КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • 5-минутна јапонска масажа за подмладување на лицето

    5-минутна јапонска масажа за подмладување на лицето

    Наместо да трошите пари на препарати и третмани за подмладување, можете да ја пробате кратката јапонска масажа што ќе ѝ го врати сјајот на вашата кожа. Оваа масажа е позната како „зоган“, што во превод значи „создавање лице“ и има древни јапонски корења.rnrn5-минутна јапонска масажа за подмладување на лицетоrnrnВо последните неколку години популарноста на оваа масажа само се зголемува. Таа е едноставна за изведување, лесно се учи, достапна им е на сите и одзема само 5-7 минути. По само две недели секојдневно масирање на лицето, ќе можете да ги забележите и првите позитивни резултати.rnrnЗоган масажата ги намалува брчките, ја затегнува кожата и ја прави еластична и мека. Исто така ги отстранува отоците и подочниците, а може да ви помогне и со проблемот „дупла брада.“rn

      rn 011

    • Лимфната масажа го активира исфрлањето на токсините, го подобрува дотокот на крв и ве ослободува од вишокот течности.
    • rn 011

    • Длабинската масажа на мускулите на лицето ги опушта мускулите и има добро дејство врз кожата и крвните садови на лицето. Таа ги зајакнува и ги затегнува контурите на лицето.
    • rn 011

    • Секојдневното масирање ќе ви помогне значително да ја подмладите кожата на лицето и да се ослободите од малите и значително да ги намалите големите брчки.
    • rn

    rnПред масажата добро исчистете го лицето, а за време на масажата користете крема или масло. Се разбира, пред да започнете со масажата најдобро е да се консултирате и со професионалец.rnrnНа видеото во продолжение погледнете како да ја изведите масажата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=119&v=LrceQS7qdaIrnrnПробајте ја и оваа масажа за лице со лажица.

  • 5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

    5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

    Дерматолозите најмногу знаат што е најдобро, а што е најлошо за кожата. Во продолжение погледнете ги 5-те продукти за убавина што тие никогаш не би ги ставиле на нивното лице.rnrn5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лицеrn

    1. Продукти со вештачки мирис

    rnИако во составот на продуктот е означен само како мирис, вештачките мириси можат да предизвикаат иритација на кожата поради адитивите што ги содржат. Дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси. Наместо тоа одбираат продукти со есенцијални масла и екстракти од билки бидејќи се сигурни и имаат благотворни својства за кожата.rn

    2. Продукти со алкохол

    rnАлкохолот е состојка во повеќето продукти за убавина – од оние за нега на коса, до продуктите за нега на кожа. Всушност, токму оваа состојка може да биде причината за вашата сува кожа. За да ја поправите настаната штета добро е да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат делувањето на алкохолот. Побарајте продукти што содржат антиоксиданси, пептиди, хијалуронска киселина и слично.rn

    3. Продукти со масло од лимон

    rnНе сите природни состојки се добри за вашата кожа. Дерматолозите ги избегнуваат продуктите со масло од лимон бидејќи тоа може да ја иритира кожата. Доколку пак ја изложите на сонце може да се предизвикаат силни реакции, но и да се појави хиперпигментација.rn

    4. „Направи сам“ серуми со витамин Ц

    rnДенес многу модни блогерки зборуваат за домашно направениот серум со витамин Ц кој го прават од таблети со овој витамин. Проблемот е што овој облик на витамин Ц тешко продира во кожата. Витаминот Ц е одличен за вашата кожа бидејќи го поттикнува производството на колаген, но само ако е во формула со кој може да продре во кожата. Доколку нанесувате витамин Ц од таблети, тој ќе остане на кожата и ќе ја иритира бидејќи оксидира многу брзо.rn

    5. Продукти за самопотемнување

    rnОвие продукти создаваат хемиска реакција на кожата за која сè уште не се знае дали остава долготрајни последици. Поради ова најдобро е да се прилагодите на природната боја на вашата кожа. Доколку сакате потемен тен, нанесувајте пудра или бронзер на потребните места.rnrnДознајте и кои се процедурите за убавина што козметичарите никогаш не би ги направиле на себе.

