КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Јапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожата

    Јапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожата

    Миењето на лицето со минерална вода е многу корисно за здрав изглед на кожата. Оваа метода најмногу ја користат жените од Јапонија кои се познати по добро негуваната кожа и младешкиот изглед. Откако ќе го исчистите лицето, измијте го со минерална вода, наместо со обична. Зошто? Бидејќи тоа ќе доведе до затегнување на вашата кожа.rnrnЈапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожатаrnrnБалончињата имаат сличен ефект на благ пилинг, па со помош на минералната вода вие ќе ги исчистите вашите пори и ќе ги наполните клетките со кислород. Крајниот резултат е свежа, мазна и цврста кожа. Но, немојте да претерувате со премногу често користење на минералната вода за миење на вашето лице бидејќи може да доведе до иритација на кожата. Најдобро е да ја применувате оваа техника еднаш или два пати неделно. Минералната вода може да го замени вашиот тоник, едноставно потопете памук во неа и искористете ја за чистење на лицето.

  • Со правилна исхрана до чиста кожа: 4 златни совети кои ќе ви обезбедат беспрекорно лице!

    Со правилна исхрана до чиста кожа: 4 златни совети кои ќе ви обезбедат беспрекорно лице!

    Постојат неколку нешта што предизвикуваат акни и за да се ослободите од нив не ви се потребни нити скапи креми, нити лекови или долги диети. Сѐ што ви е потребно е да се храните поздраво. Така ќе добиете поздрава, поубава, поблескава и почиста кожа.rnrn0-so-pravilna-ishrana-do-chista-kozha-4-zlatni-soveti-koi-kje-vi-obezbedat-chisto-lice-kafepauza.mkrn

    1. Одморете од храна која го воспалува стомакот

    rnНаправете пауза од шеќер, млечни производи, пченка и соја. Барем за кратко. Добра идеја е и да намалите со кофеинот и алкохолот. Ова е типична анти-акни диета, но ако се придржувате до неа ќе почувствувате разни бенефиции, меѓу кои и подобрување на општото здравје. Откако ќе се чувствувате подобро можете повторно да ја јадете ваквата храна, но умерено.rn

    2. Пробајте елиминациска диета

    rnАко мислите дека имате проблем со чувствителност на некоја храна, тогаш елиминациската диета е одличен начин да го откриете тоа. За да направите елиминациска диета треба во период од една недела да се ослободите од сѐ што мислите дека би можело да ви предизвикува акни, проблеми со варењето или чувство на умор после јадење и потоа да ги враќате назад во исхраната, по една група или едно јадење на ден и да забележите дали таа храна или тоа јадење ви предизвикувало проблеми.rnrn1-so-pravilna-ishrana-do-chista-kozha-4-zlatni-soveti-koi-kje-vi-obezbedat-chisto-lice-kafepauza.mkrnrnАко откриете дека имате проблем со одредена храна или група производи тогаш можеби подобро е да не го внесувате тоа подолго време (или засекогаш). Вашата кожа и вашиот стомак ќе ви бидат благодарни.rn

    3. Јадете храна која лекува

    rnЗа време на паузата од храна која го воспалува стомакот или за време на елиминациската диета, исто така би било добро да вметнете храна која лекува. Тука спаѓа ферментираната храна како кефир и расол. Кокосовата вода е исто така добра идеја, а и супата од коски која содржи Л-глутамин – состојка која помага во дигестијата. Исто така можете да вметнете и пробиотици како додатоци во исхраната.rn

    4. Одморете се

    rnМногу е важно да бидете одморени и со ниски нивоа на стрес за да бидете здрави. Не само тоа, стресот може да влијае врз дигестивниот систем и тој да ги предизвикува сите проблеми. Затоа, фокусирајте се на релаксација, дишете длабоко пред да почнете да јадете и џвакајте ја храната. Најдете време за малечки паузи во вашиот распоред и редовно одморајте се.

