КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Маска од кафе и какао за свежо лице

    Маска од кафе и какао за свежо лице

    Можеби не сте знаеле дека кафето ја зацврстува кожата, ги намалува брчките и отеченоста на лицето. Какаото на сувата кожа ѝ дава свежина и ја прави мека, а истовремено ја смирува и иритираната. Кога ќе ги ставите во комбинација кафето и какаото во една маска, со нејзино нанесување на вашето лице ќе ја зголемите и циркулацијата на вашата кожа. Здружени, овие состојки ја хранат и подмладуваат кожата.rnrnМаска од кафе и какао за свежо лицеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички кисело млеко
    • rn011

    • 2 лажички мелено кафе
    • rn011

    • 2 лажички какао во прав
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо едно шолја помешајте ги сите состојки и направете паста, намачкајте ја на лицето и оставете ја половина час да се исуши. Отстранете ја така што прво ќе го навлажните лицето со жешка вода и потоа нежно тријте ја кожата со рака, за маската убаво да отпадне. На крај измијте го лицето со топла вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите домашен тоник за чистење шминка?

    Како да направите домашен тоник за чистење шминка?

    Препорачливо е секогаш убаво да ја отстранувате шминката од лицето, поради спречување на несаканите последици или стареењето на кожата. Па доколку во моментот ви се потрошил тоникот кој сте го купиле или доколку едноставно сакате да заштедите некој денар, ова е рецептот за подготвување домашен тоник за чистење на лицето.Како да направите домашен тоник за чистење шминка?Потребни ви се:rn

      rn011

    • 20 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица детски шампон што не ги надразнува очите
    • rn011

    • 1 лажица кокосово или маслиново масло
    • rn

    rnНачин на подготовка: Трите состојки убаво измешајте ги и сипете ги во помало шишенце. Пред секоја употреба на препаратот, убаво протресете го шишенцето, за состојките одново убаво да се измешаат. Нанесете на памукче, убаво истријте го лицето и исплакнете го со вода.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 трикови со кои ќе изгледате помладо

    7 трикови со кои ќе изгледате помладо

    Сакате да изгледате помладо без да одите „под нож“? Ви претставуваме 7 едноставни трикови со кои вашето лице ќе делува за неколку години помладо и посвежо.rn

    Шишките се повторно „ин“

    rnПостои ли подобар начин за сокривање на брчките на лицето од старите добри шишки? Благодарение на нив повеќе нема да изгледате толку уморно после раното будење наутро. Сепак, пред да се одлучите да направите шишки, консултирајте се со професионален фризер дали на вашето лице ќе одговара оваа фризура.rnrn7 трикови со кои ќе изгледате помладоrn

    Избегнувајте темни кармини

    rnДоколку во вашата торбичка со козметика се наоѓаат голем број кармини со темни нијанси, време е да се ослободите од нив. Наместо тие бои, пробајте да користите корална боја, боја на праска или природно розова боја. Светлите тонови ќе ви го расветлат лицето, а ќе делувате помладо и посвежо.rn

    Истакнете ги веѓите

    rnОбликувањето на веѓите во домашни услови често знае да заврши нерамномерно. Затоа подобро препуштете се во рацете на веќе проверен професионалец, кој ќе се грижи за нивната уредност.rnrn7 трикови со кои ќе изгледате помладоrn

    Испробајте ги производите за сончан изглед

    rnНанесете сјаен производ за сончан изглед на лицето и челото, со што ќе придонесете лицето да ви изгледа подмладено и освежено. Внимателно одберете ја нијансата, бидејќи можете да изгледате смешно, доколку не ја погодите бојата.rn

    Бели заби

    rnПоради сјајно белите заби можете да делувате и до 10 години помлади. Затоа правилната орална хигиена и редовните прегледи на забар се многу важни. Доколку сметате дека вашите заби не се доволно бели, побарајте совет од вашиот забар и направете го потребниот третман.rnrn7 трикови со кои ќе изгледате помладоrn

    Светли прамени

    rnПробајте за нијанса да ја осветлите бојата на косата. Исто така и за овој дел немојте да експериментирате дома, туку појдете кај професионалец. Светлите прамени ќе ви го осветлат лицето, а вие ќе изгледате модерно и младо.rn

    Смејте се постојано

    rnНе постои подобар третман за подмладување од насмевка (од седмица до седмица).rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Артист црта фацички на празни лименки најдени на улица

