И покрај тоа што сте спиеле само четири часа претходната ноќ, вашите очи би можеле да изгледаат како да сте спиеле осум, со помош на овие совети.rnrn
rn
Смалете ја надуеноста
rnСо прст нанесете гел за нега под очите од внатрешната страна кон надвор и благо масирајте. Масажата во комбинација со благотворното дејство на гелот може ефектно да ги отстрани кесичките под очите. Маски за очи наполнети со гел или вода кои штотуку сте ги извадиле од фрижидер, исто така можат да ја намалат надуеноста. Подеднакво ефикасни се и студените кесички чај од камилица или тенки кругови од краставица.rn
Нанесете коректор
rnСтавете коректор, но не каков било. Изберете лесна формула на коректор во вид на молив, но доколку ви е потребна посериозна камуфлажа, употребете коректор со жолтеникава нијанса кој ќе ја осветли темната кожа околу очите.rn
Внимателно изберете ги боите
rnСправата за виткање на трепките моментно може да ви ги „отвори очите“. Истото важи и за маскарата, но се препорачува водоотпорна маскара, бидејќи уморните очи имаат тенденција да солзат. Изберете сенки во крем, златна, жолта или бисерно бела боја. И белиот туш нанесен по должината на внатрешната линија на окото, може да има еднаков ефект.rn
Просветлете ги очите
rnЦрвенилото во очите најмногу ве издава дека не сте спиеле доволно, па затоа секогаш при рака треба да имате капки за очи, но внимавајте тие да бидат свежи. Црвенилото ќе го избегнете и ако претходната вечер добро ја отстраните шминката од очите.rn
На крај додадете малку „здравје“
rnОткако го избришавте погледот кој е најјасен показател за ноќта помината без доволно сон, сѐ што ви е потребно за да ја вратите свежината на вашето лице е малку руменило на образите. За да изгледате свежо и одморено, одберете руменило во црвеникави тонови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnВидеото ги открива овие физички карактеристики кои не се типични за сите луѓе, но сепак се заеднички за поголем или помал број од нив. На пример:rnrn
rnrn
rnrnПроблемот е само во тоа што, и покрај нивната ефикасност тие се прилично скапи, односно околу 50 денари лента за една употреба, а за најдобар ефект и чисто лице, важно е да се користат често (еднаш неделно). Интересната девојка во видеото, нашла начин како да направи леплив материјал, кој брзо се суши и се „лупи“ од лицето, а чини малку пари.rnrn
Корисниците на минерална козметика имаат повеќе причини поради кои ги користат и обожаваат овие шминки. За почеток, тие се негувачи на кожата, ја лечат и имаат антивоспалително дејство. Со нивната моќ за темелно покривање на кожата додека истовремено таа го задржува природниот изглед, тие се одлични маски на лузните, црвенилата и акните.rnrnМногу козметички хирурзи им дозволуваат на нивните пациенти да користат минерална шминка затоа што таа ја спречува појавата на потенцијални иритации. Всушност, оние кои страдаат од акни, тврдат дека нивната кожа се променила после користењето на минерална шминка бидејќи таа има неутрална рН и не поддржува бактерии.rnrnНе само што клучните состојки (титаниум диоксид и цинк оксид) ја лекуваат кожата – тие исто така овозможуваат заштита на лицето од сонце, водоотпорни се и ја рефлектираат светлината, што ја прави блескава особено постарата кожа.rnrnДруг важен ефект од користењето на минералната шминка е фактот дека таа не ги затнува порите туку ја остава кожата да дише. Кратката листа на состојки во секоја шминка, кои се главни виновници за инфекција на кожата, односно парфемот и конзервансите, во минералните шминки се отсутни. Љубителите на оваа шминка исто така ја обожаваат поради тоа што трае подолго, дава поголема покриеност и е полесна за отстранување.rnrnНанесувањето на минерална шминка е различно од нанесувањето на останатите шминки. Тоа особено важи за пудрата во прав чија суперфина текстура бара при нанесувањето да се распореди по целата површина на лицето со специјална четка за минерална шминка.rnrnВи предлагаме и едно видео за тоа како се нанесува пудрата во прав од минерално потекло.rn














rnrn rnrn
rn

Убаво дизајнираната фацијална уметност, во комбинација со едноставните и елегантни женски лица, им презентира на набљудувачите една комплексна оптичка илузија од позитивен и негативен простор. Нашето око природно го привлекува интензивната црно-бела графика, а потоа продолжуваме да ги анализираме совршено исцртаните линии на беспрекорната кожа, долгите трепки, продорниот поглед и безизразното лице кое се крие зад бојата.





rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn