КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Причини за појава на влакна на лицето

    Причини за појава на влакна на лицето

    Влакната на брадата можат да бидат редовна и нормална појава, најчесто поради хормонална нерамнотежа во текот на бременоста или користење контрацепција. Меѓутоа, понекогаш може да бидат знак за некои здравствени проблеми. Погледнете кога влакната на лицето се предизвикани од нешто друго, а не од вашите хормони.rnrnПричини за појава на влакна на лицетоrn

    Генетика

    rnВишокот влакна кај жените се појавува како резултат на генетиката. На пример, ако вашите мајка или баба имаат влакна на лицето, и вам може да ви се случи истото подоцна во животот.rn

    Нерамнотежа на хормоните

    rnХормоните често се виновни кога нашето тело прави некои абнормални работи, а овде спаѓа и појавата на влакна на брадата. Во овој случај станува збор за премногу машки хормони во женското тело.rn

    Години

    rnМногу жени кои влегуваат во постарата доба од својот живот добиваат влакна на лицето. Понекогаш тие може да се појават и порано, за време на менопаузата бидејќи жените тогаш произведуваат помалку естроген.rn

    Полицистични јајници

    rnОва е сериозен проблем кој не само што има влијание на појавата на влакна, туку и на репродуктивното здравје. Самата појава на влакна не мора да биде знак на полицистични јајници, но ако влакната се придружени со неправилни менструални циклуси, слабеење и неплодност, тогаш е потребна помош од лекар.rn

    Кушингов синдром

    rnВишокот влакна понекогаш се поврзува и со Кушингов синдром кој предизвикува преголема количина на хормонот за стрес – кортизол. Тоа се случува кога надбубрежната жлезда произведува премногу од тој хормон или пак производството на кортизол е забрзано поради одредени лекови против артритис или астма. Личноста со Кушингов синдром често има и повисок крвен притисок, дијабетес, појава на влакна и карактеристичен распоред на масното ткиво.rn

    Конгенитална адренална хиперплазија

    rnОваа состојба обично се дијагностицира уште при раѓањето, па луѓето кои ја имаат се свесни за неа. Нарушувањето претставува неспособност на синтеза на кортизолот во надбубрежната жлезда поради целосен или делумен недостаток на одредени ензими во телото.rn

    Бременост или контрацепција

    rnБременоста има големо влијание на женското тело, а појавата на вишок влакна не е причина за грижа. Кога хормоните ќе се вратат во нормала, ќе исчезнат и влакната. Исто така, влакната може да се појават и ако земате контрацепциски таблети.rnrnПогледнете и како да се ослободите од поткожните влакна.

  • 7 симптоми на кожа во менопауза и како да се справите со нив

    7 симптоми на кожа во менопауза и како да се справите со нив

    Дали ви се појавуваат акни, или пак имате сува кожа и депигментација? Овие симптоми може да бидат знак на кожа во менопауза. Бидејќи кожата е најголемиот орган на телото, таа ни дава многу знаци за нашето здравје. Сите знаеме колку кожата сака да ја покажува нашата возраст, а истото важи и за менопаузата.rn

    1. Акни

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnЕден од првите знаци се акните. Причината за ова е промената на рамнотежата на естрогенот и тестостеронот. Акните најчесто се појавуваат на вратот и брадата. За да се справите со ова, додајте ретинол во третманот за вашето лице, користете тоник со гликолична киселина и имајте марамче за отстранување на маснотиите. Исто така отстранете ги продуктите кои ја сушат кожата.rn

    2. Опуштена кожа и брчки

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnБидејќи за време на менопаузата се намалува нивото на естроген, резултатот е губење на потребните масти под кожата на лицето, вратот, дланките и рацете. Ова предизвикува брчки и опуштање на кожата. За да се справите со проблемот, користете пептиди, како и третмани со радиофреквенција.rn

    3. Зголемено губење на трансепидермална вода и сува кожа

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnДали сте забележале намалена влажност на вашата кожа? И оваа појава може да биде поврзана со менопаузата. Најдобриот начин е да почнете да консумирате масни киселини како омега 3. Тие се наоѓаат во лососот, оревите, јајцата и маслата од алги и ќе ја хидрираат вашата кожа. Исто така, секогаш нанесувајте заштитна крема од сонце на лицето.rn

    4. Хиперпигментација и дамки

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnАко забележите дамки или промена на бојата на лицето, причината може да е менопаузата. Естрогенот е поврзан и со производството на меланин. За да се справите со овој проблем, користете продукти со нијацинамид и користете крема со заштитен фактор.rn

