КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Запознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лице

    Запознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лице

    30-годишната адвокатка од Братислава, Иванка Данисова, била родена со половина лице, но по успешната реконструктивна операција таа може да направи „нормално“ селфи.rnrnЗапознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лицеrnrnЗапознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лицеrnrnВо детството, била малтретирана и исмејувана поради вродениот деформитет од страна на многу луѓе и деца. Кога Иванка била родена, прогнозата на докторите не била многу позитивна. Тие не очекувале да го доживее првиот роденден.rnrnЗапознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лицеrnrnЗапознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лицеrn

    „Имав неверојатна мајка која ме сакаше со прекрасна и нежна љубов. Веднаш по моето раѓање, ние започнавме заеднички дует, се поврзавме преку срцата, умовите и душите и тоа трае до ден денес. Мојата сакана мајка е прекрасен ангел“, напишала Иванка во нејзиниот личен дневник.

    rnЗапознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лицеrnrnЗапознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лицеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Речиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светот

    Речиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светот

    Никој не е совршен, но некои луѓе се навистина близу до совршенството. Така барем тврди најновото истражување кое го открило мажот чие лице е речиси совршено. Ова прашање го заинтересирало британскиот хирург доктор Хулиан де Силва. Тој за целите на своето истражување се послужил со формулата позната како „Greek Golden Ratio of Beauty Phi“, односно златна средина на божествениот или златниот сооднос, за која веќе илјадници години се верува дека ја крие формулата на совршенството.rnrnРечиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светотrnrnСпоред златниот сооднос, колку поблизу се мерките на лицето или телото до бројот 1,618 толку поубави се. Оваа формула ја користел и Леонардо Да Винчи додека го создавал совршеното машко тело на неговата позната скица „Витрувијански човек“.rnrnСледејќи го соодносот според кој се смета дека лицето е совршено, Де Силва изработил „мапа“ на лицето и дошол до заклучок дека најубаво лице на светот има глумецот Џорџ Клуни. Со помош на истата формула, докторот открил дека Рајан Гослинг има совршен нос, Хери Стајлс има најубави очи и брада, додека Дејвид Бекам има совршен облик на лицето.rnrnЏорџ Клуни веќе долги години се смета за најзгодниот маж на светот, а неговата титула сега доби и научна потврда. Џорџ има прекрасна симетрија на лицето и е најблиску до грчката теорија за совршенство. Неговиот сооднос на големината на носот и устата изнесува 99,6% што значи дека е речиси совршен, а и растојанието помеѓу неговите очи и брада е речиси совршено. Во продолжение погледнете ја и листата на најсовршени мажи што ја составил Де Силва:rn

    1. Џорџ Клуни

    rnРечиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светотrn

    2. Бредли Купер

    rnРечиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светотrn

    3. Бред Пит

    rnРечиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светотrn

    4. Хери Стајлс

    rnРечиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светотrn

    5. Дејвид Бекам

    rnРечиси совршен: Дознајте кој е мажот со најубаво лице на светотrnrnПродолжете на следната страница за останатите најубави мажи…rnrn

  • Сакате да изгледате попривлечно? Сè зависи од позицијата на вашиот патец!

    Сакате да изгледате попривлечно? Сè зависи од позицијата на вашиот патец!

    Веруваме дека веќе имате фризура на која сте навикнати и мислите дека таа најдобро ви одговара. Но, прочитајте ги советите од експертите и откријте дали сте во право или некои работи сепак можете да ги подобрите.rnrn1-sakate-da-izgledate-poprivlechno-dali-znaete-kade-morate-da-go-napravite-vashiot-patec-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ако имате овално лице

    rnСметајте се за среќница, бидејќи на жените со ваков облик на лице им прилега скоро секој патец. Сепак експертите го препорачуваат тој на средината. Ако сакате да го издолжите лицето, скратете ги шишки до должина на јаболкниците.rnrn2-sakate-da-izgledate-poprivlechno-dali-znaete-kade-morate-da-go-napravite-vashiot-patec-www.kafepauza.mk_rn

