КАФЕ ПАУЗА

Tag: личност

  • Тест: Изберете лисица и откријте нешто ново за себе

    Тест: Изберете лисица и откријте нешто ново за себе

    Изберете ја лисицата што најмногу ви се допаѓа и откријте нешто ново за себе.rnrnТест: Изберете лисица и откријте нешто ново за себеrnrn1. Вие сте едноставна личност и не сакате да го комплицирате животот. Ако постои можност да ги избегнете проблемите, ќе го сторите тоа со големо задоволство.rnrnСакате душевен мир во животот.rnrnЛуѓето можеби мислат дека живеете здодевен живот, но вие уживате во вашата рутина.rnrnНе сакате тешкотии, но секогаш успевате да се соочите со нив.rnrn2. Вие сте храбра личност и ништо на овој свет не може да ве исплаши.rnrnПонекогаш доживувате неуспех, но никогаш не се откажувате.rnrnНе се плашите од ништо и токму вашата храброст е клучот за вашиот успех.rnrn3. Животот е фантастична бајка за вас. Се обидувате да видите чуда во него и ги гледате.rnrnПонекогаш ве погодува суровата реалност, но вие не очајувате.rnrnПонекогаш е тешко да се соочите со пречките, но секогаш има некој што може да ви помогне.rnrnВие носите убавина и радост на овој свет.rnrnТестирајте ги вашите вештини за набљудување со овие 15 слики.rn

    Извор: Atma.hr

  • Начинот на кој одите, јадете, разговарате и пишувате го открива вашиот карактер

    Начинот на кој одите, јадете, разговарате и пишувате го открива вашиот карактер

    Повеќето ваши навики откриваат нешто за вашата личност, само треба да знаете кои навики со кој дел од личноста може да се поврзат. Луѓето покажуваат какви се навистина на многу суптилни начини, а за нив најмногу откриваат некои специфични навики. Експертите издвоија 12 ситници на кои треба да обрнете внимание затоа што тие може да укажат на некои карактерни црти.rnrnНачинот на кој одите, јадете, разговарате и пишувате го открива вашиот карактерrn

    1. Начинот на кој ја ставате тоалетната хартија

    rnОва е вечна дебата и изгледа како обична шега, но начинот на кој ја ставате тоалетната хартија може да открие многу за вашата личност. Според резултатите на едно истражување во кое биле опфатени 2.000 мажи и жени, оние што ја ставаат хартијата така што се одмотува од предната страна се подоминантни во однос на оние кои ја ставаат наопаку.rn

    2. Вашиот избор на чевли

    rnВозраста, приходите и карактерот на една личност можат да се прочитаат од чевлите што ги носи и тоа многу прецизно. Резултатите покажуваат дека луѓето кои носат удобни чевли обично се пријатни, носењето неудобни чевли значи дека сте помирна личност, а личностите што носат нови и добро одржувани чевли се склони кон вознемиреност.rn

    3. Начинот на кој одите

    rnАко вашето тело е навалено напред и одите брзо, вие сте многу продуктивни и се водите според логиката. Луѓето ви се восхитуваат поради тоа, но можеби изгледате малку ладно и конкурентски настроени.rnrnАко одите со градите напред, рамената наназад, а главата исправена нагоре (што е вообичаено кај политичарите и кај познатите личности), вие сте забавни, харизматични и сакани во друштвото, но имате тенденција да се однесувате како ѕвезда под рефлектори.rnrnАко тежината ви е во нозете, без да го навалувате вашето тело напред или назад, повеќе сте фокусирани на вашиот личен живот отколку на вашата кариера. Ако гледате во подот додека одите, најверојатно сте интровертна и љубезна личност.rn

    4. Ракување

    rnРакувањето може да го промени впечатокот на другите луѓе за вас. Според истражувањата, луѓето кои се ракуваат цврсто се опишани како поемотивно изразени, екстровертни и попозитивни од другите. Оние што се ракуваат полабаво се посрамежливи и невротични.rn

    5. Стил на разговор

    rnСпоред психолозите, постои силна поврзаност помеѓу стилот на пишување мејл и вашиот карактер во реалниот живот. Истражувањата пронајдоа врска помеѓу одредени клучни зборови и главните карактеристики на луѓето. Нарцисоидните личности најмногу користат зборови како „јас“, „мое“, „работа“ и слично.rnrnЕкстровертите обично се поопуштени и разговараат за работи поврзани со забава, како музика и храна. Но, не е важно само за што се зборува, туку и како. Отсуството на грешки е знак на перфекционизам и потенцијални опсесии, додека лошата граматика укажува на пониско ниво на интелигенција и пониско ниво на образование.rnrnДолгите пораки ја одразуваат енергијата и темелноста, но и одреден степен на потреба за внимание.rn

