КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Што откриваат цртите на вашето лице за вас?

    Што откриваат цртите на вашето лице за вас?

    Постојат неколку факти што откриваат дека постои поврзаност помеѓу цртите на лицето и карактеристиките на личноста. Ако имате мал нос или широко лице, не станува збор само за генетика, туку изгледот може да ги предвиди и вашето однесување и реакциите. Истражувачите дошле до интересни резултати што ги поврзуваат изгледот и карактеристиките на личноста, а во продолжение прочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вас.rn

    1. Колку е пошироко вашето лице, толку повеќе имате тестостерон

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnСпоред науката, колку се пошироки вашите образи, толку е поголема веројатноста дека сте наметливи, па дури и агресивни. Меѓутоа, ако имате широко лице, не значи дека сте опасни и агресивни, но тоа укажува дека најверојатно ќе реагирате на конфликтот, наместо да го игнорирате.rn

    2. Ако вашето лице е потенко, помалку ќе страдате од инфекции

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnНаучниците откриле дека колку помалку имате маснотии на образите, толку се помали шансите за заболувања и за стрес. Освен тоа, луѓето со тенки лица имаат пониска стапка на вознемиреност и депресија. Ова може да биде поврзано со вашата кондиција затоа што, генерално, активните луѓе имаат помалку маснотии на лицето и се посреќни.rn

    3. Долгиот нос не ве прави лажго, но ве прави поамбициозни

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnИстражувачот Абрахам Тамир подолго време ги проучувал карактеристиките на лицето и нивната поврзаност со личноста. Тој забележал дека луѓето со долг нос може да бидат многу амбициозни, да имаат добар инстинкт и имаат тенденција да бидат лидери.rn

    4. Мажите со бебешко лице имаат тенденција да бидат помалку доминантни во младоста

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnНаучниците откриле дека мажите кои имаат бебешко лице се помалку доминантни во младоста, но учат како да бидат посамоуверени додека растат.rn

    5. Луѓето со високи веѓи се пољубезни

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnКако основа на ова истражување бил користен моделот на петте големи карактеристики на личноста и според тоа, забележано е дека оние луѓе што се пољубезни, имаат повисока линија на веѓите и помал распон на челото. Истражувачите забележале дека луѓето што имаат исто ниво на совесност и симпатичност, имаат слични лица.rn

    6. Колку е пократок носот, толку сте почувствителни

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnОткако проучиле 1.793 слики, истражувачите забележале дека луѓето што имаат убав и краток нос полесно и побрзо ја покажуваат чувствителната страна. Исто така, тие може да бидат пољубезни од останатите.rn

    7. Екстровертите имаат поиспакната брада

    rnШто откриваат цртите на вашето лице за вас?rnrnИстражувањата покажале дека и комуникативните луѓе имаат некои заеднички карактеристики на лицето. Колку сте поголем екстроверт, толку повеќе ви се испакнати носот и усните. Исто така, забележано е дека овие луѓе имаат поизразена брада и подобри мускули за џвакање.rn

    Бонус: Страната на која позирате покажува колку сте емотивни

    rn

    Што откриваат цртите на вашето лице за вас?

    rnОткако ги разгледале сите тестови и резултати, истражувачите откриле дека ако сте поемотивни и експресивни, склони сте да позирате со левиот образ затоа што тој изгледа пофотогенично. Позирањето со десниот образ вели дека повеќе сте научен вид личност.rnrnПрочитајте што откриваат брчките на вашето лице за вашето здравје.

  • Нов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година

    Нов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година

    Минатата година, масажерот за лице од жад беше апсолутен хит, а експертите за убавина и инфлуенсерките тврдеа дека тој помага за намалување на отоците на лицето и на црвенилото.rnrnНов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 годинаrnrnРолерите за масажа ќе бидат актуелни и во текот на оваа година, но она по што сите лудуваат се програмите за гимнастика на лицето. Низ САД се отвораат „теретани“ за лице, а онлајн-курсевите веќе го преплавија Интернетот.rnrnДобрата масажа на лицето може да ги елиминира главоболката и исцрпеноста, а лицето можете да го масирате и дома. Пред да започнете со масажата, отстранете ја шминката и подгответе масло што ќе им помогне на рацете полесно да се лизгаат по кожата.rnrnПокријте го целото лице со рацете така што врвовите на прстите ќе се наоѓаат на челото, а краевите на дланките ќе бидат близу до брадата.rnrnДржете ги така неколку секунди, а потоа полека и нежно движете ги кон ушите, така што на тој начин ќе го нанесувате маслото по целото лице.rnrnПогледнете кои 3 модни додатоци ќе доминираат во текот на 2020 година.

  • Намуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денеска

    Намуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денеска

    Во последно време стана тренд родителите да нарачуваат фотосесии за своите бебиња. И додека сите очекуваат бебињата да имаат среќни и насмеани лица, едно бебе одлучи да го стори токму спротивното и да прави само налутени и незгодни гримаси за време на целата фотосесија, но и покрај тоа фотографиите се преслатки.rnrnНамуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денескаrnrnОва бебе се вика Луна и има само 14 дена, но покажала дека не е ја интересира фотосесијата и решила да се намурти наместо да биде слатка. Всушност, нејзините родители, Лори и Кристијан Муза не биле изненадени, затоа што Луна и претходно ги имала направено овие фацички. Тие дури и ја предупредиле фотографката дека е можно бебето да се намурти. Од она што можеме да забележиме, може да заклучиме дека Луна не е баш голем љубител на фотосесиите.rnrnНамуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денескаrnrnИ покрај тоа што Луна изгледала особено незгодно во текот на целата сесија, фотографот Џастин Тухи рекол дека Луна била мирна за време на сликањето. Всушност, Џастин изјавил дека ова се едни од најдобрите фотографии со бебе што некогаш ги фотографирал.rnrnНамуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денескаrnrnБебето било завиткано во пријатно и топло ќебенце за време на фотосесијата, но на секоја од фотографиите, го покажува своето налутено лиценце. Фотосесијата траела околу 90 минути, и покрај тоа што Луна не била особено среќна или импресионирана од нејзиното прво вакво искуство.rnrnНамуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денескаrnrnОчигледно е дека Луна не била многу воодушевена од ваквото искуство, но иако ни се мурти не можеме, а да не се заљубиме во нејзиното симпатично лице.rnrnМожеби сакате да ги погледнете и 19-те празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќ.

  • Како да се справите со отеченоста на лицето?

    Како да се справите со отеченоста на лицето?

    Отеченото лице е еден од најголемите козметички проблеми на жените ширум светот. За жал, не постои начин целосно да се спречи отеченоста на лицето, но постојат начини за намалување на нејзината појава. Прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да ја намалите отеченоста на лицето.rnrnКако да се справите со отеченоста на лицето?rn

    1. Спијте со дополнителна перница под главата

    rnДополнителната перница помага во борбата против гравитацијата и е еден од најлесните начини за спречување отоци бидејќи ја намалува количината течност што се задржува во лицето.rn

    2. Измијте се со ладна вода

    rnНе постои ништо подобро од ладна вода за разбудување на лицето и за забрзување на циркулацијата на крвта. Ладната температура е брз начин за затегнување на порите и за вазоконстрикција на вените, а тоа значи истиснување на насобраната течност од лицето, што дополнително помага во намалување на отокот.rn

    3. Ролери за лице

    rnНекои заговорници на ролерите за лице тврдат дека движењето камен (најчесто жад) на вашето лице може да ја урамнотежи вашата аура, да ги прочисти токсините и да го поттикне производството на колаген.rnrnНауката не може да го потврди ова, но сигурно е дека ролерите му прават лимфна масажа на вратот.rnrnАко претходно ги изладите ролерите во фрижидер и потоа го измасирате лицето, ќе го елиминирате отокот, а во комбинација со жад можете дополнително да го намалите воспалението.rn

    4. Третман со зелен чај и компир

    rnСварете го зелениот чај и ставете го во фрижидер да се излади, а потоа исечкајте го компирот на неколку парчиња и потопете го во ладниот чај. Натопените компири ставете ги на очните капаци.rnrnЛадната температура и кофеинот од чајот брзо ќе ја намалат отеченоста на очите, особено затоа што станува збор за комбинација на антиоксиданти и скроб.rnrnПогледнете како едноставно и брзо да ги покриете седите влакна доколку немате време за бојадисување на косата.

  • Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

    Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

    Често посегнуваме по пастата за заби кога ќе ни се појави некое мозолче, но според дерматолозите ваквиот начин на решавање на проблемите со кожата на лицето не е правилен.rnrnСрушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?rn

    Може ли пастата за заби да ги „исуши“ мозолчињата?

    rnЗамислете: Ви излегува мозолче, вие ставете малку паста за заби на него пред спиење и утрината се будите со чиста кожа. Па, тоа е магично! Но, нереално. Според дерматолозите, пастите за заби обично се полни со состојки кои може да ја исушат кожата слично на алкохолот. Доколку имате и најмало знаење за кожата на вашето лице, тогаш сигурно сте запознати со фактот дека таа не е толерантна кон алкохолот како таков.rn

    Зошто ставањето паста за заби на мозолчиња е лоша идеја?

