат до зори по што неретко си заминуваат пијани. Ретко ги гледате на дневна светлина, а доколку се случи тоа, ќе ги начекате навистина мамурни. Сакаат да бидат бунтовни, често со цел да привлечат внимание. Нивното животно мото е живеј како да нема утре. Но, неретко се чувствуваат осемени и пишуваат тажна или гневна поезија. Кога дечкото ќе ѝ го скрши срцето не се лекува со колачи и романтичен филм, туку оди и му ја гребе колата. Сепак, длабоко во себе фантазира за мирен живот и стабилна љубовна врска иако никогаш нема да го признае тоа.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Недела

    rnВистинска хипи девојка која обожава да носи цвеќиња во косата. Оние кои избрале недела се грижат за своето здравје, можеби и премногу. Редовно одат на јога, сакаат да се поврзат со духовноста и да најдат излез од лудиот свет во кој живеат. Не се срамат да признаат дека иако возрасни сакаат да гледаат цртани филмови или да читаат сказни. Некогаш знаат да бидат навистина меланхолични и веруваат во парче накит кој ќе им донесе добра среќа. Веруваат во карма и судбина. Зборуваат смирено и понекогаш ги развлекуваат зборовите. Во друштвото се вистинско рамо за плачење и многу полесно им е да се искажат преку пишаниот збор.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што говори вашата фризура за вас?

    Што говори вашата фризура за вас?

    Покрај изразите на лицето, и фризурата открива одредени работи за вас, вели Џин Ханер, авторка на книгата „Мудроста на вашето лице“.rnrnshto-govori-vashata-frizura-za-vas-kafepauza.mkrnrn1. Црвена коса – Има значење сама по себе. Ако сте црвенокоса значи дека сте дружељубива, забавна личност со добра смисла за хумор и оптимистичен поглед на светот. Во љубовните врски сте променливи, го сакате она неверојатно силно чувство на заљубеност. Понекогаш сте и кралица на драмата. Спротивно, можете да бидете и срамежливи и да се плашите од одбивања.rnrn2. Виткана коса – Имаат забавни личности со топло срце. Жените со виткана коса се великодушни, претприемачки настроени и ги исполнуваат задачите и обврските побрзо од другите. Имаат огнена личност, карактеристични се по лидерството, љубовта, страста, динамични се, ги одликуваат и агресивност, интуиција, рационалност.rnrn3. Густа коса – Оние кои имаат, имаат и силна волја. Густата коса значи многу енергија, јака волја, но и тврдоглавост.rnrn4. Кратка слободна фризура – Оваа фризура значи дека не обрнувате внимание на помалку важните работи, вклучувајќи ја и фризурата. Исто така укажува на тоа дека не им обрнувате многу внимание на своите чувства.rnrn5. Ќелава – Доколку сте се одлучиле да ја избричите главата, големи се шансите дека сте суперромантични. Да се биде ќелав значи многу позитивни нешта според кинеското читање на лицето. Значи дека имате големо срце и сте спремни да сакате, како и дека имате ведра личност.rnrn6. Рамно потшишана – Доколку косата ви е право исечена, тогаш вие сте сосредоточени на успехот во животот. Исто така ја цените логиката и се водите според неа.rnrn7. Доколку косата ви е природно прекршена, а постојано ја фенирате право значи дека вашиот живот е хаотичен и дека треба да се смирите. Со исправувањето на косата воспоставувате баланс, ги контролирате работите и носите мир во вашиот живот.rnrn8. Доколку имате права коса, но постојано ја виткате, значи дека во вашиот живот ви е потребна повеќе забава. Косата ви станува хаотична и дива, па таков живот и посакувате.rnrn9. Жените кои не ја негуваат својата коса ги ставаат своите потреби на последно место. Доколку врзете обично опавче, ја ставите косата зад уво или само ја прицврстите со шнола, тоа укажува дека другите ви се на прво место.

  • Тест на личноста: Што правите во недела?

    Тест на личноста: Што правите во недела?

    Направете го краткиот тест, пронајдете се во еден од одговорите и според тоа како го поминувате овој ден од викендот погледнете на што треба да обрнете внимание во својот живот.rnrnSunday morningrn

    Одговор 1: „Во недела се излежувам до пладне, а остатокот од денот го поминувам во пижами.“

    rnБи требало да внимавате на што и на кој начин ја трошите вашата енергија во текот на работната недела. Би било добро да стекнете навика секој ден да одмарате макар по 15-30 минути. Не мора да спиете, само лежењето ќе ви влијае на вашето ниво на енергија. Запрашајте се колку вистинско задоволство имате во вашиот живот. Колку сте задоволни? Каков е вашиот однос со најблиските?rn

    Одговор 2: „Веднаш по станувањето го средувам станот, собата, пуштам правосмукалка, бришам прашина… Иако станувам рано, не престанувам додека не средам сѐ, што обично трае докај 13-14 часот. Тек кога сѐ е средено јадам за првпат.“

    rnДали толку брзате и кога се во прашање останатите работи? Вие сте веројатно една од оние личности која себеси не си ги опростува грешките. Дали сте сигурни дека си давате доволно право на задоволство? Дали сте сигурни дека мислите дека заслужувате задоволство? Работните навики се едно, а малку манијакалната потреба за што побрзо завршување на обврските е нешто сосема друго. Размислете во која група спаѓате. За почеток, опростете си себеси сѐ што не сте си опростиле досега. Не сте вие одговорни за сѐ!rn

    Одговор 3: „Недела? Најчесто ја преспивам. Едвај чекам да пројде. Станувам од кревет после пладне, јадам, мијам коса, ја спремам облеката за утре и пред 10 пак сум во кревет.“

    rnОсвен ако не е во прашање неверојатен умор од работа во текот на работната недела и се случува ретко, ова „неделно однесување“ најчесто укажува на бегање. Тоа може да биде бегство од потиснато незадоволство со некој сегмент во животот. Причините можат да бидат различни и многубројни. Сепак, ова најмногу зборува за начинот на кој личноста се носи со незадоволството. Во овој случај укажува дека личноста одбрала најдобро што знае и да умее да избега од проблематичните зони и да чека проблемите да се решат сами од себе. Овие личности често мислат дека „веројатно сѐ ќе си дојде на место само од себе“.rn

    Одговор 4: „Во недела станувам малку подоцна од вообичаено, сакам добро да се наспијам. После појадокот имам ‘опуштен план’, тоа може да биде прошетка со пријатели или пак со сопругот/сопругата и/или децата; навечер одам на кино или во театар, а понекогаш ги викам најблиските на ручек, особено кога е убаво времето, па пола од денот можеме да го поминеме надвор.“

    rnМоже да се каже дека сте ја одбрале вистинската мерка кога е во прашање рамнотежата помеѓу работната недела и крајот на викендот. За разлика од личностите кои едвај чекаат неделата да пројде или да се зафатат со дополнителни обврски, вие знаете да ги искористите благодетите на овој неработен ден. Веројатно имате стабилни односи со важните луѓе во вашиот живот и токму тие личности се вашата најголема поддршка и потпора. Многу е веројатно дека сте пораснале во традиционално семејство и дека и како возрасни се трудите да го пренесете тој животен стил на вашите најблиски.

  • Како да се промените себеси?

    Како да се промените себеси?

    Сите се соочуваме со периоди во животот кога сме незадоволни со себе и сакаме да се промениме. Промената бара соочување со стравовите, изложување на нови ситуации и секако, многу труд и трпение. И доколку не верувате дека сте способни за тоа, веруваме дека следниве совети ќе ви помогнат да се претворите во личноста која отсекогаш сте посакувале да бидете.rnrnКако да се промените себеси?rn

    1. Нови особини

    rnСите нови карактерни особини што сакате да ги имате, напишете ги на лист хартија. На пример, да бидете послободни, похрабри и поактивни. Така ќе знаете кон што целите и патот кон промената ќе ви биде многу полесен. Секако, ова е само почеток, чие остварување ќе ви даде храброст и сила за уште поголема борба и нови случувања.rn

    2. Крај на лошите навики

    rnСтавањето крај на лошите навики е еден од мотивите за промена. Почнете со совладување на онаа што најмногу ви пречи. Нема да биде лесно, но доколку се фокусирате и доволно се потрудите секако дека ќе успеете.rn

    3. Нови пријателства

    rnДоколку не ви се допаѓа каков ви е животот, дел од проблемот можеби лежи и во луѓето што ве опкружуваат. Дадете си слобода и време да запознаете нови пријатели, кои ќе ви помогнат да постанете она што отсекогаш сте посакувале да бидете. Избегнувајте ги негативните луѓе, кои не веруваат во вас и не ве поттикнуваат на промена.rn