    6. Нервозни навики

    rnДали ги гризете ноктите или кутикулите? Луѓето кои ја чепкаат косата или ги гризат ноктите се склони кон перфекционизам, а нивните постапки се резултат на обидот за смирување на здодевноста, на иритацијата и на незадоволството. Бидејќи е подобро да се направи нешто отколку ништо, повторувачкото однесување изгледа утешно. Постојат многу алтернативни стратегии што ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.rn

    7. Вашата точност

    rnПристигнувањето точно на време е знак дека човекот има многу позитивни особини и овие личности се посовесни и попристапни. Личностите што стигнуваат порано се поврзуваат со невротизам, а оние што постојано доцнат се склони кон слобода.rn

    8. Вашите навики во исхраната

    rnВие сте она што јадете. Луѓето кои јадат бавно обично сакаат да се контролираат себеси и другите и знаат да го ценат животот, а оние што јадат брзо обично се амбициозни и нетрпеливи.rnrnЛуѓето за кои јадењето е авантура и со задоволство пробуваат нова храна, бараат возбуда и ризикуваат, додека пребирливите луѓе се повознемирени и невротични. Ако сте некој кој сака да ги одделува различните намирници во чинијата, во секојдневниот живот сте многу внимателни.rn

    9. Навики за купување

    rnАко сакате да запознаете некого подобро, одете на шопинг со него. Истражувањата откриле дека постојат два вида потрошувачи: потрошувачи што истражуваат сè и потрошувачи на кои не им треба појаснување.rnrnИстражувачите прават детален преглед на секое шише шампон пред да донесат одлука, додека оној на кој не му треба појаснување го зема првото шише и оди на касата. Првите се личности кои анализираат сè до најмали детали, додека вторите претпочитаат општи информации.rn

    10. Стил на фотографирање селфи

    rnВашиот профил на Инстаграм или на Фејсбук може да открие повеќе за вашата личност отколку што знаете за себе. Истражувањата откриваат дека луѓето што се попријатни се фотографираат одоздола, додека совесните личности ретко во позадина на фотографијата откриваат дел од приватниот простор.rnrnЛуѓето кои покажуваат позитивни изрази се поотворени за нови искуства, а невротичните личности имаат намуртено лице.rn

    11. Вашиот ракопис

    rnЛичностите што пишуваат големи букви се ориентирани кон луѓето и бараат внимание, додека оние што пишуваат мали букви се интровертни.rnrnПишувањето со мал наклон надесно значи дека сте пријателски настроени и импулсивни, а буквите навалени налево значат дека сте резервирани и индивидуалисти. Ракописот со силен притисок укажува на тоа дека имате силни емоции и реагирате брзо, а лесниот притисок врз хартијата подразбира леснотија и можност за движење од едно на друго место.rn

    12. Начинот на кој ја носите чантата

    rnАко ја носите чантата на рацете, тоа покажува дека вие се цените себеси и се држите до вашиот социјален статус. Ако ја носите чантата преку рамото, така што е пред вашето тело, покажува дека ја користите како заштита и дека не сакате да бидете достапни.rnrnАко ја туркате чантата зад вас, тоа открива дека сте ладна и мирна личност. Луѓето што носат спортски ранец се независни и сакаат да се грижат за себе и за луѓето околу нив, додека оние што ја носат чантата во рацете имаат тенденција да бидат наметливи, добро организирани и ефикасни.rnrnПрочитајте кои се 6-те навики на вистински самоуверените луѓе.

  • Тест: Изберете круна и дознајте нешто повеќе за себе

    Тест: Изберете круна и дознајте нешто повеќе за себе

    Изберете една од четирите круни и дознајте нешто повеќе за вашата личност.rnrnТест: Изберете круна и дознајте нешто повеќе за себеrnrn1. Вие сте вистински вулкан: однадвор сте мирни и ненаметливи, но внатре во вас постои некоја силна страст. Сепак, секогаш ги контролирате своите емоции. Понекогаш дозволете им да излезат на површината, немојте секогаш да се воздржувате. Тоа нема да ви донесе ништо добро.rnrnПламенот што гори во вашите очи ги привлекува луѓето од спротивниот пол, но вашиот надворешен студ ги држи на растојание. Многумина се плашат да го направат првиот чекор. Одвреме-навреме симнувајте се од пиедесталот за да имате подобри шанси да ширите познанства.rnrn2. Вие сте многу љубезни и нежни, сакате да им помагате на другите и луѓето многу ве ценат за тоа.rnrnЛуѓето од спротивниот пол ве обожаваат. Но, понекогаш сте премногу љубезни кон нив, така што некои може погрешно да го толкуваат тоа и да го искористат. Не дозволувајте им на таквите личности да бидат дел од вашиот живот.rnrn3. Секогаш сте сигурни во себе и знаете да одржувате контрола во секоја ситуација. Имате многу силна интуиција и заради тоа честопати се наоѓате на вистинското место во вистинско време. Знаете како да поставите цели и како да ги постигнете. Имате многу интереси и наоѓате заеднички јазик со речиси секоја личност.rnrnБлагодарение на вашата љубезност, лесно стекнувате нови пријатели. Луѓето од спротивниот пол понекогаш се однесуваат кон вас исклучиво на пријателски начин. Обидете се почесто да ја покажувате вашата нежна страна и да ја зачинете со малку флерт.rnrn4. Вие сте личност со аристократски навики. Секогаш ги постигнувате своите цели и не ја префрлувате одговорноста на некој друг. Вашиот збор е закон. Во исто време, се грижите за луѓето што ви се драги и секогаш се обидувате да им обрнете внимание.rnrnВашето семејство ви е на прво место, а најмногу ви е важна вашата мајка. Опкружени сте со најуспешните личности бидејќи знаете како да го привлечете најдоброто.rnrn[message_box title=”Изберете една магична месечина и прочитајте посебна порака.” color=”yellow”]Изберете една магична месечина и прочитајте посебна порака[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

    Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

    Без разлика дали сте утринска личност или ноќна птица, овие неколку совети ќе ви помогнат да почнете да се сложувате со личноста која секогаш ве прашува нешто во погрешно време.rnrnУтринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?rnrnВашиот колега влегува на работа во 09:45 часот наутро со уморни очи и веднаш оди да си направи кафе. Вие, како утринска личност, едноставно не ја разбирате неговата утринска нервоза. Вие сте позитивни наутро, полни со енергија и подготвени за деловни разговори. На вашите колеги не им е дојдено до разговор затоа што прво треба да си дојдат на себе.rnrnМеѓутоа, времето поминува брзо и речиси е пет часот. Вие сте нервозни и уморни, а вашиот колега е полн со енергија и со ентузијазам. Сите луѓе имаат различно ниво на енергија во различни периоди од текот на денот. Научниот термин за тој уникатен ритам што ве прави утринска личност или ноќна птица се нарекува хронотип.rnrnВрз основа на ова, овие неколку совети ќе ви помогнат да работите поефикасно со колегите кои се спротивен вид личност и да ја завршите работата во различно време.rn

    Основни правила

    rnПонекогаш некои активности треба да се направат во одредено време и има малку простор за избор. Но, во ситуации кога можете да бидете флексибилни, искористете го тоа. На пример, ако вашиот колега е ноќна птица, закажете го состанокот по 10 часот. Ако вашиот колега е утринска личност, закажете го состанокот пред 15:30 часот, особено ако станува збор за посложена тема. Со меѓусебно разбирање можете да ги избегнете расправиите и вознемиреноста.rnrnМоже да поставите и основни правила околу комуникацијата. На пример, може да се согласите да користите текстуални пораки само за навистина итни прашања. За сè останато, можете да користите е-пошта. Понекогаш комуникацијата треба да се случи во точно одредено време, но многу работи може да почекаат до следниот работен ден и комуникацијата ќе се одвива подобро ако разговарате со луѓето во време што е соодветно за нив.rn

    Искрена комуникација

    rnЛуѓето со различни хронотипови чувствуваат енергија и ентузијазам во различни периоди, така што тие нема да разберат што мислите, освен ако искрено не им кажете. Ако вашиот колега дојде до вашето биро веднаш штом ќе стигнете во канцеларијата, најдобро е да му кажете дека имате некоја работа и дека ќе го побарате откако ќе завршите.rnrnАко некој колега ве замоли да донесете важна одлука во 18 часот, а вие се чувствувате уморно, тогаш најдобро е му да кажете дека не се чувствувате добро во моментот и дека одлуката ќе ја донесете утре.rnrnОвие стратегии може да бидат корисни и за вашиот приватен живот. Ако легнете во креветот обидувајќи се да се мотивирате за работата, а вашиот сопруг започнува да зборува за рефинансирање на хипотеката, можете да кажете: „Навистина не можам да зборувам за тоа сега. Може ли да разговараме утре?“rnrnАко за време на комуникацијата ви е важно како ќе ве разбере другата личност и како правилно да ѝ одговорите, но во моментот не сте во можност да го направите тоа а најдобриот можен начин, објаснете на убав начин како не можете да донесете важна одлука, извинете се и кажете дека ќе ја донесете одлуката колку што е можно поскоро.rn

    Меѓусебна почит

    rnЛесно е да мислите дека вашиот начин на работа и времето во кое работите се најдобри. За вас можеби е така, но за другите не е. Некои ќе речат дека претпладне или наутро се ослободуваат од целата работа и го имаат остатокот од денот за други активности, а некои ќе речат дека попладне или во вечерните часови имаат најголема концентрација и тогаш ја завршуваат целата работа.rnrnНо, најефикасно ќе работите кога ќе сфатите дека сите луѓе се различни и дека треба да се почитувате едни со други.rnrnПрочитајте зад кои фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.

  • Што вашиот однос кон парите говори за вас?

    Што вашиот однос кон парите говори за вас?

    Парите лесно доаѓаат и си одат во животите на некои луѓе и тие не ни размислуваат за нив. Но, за други, тие може да бидат важно прашање, без разлика дали нивната грижа потекнува од прекумерното трошење или поради недоволната заработка. Во секој случај, начинот на кој управувате со парите, не ја рефлектира само вашата финансиска состојба. Тој може да открие и нешто за вашата личност. На пример, какви стравови имате.rn

    Може да ве потсети за вашето минато

    rnШто вашиот однос кон парите говори за вас?rnrnНекои семејства може да си дозволат да купат сè што посакуваат нивните деца. Можеби сте виделе убав фустан во трговскиот центар кога сте биле мали и сте посакале да го имате, но вашите родители немале доволно пари за да ви го купат. Или навистина сакавте да научите да свирите пијано, но немало доволно пари за да посетувате часови.rnrnВаквите ситуации може да остават емотивни лузни и да направат да се чувствувате несигурно, затоа што веројатно сте виделе дека вашите врсници ги имаат сите тие нешта. Можеби сè уште ја гаите во себе таа несигурност. Веќе кога созреавте и станавте финансиски стабилни, можеби започнавте да купувате работи кои не сте можеле да ги имате во минатото, дури и кога тие не ви биле вистински потребни.rn

    Односот кон парите може да го отслика вашиот став кон себеси

    rnШто вашиот однос кон парите говори за вас?rnrnАко чувствувате дека сте умешни во справувањето со финансиските проблеми, веројатно сте доверлива личност. Иако можеби се плашите да вложувате и да започнете деловни потфати или да се справите со одредени финансиски предизвици што се појавуваат на патот.rnrnСпротивно на тоа, ако се плашите дека ќе ги изгубите вашите пари и претпочитате да ги чувате во банка, тоа би можело да значи дека сè уште не сте сигурни во себе.rn

    Може да ги открие вашите стравови

    rnШто вашиот однос кон парите говори за вас?rnrnСите ние понекогаш размислуваме за тоа како би се промениле нашите животи ако одеднаш ги изгубивме сите пари. Самиот обид да се замисли оваа ситуација може да ги открие нашите најголеми стравови. Можеби сакате вашите деца да одат на добар универзитет и сакате да ги поддржите, но се плашите за вашиот постојан прилив на пари.rnrnИли можеби отсекогаш сте сакале да ги направите вашите родители горди, но се плашите да не ги разочарате заради вашите финансиски проблеми. Парите откриваат што вистински ви значи во животот и што не сакате да загубите под кои било околности.rn

    Начинот на справување со парите може да ви биде насока за иднината

    rnШто вашиот однос кон парите говори за вас?rnrnНачинот на кој располагате со вашите пари може да ги открие вашите цели, но, исто така, го отсликува и вашето минато. Ако како дете сонувавте да одите во Дизниленд, а вашите родители не ви го овозможија тоа, можеби ќе започнете да размислувате дека никогаш нема да го добиете тоа што го сакате.rnrnНекој што добивал сè што посакувал како дете, можеби сега е поамбициозен човек. Во неговото детство, соништата секогаш се остварувале, па и сега е сигурен дека ќе може да постигне сè што сака.rnrnСпротивно на тоа, некој чии соништа ретко се остварувале може да порасне со ставот дека никогаш нема да биде успешен во областите за кои е заинтересиран, иако тоа можеби не е точно. Но, претходните финансиски ограничувања може да бидат пречка во остварувањето на неговиот сон.rn

    Односот кон парите може да ви помогне да го разберете вашиот начин на размислување

    rnШто вашиот однос кон парите говори за вас?rnrnПарите можеби не се голем проблем во вашиот живот. Имате стабилна работа со добра плата и ги задоволувате сите ваши потреби. За некои, ова може да биде доволна причина за да се чувствуваат финансиски сигурно. Други, кои не се во слична ситуација или имаат финансиски проблеми, може да имаат различен став кон парите.rnrnАко постојано чувствувате дека немате доволно пари и имате премногу трошоци, можеби е до вашиот начин на размислување. Дури и ако немате вистинска причина за загриженост, можеби сте опседнати со секој мал трошок што го правите. Постојат луѓе за кои трошењето пари е фрустрација.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот.

  • Развијте ги овие 10 карактеристики за да станете личност што сите ќе ја сакаат

    Развијте ги овие 10 карактеристики за да станете личност што сите ќе ја сакаат

    Повеќето луѓе мислат дека личностите што сите ги сакаат се родени под среќна ѕвезда и дека се симпатични на прв поглед благодарение на својата природа. Но, тоа не е точно. Овие личности имаат некои особини што другите ги немаат, од кои едниот дел се развиени за време на воспитувањето во детството, а другиот дел е изграден самостојно стремејќи се да бидат најдобрата верзија од себе.rnrnРазвијте ги овие 10 карактеристики за да станете личност што сите ќе ја сакаатrnrnКвалитетите како што се пристапноста, позитивноста и умереноста се одлики на луѓето кои имаат висока емоционална интелигенција, но вие исто така можете да станете омилени во друштвото ако поработите на себе. Ако ги развиете овие карактеристики, ќе бидете во групата луѓе што сите ги сакаат и ќе ја подобрите вашата емоционална интелигенција.rn

    1. Бидете искрени

    rnИскреноста е најважната особина што ви е потребна за луѓето да имаат добро мислење за вас. Никој не сака лажговци. Луѓето се потпираат на искрени личности затоа што знаат дека може да им веруваат. Тешко е да верувате некому ако не знаете кога ја кажува вистината, а кога не. Искрените луѓе знаат кои се, имаат самодоверба да се чувствуваат добро во својата кожа и да ги искажат своите мислења.rn

    2. Поставувајте промислени прашања

    rnНајголемата грешка што ја прават луѓето кога слушаат некого додека зборува е тоа што тие се фокусираат на она што ќе го кажат потоа или како ќе влијае на нив тоа што го кажува личноста, така што често не го слушаат вистинското значење на она што е кажано. Тоа може лесно да го избегнете со поставување прашања. Луѓето сакаат да знаат дека некој ги слуша, така што прашањата што ги поставувате се знак дека ве интересира нивната приказна. Ќе бидете изненадени колку ќе го ценат тоа што знаете да слушате.rn

    3. Не осудувајте

    rnОслободете се од предрасудите ако сакате луѓето да ве сакаат. Така ќе бидете попристапни и поинтересни. Никој не сака да разговара со личност која веќе има негативно мислење за некого врз основа на предрасудите што не сака да ги промени.rn

    4. Не барајте внимание

    rnПовеќето луѓе не сакаат да бидат во друштво на личности кои очајно сакаат да бидат во центарот на вниманието. Вие не треба да бидете екстроверт за да им се допаднете на луѓето, доволно е да бидете пријателски настроени и внимателни. Ако сте дружељубиви, самоуверени и концизни, ќе забележите колку повеќе ве почитуваат луѓето отколку ако сте самобендисани. Ако некој ве пофали за нешто, насочете го вниманието кон сите оние што ви помогнале да постигнете успех затоа што луѓето сакаат да знаат дека и нивниот труд е значаен.rn

    5. Бидете доследни

    rnКога луѓето разговараат со некого, тие сакаат да знаат со кого имаат работа и каков одговор може да очекуваат. За да бидете доследни, треба да им покажете на луѓето дека дури и кога го менувате расположението, не го менувате своето однесување кон другите.rn

    6. Користете позитивен говор на телото

    rnБидете свесни за вашите гестови, за изразите на лицето и за висината на тонот додека разговарате. Ако сте ентузијасти, ако не ги прекрстувате рацете, ако одржувате контакт со очите и ако сте свртени кон личноста со којашто разговарате, ќе бидете посакуван соговорник. Имајте на ум дека поважно е како ќе кажете нешто отколку што ќе кажете.rn

    7. Оставете добар прв впечаток

    rnЗа ова може да ви помогне позитивниот говор на телото. Истражувањата покажуваат дека луѓето одлучуваат дали ќе им се допаднете или не уште во првите седум секунди од запознавањето. Потоа, остатокот од разговорот се одвива во сенка на првиот впечаток. Поради тоа, треба да бидете сигурни дека имате цврст став, дека се ракувате цврсто и дека стоите исправено пред соговорникот.rn

    8. Обраќање на луѓето со нивното име

    rnИмето е еден од основните делови на нашиот идентитет и луѓето сакаат кога им се обраќате со нивното име. Оние што им се допаѓаат на повеќето луѓе, го знаат сечие име и го користат секогаш кога ќе се сретнат со таа личност. Истражувањата покажуваат дека луѓето се чувствуваат почитувано ако оној со кого разговараат го користи нивното име за време на разговорот.rn

    9. Смејте се

    rnАко се смеете додека разговарате со луѓето, тие ќе ви вратат во иста мера и по разговорот ќе чувствувате дека сте оставиле пријатен впечаток.rn

    10. Одржувајте рамнотежа помеѓу страста и забавата

    rnЛуѓето се наклонети кон страсни личности, но тие може да бидат сфатени и како премногу сериозни. Поради тоа е важно да одржувате рамнотежа помеѓу вашата страст и можноста да се опуштите и да се забавувате. На работа бидете сериозни, но пријателски настроени. Луѓето кои се популарни во друштвото избегнуваат озборувања и се концентрираат на важни разговори со своите колеги.rnrnПрочитајте кои навики ќе ви помогнат да имате подобра самодисциплина.

  • Што вашата елка открива за вас?

    Што вашата елка открива за вас?

    Украсувањето на новогодишната елка сигурно ви претставува големо задоволство. Но главното прашање е како ја декориравте. Сите тие лампиони, ленти, машнички и светилки може да ве збунат. Можеби ќе се изненадите, но начинот на кој ја украсивте вашата елка многу зборува за вас. Ајде да видиме што вашата елка ќе одгатне за вашиот карактер.rnrnШто вашата елка открива за вас?rnrnТреба само да ја погледнете сликата со шесте украсени елки и да ја изберете таа што најмногу наликува на вашата.rn

    1. Елка украсена само со лампиони

    rnШто вашата елка открива за вас?rnrnАко ја препознаете вашата елка на оваа слика, тоа може да значи дека сте прилично конзервативна личност. Имате висока самодоверба и точно знаете што ви треба. Не ја напуштате лесно зоната на удобност за да испробате необични или нови нешта.rnrnВие сте сигурна личност која е секогаш подготвена да ги поддржи другите. Ги почитувате правилата и секогаш се обидувате да ги следите. Сакате сè во животот да биде точно определено и сè да испланирате до минута, но може и да се налутите ако нешто тргне наопаку.rn

    2. Уникатна елка

    rnШто вашата елка открива за вас?rnrnПретпочитате вашата елка да биде која било друга боја освен зелена, а тоа може да значи дека сакате да се издвоите од толпата и да одите по свој пат. Вам не ви пречи да бидете гласни и честопати ги кршите правилата. Вие сте смела личност која секогаш цели кон највисоки достигнувања. Самоизразувањето и личниот простор вам ви значат многу.rnrnБарате признание и подготвени сте да ја покажете својата сила. Отворени сте да испробате ништо ново и секогаш сте подготвени да експериментирате. Тешкотиите скоро никогаш не ве плашат и можете да се справите со нив, благодарение на вашата упорност.rn

    3. Елка со секакви украси

    rnШто вашата елка открива за вас?rnrnДекорирањето на вашата новогодишна елка на овој начин може да укаже на тоа дека сте неконзистентна личност. Плановите често ги менувате, затоа што ви е тешко да направите избор и да изберете само едно нешто. Во исто време, можете лесно да направите компромис и да се обидете да ги израдувате сите.rnrnЧестопати размислувате за тоа колку се добри вашите постапки и врз основа на нив донесувате долгорочни одлуки. Сакате сè да измерите и да ги откриете добрите и лошите страни на секоја ситуација. Во вашето опкружување, постојат луѓе со различни особини, а вие успевате да се поврзете со секој од нив.rn

    4. Елка со многу светилки

    rnШто вашата елка открива за вас?rnrnВашата наклонетост кон светилките може да укаже на тоа дека сте позитивна и независна личност. Уживате во вашата индивидуалност и се стремите да бидете во центарот на вниманието. Мислењата на другите не значат ништо за вас. Вашето лично искуство е вашиот главен советник и единствен извор на знаење.rnrnСе обидувате да испробате различни нешта во вашиот живот и често прифаќате покани за забави и состаноци. Вие не сте домашар, туку дружељубива личност која сака да го поминува времето заедно со другите.  Лесно стекнувате нови пријателства, бидејќи многу лесно се поврзувате со другите.rn

    5. Измешана елка

    rnШто вашата елка открива за вас?rnrnАко вашата новогодишна елка изгледа вака, тоа може да значи дека вие сте сонувач кој делува непредвидливо. Отворени сте за сите можности што ви ги нуди животот. Но, поради многуте активности што ги спроведувате и идеите што ги имате, понекогаш не ја довршувате работата пред да преземете друга.rnrnВие сте секогаш насочени кон промена и успевате да најдете излез од која било ситуација. Вашиот начин на поврзување со луѓето ви помага да ја стекнете нивната доверба и поддршка. Тие знаат дека може да се обратат кај вас со какви било прашања, а вие нема да ги оставите во тешка ситуација.rn

    6. Мала елка

    rnШто вашата елка открива за вас?rnrnАко избравте елка како оваа, тоа може да значи дека навистина не сакате изненадувања и промени во вашиот вообичаен начин на живот. Се обидувате да останете скромни и мирни и не сакате да привлечете дополнително внимание кон себе, затоа што немате потреба од тоа.rnrnВие го цените она што го имате и не се трудите да ги импресионирате луѓето по секоја цена. Мислите дека човекот треба да биде она што е без лажно разубавување и самите се раководите според ова правило. Вие стоите цврсто на земја и знаете што сакате.rnrnМожеби сакате и да изберете подарок и да откриете што ве чека во периодот што доаѓа.

