КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Тест: Она што прво ќе го забележите на сликата открива многу за вашиот карактер и за вашата иднина

    Тест: Она што прво ќе го забележите на сликата открива многу за вашиот карактер и за вашата иднина

    Овој интересен тест на личноста ги анализира вашата перцепција и начинот на кој го гледате животот и ја барате вашата животна цел. Може да открие нешто интересно за вашиот карактер, а вие проценете дали резултатите се точни. Што прво забележувате на сликата – куче или лице?rnrnТест: Она што прво ќе го забележите на сликата открива многу за вашиот карактер и за вашата иднинаrn

    1. Куче

    rnАко прво забележите куче, тоа значи дека имате вешто око за детали.rnrnКучето е симбол на лојалност, мир и стабилност. Фактот што го забележавте прво кучето покажува дека барате токму такво друштво или таков партнер – луѓе кои се лојални и подготвени да ви ја возвратат љубовта.rnrnВие сте мирна и стабилна личност која сака да биде опкружена со луѓе со кои ќе разменува само позитивна енергија.rnrnЈа цените почитта како одлика и ја очекувате и од другите. Потребен ви е сопатник со кој ќе ги споделувате животните радости.rnrnТреба да имате предвид дека не треба да брзате со работите. Ја најдовте внатрешната среќа и треба да бидете задоволни со самите себе.rnrnНе брзајте ја средбата со сродната душа, тоа ќе се случи кога навистина ќе биде време за тоа. Ослободете се од лошите и потиснати емоции и чекорете слободно по новите животни патеки.rn

    2. Лице

    rnАко прво забележите лице на сликата, тоа значи дека секогаш ја гледате поголемата слика во животот. Кај вас е сè поставено на свое место.rnrnСфативте за какви цели се стремите, ги разбирате вашите соништа, знаете како да ги постигнете и сте најверојатно на чекор до целта.rnrnВам не ви се важни материјалните работи, туку секогаш барате некое подлабоко значење. Вие сте креативни и имате силна интуиција, па затоа внатрешниот глас ви шепоти да земете сè што ќе ви понуди животот.rnrnОд животот сакате нешто повеќе, нешто што не може да се купи со пари или да се мери со материјални работи.rnrnОдвојте време за медитација, бидете помеки за туѓите емоции, дозволете му на вашиот ум да биде преплавен од чувства и не заклучувајте го вашето срце.rnrn[message_box title=”Изберете слика и откријте што ве чека во ноември” color=”yellow”]Изберете слика и откријте што ве чека во ноември[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • Зошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?

    Зошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?

    Инстаграмџиите поминуваат повеќе од 5 часа неделно (48 минути на ден) правејќи селфи. Тие обично прават по 7 фотографии за да стигнат до „совршениот кадар“ што го поставуваат на социјалните мрежи. Анука Линдел, професор по невропсихологија на Универзитетот „Ла Троб“ во Мелбурн, откри дека повеќето од оние кои прават селфи преферираат да ја покажат левата страна на сликите. Таа анализирала 2.000 селфи форографии на Инстаграм за да открие зошто таа страна на лицето се смета за посимпатична. Во продолжение прочитајте зошто левата страна може да биде попривлечна.rn

    Ја претпочитате левата страна кога се фотографирате и кога правите селфи пред огледало

    rnЗошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?rnrnИстражувачот открил дека луѓето претпочитаат да ја покажуваат левата страна кога прават селфи пред огледало. Кога позирате пред огледало и го фотографирате својот одраз, вие обично го покажувате десниот образ. Додека огледалото ги свртува левата и десната страна, истакнувањето на десниот образ на фотографијата значи дека личноста позирала со левиот образ пред огледалото.rn

    Уметниците обично сликаат портрети што го прикажуваат левиот профил на луѓето

    rnЗошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?rnrnНасликаните портрети ја покажуваат истата асиметрична пристрасност: луѓето го фаворизираат левиот образ. Тоа може да биде одраз на несвесната волја на една личност да ја покаже својата попривлечна страна.rn

    Левиот образ покажува повеќе емоции

    rnЗошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?rnrnИстражувањата покажуваат дека левата страна е повеќе емотивно експресивна. Ова може да се објасни со начинот на обработка на чувствата во мозокот. Десната страна на мозокот што ги контролира мускулите на левата страна на телото е емоционално доминантна. Ова е причината зошто луѓето интуитивно го покажуваат левиот образ кога од нив се бара да позираат за емотивна фотографија, а десниот образ кога позираат за фотографија што ги крие нивните чувства.rnrnПрочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вас.

  • Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

    Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

    Бебињата не зборуваат, но тие знаат како да ги покажат своите емоции од првите денови на раѓање. Бебињата знаат многу за луѓето и светот, а од нивните гримаси можеме да откриеме што тие всушност мислат.rnrnВеднаш штом ќе се намурти, бебето испраќа порака на лицето дека не се чувствува пријатно. Ако плаче, можната причина се гасови, што може да го решите со нежно масирање на стомакот. Ако бебето се намурти и широко ги отвори очите, тоа веројатно само какаше. Но, ако е со намуртени веѓи, вашето дете веројатно е премногу стимулирано од надворешни информации и треба да е само.rnrnЕве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицетоrnrnЕве како да го „прочитате“ вашето бебе:rnrnИстражувачки погледrnrnБебињата се лесно фасцинирани од нештата околу нив, а тоа ќе го покаже интензивниот и истражувачки поглед во одредена насока или кон некоја личност или предмет.rnrnБара вниманиеrnrnСо ненадејно плачење, викање и фрлање работи, бебето го бара вашето внимание и покажува дека му е здодевно. Побарајте ја омилената играчка или испејте ја песната што ја сака.rnrnНе сака да си играrnrnШтом ја сврти главата на другата страна и избегне контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. И тоа ќе го потврди ако почне да игра со прстите.rnrnНапрчени усниrnrnРодителите треба да му дадат простор на бебето ако се намурти и ги напрчи усните, бидејќи вели дека сака да биде само.rnrnРаширени очиrnrnАко бебето ги рашири очите ширум, тоа обично го прави додека се напрега за време на какањето.rnrnКако да знаете дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?

  • Веројатно не сте слушнале за неа, но оваа состојка е сè повеќе барана кога станува збор за негата на лицето

    Веројатно не сте слушнале за неа, но оваа состојка е сè повеќе барана кога станува збор за негата на лицето

    Покрај акните и брчките, хиперпигментацијата е еден од најчестите проблеми со кожата. Ако темните дамки по сончањето се вашата редовна состојба, веројатно веќе сте пробале витамин Ц и нијацинамид, двете најпопуларни средства за отстранување на темните дамки. Но, овие две состојки не се единствените опции за лекување на кожата покриена со дамки.rnrnВеројатно не сте слушнале за неа, но оваа состојка е сè повеќе барана кога станува збор за негата на лицетоrnrnАрбутинот е нешто за коешто можеби никогаш не сте слушнале, но дава импресивни резултати кога станува збор за избелување на кожата. Оваа активна состојка може да се наоѓа во некој од вашите серуми, но вие да не знаете за тоа.rnrnАрбутинот е природна состојка за осветлување на темните дамки и е добиен од растенија како што се мечкино грозје, круша и пченица, но може да се направи и синтетички.rnrnЗа разлика од некои други поефикасни средства, арбутинот нема несакани ефекти и затоа е добра алтернатива на помалку безбедните препарати. Го има во различни форми, а најчесто се користи алфа-арбутин.rn