  • 10 ситуации кои им се случуваат само на оние што постојано изгледаат намуртено

    10 ситуации кои им се случуваат само на оние што постојано изгледаат намуртено

    За жал, постојат луѓе чие лице во нормални околности изгледа како да е луто или намуртено. Луѓе, кои припаѓате во оваа категорија, честито, светот мисли дека го мразите. Факт е дека не е лесно да изгледате како да сакате да убиете некој во секој момент од вашиот живот, а еве и зошто.rnrn0-9-situacii-koi-im-se-sluchuvaat-samo-na-onie-shto-postojano-izgledaat-namurteno-kafepauza.mkrnrn1. Се возите со вашето момче/девојка во колата и одите на вечера. Вие си седите тивко и си потпевнувате од стиховите на песната која свири на плеерот. Единственото нешто што не е во ред со вас е тоа што сте уморни од работа, а сепак добивате прашање: „Добар/ра си?“ – „Да, да…“rnrn2. 8 часот, недела. Пиете кафе и излегувате надвор да се видите со вашата мајка: „Добро ти е? Изгледаш уморно.“ – „Да, само не сум расонет/а.“rnrn3. Започнувате разговор со нов колега во канцеларијата и по некое време ви кажува „Ти си навистина фина личност“ – „Фала што ме судиш по изгледот.“rnrn4. Повторно седите во кола со вашето момче/девојка. Уживате во секој момент во кој не треба да зборувате. „Сигурно не си лут/а?“ – „Не, не сум.“rnrn5. Почнавте да станувате блиски со колегата. По некое време ви вели: „Кога те запознав мислев дека си кренат/а.“rnrn6. Се возите со сестрата/братот во кола и само молчите. „Сѐ е во ред?“ – „Сѐ е супер.“rnrn7. Поминуваат две минути, истата ситуација додека се возите со сестрата/братот. „Ама сигурно сѐ е во ред?“ – „Да беееее.“rnrn8. Стоите и не правите ништо. „Уморен/а си? Би било добро да си легнеш.“ – „Не, само сум уморен/а од прашањата дали сум уморен/а.“rnrn9. Разговор помеѓу девојка со постојано намуртено лице со нејзината најдобра пријателка: „Те мразев кога се запознавме“ – „Зошто? Прилично сум сигурна дека не ти го зедов момчето, нити пак ти ги дупнав гумите.“rnrn10. Ова е разговор што може да се случи помеѓу личност со намуртено лице и кој било – цимер, соработник, шеф, родител, брат/сестра, сосед или кое било друго човечко суштество: „Сигурно сѐ е во ред?“ – „Беше досега, сега се изнервирав.“

  • 7 нешта кои ќе ви се случат ако почнете да го бричите лицето

    7 нешта кои ќе ви се случат ако почнете да го бричите лицето

    Пред извесно време интернетот полуде кога жените почнаа да ги бричат своите лица. Ако и вие размислувате да почнете со оваа рутина, но не сте сигурни за последиците, ова се информациите кои треба да ги знаете. Можеби нема да ги искусите сите 7, но добро е да бидете подготвени.rnrn2-7-neshta-koi-kje-vi-se-sluchat-ako-pochnete-da-go-brichite-liceto-kafepauza.mkrnrnКонцептот на бричење на женското лице е релативно нов тренд, но јапонските жени тоа го прават многу долго време. Пред да навлеземе во последиците кои ќе ги чувствувате на вашето лице, прво мора да напоменеме дека е многу важно ако одлучите да го правите тоа, да го правите како што треба. Најпрво треба да го намокрите лицето, па да нанесете крема или гел за бричење и да се бричите во насока на растот на влакната. Многу важно е да завршите со антиоксидантна хидратантна крема. „Бричењето ќе овозможи подобра пенетрација на кремата, а тоа ќе влијае на минимизрање на воспаленијата и иритацијата“, нè советува д-р Деби Палмер, сертифициран дерматолог.rnrnАко планирате да преминете од депилација и чупање на овој метод, ова се нештата кои треба да ги знаете.rn

