КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

    Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

    1. За нејзиниот, за жал, многу краток животен век, Мерлин Монро сменила многу имиња. Крстена е како Норма Џин Бејкер, но во нејзиниот извод стоело името Норма Џин Мортенсон. Подоцна, кога се омажила за Џејмс Доерти, станала г-ѓа Норма Џин Доерти. Иако за јавноста станала позната како Мерлин Монро, уште во 1946 година, таа не го сменила нејзиното име и на хартија сѐ до 1956 година. Подоцна, кога му станала жена на Артур Милер, сакала да ја нарекуваат Мерлин Монро Милер, па така во тој период доста популарни станале нејзините иницијали М.М.М.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn2. Во декември, 1953 година се појавила на насловната страница на првиот број на Плејбој. Во магазинот имало и друга фотографија од Мерлин, на која таа била гола, за што ѝ биле исплатени 50 долари. Инаку после нејзината смрт, Хју Хефнер, креаторот на овој магазин, платил 85.654 американски долари за да резервира гробница веднаш до нејзината.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn3. Првиот чекор кон популарноста го направила кога се фотографирала за Дејвид Коновер во 1944 година, кој фотографирал убави девојки што позирале за поддршка на воените напори во тој период.  Во тоа време Мерлин работела во фабрика за муниција, но добро се вклопила во работата како фотомодел. За оваа нејзина прва работа како модел, била платена 5 долари.rnrn4. Иако се смета дека во текот на својата актерска кариера снимила точно 30 филмови, сепак никогаш не го завршила нејзиниот последен филм „Something’s Got to Give“. Била отпуштена поради тоа што летото пред нејзината смрт не се појавувала на снимањата, а најголемата иронија е што режисерите всушност повторно ја ангажирале само неколку дена пред да ја пронајдат мртва во нејзиниот дом.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn5. Мерлин никогаш не го запознала нејзиниот вистински татко.rnrn6. Депресијата очигледно била наследна во нејзиното семејство – вујкото и дедото на Мерлин исто така извршиле самоубиство.rnrn7. Првпат се омажила на 16 години за веќе споменатиот Џејмс Доерти, со цел да го избегне постојаното селење од еден дом за сирачиња во друг. Се развеле по нецели 4 години брак. Таа никогаш не успеала да заврши средно училиште.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn8. Параноично се плашела за убавината на нејзината кожа, поради што го миела лицето и по 15 пати на ден.rnrn9. Фустанот кој го носела за популарниот настап на роденденот на претседателот Кенеди бил толку тесен, што морал да се шие на неа. Мерлин не носела ништо под фустанот. Подоцна во 1999 година бил продаден на аукција за 1,26 милиони долари и станал најскапото продадено парче облека дотогаш.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn10. Кога Принцот Рение III од Монако барал жена, Монро била дел од потенцијалните избранички. На крајот Принцот ја избрал Грејс Кели.rnrn11. Според Норман Мејлер, човекот кој ја пишувал биографијата за Мерлин, ѕвездата имала најмалку 12 абортуси до 29-тата година. Но не постојат медицински документи кои би го потврдиле тоа.rnrn12. Во добро познатиот филм од 1959 година, „Some Like it Hot“, Мерлин дури 47 пати ја повторила сцената за да ја каже реченицата „It’s me, sugar“ правилно. Постојано ја грешела фразата со „Sugar, It’s me“ и „It’s Sugar, me“, па на крајот режисерот морал да ѝ ја запише на табла.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn13. Ги кратела потпетиците од нејзините чевли за да го доведе до совршенство начинот на кој одела. Подоцна елегантното и провокативно движење на колковите станало нејзин заштитен знак.rnrn14. Иако за многумина била само убаво лице, таа била и умствено богата. Поседувала преку 200 книги, ги читала Толстој и Витман, често го слушала Бетовен и одела на часови по литература.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn15. Мерлин имала мал ритуал при капење. Нејзиниот масер честопати ѝ подготвувал када со мраз, во која таа секогаш додавала неколку капки Шанел 5, нејзиниот омилен парфем.rnrn16. Повеќето луѓе сметале дека Мерлин имала облини, но реално таа била прилично ситна и добро градена жена. Тежела 52 кг, а била висока 165 см. Нејзината тежина варирала, но нејзините пропорции најчесто биле 91-60-86 или 96-58-91 за гради-струк-бутини, што се речиси идеални пропорции за кои повеќето жени можат само да сонуваат.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn17. Френк Синатра ѝ подарил бела француска пудла која ја нарекле Маф. За многумина тоа е уште еден показател кој го поврзува Синатра со мафијата.rnrn18. Монро ја има на американска поштенска марка од 1995 година.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn19. Првиот пат кога давала автограм како Мерлин Монро, не знаела да си го спелува името.rnrn20. Пробала 9 различни нијанси на руса коса. На крајот се решила за нејзината легендарна платинеста боја. Инаку, кога не работела, преферирала на себе да носи само бањарка, а понекогаш и бикини.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чекори до совршено бричење