    5. Топлина

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnАко веќе сте во менопауза, ненадејниот топлински бран може да ви е добро познат. Најсилно се чувствува на лицето, а може да биде проследен и со прекумерно потење. Сепак, и за ова има решение. Почнете да користете маски со антиоксиданси кои ќе ја навлажнат вашата кожа.rn

    6. Влакна на лицето

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnПоради зголеменото ниво на тестостерон, кај некои жени може да се појават влакна на лицето, особено на брадата. Наместо да ги отстранувате со пинцета, најдобро е да отидете кај дерматолог кој ќе ви помогне да се справите со несаканите влакна.rn

    7. Мрсна кожа

    rn7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нивrnrnАко немате сува кожа во текот на менопаузата, можно е кожата да почне да ви се мрси. И овде виновен е тестостеронот. Во овој случај, користете нежни продукти за чистење на лицето, но немојте да претерате со негово чистење. Користете маски од глина, особено на деловите кои се најмасни.rnrnПогледнете и како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата.

  • Кое лице изгледа посреќно? Одговорот открива како работи вашиот мозок

    Кое лице изгледа посреќно? Одговорот открива како работи вашиот мозок

    Која страна од вашиот мозок е поактивна, и што значи тоа, можете да откриете со помош на овој едноставен тест. Погледнете ја илустрацијата и кажете ни според вас кое лице на неа е посреќно – лево или десно.rnrnkoe-lice-izgleda-posrekjno-odgovorot-otkriva-kako-raboti-vashiot-mozok-www.kafepauza.mk_rn

    Левото лице

    rnКај вас е поактивна левата страна на мозокот што ве прави способни за решавање задачи кои вклучуваат логика, јазик и аналитичко размислување. Левата страна на мозокот е подобра во:rn

      rn011

    • јазици
    • rn011

    • логика
    • rn011

    • критичко размислување
    • rn011

    • броеви
    • rn011

    • расудување
    • rn

    rn

    Десното лице

    rnКај вас е доминантна десната страна, а тоа покажува дека одлично се снаоѓате во експресивни и креативни задачи. Некои од склоностите и способностите кои се поврзани за десната половина од мозокот се:rn

      rn011

    • препознавање лица
    • rn011

    • изразување емоции
    • rn011

    • читање емоции
    • rn011

    • музика
    • rn011

    • бои
    • rn011

    • фантазија
    • rn011

    • креативност
    • rn

    rn2-koe-lice-izgleda-posrekjno-odgovorot-otkriva-kako-raboti-vashiot-mozok-www.kafepauza.mk_rnrnНа секој човек едната половина од мозокот му е подоминантна, а токму тоа одредува како тој размислува, кои му се приоритетите во животот, дали е повеќе логичен или креативен. На пример, луѓето кај кои левата страна е поактивна се објективни, логичари и склони кон аналитичко размислување. Од друга страна, личностите кај кои доминира десната страна на мозокот се повеќе интуитивни, мислители, субјективни.rnrnМозокот има две хемисфери, а секоја извршува низа улоги. Двете страни меѓусебно комуницираат благодарение на група нервни влакна кои се најважната врска помеѓу тие две половини.rnrnЛевата страна на мозокот управува со десната страна на телото, а десната со левата страна на телото. Според Бруно Добуку, невронаучник од институтот Мекгил во Монтреал, Канада, работите се комплицирани кога е видот во прашање. Нервите од левата страна на двете очи се поврзуваат со левата страна на мозокот, а нервите од десната страна на очите – со десната половина од мозокот.rnrnНевронаучниците д-р Пјер Паул Брок и д-р Карл Верник во 19 век откриле дека луѓето кои имаат проблеми со јазичната обработка, всушност имаат оштетување на одредени области на левата страна на мозокот. Коренот на нивната теорија е верувањето дека за креативност е заслужена токму таа половина на мозокот.rnrnЕмоциите се исто така важни, а првата фигура што ќе ја видите во овој тест открива колку сте емотивни. Погледнете ја добро, кликнете на неа и прочитајте нешто повеќе за вашиот одговор!rnrn

  • 5 природни состојки што НИКОГАШ не треба да ги ставате на вашето лице

    5 природни состојки што НИКОГАШ не треба да ги ставате на вашето лице

    Во последно време изгледа сите се водат според непишаното правило: „Ако доаѓа од растение или од вашиот фрижидер, тогаш може да се стави и на лицето.“ На крајот од краиштата, ако е сигурно за јадење, тогаш зошто да не би било сигурно и за надворешна употреба? Одговорот ќе ве изненади. Само затоа што го цедите лимонот во водата, а зобната каша ја јадете со цимет, не значи и дека тие состојки ќе го претворат вашиот тен како оној од насловните страни. Време е некои домашни рецепти засекогаш да ги фрлите во заборав.rnrn1-5-prirodni-sostojki-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-stavite-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    1. Сок од лимон

    rnМожеби сте слушнале дека лимоновиот сок слободно можете да го користите како тонер, третман против акни или за отстранување на темни дамки на кожата. Време е да престанете да верувате во овој совет!rn

    „Лимонот е киселина која може да ја промени pH вредноста на кожата, да го уништи заштитниот слој, да предизвика воспаление или иритација, па дури и да создаде белези“, вели д-р Мона Гохара, дерматолог.

    rnОсвен тоа, сокот од лимон може да поттикне поголема чувствителност на УВ зраците што значи дека вашата кожа побрзо и полесно ќе страда на сонцето. Кратко и јасно – лимонот го сакаме само во лимонадите и салатите.rn

    2. Мајонез

    rnСте слушнале дека мајонезот е супер работа за сувата кожа која се лупи? Држете се до вашата хидратантна крема. Иако директно не ѝ штети на кожата, мајонезот брзо ќе ги зачепи порите, а тоа е последната работа што ја посакувате доколку вашата кожа е склона кон акни. Всушност, оваа комбинација од масло и јајца ќе биде совршен рецепт за мозолчиња.rnrn2-5-prirodni-sostojki-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-stavite-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    3. Алкохол

    rnАко вашата кожа е мрсна или комбинирана, веројатно мислите дека триењето со алкохол ќе биде совршено решение за чиста кожа. Сепак, алкохолот е премногу агресивен за вашето лице.rn

    „Со триењето алкохол ќе ги отстраните есенцијалните липиди, протеини и масти кои го штитат заштитниот слој на кожата, па така вашата кожа ќе стане слаба и склона кон воспаленија“, објаснува Гохара.

    rn

    4. Сода бикарбона

    rnМожеби сте слушнале и за фантастичната мешавина од сода бикарбона и мед како совршен борец против акните, односно како одличен природен пилинг. Гохара советува да го заборавите и овој домашен рецепт. Бидејќи содата бикарбона (која е алкална) ја менува pH вредноста на кожата, ова би можело дополнително да го оштети горниот слој на кожата оставајќи ја отворена за бактерии и останати нечистотии. Сакате црвена, иритирана, па дури и изгорена кожа? Така и си мислевме.rn

    5. Сирови јајца

    rnНекои луѓе за затворање на порите предлагаат маска за лице од белка. Можеби дури и после пробувањето ќе си помислите: „Еј, па ова навистина делува“. Сепак проблемот лежи во последиците кои таа ги остава зад себе. Всушност, сировите јајца содржат бактерија салмонела која може да предизвика труење со храна. Дури 80% од случаите на болести кои се поврзани со храната во текот на една година водат до јајцата заразени со салмонела. Затоа можеби би било паметно сировите јајца да ги држите надвор од дометот на устата.rnrnВе советуваме да заборавите на овие начини за чистење на лицето, бидејќи со нив само ја оштетувате кожата.

  • Формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер

    Формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер

    Дали сте се обиделе навистина да ја забележите формата на вашето лице? Освен ако немате уникатна форма, веројатно не ни обрнувате многу внимание на тоа. Сигурно сите лица ви изгледаат тркалезни. Но, постојат многу разни форми на лице. Формата, меѓу другото, може да ви покаже која фризура би ви стоела најдобро, како и да ви открие нешто интересно за вашиот карактер. Откријте ја вашата форма и погледнете што таа кажува за вас.rn

    1. Дијамант

    rn(1)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnЛицето на овие луѓе е пошироко во средината и потесно кај челото и брадата. Ѕвездите како Тејлор Свифт и Кира Најтли ја имаат оваа форма. Овие луѓе одлично се справуваат со зборовите и имаат многу добри комуникациски способности. Покрај тоа, тие се и перфекционисти. Ова е одлична особина за на работното место, но понекогаш желбата за успех може да доведе до создавање преголем притисок.rn

    2. Овално лице

    rn(2)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnАко имате овална форма, тогаш вашето лице е подолго отколку што е широко. Оваа форма е најчеста и најпосакувана поради нејзината пропорционалност. Луѓето со вакво лице се прагматични и често имаат преголеми очекувања за себе и за другите. Ѕвездите како Бијонсе и Елизабет Тејлор ја имаат оваа форма.rn