    1. Кожата ќе ви биде ексфолирана

    rnДа, бричењето е како еквивалент на пилинг за лице.rn

    2. Влакната нема да ви растат подебели

    rnНаспроти широкото верување во овој мит, дерматологот д-р Дејвид Бенкс вели дека „ниту депилирањето ниту бричењето не предизвикуваат влакната да растат побрзо или подебели. Имаме одреден број фоликули во кожата и ако не ги уништите со ласер, тие ќе продолжат да растат со истото темпо и со истата дебелина.“rn

    3. Ќе имате подникната брада

    rnРене Дејли, која редовно го бричи лицето вели: „Луѓето велат дека влакната ќе излегуваат погусти, но моите секогаш останауваат меки, освен кога подникнуваат, што може да се види после два дена.“ Таа користи силна шминка за да ги покрива подникнатите влакна кога тие почнуваат да се пробиваат.rnrn1-7-neshta-koi-kje-vi-se-sluchat-ako-pochnete-da-go-brichite-liceto-kafepauza.mkrn

    4. Полесно ќе нанесувате шминка

    rnДејли забележува дека шминката подобро се фиксира после бричење, што има логика бидејќи бричењето дава помазна површина за работа.rn

    5. Може да имате внатрешни влакна

    rnИсто како при стандардното бричење, поткожните влакна се појавуваат и на лицето ако не се бричите правилно и не користите крема за бричење.rn

    6. Може да искусите црвенило

    rnОние кои имаат чувствителна кожа треба да бидат многу внимателни за да не им се појави црвенило. Повторно потенцираме, не брзајте и користете крема за бричење ако вашиот брич е наменет за таква употреба.rn

    7. Ќе треба да се бричите редовно

    rnБез разлика дали користите влажен брич или сув, неопходно е одржување, освен ако не сакате да дозволите да имате подникнатна брада која ќе чекате да се „избланшира“ природно од сонцето.rnrnПа, што мислите? Би пробале?