    Неколку чекори до совршено бричење

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnrnИако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Подготовка

    rnТуширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.rn
    rn

    Измијте го лицето

    rnМиењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.rn
    rn

    Отстранете ги мртвите клетки

    rnПо миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Употребувајте квалитетен гел за бричење

    rnДоколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.rn
    rn

    Употребете квалитетен брич

    rnБричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.rn
    rn

    Внимавајте на техниката на бричење

    rnБричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.rn
    rn

    Исплакнете го лицето

    rnВеднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.rn
    rn

    Не употребувајте крпа

    rnНемојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Нанесете балсам за после бричење

    rnСамо соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.rn
    Дури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашни третмани за нега на кожата

    Домашни третмани за нега на кожата

    Не секогаш мора да потрошите цело богатство со цел да се ослободите од несаканите појави на вашето лице и тело. Кога подобро ќе размислите, сите состојки кои ви требаат за успешно да се справите со овие непријатности, веќе ги имате во својот дом, само треба правилно да ги искомбинирате.rnrnДомашни третмани за нега на кожатаrnrnГруба кожа на рацете – веднаш ви треба пилинг, а еве како да го направите. Во еден сад ставете 2-3 филџани млеко (само малку загрејте го за да биде млако), додадете неколку кафени лажици шеќер и со смесата масирајте ги вашите дланки. Доколку кожата на дланките ви е многу сува, додајте 2 кафени лажички мед. После тоа темелно исплакнете ги дланките со млака вода.rnrnПротив мрсна кожа на лицето – помешајте еден пивски квасец во прав со малку јогурт и притоа внимавајте добро да се соединат состојките. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена, а потоа нанесете ја на вашето лице. Мирувајте 15-20 минути, па добро исплакнете го лицето.rnrnИсто така, за ослободување од мастите и истовремено освежување на лицето, можете да направите мешавина од сок од краставица и свежо исцеден лимон. Нека стои 10-15 минути, а потоа исплакнете. Сокот од краставица направете го дома. Изрендајте една краставица и со помош на газа исцедете ја течноста од неа.rnrnЕве уште еден трик за справување со мрсната кожа – редовно чистете го лицето со памук на кој ќе нанесете малку чај од нане или камилица.rnrnФлеки од акни – доколку имате проблем со дамки односно флеки од акни на кожата на лицето или телото, добро измијте кора од лимон, врз неа нанесете малку шеќер и масирајте нежно.rnrnПротив целулит – уште една примена на кафето – кофеинот кој е составен дел од талогот на кафето е одличен борец против најголемиот непријател на женскиот пол – целулитот. Многу фабрички направени третмани против целулит во себе содржат кофеин. Соберете талог (од обично црно кафе или пак од ќесичка за филтер кафе) и додека се туширате, втријте го на најзагрозените области, како задникот и бутовите. Додека се туширате гледајте да користите што е можно потопла вода за подобар ефект, но кога ќе го плакнете талогот од себе, правете го тоа со млака вода за потоа да добиете ефект на позатегната кожа. Кафето во борбата против целулитот можете да го употребите и на други начини.rnrnЗа омекнување на кожата на лицето направете лесна и брза мешавина од брашно, маслиново масло и млеко, нанесете ја на лицето и почекајте 15-20 минути, а откако ќе ја исплакнете маската, ефектите ќе бидат веднаш видливи.rnrnПори на лицето – порите на лицето не се пријатна глетка и можат да прераснат во вистински проблем. Затоа, неколку пати неделно, откако ќе го исчистите лицето, исцедете малку течност од свеж домат на парче памук и поминете преку целото лице. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода која ќе помогне за затворање на порите.rnrnЗа сува кожа на лицето – проблемот со сува и недоволно потхранета кожа на лицето станува уште поголем во зимскиот период поради студот. Пробајте да ја потхраните со следнава смеса: 1 јајце и малку маслиново масло. 20 минути откако ќе ја нанесете, добро исплакнете го лицето. rnrnИли пак, измешајте 1 жолчка од јајце со една кафена лажичка павлака, 1 лажичка масло и 1 лажичка природно исцеден сок од грозје. Мирувајте 15-20 минути откако ќе ја нанесете маската, па темелно измијте го лицето.rnrnЗа тонирање на сите типови кожа – на лицето нанесете изрендано јаболко, нека отстои 15 минути, па исплакнете. Така кожата ќе ви биде тонирана и хидратирана.rnrnТрик за справување со подочници – големите темни подочници се резултат на бурна ноќ, а се појавуваат дури наредниот ден. Веднаш ослободете се од нив. Тоа може да го направите со ставање ќесички од сварен чај (внимавајте да не се премногу топли), по можност зелен чај бидејќи е природен антиоксидант, или чај од нане. Нека стојат 10-15 минути. Или пробајте со нанесување на парчиња домат или краставица врз очите, но пред тоа чувајте ги во замрзнувач, нека бидат малку поладни за побрз ефект.rnrnПротив сува кожа на усните и петите – усните, особено во текот на зимата, можат да бидат подложни на сушење и пукање, затоа откако ќе измиете заби, исплакнете ја четката и додека е водена, поминете неколку пати врз усните. После тоа нанесете бадемово масло. rnrnДоколку имате проблем со сува и испукана кожа на петите, направете нежна купка, а после тоа масирајте ги 10 минути со какво било масло за нега на бебешка кожа.rnrnДомашен третман на пареа – исчистете го лицето со препаратите кои обично ги употребувате, но не правете пилинг за да не ви е надразнета кожата. Зовријте вода, нека постои 5 минути да се подолади и додадете некаква билка, како зелен чај или пак етерично масло. Над садот со вода останете 5-10 минути. Овој третман има најголем ефект во прочистување на порите.rnrnСпа-третман – кој вели дека не можете да си направите спа-третман во вашиот дом? Направете смеса од три лажички какао во прав, 2 лажички брашно (по можност овесно) и додадете мед по избор.rnrnМаска против стареење на кожата – интересна употреба на аспиринот. Издробете 2-3 апчиња аспирин и измешајте ги со млака вода. Нека стои на лицето 5 минути и одвреме-навреме масирајте нежно, за да добиете ефект на пилинг. После тоа исплакнете го лицето.rnrnЗа ослободување од мртви клетки – доколку имате свежа тиква во вашиот дом, еве уште еден начин како може да ја искористите. Во еден сад додадете свежа изрендана тиква (количински, колку еден филџан за кафе) и 1 јајце, па добро измешајте ги состојките. Доколку кожата ви е сува, може да додадете малку мед и млеко. Оставете да дејствува 15-20 минути. Потоа темелно исплакнете.rnrnДомашен третман за оживување и сјај на косата – направете мешавина од 1 лажица сок од јаболко и една лажица сок од лимон. Откако ќе ја измиете косата на вообичаениот начин, нанесете од мешавината низ целата коса и по неколку минути исплакнете. rnrnЗа зајакнување на косата, изматете 2 јајца и додадете половина лажичка маслиново масло. Нанесете по целата должина на косата, масирајте на сува коса, нека делува 10-15 минути, па измијте ја косата со шампон.rnrnВнимавајте! Третманите треба да ги прилагодите според вашите потреби и според видот на вашата кожа. Маските за лице употребувајте ги еднаш до два пати неделно, а пилинг правете најмногу два до три пати месечно, бидејќи кожата треба да создаде нови клетки, а со правење пилинг премногу често, вие ù го оневозможувате тоа. Кога правите домашни маски за коса, доколку косата ви е подолга, дуплирајте ги дадените количини на потребните состојки.rnrnКолку други третмани во домашни услови за нега на кожа и коса знаете вие? Споделете ги со нас!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимата придонесува жените да изгледаат и до 4 години постаро

