Масажата на лицето е една од најдобрите и најефикасните решенија против брчките на лицето. Иако преовладува митот дека подигнувањето и спуштањето на кожата го омекнува вашето лице, правејќи вдлабнатини, треба да знаете дека тоа не е вистина. Кожата е еластична, а масажата на лицето може да го освежи тонусот на кожата, да го забави стареењето и да ја одложи појавата на нови брчки.rnrn
rnrnВо потрга по најдобра масажа за лифтинг на лице која можете да ја практикувате секој ден во вашиот дом, го пронајдовме овој туторијал на британската блогерка за нега на лице и убавина Абигејл Џејмс, кој е многу популарен на нејзиниот Јутјуб канал, а според коментарите е исклучително ефикасен и одличен.rnrnАбигејл оваа рутина ја практикувала веќе неколку години, а ја научила гледајќи ги професионалните дерматолози и експертите за кожа кои сметале дека секојдневното (рачно) масирање на лице може да помогне во борбата против „отпуштените“ образи и брчки.rnrnТреба да имате на ум дека секое масирање на лицето треба да го правите внимателно. Кожата да ја кревате со прстите и дланките и никако да не ја спуштате надоле. Оваа масажа можете да ја правите 3 пати неделно.rnrnАбигејл советува да ја правите оваа масажа со некое растително масло, без разлика дали тоа ќе биде кокосово или некое друго, а голем број од блогерките сметаат дека кремата од шеа путер делувала многу ефикасно.rnrnВо продолжение погледнете го видеото како правилно да ја изведете оваа масажа:rnrnhttps://youtu.be/jqKX-guFdXcrnrnПогледнете ги и овие 5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките.
Tag: лице
-

Едноставна масажа за лице против брчки
-

Како да се ослободите од дамките на лицето предизвикани од сонце?
Дамките на лицето предизвикани од сонцето естетски не изгледаат добро, па кога ќе се појават, секој сака да се ослободи од нив или барем да им ја намали видливоста на најбрз можен начин. Овие дамки се појавуваат поради зголемена концентрација на пигментот меланин, а тоа пак настанува како последица од прекумерното изложување на сонце без соодветна заштита. Фактор можат да бидат и гените, стареењето на кожата, нерамнотежата на хормоните, стресот, бременоста, акните и разните штетни хемикалии во кремите за лице.rnrn
rnrnНосот, образите и челото се најистакнатите делови кога сте изложени на сонце, па токму поради тоа, дамките најчесто се појавуваат во тие предели. Во зависност од типот на вашата кожа, односно дали имате светла или темна, тие можат да бидат посилно или послабо изразени. Кај личностите со посветол тен, дамките се поизразени поради големата количина на пигментот феомеланин кој се наоѓа во кожата. Трајното отстранување е невозможно, но со соодветна заштита и богата исхрана со витамини, може да се спречи нивното ширење и настанувањето на нови.rnКако да ја спречите појавата на дамки на вашето лице?
rnЗа почеток, потребно е да посетите дерматолог за да може да утврди каков тип кожа имате и да ве советува како правилно да ја третирате за да избегнете појава на несакани последици. При секое изложување на сонце, користете крема со висок фактор на заштита, а можете да носите и капа или шешир за вашето лице да не биде директно изложено на сонце. Повеќето козметички третмани за отстранување дамки ни се финансиски недостапни, а некои од нив дури не се ни препорачуваат, бидејќи можат да бидат штетни за нежната кожа на лицето. Природните креми и препарати секогаш се добредојдени за здравјето на организмот, како и за негово лечење, па според тоа, и во овој случај најдобро е да ги користите нив.rnrn
rnrnДерматолозите советуваат за најефикасно избелување на дамките предизвикани од сонце, да употребите крема од сладок корен, која треба да се користи во текот на есенските и зимските денови, но доколку се користи во летниот период, тогаш најдобро е да се нанесува како ноќна крема. Покрај слаткиот корен, можете да употребите и некои други лековити природни намирници: лимонов сок – содржи киселина која ги отстранува дамките, ја дезинфицира кожата и ги стеснува порите, папаја – ја чисти и регенерира кожата и го спречува создавањето на меланин, магдонос – богат е со витамини Ц и А, што е значаен фактор за ублажување на дамките на лицето.rnrnНе ја запоставувајте кожата на лицето, пружете ѝ секојдневна нега и заштита, а таа ќе ви врати со својот убав и здрав изглед.rnrnПрочитајте повеќе и како да воочите дека кожата на вашето лице старее пребрзо. -