  • 10 скапи нешта за убавина со кои одвреме-навреме треба да се наградувате

    10 скапи нешта за убавина со кои одвреме-навреме треба да се наградувате

    Девојките знаат дека убавината не е евтина, па токму затоа и многу е тешко одма да се отфрлат скапи третмани кои би можеле да доведат до видливи резултати. Нашиот совет е секој месец да си штедите по малку со цел да можете да се наградите со едно од овие скапи задоволства бидејќи работите многу и заслужувате да се чувствувате добро. Погледнете ги 10-те нешта за кои ние сметаме дека одвреме-навреме навистина вреди да се дадат и повеќе пари.rnrn10 скапи нешта за убавина со кои одвреме-навреме треба да се наградуватеrnrn1. Кармин од соништата. Веќе некое време копнеете по тој кармин кој сте го забележале на усните на една од вашите омилени славни личности на Инстаграм? Не чекајте повеќе.rnrn2. Третман за коса во салон. Сигурно после секое шишање вашиот фризер ви спомнува нов и кул третман за вашата коса кој наводно треба да ја направи сјајна и неверојатна. Можеби овој пат конечно би требало да прифатите.rnrn3. Третман за вашата кожа. Ако веќе треба да вложите во нешто поврзано со убавината, тогаш дефинитивно треба да се насочите кон грижата за вашата кожа. Можностите на шминката се ограничени, но ако имате здрава кожа тогаш секојдневно ќе изгледате прекрасно. Продуктите кои најмногу ќе ви помогнат во оваа цел се: луксузна крема за вашата сува кожа, моќна крема против стареење за околу очите, освежителен хидратантен тонер или препорачан лосион против акни. Запознајте ја вашата кожа добро и потоа изградете ја вашата рутина за убавина од таму. Исто така нема потреба да купите сè одеднаш.rnrn4. Непланирано фенирање на косата. Ако некогаш се најдете во ситуација да имате слободно време додека шетате низ трговскиот центар, тогаш насочете се кон салон за убавина и побарајте фенирање на вашата коса. Вие од таму ќе излезете со прекрасна и сјајна коса, која ќе ја зголеми вашата самодоверба.rnrn5. Фацијален третман кој ќе го промени вашиот живот. Финтата со оние навистина скапи фацијални третмани е што мора да ги применувате редовно со цел да забележите резултати. Најчесто овие центри нудат пакети кои се многу поевтини од индивидуалните сесии, па и покрај тоа што можеби заедно нивната цена изгледа застрашувачка, ако можете да си ги дозволите, тогаш направете го тоа. На долг рок ќе заштедите пари, додека вашата кожа на лицето ќе биде поздрава од кога било претходно.rnrn6. Луксузна шминка. Високо квалитетна пудра која може да прекрие брчки, акни и промени на бојата на кожата, правејќи ве да изгледате беспрекорни во секое време. Ако мислите дека сте ја нашле вистинската пудра за вас, никогаш не се откажувајте од неа.rnrn7. Обликување на веѓите. Некои салони имаат високи цени за обликување на веѓите, но постои причина за тоа. Овие салони користат искусни техничари кои ќе ви го направат целото искуство безболно.rnrn8. Целосна масажа во елитен спа центар. Одвреме-навреме дозволете си да се опуштите и да го поминете целиот ден во елитен спа центар каде што ќе заборавите на сите грижи. Откако ќе излезете од таму, вие ќе се чувствувате како нова личност, полна со енергија.rnrn9. Професионална шминка и фризура за посебен настан. Верувале или не, рацете на професионалците во оваа област се магични и можат целосно да ве трансформираат.rnrn10. Гел маникир и педикир. Маникирот и педикир правени со гел се многу луксузни, па зошто не би сакале понекогаш да се наградите со нив? Особено ако одите на одмор со цел да не мора да се справувате секојдневно со лакот за нокти кои се лупи.

  • Со помош на овој тест од 1934 година откријте дали имате совршено лице

    Со помош на овој тест од 1934 година откријте дали имате совршено лице

    Доколку некогаш ве интересирало како изгледа совршено лице, тогаш погледнете ја оваа фотографија од 1934 година која покажува зошто актерката Силвија Сиднеј била прогласена за најубавата девојка. Покрај тоа што можете да ја видите нејзината фотографија, вие можете и да откриете точно зошто нејзиното лице се сметало за „совршено“.rnrnСо помош на овој тест од 1934 година откријте дали имате совршено лицеrnrn1. Должината на лицето треба да биде еднаква на должината од 3 носа.rnrn2. Оддалеченоста помеѓу очите треба да биде доволно широка за да може да се смести уште едно око.rnrn3. Долните и горните усни треба да бидат исто полни и долги.rnrn4. Веѓите треба да бидат симетрични и да ја следат линијата на носот.rnrn5. Оддалеченоста помеѓу горната и долната линија на окото треба да е иста како оддалеченоста помеѓу горната линија на окото и веѓите.rnrn6. Почетокот на веѓите треба да се наоѓа во иста линија со внатрешниот агол од окото.rnrn7. Ширината на лицето во пределот на образите треба да биде еднаква со двојна должина од носот.

  • 18 бјути трикови кои задолжително ви требаат во вашата рутина

    18 бјути трикови кои задолжително ви требаат во вашата рутина

    Постојат многу трикови и совети за убавина. Најверојатно многу од нив сте прочитале, а утредента веќе сте ги заборавиле. Но, овие што ќе ви ги откриеме денес се брзи, лесни и едноставни, а сепак многу корисни. Погледнете!rnrn1-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Решение за подуени очи – метални лажички! Оставете ги лажичките да отстојат преку ноќ во фрижидер, а потоа кога ќе се разбудите, ставете ги на очите.