    2. Ако имате издолжено лице

    rnЗа жените со ваков облик на лице им се препорачува патец на страна, но и колку е можно побујна фризура.rnrn3-sakate-da-izgledate-poprivlechno-dali-znaete-kade-morate-da-go-napravite-vashiot-patec-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ако имате округло лице

    rnПатецот на средина ќе ви даде илузија на должина и симетрија, па со него ќе отстраните неколку килограми од лицето. Освен тоа, фризерите препорачуваат жените со ваков облик на лице почесто да носат рамна коса, бидејќи локните оставаат впечаток на широко лице.rnrn4-sakate-da-izgledate-poprivlechno-dali-znaete-kade-morate-da-go-napravite-vashiot-patec-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ако имате срцевидно лице

    rnАко имате долга коса, избирајте патец на средината. Доколку имате кратка коса, тогаш носете го настрана за визуелно да не го проширите лицето.rnrn5-sakate-da-izgledate-poprivlechno-dali-znaete-kade-morate-da-go-napravite-vashiot-patec-www.kafepauza.mk_

  • Проблеми со здравјето кои се кријат зад промените на бојата на лицето

    Проблеми со здравјето кои се кријат зад промените на бојата на лицето

    Нашето тело е огледало на нашето здравје. Кожата, како најголем орган, честопати ни испраќа пораки за тоа какви здравствени проблеми се кријат во нашето тело. Кожата на лицето, односно нејзината боја, може да открие многу за вашето здравје. Во продолжение погледнете на какви евентуални здравствени проблеми упатува одредена боја.rnrn1-problemi-so-zdravjeto-koi-se-krijat-zad-kozhnite-promeni-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Црвена

    rnОбично оваa боја е само реакција на стрес, лутење, анксиозност и некоја друга екстремна емотивна состојба или пак, на одредена храна и/или пијалак кои сме ги внеле во организмот. Меѓутоа, хроничното црвенило е знак за некој скриен здравствен проблем. Црвенилото на подрачјето на образите и носот укажува на висок крвен притисок или автоимуна болест предизвикана од зголеменото ниво на холестерол во крвта.rn

    2. Портокалова

    rnПроблеми со панкреасот и слезината.rn

    3. Жолта

    rnЖолтеникаво лице е тивко предупредување дека вашиот црн дроб и жолчка не работат како што треба.rn

    4. Зелена

    rnГолема количина лекови, проблеми со варењето и работата на крвните жили. Исто така, може да биде и знак за анемија, односно недостаток на железо во крвта. Оваа здравствена состојба некогаш се нарекувала хлороза, бидејќи заради неа кожата добивала специфична зеленикава боја на чија основа се дијагностицирала анемијата.rn

    5. Сина

    rnНа одредени места модрата кожа може да биде знак на цијаноза, здравствена состојба до која доаѓа заради зголемената концентрација на хемоглобин во телото, а намален кислород. Метхемоглобинемијата е наследна или стекната болест која предизвикува метхемоглобин, хемоглобин кој не се врзува со кислородот и исто така предизвикува сина боја на кожата.rn

    6. Бела или бледа

    rnБледото лице и образи се знак на ослабени жлезди и неактивен црн дроб. Освен на анемија, упатува и на ослабен имунолошки систем. Бледите дамки на лицето може да бидат знак за проблеми со бубрезите.rnrnПрочитајте ги и овие неочекувани нешта кои лицето ги открива за вашиот карактер и здравје.

  • 5 козметички препарати кои дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

    5 козметички препарати кои дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

    Никој не знае за кожата повеќе од нив, од она што е најдобро, но и најлошо за неа. Еве кои козметички препарати се наоѓаат на црната листа на дерматолозите, бидејќи нивните состојки предизвикуваат поголема штета отколку корист.rnrn1-5-kozmetichki-preparati-koi-dermatolozite-nikogash-ne-bi-gi-stavile-na-svoeto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    1. Производи со вештачки мирис

    rnНа составот на козметичкиот производ е означено само како мирис (fragrance), но вештачките мириси може да предизвикаат иритации на кожата и да имаат несакани ефекти заради адитивите кои ги содржат. Заради ова, дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси и наместо тоа ги избираат оние со етерични масла и билни екстракти, бидејќи не само што се посигурни, туку имаат и подобри ефекти врз кожата.rn