    Артист црта фацички на празни лименки најдени на улица

    Кога уличниот уметник My Dog Sighs ќе пронајде фрлена празна лименка на улица, тој ја користи ситуацијата за да ја претвори во вистинско уметничко дело. Артистот црта фацички на разни видови смачкани конзерви, давајќи им карактер и личност. Тој за себе вели дека магнетски го привлекуваат необични работи и обожава да допре со срцето на луѓето кои се фасцинираат од неговата уникатна работа.rnrnАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаrnrnЗа да ги создаде портретите на смачканите конзерви, Дог прво го мачка дното на конзервата со сива боја, која служи како боја на кожа. Потоа ги црта среќните, тажни или намуртени фацијални експресии и притоа му дава нова свежина на она што некогаш било отпад. Кога ќе го заврши уметничкото дело, ја остава лименката истакната на некое пешачко шеталиште, со цел некој да ја здогледа и да си ја однесе дома.rnrnАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаrnrnОвој проект претставува ретка форма на уметност, а воедно и инвентивен начин за рециклирање на отпадот.rnrnАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашни козметички препарати од кафе

    Домашни козметички препарати од кафе

    Сте помислиле ли некогаш дека кафето кое секојдневно го пиете може да ви послужи како козметичко средство за нега на кожата и косата? Еве неколку брзи трикови за правење козметички препарати со кои вашата коса и кожата на лицето ќе ви станат поубави.rnrnДомашни козметички препарати од кафеrn

    Лосион за освежување на лицето

    rnПодгответе јако кафе, сипете го во калап за мраз и ставете го во фрижидер за длабоко замрзнување. Потоа чистете го лицето со коцките мраз. Овој препарат служи како тонер за лице со освежувачко дејство.rn

    Тонер за потемнување

    rnПодгответе свежо сварено кафе и со помош на памукче, протријте ја кожата на лицето, откако претходно ќе го натопите во течноста. Ваквиот тонер делува како природно средство за потемнување на кожата со бронзен ефект.rn

    Крем за брчки

    rnИзмешајте една лажица ‘ржано брашно со јако подготвено, но изладено кафе. Додадете една жолчка од јајце и нежно промешајте. Нанесете ја смесата на лицето, држете ја 15 минути и потоа исплакнете.rn

    Антицелулитен лосион

    rnЗагрејте зрна кафе и нанесете ги на местата на вашето тело каде што сакате да го отстраните целулитот. Замотајте се со најлонска ќеса и седете така 15-20 минути, а потоа измијте се. Овој метод можете да го практикувате 2 пати неделно.rn

    Гел за туширање

    rnДодадете малку мелено кафе во вашиот гел за туширање и потоа направете си нежна масажа.rn

    Маска за коса

    rnЗа темна коса: Измешајте две жолчки, една лажица рум, две мали лажички жешка вода, една лажица мелено кафе и растително масло. Нанесете ја смесата на вашата коса и оставете ја да делува 5 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Овој трик го враќа природниот сјај на косата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разубавете се со помош на лимонот

    Разубавете се со помош на лимонот

    Позитивната улога што ја има лимонот врз нашето здравје е позната уште многу одамна. Лимоновиот сок освен како лековит пијалак, може да се употреби во безброј различни ситуации кои ќе ни го подобрат секојдневниот живот.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrnrnБогат со овошни киселини и природни шеќери, лимонот е антиоксиданс кој се користи во различни козметички препарати кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за нејзино повторно регенерирање. Но, не мора да трошите огромно богатство за да изгледате убаво. Со наша помош можете да направите домашни маски од кои ќе бидете вистински изненадени.rn

    Маска за суви и оштетени усни

    rnНаправете смеса од по една лажичка павлака, сок од лимон и мед. Мешајте додека сите состојки добро не се изедначат. Потоа маската нанесете ја на усните. За подобри резултати, најдобро е да ги третирате усните една недела.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrn

    Маска за отстранување брчки

    rnИзмешајте во еден сад една лажичка мед, неколку капки свежо исцеден сок од лимон и слатко бадемово масло. Нанесете ја маската да стои на лицето околу 20 минути. За крај, нежно измијте го лицето. Доколку немате бадемово масло, бананите можат да бидат одлична замена.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrn

    Маска за освежување на лицето

    rn1 лажичка мед, 1 лажица сок од лимон и пола блендирана краставица ставете во еден сад и добро измешајте. Подготвената смеса нанесете ја на лицето и оставете да делува околу 10 минути. Свежината на вашето лице повторно ќе се врати, а со тоа и вашето расположение.rn