Литванска фотографка ги документира и најмалите промени на лицето кај жените кои станале мајки
Литванската фотографка Вајда во нејзиниот проект тврди дека жените се менуваат откако ќе се породат. За да ја изрази нејзината благодарност за сè што направиле жените, таа фотографирала 33 жени пред да се породат и откако го родиле нивното прво бебе, притоа ставајќи акцент на промените во очите.rnrnТаа вели дека мајчинството е длабоко искуство исполнето со задоволство, болка, умор и љубов.rnrnКога жената ќе стане мајка таа навистина ја чувствува нејзината внатрешна енергија, интуицијата ѝ станува посилна, но и мудроста ѝ достигнува нови висини. Самата таа исто така доживеала промени. Вели дека пред да го роди првото дете, нејзината идеја за мајчинството била многу поразлична. Мора да се помине одреден пат за тоа да се доживее во целото негово значење и да се има храброст за да им верувате на сопствените одлуки.rnrnПогледнете ги фотографиите од мајките пред и после раѓање на нивното прво дете и обидете се да ги забележите разликите!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на втората страница…rn -

Благотворни рецепти со цимет за убавина и здравје
Циметот има благотворно дејство на целиот организам. Тој е најпознатиот додаток во кафето како и во голем број популарни јадења, но со векови наназад во Кина и Индија се користи за лечење грип и проблеми со желудникот. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за моќта на овој зачин, продолжете со читање.rnrn
rnЛош здив
rnДоколку имате проблеми со лош здив, сè што треба да направите е да изедете едно стапче цимет или да го ставите овој зачин во топла вода и да го испиете.rn
Сјај за усни
rnКако за почеток, ставете малку вазелин на усните, потоа истријте ги со малку цимет и оставете да делува 2-3 минути. Ќе почувствувате малку трпнење, но ефектот ќе биде одличен. Никогаш не ставајте цимет директно на кожата бидејќи може да дојде до иритација.rn
Маска за лице
rnИсчистете го лицето од акни со производ на база на цимет кој сами ќе го направите. Измешајте 3 лажички мед и 1 лажичка цимет. Кога смесата ќе стане доволно густа, нанесете ја на лицето. Циметот помага во борбата против акните, додека медот ја хидрира кожата.rn
Ја отстранува сувата кожа
rnЗа да го отстраните слојот на сува кожа и да го вратите нејзиниот сјај, доволно е да направите смеса од морска сол, бадемово масло, мед и мелен цимет, и да ја нанесете на местото каде што ви е сува кожата.rnrnДознајте нешто повеќе и за овие 6 заболувања што можат да се олеснат со чај од цимет.
-

Дали навистина масажата за лице може да ја остари вашата кожа?
Негата на лицето не е нова појава. Уште од минатото жените сакале да се негуваат и да се грижат за кожата на своето лице. Секако тогаш имале многу поинакви услови и помалку можности, но сепак биле свесни за важноста на негата. Додека некогаш им биле потребни само вода, сапун и крпа како основни средства за хигиена, денес постојат еден куп козметички препарати кои ветуваат подмладување, затегнување, блескав сјај, отстранување на црнки и акни од лицето. Плус тоа, во пораст е интересот за посета на козметичките салони кои нудат најразлични третмани за нега на лице.rnrn
rnrnКолку често одите на козметички третман за кожата на вашето лице? Еднаш месечно? Можеби кога конечно ќе најдете време и пари за да се третирате себеси. Нема сомнеж дека третманите за лицето се добри, ве релаксираат и ја чуваат вашата кожа.rnrnПостојат повеќе видови на третмани за лице, некои се покомплицирани додека други се многу релаксирачки. Од неодамна, се појави бран на интензивни вежби за лице чија намена е потиснување на знаците на стареење преку искривување на лицето. Во теорија, тие звучат ветувачки.rnrnКога оваа тема за екстремни масажи на лице беше дискутирана со една од најпочитуваните гуруа за негување на кожа, Паула Бегоун, сите слушале со огромна внимателност. Според претпоставките, штом толку брзо се проширил трендот, морало да постои некоја научна позадина за неговите блескави придобивки.rnrnСпоред Паула, овие екстремни техники на масирање/вежбање на лицето, всушност можат да предизвикаат кожата побрзо да старее и таа искажа цврсти ставови зошто сите тие треба да се избегнуваат.rn„Мразам да зборувам за трендови, затоа што тоа ме полудува. Тие ви ги губат времето и парите. Но, ајде да зборуваме за трендот кој навистина ме полудува – масажа на лице. Во внатрешниот дермис, што ѝ дозволува движење на вашата кожа, се уништува еластинот поради оштетување од сонцето, но исто така и од намерно влечење. Вашите гради почнуваат да опаѓаат не поради тоа што некој ги трга надолу туку поради нивната тежина. Ушите се развлекуваат поради тешки обетки. Погледнете ги старите жени кои носат таков накит и ќе ви стане јасно“, објаснува таа.rnrn„Па, што всушност се случува кога тие техники ги применуваат на вашето лице? Кога ја движите вашата кожа истовремено со неа се испружуваат и еластичните влакна и тие влакна се како гумен ластик кој им дозволува да се придвижат назад. Што се случува кога ќе повлечете еластичен ластик? Се растегнува и веројатно ќе се скине. Токму тоа се случува со вашата кожа. Ја губи способноста да се раздвижува и почнува со слабеење“, додава таа.rnrn„Спротивно на популарното верување, деловите од вашето лице кои најмногу ги користите се оние кои најбрзо стареат. Не ви велам да не се смеете, но не го подлегнувајте вашето лице на секакви положби само за негово зацврстување. Покрај тоа, овој тренд не е ништо ново, постои книга од 1880-те години која зборува за тоа дека фацијалните вежби ниту тогаш не функционирале, а не функционираат ниту денес. Само го поттикнуваа стареењето – па не правете го тоа!“, изјавува гласно Паула.
rnНа вас останува дали ќе правите третмани на лице или ќе го послушате експертот за нега на кожа. Сепак на крајот, изборот е ваш.rn
Автор: Наталија Наумовска
-