    2. Производи со алкохол

    rnИмаме вест за вас: Алкохолот е состојка во поголемиот дел од козметичките производи – како оние за нега на коса, на парфемите, но и на оние за нега на кожа. Всушност, токму тие може да бидат причина зошто вашата кожа е сува, се лупи или изгледа сивкасто. Затоа морате да внимавате како ќе ја поправите штетата на кожата, па би било добро да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат делувањето на алкохолот од препаратите. Побарајте козметика која содржи антиоксиданси, пептиди, хијалуронска киселина…rn

    3. Козметички препарати со лимоново масло

    rnНе сите природни состојки се добри за секоја кожа. Дерматолозите не сакаат да користат козметички препарати со лимоново масло, бидејќи може да биде иритирачко за кожата, а кога ќе се изложи на сонце, може да предизвика силни реакции, како и хиперпигментација.rnrn2-5-kozmetichki-preparati-koi-dermatolozite-nikogash-ne-bi-gi-stavile-na-svoeto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    4. „Направи сама“ серуми со витамин Ц

    rnМногу блогерки се фалеа со домашниот серум со витамин Ц кои го правеле од здробена таблета од овој моќен витамин, но најголемиот проблем е тоа што ваквиот облик на витамин Ц тешко навлегува во кожата. Витаминот Ц е докажано сјаен за кожата, бидејќи го поттикнува произведувањето на колаген, но само ако е во формула која ќе го доведе до клетките на кожата. Ако нанесете таблета витамин Ц на кожата, таа нема да продре во длабоките слоеви, туку ќе остане на површината на кожата и ќе ја иритира, бидејќи витаминот Ц брзо оксидира и наместо да помогне, ѝ прави штета на кожата.rn

    5. Средства за самопотемнување

    rnТие создаваат хемиска реакција во кожата за која сѐ уште не се знае какви долгорочни последици има. Затоа најдобро би било да ја прегрнете природната боја на вашиот тен и евентуално, за некои поважни настани, да нанесете некоја пудра или бронзер на критичните места.

  • Како се користи сунѓерот од растението коњак и зошто токму вие треба да го пробате?

    Како се користи сунѓерот од растението коњак и зошто токму вие треба да го пробате?

    Сигурно веќе сте слушнале за овој сунѓер, но доколку не знаете за што станува збор – ова е вашата шанса. Овој сунѓер чија популарност вртоглаво расте може да ви помогне на природен начин да го чистите и негувате лицето. Еве зошто во последно време токму сунѓерот растението коњак стана толку популарен.rnrn1-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_rn

    Што претставува сунѓерот направен од растението коњак?

    rnМожеби во парфимерија, во продавница или на Интернет сте виделе некој мал, кружен, обоен сунѓер, но не ви било јасно за што тој служи. Овие сунѓери се произведуваат од истоимената билка коњак (позната и како ѓаволов јазик), поточно од нејзиниот исушен корен. Во Азија оваа билка се користи преку 2000 години, а самите сунѓери околу 100 години.rnrnПроцесот на правење е едноставен – правот од коњакот се меша со калциум хидроксид, па се загрева, се замрзнува, а потоа се суши. Калциумот прави крајниот продукт да биде нешто што помага при балансирање на pH нивото на кожата. Понекогаш на таа смеса се додава зелена или црвена глина за да се приспособи на различни типови кожа.rnrn4-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_rnrn

    Зошто сунѓерот од растението коњак дава резултати?

