Колкупати ви се случило додека гледате нечие лице да почувствувате пријатност или пак непријатност? Сте сретнале непозната личност која на прв поглед ви изгледала симпатично, или потполно одбивно, а причината за тоа, едноставно не можете да си ја објасните. Некои експерти решението го наоѓаат во физиогномиката – умеењето за читање на цртите од лицето, обликот на черепот и градбата на телото.rnrn
rnrnСо стареењето, слабеењето, дебелеењето, па и со формата на веѓите или пластичната операција, нашата физиономија постојано се менува, а така често се менува и нашиот карактер. Тоа е логично, бидејќи личноста која себеси се смета за непривлечна, откако ќе ослаби или ќе промени нешто друго на себе, ќе го промени и својот став. Но, исто така, може да се случи и со изменување на лицето да се „прочита“ нешто сосема поразлично од вистинскиот карактер на личноста.rnrnТехниката за читање од лицето може да ни помогне во работата. За успешен работен разговор идеално е да ја користите техниката која подразбира копирање на изразите и гестовите на другата личност со секундарни задоцнувања, но тоа да не биде премногу очигледно. Лажењето е најлесно да го откриете, бидејќи личноста која не ја зборува вистината најчесто избегнува директен поглед, нервозно закашлува, честопати ја држи раката преку устата, ги оближува или ги грицка усните, тапка со ногата и го стишува гласот.rnrnВо античка Кина и Јапонија физиогномиката била доста раширена. Намбоку Мизуно е најголемиот јапонски физиогном-дијагностичар кој со набљудувањето на цртите на лицето и телото можел да го открие карактерот на луѓето, добрите и лошите страни и нивната предодреденост.rnrnЗа што се работи? Нашите тела, па така и лицето, се асиметрични. Експертите велат дека нашата лева страна од лицето е наследство од нашиот татко, а десната – наследство од нашата мајка.rnrnКога се проучува и се чита од лицето, нашата личност се крие во оние делови кои се најизразени или најразвиени, а тоа се челото и увото. Челото и увото имаат 3 зони, а се набљудуваат однапред и од профил. Горната зона на челото е интелектот, па личностите чиј врв на челото е поизразен се поинтелигентни, додека оние кои имаат поизразен долен дел, кај веѓите, сакаат да уживаат во животот. Средниот дел на челото се емоциите, а средниот дел на увото ги изразува вештината и способноста за комуникација.rnrnКога станува збор за обликот на лицето, постојат 4 типа: триаголен облик, обратен триаголник, квадратен облик и овално лице. Секое од нив има свои карактеристики, па така, според оваа теорија, личностите со триаголен облик го сакаат и ценат директниот пристап во комуникацијата. Не сакаат одложувања, ниту пак нејасност и сакаат искреност која, за разлика од другите облици на лице, може да ја поднесат. Нејасностите во комуникацијата доведуваат до караници, бидејќи кога не праќаме јасни пораки, соговорникот може погрешно да ги разбере.rnrnОд друга страна пак, на личностите со овален облик на лице поудобно им е да слушаат внимателно. Тие се соговорници кои заинтересирано ги слушаат туѓите излагања и проблеми, но не знаат да ги решат.rnrnОчите, кои се огледало на душата, исто така, многу зборуваат за вашиот карактер. Кај нив се гледа раздалеченоста, големината, обликот и слично. Личностите кои имаат ситни очи сакаат директен начин на комуникација, искрени се и отворени, брзо преминуваат од тема во тема, притоа не губејќи се во разговорот. Личностите со крупни очи уживаат во опуштените разговори, стабилни се и сакаат да разговараат на различни теми. Тие фантазираат и се многу креативни, но честопати ја преминуваат границата помеѓу реалното и измисленото.rnrnЛичностите со полни образи се весели и вистински пријатели, полни со разбирање, вистинско „рамо за плачење“.rnrnОние пак со полни усни се свртени кон уживањата, склони кон флертување, сензуални и склони кон сексуални задоволства.