    Избелување на кожата со арбутин

    rnАрбутинот може да ги осветли и да ги намали постојните темни дамки и пеги, вклучувајќи ги и оние од сонцето, но исто така успешно го спречува нивното формирање. Исто како витаминот Ц, арбутинот е нестабилен на топлината и затоа има пократок рок на траење.rnrnЗа оптимални резултати, треба да се користи и за дневна и за вечерна нега на кожата. Исто така, има одлични ефекти кога се користи заедно со други состојки за осветлување на кожата, како што се витамин Ц, нијацинамид и гликолна киселина.rnrnСепак, нема да ги добиете посакуваните резултати преку ноќ. Потребни се 8-12 недели пред да забележите какво било подобрување на хиперпигментацијата.rn

    Дали има несакани ефекти?

    rnИако арбутинот е безбеден за сите видови кожа, се препорачува да направите пробен тест, исто како што правите кога користите некој козметички производ за првпат. Ова е особено важно ако вашата кожа е чувствителна. Алергиските реакции може да вклучуваат црвенило, првут или чешање.rnrnПогледнете кои 7 грешки во негата на кожата може да ви создадат акни.

  • Големи уши, сини очи, тесно лице: Што откриваат деловите од телото за вашиот карактер?

    Големи уши, сини очи, тесно лице: Што откриваат деловите од телото за вашиот карактер?

    Дали знаевте дека деловите од вашето тело можат да откријат многу за вас? Ако сакате да дознаете некои работи за некоја личност без да го следите нејзиното однесување, спроведено е истражување кое докажува дека лицето, косата и очите можат да ги откријат многу карактеристики.rnrnГолеми уши, сини очи, тесно лице: Што откриваат деловите од телото за вашиот карактер?rn

    Што открива косата?

    rnБојата на вашата коса е важен фактор за вашата личност. Според некои истражувања, луѓето кои имаат руса коса се полни со самодоверба, а истите истражувања покажуваат дека бојата на косата е исто така поврзана со интелигенцијата.rn

    Што открива лицето?

    rnЛуѓето чии изрази на лицето покажуваат како се чувствуваат треба да бидат внимателни и да научат да ги контролираат своите емоции затоа што лесно се читаат. На личностите кои имаат тесно лице луѓето повеќе им веруваат затоа што се чувствуваат опуштено со нив. За оние што имаат тркалезно лице се смета дека се лажговци.rn

    Што откриваат очите?

    rnЛуѓето со сини очи наводно не се физички и ментално силни луѓе затоа што таа боја открива големи емоции кои честопати се во судир со самите себе.rn

    Што откриваат ушите?

    rnЕкспертите велат дека постојат повеќе од 50 различни форми на уши. Ако горниот дел од увото е поголем од долниот, личноста е прилично интелигентна. Ако ушите се рамни, станува збор за креативна личност. Испакнатите уши покажуваат дека личноста е желна за внимание.rnrnПрочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вас.

  • 10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

    10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

    Кога размислувате како да го задржите младешкиот изглед, почнувате да читате за различни серуми и лосиони што ветуваат вечна младост. Сепак, сè може да има огромно влијание врз вашиот изглед, од фризурата до трепките. За среќа, постојат неколку начини да изгледате помладо што не бараат ништо повеќе од неколку промени во вашиот изглед.rn

    1. Избегнувајте нанесување премногу шминка

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnКонтурирањето стана тренд и многу жени редовно го практикуваа мислејќи дека ќе изгледаат пософистицирано. Сепак, ова не е добра опција ако сакате да изгледате помладо. Исто така, треба да избегнувате нанесување маскара на долните трепки бидејќи тоа прави сенка и изгледа како да имате темни кругови околу очите.rn

    2. Носете соодветна големина на градник

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnИзберете соодветна големина на градник. Како прво, тоа ќе ви помогне да имате правилно држење на телото. Исто така, ќе изгледате повисоко и послабо. Лабавиот градник може да предизвика вашите гради да висат. Ако сакате да изгледате помладо, наместете ги вашите гради во соодветна позиција. Совршената позиција за нив е на средина помеѓу лактот и рамото.rn