    rnПастата за заби може силно да ја изиритира кожата на лицето. Повеќето од пастите содржат алкохол, ментол, сода бикарбона и водород пероксид – сите овие состојки ќе ги исушат вашите мозолчиња, но ќе ве доведат и до ризик од иритација на кожата. На тој начин, кожата произведува повеќе масти за да ги надомести загубените, а тоа доведува до затворање на порите, воспаленија и масна кожа.rnrnДури и ако ставите само малку паста на мозолчето, таа гнојна дамка може да се прошири на остатокот од кожата, да ја изиритира и потенцијално да предизвика уште повеќе акни. Плус, пастата за заби само го суши горниот слој од вашата кожа, без да ги уништи бактериите внатрешно. Од тие причини, таа е прилично лошо решение.rn

    Како вашите мозолчиња брзо да исчезнат?

    rnАко имате проблем со воспалени мозолчиња, за жал, за нив нема брзо решение. Кремите со хидрокортизон може да ви помогнат при воспаление, но лековите препишани од доктор може целосно да го решат вашиот проблем. Најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог, да отидете на третмани за лице, но во никој случај не посегнувајте по пастата за заби со цел да ги отстраните мозолчињата и митесерите.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 3-те навики за време на празничните прослави што ја уништуваат кожата на лицето.

  • Како до чисти пори и изедначен тен? Користете магдонос

    Како до чисти пори и изедначен тен? Користете магдонос

    Затнатите пори се причина за барем половина од проблемите поврзани со вашето лице. Постојат различни начини да ги исчистите порите, а трикот со магдонос е еден од нив. Овој зеленчук може да ви послужи за правење на едноставни домашни третмани благодарение на кои ќе можете да ги исчистите вашите пори на природен начин.rnrnМагдоносот е растение што има својство да ги стеснува порите, притоа туркајќи ги токсините и останатите нечистотии што ги затнуваат.rnrnКако до чисти пори и изедначен тен? Користете магдоносrnrnЕве неколку начини за да ги искористите предностите на овој зеленчук:rnrnОткако ќе ги измиете свежите ливчиња магдонос, потопете ги во врела вода. Оставете ги да отстојат внатре додека водата не се излади. Потоа во чајот од магдонос потопете памучна крпа и со неа прекријте го лицето 10-15 минути. Оваа постапка повторувајте ја секој втор ден.rnrnДруг начин за да го искористите лековитото својство на магдоносот е со парење на лицето. Парењето на лицето е неопходен метод за време на професионалните козметички третмани бидејќи после тоа кожата е мека и порите се чистат многу полесно.rnrnВо тенџере со врела вода ставете грст свеж магдонос кој претходно сте го исечкале. Поставете го лицето над тенџерето и покријте се со пешкир додека водата со магдонос испарува (исто како за време на настинка).rnrnЛековитата пареа треба да ви го допира лицето околу 10 минути. После тоа, кожата е мека, порите се отворени и подготвени за длабинско чистење.rnrnЗа дополнителна нега, проверете ги и овие масажи што се прават секојдневно за одржување на цврстината на кожата на лицето.

  • Фацијални масажи што се прават секојдневно за одржување на цврстината на кожата на лицето

    Фацијални масажи што се прават секојдневно за одржување на цврстината на кожата на лицето

    Добрата вест е што не морате да давате многу пари за да ги пробате овие третмани – вие можете слободно самите да ги правите дома. Во зависност од тоа што сакате да „поправите“ на вашето лице треба да одберете една од масажите што ќе ви ги претставиме во продолжение. Пред да почнете, само нанесете на лицето неколку капки масло или серум, па опуштете се и уживајте во масажите кои ќе имаат неверојатен ефект на вашата кожа.rnrnrn

    1. За намалување на надуеноста околу очите

    rnКожата околу очите е многу тенка, па водете сметка да не ја притискате премногу. Со двата домали прсти правете кругови, започнувајќи од веѓите, односно од челната коска, кон надворешниот агол на окото, па под него и назад кон точката на започнување.rn

    2. За чело без брчки

    rnКористејќи ги двата средни прста и показалци, нежно притиснете ја точката помеѓу веѓите и движете ги прстите кон горе, до косата. Потоа одвојте ги малку, и повторете ја постапката. Правете го ова сè додека не го поминете целото чело.rn

    3. За дефинирање на линијата на брадата

    rnСпојте ги прстите меѓу зглобовите, така што дланките ќе ви се допираат однатре и „потпрете“ ја брадата на нив. Движете ги прстите со благо притискање кон ушите, повторувајќи неколкупати.rn

    4. За јагодиците

    rnИстото движење од претходната масажа може да се направи и тука, само подигнете ги прстите под јагодицата. Масажата комплетирајќи ја со благо штипкање, со цел да ја поттикнете циркулацијата, а со тоа и да направите природно руменило.rnrnДополнителен совет: Правете ја секоја масажа најмалку 3 минути секојдневно, за да забележите разлика.