  • 15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

    15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

    Навистина е изненадувачко тоа што не сме сфатиле дека хранливите материи во храната не се добри само за јадење, туку дека можат да бидат добри и за надворешниот дел од телото. Покрај тоа, навистина се поевтини отколку козметичките продукти од познатите брендови, немаат никакви презервативи и се 100% природни. Погледнете кои видови храна можете да ги употребувате и како козметички продукти.rn

    1. Папаја

    rn15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавинаrnrnПапајата е полна со витамини и минерали кои се борат против акните, како витамини А и Ц, бета хидроксилна киселина, папаин и калиум. Папајата може да ја ексфолира вашата кожа, да ја осветли и да направи да блеска.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Испасирајте 3-5 лажици папаја
    • rn 011

    • Додајте 1 лажица мед
    • rn 011

    • Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 10-15 минути
    • rn 011

    • Исплакнете со топла вода
    • rn

    rn

    2. Јаболка

    rn15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавинаrnrnЈаболката се полни со витамини Ц и А и бакар, а тие се одлични за поправање, заштита и потхранување на кожата. Маската од јаболка е одлична за мрсна кожа.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Измешајте 2 рендани или исечкани јаболка, 1 лажичка урда и 1 лажичка лимонов сок
    • rn 011

    • Направете паста, нанесете ја на лицето и оставете да делува 15 минути
    • rn 011

    • Исплакнете со топла вода
    • rn

    rn

    3. Јагода

    rn15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавинаrnrnЈагодите се одлични за мрсна кожа и кожа склона кон акни. Витамините и антиоксидансите ќе го направат вашето лице неверојатно.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Испасирајте 3 јагоди
    • rn 011

    • Додајте 1 лажица мед
    • rn 011

    • Нанесете на чисто лице и оставете да делува 15 минути
    • rn 011

    • Исплакнете со топла вода
    • rn

    rn

    4. Авокадо

    rn15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавинаrnrnАвокадото е богато со антиоксиданси, а ова го прави одличен продукт за борбата против стареењето. Бидејќи има омега 3 и омега 6 масни киселини, како и витамини Е, Ц и К, оваа маска е одлична за хидратација.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Излупете половина зрело авокадо
    • rn 011

    • Испасирајте го во сад
    • rn 011

    • Додајте 1 лажичка лимонов сок
    • rn 011

    • Нанесете на кожата и оставете да делува 15 минути
    • rn 011

    • Исплакнете
    • rn

    rn

    5. Кокосово масло

    rn15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавинаrnrnКокосовото масло има антигабични и антибактериски својства, па е одлично доколку имате акни. Можете да го користите како крема за хидратација, или можете да го користите за чистење и отстранување шминка – за разлика од минералните масла не ги затнува порите.rnrnКокосовото масло е ефективно и за избелување на забите. Не ги избелува, туку ги отстранува слоевите и нечистотиите што им даваат жолта боја.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

    11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

    На состојбата на нашата кожа влијаат многу фактори. Возраста, климата и стресот се само неколку од нив. За да ги спречите проблемите со кожата неопходно е да почнете да се грижите за неа од рана возраст. Ова не значи дека треба да давате многу пари за скапи креми. Можете да го трансформирате вашето лице со само 2 состојки што се наоѓаат во вашиот фрижидер.rn

    1. Домати и сода бикарбона

    rn11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојкиrnrnУпотребете сочни и свежи домати. Оваа маска содржи многу витамини. Витаминот Б9 ги отстранува акните, витаминот А се справува со сувоста, витаминот К ја отстранува пигментацијата, витаминот Х и цинкот ги регенерираат клетките на кожата. Калиумот ја навлажнува, калциумот ја омекнува, а холинот ја подмладува кожата на лицето.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Исцедете еден домат.
    • rn 011

    • Измешајте го со 2 лажици сода бикарбона.
    • rn 011

    • Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете со вода.
    • rn

    rn

    2. Авокадо и мед

    rn11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојкиrnrnАвокадото содржи калиум, калциум, натриум, фосфор, бакар, железо, магнезиум, цинк и витамин Е. Во комбинација со мед, авокадото ја негува кожата и ја прави поеластична.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Направете пире од зрело авокадо.
    • rn 011

    • Измешајте го со една лажица мед.
    • rn 011

    • Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете со вода.
    • rn

    rn

    3. Брашно и сок од компир

    rn11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојкиrnrnЗа блескава кожа, измешајте брашно со сок од компир. Брашното ќе ја отстрани мртвата кожа, а сокот од компир ќе ги намали митесерите.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Измешајте сок од еден компир со 6 лажички брашно.
    • rn 011

    • Нежно втријте ја смесата на кожата.
    • rn 011

    • Оставете да делува 15 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете со вода.
    • rn

    rn

    4. Краставица и куркума

    rn11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојкиrnrnСите ги сакаат козметичките продукти со краставица. Таа ја навлажнува кожата и ги намалува порите. Куркумата е природен антисептик и универзален зачин за подмладување.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Сомелете една краставица.
    • rn 011

    • Додајте 1 лажичка куркума.
    • rn 011

    • Нанесете ја смесата на кожата и оставете да делува 10-15 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете со вода.
    • rn

    rn

    5. Сок од лимон и папаја

    rn11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојкиrnrnПапајата е моќен антиоксиданс поради високото количество витамин А. Покрај тоа помага во отстранување на мртвите клетки и ја подмладува кожата. Сокот од лимон е одличен за темните дамки на кожата и за изедначување на тенот.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Измешајте 1 лажица пире од папаја со 4 капки сок од лимон.
    • rn 011

    • Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10-15 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете со студена вода.
    • rn

    rnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Вашата рутина за грижа на лицето ќе стане многу покул благодарение на овие фацијални сладоледи

    Вашата рутина за грижа на лицето ќе стане многу покул благодарение на овие фацијални сладоледи

    Кога станува збор за летна грижа на кожата, многу жени знаат да се опуштат и да бидат мрзливи. Крема со заштитен фактор, благ тонер и хидратантна ноќна крема се продуктите кои најчесто се користат за време на топлите месеци. Имајќи го тоа на ум, фацијалните „сладоледи“ можат да бидат најдоброто решение за одржување на негата на кожата што некогаш сте имале можност да го пробате.rnrnrn

    „Нарушувањата на кожата во летото се случуваат поради високите температури и густата влажност во воздухот. Ова води до премногу активни потни жлезди што создаваат себум на кожата. Влажноста го спречува ова масло да испари, па тоа создава запушување и нафрлање на лицето. Замрзнатите третмани за кожа инстантно ја оладуваат кожата, притоа забавувајќи го создавањето на себумот“, вели Арлин Ламба, експерт за нега на кожата.

    rnЗвучи лудо, се согласувате? Д-р Ламба создава различни месечни начини за грижа на кожата, па за август, таа ги препорачува токму фацијалните „сладоледи“.rn

    „Тие се совршената летна замена за нормалниот серум. Препорачувам да ги користите сладоледите откако ќе го измиете вашето лице, но тие исто така можат да се користат и за да ја оладите кожата по вежбање или топол ден поминат на плажа“, дополнува таа.

    rnПред да почнете да ги правите овие фацијални „сладоледи“ имајте на ум дека сите рецепти треба да се направат со дестилирана вода поради нејзината неутрална pH. Водата од чешма е многу тврда, што значи дека има висока количина на минерали што ја нарушуваат и променуваат pH вредноста на вашата кожа, притоа влошувајќи ги состојбите како егзема или акни.rn

    Смуди со јаглен

    rn

      rn 011

    • 4 кафени лажички грчки јогурт
    • rn 011

    • 2-3 супени лажици активен јаглен
    • rn

    rnОвој рецепт ќе ви овозможи детоксикација преку пилинг. Грчкиот јогурт содржи високо количество млечна киселина, која ги отстранува сите загадувачи на кожата, додека пак, јагленот ги влече бактериите и токсините надвор од кожата за длабинско чистење.rnrnУпотреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути. За најдобри резултати, направете уште еден третман со следниот рецепт.rn