    3. Возењето автомобил ја забрзува појавата на брчки

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnАко поминувате многу време во возење, можно е да имате повеќе брчки, особено од едната страна бидејќи прозорците на автомобилот не ве штитат од опасните сончеви зраци. Затоа е важно секогаш да нанесувате крем со заштитен фактор на лицето и на вратот.rn

    4. Подебели веѓи

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnКако што стареете, почнувате да губите коса, а веѓите не се исклучок. Оставете ги вашите веѓи да бидат подебели или научете како природно да ги пополните со употреба на шминка.rn

    5. Користете црвен кармин

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnКако што стареете, природните линии околу усните избледуваат, па затоа е подобро да нанесувате црвен кармин или барем црвени нијанси. Оваа боја не само што ја симболизира младоста, туку и женственоста, сексуалноста, убавината и здравјето.rn

    6. Навиткајте ги трепките

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnВиткањето на трепките ќе ви ги отвори очите и ќе изгледате расонети и помлади, а најдобро е да нанесете бебешка пудра на трепките пред да нанесете маскара.rn

    7. Користете го руменилото на соодветен начин

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnНанесете руменило на јаготките, односно на горниот дел на образите и не нанесувајте на шуплините на образите. Како што стареете, лицето ќе губи маснотии, а образите природно ќе бидат малку вдлабнати.rn

    8. Внимавајте на држењето на телото

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnЛошата поза може да направи да изгледате постари отколку што сте. Избегнувајте да бидете подгрбавени додека седите или стоите. Кога зборувате на телефон, не држете го со рамото, не носете преполни торби и внимателно кревајте ги тешките предмети. Ова не само што ќе резултира со помлад изглед, туку може да помогне и со болките во грбот, вратот и рамото, главоболки, тешкотии во дишењето и замор.rn

    9. Носете светла облека

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnНаполнете го вашиот плакар со весели бои како зелена, сина, бела или портокалова боја. Таквите бои ќе го осветлат вашето лице и ќе ја истакнат вашата убавина. Оставете ја настрана облеката во неутрални бои, во сива и во црна боја. Овие бои може да направат да изгледате послабо, но и постаро. Меѓутоа, ако сè уште сакате да носите панталони и маици во темна боја, треба да користите светол накит или други шарени додатоци.rn

    10. Средете ја косата

    rn10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладоrnrnДолгите прамени ќе го прикријат процесот на стареење. Тие ќе ги ублажат цртите на лицето, ќе го стават фокусот на очите и ќе ги скријат брчките. Кратката боб фризура, косата со средна должина или брановидната и неуредната коса ќе го обликуваат вашиот изглед и ќе изгледате помладо.rnrnПрочитајте кои 7 навики ја продолжуваат младоста, а ќе ви бидат потребни само неколку минути.

  • 6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

    6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

    Време е да се соочите со фактот дека многу фактори штетно влијаат врз вашата кожа. Загадувањето на воздухот се зголемува во многу земји, смогот продира во кожата, потребен ви е крем за сончање за да се заштитите од УВ-зраците, а преработената храна воопшто не го негува вашето лице. Ова се дел од причините зошто е важно да се грижите за вашето лице, а еден метод што функцинира е пареата. Таа може да го исчисти и да го смири лицето и да ги намали оштетувањата на кожата. Исто така, овој метод е бесплатен. Во продолжение погледнете кои се придобивките од редовното ставање на лицето над пареа.rn

    1. Ја отстранува нечистотијата од порите

    rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnКога го држите лицето над пареа, топлината ги опушта и ги проширува вашите пори. Кога ќе се отворат порите, пареата ги отстранува нечистотија и себумот што се собираат во нив.rnrnЧестопати, таа нечистотија лебди во воздухот околу нас. Размислете за квалитетот на воздухот во вашиот град и за шминката што ја носите секој ден. И шминката содржи себум – мрсна супстанција што ја покрива вашата кожа. На сите ни е потребен себумот бидејќи ја навлажнува и ја штити кожата, но големото количество себум може да предизвика појава на мозолчиња.rnrnАко го ставате лицето над пареа, можете да го ограничите количеството себум што го имате на лицето и што предизвикува несакани резултати. Отворете ги порите на лицето и крајниот резултат ќе биде чисто, блескаво лице.rn