    Зимата придонесува жените да изгледаат и до 4 години постаро

    Стручните лица за убавина од една лабораторија во Њујорк потврдиле дека зимското време негативно се одразува на кожата на жената и дека придонесува таа да изгледа многу постаро, понекогаш и до четири години.rnrnЗимата допринесува жените да изгледаат и до 4 години постароrnrnВо ова истражување учествувале 5.000 жени на возраст од 27 до 60 години, чии кожа и очи биле набљудувани за време на лето и за време на зима. Нивниот заклучок бил дека зимата „додавала“ и до 4 години плус на нивната возраст. Лабораторијата „АМА“ како причина го наведува недостатокот на сончева светлина кој придонесува тенот на кожата да биде поблед без никаква свежина, а на лицето подочниците да бидат повоочливи.rnrnПокрај тоа, општата зимска депресија поради постојаното лошо време исто така влијае на изгледот на кожата, а недостатокот на витаминот К е уште една причина за лицето да изгледа уморно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на насмевката

    Моќта на насмевката

    Смеењето прави да се чувствуваме подобро, но со насмевката им пренесуваме добро и на другите околу нас. За денес ви направивме селекција на најубавите мисли за моќта на насмевките, кои се надеваме дека ќе ве инспирираат почесто да ги носите на себе.rnrnМоќта на насмевкатаrnrn rn

    „Денес, подарете му насмевка на некој непознат. Тоа може да биде единствената светлина што тој ќе ја види во текот на денот.“ – Х. Џексон Браун Џуниор

    rn

    „Насмевката ќе го збуни намуртениот лик кој ви приоѓа.“ – непознат автор

    rn

    „Луѓето ретко ја забележуваат старата облека, доколку носите широка насмевка.“ – Ли Милдон

    rn

    „Насмевката е крива која ги исправува сите работи.“ – Филис Дилер

    rn

    „Светот секогаш изгледа посветло кога ќе се погледне од зад насмевка“. – непознат автор

    rn

    „Пред да наместите намуртена фаца, проверете дали немате насмевка на располагање.“ – Џим Бегс

    rn

    „Насмевката е евтин начин да си го промените изгледот.“ – Чарлс Горди

    rn

    „Брчките треба само да покажуваат каде претходно имало насмевка.“ – Марк Твен

    rn

    „Опљачканиот што се смее, краде нешто од крадецот.“ – Вилијам Шекспир

    rn

    „Ако се смеете кога нема никој околу вас, навистина се чувствувате така.“ – Енди Руни

    rn

    „Животот е како огледало, ги добиваме најдобрите резултати кога се смееме.“ – непознат автор

    rn

    „Насмевката е онаа светлина што ѕирка од прозорецот на вашето лице, која им кажува на луѓето дека сте дома.“ – непознат автор

    rn

    „Сите се смеат на ист јазик.“ – непознат автор

    rn

    „Никогаш не заборавајте да бидете среќни бидејќи не знаете кој во моментот се заљубува во вашата насмевка.“ – непознат автор

    rn

    „Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите.“ – непознат автор

    rn

    „Носи насмевка и ќе имаш пријатели, носи намуртено лице и ќе имаш брчки.“ – Џорџ Елиот