    4. Идентитет

    rnПронајдете нешто преку кое ќе се идентификувате. За некои тоа е семејството, за други пријателите или пак кариерата. За момент застанете и размислете кој од овие аспекти најмногу ве дефинира. Токму таму треба да се вложите најмногу и да ги промените нештата кои не ви се допаѓаат.rn

    5. Стара страст

    rnСите имаме соништа кои поради одредени причини сме биле принудени да ги заборавиме. Сега е време да им се посветите. Не е важно дали ќе успеете или не, важно е што таквото вложување ќе ви помогне полесно да излезете од зоната на комфорот. Ќе ви го промени начинот на кој ќе гледате на животот и ќе ви создаде нова цел, која секојдневно ќе се трудите да ја остварите.rn

    6. Работи што ве прават среќни

    rnОдморете се од брзото темпо на живот и размислете за тоа што ве прави навистина среќни. Можеби тоа е некое ново хоби или поминување повеќе време со семејството. Кога ќе сфатите кои се нештата што навистина ве прваат среќни, ќе се освестите колку време залудно сте потрошиле и ќе почнете да уживате во моментот.rn

    7. Реални очекувања

    rnНекои луѓе си поставуваат нереални очекувања кога сакаат да се променат себеси и сметаат дека тоа може да се постигне за само две недели. На пример, доколку сакате да ослабете, не посакувајте уште веднаш да се симнете 10-15 килограми, туку постепено работете на остварувањето на целта, што ќе ве мотивира, наместо да ве фрустрира.rn

    8. Позитивност

    rnНе може да се промените себеси доколку постојано имате негативен став. Почетокот на секоја промена е вербата во себе и позитивниот став. Можеби звучи како клише, но несомнено е точно. Колку попозитивни сте, толку полесно ќе чекорите кон патот на новото јас.rn

    9. Кариера која ќе ве исполни

    rnМногумина од нас менуваат многу работни места и повторно се чувствуваат незадоволни. Затоа, важно е да се направи разлика меѓу кариерата наспроти работното место. Кариерата е нешто во кое уживате и со кое се гордеете. Доколку си ја мразите работата, потрудете се да ја најдете кариерата за која сте створени. Можеби тоа ќе бара поголем ангажман, подлабоко образование, но на крајот секако ќе се исплати и ќе направи да се чувствувате задоволни и среќни.rn

    10. Игнорирање на мислењето на другите

    rnЛуѓето секогаш ќе ве осудуваат, без разлика дали ве познаваат или не. Престанете да им обрнувате внимание на критиките, освен ако истите не се конструктивни и добронамерни. Кога ќе се ослободите од товарот постојано да им удоволувате и да ги импресионирате останатите, ќе сфатите колку всушност сте подобри од ставот што тие ви го наметнале за вашата личност.rn

    11. Визуелизација

    rnТешко дека ќе успеете да се промените себеси без да го визуелизирате она што сакате да го постигнете. Покрај тоа, користете мотивациски пораки, кои секојдневно ќе ве потсетуваат да не се откажете и да одите до крај. Важно е да почнете, а на крајот веруваме дека ќе успеете во она што сте го намислиле. Среќно!

  • Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

    Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

    Пред да одлучите по којзнае кој пат да ја промените вашата профил-слика на Фејсбук, размислете добро што ќе откриете со новата, бидејќи изборот на фотографијата открива многу повеќе за вас одошто мислите.rnrn0-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mkrnrnСлика со партнерот поставуваат несигурни личности кои потврда за сопствената вредност наоѓаат во избраникот на своето срце. Ситуацијата е уште побезнадежна доколку изберат слика од свадба, со што на своите Фејсбук-пријатели им порачуваат: „Погледнете ме, во брак сум, успеав во животот“.rnrnСлично е со оние личности кои за профилна слика избираат фотографија од своето дете – тоа се обично луѓе кои упорно зборуваат за пелени и болестите на своите деца и на кои единствен успех во животот им е што постанале родители.rnrnАко изберете сопствена слика од детството, носталгични сте и мислите дека во минатото сѐ било подобро. Веројатно и понатаму слушате стара музика, сметате дека „Пријатели“ е најдобрата ТВ серија која некогаш била снимена и не признавате ниедна книга напишана после 19 век.rnrnИзборот на уметничка фотографија, најчесто црно-бела, говори дека зад неа се крие писател, архитект, актер или личност која е сигурна во своите уметнички, иако можеби никогаш непотврдени таленти.rnrnАко пак посакате да го поставите Хомер Симпсон покрај вашето име или некој друг лик од филмовите, размислете уште еднаш, бидејќи со тоа кажувате дека немате сопствена личност.rnrn1-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mkrnrnНајдобра порака оставате кога поставувате своја фотографија, но не е сеедно каква. Луѓето кои сами себеси се фотографираат, позирајќи како манекени, всушност се многу несигурни во својот физички изглед.rnrnОние кои избираат да се сликаат од далеку така што не би можел никој да ги препознае, се срамежливи личности и остануваат резервирани додека некого добро не го запознаат.rnrnФотографија на која јасно се распознава ликот, зборува за самоуверена, иако по малку, здодевна личност.