    2. Ќе ги отстраните бактериите и мртвите клетки што предизвикуваат акни

    rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnКожата е најголемиот орган на телото и поминува низ постојан процес на регенерација, предизвикувајќи мртвите бактерии да се собираат на вашето лице. Оваа бактерија е здрава, нема зошто да се грижите за какви било негативни ефекти што може да ги има на вашето тело. Сепак, лицето може да изгледа малку грубо. Исто така, мртвите бактерии не дозволуваат соодветна оксигенација на вашата кожа.rnrnКога го ставате лицето над пареа, ги отстранувате мртвите бактерии, а тоа ќе ви помогне да имате посјаен изглед.rn

    3. Вашето лице ќе добие повеќе кислород

    rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnНекои ја избегнуваат пареата затоа што страдаат од алергии. Но, тоа што кожата ви е црвена и иритирана се должи на уште еден позитивен ефект од пареата.rnrnЕдна од најголемите придобивки од пареата е проширувањето на крвните садови и збогатувањето на кожата со кислород. Ако вашата кожа е црвена откако ќе престанете да го држите лицето над пареа, тоа значи дека имате голема количина кислород на лицето.rn

    4. Ќе ја забавите појавата на брчки

    rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnСите знаеме дека брчките се нешто што милиони жени сакаат да ги одложат. Колагенот и еластинот се состојките што најмногу може да ви помогнат во тоа, но ако не сакате да консумирате колаген, пареата може да биде одлична алтернатива. Пареата овозможува брза циркулацијата и така се зголемува производството на колаген и на еластин, кои придонесуваат да имате еластична кожа и да го забавите појавувањето на брчките.rn

    5. Кожата ќе почне да се хидрира природно

    rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnОтстранувањето на себумот и на маслото од вашата кожа го тера вашето тело да произведува повеќе природни масла кои ја навлажнуваат кожата и го зголемуваат нивото на хидратација. Исто така, пареата ја зголемува пропустливоста на кожата, така што овозможува влажноста да поминува низ неа.rn

    6. Ќе ги апсорбира производите за нега на кожата многу подобро

    rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnПареата не е целосен лек, но треба да се смета како суштински дел од целокупната нега на кожата. Најдоброто нешто во врска со пареата е што ќе добиете повеќе позитивни ефекти од сите кремови, лосиони и средства за чистење што честопати ги нанесувате на лицето.rnrnТоа се должи на брзата циркулација и оксигенација на вашата кожа. Бидејќи порите се слободни, тие може да апсорбираат повеќе. Бидејќи протокот на крв е посилен, вашето лице повеќе ќе реагира на производите. Кога вашата кожа е темелно навлажнета, кога ќе додадете серуми, тие ќе имаат позначително влијание.rnrnПрочитајте што дерматолозите никогаш не би го ставиле на својата кожа.

  • Како да ја спречите навиката да го допирате лицето?

    Како да ја спречите навиката да го допирате лицето?