    rn

    „Смеењето е заразно,rnможеш да го префатиш како грип.rnАко денес некој ти се насмевне,rnќе почнеш да се смееш и ти.“rn– Керен Меклендон-Лауман

    rn

    „Насмевката е најкраткото растојание меѓу двајца луѓе.“ – непознат автор

    rn

    „Секое намуртено лице крие и облици на пријатни насмевки, кои само чекаат да бидат ослободени.“ – д-р Санволф

    rn

    „Ако не сте го започнале денот со насмевка, сè уште не е доцна да почнете да вежбате за утре.“ – непознат автор

    rn

    „Насмевката е универзалното добредојде“. – Макс Истман

    rn

    „Никогаш не сте целосно облечени без насмевка.“ – Мартин Чарнин

    rn

    „Насмевката може да го осветли и најмрачниот ден.“ – непознат автор

    rn

    „Смејте се. Тоа им овозможува на вашите заби да дишат.“ – непознат автор

    rn

    „Смејте се! Тоа ја зголемува вредноста на вашето лице.“ – Роберт Харлинг

    rn

    „Мирот почнува со насмевка.“ – Мајка Тереза

    rn

    „Насмевката не чини ништо, но многу дава. Ги збогатува оние кои ја примаат без да ги осиромаши оние кои ја даваат. Одзема само момент, но сеќавањето од неа понекогаш може да трае засекогаш. Никој не е толку богат или моќен за да може да оди напред без неа и никој не е толку сиромав за да не може да се збогати со нејзина помош. Сепак, насмевката не може да се купи, не може да се бара, позајмува или краде. Таа е без вредност за никого додека не се подари. Некои луѓе се премногу уморни за да се смеат. Ним, подарете им една од вашите насмевки бидејќи никому не му треба насмевка толку многу колку на оној кој нема насмевка да даде.“ – непознат автор

    rn

    „Потребни се 17 мускули за да се насмеете и 43 за да се намуртите.“ – непознат автор

    rn

    „Потребен е голем напор за лицето да намести насмевка, но само помислете колку добро смеењето може да му донесе на најважниот мускул во вашето тело – срцето.“ – непознат автор

    rnСе насмеавте денес?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочници

    Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочници

    Најновите истражувања покажуваат дека кремите за лице кои се направени на база на кофеин ги бришат брчките и уморот од лицето, како и подочниците и темните кругови околу очите.Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочнициВаквите креми станаа голем хит низ светот, а за ова говори и фактот што еден производител на креми од Велика Британија морал да состави листа на чекање со повеќе од 4.000 луѓе за неговиот производ направен на база на кофеин.rnrnПознатиот шминкер Џорџи Даглас кој се грижи за изгледот нам многу холивудски ѕвезди исто така го потврдува ефектот на производите кои се направени на база на кофеин. Тој соопштува дека една таква крема користел при шминкањето на Џенифер Анистон, при што темните кругови околу нејзините очи, по одреден период самите исчезнале. Тоа е така бидејќи кофеинот ја зголемува циркулацијата на крвта во капиларите околу очите. Тоа овозможува да делувате многу поздраво и посвежо, а истовремено очите да не ви бидат отечени. Жените кои користат вакви производи велат дека очигледни резултати се добиваат по само еден месец од нивното користење.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето во служба на убавината

    Кафето во служба на убавината

    Кафето содржи многу корисни состојки, како што се овошни и органски киселини, масти, алкалоиди, минерали, магнезиум, калиум и железо. Тоа содржи и масло кое е богато со линолеична киселина, која го спречува стареењето на кожата, а има и противвоспалителни својства. Кафето без сомнение е многу корисно, но не само за пиење, туку и како козметичко средство.rnrnКафето во служба на убавинатаrn

    Освежителен лосион за лице

    rnСварете јако кафе, ставете го во калап за мраз и замрзнете го. Потоа со парче мраз избришете го лицето. Ваквиот лосион од кафе, исклучително добро ја освежува кожата на лицето.rn

    Лосион за тонирање на кожата

    rnАко наутро го пребришете лицето со памук натопен во свежо сварено кафе ќе добиете не само изедначена боја на кожата туку и благо затемнет тен.rn