  • 4 огромни придобивки од престојот во странска земја

    4 огромни придобивки од престојот во странска земја

    За некои напуштањето на огништето и заминувањето во странска земја претставува скршнување од добро зацртаната патека на живеење, непотребен стрес и измачување. Всушност, наспроти традиционалните верувања, предноста која ќе ја стекнете со ваквото искуство е огромна. Животот во странска земја ќе ве направи похрабри, поиздржливи и несомнено ќе ве збогати со следниве непроценливи вештини, клучни за вашиот иден личен и професионален развој.rnrn(0) 4-ogromni-pridobivki-od-prestojot-vo-stranska-zemja-kafepauza.mkrn

    1. Управување со време и пари

    rnКога сте оставени сами на себе, мора да се однесувате одговорно кон финансиите кои ви се на располагање. Во такви околности ќе научите кога треба да заштедите, а кога можете малку повеќе да потрошите. Различни земји носат различен степен на одговорност, но каде и да одите, вештините на управување со парите и времето се особено важни за преживување. По такво искуство сигурно ќе ги стекнете, а ќе ве направат многу поиздржливи и посилни.rn

    2. Независно размислување

    rnПрестојот во странска земја на подолг период бара голем степен на самодоверба и независност. Светот е големо место и многу брзо ќе сфатите дека нема патеки кои се целосно лоши или добри. Ги прифаќате предизвиците и се откривате себеси. Веќе знаете што сакате, верувате во себе, што во иднина несомнено ќе ви помогне полесно и похрабро да донесувате важни одлуки во приватниот и во професионалниот живот.rn

    3. Немање страв од предизвици

    rnПатувањето низ различни земји, запознавањето нови луѓе и култури на живеење, ве прават свесни за сите ваши скриени потенцијали, кои не сте ни мислеле дека ги поседувате. При престојот во странска земја постојано се предизвикувате себеси и пробувате нови нешта. Излегувате од зоната на комфорот и станувате храбри да се соочите со многуте предизвици кои следат.rn

    4. Справување со промени

    rnИ за крај, по едно вакво искуство веќе немате страв од промени. Сфаќате дека промената е единствената константа во животот, како во приватниот, така и во професионалниот. Принудени сте да се прилагодите на новата средина, култура и јазик и да излезете од удобната матрица на живеење. Набргу сфаќате дека светот не е она страшно и запустено место, кое што некогаш си го замислувавте и дека луѓето насекаде ги имаат истите борби, надежи и соништа. Преку ваквите искуства нема само да научите кои сте, туку и каде припаѓате во светот. Вештините стекнати при престојувањето во странска земја подоцна стануваат скапоцени и применливи во секој аспект од животот.rnrnЗатоа, не размислувајте премногу. Престојувајте одреден период во странска земја, научете нешто повеќе за себеси и најважно од сѐ – излезете од зоната на комфорот!

  • Како да се изградите во комплетна личност?

    Како да се изградите во комплетна личност?

    Животот знае да биде толку брз и непредвидлив, што понекогаш забораваме да работиме на себе ментално, физички, емоционално и духовно. Со еден збор, забораваме да се надградуваме, раснеме и подобруваме. Градењето на личноста е од особена важност за живот исполнет со среќа, мотивација и душевен мир. Затоа, на патот кон самонадградувањето, ви ги нудиме следниве совети, кои со секој изминат ден, ќе ве носат поблиску до личноста, која секогаш сте сакале да постанете.rn

    ХРАНЕТЕ ГО УМОТ

    rn(0) kako-da-se-izgradite-vo-kompletna-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. Завршете ја најтешката задача за денот

    rnНајпрвин завршете ја најтешката предвидена активност, за да не ви тежи во текот на денот. Без разлика дали е некој обемен проект или повик што баш и не сакате да го направите, стиснете заби и завршете со тоа што порано. Ќе си бидете благодарни!rn

