КАФЕ ПАУЗА

Tag: лице

  • Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?

    Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?

    Мислите дека не сте фотогенични, па затоа и избегнувате да се фотографите и да поставувате селфи на социјалните мрежи? Трикот е во шминката, па благодарение на овие совети од модните блогерки вие без сомнение ќе изгледате неверојатно, исто како и славните холивудски ѕвезди. Време е за нова фотографија од вас на Инстаграм!rn

    Одбирајте мат шминка

    rn(1) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnАко користите мат шминка, а ја избегнувате онаа која сјае – вие без прашање ќе изгледате одлично пред блицовите на фотоапаратите. Исто така, имајте на ум дека е најдобро да се шминкате на природна светлина, бидејќи вештачката може да ве измами, па да делувате премногу нашминкано.rn

    Секогаш користете ајлајнер

    rn(2) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnИзбегнувајте ги течните пудри и користете ги оние во прав, со бледо жолтеникави нијанси. Кога знаете дека ќе следува фотографирање, нанесете црна маскара и ајлајнер, дури и ако немате навика да ги затемнувате очите. На овој начин значително ќе ги истакнете на фотографиите.rn

    Не заборавајте на руменилото

    rn(3) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnТоа е клучен фактор при неверојатниот изглед на фотографиите. Исто така имајте на ум дека нијансата е многу важна, па секогаш одбирајте кајсија боја или розова. И во овој случај мат нијансите се далеку подобри од сјајните, кои прават вашето лице да свети на фотографиите.rn

    И хајлајтерот може да ви помогне

    rn(4) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnНагласете ги оние делови од лицето до кои најчесто допира светлината – брадата, врвот на носот и челото. Исто така ставете капки за очи, со цел да ги освежите и тие да не изгледаат црвено на фотографиите.

  • 5 работи кои воопшто не треба да ги нанесувате на лицето

    5 работи кои воопшто не треба да ги нанесувате на лицето

    Сите жени сакаат да експериментираат со производите кои ги ставаат на лицето, а маските и лосионите кои се приготвуваат во кујната отсекогаш им биле занимливи. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека треба да внимавате што ставате на лицето, како и дека не треба да ставаме на нашата кожа сè што ќе ни биде на дофат. Токму затоа и треба да ги држите следниве 5 нешта што подалеку од вас.rnrn1-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Алкохол

    rnСо алкохолот честопати се дезинфицираат рани, но по никоја цена не треба да го нанесувате на акните и раните на лицето, бидејќи во истиот момент тој ќе ја исуши вашата кожа.rn

    2. Шеќер

    rnВеќе е познато дека прекумерното консумирање шеќер води до слабеење на еластичноста на кожата, па и со самото тоа до појава на брчки. Експертите велат дека не станува збор само за неговото внесување, туку и дека шеќерот што го ставаме на кожата може да ги создаде истите несакани последици. Затоа, маските со кафеав шеќер треба да ги користите само во борбата против целулитот, а никако да ги ставате на лицето.rnrn2-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    3. Лосион за тело

    rnВерувале или не, многу жени го користат лосионот за тело како крема за лице. Тоа е потполно погрешно, бидејќи кожата на лицето е многу поделикатна од кожата на телото и за неа се потребни понежни производи. Исто така, лосионите за тело честопати содржат парфеми и светки, кои може да му наштетат на лицето.rn

    4. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната честопати се спомнува во некои рецепти за домашна изработка на пилинг за лице, но размислите: доколку таа може да ги избели забите, дали навистина е безопасна за лицето?rnrn3-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    5. Лак за коса

    rnСекако, ниту една од нас не би нанела лак за коса свесно на нашето лице, но големи се шансите дека го правиме тоа несвесно. Лакот за коса е полн со хемикалии кои ги затвараат порите, поради што може да дојде до појава на акни.

  • 5 начини како да ги носите вашите шишки додека чекате да пораснат

    5 начини како да ги носите вашите шишки додека чекате да пораснат

    Сигурно на повеќето од вас барем еднаш ви се случило да ги скратите вашите шишки, но бргу сте се премислиле и сте одлучиле повторно да ги оставите да пораснат. Проблемот настанува во меѓувреме – шишките ви се предолги и ви сметаат, но повеќе не сакате да ги кратите, затоа што целта ви е да ги оставите да пораснат приближно до должината на остатокот од косата.rnrnrnrnПогледнете ги овие пет предлози кои ви нудат решение да се борите со нив додека ви паѓаат во очите и ви сметаат.rnrn1. Завртете ги. Едноставно фатете ги шишките заедно, поделете ги на половина, па извртете ги на страната или наназад, фаќајќи ги со шнола.rnrnrnrn2. Исплетете ги. Многу лесно можете да ги тргнете шишките од лицето со помош на плетенка. Едноставно од патецот или од увото почнете да плетете плетенка каде што ќе ги вметнете и шишките.rnrnrnrn3. Закачете ги едноставно. Шишките можете да ги тргнете и на тој начин што едноставно со шнола ќе ги фатите на страна или наназад. Користете шноли во боја доколку сакате да изгледате поубаво.rnrnrnrn4. Сокријте ги. Исчешлајте ги шишките назад или на страна, па фиксирајте ги со трака, марама и слично. На овој начин ќе добиете интересна женствена фризура, а притоа шишките нема да ви пречат.rnrnrnrn5. Пунџа на врвот од главата. Оваа сезона пунџите на врвот на главата станаа апсолутен хит којшто може да се види како на познатите личности, така и на манекенките ширум модните писти. Најдобро е да го приберете горниот дел од косата, заедно со шишките, па да направите пунџа над челото. На овој начин шишките ќе бидат фиксирани и тргнати од вашето лице.rnrn

  • Зошто смеењето и муртењето се заразни?

    Зошто смеењето и муртењето се заразни?

    Смејте се! Тоа прави сите во собата да се чувствуваат подобро, бидејќи тие, свесно или несвесно, се насмевнуваат со вас. Повеќе истражувања покажуваат дека изразите коишто ги правиме со лицето ни овозможуваат да се соживуваме со чувствата на другите.rnrnrnrnСоцијалните психолози, Паула Ниедентал и Адријан Вуд, заедно со нивните колеги од Универзитетот во Висконсин, во нивниот труд опишуваат како луѓето во секојдневните ситуации ги имитираат туѓите изрази на лицето, со цел да создадат нивни соодветни емоционални одговори. На пример, кога сте со ваш пријател којшто е тажен, вие и самите би се обиделе да го направите тој тажен израз – без притоа да сфатите дека го правите тоа. Ваквото „испробување“ на емоциите на вашиот пријател на некој начин ви помага да препознаете што чувствува тој, така што вие се потсетувате како сте се чувствувале во минатото тогаш кога сте го направиле тој израз. Интересно е тоа што луѓето го прават ова во рок од само неколку стотици милисекунди.rn

    „Реагирате на чувствата и потоа создавате некој вид своја пресуда и резултатот е тоа што вие преземате мерки – или ѝ се приближувате, или ја избегнувате личноста“, вели Ниедентал.

    rnСпособноста на една личност да ги препознае и споделува емоциите на другите може да се блокира кога тие не се во можност да ги имитираат изразите, дури и да станува збор за нешто едноставно. Ова често се случува кај лицата со централни или периферни заболувања, како што е на пример парализата како резултат од мозочен удар, Беловата парализа, или пак поради оштетување на нервите од пластична операција. Ниедентал забележува дека ова би се случувало и кај луѓето со вродена парализа, бидејќи ако никогаш ја немале способноста за имитирање на изразите на лицето, никогаш не би имале развиено начини за интерпретирање на емоциите.rnrnЛуѓето со социјални нарушувања поврзани со мимиките и/или со намалена способност за распознавање на емоциите, како личностите со аутизам, може да се сретнат со слични предизвици. Ниедентал вели дека постојат некои симптоми на аутизмот, како што е на пример недостатокот на контакт со очите, што може да предизвика да не можат да се препознаат туѓите емоции.rn

    Како да знаете како се чувствуваат луѓето кога ќе ги погледнете?

    rn1. Го гледате изразот на нивното лице. Потребно е да знаете што значи изразот, па да реагирате соодветно.rn