Tag: лице
-

Левата страна од лицето е наследство од таткото, а десната од мајката: Судбината го одредува вашиот карактер!
-

3 домашни маски што ќе ве спасат од мамурлак
Ако сте претерале со забава, што веруваме дека е вистина бидејќи го читате овој текст, тогаш без сомнение сте на вистинското место. По толку настани, семејни дружења и излегувања каде што ѕвездата на вечерта е шампањот, лесно може да се случи нештата да ви избегаат од контрола.rnrn
rnrnАлкохолот, во комбинација со недостатокот на сон, може значително да ја оштети кожата, но добрата вест е што има начин како самите да ѝ го вратите сјајот. Во продолжение следуваат 3 брзи и едноставни домашни маски, што треба да се држат на лицето 15-20 минути, а потоа да се измијат со млака вода. Резултатите ќе бидат инстантно видливи.rnМаска со авокадо
rn
- rn011
- 1/2 авокадо
- 1 лажица павлака
- 1 лажица мед
rn011
rn011
rn
rn
Маска со лимон
rn
- rn011
- 1 лажица мелена овесна каша
- 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
- 1 белка
rn011
rn011
rn
rn
Маска со портокал
rn
- rn011
- 2 киви
- 3 лажици павлака
- 1 лажица свежо исцеден сок од портокал
- 1 лажица маслиново масло
rn011
rn011
rn011
rn
rnПодготовката на сите овие маски е многу едноставна. Сè што треба да направите е да ги измешате сите состојки заедно и да се погрижите добро да се соединат. Штом добиете хомогена смеса, вашата маска е подготвена!
-

Запознајте ја Јана, мачката со две бои на лицето кои се рамномерно распоредени
Кога ќе се спомене дека некој е со две лица, тогаш тоа најчесто се смета за лошо, освен ако не зборуваме за Јана, мачка која има уникатни бои на нејзиното лице.rnrn
rnrnТаа изгледа како нејзините родители умешно да ја боеле со мастило. Во јули 2016-та година оваа мачка го добила своето прво внимание во Белорусија, што подоцна почнало да се шири и низ целиот свет. rnrn
rnrnТаа била во потрага по нов сопственик, а не ѝ требало долго време за да го најде. Сега живее со Елизабет, студент по архитектура и дизајн од Белорусија.rnrn
rnrnЈана станала Интернет ѕвезда со многу следбеници на Инстаграм, а ова и не може да нѐ изненади баш.rnrn
rnrnКој не би можел да го сака ова невообичаено и симпатично лице?rnrn
rnrnПреминете на наредната страница за да видите уште фотографии од оваа интересна мачка.rn -

Направете сами уникатен подарок: Посадете растенија во интересни садови
Бидете малку креативни и дајте им подароци на вашите најмили што ќе ги направите вие самите. Доколку познавате личност која сака растенија, со оваа идеја дефинитивно нема да погрешите! Она што ви е потребно нема да ве чини многу, затоа што сигурно го имате во вашиот дом, а е еден уникатен подарок кој многу ќе ги изненади оние околу вас.rnrn
rnЕве што ви е потребно за оваа подготовка:
rn
- rn011
- Сад по ваш избор
- Маркер базиран на масло
- Сукуленти
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Користете ги маркерите базирани на масло за да нацртате лице на садот. Најпрво е препорачливо да го извежбате цртањето на ликот на лист хартија или пак да „жртвувате“ еден сад каде што ќе се тестирате.rnrn