    Покрај мерките преземени во многу земји, постојано слушаме за фактот дека мора да ги миеме рацете многу почесто, а специјалните предупредувања се поврзани и со допирањето на лицето. Експертите велат дека не треба да го правиме тоа за време на владеењето на пандемијата, но колку пати сте се допреле потполно несвесно?rnrnКако да ја спречите навиката да го допрете лицето?rnrnНаучните истражувања кои доаѓаат од еден германски универзитет докажале дека мажите го допираат лицето околу 25 пати во рок од еден час. Ова беше потврдено со истражување спроведено на студенти по медицина кои најмногу ги допирале очите, носот и устата.rnrnЕкспертите велат дека е нормално луѓето да не бидат свесни за ваквите потези, но дека постојат начини да се елиминира оваа навиката. Еден начин е да си пронајдете занимација за рацете. Некои експерти советуваат да ставите некаков накит на раката и да го вртите со прстите од време на време. Ако не ви се допаѓа накитот, можете да си купите антистрес топче кое сигурно ќе ви го одвлече вниманието.rnrnНајлошото нешто во одвикнувањето од овие навики е што вашите мисли не се оддалечуваат од темата. Ако постојано мислите дека воопшто не треба да го допирате лицето, желбата за тоа ќе биде значително зголемена.rnrnИсто така, постојат одредени трикови како да се „измами“ мозокот. Ова значи дека можете да ги намачкате рацете со мрсна крема, бидејќи свеста дека сте ги размачкале ќе ве оддалечи од желбата да го допирате лицето.rnrnВо секој случај, нема ништо да ве чини да пробате. Ако ништо друго, сега сигурно ќе обрнете внимание на тоа колку пати го допирате лицето.rnrnМожеби сакате да прочитате и како да се справите со отеченоста на лицето?

  • Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

    Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

    Повеќето луѓе ја забележуваат првата појава на брчки во своите доцни 20-ти и раните 30-ти години, а тие се повидливи кај лицата со сува и потенка кожа. Брчките се неизоставен дел од процесот на стареење и никој не ги сака, но и покрај сите козметички и хируршки процедури, не постои начин да ги спречите или трајно да ги отстраните. Покрај годините, брчките може да откријат и многу поважни работи за вашето здравје. Погледнете се во огледало и ако вашето лице има повеќе брчки на одредени места, тоа можеби укажува на некои потенцијални здравствени проблеми.rn

    Хоризонтални линии на челото

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnХоризонталните линии што се појавуваат на челото се нарекуваат и „брчки од грижа“ и со право се наречени така. Лицето кое ги има овие линии на челото најчесто секојдневно преживува голем стрес и ако тие се многу нагласени, тоа значи дека навистина треба да забавите и да ги ревидирате вашите приоритети. Покрај тоа, овие линии може да бидат знак дека внесувате премногу шеќер и пиете многу малку вода.rn

    Брчки над левата веѓа

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnБрчките во оваа област се директно поврзани со слезината. Ако забележите дека линиите во близина на левата веѓа за кратко време стануваат поизразени, тоа би можело да биде знак дека слезината не работи како што треба и не би било лоша идеја да посетите лекар и да проверите што не е во ред со овој орган. Освен тоа, слезината се стимулира со одредени видови слатка храна, па внимавајте на количеството шеќер што го внесувате и препорачливо е да јадете суво овошје наместо преработени шеќери.rn

    Брчки над десната веѓа

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnТие се показатели за нивото на токсини во вашето тело. Црниот дроб е поврзан со кожата, поточно со брчките што се појавуваат во близина на десната веѓа. Значи, ако тие линии се појавуваат почесто од вообичаено, тоа би можело да биде знак за нерамнотежа на црниот дроб. За да го решите ова, преминете на органска храна која вклучува зелен и лиснат зеленчук и обидете се да ги елиминирате силните зачини, внесувањето премногу протеини и да ја намалите солта во вашата исхрана.rn

    Брчки над носот

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnБрчките во оваа област може да бидат знак дека страдате од алергии, но тие, исто така, може да бидат показател за прекумерна вознемиреност и стрес. Покрај тоа, овие брчки може да бидат поврзани и со намаленото либидо поради дисбалансот на половите хормони.rn

    Длабоки брчки на краевите на очите

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnТие често се појавуваат кај луѓе кои „се смеат со цело лице“, но исто така, може да бидат знак и на слаб вид и напнатост во очите или страбизам. Овие брчки, исто така, се поврзуваат со некои внатрешни органи, особено со црниот дроб, со бубрезите и со желудникот, а се појавуваат при нарушувања на животниот стил и се знак дека треба да ја подобрите исхраната и да го намалите внесот на алкохол.rn

