КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Како да бидете пофотогенични?

    Како да бидете пофотогенични?

    Според статистиките, на секоја секунда во светот се прават по 23 милиони фотографии, а на секои две секунди на Фејсбук се прикачуваат повеќе од 600.000 слики, така што воопшто не е чудно доколку сакате да научите неколку трикови за да бидете пофотогенични. Како и многу други работи во животот така и позирањето е талент кој може да се подобрува и усовршува.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Грижете се за кожата и лицето

    rnВашата прва одбрана од лоши фотографии е чистата и жива кожа. Мијте го редовно лицето и користите лосиони и хидратантни креми за да го освежите, но и за ги исчистите затнатите пори. Машките кои имаат брада пожелно е секогаш да внимаваат таа да е уредена и еднаква од двете страни на лицето.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Одберете ја вистинската облека

    rnВелат дека облеката го прави човекот. Посветете повеќе време при изборот на гардеробата пред да излезете надвор. Усогласете ги боите и дезените за да бидете сигурни дека тие ќе изгледаат одлично пред апаратот, притоа имајќи предвид дека големите и воочливи шари ќе ве засенат. Ова не значи дека секогаш треба да ги носите вашите најскапи парчиња облека за да изгледате добро, туку да искомбинирате парчиња облека кои навистина ќе одговараат на вашиот стил. Почнете да носите бои кои одговараат на вашата кожа (за мажи, за жени) и избегнувајте риги кои ќе му додаваат широчина на вашето тело. Клучно е да изгледате спокојно и смирено во она што го носите. Не само што облеката ќе изгледа одлично на вас, вие ќе изгледате посамоуверени на фотографиите.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Најдете ја вашата омилена фотографија

    rnЕве ви шанса малку да си ја истакнете суетата. Пребарајте нив вашите албуми и најдете ја онаа фотографија која ја сметате за ваша најдобра. Доколку не можете да се одлучите на која слика изгледате најзгодно и најубаво, побарајте друго лице да ја изврши задачата како непристрасен судија. Откако ќе ја најдете вашата омилена фотографија, добро проучете ги сите елементи и позиционирањето на вашето тело, запаметете ги и секогаш имајте ги на ум.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Вежбајте ја вашата поза

    rnДоколку во претходниот чекор не сте успеале да ја најдете вашата омилена фотографија, тогаш преминете на вежбање на класичната моделска поза. Класичната моделска поза бара од вас да го позиционирате вашето тело закосено од камерата прикажувајќи 3/4 од него, со едната нога понапред и едното рамо поблиску до апаратот од другото. Ова е многу полесно за девојките бидејќи тие имаат тенденција тоа да го прават природно, додека мажите си имаат потешкотии, поставувајќи се централно исправени пред апаратот. Исто така, можете благо да ја завртите главата на страна и да гледате право напред. Оној кој ќе ја погледне фотографијата ќе добие чувство дека вашиот поглед е вперен кон него, без разлика на аголот на гледање.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

    Смејте се

    rnВизуелизирајте се себеси како успевате. Верувале или не, оваа реченица навистина помага за да направите една фотогенична насмевка. Основната идеја е да се направи природна насмевка преку обземање од позитивни мисли. Позитивната мисла ќе се отслика и во вашите очи.rnrnКако да бидете пофотогеничниrnrnДа се сметате за фотогенична личност во голема мера се поистоветува со тоа да бидете опуштени и да се чувствувате слободно пред апаратот. Среќата навистина се пренесува од моментот на фотографијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 чекори до совршени веѓи

    4 чекори до совршени веѓи

    Обликувањето веѓи е една од суптилните нешта кои лицето го прават средено и чисто. Необликуваните веѓи ги кријат потенцијалите на лицето, неговите убави црти и карактеристични линии.rnrn4 чекори до совршени веѓиrnrnПогледнете четири брзи и лесни чекори за убаво обликувани веѓи со природен изглед.rn