2 маски од само 3 состојки со кои подочниците ќе ви исчезнат за недела дена
Некои луѓе се поподложни на подочници, а тоа влијае на изгледот на нивото лице. Со цел да се ослободите од непријатните темни кругови околу очите, направете ги овие природни маски и за само една недела ќе забележите неверојатни резултати.rnrn
rn1. Маска со компир
rnКомпирот е полн со витамини и минерали кои се познати по отстранувањето на уморот на кожата на лицето, подочниците и брчките. Станува збор за зеленчук што го освежува и омекнува тенот и одговара на сите видови кожа. Овој третман е одличен и кога очите ви се црвени и водени од поминување премногу време пред компјутер.rnrnИсчистете го компирот убаво, измијте го добро и исечкајте го кругови. Поставете ги круговите на очите и оставете да отстојат околу 15-тина минути. Тргнете ги па измијте ги очите со ладна вода. Оваа постапка можете да ја повторувате и сабајле и вечер.rn
2. Маска со кафе и кокосово масло
rnКомбинацијата од кафе и кокосово масло ќе ви помогне да се ослободите од подочниците, но и од поткожните воспаленија и отоци.rnrnИзмешајте малку кафе со неколку капки кокосово масло. Потопете ги врвовите на прстите во мешавината и втријте ја со кружни движења во областа околу очите. Оставете ја маската да отстои 10-15 минути, односно додека не се исуши. Потоа отстранете ја со помош на памукче. Измијте се на вообичаениот начин и по желба нанесете хидратантна крема. Повторувајте неколку пати неделно.
-

6 совршени фризури за девојките со округло лице
Сите форми на лица се прекрасни и имаат нешто специфично што ги издвојува од другите, па за да ги нагласите овие уникатни карактеристики мора да знаете која фризура да ја изберете. Ако и вие сте девојка со округло лице, тогаш имаме 6 одлични предлози за вас! Одберете ја вашата омилена фризура и истакнете ги препознатливите црти на вашето лице.rn
1. Растурена пунџа
rn
rnrnСелена Гомез има природно округла форма, па затоа и постојано си игра со отпуштените прамени што го врамуваат нејзиното лице. Оваа комбинација со нејзините шишки е одлична за повеќе видови лица, но најдобро им стои на оние со округло.rn2. Странична фризура
rn
rnrnФризурата на Ема Стоун е класична и елегантна, исто како и нејзиниот типичен изглед. Страничната фризура одлично ќе им одговара на девојките со округло лице поради асиметричните делови што ќе ја разбијат формата и ќе ги истакнат образите.rn3. Класична кратка фризура
rn
rnrnКратката коса е во тренд веќе неколку години, најмногу затоа што одговара на сите видови лица. Па, ако сакате да експериментирате ова лето, инспирирајте се од фризурата на Џенифер Гудвин, но не заборавајте на шишките бидејќи тие се најдобар избор за округлите лица.rn4. Брановидна коса
rn
rnrnАко не можете да се одлучите помеѓу кратката и долгата коса, пробајте ја фризурата на Криси Тајген. Со цел оваа фризура да изгледа одлично на вашето лице, побарајте совети од фризер за стилизирање на предниот слој на косата.rn5. Патец на средина
rn
rnrnСара Хиланд обожава да ја носи својата коса со патец на средина, притоа правејќи си убава рамка околу своето мало округло лице. Најдоброто нешто кај оваа фризура е што можете да ја направите на сите видови должини на косата.rn6. Паж
rn
rnrnНајважното нешто што треба да го запаметите за оваа фризура е да пробате да направите илузија, односно мала асиметрија на вашето лице. Ако сакате да изгледате исто како Мила Кунис и имате округло лице, тогаш оваа идеја е совршена за вас!rnrnДознајте како да направите боб фризура, дури и ако имате долга коса. -

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето
Доколку имате дупла брада, полни образи или брчки околу очите, нема потреба да барате решение кај пластичната хирургија. Јогата за лице може да ви помогне да изгледате помладо на природен и безболен начин. За разлика од козметичките процедури и инјекции, вежбите за лице се како благ, но ефективен тонер којшто ја подобрува циркулација, ги зајакнува вашите мускули и дава трајни резултати. Па, пробајте ја оваа програма со 9 вежби со која ќе го ослабите и ќе го измазните лицето.rn
1. Обликувајте ја вилицата
rn
rn- rn 011
- Поставете ги дланките на двете страни од брадата покрај вилицата.
- Држете ја главата исправена и полека испружете ја брадата напред, создавајќи отпор во мускулите на вратот.
- Држете неколку секунди, и пуштете.
- Повторете 10-15 пати.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
2. Подобрете ја циркулацијата
rn
rn- rn 011
- Поставете ги дланките на слепоочниците и затворете ги очите.
- Малку затегнете ја кожата на челото од страните.
- Исплазете го јазикот што е можно повеќе.
- Дишете бавно, вдишувајќи од носот и издишувајќи низ устата.
- Правете ја вежбата 30 секунди.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
3. Зајакнете ги образите
rn
rn- rn 011
- Поставете ги 3-те средни прсти од десната рака на устата.
- Ставете ја левата дланка на левиот образ.
- Вдишете длабоко од носот, а потоа држете го воздухот во образите додека ја држите устата затворена.
- Нежно притиснете го левиот образ.
- Држете неколку секунди, па издишете.
- Повторете 10-12 пати на секоја страна.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
4. Опуштете ги мускулите н очите
rn
rn- rn 011
- Поставете ги прстите над и под очите, како на фотографијата.
- Очите треба да бидат помеѓу средниот и домалиот прст, средниот прст потпрете го на веѓите, а палците поставете ги зад ушите.
- Нежно затегајте ја кожата околу очите, горе и долу, подигајќи ги веѓите и спуштајќи ги јаболчици со вашите прсти.
- Држете ја положбата 30 секунди.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
5. Изострете го носот
rn
rn- rn 011
- Направете лабави тупаници со дланките и поставете ги над горната усна, така што показателите се веднаш под вашите ноздри.
- Нежно затегнете ја кожата под носот надоле.
- Држете ја положбата 30 секунди.
rn 011
rn 011
rn
rnПродолжува на следната страница…rnrn
-