    3. Квадрат

    rn(3)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnЛуѓето со овие лица имаат изразена вилица и широко чело. Оваа форма ја имаат Камерон Дијаз и Анџелина Џоли. Овие луѓе се родени лидери и подобро се справуваат со стресот од останатите. Тие се исто така и духовити и секогаш ги завршуваат големите проекти до крај.rn

    4. Срце

    rn(4)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnАко имате вакво лице, вашето чело е пошироко, а вашата брада е потесна. Оваа форма се смета за математички најубава. Не е изненадување што овие луѓе имаат големо срце и се навистина креативни. Тие понекогаш можат да бидат и тврдоглави и секогаш си стојат на своето. Рис Витерспун и Скарлет Јохансон имаат лице со форма на срце.rn

    5. Триаголник

    rn(5)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnЛуѓето со оваа форма имаат поголема вилица од челото. Тие се многу страсни и навистина креативни. Со ова доаѓа и чувствителноста. Џенифер Анистон и Тајра Бенкс се познатите дами со оваа форма на нивното лице.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Што кажуваат бемките на вашето лице за вас и за вашата иднина?

    Што кажуваат бемките на вашето лице за вас и за вашата иднина?

    Читањето бемки е многу старо и потекнува од 17-тиот век. Се верува дека нашето дело го содржи знаењето за она кои сме, па ако знаеме да го прочитаме тоа знаење ќе се разбереме многу подобро. Во минатото луѓето верувале дека бемките се потпис на планетите. Лесно е да се поверува во ова поради влијанието кое го имаат планетите на Земјата. Месечината на пример влијае на плимата и осеката, па можно е да има влијание и на нашите животи.rnrnshto-znachat-bemkite-na-vasheto-lice-kafepauza.mkrnrnПрво проверете ги бемките на вашето лице, а потоа погледнете го дијаграмот и откријте на кој број одговараат. Гледајте ги само бемките кои се сами. Ако имате пеги на лицето, не треба да барате број за нив. Истото важи и за акните и дамките на кожата. Во продолжение откријте го значењето на секоја позиција.rn

    Позиција од 1-3

    rnКако дете сте биле бунтовник и со слободен дух. Сте биле креативни и најдобро сте работеле кога ви давале слобода. Во главно, вашите надредени го сакаат пристапот кој го имате кон животот. Ако имате бемка на овие позиции, вам ви е многу подобро да бидете сам свој шеф отколку да работите за некого. Добро е што ја имате среќата да работите на тој начин.rn

    Позиција 4

    rnВие сте импулсивни и харизматични, но може да ви стане тешко кога имате премногу опции. Сакате да се расправате, но многу ретко се лутите. Имате експлозивен темперамент на кој би требало да поработите. Кога ќе го направите ова ќе станете посмирени и кон себе и кон другите.rn

    Позиција 5

    rnБемката на оваа позиција е знак за богатство, но кое ќе го заработите тешко. Целото богатство кое ќе го стекнете треба да го чувате внимателно, бидејќи многу луѓе ќе ви бидат љубоморни и ќе сакат да ви го земат. Немојте премногу да им верувате на другите. Следете ги вашите инстинкти и бидете внимателни. Никогаш не им дозволувајте на другите да управуваат со вашите финансиски средства.rn

    Позиција 6

    rnОваа бемка е знак за интелигенција, креативност и уметничка способност. Вашиот талент за уметност може да ви донесе богатство, слава и успех. Ова е и знак за богатство кое ќе го добиете само ако го следите вашето срце. Успехот е неизбежен ако сте храбри.rn

    Позиција 7

    rnБемката на оваа позиција укажува на расправии со вашето семејство кои ќе ви предизвикаат тага и несреќа. Ова ќе има влијание на вашата работа и живот. Препорачливо е да ги средите сите проблеми со роднините за подоцна да имате мир.rn

    Позиција 8

    rnОва не е многу добра позиција за бемка. Вашата финансиска состојба постојано ќе биде лоша бидејќи трошите премногу. Можно е да имате и желба за коцкање. Мора да знаете кога е време да престанете. Исто така, луѓето кои ја имаат оваа бемка сакаат да флертуваат и со двата пола. Внимавајте кога го покажувате вашиот шарм за да избегнете неволја.rn

    Позиција 9

    rnОваа позиција на бемката укажува на сексуални, но и други проблеми. Често е поврзувана со несреќа.rn

    Позиција 10

    rnАко ја имате оваа бемка, вие имате многу среќа. Постојано сте опкружени со семејството и ќе имате многу деца и внуци. Секогаш ја имате поддршката од блиските и секогаш ќе бидете задоволни, и материјално и емоционално.rn

    Позиција 11

    rnОваа бемка покажува дека сте подложни на болести.rn

    Позиција 12

    rnОваа позиција е знак за успешен, но и балансиран живот. Вие имате шанса да бидете не само богати, туку и познати. Иако ќе имате можност да живеете гламурозен живот, вие ќе се одлучите за удобен дом и семејство. Жените со оваа бемка се навистина среќни, но и многу привлечни.rn

    Позиција 13

    rnВашите деца може да ви предизвикаат многу проблеми. Врската која ја имате со нив не е добра. Важно е да научите да бидете трпеливи.rn

    Позиција 14

    rnОваа бемка укажува на проблеми со храната. Можеби сте алергични на многу прехранбени производи, или пак јадете премногу.rn

    Позиција 15

    rnВие сте личност која постојано е во движење. Сакате да откривате нови работи и нови места. Не сте среќни кога ќе останете предолго на едно место. Уживате во патувањата и авантурите.rn

    Позиција 16

    rnТреба да внимавате на исхраната и на вашиот сексуален живот. Ова се вашите најголеми проблеми. Можно е да имате проблеми со тежината, а ова да ве направи депресивни. Вие ја сакате романсата, понекогаш и со повеќе луѓе. Но поради вашиот морал можно е да се чувствувате виновни за ова.rn

    Позиција 17

    rnВие сте активни на социјалната сцена и сте одличен соговорник. Можно е премногу да се фалите за вашиот успех, а ова може да биде лошо за вашата репутација. Внимавајте бидејќи вашата самодоверба доаѓа од мислењето кое другите го имаат за вас.rn

    Позиција 18

    rnПостојано сте во движење. Можно е да патувате многу во вашиот живот, но треба да внимавате на подалечните патувања.rn

    Позиција 19

    rnИмате среќа со парите, а имате и многу добри пријатели. Вашата слабост е што многу лесно подлегнувате на шармот од спротивниот пол. Токму ова може да ви предизвика проблеми, па бидете внимателни.rn

    Позиција 20

    rnОваа бемка може да биде вистинска среќа или несреќа. Таа е знак за голема слава или срам. Креативни сте и интелигентни, но вашите таленти може да ги искористите за лошо или добро. Вие не сте личност која заборава и простува. Оваа бемка е знак дека ќе останете запомнети или како многу добра личност или како вистински тиранин.rn

    Позиција 21

    rnОваа позиција е добра бидејќи покажува дека никогаш нема да ви недостасува храна. Исто така, оваа бемка е поврзана со слава и признание.rn

    Позиција 22

    rnВашиот живот е секогаш убав, а работите ви се одвиваат по план. Многу лесно можете да станете познат спортист ако ја имате страста за тоа. Оваа бемка е и знак за авторитет и моќ, па би биле многу добар директор.rn

    Позиција 23

    rnВие имате висок коефициент на интелигенција. Имате одлични инстинкти за преживување и ќе имате долг и значаен живот. Ќе бидете активни и во староста. Пријателите и семејството ќе бидат со вас до крајот на вашиот живот.rn

    Позиција 24

    rnЌе постигнете голема слава и богатство во младоста, па препорачливо е да го искористите ова за да си обезбедите удобност во староста. Животот на луѓето со оваа бемка може да стане потежок со текот на годините.rn

    Позиција 25

    rnЛесно ќе напредувате во животот, но бидете умерени. Задржете ја традицијата во вашето однесување и ќе имате долг и исполнет живот.rnrnПогледнете ги и овие значења на бемките на вашето лице или тело.

  • Стаклен тренд: Корејки споделуваат трикови за чиста и блескава кожа

    Стаклен тренд: Корејки споделуваат трикови за чиста и блескава кожа

    Не е чудно зошто сѐ повеќе се вртиме кон Азијатките и нивните бјути рутини. Бидејќи ако погледнеме која било Корејка, Јапонка или Кинескиња, нивната кожа и коса се толку здрави, блескави, густи што посакуваме малку од нивните гени.rnrnstaklen-trend-korejkite-spodeluvaat-trikovi-za-chista-i-bleskava-kozha1rnrnНајновиот бјути тренд доаѓа од Кореја, а го промовираат основачите на веб-сајтот Glow Recipe, Сара Ли и Кристина Чанг, кој се нарекува „стаклена кожа“. Според нивните зборови тоа значи чиста кожа без видливи пори која е блескава и прозрачна исто како парче стакло.rn