    2. Учете нови вештини

    rnДали постои вештина што отсекогаш сте сакале да ја знаете? Па, што чекате! Сега е одлично време за учење нешто ново. Можеби нов јазик? Пребарувајте на интернет, запишете се на курс и почнете уште веднаш. Или можеби отсекогаш сте мечтаеле за некој инструмент? Време е да ги посетите часовите по музичко и да го направите она за што отсекогаш сте сонувале.rn

    3. Помош од пријателите

    rnВо моментов и немате баш доволно пари за да одите на музичко или јазичен курс? Тогаш, зборувајте со пријателите. Можеби токму тие веќе ги имаат усовршено тие вештини и ќе им биде мило да ви помогнат. За возврат, вие нив ќе ги збогатите со некои од вашите идеи и вештини.rn

    4. Читање, читање, читање!

    rnНавистина може многу да се научи од книгите. Ви го отвораат умот и ве изложуваат на најразлични ситуации, кои можеби вие самите никогаш нема да ги доживеете. Не знаете од каде да почнете? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат при изборот на книга.rn

    ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ТЕЛОТО

    rn(1) kako-da-se-izgradite-vo-kompletna-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. Вежбајте

    rnПробајте нешто поинакво. Поставете си предизвик и пробајте некои потешки вежби. Наместо вообичаениот кардио-тренинг, правете вежби со својата тежина или вежбајте на машини со отпор.rn

    2. Хранете се здраво

    rnМожеби ова ви звучи како излитена фраза, но и тоа како е корисна и вистинита. Чипсот не е решението за сѐ. Запомнете: храната или го подобрува или го влошува изгледот на вашето тело. Па, за да забележите подобрување, тогаш подобро да консумирате што повеќе овошје и зеленчук.rn

    3. Запишете се на фитнес

    rnОдењето на групни фитнес часови, прави чуда за мотивацијата и желбата за успех. Запишете се со некој/а пријател/ка, за да не паѓате во искушение да не се појавувате на часовите. Или ако сметате дека ова е премногу за вас, одете на зумба. Одличен начин за враќање во форма после долг период на нередовна активност.rn

    4. Вода

    rnСекако, соковите се секогаш повкусни. Но, од огромна важност е да пиете што поголемо количество вода во текот на денот. Каде и да одите, со себе носете си шишенце вода. По некое време ќе забележите позитивни промени на кожата, нивото на енергија и воопшто, на целиот изглед.rn

    ОТВОРЕТЕ СЕ ЗА СРЕЌА

    rn(2) kako-da-se-izgradite-vo-kompletna-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. Охрабрувајте ги другите

    rnНема поубаво чувство од тоа да усреќите некого, особено кога станува збор за личност што навистина ви значи. Среќата е заразна. Искажувајте благодарност отворено, не ги сокривајте чувствата и охрабрувајте ги другите да го дадат најдоброто од себе.rn

    2. Насмевнете се

    rnНасмевката, па дури и насила постигната, помага при лачењето на хормонот ендорфин, што пак ве прави посреќни. Кога негативните мисли и чувства ќе сакаат да ве обземат, само кажете им збогум со едноставна насмевка.rn

    3. Или уште подобро, смејте се

    rnЗнаете ли зошто толку убаво се чувствувате после добро смеење? Тоа е токму поради ендорфинот споменат погоре. Барем еднаш дневно потрудете се да се насмеете од срце. Ќе се чувствувате многу подобро.rn

    4. Опкружете се со позитивни луѓе

    rnДали имате другари кои едноставно ве исцрпуваат и се постојано негативни? Или, уште полошо, кои суптилно го саботираат секој ваш напор за промена? Тогаш, навистина не можете да бидете среќни. Поминувајте време со луѓе кои ќе ве охрабрат и инспирираат. Го заслужувате тоа.rn

    ГРАДЕТЕ СЕ ДУХОВНО

    rn(3) kako-da-se-izgradite-vo-kompletna-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. Поставете цели

    rnОвде не мислиме на цели поврзани со кариерата, иако и тие се секако значајни. Почнете го денот, размислувајќи за една добра работа што може да ја направите во текот на тие 24 часа. Нешто што би ве направило вас или некој друг, да се чувствува поубаво и посреќно.rn