    Брчки на краевите на устата

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnОвие брчки се поврзани со функцијата на дебелото црево и може да укажуваат на тоа дека нешто во дигестивниот систем не работи правилно. Можете да си помогнете со пиење повеќе вода, консумирање храна богата со витамин Д, пробиотици и редовно вежбање.rn

    Брчки од смеење

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnСпецифичните линии што се протегаат од носот до устата на границата со образите се поизразени кај луѓето со заоблено лице. Доколку се силно изразени, тие може да бидат знак на лошо функционирање на панкреасот, што може да се подобри преку консумирање производи како лук, боровинки и грозје.rn

    Брчки над горната усна

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnРазвојот на длабоки вертикални линии над горната усна е редовна појава кај пушачите. Иако усните стануваат малку отечени и искривени, основната причина за вертикалните линии на усните е пушењето и прекумерната изложеност на сонце.rnrnСепак, брчките на усните се поврзани и со слезината и може да укажуваат на слабо функционирање на овој орган. Подобрувањето на исхраната преку внесување најразличен зеленчук, вклучувајќи моркови и репка, може да биде корисно за здравјето.rn

    Брчки на вратот

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnЛиниите на вратот се природен феномен и стануваат поизразени како што стареете. Тие може да бидат резултат на прекумерна тежина, а исто така, може да сигнализираат и здравствени проблеми со тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда може да се подобри преку внесување цинк во организмот и намалување на внесот на глутен во вашата исхрана. Меѓутоа, ако состојбата на вашата тироидна жлезда се влошува со текот на времето, најдобро е да побарате лекарска помош.rn

    Брчки под долната усна

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnЛиниите што се создаваат помеѓу долната усна и делот на брадата значи дека акумулирате премногу негативна енергија. Ако забележите дека линијата под долната усна е сè поизразена, одвојте малку време за да се опуштите и да го промените пристапот на решавање на проблемите.rnrnПогледнете ја оваа програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето.

  • 16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалец

    16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалец

    Кога разговарате со некоја личност, добивате само 30% од целата информација преку нејзините зборови – сите останати информации може да бидат откриени преку нејзините движења, тонот на гласот и другите начини на невербална комуникација. Ако сакате да знаете што чувствуваат вашите пријатели во одреден момент, подобро е да ги набљудувате нивните лица. Обидете се да бидете повнимателни и ќе откриете многу нови работи за нив. Во продолжение ќе откриете како да ги „прочитате“ лицата на луѓето.rn

    Веѓи

    rn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrnrn1. Подигнатите и заоблените веѓи може да значат дека личноста е изненадена. Колку повеќе е изненадена личноста, толку повисоко ги крева веѓите. Подигањето на веѓите е исто така знак на отвореност и привлечност кон вас.rnrn2. Спуштените веѓи обично симболизираат гнев. По правило, ќе видите и вертикални брчки помеѓу веѓите.rnrn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrnrn3. Ако внатрешните агли на веѓите се исправени нагоре, тоа укажува на тага.rnrn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrn

    Очи

    rn4. Гледањето нагоре и десно може да укажува на тоа дека личноста се обидува да ја искористи својата имагинација или дека лаже.rnrnвrnrn5. Гледањето нагоре и лево значи дека личноста се присетува на нешто.rnrn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrnrn6. Гледањето надолу може да укажува на тоа дека личноста е засрамена, нервозна или има ниска самодоверба. Понекогаш тоа е знак и на чувство на вина.rnrn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrnrn7. Ако личноста го движи погледот многу брзо од едната страна на другата, тоа значи дека таа се чувствува нервозно или непријатно во ваша близина.rnrn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrnrn8. Проширените зеници обично укажуваат на страв или дека некоја личност е заинтересирана или вљубена во вас.rnrn16 трикови што ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето како професионалецrnrnПродолжува на следната страница…rnrn