    Смирување

    rn

      rn 011

    • 60 милилитри вода од краставица (или 60 милилитри алое вода)
    • rn 011

    • 2-3 кафени лажички органска мелена куркума
    • rn

    rnАко на вашата воспалена кожа ѝ е потребно сериозно смирување, овој сладолед на стапче е одличен за вас! Неверојатните антивоспалителни состојки на куркумата го смируваат црвенилото предизвикано од акните и егземата, додека пак, витаминот Ц и кофеинот во краставицата ќе ви помогне да ја хидрирате кожата.rnrnУпотреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути.rn

    Розово задоволство

    rn

      rn 011

    • 3 ситно исечкани листови нане
    • rn 011

    • 3 супени лажици розова вода
    • rn 011

    • 2 супени лажици органска кокосова вода
    • rn

    rnАко барате едноставен начин за нега на вашата кожа, ви ја препорачуваме оваа комбинација од розова вода, свежо нане и кокосова вода. Покрај тоа што ќе ја избалансира pH вредноста на вашата кожа, розовата вода има и антивоспалително дејство заедно со хидратантни состојки. Нането служи како природен тонер за да ја израмни бојата на кожата, додека пак, кокосовата вода е богата со состојки против стареење.rnrnУпотреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути.rnrnПогледнете ги и овие 5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди.

  • 8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

    8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

    За да ја одржите вашата насмевка младолика и свежа, не е неопходно да користите скапи маски за лице или креми против брчки. Сѐ што треба да направите е активно да го менувате начинот на кој се движат мускулните групи на вашето лице. Докажано е дека фацијалните вежби односно јогата против стареење на кожата на лицето, ќе направи да изгледате и да се чувствувате многу помладо.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrnrnВо продолжение погледнете ги овие 8 едноставни, а ефикасни вежби против стареење коишто можете редовно да ги применувате, за да имате поцврста и тонирана кожа.rn

    1. Масажа на лицето

    rnДоколку немате можност да посетите професионалец, можете и сами во домашни услови да си правите масажа на вашето лице, којашто ќе ви ја разубави кожата бидејќи ќе се подобри протокот на крв и ќе се дефинираат мускулите.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките rnrnСо врвовите од вашите прсти започнете нежно да го масирате челото, движејќи се од долу кон нагоре. Воедно, можеби ќе сакате и да го измасирате вашиот скалп, а тоа треба да го правите со кружни движења на вашите прсти. Потоа, префрлете се на вашите образи и започнете нежно да ги тапкате со правец на движење кон слепоочниците. За да забележите позитивните резултати на вашето лице од овие масажи, неопходно е да ги практикувате барем 20 пати, 2-3 пати неделно. Секако, не заборавајте да ги измиете вашите раце и лице, пред да започнете со фацијалната јога.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrn

    2. Контрастна масажа

    rnКонтрастната масажа има моќ магично да ја преобрази и подигне кожата на вашето лице. Исто така, таа е неверојатна ефикасна за ослободување од двојната брада (подбрадокот). За да ја направите оваа масажа, ќе ви бидат потребни пешкир, вода и најважното – желба да изгледате младо и свежо.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrnrnЗдиплете го пешкирот на пола и потопете го во студена и малку солена вода. Потоа, фатете го за краевите и нежно тапкајте ја вашата брада со него. Повторете го тапкањето 10 пати, а потоа повторете ја постапката, но овој пат пешкирот намокрете го во млака вода.rn

    3. Азбука

    rnЗа да ги затегнете ослабените мускули на вашето лице, на чие место најчесто се појавуваат брчки, можете и да ја применувате вежбата со рецитирање на англиската азбука. Можеби ова ви звучи како необичен предлог за вежбање на лицето, но имајте предвид дека буквите како „X“ (екс) и „О“ (оу) можат да направат огромна разлика. Доколку ги изговарате неколку пати во текот на денот, ќе ги дефинирате и вратите во живот ослабените мускули на вашето лице, а тоа е неизоставен дел од рутината против стареење на кожата.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеrn

    4. Подигнување на слепоочниците

    rnОваа вежба ќе ви овозможи да раздвижите голем број мускули на вашето лице, но првенствено мускулите околу слепоочниците, бидејќи кога тие ќе почнат да слабеат целиот горен дел од лицето почнува да виснува надолу. Јошико Мамада е жената којашто ја смислила оваа техника на масирање, во комбинација со вежби за дишење.rnrn8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките rnrnЕве од што се состои:rnrn1. Застанете пред огледало и поставете ги прстите од вашата десна рака на левата слепоочница, попрецизно околу надворешниот агол на окото и надворешниот агол на веѓата. Нежно притискајте и тегнете ја кожата нагоре, при што главата не треба да ја навалувате нанапред.rnrn2. Останете во истата позиција и почнете бавно да ја навалувате главата кон десно, нежно истегнувајќи го вратот. Притоа, рамената треба да останат фиксирани и релаксирани.rnrn3. Сѐ уште останувајќи во истата положба, започнете да го пружате јазикот во правец на вашата глава и истовремено издишете и кажете „ха“. Дишете преку нос. Останете во оваа позиција, дишете 4-5 пати и продолжете да го тегнете јазикот нагоре.rnrn4. Вратете го јазикот назад во вашата уста, релаксирајте ги мускулите и вратете се во првобитната позиција. Повторете ја целата постапката, на другата страна од главата.rnrnОстанатите јога вежби за лице, продолжуваат на следната страница…rn

  • 9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

    9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

    Според статистиката, 5% до 10% од жените се соочуваат со прекумерно растење на влакна на необични места. Но, без разлика колку сме здрави, сите ние понекогаш треба да користиме методи за отстранување на влакната за да изгледаме убаво. За среќа, отстранувањето на влакната од лицето не мора секогаш да биде болно. Ова се некои од најефективните методи за отстранување на влакната.rn

    1. Грашок и вода од роза

    rn9 начини за природно ослободување од влакната на лицетоrn

    Состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 лажици брашно од грашок
    • rn 011

    • 1-2 лажици вода од ружа
    • rn 011

    • 1 лажица лимонов сок
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn

      rn 011

    • Ставете ги брашното и водата во еден сад и добро измешајте.
    • rn 011

    • Додајте лимонов сок во смесата и повторно измешајте.
    • rn

    rn

    Употреба:

    rn

      rn 011

    • Нанесете ја пастата на проблематичните места на кожата.
    • rn 011

    • Оставете да отстои 20-25 минути, или додека не се исуши целосно.
    • rn 011

    • Истријте ја маската со прстите.
    • rn 011

    • Повторувајте 3-4 пати неделно.
    • rn

    rnБрашното од грашок е одлично за ексфолијација, а во комбинација со водата од роза го спречува растењето на влакната. Маската е погодна за сите типови кожа.rn

    2. Кромид и босилек

    rn9 начини за природно ослободување од влакната на лицетоrn

    Состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 кромида со средна големина
    • rn 011

    • 10-12 листови босилек
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn

      rn 011

    • Одберете ги тенките транспарентни мембрани помеѓу слоевите на кромидот.
    • rn 011

    • Измелете ги мембраните со босилекот и направете паста.
    • rn

    rn

    Употреба:

    rn

      rn 011

    • Нанесете ја пастата на несаканите влакна и оставете ја 20-25 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете со топла вода
    • rn 011

    • Повторувајте 3-4 пати неделно во текот на 1-2 месеци.
    • rn

    rnКромидот е одличен бидејќи во комбинација со босилекот го намалува растот на влакната. Маската е погодна за сите типови кожа.rn

    3. Масло од лаванда и масло од чајно дрво

    rn9 начини за природно ослободување од влакната на лицетоrn

    Состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица масло до лаванда
    • rn 011

    • 4-6 капки масло од чајно дрво
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn

      rn 011

    • Измешајте ги маслата во сад.
    • rn

    rn

    Употреба:

    rn

      rn 011

    • Нанесете ја мешавината на несаканите влакна со памук.
    • rn 011

    • Повторувајте 2-3 пати неделно, најмалку 3 месеци.
    • rn

    rnОвие масла имаат антиандрогени својства кои помагаат во отстранувањето на несаканите влакна. Маската е погодна само за мрсна кожа и кожа склона кон акни.rn

    4. Мед и шеќер

    rn9 начини за природно ослободување од влакната на лицетоrn

    Состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица мед
    • rn 011

    • 2 лажици шеќер
    • rn 011

    • 1 лажица вода
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn

      rn 011

    • Ставете го шеќерот во сад и додајте му мед и вода.
    • rn 011

    • Ставете ја смесата во микробранова околу 30 секунди додека шеќерот не се растопи.
    • rn

    rn

    Употреба:

    rn

      rn 011

    • Нанесете ја маската на проблематичните места.
    • rn 011

    • Поставете парче платно врз смесата и оставете да се излади неколку секунди.
    • rn 011

    • Повлечете го платното во насока спротивна од растот на влакната.
    • rn 011

    • Користете по потреба.
    • rn

    rnОваа маска за пилинг ги отстранува несаканите влакна и ѝ прави ексфолијација на кожата. Погодна е за сите видови кожа.rn

    5. Овес и банана

    rn9 начини за природно ослободување од влакната на лицетоrn

    Состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 лажици овес
    • rn 011

    • 1 зрела банана
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn

      rn 011

    • Направете пире од банана.
    • rn 011

    • Измешајте ги овесот и бананата во сад.
    • rn

    rn

    Употреба:

    rn

      rn 011

    • Нанесете голем дел од пастата на проблематичните места и втријте ја со кружни движења.
    • rn 011

    • Оставете да делува 15-20 минути и исплакнете со ладна вода.
    • rn 011

    • Повторувајте 1-2 пати неделно.
    • rn

    rnОвесот има текстура на гранули, па поради ова е одличен за ексфолијација. Маската е погодна за сите видови кожа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Тоа што прво ќе го забележите на оваа слика ќе го открие вашето вистинско лице!

    Тоа што прво ќе го забележите на оваа слика ќе го открие вашето вистинско лице!

    Мислите дека целосно се познавате? Постои причина зошто ги сакаме овие тестови на личноста. Тоа не е затоа што сме егоцентрични или опседнати со себе, без разлика колку селфиња правиме секојдневно. Тоа е затоа што сите ние (не)свесно сакаме да растеме и да се развиваме, а нема подобар начин да го правиме тоа од секојдневното спознавање и следење на промените што се случуваат во нашата личност. Подготвени сте да го дознаете вашето вистинско лице? Фрлете око на оваа слика и издвојте го тоа што прво ќе ви падне во очи. За најдобри резултати, не размислувајте повеќе од неколку секунди…rnrnrn

    1. Мачка

    rnАко прво сте ја забележале мачката, тоа значи дека живеете живот во кој ви е важна рамнотежата. Вие уживате во времето поминато со себе, но исто така ја цените и важноста на времето поминато со најблиските. Обожавате да ги истражувате непознатите нешта и најчесто сте првите што иницираат акција, но исто така знаете и дека мора добро и внимателно да размислите пред да се впуштите во ризик.rnrnМожеби не сте знаеле досега, но вашиот живот е фокусиран на тоа да ги осветлите нештата што обично живеат во мрак.rn

    2. Дабар

    rnАко дабарот бил првото нешто што ви паднало во очи, вие сте личност којашто целосно верува во креативноста на сопствениот дух. Немојте да дозволите идеите на другите луѓе да ви влијаат на начинот на кој го гледате светот. Вашата самодоверба ви помага одлично да функционирате во кој било тим бидејќи знаете дека можете да се потпрете на себе и на тој начин, заеднички да дојдете до најдоброто решение.rnrnМожеби не сте знаеле досега, но вие сте личност што знае како да ги мотивира другите и најчесто сте движечка сила меѓу најблиските.rn

    3. Коњ

    rnАко првото нешто што сте го виделе на оваа слика бил коњот, тоа значи дека сте човек чија душа ги води другите. Понекогаш луѓето ги потценуваат вашите способности, но не дозволувајте тоа да ве натера и вие да се сомневате во себе. Имајте храброст!rnrnМожеби не сте знаеле досега, но имате моќна интуиција. Ако го слушате овој внатрешен глас, не постои препрека што нема да можете да ја надминете.rn

    4. Куче

    rnПрвото нешто што сте го виделе било куче? Тоа значи дека имате силна свест, не само за себе и за својата околина, туку и за другите. Вие сте исклучително посветени на луѓето што ги сакате, а кога го давате своето срце, тоа го правите безусловно.rnrnМожеби не сте знаеле досега, но вие имате див заштитнички дух, и вашиот живот е фокусиран исклучиво на љубовта, енергијата и возбудувањата.rn

    5. Октопод

    rnАко октопод е првото нешто што ви паднало во очи, тогаш без сомнение сте меѓу најсреќните луѓе на планетата. Вашиот живот е под влијание на креативноста и интелигенцијата. Вие сте личност што лесно маневрира низ животот и не наидува на многу тешки области.rnrnМожеби не сте знаеле досега, но сè што правите, го правите со стил, со срце и со леснотија. Најмногу напредувате кога сте во темнина, бидејќи добро знаете како да се насочите кон светлината.rn

    7. Пеперутка

    rnАко пеперутката е првото нешто што сте го забележале на оваа слика, тогаш големи се шансите дека животот забрзано ви се менува, а со него, се менувате и вие. Вие сте личност што тежнее кон мистерија и која целосно го прифаќа фактот дека промените, дури и оние најекстремните, се потребни за да може животот да биде исполнет.rnrnМожеби не сте знаеле досега, но токму вашата кревка убавина е тоа што ги привлекува луѓето околу вас.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Направете уште еден ваков тест! Кликнете на животното што прво ќе го забележите на оваа слика и откријте нешто повеќе за вашиот карактер…rnrn[/message_box]

  • Науката конечно доаѓа до објаснување зошто имаме веѓи

    Науката конечно доаѓа до објаснување зошто имаме веѓи

    Ако погледнете реконструкции на остатоците од нашите далечни предци, ќе забележите дека нивната сличност со денешните луѓе е евидентна, но исто така има и доста разлики, особено во делот на лицето. Најпрво, може да се забележи дека коската над очите била далеку поиспакната во споредба со нашиот денешен изглед. Со текот на времето луѓето еволуирале и некои од коските станале помалку изразени, но поради тоа имаме нешто друго на нивно место, за да ја врши истата функција. Науката се обиде да даде одговор на прашањето зошто ние ја немаме таа коска на челото и за што служела истата во минатото, притоа објаснувајќи ја и улогата на веѓите.rnrnНауката конечно доаѓа до објаснување зошто имаме веѓи?rnrnИстражувачки тим од Универзитетот во Јорк изработил дигитален модел на череп, објавен во списанието „Nature Ecology & Evolution“, кој припаѓал на видот Хомо хиделбергенсис (Homo heidelbergensis), од пред околу 300.000 години. Тие го истражувале токму делот околу очите и откриле дека тој бил многу поголем, потврд и поизразен во однос на оној кај денешните луѓе. Со помош на дигиталната симулација, можеле да дојдат до повеќе претпоставки и заклучоци за функцијата на овој дел од главата.rnrnНајпрво се сметало дека оваа коска служела за заштита на мозокот од физички повреди, како и дека помагала при правилни движења на вилицата (којашто исто така изгледала доста различно од денешната). Но, ако ниту една од овие претпоставки не е точна, тогаш зошто денешните луѓе ја немаат оваа коскена структура над очите, туку две влакнени низи, што ги нарекуваме веѓи? Одговорот лежи во емоциите.rnrnНауката конечно доаѓа до објаснување зошто имаме веѓи?rnrnВо студијата е наведена претпоставка дека губењето на големите коскени ткива во предниот дел на главата со текот на времето и нивното претворање во порамна коска, дозволила поподвижни веѓи, благодарение на кои денеска можеме да прочитаме чувства на лицата на луѓето.rnrnЕдноставно кажано, како што луѓето еволуирале, потребата да изразуваат емоции станала важен дел од невербалната комуникација. Дури и кога не сме свесни за тоа, веѓите го испишуваат расположението на нашето лице и во зависност од нивната положба, соговорникот може да дознае многу за моменталната емотивна состојба на личноста спроти него. Поради ова, веѓите денеска се важна социјална алатка во комуникацијата. Овој еволутивен чекор дал голема корист во животот на луѓето на подолг план.rnrnНашите далечни предци, благодарение на овој процес, успевале сè полесно и полесно да остваруваат пријателства и да се поврзат со другите луѓе. Овие промени сигурно ја подобриле и невербалната комуникација и помогнале човечкиот вид да опстане, да преживее и да еволуира, за да се достигне нивото на цивилизација на кое се наоѓаме денес.rnrnСепак, за конечно да се донесе заклучок за што точно им служела оваа област на праисториските луѓе, треба да се истражуваат и симулираат многу повеќе видови и да се споредат резултатите. Едно е сигурно, без нив, нашите денешни лица би биле безизразни и многу потешко би одело читањето на нечие расположение само од лицето.rnrnПрочитајте ги и овие интересни факти за веѓите.