    rnОвој сунѓер покрај тоа што е добар за пилинг, добар е и за акни, митесери и егземи. Коњакот ја храни кожата со витамини А, Б, Ц, Д и Е, протеини, липиди, масни киселини, цинк, железо и магнезиум. Оваа магична билка содржи и антиоксиданси и низ историјата се користела за лекување тумори.rnrnЗа разлика од другите препарати наменети за пилинг, коњакот е потполно нештетен за околината и е целосно природен и биолошки разградив. Најдоброто од сѐ е тоа што коњак сунѓерот во себе содржи толку добри состојки што за чистење на лицето може да се користи само вода. Некои истражувања покажале дека овој сунѓер дури ја спречува и појавата на бактериите кои предизвикуваат акни.rn

    Која боја на сунѓер треба да ја изберете?

    rnТемно сивиот сунѓер содржи јаглен и тој е добар за кожа која е склона кон акни.rnrnЦрвениот или розовиот сунѓер содржи француска глина која е добра за чувствителна, зрела или сува кожа.rnrnЗелениот сунѓер обично содржи зелена глина која е добра за детоксикација и отстранување на вишокот маснотии.rnrnОбрнете внимание кога ќе купувате дали некој од тие обоени сунѓери содржат вештачки состојки. Доколку не сте сигурни, земете коњак сунѓер што не е обоен.rnrn3-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_rn

    Како се користи?

    rn1. Кога прв пат ќе го земете во рака ќе забележите дела е малку тврд. Потопете го во топла вода околу 15 минути пред да започнете со употреба.rnrn2. После првата употреба, секој нареден пат треба да го оставате да отстои од 1 до 2 минути во топла вода. Откако ќе се потопи во вода тој станува 1,5 пати поголем.rnrn3. Нежно исцедете го вишокот вода држејќи го сунѓерот помеѓу вашите дланки. Можете да нанесете на него многу малку средство за чистење лице, а можете да го користите и без ништо.rnrn4. Тријте го лицето нагоре со кружни движења. Концентрирајте се на деловите од лицето кои се суви или склони кон акни. Овие сунѓери ќе ја отстранат секоја нечистотија од лицето, како и шминката (за отстранување на малку потешка шминка ќе морате да додадете малку кокосово масло).rnrn5. Измијте го сунѓерот со ладна вода и нежно исцедете го помеѓу дланките. Немојте да го вртите или пак, да го влечете.rnrn6. Ставете го некаде на воздух за да се исуши. Како второ решение, можете да го чувате затворен во некој сад во фрижидерот. Погрижете се да биде подалеку од светлина и влага (не е баш најдобра идеја да го држите во бањата каде што има доста пареа).rn

    Одржување на сунѓерот од растението коњак

    rn1. Секои две недели ставајте го сунѓерот во врела, но не зовриена вода на 5 минути за да го дезинфицирате.rnrn2. После 4 до 6 недели купете нов сунѓер. Време е за нов сунѓер кога ќе забележите дека тој не се однесува како претходно и кога ќе започне да се „распаѓа“.rnrn2-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_

  • Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

    Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

    Доколку имате навика да го чепкате лицето, знаете колку лесно може да ви засмета некоја нерамнина, па од незабележителна акна или црнка да направите рана, а потоа и дамка која не исчезнува. Иако не ве поддржуваме во оваа навика, ако сепак некогаш ви се појави лузна од чепкање на лицето, оваа едноставна природна маска ќе ви помогне да го вратите неговиот еднаков изглед.rnrnПриродна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицетоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 кафена лажичка мед
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет (или 2 капки етерично масло од цимет)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка, користење и чување:

    rnДобро измешајте ги медот и циметот и од добиената смеса нанесете на проблематичните делови на лицето. Оставете да делува 20-25 минути, а потоа исплакнете се со вода. Остатокот од подготвената смеса можете да го чувате во фрижидер 4-5 дена. Потоа треба да направите нова.rnrnОваа маска можете да ја нанесувате и на целото лице, но во тој случај, држете ја само 10 минути.rn

    Контраиндикации:

    rnМедената маска со цимет не им се препорачува на лицата кои страдаат од купероза, розацеа и други васкуларни заболувања на кожата, бидејќи медот дополнително ги жири крвните садови.rnrnКако замена за мед може да послужи и бела или зелена глина. И во тој случај се меша со цимет во прав во ист сооднос, а потоа се разблажува со вода до посакуваната густина.rn

    Алтернативен третман на дамките на лицето со микс од етерични масла

    rnЕтеричното масло од чајно дрво помешано во еднакви пропорции со етерично масло и лаванда и сок од лимон (1:1:1) исто така делува ефикасно во отстранувањето на дамките од лицето настанати како последица на акни и црнки.rnrnМешавината се нанесува на проблематичните делови од лицето и се остава да делува 15 минути. Потоа се отстранува со влажно марамче. Се применува секој втор ден, а по едномесечно користење, дава одлични видливи резултати.