    2. Вежбајте благодарност

    rnСекогаш ќе има работи кои ги сакаме, но не можеме да ги имаме. Важно е да ги цениме нештата што ги имаме, што пак ќе направи да го цениме самиот живот и изборите што ги правиме. На крајот на денот, издвојте една работа за која сте благодарни што се случила токму тогаш. Фокусирајте се на позитивното и отворете се за духовност и внатрешен мир.rn

    3. Јога

    rnНе само што јогата е добра за здравјето, туку и го чисти умот и ви помага полесно да дојдете во контакт со себе. И наједноставните пози го даваат овој ефект. Затоа, почнете го денот на овој начин и нема да зажалите.rn

    4. Животот е еден

    rnЖивотот со себе носи проблеми, болки, недоразбирања, кои понекогаш знаат да нѐ обземат. Колку и да се трудите, не можете да минете преку нив и дозволувате да ве измачуваат. Но, сфатете дека за една година од сега, да не зборуваме до крајот на животот, тие проблеми ќе бидат сосема незначајни и ќе се каете што сте дозволиле да се однесувате така. Затоа, останете смирени и позитивни. Имате само еден живот. Направете го вреден за паметење.

  • 5-минутен тест на личноста: Дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер?

    5-минутен тест на личноста: Дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер?

    Сакате да дознаете кое животно сте во животинскиот свет? Секое животно има свои силни страни и слабости. Направете го 5-минутниот тест од д-р Гери Смоли и дознајте дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер.rnrn5-minuten-test-na-lichnosta-dali-ste-lav-dabar-vidra-ili-zlaten-retriver-kafepauza.mkrnrnПополнете ги со број од 1 до 4 карактеристиките подолу во зависност од тоа колку се однесуваат на вашата личност:rn

    0 = воопшто; 1 = малку; 2 = претежно; 3 = многу

    rn[column col=”1/4″]rn

      rn011

    1. __ Сакам авторитет
    2. rn011

    3. __ Преземам контрола
    4. rn011

    5. __ Одлучен/на
    6. rn011

    7. __ Иницијативен/на
    8. rn011

    9. __ Компетитивен/на
    10. rn011

    11. __ Решавам проблеми
    12. rn011

    13. __ Продуктивен/на
    14. rn011

    15. __ Смел/а
    16. rn011

    17. __ Носам одлуки
    18. rn011

    19. __ Упорен/на
    20. rn

    rn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

      rn011

    1. __ Ентузијаст
    2. rn011

    3. __ Преземам ризици
    4. rn011

    5. __ Визионер
    6. rn011

    7. __ Вербален/на
    8. rn011

    9. __ Активист
    10. rn011

    11. __ Популарен/на
    12. rn011

    13. __ Весел/а и жив/а
    14. rn011

    15. __ Сакам разновидност
    16. rn011

    17. __ Спонтан/а
    18. rn011

    19. __ Инспиративен/на
    20. rn

    rn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

      rn011

    1. __ Нежни чувства
    2. rn011

    3. __ Лојален/на
    4. rn011

    5. __ Смирен/а
    6. rn011

    7. __ Сакам рутина
    8. rn011

    9. __ Не сакам промени
    10. rn011

    11. __ Попустлив/а
    12. rn011

    13. __ Избегнувам судири
    14. rn011

    15. __ Чувствителен/на
    16. rn011

    17. __ Издржлив/а
    18. rn011

    19. __ Помирувам страни
    20. rn

    rn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

      rn011

    1. __ Сакам инструкции
    2. rn011

    3. __ Прецизен/на
    4. rn011

    5. __ Конзистентен/на
    6. rn011

    7. __ Предвидлив/а
    8. rn011

    9. __ Практичен/на
    10. rn011

    11. __ Реален/на
    12. rn011

    13. __ Одговорен/на
    14. rn011

    15. __ Сакам перфекција
    16. rn011

    17. __ Внимавам на детали
    18. rn011

    19. __ Аналитичен/на
    20. rn

    rn[/column]rnrnСоберете ги бројките во секоја колона и забележете каде имате најмногу поени.rn

    Колона 1 – Лав

    rn5-minuten-test-na-lichnosta-dali-ste-lav-dabar-vidra-ili-zlaten-retriver-lav-kafepauza.mkОваа личност сака да раководи. Лавот е добар во донесување одлуки и е силно ориентиран кон постигнување на целите. Тој ужива во предизвици, тешки задачи и можности за напредување. Може да згази преку луѓе за да ги постигне целите. Лавовите можат да бидат многу агресивни и компетитивни. Тие мораат да научат да не шефуваат премногу и да  не преземаат контрола кога се работи за туѓа работа.rnrnСилни страни: ориентиран кон цели, силен, директенrnСлабости: склон кон расправање, премногу диктаторски настроенrnОграничувања: не сфаќа дека директниот пристап може да ги повреди другитеrn