    rn2-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    2. Нанесете го вашиот коректор по нанесувањето на пудрата, никако пред неа!

    rn3-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    3. Нанесете го бронзерот како на сликата за да добиете сончев, здрав сјај.

    rn4-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Доколку сакате свеж, природен изглед, натапкајте малку безбоен балсам за усни на образите.

    rn5-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ако не сакате вашето лице да биде многу нашминкано, само пополнете ги веѓите. Погледнете колкава голема разлика ќе направите!

    rn6-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    6. За сјајна кожа, измешајте еден дел илуминатор и два дела пудра.

    rn7-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    7. Навлажнувајте ја кожата три минути по туширањето за таа да не се суши.

    rn8-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    8. Изберете нијанса на кармин која е за две нијанси потемна од вашата природна боја на усни.

    rn9-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    9. Користете памучна маица за сушење на косата наместо пешкир.

    rn10-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    11. За поголеми очи, нанесете неутрален молив за очи по внатрешноста на долната линија.

    rn11-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    12. Ако изгледате уморно, осветлете ги краевите на вашите очи за да ја привлечете светлината.

    rn13-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    13. Користете го коректорот на вистинскиот начин за да изгледате будно и помалку уморно.

    rn14-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    14. Користете лажица за да откриете каде се наоѓаат вдлабнатините на вашите образи.

    rn15-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    15. Бидете сигурни дека вашето руменило започнува најмалку два прсти подалеку од вашиот нос.

    rn16-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    16. Нанесете масло од чајно дрво на мозолчето веднаш штом ќе го забележите. Го дезинфицира и го суши.

    rn17-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    17. Користете темен лепак за да ги залепите лажните трепки. На овој начин тој ќе се слее со вашите трепки и тушот за очи.

    rn18-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_rn

    18. Направете мермерен ефект на вашите нокти така што во една лажица ќе помешате лак за нокти, а потоа во смесата ќе ги ставате ноктите.

    rn19-18-bjuti-trikovi-koi-zadolzhitelno-vi-trebaat-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_

  • Цртите на вашето лице откриваат какви сте во кревет

    Цртите на вашето лице откриваат какви сте во кревет

    Ако им верувате на истражувањата, момците уште на прв поглед ги заклучуваат овие нешта за вас според вашето лице… Станува збор за уште едно интересно психолошко толкување кое може да ве насмее. Погледнете се во огледало, а потоа прочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вашиот сексуален живот.rnrnЦртите на вашето лице откриваат какви сте во креветrn

    Усни

    rnАко вашата горна усна е поголема и истакната кон напред, вие имате силен сексуален нагон, додека оние кои имаат потенка и пократка горна усна во однос на долната, брзо и лесно доживуваат оргазам. Полната долна усна е карактеристична за оние кои постојано тежнеат за сексуални уживања, додека потенката долна усна укажува на личност која е со скромен и ограничен сексуален апетит.rn

    Очи

    rnОние кои имаат изразено сини или зелени очи во сексот се исклучително креативни и отворени, додека кафеавите очи укажуваат на љубовник кој е авантурист. Очите кои се поставени погоре на лицето нагласуваат сензуалност и кај некои личност, без разлика на нивната боја, вие нема да имате многу време да ги анализирате – тие ќе бидат светли, мистериозни и неверојатно привлечни. Тоа е добар знак.rn

    Нос

    rnМалиот нос покажува скромна сексуална желба, а големиот спротивно. Доколку крајот на вашиот нос е заоблен кон надолу, вие сте сензуални, но и себични во креветот, а понекогаш дури и нетрпеливи па се случува и поради тоа да го гушите либидото на партнерот. Луѓето со крив нос целосно се губат во текот на односот, како телесно, така и душевно.rn

    Уши

    rnОние кои имаат мали уши, имаат силен сексуален нагон и лесно можат да го задоволат својот партнер, но самите многу потешко се опуштаат и достигнуваат оргазам. Луѓето со поголеми уши се сензуални и страсни љубовници.