  • Затегнете ја кожата по природен пат со помош на овие чудни вежби за лице

    Затегнете ја кожата по природен пат со помош на овие чудни вежби за лице

    Потребно е 10-минутно секојдневно вежбање на мускулите на лицето, за тие да го пополнат целиот простор под кожата, бидејќи на тој начин природно ја затегнуваат и го поттикнуваат создавањето на колаген. Ефектот е уште подобар доколку вежбите се комбинираат со масажа. На личностите кои се помлади од 17 години не им се препорачуваат вежбите за лице, а постарите треба да ги прават секојдневно. Доколку сте на диета, задолжително започнете со вежбање на лицето, бидејќи истопените килограми ќе ѝ ласкаат на вашата фигура, но не и на вашето лице. Вежбите за лице вклучуваат и вежби за врат, бидејќи и на него се забележуваат брчки и последици од слабеењето.rnrn1-zategnete-ja-kozhata-po-priroden-pat-so-pomosh-na-ovie-chudni-vezhbi-za-lice-www.kafepauza.mk_rnrn1. Едноставни движења со вртење и свиткување на усните, носот, јаболкниците, ги тонираат длабоките слоеви на епидермот и на тој начин ги ангажираат мускулите и го затегнуваат лицето и вратот. Започнете од вратот!rnrn2. Вежбите правете ги пред огледало. Застанете право и држете ја главата во стабилна положба и свиткувајте ги усните надолу. Направете 5 серии по 8 гримаси кои наликуваат на тажен емотикон. Затегнете ја брадата. Спуштајте ја и подигнувајте ја колку што можете. Повторете го ова движење десет пати.rnrn3. Вежба за носот и усните. Изговарајте ја долго буквата О, исто како да пеете, или како да изговарате ОМ. Ќе почувствувате како се ангажираат мускулите на брадата, усните и носот. Повторете ја оваа вежба 5 пати.rnrn4. Подигнете ги образите со проѕевање. Проѕевнете се полека и силно, отворајќи ја усната колку што можете. Повторете го ова 5 пати.rnrn5. Гимнастика за усни. Соберете ги усните како да сакате да бакнете некого, и истегнете ги. Пратете си го овој голем бакнеж себеси преку огледалото 8 пати.rnrn2-zategnete-ja-kozhata-po-priroden-pat-so-pomosh-na-ovie-chudni-vezhbi-za-lice-www.kafepauza.mk_rnrn6. Гримаси за пеглање на брчките под носот. Стиснете ги усните и забите, а потоа движете ја устата на сите страни. Горе, доле, лево, десно. Ова треба да го правите 1 минута.rnrn7. Вежби за очите и капаците. Трепнете 20 пати, но не заборавајте да броите. Затворајте и отворајте ги очите броејќи до 10.rnrn8. За мазно чело. 5 пати наизменично намуртете се како да сте лути, а потоа веднаш подигнете ги веѓите како да сте среќно изненадени. Кога ќе завршите со вежбањето, опуштете ги мускулите на лицето и дишете длабоко во текот на следната минута.rnrn9. За борба против подбрадокот вклучете масажа на вратот и подбрадокот, за која се препорачува масло од шипка. Намачкајте го вратот со еден слој масло, поставате ги рацете како крила од пеперутка и тријте со нив одозгора надолу.rnrnВоведете ја оваа чудна гимнастика на лицето и вратот во вашата секојдневна утринска рутина и правете ја пред огледало. Така најбрзо ќе забележите кога вежбите ќе започнат да даваат резултати. Бидете упорни!