    2. Го имитирате изразот. Имитирањето ги користи истите области од вашиот мозок што ги предизвикуваат и изразите – на овој начин вие ги правите соодветните мимики.

    rn

    3. При правењето на тие изрази, вие можете да почувствувате како им е на другите. Овде може да има влијание и вашиот степен на познавање на личноста.

    rn

    Овој брз, автоматски и несвесен процес, ви овозможува да ги поврзете емоциите на другите со вашите емоционални искуства.

    rnСледното истражување коешто сака да го направи Ниедентал е за да открие кој механизам во мозокот функционира за да ѝ помогне на личноста во препознавањето на изразите на лицето. Таа вели дека ваквото истражување ќе ѝ даде подобра идеја за тоа како да се третираат одредени нарушувања.

  • Неколку лоши навики за убавина коишто треба да престанете да ги практикувате уште денес

    Неколку лоши навики за убавина коишто треба да престанете да ги практикувате уште денес

    Повеќето од нас, особено жените, тежнееме за здрава и блескава кожа. За да го постигнеме ова следиме секакви општи практики за убавина, без притоа да знаеме дали тие се добри за нашата кожа или не. Додека го правиме тоа, свесно или несвесно, ние повеќе си штетиме отколку што си помагаме. Информираноста за овие погрешни практики за убавина ќе ви помогне да ја сочувате вашата кожа здрава и убава.rnrnrn

    1. Го миете лицето рано наутро

    rnСекојдневна рутина е да го миете лицето, дури и пред да започнете со денот. Но, користењето груби средства за миење во раните утрински часови, може да ѝ наштети на вашата кожа на тој начин што ќе ги отстрани сите есенцијални масла. За здрава кожа, едноставно измијте се со вода и нанесете крем со заштитен фактор 15 или поголем.rnrnrn

    2. Го игнорирате вратот

    rnПравите сè за вашето лице да изгледа добро, а притоа го игнорирате вратот. Не заборавајте да нанесете крема и на него затоа што разликата помеѓу лицето и вратот е јасно видлива.rnrnrn

    3. Користите пегла за коса

    rnНе користете ја пеглата за коса кога не е неопходно. Таа ја оштетува косата повеќе од фарбањето и ја прави да изгледа доста груба.rnrnrn

    4. Користите премногу шминка

    rnЖените треба да се сакаат онакви какви што се. Носењето премногу шминка е исто како да ставате маска. Задржете ја природната убавина, а доколку одредени прилики бараат користење шминка, тогаш не претерувајте и нанесете помал слој.rnrnrn

    5. Вежбате и спиете со шминка

    rnВо текот на денот, кога е топло, телото се лади преку потењето и потта навлегува во порите. Носењето шминка ги блокира порите и тоа предизвикува појава на акни. Затоа, пред спиење избришете ја вашата шминка и исчистете го лицето со средство за чистење.rnrnrn

    6. Мократа коса ја оставате во крпа

    rnОднесувајте се со вашата коса со љубов и грижа. Влажната и заплеткана коса е слаба, па не е добро да ѝ нанесувате дополнителна штета. Завиткувањето на вашата коса во крпа и нејзиното триење од неа може да го уништи вашето влакно и целосно да ја оштети.rnrnrn

    7. Користите сламки за пиење

    rnКористењето сламки за пиење сок, кафе или чај може да предизвика брчки на вашето лице. Затоа, избегнувајте ги што повеќе!rnrnrnrnЗа да ја заштитите вашата кожа, вметнете ги здравите навики во вашето секојдневие и спречете ги лошите ефекти на вашето тело!

  • Чудотворна маска од само 1 состојка: Брзо и лесно отстранете ги митесерите од вашето лице

    Чудотворна маска од само 1 состојка: Брзо и лесно отстранете ги митесерите од вашето лице

    Проблематичната кожа, склона кон појава на акни и митесери, понекогаш може да претставува вистински пекол. Сигурно многу пати сте се обиделе да го пронајдете вистинскиот начин за да го решите овој проблем, но не сте успеале да го најдете совршеното решение.rnrnrnrnДенес ви предложуваме едно едноставно, а ефикасно решение. Станува збор за маска против акни, којашто можете да ја направите дома и да ја употребите за само неколку минути.rn

    За подготовка на оваа маска потребно ви е:

    rn

      rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1 хартиено марамче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и употреба:

    rnНајпрво издвојте ја белката од жолчката. Откако ќе го направите тоа, измешајте ја белката така што таа ќе стане кремаста, а притоа да остане пенеста. Така промешана, нанесете ја на кожата на лицето во рамномерен и тенок слој. Потоа исечете ги хартиените марамчиња, на тој начин што едно парче би можеле да го залепите на челото, друго на брадата, трето на носот и уште две за лицето. Поставете ги преку белката којашто сте ја нанеле на лицето, а ако ви останало уште од смесата, дополнително нанесете ја преку залепените хартиени марамчиња.rnrnПочекајте вашата маска да делува онолку колку што е потребно да се исушат марамчињата. Потоа, еден по еден дел брзо и прецизно извадете ги од лицето. Ќе почувствувате мало пецкање на кожата во моментот кога ќе ги одлепувате хартиените марамчиња. Може да се случи кожата да ви биде малку црвена, но тоа не би требало да ве загрижува затоа што тоа е моментална и нормална реакција. За крај, изматете ги жолчките коишто ви останаа и нанесете ги на кожата на лицето во рамномерен слој. Почекајте да делуваат околу пет минути, а потоа измијте се темелно најпрво со топла, а потоа со ладна вода.rn

    На кој начин делува оваа маска?

    rnБелките го неутрализираат присуството на маснотиите и нечистотиите што се присутни во внатрешноста на вашите пори и што предизвикуваат појава на акни и митесери. Покрај тоа, белките делуваат и на тој начин што го смируваат воспалението на кожата каде што се наоѓаат акните, па на тој начин ги затвораат порите. Од друга страна пак, жолчките содржат многу хранливи состојки што ја зајакнуваат отпорноста на кожата каде што постојат акните и митесерите. Целта на употребата на хартиените марамчиња е тоа што на овој начин од лицето можете да отстраните поголема количина маснотии и нечистотии од кожата, отколку кога само би си го чистеле лицето со белките.rnrn

  • Бразилките советуваат: Бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса

    Бразилките советуваат: Бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса

    По што се издвојуваат бразилските убавици од другите? Дали тие имаат нешто заедничко освен убавината со којашто се надарени? Денес ќе ви откриеме кои трикови ги користат некои од најпознатите бразилски модели, на кој начин тие се грижат за себе, за своето лице, кожа и својата коса.rn

    Алесандра Амбросио

    rnПреубавата Алесандра Амбросио ни го открива својот трик за прекрасни „голи“ усни. Како успева во овој беспрекорен изглед? Таа едноставно го нанесува својот молив за усни во неутрална боја и над него става балсам или безбоен сјај. Толку едноставно, а ефективно. На тој начин бојата на усните и подолго ѝ трае.rnrnrn

    Жизел Биндшен

    rnНа прашањето како ја негува својата прекрасна коса и како постигнува да изгледа толку совршено, Жизел одговорила дека трикот е во тоа што речиси никогаш не користи четка за коса. Откако ќе нанесе регенератор, само проаѓа со прстите преку косата и ја остава да се исуши по природен пат. Понекогаш одвреме-навреме ја чешла додека се тушира, но никогаш после тоа.rnrnrn

    Адријана Лима

    rnАдријана споделува еден совет кој може да ви помогне да го ублажите стресот после напорниот ден и да ја смирите кожата на лицето. Таа препорачува да натопите памук со оладена кокосова вода, по можност органска и потоа нежно да го поминете лицето со него. Таа секогаш кога оди во Бразил наоѓа време да си ја надополни нејзината залиха на кокосова вода, а овој трик го применува секогаш после напорниот ден со цел да се чувствува порелаксирано.rnrnrn

    Лаис Рибеиро

    rnЛаис секогаш има прекрасна и сјајна кожа. Таа објаснува дека тајната е во тоа што со себе секогаш носи марамчиња за бришење шминка, па веднаш по завршувањето на снимањето таа ја отстранува целата шминка. Со оглед на тоа дека лицето често ѝ е покриено со многу шминка, за нејзината кожа да дише и да биде здрава, таа се труди редовно да се придржува до овие правила.rnrnrn