  • Најубавото лице во Зодијакот: Дали и вие сте меѓу среќниците родени во овој хороскопски знак?

    Најубавото лице во Зодијакот: Дали и вие сте меѓу среќниците родени во овој хороскопски знак?

    Благодарение на влијанието на Венера, Вагите се надарени со најубавата физиономија во целиот Зодијак. Лицето им е овално, правилно и привлечно, додека носот им е краток и нежен. Усните им се полни и заводливи со потемни нијанси, а очите упадливи – љубопитни, предизвикувачки и мистериозни.rnrnНајубавото лице во Зодијакот: Дали и вие сте меѓу среќниците родени во овој хороскопски знак?rnrnПоголемиот дел од Вагите се со ситна градба и во младоста многу пропорционални, додека во подоцните години имаат тенденција да се здобијат со покрупни бедра и колкови. Нивните екстремитети се кратки или со средна должина, убаво обликувани и пропорционални. Вагите имаат бујна и квалитетна коса, најчесто со темно кафеава или црна боја. Нивната коса и на поглед и на допир одава топлина и мекост. Тие водат сметка за уредноста и елеганцијата, внимавајќи да остават добар впечаток во секоја можност.rnrnОсвен типичната Вага, чија надворешност е под влијание на Венера, постои и Вага која е под влијание на Сатурн, чие лице е со поостри црти, подвиткан или шилест нос и кратки, лукави и несовесни очи. Телото на овие Ваги е со повеќе мускули и погрубо, одразувајќи ја нивната борбеност и амбиција. Кај двата типа најчувствителни делови на телото се бубрезите, мочниот меур и панкреасот. Вие треба да обрнете посебно внимание на нив и редовно да ги контролирате. Вагите исто така се склони и на алергии, астма и дијабетес.

  • Визуелен водич за новиот мејкап тренд: Контурирање на лицето со техниката стробинг

    Визуелен водич за новиот мејкап тренд: Контурирање на лицето со техниката стробинг

    Стробингот е нова техника на шминкање која е создадена како бунт против премногу популаризираното контурирање на лицето. Со неа се постигнува сличен ефект, но делува многу поприродно на лицето. Лицето на кое има подлога (полесна или потешка во зависност од типот на кожата и навиките) се осветлува со хајлајтер на местата каде што паѓа светлината на кожата. Или, поедноставно кажано: наместо да нанесувате бронзер или коректор во потемна нијанса од тенот на вашето лице и да создавате полусенки, вие нанесувате малку хајлајтер на добрите точки на лицето како што се јаболчниците, врвот на носот и брадата.rnrn1-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_rn

    За стробинг ви е потребно:

    rn

      rn011

    • Лесна подлога
    • rn011

    • ЦЦ крема
    • rn011

    • Хајлајтер
    • rn011

    • Розово руменило
    • rn011

    • Сунѓерче
    • rn011

    • Две четки
    • rn

    rn

    1. Подлога

    rnНанесете лесна подлога и добро прекријте ги критичните делови на лицето. Нанесете ја подлогата рамномерно со нежни движења на четката. Ако немате четка, послужете се со прстите.rnrn2-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_rn

    2. Пределот околу очите

    rnНанесете ЦЦ крема под очите, но и преку очните капаци.rnrn3-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_rn

    3. Линијата под очните капаци

    rnСо помош на четката направете линија од ќошот на очите до центарот на образите.rnrn4-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_rn

    4. Очните капаци и веѓите

    rnНанесете крема на аголот на очите и на очните капаци – под и над веѓите.rnrn5-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_rn

    5. Образи

    rnДодајте хајлајтер на јаболчните коски и на Т-зоната. Потоа ставете руменило на образите.rnrn6-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_rn

    6. Мат финиш

    rnСтавете светла нијанса на кармин на усните. За конечен ефект ставете светликав прав на образите.rnrn7-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_