    Колона 2 – Видра

    rn5-minuten-test-na-lichnosta-dali-ste-lav-dabar-vidra-ili-zlaten-retriver-lav-vidra-kafepauza.mkВидрите се многу дружељубиви. Тие сакаат луѓе. Уживаат во  популарнoоста и сакаат да влијаат и да ги мотивираат другите. Може да бидат повредени ако луѓето не ги сакаат. Обично имаат многу пријатели, но немаат длабоки врски. Тие сакаат да си бидат мрзеливи и да сработат помалку отколку што им е работа. Озлогласени се заради неуредните соби. Сакаат да брзаат и да ги завршуваат работите, но не премногу добро. Видрата е како тигарот од Вини Пу.rnrnСилни страни: добра е со луѓе, отворена, позитивнаrnСлабости: многу зборува, премногу е попустливаrnОграничувања: заборава на своите обврски, треба да биде поисполнителна и дисциплиниранаrn

    Колона 3 – Златен ретривер

    rn5-minuten-test-na-lichnosta-dali-ste-lav-dabar-vidra-ili-zlaten-retriver-lav-retriver-kafepauza.mkДобар во склопувањето пријателства. Многу лојален. Личноста на ретриверот не сака големи промени. Тие трагаат по сигурност. Можат да бидат многу сензитивни. Имаат длабоки врски, но обично само неколку навистина блиски пријатели. Сакаат да бидат сакани од сите. Бараат признанија. Најдобро работаат во ограничени ситуации со прецизен шаблон на работа.rnrnСилни страни: прилагодлив, смирен, афирмативенrnСлабости: неодлучен, индиферентен, неспособен да се изрази емотивно, премногу мек кон другите луѓеrnОграничувања: потребата да се докажува, барањето одговорност кај другитеrn

    Колона 4 – Дабар

    rn5-minuten-test-na-lichnosta-dali-ste-lav-dabar-vidra-ili-zlaten-retriver-lav-dabar-kafepauza.mkОрганизиран, дабарот мисли дека постои вистинскиот начин за да се направи сѐ и тој сака да ги прави работите токму на тој начин. Личноста на дабарот е многу креативна. Тие сакаат да решат сѐ. Сакаат да си дадат време и да го направат она што го прават како што треба. Дабарите не сакаат ненадејни промени. Нив им треба сигурност и спокој.rnrnСилни страни: високи стандарди, ред, почитrnСлабости: нереални очекувања за себе и другите, премногу совршенrnОграничувања: гледање на оптимистичната страна на работите, изразување флексибилностrnrn rnrnПа, кое животно сте вие?

  • Интровертност vs. екстровертност: Како да се однесуваме кон различните од нас?

    Интровертност vs. екстровертност: Како да се однесуваме кон различните од нас?