    Маска против брчки

    rnДодајте една лажица брашно од ’рж во сварено и изладено јако кафе и мешајте додека да добиете фина густа смеса. Потоа додадете една жолчка и повторно промешајте. Оваа смеса нанесете ја на лицето, држете 15 минути, а потоа убаво исплакнете го.rnrnКафето во служба на убавинатаrn

    Третман  против целулит

    rnРаспоредете топло мелено кафе на проблематичните делови на вашето тело и завиткајте ги со пластична фолија. Оставете кафето да делува 15–20 минути, а потоа исплакнете. Овој третман можете да го применувате два пати неделно. Исто така, можете едноставно да ставите мелено кафе во вашиот гел за туширање и нежно да се масирате секогаш кога се туширате.rn

    Маска за темна коса

    rnИзматете две жолчки и во нив додајте една лажица рум, две лажици топла вода, една лажица мелено кафе и една лажица растително масло. Оваа смеса нанесете ја на косата и оставете да делува пет минути, а потоа исплакнете со топла вода.rn

    За сјај на темна коса

    rnАко сакате инстантно да го вратите сјајот на вашата темна коса, сварете јако кафе, изладете го, процедете го низ газа и сипете го во шише со прскалка. Потоа попрскајте ја косата и внимателно исчешлајте ја.rnrnОткако ќе се разубавите со овие рецепти, не заборавајте да прочитате и зошто не треба да го фрлате талогот од вашето кафе.

  • Што зборуваат цртите на лицето за вас?

    Што зборуваат цртите на лицето за вас?

    Се верува дека постојат сто точки на лицето со помош на кои може да се анализира карактерот. Еве некои од нив.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    Обликот на лицето

    rnЛуѓето кои имаат тркалезно лице се исклучително грижливи, чувствителни и емотивни. Тие имаат изразени сексуални фантазии и знаат да уживаат во стабилни и долготрајни врски.rnrnОние кои имаат издолжен облик на лицето се практични, методични и работливи.  Најчесто се мускулести и спортски градени, па поради тоа малку и самобендисани. Нивното его им создава проблеми во врските.rnrnОние кои имаат квадратен облик на лицето често можат да бидат агресивни и амбициозни личности со склоност за наредување. Тие имаат остар аналитичен ум и се многу одлучни.rnrnЛице во облик на триаголник е карактеристично за личности кои се темпераментни, креативни, интелигентни и имаат витка става.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    Веѓи

    rnОбликот на веѓите исто така говори за карактерот на личноста, за нејзината репутација и темперамент.rnrnГусти, маркантни веѓи се знак за агресивни и јаки личности кои се вешти со рацете.rnrnТенките веѓи откриваат личности кои се често неодлучни.rnrnНиско поставени веѓи откриваат импулсивен темперамент, додека високите веѓи означуваат претпазливост во донесувањето одлуки.rnrnРамните веѓи се знак за личности со висок естетски критериум и особена чувствителност.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    Усни

    rnОбликот на усните ни говори за сензуалноста, апетитот за храна и секс, како и за комуникативноста.rnrnТенка горна усна и бујна долна укажуваат на некој кој во врската не знае да врати со иста мерка.rnrnСпротивниот облик сугерира на личности кои можат да дадат премногу.rnrnПолни тркалезни усни се знак за грижливи, чувствителни и сензуални личности со изразен сексуален апетит, а тенките усни се одлика на себичност.rnrnСпуштена горна усна упатува на некој на кого е тешко да му се угоди, додека пак усни подигнати нагоре се знак на оптимизам. Рамни усни се знак на самоконтрола.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    И бојата на очите го открива карактерот