    Лосион за убави раце

    rnЗа да имате убави раце доволно е да измешате 3 лажички сок од лимон, 6 лажички мед и 8 лажички бадемово масло. Кога смесата ќе се изедначи, убаво втријте ја на рацете. Оставете да делува околу 10 до 12 минути. Потоа измијте ги рацете со еднаква количина на оцет и вода. Вака направениот лосион може да стои околу 2 недели.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrn

    Маска за побелување на кожата

    rnИзмешајте доматен џус и сок од лимон во еднакви количини. Потоа, употребете меки пешкири кои апсорбираат. После кратко време, ќе ја забележите магичната промена на вашата кожа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мејкап туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

    Мејкап туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

    Секоја девојка си има свој стил на шминкање. Некои сакаат подраматичен изглед, додека пак останатите преферираат природна убавина. Мишел Пан има голема колекција на туторијали во која ги опфаќа буквално сите стилови. Еве еден мал дел од нив кои можат да ви помогнат да го освежите вашиот изглед и да изгледате совршено во секој момент од денот.rnrnМејкап-туторијали за совршен изглед во секој момент од денотrn

    Дневен изглед

    rnОвој туторијал накратко ќе ви покаже како да се нашминкате совршено за дневна светлина, без разлика дали планирате да одите на попладневна прошетка во парк, на факултет или пак на кафе со пријателките.rnrnrnrn

    Од дневна во вечерна шминка

    rnrnПонекогаш едноставно немаме доволно време за подготвување за вечерното излегување, бидејќи сме останале подолго на факултет или пак на работа. Но, не грижете се… Овој туторијал ќе ви покаже како набрзина да ја претворите вашата дневна шминка во одличен вечерен изглед.rnrnrnrn

    Романтичен изглед

    rnИма ли некакви шанси кога сте заљубени тоа да се забележи во вашите очи? Мишел Пан верува дека тоа е можно со мала помош од шминката. Ова видео ќе ви помогне целосно да ги доловите вашите моментални романтични чувства…rnrnrnrn

    Беспрекорен вечерен изглед

    rnВеќе цела недела организирате совршено излеување со вашите пријателки. Не сте излегле подолго време поради секојдневните обврски и затоа верувате дека вечерта ќе биде за помнење. Секако ова излегување нема да помине без нешто помалку од 1.000 фотографии. Токму овој туторијал ќе ви покаже како да се нашминкате со пријателките за да изгледате беспрекорно на фотографиите во вашата омилена дискотека.rnrnrnrn

    Природна убавина

    rnrnНема ништо поубаво од едноставен и свеж изглед. Погледнете го ова видео кое ќе ви помогне да изгледате совршено и со многу малку шминка. И не заборавајте дека колку повеќе се грижите за вашето лице, толку помалку шминка ќе ви биде потребна.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој стои зад популарното смајли?

    Кој стои зад популарното смајли?

    Ова жолто, среќно лице попознато како смајли, секој од нас барем еднаш во денот го споделува со пријателите од другата страна на компјутерот, на крајот од некоја шега, после некоја позитивна мисла или забелешка. Не постои човек кој не го познава г-динот Смајли, но ретки се оние кои знаат дека ова насмевнато лице има свој автор. За првпат го нацртал американскиот уметник Харви Бел (Harvey Ball)…rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnВо почетокот на 60-тите години, во Америка стартувал процес на спојување на големите осигурителни компании. Тој се одвивал бавно и болно, и започнал да влијае негативно на осигурениците. Со други зборови, несигурноста за иднината ги направила расеани и тажни. Такво било расположението и во државната осигурителна компанија.rnrnПретставниците на „State Mutual Life Assuracne Cos. оf America“, одлучиле да го подигнат духот на своите соработници и да ги натераат да се насмевнуваат секогаш кога се сретнуваат со некој клиент, кога ја креваат телефонската слушалка или работат со документи. За да ја постигнат својата цел, тие дошле до идеја да спроведат необична рекламна кампања. Сфатиле дека имаат потреба од јасен симбол, кој лесно ќе се запомни, па затоа во декември 1963 година, се обратиле до уметникот и графичар Харви Бел и од него побарале да креира лого за кампањата. Така настанало среќното жолто лице.rnrnПодоцна Харви признал дека работата ја завршил за не повеќе од 10 минути. За трудот му платиле 45 долари и тоа е целата сума која некогаш ја добил за логото. Тој дури и не побарал да го регистрираат како трговска марка, ниту пак ги заштитил авторските права. Според зборовите на неговиот син Чарлс Бел, тој никогаш не зажалил за тоа. На оваа тема, Харви обично велел:rn