  • 8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето

    8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето

    Статистичките податоци покажуваат дека 95% од луѓето страдаат од акни во некој период од животот. Акните и другите несовршености на кожата може да бидат предизвикани од разни работи – од лоша исхрана, до погрешни продукти за нега. До денес никој нема пронајдено лек за целосно и трајно отстранување на акните. Сепак, постојат некои природни третмани кои можат да ви помогнат да го исчистите вашето лице без употреба на хемикалии.rn

    1. Темни подочници: Куркума и сок од ананас

    rn(1)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnКуркумата ги намалува темните кругови под очите предизвикувајќи антиоксидансен ефект на кожата.rn

      rn011

    • Измешајте 2 лажички куркума и 2 лажички сок од ананас и направете паста.
    • rn011

    • Нанесете ја пастата под очите и оставете да делува 10 минути.
    • rn011

    • Отстранете со мека крпа.
    • rn011

    • Повторувајте секој ден додека не забележите подобрување.
    • rn

    rnОваа маска исто така ќе ја омекне кожата под очите.rn

    2. Изгореници од сонце и воспаленија: Авокадо

    rn(2)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnАвокадото содржи витамини А, Д и Е кои ја смируваат изгорената кожа, го поттикнуваат производството на колаген и ги намалуваат кожните воспаленија.rn

      rn011

    • Испасирајте половина авокадо со виљушка.
    • rn011

    • Додајте 2 лажици топла вода во авокадото и измешајте.
    • rn011

    • Нанесете ја смесата на проблематичните места со четка и оставете да делува 10 минути.
    • rn011

    • Исплакнете со млака вода.
    • rn

    rnАко имате сува или чувствителна кожа, додајте и 1 лажичка мед во маската.rn

    3. Хиперпигментација: Компири и сок од лимон

    rn(3)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnКомпирите содржат многу витамини и минерали кои се ефикасни во третирање на хиперпигментација, темни дамки и лузни од акни. Лимонот има цитрусна киселина која е природен избелувач.rn

      rn011

    • Темелно измијте го компирот, исечете го на мали парчиња и ставете го во блендер.
    • rn011

    • Исцедете ја течноста од изблендираниот компир.
    • rn011

    • Исцедете еден лимон.
    • rn011

    • Земете 4 лажички сок од компир и 2 лажички сок од лимон и измешајте.
    • rn011

    • Нанесете дебел слој од смесата на проблематичните места.
    • rn011

    • Откако ќе го нанесете првиот слој, оставете малку да се исуши, па нанесете ги вториот и третиот слој.
    • rn011

    • Оставете ја маската преку ноќ и исплакнете со топла вода наутро.
    • rn011

    • Повторувајте го третманот секој ден во рок од 1 недела.
    • rn

    rnАко имате сува и чувствителна кожа додајте 1 лажица мед и 1 лажица вода од ружа. Ако имате мрсна или комбинирана кожа додајте 2 лажици брашно од ориз во маската.rnrnМешавината можете да ја чувате во фрижидер 3-4 денови.rn

    4. Акни: Јаболков оцет

    rn(4)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mkrnrnЈаболковиот оцет содржи оцетна киселина и микроелементи како калиум и магнезиум. Тој е одличен за детоксикација и може да го реши проблемот со акните.rn

      rn011

    • Измешајте лажица јаболков оцет со 2-3 лажици дестилирана или филтрирана вода.
    • rn011

    • Нанесете ја мешавината на чисто лице со памук.
    • rn011

    • Почекајте тоникот да се исуши. По него можете да користите и други продукти.
    • rn011

    • Нанесувајте 2 пати дневно по миење на лицето.
    • rn

    rnПродолжува на следната страница…rnrn