rnrn2. Откако ќе се исуши бојата, за да се осигурите дека таа ќе трае подолго, ставете го садот во рерна на околу 180 степени и печете триесетина минути. Исклучете ја рерната и оставете ги садовите сосема да се изладат за да го спречите нивното пукање.rnrn
rnrn3. Потоа, додајте мали камења на дното од вашиот сад и ставете ги сукулентите или папратот. Користете земја за да ги пополните празнините.rnrn
rnrnПа, веќе сте спремни да ги изненадите вашите најмили! -

5 нешта што треба да ги знаете доколку сакате да ги ослабете лицето и вратот
Мастите околу лицето и вратот воопшто не изгледаат привлечно. Многу жени кои имаат малку пополни лице и врат се чувствуваат непријатно во својата кожа и се обидуваат на најразлични начини да ги отстранат. Некои пак, веруваат дека тоа не е можно, што е погрешно. Па, ако се пронајдовте во овие ситуации, во продолжение прочитајте кои се најдобрите начини за да се ослободите од нив.rn
rn1. Внимавајте на хидратацијата
rnВнимавајте на тоа колкаво количество вода внесувате во текот на денот. Пијте околу осум чаши вода на ден за да не ви бидат подуени рацете, лицето, нозете и стапалата. Научниците исто така ги поврзуваат овие проблеми внесување претерана количина шеќер и сол, па намалете малку и со нив во исхраната.rn
2. Внимавајте на исхраната
rnНекои алергиски реакции на храна, како што е синдромот на нервозно дебело црево или пак чувствителноста на глутен, може да придонесат за подуеност на лицето, а тоа е знак дека нешто не е во ред со вашиот дигестивен систем. Доколку се сомневате дека имате здравствен проблем за оваа состојба, консултирајте се со вашиот доктор за како да продолжите понатаму.rn
3. Водете здрав начин на живот
rnПромената на начинот на јадење и водењето здрав живот може да ви помогне да се ослободите од мастите на лицето. Јадете повеќе овошје, зеленчук и витамини, а намелете го внесувањето на преработени шеќери и сол. Исто така бидете сигурни дека консумирате доволно хранливи влакна за да му помогнете на вашето тело да се ослободи од холестеролот и вишокот вода.rnrn
rn4. Вежби за образите
rnПостојат вежби што ќе ви помогнат да го ослабете вашето лице. Една од нив вклучува поставување на палците на најмекиот дел под јаболкниците. Со помош на вашите прсти фатете што е можно повеќе од образот и повлечете. Потоа со помош на мускулите на образите вратете се назад. Повторете го ова 20 пати.rn
5. Вежби за вратот
rnРастегнете го вратот на тој начин што ќе ја повлечете главата од градите и ќе се протегнете колку што можете побрзо. Потребно е да ја повлечете главата наназад што е можно повеќе, а додека гледате во таванот држете ја устата малку отворена за да ги чувствувате затегнати мускулите во вратот. По 10 секунди вратете ја главата во нормална позиција. Оваа вежба практикувајте ја 10 пати на ден.
-

Симбол на вечна младост: Зошто некои луѓе имаат дупчиња на образите?