    Чекор 1

    rn4 чекори до совршени веѓиrn

    Најважно е да знаете што ви треба за убаво обликувани веѓи:

    rn

      rn011

    • моливче за веѓи во боја на вашите веѓи
    • rn011

    • четкичка за веѓи
    • rn011

    • пинцета
    • rn011

    • ножички за обликување на веѓи
    • rn

    rn

    Чекор 2

    rn4 чекори до совршени веѓиrnrnНајдете ја природната линија на веѓите. Како да го направите тоа? Земете ја четкичката за веѓи и држете ја вертикално на лицето за да се допира до носот, а врвовите на четкичката да се допираат до челото. Онаму каде што е врвот на четкичката, таму треба да почнува природниот раст на веѓите. Потоа, изедначете ја четкичката со вашиот ирис. Таму каде што е средината, веѓата треба да почне да се истенчува. На крај, изедначете ја четкичката спрема крајниот агол на окото. Онаму каде што се наоѓа четкичката, таму треба да завршуваат веѓите.rn

    Чекор 3

    rn4 чекори до совршени веѓиrnrnСо помош на четкичката за веѓи, внимателно исчешлајте ги веѓите кон горе, накај челото. Земете ги ножичките и потстрижете ги влакненцата кои излегуваат надвор од природниот облик на веѓата. Стрижете внимателно за да добиете правилен облик на веѓите. Потоа, со четкичката исчешлајте ги веѓите во природната положба.rn

    Чекор 4

    rn4 чекори до совршени веѓиrnrnЗастанете пред огледалото и внимателно со пинцета вадете ги влакненцата околу веѓите. Влакненцата секогаш отстранувајте ги во насоката во која растат, за да спречите појавување на поткожни влакненца. Употребете го моличвето за веѓи доколку сакате да ја потенцирате бојата на веѓите, да ги пополните или да ги истакнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква фризура најдобро ви прилега?

    Каква фризура најдобро ви прилега?

    Постојат многу стилисти кои навистина умеат одлично да ви ја средат косата, но проблемот е како да знаете кој е вистинскиот за вас?rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rnrnНаместо да размислувате во кој салон да закажете потстрижување, внимателно погледнете го обликот на вашето лице во огледало и констатирајте кој од овие 4 облици најмногу се совпаѓа со вашиот. Пронаоѓањето на фризура која убаво ќе прилега на вашето лице, е  клучот за да изгледате помладо и посвежо, а воедно и ќе ги прикрие вашите недостатоци.rn

    Овално лице

    rnЖените кои имаат сразмерни пропорции на лицето, можат да експериментираат бидејќи им стои буквално секаква фризура. На јајцевиден облик на лице, прекрасно прилегаат и крената асиметрична фризура и пуштена „слободна“ коса. Ако вие сте едни од нив, совршено ќе ви прилега убаво исправена коса со преса, исчешлана на средишен патец. Едноставна и сјајна, пегланата коса не прилега на секој, но изгледа одлично на жените со овално лице.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rn

    Коцкесто лице

    rnДевојките кои имаат поголеми коски на лицето, треба да носат фризура која ќе направи лицето да им изгледа потесно. Нема да погрешите доколку се решите за фризура со крупни кадрици и голем волумен, бидејќи таа ќе направи лицето да изгледа потесно. Воедно, кадриците ги ублажуваат острите црти на лицето. Стилистите, на жените со ваков облик на лицето, им препорачуваат да носат и пораснати шишки до рамена кои успешно ја прикриваат широката вилица.rnrnКаква фризура најдобро ви прилегаrn

    Срцевидно лице

    rnНа девојките кои имаат тесно лице и поистакната брада, им прилега разбушавена коса, потстрижена до врат. Големиот број ситни кадрици со средна должина, ќе прилегаат одлично на срцевидниот облик на лице и ќе направат тоа да изгледа позатегнато. Исто така, нема да погрешите ако направите рамни шишки, симетрично распоредени на челото, бидејќи тие ги ублажуваат цртите и визуелно ја намалуваат должината на лицето.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rn

    Тркалезно лице

    rnЗа да му дадете симетрија на вашето лице, направете остар патец налево и благо накадрени праменчиња. Странично потстрижени шишки во емо стил, прилегаат убаво на тркалезно лице, бидејќи ја „разбиваат“ симетријата и ги истакнуваат коските на лицето. Ако имате ваков облик на лице, одлично ќе ви прилега и високо поткрената вечерна фризура, затоа што висината не го истакнува кружниот облик на лицето, туку напротив прави тоа да изгледа покоцкесто.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.