    Како да ја постигнете?

    rnstaklen-trend-korejkite-spodeluvaat-trikovi-za-chista-i-bleskava-kozha2rnrnБјути блогерката и шминкерка, Ели Чои, е една од главните промотори на овој тренд на социјалните мрежи. Корејскиот начин со кој се постигнува стаклена кожа вклучува одење во кревет со совршено чиста и нахранета кожа и нанесување маска два пати неделно.rnrn1. Вечерната рутина започнува со отстранување на шминката. Потоа, кожата ја чисти со гел за миење на лицето, а за сите останати нечистотии користи тоник. Последниот чекор вклучува обилно нанесување на крема за лице.rnrn2. За кожата да биде блескава, пилингот е задолжителен, а Ели го нанесува на кожата секој втор ден.rnrn3. Кога станува збор за маската за лице, задолжително користи таканаречена памучни марамчиња со отвори за очите кои се натопени со активни состојки и постојано нагласува колку е важна исхраната и пиењето доволна количина вода за убава кожа.rnrnАко сакате да експериментирате со шминката, а моментално немате никаква идеја за нов мејкап, тогаш овие корејски бјути трендови морате задолжително да ги испробате.

  • Неверојатно прецизен тест: Кое лице прво го забележавте на оваа слика?

    Неверојатно прецизен тест: Кое лице прво го забележавте на оваа слика?

    Не е тешко веднаш да забележите дека на оваа слика се наоѓаат четири лица, но тоа што можеби не го знаевте е дека првото од нив што ќе ви падне во очи открива интересни информации за вашиот карактер. Секое лице е означено со различна боја и означува одредени особини, на вас останува само доволно да се фокусирате за да издвоите само едно.rnrn1-koe-lice-prvo-go-zabelezhavte-na-ovaa-fotografija-toa-otkriva-na-koj-nachin-ve-gledaat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnОна што е посебно на оваа слика е тоа што лицето кое прво ќе го забележите може да открие некои длабоки особини кои другите ги забележуваат кај вас, а вие не сте ни свесни за нив. Лицето кое прво го забележавте открива како ве гледаат другите луѓе и кои се вашите најистакнати особини.rnrn2-koe-lice-prvo-go-zabelezhavte-na-ovaa-fotografija-toa-otkriva-na-koj-nachin-ve-gledaat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    Лицето со зелен круг

    rn3-koe-lice-prvo-go-zabelezhavte-na-ovaa-fotografija-toa-otkriva-na-koj-nachin-ve-gledaat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnВие ја сметате искреноста за најважната работа на светот и најважната особина која секоја личност треба да ја поседува и заради тоа секогаш останувате доследни на себе, автентични сте, природни и спонтани. Емпатични сте кон другите луѓе и се водите според поговорката: „Не прави им го на другите она што не сакаш да ти го прават тебе.“rnrnВие ги идеализирате луѓето и токму тука лежи вашиот најголем предизвик. Важно е да верувате, но исто така важно е и да научите кому и каде ја оставате вашата доверба. Светот е полн со луѓе кои ве сакат и ценат, научете да ги препознаете и созревајте заедно со нив.rnrnВие сте личност со класичен стил и не сакате да ризикувате со непотребни промени. Ако нешто не оди по план, лесно се вознемирувате. Важно е да бидете свесни за фактот дека сѐ тече и дека сѐ се менува. Обидете се да бидете поопуштени.rn

    Лицето со жолт круг

    rn4-koe-lice-prvo-go-zabelezhavte-na-ovaa-fotografija-toa-otkriva-na-koj-nachin-ve-gledaat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnВе опишуваат како мирна и мирољубива личност. Сакате мирот и хармонијата секогаш да бидат во вашиот свет и живот, заради тоа избегнувате какви било расправии (понекогаш таквото однесување води и до апатија) и често сте посредник кога доаѓа до конфликт во вашето опкружување.rnrnМногу време поминувате во размислување и планирање на вашата иднина и заради тоа вашиот главен предизвик е да научите да верувате. Вие секогаш лесно ги привлекувате оние кои ги опсипувате со љубов. Живеете интензивно, со љубов и добрина и дозволувате животот да ве опсипува со подароци кои се наменети за вас.rnrnПроменливи сте и најверојатно имате неколку различни хобија затоа што ви е тешко да се насочите на само едно. Општо, нема ништо негативно во вашата личност. Обидете се да го избегнете импулсивното реагирање бидејќи по природа сте мирољубиви.rn

    Лицето со бел круг

    rn5-koe-lice-prvo-go-zabelezhavte-na-ovaa-fotografija-toa-otkriva-na-koj-nachin-ve-gledaat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnВие сте прекрасна личност, секогаш подготвена да им помогне на другите, без да побара ништо за возврат. Заради тоа сѐ што давате од срце, секогаш ќе ви се врати на различни начини.rnrnЗа вас најдобриот совет е – останете истрајни во вашата добрина и ќе забележите дека вашиот живот сѐ повеќе ќе напредува и дека ќе бидете посреќна личност од ден во ден.rnrnВие сте среќна личност, на која судбината ѝ е наклонета, а вие тоа најчесто не го сфаќате. Не играјте си со својата среќа. Сѐ додека не ја изгубите смиреноста, среќата секогаш ќе биде на ваш страна. Запомнете, богатството им доаѓа на оние кои го ценат.rn

    Лицето со син круг

    rn6-koe-lice-prvo-go-zabelezhavte-na-ovaa-fotografija-toa-otkriva-na-koj-nachin-ve-gledaat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnВие сте интелигентна, рационална и вредна личност. Не сакате импровизации и заради тоа секогаш се обврзувате да го дадете вашиот максимум и се обидувате сѐ да направите на најдобриот можен начин.rnrnВашиот примарен предизвик е да разберете дека е возможно да имате преголеми очекувања кога станува збор за вашата работа и да живеете во константна потрага по совршенството, што на крај ќе ве исцрпи. Имате природен талент, се обидувате да ги правите работите добро и секој пат уште подобро, но не дозволувајте вашата опсесија за совршенство да ве следи и да ве спречува да уживате во големите плодови од вашата работа.rnrnВие сте личност со голема ментална сила, но исто така сте и наивни. Уживајте во сите мали детали, дури и пеењето на птиците може да ви донесе задоволство. Луѓето како вас трајно ја задржуваат својата младост, однадвор и однатре. Меѓутоа, морате да внимавате да не останете заробени во детството и да научите зрело да се носите со тешките ситуации.rnrnСакате да дознаете уште нешто за себе? Одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси!rnrn1-neobichen-test-odberete-ja-slikata-shto-pravi-da-se-chuvstvuvate-podobro-i-soznajte-se-sebesi-kafepauza.mk_

  • 8 скриени предизвикувачи на акни и мозолчиња заради кои вашата кожа изгледа лошо

    8 скриени предизвикувачи на акни и мозолчиња заради кои вашата кожа изгледа лошо

    Затворените пори се главните предизвикувачи на акни и несовршености на кожата, а чистите пори и правилната нега се клучот за беспрекорно и блескаво лице. За да имате прекрасна и здрава кожа, внимавајте на следните 8 работи кои може да ви попречат во вашата цел.rnrn1-8-skrieni-predizvikuvachi-na-akni-i-mozolchinja-zaradi-koi-vashata-kozha-izgleda-losho-www.kafepauza.mk_rn

    1. Валкан мобилен телефон

    rnНа мобилниот телефон најчесто се собираат нечистотии и бактерии. Кога екранот од мобилниот телефон ќе го приближиме до образот, ние ги пренесуваме бактериите и нечистотиите кои дополнително ги затвораат порите. Настојувајте редовно да го дезинфицирате мобилниот телефон и телефонската слушалка со антибактериски марамчиња.rn

    2. Валкани раце

    rnТешко е да се спротивставиме на старите навики и со рацете кои претходно не сме ги измиле да го допираме лицето. Најчесто го правиме тоа несвесно, но таа нечистотија од рацете е причина за затворени пори, а со самото тоа и за појава на акни на образите.rn

    3. Мрсна храна

    rnВнимавајте на храната што ја внесувате во вашето тело. Мрсната храна како што е чипсот може да предизвика затворени пори.rnrn2-8-skrieni-predizvikuvachi-na-akni-i-mozolchinja-zaradi-koi-vashata-kozha-izgleda-losho-www.kafepauza.mk_rn

    4. Мртви клетки кожа

    rnКога порите ќе се затворат во себе содржат маснотија, нечистотија и мртви клетки кожа и така предизвикуваат мозолчиња и акни. За да го спречите тоа и да ги отстраните мртвите клетки направете благ пилинг.rn

    5. Шминка

    rnСигурно веќе го знаете ова, но вреди да се повтори. Секогаш отстранувајте ја шминката пред спиење. Тешката шминка и козметика дополнително ги затвораат порите.rn

    6. Крема

    rnВо текот на летото избегнувајте да нанесувате дебел слој крем. Вашата кожа е помрсна во текот на топлите денови, па затоа избегнувајте дополнително да ја храните со крема која е богата со масла. Можете да ја нанесете на подрачјето под очите, но прескокнете го челото, образите и брадата.rnrn3-8-skrieni-predizvikuvachi-na-akni-i-mozolchinja-zaradi-koi-vashata-kozha-izgleda-losho-www.kafepauza.mk_rn

    7. Пот

    rnПред вежбањето задолжително избришете го секој траг шминка. На тој начин потта послободно и побрзо ќе излезе надвор, а притоа нема да ги затвори портите.rn

    8. Хормони

    rnЕднаш месечно немаме контрола над сопственото тело. Во текот на менструацијата хормоните дивеат и тогаш најчесто ни се појавува по некое мозолче. Дишете длабоко и почекајте да помине.rnrnДоколку се борите со акните, ви препорачуваме да го подготвите овој рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славните.

  • Како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето?

    Како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето?

    Опуштената кожа е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, особено жените. Сепак, пред да се одлучите за болна операција, би требало да знаете дека постои и природен начин да ја затегнете вашата кожа.rnrnkako-prirodno-da-ja-zategnete-vashata-kozha-na-liceto-kafepauza.mkrn

    Краставица

    rnОва е можеби најдобриот „лек“ за опуштена кожа. Направете сок од краставица и нанесете го на лицето. Оставете го да се исуши и да ја подобри вашата кожа. Покрај ова, краставицата ќе ги намали круговите под очите и брчките околу нив.rn

    Вежби за лице

    rnАко редовно правите вежби за лице, ќе ги затегнете мускулите и ќе го избегнете проблемот со опуштената кожа. Ќе имате помазен врат, чело и образи.rn

    Вода

    rnХидратацијата е клучна за здравјето на кожата. Секој ден пијте 10-12 чаши вода и редовно нанесувајте крем за навлажнување на вашето лице.rn

    Масажа на лицето

    rnЕдна од најдобрите техники за подобрување на опуштената кожа е масажа на лицето со која ќе ги намалите брчките, ќе ја измазните кожата и ќе го исчистите лицето.rn

    Здрава храна

    rnКожата го прикажува секој проблем во телото, па ако сакате да ги средите проблемите со неа, почнете од внатре. Консумирајте храна која е богата со витамини и минерали и избегнувајте преработена храна, како и храна која има премногу шеќер.rn

    Природни масла

    rnПриродните масла се одлични за затегнување на кожата, а најдобри се маслото од авокадо, грозје и јојоба. Користете ги природните масла редовно, кои пак одлично се комбинираат и со други состојки, како шеа путер и витамин Е. Многу од овие природни масла се додаваат во скапите креми за лице.rn

    Сода бикарбона и кокосово масло

    rnОваа алкална супстанца ги отстранува мртвите клетки, ги затегнува порите и го подобрува здравјето на кожата. Пастата од сода бикарбона можете да ја користите како пилинг за лице и затегнувач. Измешајте малку сода бикарбона, кокосово масло и вода и масирајте го лицето.rn

    Нанесувајте крем за заштита од сонце

    rnЗа да ги намалите брчките, мора да ја заштитите кожата од штетните ултравиолетови зраци. Прекумерното изложување на сонце може да води до стареење и опуштање на кожата и создавање на брчки. Затоа, нанесете квалитетен крем за заштита на вашето лице и врат, барем половина час пред да излезете од дома.rn

    Направете маска за затегнување

    rnНајдобрата комбинација која можете да ја користите за овој вид маска е онаа од сок од лимон и белка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15-тина минути. Откако целосно ќе се исуши, исплакнете ја со топла вода.rn

    Креми за затегнување на лицето

    rnМожете да користите некој крем кој докажано ќе го подобри вашиот изглед. Одберете некој против стареење кој содржи природни состојки, како масло од грозје, Q10, масло од авокадо и слично. Овие состојки го стимулираат телото да произведува повеќе колаген, со тоа правејќи ја кожата помазна.rnrnПробајте ги овие природни методи за затегнување на кожата пред да се подложите на каква било операција. Се разбира, комбинирајте ги со здрава исхрана, правилен сон и редовно вежбање.rnrnПогледнете ги и овие практични совети за блескава кожа на лицето.