Околу 20% луѓе во светот имаат дупчиња на образите. Мора да се признае дека тие навистина изгледаат слатко, па дури и сексапилно. Дупчињата на образите честопати се сметаат за симбол на вечна младост, што не е воопшто чудно со оглед на фактот дека луѓето кои ги имаат навистина изгледаат помладо. Во некои култури се верува дека дупчињата на образите носат успех и среќа.rnrn
rnrnКај некои луѓе овие симпатични дупчиња постојано се гледаат на лицето, а кај некои само кога ќе се насмеат. Се случува и тоа луѓето да имаат само едно дупче на едната страна од лицето. Но, зошто едни луѓе ги имаат, а други не?rnrnОвие дупчиња настануваат како последица од недостаток на мускулни влакна, односно недоволно развиени мускули, кои со текот на времето можат да се пополнат и да исчезнат. На пример, децата многу често имаат дупчиња на образите, но кога ќе пораснат тие едноставно исчезнуваат. Истото важи и за дупчињата на брадата, кои се наследни. Доколку еден од родителите ги има, постои веројатност од 25 до 50% дека ќе се појават и кај детето. Доколку тие се присутни и кај двата родитела, веројатноста е уште поголема и изнесува 50 до 100%.rnrnВо секој случај, не постои сомнеж дека дупчињата на образите се неодоливи и даваат младолик, невин и привлечен изглед на лицето. -

Практични совети за блескава кожа на лицето
Убавата, негувана и блескава кожа е приоритет на секоја жена која се грижи за себе и која сака во секој момент да изгледа беспрекорно. Дека тоа е лесно да се постигне, ве уверивме повеќе пати досега, затоа што за нега не ви се потребни скапи препарати – доволни ви се производите кои веќе ги имате дома. Секако важни се и континуитетот и доследноста. Токму тоа е случајот и со нашите денешни совети за убавина. Сè што треба да направите е да го прочитате овој текст и уште денес да започнете со примена на овие практични совети за блескава кожа.rnrn
rnrn1. Правете редовен пилинг на вашата кожа, но не само на лицето, туку и на целото тело. За таа намена слободно можете да користите шеќер, а во текот на туширањето и ракавица или сунѓер за пилинг на телото. Многу е важно за време на пилингот да практикувате кружни движења, бидејќи тоа е најдобриот начин да ги отстраните мртвите клетки од вашата кожа.rnrn2. И хидратацијата е доста важна. Освен внесувањето многу течности, негувајте ги секојдневно вашите лице и тело негувате со некоја хидратантна крема или лосион.rnrn3. На секои 15 дена користете маска за лице направена од желатин, за да ги отстраните митесерите од вашата кожа. За да ја направите оваа маска потребно е да помешате една лажичка желатин без вкус со две лажички млеко, а потоа ставете ја смесатата во микробранова печка околу 10 секунди. На овој начин сите состојки ќе се соединат. Потоа нанесете ја маската на лицето и оставете ја да се исуши. Откако ќе се исуши, нежно тргнете ја од вашата кожа и уживајте во постигнатите резултати.rnrn4. Мијте го лицето со препарат за чистење или со топла вода пред да отидете на спиење за да ги отстраните прашината, маснотиите и бактериите кои се задржуваат во порите.rnrn5. Обидете се редовно да користите крема за сончање, бидејќи инфрацрвените зраци се главните предизвикувачи на рана појава на брчки, траги на стареење, па дури и рак на кожата.rnrn
rnrn6. Како што веќе истакнавме, а повторно ќе кажеме, пијте многу вода за вашата кожа нормално да дише и да изгледа убаво. Кога е дихидрирана, кожата е помалку еластична, а со самото тоа се намалува и процесот на нејзино чистење и обновување.rnrn7. Од два до три пати месечно на пределот под очите и околу устата, пред да отидете на спиење, нанесете мала количина чиста алое вера. Овој природен препарат многу ќе ви помогне во превенција на појавата на брчки и другите знаци на стареење.rnrn8. Обидете се да се ослободите од стресот, бидејќи неговите штетни ефекти се чувствуваат на сите органи, а особено на кожата. Обидете се да го намалите стресот, а вашата кожа и тело ќе ви бидат благодарни за тоа.rnrn9. Редовно чистете го вашето лице. Кога го велиме ова, мислиме на отстранувањето на шминката секоја вечер, кое важи за правило број еден за успешна и адекватна нега. Доколку го прескокнете овој чекор, вашите пори брзо ќе се затворат, а вашата кожа ќе стане сува и иритирана.rnrn10. Барем еднаш месечно пригответе го таканареченото смуди за детоксикација. Во блендер ставете малку портокал, морков, јаболка, пола краставица и целер. Ова смуди е идеално за хидратација на кожата, но и за исфрлање на сите штетни токсини од организмот.rnrn