  • Уникатна чаша за вино која совршено одговара на вашето лице

    Уникатна чаша за вино која совршено одговара на вашето лице

    Како што знаат сите љубители, искуството што доаѓа со пиење вино е повеќе од само негово вкусување, туку исто така големо значење има и неговиот мирис. Благодарение на Wine Glass Mask, нов вид чаша со форма која совршено се вклопува на вашето лице додека пиете, сега можете да си дозволите многу поинакви искуства со дегустацијата на вино.rnrnУникатна чаша за вино која совршено одговара на вашето лицеrnrnОваа извонредна чаша ви овозможува да се сконцентрирате на мирисот на овошјето, зачините и билките, додека без пречки го контролирате протокот на воздух. Како што дишете внатре, ќе забележите засилен мирис, притоа без да пропуштите ниту едно искуство. Нормалните чаши за вино обично се кружни, па не ви овозможуваат целосно уживање во она што го пиете.rnrnНе треба да се чувствувате смешно додека пиете вино од ваква чаша, важно е да успеете да ги искусите сите убавини што виното ви ги нуди!rnrn

  • Дерматолозите објаснуваат како вежбањето помага во борбата против акните

    Дерматолозите објаснуваат како вежбањето помага во борбата против акните

    Долгото трчање сигурно не е првото нешто што ви паѓа на ум кога станува збор за проблеми со акните. Да, елиминирањето одредени видови храна, како на пример, шеќерот, може да ви помогне да избегнете појава на дел од акните, исто како и квалитетните продукти за нега на кожата. Но, бидејќи акните се појавуваат поради воспаленија, потребно е подолготрајно решение.rnrnДерматолозите објаснуваат како вежбањето помага во борбата против акнитеrnrnРедовното вежбање го намалува нивото на кортизол, па токму затоа и ги намалува сите видови воспаленија во телото, меѓу кои и акните. Во продолжение прочитајте за целосната поврзаност помеѓу акните и физичката активност.rn

    Редовното вежбање и чистата кожа

    rnВо вашата потрага по чиста кожа, главната цел треба да ви биде намалување на воспаленијата. Како и секое друго нарушување на воспаленијата, за да се справите со него, мора да најдете начин да го држите под контрола. Редовното вежбање ги намалува хормоните на стресот како адреналинот и кортизолот, додека истовремено го зголемува ендорфинот, на тој начин подобрувајќи го вашето расположение и намалувајќи ја перцепцијата за болка.rnrnНо, имајте на ум дека е клучно да најдете вежба што ќе ја сакате, бидејќи така ќе добиете многу поголеми резултати отколку кога би вежбале нешто што го правите на сила.rn

    Што ако не сте вежбале подолго време?

    rnБез разлика дали сте нови во светот на физичката активност или пак, сте направиле подолга пауза, првите тренинзи можат да доведат до зголемување на акните. И покрај тоа што вежбањето може да го зголеми кортизолот, оние што редовно вежбаат со тек на време се навикнуваат на тоа. Едноставно не прекинувајте, и влошувањето на акните ќе се претвори во чисто, мазно и сјајно лице.rn

    Како да се грижите за кожата по вежбањето?

    rnГрижата за кожата по вежбањето е клучна доколку сакате таа да ви биде сјајна и здрава. Токму затоа и туширањето е задолжително, а обновувањето на енергијата со протеини и јаглехидрати е и повеќе од потребна. Што е можно побрзо соблечете ја облеката и истуширајте се. Ако не сте во можност за туширање, избришете го лицето со тоник за чистење на кожата.rnrnОд друга страна пак, никако не вежбајте со шминка на вашето лице, особено ако содржи силикон бидејќи ќе ви ги згуши порите и ќе создаде бариера што нема да дозволи да се потите. Оваа навика води кон интензивна појава на акни. Исто така ако користите продукти за косата на база на силикони или минерално масло, соберете ја така што нема да ви го допира лицето.rnrnТоа е тоа. Повеќе вежбање води кон почиста кожа! Време е да се запишете во теретана.