  • Што кажуваат брчките на вашето лице за вашето здравје? Проблемите со срцето се читаат од челото

    Што кажуваат брчките на вашето лице за вашето здравје? Проблемите со срцето се читаат од челото

    Брчките на лицето, освен што ги издаваат нашите години и акумулираниот замор, укажуваат и на тоа од која болест постои можност да заболиме во иднина.rnrnШто кажуваат брчките на вашето лице за вашето здравје? Проблемите со срцето се читаат од челотоrnrnТака на пример, длабоките брчки на челото можат да бидат ран показател на атеросклероза, односно засирени крвни садови кои можат да доведат до сериозни срцеви заболувања. Во студија која траела 20 години и во учесниците биле на возраст од 32 до 62 години, се открило дека луѓето со длабоки брчки на челото почесто умирале од срцеви болести во однос на оние кои ги немале. Настанувањето на овие линии на челото најчесто е предизвикано од стрес, кој е пак најголемиот причинител на болестите на срцето.rn

    Брчки на образите – рак на кожа

    rnДури и кога на вашата кожа на лицето ги нема препознатливите дамки од сонце кои укажуваат на можна појава на рак на кожа, присуството на тенки брчки на образите упатува на истото.rn

    Многу ситни брчки – висок крвен притисок

    rnПретходно споменатата студија покажала дека жените кои во зрелите години можат да се пофалат со младолик изглед и недостаток на впечатливи брчки всушност имале понизок крвен притисок од оние со видливи линии. Научниците сметаат дека тоа е зашто крвните садови на госпоѓите без брчки се поздрави и со самото тоа изгледаат помлади, така што подобро ја штитат кожата. Додека, кај оние со видливи брчки, вените биле во полоша состојба, односно тие биле помалку проодни поради што постоел ризик од висок крвен притисок.rn

    Изразена збрчканост по целото лице – остеопороза

    rnВрската помеѓу остеопорозата, болеста на коските и богатата мрежа од брчки на лицето е колагенот. Имено, со години во нашето тело се намалува лачењето на овој протеин заслужен за еластичноста на кожата, но и за цврстината на коските. Резултатот од ова е истовремено повеќе брчки и покревки коски склони кон остеопороза.rnrnПрочитајте повеќе на темата во ова истражување кое открива дека длабоките брчки на челото може да се прв знак за срцева болест и смрт.

  • Како да го намалите утринското отекување на лицето?

    Како да го намалите утринското отекување на лицето?

    Без разлика дали сте јаделе премногу солена храна претходната вечер, имате напад на алергија или пак, сте испиле повеќе алкохол, утринското отекување на лицето лесно може да се отстрани ако знаете што да правите. Од кругови краставица на очите, до миење со ладна вода – сигурно сте испробале безброј начини да го намалите отокот со којшто сте се разбудиле. Но, ниту една од овие техники не ви помогнала. Што треба да направите тогаш?rnrnrnrnСпоред Рене Ролеу, естетичарката која е позната по работата со славни личности, меѓу кои е и Деми Ловато, постои еден исклучително едноставен трик. Станува збор за туширање со жешка вода! Утринското туширање со жешка вода ги проширува лимфните садови, што автоматски го олеснува движењето на вишокот течности што се насобираат во лицето. Како додаток, топлината помага за циркулацијата, а силата на млазот вода го стимулира излегувањето на вишокот течности од пределот околу очите.rnrnПрочитајте ги и овие 15 моќни совети кои ќе го спречат отекувањето на очите.

  • Ова слатко маче не може да најде дом поради необичната шара на неговото лице

    Ова слатко маче не може да најде дом поради необичната шара на неговото лице

    Мачките се едни од најнеодоливите и најсаканите животни во светот. Без разлика дали спијат по цел ден на нашата работна маса или пак, безгрижно ги туркаат сите објекти сместени на работ од полиците – тие се едноставно премногу слатки за да ги мразиме. Дури и кога имаат шара во форма на пенис на своето лице. Дефинитивно не е ретко да се видат животни со необични форми по нивното крзно, но мачката Дејзи, што живее во засолниште во Сиднеј е најверојатно најнесреќната. Сакајќи да ѝ помогнат, голем дел од луѓето што ја виделе изјавиле дека формата на нејзиното лице повеќе делува на лисица, знак за мир, срце, тотем на орел, ангел… Што мислите вие? Се надеваме дека ова маче ќе биде брзо посвоено бидејќи тоа заслужува љубов!rnrn rnrnКучето Џаспер ќе ве освои за миг: Само погледнете го овој снежнобел весел лик!