rnrn11. Вежбајте, вежбајте и вежбајте, бидејќи со помош на вежбите се забрзува метаболизмот и се поттикнува процесот на обновување на клетките на кожата.rnrn12. На секои 15 дена правете пилинг на кожата на лицето со крема за пилинг или со мешавина од природен јогурт и кристален шеќер. Пилингот правете го со нежни, кружни движења, а потоа измијте го со млака вода.rnrn13. Спијте повеќе, бидејќи кога спиете ја регенерирате кожата и допринесувате за нејзината еластичност и нежност. Затоа водете сметка за себе и обидете се да се одморите онолку колку што ви е потребно.rnrn14. Секогаш во ракав имајте неколку маски за лице кои можете да ги направите дома од природни состојки. Маската направена од овесна каша е идеална за девојките со масна кожа, онаа од авокадо е идеална за негување на сува и иритирана кожа, додека за комбиниран тип на кожа најсоодветна е маската од мед и папаја.rnrn15. Секој ден во својот организам внесувајте малку витамин Б. Овој витамин е идеален за поттикнување на регенерацијата на кожата, а воедно и за брз раст на ноктите. Доколку се одлучите за витамин Б во капсули, попознати како биотин, запомнете дека со нив е неопходно да пиете многу вода во текот на денот.rnrn
rnrn16. Користете маска од кал доколку ви е масна вашата Т зона (нос, чело и/или брада). Доколку ви е масна целата кожа на лицето, ова маска ја препорачуваме и за сите останати делови на лицето, не само за веќе спомнатата Т зона.rnrn17. Краставицата е вашиот адут во негата. Ако мислевте дека ставањето парчиња краставица на очите и лицето е само „фора“, тогаш се лажете, бидејќи овој зеленчук прави чуда на вашата кожа. Сокот од краставица е идеален за омекнување, подмладување, а со самото тоа и за свежина и сјај на вашата кожа.rnrn18. Ставајте мокри кесички чај на очите доколку сакате да ги отстраните темните кругови околу очите и подочниците. Најдобар за оваа постапка е зелениот чај, што може да ви послужи и како тоник за лице. Нанесувајте го два пати неделно, бидејќи ги намалува порите и има одлични антибактериски ефекти. Познат е и по своите карактеристики да го забави стареењето.rnrn19. Кога прскате парфем, обидете се да го избегнете лицето, бидејќи поголемиот дел од парфемите содржат состојки кои може да предизвикаат нивото на колаген да биде многу пониско од што ѝ е потребно на нашата кожа.rnrn20. Користете квалитетна шминка. Внимателно избирајте ги козметичките препарати кои ги купувате и не заборавајте дека вашата кожа го апсорбира сето она што го нанесувате на неа.rnrn
-

Ќе останете воодушевени: Едноставен трик за нанесување хајлајтер!
Доколку сте искрени обожаватели на хајлајтер (а, кој денес не е?), тогаш ќе се воодушевите од трикот кој во продолжение ќе го споделиме со вас. Станува збор за доста едноставен и феноменален начин за да го нанесете хајлајтерот, односно, да наравите сјајот на вашето лице да трае подолго. За ова да успее, покрај хајлајтерот и четката за нанесување ќе ви биде потребно и кокосово масло.rnrn
rnЧекор 1: Нанесување на хајлајтер во прав
rnСо помош на четката нанесете хајлајтер на јаболкниците.rnrn
rnЧекор 2: Нанесете го кокосовото масло
rnНа местата каде што претходно нанесовте хајлајтер, сега додајте и малку кокосово масло. Не тријте премногу грубо. Исто така, предноста овде е тоа што ќе ја искористите топлината од вашите прсти за да го измешате маслото со вашата кожа и хајалјтерот.rnrn
rnЧекор 3: Нанесете уште малку хајлајтер