    rnТемно сина боја на очите значи дека личноста е сензуална и отворена, но истовремено нежна и чувствителна.rnrnСветло сини очи се карактеристични за оние кои веројатно уживаат во кокетирањето со спротивниот пол.rnrnТемно зелени очи означуваат енергија и инвентивност. Луѓето со зелени очи се спонтани и луцидни и кога сте со нив во друштво, навистина треба да си ја изострите својата интелигенција.rnrnЧоколадно кафени очи упатуваат на страстен карактер, лојалност и посветеност. Исто така, овие личности напорно работат за да обезбедат удобен живот за своето семејство. Кафените очи обично упатуваат на великодушност.rnrnСивите очи означуваат висок степен на интелигенција и рафинираност, но недоволно страст, бидејќи овие личности имаат склоност да размислуваат и премеруваат.rnrnЦрните очи се многу ретки, а ги имаат доминантни и впечатливи луѓе, кои својата цел нема секогаш да ја постигнат на најфиниот начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

    Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

    Пастата за заби ги лекува акните, мајонезот ја негува и регенерира сувата коса, фефероните го забрзуваат растот на косата, а кремот против хемороиди е одличен за отстранување на подочниците…rnrnВакви необични козметички совети има многу. Некои од нив ги користат дури и светските ѕвезди. Кетрин Зета-Џонс, на пример, забите ги мие со иситнети јагоди, а косата ја негува со рицинусово масло. Необично, но делотворно.rnrnНеобични, но ефикасни домашни трикови за убавинаrnrnЈагодите совршено ги чистат и избелуваат забите, а не ја оштетуваат глеѓта. Рицинусовото масло ѝ дава сјај на косата и го спречува прекумерното паѓање. Манекенката Јана Гупта за туширање користи кокосова паста, бидејќи е противник на сите видови сапуни. Кокосот ја прави кожата мека и нежна, а ја подобрува и нејзината влажност.rnrnАктерката Хали Бери додава мелено кафе во купката за тело. Кофеинот од кафето ја поттикнува циркулацијата и на тој начин помага во разложувањето на целулитот. Еве неколку начини како да го користите кафето во борбата против целулитот.rnrnПостојат многу народни совети за нега и разубавување, но кои од нив навистина делуваат, а кои се само губење време без никаков козметички ефект? Одговор на ова прашање дале дерматологот др. Нил Садик и фризерот Рене Фрис.rnrnНа прашањето дали урината поволно делува на проблематичната кожа и помага во лекувањето на акните, одговорот е негативен, бидејќи таа не содржи ниту антибактериски, ниту какви било смирувачки супстанци, не ги стеснува порите и не ја регулира маснотијата на кожата. Според тоа, местото не ù е на вашето лице.rnrnЛимоновиот сок може да се користи како природно средство за осветлување на косата. Овој совет е точен. Лимонската киселина во комбинација со УВ-зраците помага во осветлувањето на косата. Доколку нанесете лимонов сок на вашата коса пред да излезете надвор на сонце, таа значително ќе осветли.rnrnДали црниот чај помага во лекувањето на изгореници од сончање и убоди од инсекти? Купка од јак црн чај навистина помага. Танинските киселини што ги содржи чајот ја отстрануваат жештината од изгорениците, го ублажуваат печењето и помагаат во лекувањето на кожата. Облога од зелен чај нанесена на кожа касната од инсект, го намалува отекувањето и го забрзува заздравувањето, особено ако се стави веднаш по каснувањето.rnrnМаслиновото масло ги прави ноктите поцврсти, а кожата околу ноктите нежна и негувана. Поради тоа, би било добро барем еднаш во неделата прстите да се потопат во маслиново масло. Не е точно дека косата побргу расте доколку се третира со маслиново масло. Иако поволно делува, тоа само ја прави косата посјајна, поздрава и помека. Се нанесува најмалку десет минути пред миењето на косата.rnrnКомпирот не го отстранува вишокот маснотија од лицето, па поради тоа не треба да се користи како козметичко средство, туку само за јадење.rnrnДали фефероните го забрзуваат растот на косата сè уште е дискутабилно. Според некои тврдења, фефероните ја подобруваат циркулацијата на крвта во главата, и тоа без разлика дали ги јадете или ќе го протриете коренот на косата со нив.rnrnКремот против хемороиди навистина поволно делува во намалување и отстранување на отечените подочници. Ако се нанесе под очите, надуените подочници ќе спласнат.rnrnМајонезот ја регенерира оштетената и сува коса, како резултат на мастите и маслата што ги содржи, но поради мирисот, а и бидејќи тешко се измива, подобра опција е некоја маска за коса.rnrnКремот против пеленски осип, освен што е хидратантен, содржи и противвоспалителни супстанци кои поволно делуваат на сувата и испукана кожа на петите и лактите.rnrnПастата за заби ги лекува акните. Овој козметички трик е точен. Бидејќи ја суши кожата, ќе ги исуши и акните ако се нанесе на нив и се остави да делува преку ноќ. Треба да се користи само привремено и треба да биде бела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 видови бакнежи и нивните значења