    Автор: Жаклина ГерасимовскаrnrnШто е подобро, да сте интровертна или екстровертна личност? Во кои ситуации шансите да успеете се поголеми? Кои карактеристики, всушност, ги опишуваат интровертните, а кои екстровертните личности? Иако јас лично се сметам за интровертна личност, некои луѓе ми кажале дека во одредени ситуации се однесувам како екстровертна. Водена од таквите размислувања и прашања кои често си ги поставувам, го пишувам овој неделен совет.rnrn1-introvertnost-vs-ekstrovertnost-kako-da-se-odnesuvame-kon-razlichnite-od-nas-kafepauza.mkrnrnДали во вашето друштво или на работа сте забележале дека некои личности се издвојуваат повеќе од другите, полесно комуницираат со другите, немаат проблем во искажување на своите ставови, а некои личности најчесто стојат настрана, работат сами и во очите на другите изгледаат како воопшто незаинтересирани? Дали сте имале ситуации, непродуктивни состаноци и непотпишани договори, само затоа што едни луѓе премногу доминирале, а други не можеле, буквално, да дојдат до збор и се откажувале од нивните идеи кои можеби би биле многу поуспешни доколку другите ги ислушале внимателно и ги реализирале?rnrnЗа прв пат концептите интровертност и екстровертност ги има дефинирано психијатарот и психотерапевт Карл Јунг во 20-тите години на минатиот век. Неговата теорија е дека секоја индивидуа е уникатна: и интровертните и екстровертните личности се два екстрема на една биполарна скала. Сите ние се наоѓаме помеѓу нив со поголема или помала тенденција кон едниот или кон другиот тип.rnrnВо суштина, сите ние имаме одредена генетска структура и одредени преференции уште од мали, но многу често и самото опкружување влијае на тоа како една личност ќе се оформи и како ќе се однесува во различни ситуации.rnrnЕкстровертните личности најчесто ќе ги препознаете по тоа што: сакаат секогаш да бидат опкружени со многу луѓе, но ова понекогаш може да влијае голем дел од нивното време да го потрошат на непродуктивни разговори и состаноци; забавни се, енергични, шармантни, често се во центарот на вниманието на секој настан, но понекогаш може да бидат многу напорни и да изгледаат како арогантни; динамични се и важно им е да се случува нешто ново, а задачите кои се монотони се, всушност, исцрпувачки за нив; се префрлаат од една тема на друга додека зборуваат, но не мора да значи дека заборавиле на тоа што претходно го кажале, туку од многуте мисли и идеи кои ги имаат во моментот не сакаат нешто да остане некажано.rnrn2-introvertnost-vs-ekstrovertnost-kako-da-se-odnesuvame-kon-razlichnite-od-nas-kafepauza.mkrnrnОд друга страна пак, интровертните личности ќе ги препознаете по тоа што: преголемата фокусираност кон задачите им прави проблем да ги искажат појасно нивните мислења, но можат многу брзо да напишат некој многу важен извештај или имејл додека другите околу нив дискутираат на различни теми; на состаноци најчесто се тивки слушатели и изгледаат незаинтересирано, но тоа што ќе го кажат најчесто е прецизно и директно; зборуваат одмерено, но доколку некој се вклучи ненајавено, може да биде стресно за нив дури и кога не ги прекинуваат во нешто значајно; тешко развиваат односи со другите, но односите и довербата што ќе ја развијат најчесто се долгорочни; често се поврзуваат со срамежливи личности. Срамежливоста може да се јави и кај екстровертите исто толку често колку и кај интровертите, но првите ја прикриваат со својата динамичност и со лесно префрлање на вниманието од една работа кон друга.rnrnДенес пошироко е прифатен митот дека екстровертните личности се повеќе вреднувани на работа, полесно добиваат работа, унапредување, и се подобри продавачи, но историски гледано, личностите со поголема интровертност имале поголема доминација и биле сфатени како позрели, понадарени и полесно доаѓале до суштината на проблемот. Доколку се прашувате дали интровертните личности можат позитивно да влијаат на другите и да бидат добри лидери, тогаш прочитајте повеќе за Ворен Бафет, Бил Гејтс, Опра Винфри, Марк Закерберг, Алберт Ајнштајн, Махатма Ганди, Чарлс Дарвин, Њутн, Еленор Рузвелт, Стив Вознијак и уште многу други.rnrnКонфликтите помеѓу колегите (или луѓето генерално) најчесто настануваат поради тоа што прво не се познаваме добро меѓу себе и не си ги почитуваме разликите. За да ги елиминирате конфликтните ситуации може да примените некој од советите за тоа како да се однесувате кон интровертните, а како кон екстровертните.rn

    Доколку сте екстровертна личност, тогаш:

    rn

      rn011

    • почитувајте ја приватноста на интровертните
    • rn011

    • кога им делегирате нови задачи, оставете им малку време да ја набљудуваат целосната ситуација и не барајте им одговори веднаш
    • rn011

    • не прекинувајте ги
    • rn011

    • одвојте дел од вашето време и дадете им што е можно поконкретни насоки
    • rn011

    • не посрамотувајте ги јавно пред другите
    • rn011

    • почитувате ја нивната интровертност и не обидувајте се да ги промените во екстровертни
    • rn

    rn

    Доколку, пак, сте интровертна личност, тогаш:

    rn

      rn011

    • почитувајте ја независноста на екстровертните
    • rn011

    • давајте им пофалби и комплименти
    • rn011

    • прифатете го и охрабрете го нивниот ентузијазам
    • rn011

    • дозволете им да ги искажат нивните ставови и размислувања
    • rn011

    • понудете им опции за различни ситуации
    • rn011

    • оставете ги да блескаат
    • rn

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.