rnОткако добро ќе го нанесете кокосовото масло, нанесете уште малку хајлајтер. Сега, не мора да се грижите колку долго ќе стои сјајот на вашето лице. Кокосовото масло ќе го задржи, но и ќе му даде дополнителен, преубав, природен сјај.rnrn
rnrnМеѓутоа, ефектот ќе биде доста интензивен, односно, сјајот ќе биде повеќе истакнат, па затоа ве советуваме овој трик повеќе да го применувате во вечерните часови.rnrn
-

Дознајте дали цело време погрешно ги користевте марамчињата за отстранување на шминка
Влажните марамчиња за отстранување на шминката можат да ни бидат од голема корист. Меѓутоа, освен тоа што не е добро да ги употребувате премногу често, важно е и да ги користите на вистинскиот начин. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе забележите не толку убави ефекти на кожата на лицето. Во продолжените дознајте кој е вистинскиот начин на користење на овие марамчиња.rnrn
rnrnНајнапред, би требало да знаете зошто не е добро да ги користите марамчињата за отстранување на шминка секоја вечер. Освен тоа што купените марамчиња може да предизвикаат иритација на кожата, дури и кога тоа не е случај, знаете и самите дека служат само за прва помош. Со нив не можете да ја отстраните целата шминка и нечистотија од лицето. Затоа, неопходни ви се средство за миење на лицето, вода и евентуално лосион за лице. Секако, кога немате друг избор, подобро би било да ги користите марамчињата отколку да заминете на спиење со шминка на лицето.rnrn
rnrnСите ние најчесто го чистиме лицето од средина кон надворешната страна на лицето. Но тоа, не е вистинскиот начин. Значи, бактериите и нечистотиите се насобираат во Т зоната, односно, во пределот околу брадата, носот и челото. Доколку го започнете чистењето од тие предели, сето она што не треба ќе го пренесете на останатите делови од лицето.rnrnЗатоа, започнете со чистење на делот околу ушите, горната линија на челото и вратот, па продолжете кон средина. Откако ќе завршите со марамчињата, задолжително измијте го лицето со вода и нанесете соодветен крем за лице. На тој начин, ќе спречите вашето лице да биде иритирано и суво.rnrn
-

Дали луѓето ви веруваат кога лажете? Тогаш ги имате овие физички карактеристики
Дали сте секогаш искрени? Или, пак, се гордеете со тоа што сте добри лажговци? Дали успевате да се извлечете од секоја можна ситуација со тоа што ја извртувате вистината? Дали вашите „бели лаги“ поминуваат секогаш и кај секого?rnrn
rnrnСпоред едно ново истражување вашето лице може да им кажува многу на луѓето кои ве опкружуваат. Само 33 милисекунди се потребни за мозокот да го анализира лицето на човекот со којшто сте се запознале и да ја процени неговата искреност.rnrnНа тој начин мозокот добива многу корисни информации. Сѐ зависи од коските на лицето.rnrnИстражувањето, кое извршило анализа на лицата на повеќе криминалци и на тоа колку другите луѓе ги сметале за искрени, покажало дека изразените јаболкници, високо поставените веѓи и заобленото лице даваат изглед на искрена личност, дури и кога испитаникот бил убиец кој лажел дека е невин.rnrnСпротивно на тоа, кога некој има ниски веѓи и неистакнати јаболкници, таа личност делува нечесно и неискрено. Резултатите на ова истражување покажале дека луѓето ги сметале испитаниците со овие физички карактеристики за криминалци, иако биле невини.rnrnСекако, ова не значи дека единствен критериум при нашата проценка дали можеме или не можеме некому да веруваме е структурата на лицето. Но, со оглед на тоа дека нашите мозоци автоматски и потсвесно ги анализираат туѓите лица, тоа значи дека можеби имаме повеќе предрасуди отколку што сме мислеле.rnrnДоколку имате среќа да ги поседувате карактеристиките на „искрена“ личност, веројатно би можеле да се извлечете со малку лажење. Сепак, тоа не значи дека не треба да бидете искрени. Однесувајте се со другите онака како што би сакале и тие да се однесуваат со вас. Бидете подобра личност и немојте да паднете на искушението да ја злоупотребите „моќта“ за лажење што ја поседувате.