    10 видови бакнежи и нивните значења

    Бакнежите откриваат многу за намерите на вашиот партнер, особено на првиот состанок и на почетокот на врската воопшто. Сигналите кои тој ви ги пренесува преку бакнежот понекогаш можат да бидат збунувачки, па овие совети можеби ќе ви помогнат да ги одредите неговите чувства и намери.rnrn10 видови бакнежи и нивните значењаrnrn1. Бакнеж во образ – Ова е учтив бакнеж. Може да значи неколку работи, зависно од личноста и од тоа колку долго се гледате со неа. На првиот состанок може да значи дека партнерот ја тестира ситуацијата за да не делува преагресивно. Во ваков случај може да значи дека вие треба да иницирате вистински бакнеж во уста.rnrn2. Брз бакнеж – Ваков бакнеж во текот на нова врска обично значи „ми се допаѓаш“ или „ми беше забавно“. Ова особено го практикуваат луѓето кои не се изразуваат многу вербално за своите чувства.rnrn3. Бакнеж со отворени очи – Ако забележите дека другиот не ги затвора очите кога ќе го бакнете, тоа значи дека тој е повеќе набљудувач отколку учесник во ситуацијата. Не трудете се многу околу него.rnrn4. Бакнеж со затворени очи – Ваквиот бакнеж е рецептивен. Кога ги затворате очите, вашите сетила за допир се засилуваат и поради тоа можете поцелосно да уживате во бакнежот.rnrn5. Неангажиран бакнеж –Ви се чини како другата личност да е помалку посветена на бакнувањето од вас? Ова може да е знак дека таа е преокупирана со други работи, па затоа овој бакнеж не води никаде.rnrn6. Целосен бакнеж во уста – очите се затворени, а бакнувањето е бавно. Ова покажува дека двајцата уживаат во нивната физичка интеракција. Доколку некој ве бакнува на овој начин, продолжете понатаму.rnrn7. Француски бакнеж – бакнување со отворена уста, при кое јазиците се целосно ангажирани. Ова е сигурен знак дека личноста се чувствува страсно и невоздржано во однос на физичката врска што ја има со вас.rnrn8. Патувачки бакнеж – Ова е тип бакнеж кој почнува од устата, но продолжува да патува до разни делови од лицето и вратот, па и надолу. Овој бакнеж „има намера“ да ве возбуди и обично води до нешто многу повеќе од бакнување. Ако не сте подготвени за секс, подобро прекинете го партнерот.rnrn9. Нерешителен бакнеж – Овој бакнеж може да сугерира дека личноста е срамежлива во физичката интеракција или пак не е сигурна како вие ќе реагирате. Во секој случај, од вашата реакција ќе зависи дали бакнежот ќе продолжи и ќе биде повторен повеќе пати.rnrn10. Смачкан бакнеж – Неговото лице е прилично притиснато врз вашето, така што чувствувате повеќе болка одошто задоволство? Ова е знак дека личноста нема поим што прави. Затоа, треба да се обидете да бидете фини и да ѝ дадете до знаење дека треба да го намалат интензитетот.rnrnПа, следниот пат кога ќе појдете на состанок, проценете ги чувствата и намерите на вашиот партнер, врз основа на бакнежот кој ќе го сподели со вас. Којзнае, можеби тоа ќе биде клучно за вашата иднина на љубовен план.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.