  • Што открива шминката за вашиот карактер?

    Што открива шминката за вашиот карактер?

    Жените ја изразуваат својата личност на многу начини: преку начинот на облекување, преку начинот на кој разговараат со луѓето, преку нивните интереси итн. Но, ништо не привлекува толку многу првично внимание како нивната шминка. Продолжете да читате ако сакате да дознаете што открива шминката за вашиот карактер.rnrnШто открива шминката за вашиот карактер?rn

    1. Дебела линија ајлајнер и црвени усни

    rnВие сте многу организирани. Деталите се важни за вас, ги памтите сите родендени, хороскопски знаци и интереси. Вие сте остроумни исто како што е остра вашата совршена дебела линија на окото.rnrnОстатокот од вашата шминка е исто така во согласност со вашата личност – елегантна, но впечатлива: суптилно обликувани линии, совршено црвени усни и сјајно лице.rn

    2. Румени образи, нашминкани усни и изразени веѓи

    rnМоќна, самоуверена и женствена – вие не сте личност која седи на маргините и се срами од храбрите изјави ниту во животот, ниту во вашиот изглед. Шминката ви ја потврдува довербата и креативноста.rnrnВие се потпирате на сè што ќе направи вашето лице да биде во центарот на вниманието. Животот е премногу краток, па зошто да не додадете малку боја?rn

    3. Вампирски усни и црни трепки

    rnЛуѓето не можат да одлучат што е подрско: вашата шминка или вашето однесување. Некои луѓе ве нарекуваат драматични, но малку драма нема да повреди никого.rnrnИако имате круг на пријатели кои ве сакаат поради вашата страст, некои луѓе ве сметаат за застрашувачки и стојат на растојание од вас. Сепак, вие сте жена која знае што сака. Еден ден ќе ги испробате сите шминки исто како и повеќето работи во животот.rn

    4. Природна шминка

    rnСпоред вашите карактеристики, вие сте мирни пред, за време и по бурата. Некои луѓе може погрешно да ги разберат вашата пасивност и смиреност, но нивните мислења се далеку од вистинити. Вистината е дека имате многу мисли и работи што треба да бидат кажани, меѓутоа нив ги изразувате на селективен начин. Меѓу пријателите, вие сте чуварот на мирот и гласот на разумот.rnrnИако ви се допаѓа храбриот трендовски изглед, добро се познавате и знаете дека вашиот секојдневен стил не е (и никогаш нема да биде) таков. Сакате природен и практичен изглед. Во вашиот несесер има ББ-крем, сјај за усни, руменило и маскара.rn

    5. Контурирано лице и драматични очи

    rnНекои ве нарекуваат кралица на драмата, но ве сметаат и за личност која е во согласност со своите чувства и емоции. Плачете на секој филм, најгласно се смеете на комедиите и жестоки сте кога се расправате. Се изразувате исто како што се изразени вашите совршено направени црти на лицето и извонредните очи.rnrnЛуѓето секогаш знаат на што се со вас и како се чувствувате во одреден момент и поради тоа ве сакаат. Вашите емоции може да бидат малку бурни, но подобро е да бидете искрени затоа што така барем го правите животот поинтересен.rnrnПрочитајте ги овие 6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка.

  • 7 необични нешта што вашиот глас ги открива за вас

    7 необични нешта што вашиот глас ги открива за вас

    Потребна е помалку од една секунда за да се открие личноста преку гласот. Можеби делува неверојатно, но гласот може да каже многу нешта за вас. Тој не само што е уникатен туку и понекогаш содржи неочекувани информации. Па така, навистина е изненадувачки фактот што луѓето можат да ја откријат вашата висина, сила и други карактеристики само слушајќи ве додека зборувате, а притоа воопшто не мора ни да ве видат.rnrn7 необични нешта што вашиот глас ги открива за васrnrnЕве 7 необични нешта што луѓето можат да ги откријат за вас врз основа на вашиот глас.rn

    1. Дружељубивост

    rnВашиот глас е индикатор на вашата личност, или поточно кажано, одредува дали сте екстроверт или интроверт. За време на една студија, на луѓе им било пуштано да слушаат компјутерски генериран говор, кој бил обработен за да звучи како гласови на интроверти и екстроверти. Како резултат, учесниците можеле да ги идентификуваат карактерите. Екстровертите зборуваат побрзо и погласно, додека интровертите се изразуваат посмирено и потивко.rn

    2. Доверливост

    rnЕдно едноставно „Здраво“ преку телефон може да му открие на соговорникот колку сте доверливи. Во друга студија, волонтери слушале 64 различни верзии од овој збор. Скоро сите учесници ги избрале мажите кои на крајот на зборот го подигаат гласот повисоко како подоверливи. За жените било обратно, за подоверливи биле сметани оние кои имале поснижен изговор на крајот на зборот.rn

    3. Висина

    rnВашиот глас може да посочи и колку сте високи. Во рамките на два експерименти, луѓето биле прашувани да го идентификуваат повисокиот од двајца говорници и да подредат 5 говорници по височина. Во 62,17% од случаите, учесниците можеле да ги разликуваат повисокиот од понискиот говорник. Колку е повисока личноста, толку гласот е понизок и подлабок.rn

    4. Плодност

    rnМенструалниот циклус не само што влијае на расположението и хормоналните промени, туку го менува и гласот. Според оваа студија, гласот станува повисок кога се наближува периодот на овулација. Па така, жените со повисок тон на зборување можеби се и поплодни.rn

    5. Сила

    rnГласот може да ја одреди и силата на мажите, односно силата на горниот дел од нивното тело. Учесниците во една студија слушале гласови на мажи од различни земји, зборувајќи на нивниот мајчин јазик, и притоа ја оценувале нивната сила. Како резултат, тие можеле прецизно да одредат колку се силни мажите. Колку посилен маж, толку подлабок глас.rn

    6. Професионалност

    rnВашиот глас може да има влијание и на вашата кариера. Оваа студија открила дека луѓето со длабок рапав глас делуваат помалку едуцирано и понекомпетентно. Ова е особено точно за жените и дури може да влијае на одлуката на работодавецот за вработување.rn

    7. Паркинсонова болест

    rnПациентите кои се дијагностицирани со Паркинсонова болест имаат побавно темпо на зборување, гласот им станува потивок и често остануваат без здив. Тие почнуваат да зборуваат помонотоно, а во подоцнежните фази се појавува и позабележливо треперење.rnrnДали вие ги проценувате луѓето според начинот на кој зборуваат? Успевате ли точно да откриете некои од овие карактеристики за нив?rnrnПогледнете ги и овие 8 мали нешта поради кои луѓето несвесно ве осудуваат.

  • Вашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!

    Вашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!

    Дали знаевте дека сексуалната поза што најчесто ја практикувате кажува многу за вас? Погледнете ги најпопуларните секс пози и дознајте кои особини на личноста тие ги откриваат.rnrnВашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!rnrnСекој од нас има омилена секс поза, а по сѐ изгледа за ова има конкретна причина. Според тоа дали секогаш сакате да бидете одозгора или од долу, може да се открие многу за вас. Наводно, постои врска помеѓу нашиот карактер и сексуалната положба која обично ја избираме во спалната соба? На пример, тоа што секогаш сакате да сте од горе укажува дека сакате да имате контрола и да бидете во центарот на вниманието. Позата „куче“ ја оддава вашата животинска природа, додека позата 69 покажува дека ви е потребна интимност којашто оваа поза ја нуди.rnrnПроверете што ви кажува вашата омилена сексуална положба. Можеби ќе научите нешто ново за себе.rn

    Поза „лажица“

    rnВашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!rnrnЛуѓето кои ја сакаат оваа поза ја ценат интимноста. Тие се страсни луѓе кои се грижат не само за своето туку и за задоволството на својот партнер. Оваа поза обезбедува удобност за двајцата партнери, а најчесто ја избираат луѓе кои сакаат да останат во зоната на удобноста.rn

    Мисионерска поза

    rnВашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!rnrnОва е една од најпопуларните сексуални пози. И жените и мажите ја сакаат. Ако сте љубителка на мисионерската поза, тоа значи дека потребна ви е емотивна посветеност и љубов од вашиот партнер. Мажите, пак, ја избираат оваа поза, затоа што сакаат да доминираат во животот и да имаат контрола над сè. Паровите кои го имаат овој фаворит се конзистентни и имаат добра врска.rn

    Поза 69

    rnВашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!rnrnЛуѓето кои ја сакаат сексуалната поза 69 се сигурни во себе. Тие добро знаат што сакаат од животот и не се плашат од ризици и предизвици. Дали овие карактеристики ви опишуваат?rn

    Поза „куче“

    rnВашата омилена сексуална поза зборува многу за вас: Ќе се изненадите!rnrnПозата „куче“ ги карактеризира луѓето кои имаат животинска природа. Оние кои ја сакаат оваа сексуална поза се отворени и сакаат да експериментираат. Тие не секогаш бараат трајна љубов, бидејќи се отворени и за несериозни односи. Уживаат во сексот и слободно им пристапуваат на врските. Овие луѓе се целосна спротивност на оние кои го сакаат мисионерот.rn

    Автор: Антонина Велјановска