    Сепак, јас можам да јадам само еден бифтек и не можам да возам истовремено неколку автомобили.“

    rnВо 1971-та, францускиот претприемач Френклин Лоуфрани ја искористил ситуацијата, го регистрирал симболот како трговска марка во повеќе од 80 земји и го нарекол смајли. Лоуфрани тврдел дека токму тој го измислил насмеаното лице, во 1968 година во Париз. Тој ја основал корпорацијата „Smiley licensing“ и за неколку години заработил огромно богатство низ целиот свет, многу јасно заобиколувајќи ја Америка. Харви никогаш не го тужел Лоуфрани, но се појавиле и други „креатори“ коишто тврделе дека токму тие го дизајнирале насмеаното лице.rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnНасмевката за кусо време станала хит, се појавила врз картички, маици, капи…, со други зборови на сè што можело да се продаде. Кон крајот на 1972 година, биле произведени над 50 милиони смајли беџови. Никој во тоа време и не помислувал на некакви авторски права. Поштенските служби на САД отпечатиле дури и марка со насмевнатото лице на Харви. На крајот на краиштата, уморен од сето тоа, Харви одлучил да патентира нова верзија на насмевката, на која ги ставил и своите иницијали. Тој со воодушевување раскажувал за својот пронајдок.rn

    Никогаш во историјата на човештвото и на уметноста не е создадено нешто кое е толку широко распространето, и кое носи среќа, радост и задоволство. Нема ништо друго кое е толку едноставно, а кое станало поим за сите, велел Харви.

    rnНо, како и за сè друго, некои фрлаат сомнеж и врз оваа, засега најприфатена историја на смајлито. Бернард Спајн тврди дека фирмата „Sunkist“ уште во 30-тите години ги рекламирала своите портокали со овој симбол, дека цртала смешни усни врз овошјето, а дека слични насмеани човечиња се забележани и во детската книга „Мanners can be fun“ на Munro Leaf`s, издадена во 1936 година.  Но, таа црно-бела далечна сличност, тешко може да се спореди со делото на Харви.rnrnПо извесно време, Харви конечно ја определил својата мисија на земјата. Тој се видел себеси како амбасадор на среќата и го измислил Меѓународниот ден на насмевката (World smile day). Сметал дека треба да постои ден посветен на доброто расположение и на добрите дела, кој ќе се одржува под слоганот „Направи добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnХарви очигледно бил еден среќен човек. Неговите деца тврдат дека тој никогаш не почувствувал злоба и омраза кон оние кои незаконски располагале со неговото дело, заработувајќи милиони. Починал на 12 април, во 2001 година, на 79 годишна возраст.rnrnДенес неговиот син Чарлс ја предводи корпорацијата и внимателно следи кој и како го користи брендот на неговиот татко.rn

    Нашата мисија е да создаваме, продаваме и лиценцираме сè што го носи брендот „Harvey Ball signature smiley“. Потписот на Харви Бел гарантира дека производот е оригинален, објаснува Чарлс.

    rnНо, она што всушност е важно, е дека целата добивка по исплатата на даноците оди за добротворни цели.rn

    Ние им помагаме на децата во целиот свет. Ниту една друга корпорација која ги користи насмеаните лица не го прави тоа, додава тој.

    rnГодинава, на 7 октомври „Меѓународниот ден на насмевката“ ќе се прославува по 14-ти пат. И како и секогаш, повикот до сите луѓе ќе биде: „Направи нешто добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“ Традиционално, на овој ден, насекаде ќе грее жолтото насмеано лице, насликано од Харви.rnrnКој стои зад популарното смајли?

  • 3Д трансформација на човечко лице

    3Д трансформација на човечко лице

    Менувањето на изгледот на лицето изгледа како наједноставната работа на светот кога тоа се прави со проектор за 3Д мапирање. Оваа техника најчесто се користи за спектакуларни проекции на автомобили, згради или простории, а Самсунг ја употребиле за да ги воодушеват потенцијанлните купувачи на нивниот смартфон Galaxy Y Duos.3Д трансформација на човечко лицеОва е прво проектирање на 3Д графички ефекти на човечко лице. Тие се нанесени директно на актерот, како на уметничко платно, од страна на португалскиот мапер Оскар е Гаспар.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изгледате убаво и без шминка?

    Како да изгледате убаво и без шминка?

    Автор: Горана КоневскаrnrnГолема благодарност до оној кој ја измислил шминката, бидејќи со неа секоја девојка може да изгледа свежо и одморено, дури и кога тоа не е така. Но, понекогаш едноставно сакате да го одморите вашето лице и да не користите никаква козметика, барем еден ден. За да може да успеете во истото, треба секојдневно да се грижите за своето лице и за квалитетот на вашата кожа. Се разбира, постојат случаи кога едноставно мора да носите шминка, но доколку „маните“ не се толку големи, можете со мали трикови да ѝ овозможите малку одмор на кожата на лицето, а истовремено и да ја пуштите својата природна убавина на виделина.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Отспијте се убаво

    rnИако ова е премногу зборувано и за истото е навистина премногу пишувано, сепак една од најважните работи за вашето тело и вашиот дух, е да им овозможите доволен и добар сон и одмор. Од истото ќе видите ефекти веднаш. На пример, за време на викендите кога спиете повеќе од вообичаено нели веднаш забележувате дека немате подочници, тенот ви е порумен и едноставно немате уморен поглед во очите?rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Мијте го лицето со студена вода

    rnМиењето на лицето со студена вода, како и користењето студени облоги помагаат да се забрза циркулацијата, истовремено давајќи ѝ свежина на кожата и убава природна боја.rn

    Чистете и навлажнувајте ја кожата

    rnСледно, но не помалку важно е да ја чистите и навлажнувате кожата доволно често. Со помош на специјална вода во форма на спреј за освежување, која можете да ја носите во чантата и многу други разни тоници и слични продукти, можете да постигнете долгорочни ефекти на кожа без пори, црнки и дури да спречите појава на акни. Запомнете само да користите лосион или млеко за лице откако ќе ѝ направите пилинг на кожата, за сосема да ги остраните мртвите клетки, инаку може да се соочите со поголеми проблеми т.е. порите да ви се наполнат со нечистотија и слично.rn

    Пијте доволно течности

    rnСекојдневното пиење течности овозможува баланс на телото, го забрзува метаболизмот, чисти од нечистотии и секако влијае и врз еластичноста на кожата.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Заштитете ја својата кожа од сончевите зраци

    rnКористете производи кои содржат фактор за заштита од Сонце. Добри се и за летно и за зимско време.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Грижете се за веѓите

    rnЗа да можете слободно да се лишите од шминката на некое време, задолжително треба да се грижите за веѓите и тоа секојдневно. Исто така, обидете се да го користите виткачот за трепки самостојно без притоа да ставате маскара. Ова ќе ви помогне да добиете помоќен изглед на вашите очи и поиздолжен изглед на трепките.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Не заборавајте на косата

    rnКосата е исто така од големо значење. Мрсната и неизмиена коса веднаш се забележува и ќе придонесе за ваш неатрактивен изглед. Затоа, одвојте малку време и посветете ѝ внимание на косата.rn

    Користете многу малку сјај или балсам за усни

    rnМалку сјај за усни или балсам нема воопшто да ви штети. Напротив, ако е со заштитен фактор ќе биде добро да го нанесете.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Носете очила за сонце

    rnОчилата за Сонце ќе ги сокријат малите мани, како подочници или слично, а и ќе го оттргнат вниманието од другите мали недостатоци на вашето лице.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Што да прават оние кои не можат да излезат без шминка?

    rnДоколку не можете да излезете без да нанесете шминка на лицето, а сепак сакате да изгледате природно, потребна ви е шминка во природни нијанси.rnrnЗемете коректор и покријте сѐ што ви пречи на вашата кожа, како што се црвените дамки, флеките, темните подочници, црвенилото и слично. Врз тоа нанесете посветла течна пудра (онаа нијанса која ќе делува природно на вашиот тен). Земете светла сенка (светла беж или светло розова), нанесете ја од внатрешниот аголот на окото и повлечете под веѓата по целата нејзина должина. Овие сенки се добра подлога за шминка. Потоа можете да додадете малку светкава сенка од средината до крајот т.е. до надворешниот агол на окото.rn

    Дополнително:

    rn

      rn011

    • Исчешлајте ги веѓите со специјална четка
    • rn011

    • Ставете кафена или црна маскара (можете и да ги подвиткате трепките)
    • rn011

    • Земете руменило со боја на праска или бледо розова боја и нанесете на образите
    • rn011

    • Врз руменилото нанесете пудра во прав
    • rn011

    • Нанесете балсам, кармин или сјај за усни
    • rn

    rn

    Најважното што треба да го запомните кога се шминкате

    rnКрајниот ефект не смее да биде маска на лицето, туку лесна шминка која ќе има ефект, но истовремено нема да се познава дека ја носите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.