5 јасни знаци дека користите крема што не одговара на вашиот тип кожа
Покрај толку голем избор, понекогаш е навистина тешко да ја пронајдете вистинската крема за вашиот тип кожа. Затоа и бараме препораки од нашите пријателки при одбирањето крема, за која се надеваме дека ќе направи чуда со нашата кожа, но иако на нив им делува одлично, кај нас како да го прави токму спротивното. Па, ако ги забележувате овие знаци, тогаш без сомнение користите крема што не ви одговара. За да го задржите здравјето на вашата кожа, сменете ја веднаш.rnrn
rn1. Миризбата на кремата е многу интензивна
rnИако на прв поглед делува дека миризбата на кремата не е воопшто важна, ако тој мирис е многу интензивен, тоа значи дека кремата е полна со хемикалии што треба да ги избегнувате по секоја цена, особено ако имате чувствителна кожа, подложна на иритации.rn
2. Непријатно чувство на лицето
rnДоколку по нанесувањето на кремата почувствувате пецкање или чешање, веднаш измијте го производот од лицето со цел да спречите дополнителна иритација на кожата. Доколку сте во можност да пробате тестер пред да се одлучите за некоја крема, направете го тоа бидејќи на тој начин ќе заштедите многу ако кремата не ви одговара.rn
3. Неочекувано појавување на акни
rnАко неколку денови по користењето на новата крема ви се појави проблем со акни или митесери, таа најверојатно е премногу тешка за вашата кожа и може да ви ги затвори порите. Побарајте полесна, хидратантна крема.rn
4. Недоволна хидратација
rnАко имате многу сува кожа, потребна ви е навистина хидратантна крема. Кремите што во својата структура имаат голем процент вода се идеални за личностите со мрсна кожа, додека пак, вистинскиот избор за оние со сува кожа се креми базирани на масла или хијалуронска киселина.rn
5. Не одговара на секој дел од вашето лице
rnПоголемиот дел од луѓето имаат комбинирана кожа, што значи дека на одредени делови од лицето им е сува, на некои мрсна, а на некои нормална. Доколку и вие имате ваков вид кожа, нормално е кремата да не ви одговара на сите делови од лицето подеднакво, па во тој случај добро е истовремено да комбинирате две креми што ќе задоволат и потребите на мрсната и потребите на сувата кожа.rnrnПогледнете ги и овие 7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатно.
-

7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатно
Нормално е во 20-тите негата на кожата да ви биде сведена на отстранување на шминката пред спиење. Нормално е да живеете со полна пареа, да експериментирате, а спиењето од 4 часа да го сметате за бонус. Но додека да се освестите, веќе сте наполниле 30 години. Тогаш, кога ќе се погледнете во огледало ќе се исплашите од вашите подочници и новите брчки и нема да ви биде јасно што се случило. За да го избегнете ова, важно е да ги знаете следниве совети за убавина што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно и после 30-тата година од животот.rnrn
rn1. Чистете го лицето два пати дневно
rnРедовното чистење ќе го намали бројот на мртви клетки на кожата и вашиот тен ќе биде поубав. Чистото лице е совршена основа за производи против стареење.rn
2. Почнете да користите дневна и ноќна крема за лице
rnСо цел да ја спречите појавата на знаците на стареење, избегнувајте да користите една крема за секоја прилика. Ноќната крема ќе ја збогати вашата кожа со кислород и ќе ја подобри регенерацијата на кожата во текот на ноќта, а наутро навистина ќе ја забележите разликата.rn
3. Користете креми со заштитен фактор
rnДури и ако сакате да фатите боја, мора да нанесувате заштитна крема на лицето секој ден. Важно е да го заштитите лицето дури и ако поголемиот дел од денот го поминувате во затворено. Ништо нема да го забави стареењето како заштитата од ултравиолетовите зраци. Најдобро е да одберете дневна крема за лице со заштитен фактор поголем од 15.rn
4. Вложете во апарат за пареа за лице
rnОвие апарати не се многу скапи, а се одлични за вас. Во водата можете да додадете и некое етерично масло, во зависност од она што сакате да го постигнете. Кога ќе ги отворите порите со пареа, продуктите за нега полесно ќе навлезат во кожата.rn
5. Избегнувајте го шеќерот
rnКонсумирајте што повеќе зелена храна, а што помалку шеќер и кофеин. Шеќерите го забрзуваат процесот на стареење и предизвикуваат разни проблеми со кожата. Шеќерот во телото се врзува со протеините и клетките на колаген во кожата, а овој процес го забрзува создавањето на слободни радикали и воспаленија. Ова пак, им ја отежнува нормалната активност на клетките, па доаѓа од предвремено стареење на кожата.rn
6. Правилото АЦЕ
rnПочнете уште веднаш со земање витамини и применувајте го правилото АЦЕ:rn
- rn 011
- Витамин А: Сладок компир, органски путер, зелен лиснат зеленчук, риба.
- Витамин Ц: Пиперки, бобинки, брокули.
- Витамин E: Ореви, лешници, бадеми, семиња.
rn 011
rn 011
rn
rnСекој ден јадете по едно нешто од сите три групи и за многу брзо ќе ја забележите разликата на вашето лице.rn
7. Не се сите козметичарки добри
rnНајважното од сè е да не му го доверувате вашето лице на кого било. Не се добри сите козметичарки. Лошата нега може да ви создаде проблем кој после ќе ви биде тешко да го отстраните. Пред да отидете каде било, распрашајте се и слушајте препораки само од луѓе на коишто им верувате.rnrnДознајте кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа.