Жените честопати се опседнуваат со нивниот нос, неговата големина, облик и никогаш не се задоволни од неговиот изглед. Без разлика дали другите црти на лицето им се совршени, имаат прекрасни облини и убава коса, тие сепак имаат намалена самодоверба само поради носот. Сите посакуваат мал, истакнат нос, со правилен облик. Па, од каде потекнува таа опседнатост со носот? Науката дошла до неверојатно откритие.rnrn
rnrnИмено, според едно неодамнешно истражување носот е показател на тоа дали одговарате како потенцијален партнер.rn
„Човечкиот нос е поголем од останатите црти на лицето, тој е нежен и лесно може да се скрши. Со текот на времето еволуирал во главната одлика според која луѓето го оценуваат квалитетот на една личност и прераснал во главниот фактор кој го одредува степенот на привлечност. Нашите резултати покажуваат дека привлечноста на лицето е зголемена ако врвот на носот е поставен централно во однос на другите црти на лицето“, изјавил еден од главните истражувачи.
rnСо други зборови, истражувањето покажало дека мажите ги привлекуваат жени чиј нос е централно поставен. Мажите имаат биолошки предиспозиции поради кои токму овие жени ги гледаат како потенцијални партнерки.rnrnТоа не е единствената работа која може да ја открие вашиот нос. Кога постарите луѓе се жалат дека го изгубиле сетилото за мирис, докторите знаат дека треба да бараат болести поврзани со меморијата, како што е Алцхајмерова болест. Исто така, тие откриле дека клетките во носот покажуваат одредени гени кои се користат при дијагноза на шизофренија.rnrnИ тоа не е сѐ! Друго истражување нашло поврзаност помеѓу секретот од носот и степенот на привлечност. Резултатите покажале дека крупните мажи имаат густ и жолтеникав секрет, додека, пак, послабите и попривлечните мажи имаат поредок и побистар исцедок.rnrnИзгледа дека покрај сѐ опседнатоста со носот сепак е оправдана.


rn
rn
rnrnИмајте на ум дека исхраната, вежбањето, откажувањето од цигарите и алкохолот се исто така важни за младешки изглед, па на вас останува да одлучите кој ќе биде вашиот стил на живот.
rnrnЗа жал, без одредени процедури, белите пори нема сами од себе да исчезнат, освен оние помалите кои траат 2-3 недели, но ваквиот козметички проблем можете да го победите и во домашни услови. Најдобро е да се користат комплекс природни средства и резултатите ќе бидат позитивни. Еве на кои начини можете да ги исчистите белите пори од лицето и да ја превенирате нивната појава.rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrnПрипремете се на време, но негувајте се и во текот на летото, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.
rn
rn
rn
rnrnСега кога знаете која база, кој проблем го решава, ќе ви биде полесно да ја изберете вистинската нијанса за себе и со сигурност ќе забележите голема разлика.
rn
rn

rnrnСпоред научниците, мажите најмногу се привлечени од едноставните женски лица. Во истражувањето учествувале 169 мажи, со просечна возраст од 39 години, на кои им биле покажувани случајно одбрани фотографии од женски лица. Испитаниците требало да ги набљудуваат женските лица и да ги оценат со број помеѓу 0 (најмалку привлечно) и 20 (најпривлечно).rnrnМажите највисоки оцени им давале на оние лица кои научниците ги опишувале како едноставни – мазни текстури на кожата, со малку бори и нежни црти. Студијата објаснува дека човечкиот мозок е програмиран на тој начин што преферира нешта кои може најлесно и најбрзо да ги „обработи“, што не е ограничено само на лица, туку вклучува на пример и пејзажи.rnrnОва сознание може дури и да ја објасни огромната раширеност на емотиконите, кои имаат многу едноставни лица поради што мозокот лесно ги перципира и разбира. Зарем има подобар начин да кажете дека сте среќни од испраќањето на едно слатко смајли?

rnrnПричините поради кој коректорот се брише од лицето после неколку часа може да бидат најразлични и зависат од неколку фактори: годишното време и временските услови, квалитетот на производот кој го нанесувате, но и начинот на кој го нанесувате коректорот. Понекогаш навистина не е доволно само да ја намачкате смесата под очите и да помислите дека тоа е тоа и дека ќе трае цел ден. Па, да започнеме по ред.rnrn
rnrnЗа почеток