    Изабел Гулар

    rnИзабел ни открива на кој начин успева да ја одржува својата кожа доволно хидрирана, дури и после долгите летови со авион од по 12 часа. Таа тврди дека нејзината кожа е убава и хидрирана поради користењето масло за лице, од кој било бренд. Па, доколку имате проблеми со дехидрирана кожа, пробајте тоа да го решите со користење масло.rnrnrn

    Синтија Дикер

    rnСигурно ќе се согласите дека Синтија со својата виткана коса, пеги по лицето и порцеланска кожа не е типична Бразилка, но тоа не треба да ве лаже. Таа вели дека својата убавина ја одржува на тој начин што секој ден пие зелен коктел од: краставица, спанаќ, лимон, јаболка и ѓумбир. Синтија тврди дека токму овој ритуал којшто го практикува повеќе години, е одговорен за нејзината убавина.rnrnrnrnБи пробале ли и вие некој од овие совети?

  • Сè што треба да знаете за тоникот за лице

    Сè што треба да знаете за тоникот за лице

    За секоја девојка убавата и здрава кожа на лицето е главен приоритет. Едноставно, ниту една фризура, колку интересна и оригинална да биде, нема да ни се допадне доколку не сме задоволни со нашето лице. Ист е случајот и со шминката. Колку пудра и да нанесеме, доколку имаме акни тие сепак ќе се забележуваат и нема да се чувствуваме убаво. Затоа, заклучокот сам се наметнува – неопходно е да водиме добра грижа за негата на нашата кожа.rnrn1-se-shto-treba-da-znaete-za-tonikot-za-lice-www.kafepauza.mk_rnrnАко имате проблеми со кожата на лицето, најверојатно до сега сте испробале многу различни производи во потрага по оној вистинскиот. Но, дали до сега сте користеле тоник? Ако размислувате да започнете да користите, еве што треба да знаете во врска со него.rn

    1. Што е тоник?

    rnГенерално, тоникот е препарат на база на вода кој во себе содржи супстанца слична како оцетот. Всушност, ова не треба да ве загрижува, бидејќи оцетот е многу добар за вашата кожа и коса. Затоа, тоникот не само што ќе ви помогне да ги избришете и последните траги шминка, туку ќе ви помогне да имате убава и сјајна кожа на лицето. Ќе ја закрепне од иритации, црвенило, ќе ја тонира и ќе ја направи нежна и мека. Тоникот ќе ви помогне во борбата против акните, а може да ви послужи и како припрема за третманите против стареење.rn

    2. Дали одговара на секој тип кожа?

    rnСо оглед на тоа дека тоникот најмногу помага во регулирањето на нечистотијата и вишокот маснотии, логично е да помислите дека одговара само за масна и мешана кожа. Но, тоа не е точно. Постојат многу различни видови тоници, кои во себе содржат различни состојки наменети за различни типови кожа. Па, кога ќе избирате кој тоник да го купите, посоветувајте се со дерматолог околу изборот, бидејќи е многу важно да го купите оној кој одговара на вашиот тип кожа. Ова треба да важи за секој производ што ќе го купите.rnrnДобар избор, кога станува збор за тоникот, е секогаш оној кој во себе не содржи алкохол (кој може да ја исуши кожата), па водете смета и за оваа ситница кога го купувате овој препарат.rn

    3. Како да го користам?

    rnТоникот ја претставува самата завршница во чистењето на лицето. После убавото бришење на шминката, особено водејќи сметка за деловите околу косата, носот и очите, со него вие ќе го отстраните вишокот на нечистотиите. Доволно е да нанесете мала количина на вата или тупфер и со неа да премините околу лицето. Водете сметка и за количината, ватата не треба да биде премногу натопена, но не и скоро сува.rnrnПостојат тоници кои се купуваат со распрскувач, па можат директно да се нанесат на лицето. Не заборавајте да замижете пред прскањето. Вишокот течности можат да бидат повторно отстраните со вата или тупфер.rn

    4. Колку често можам да го користам?

    rnТочно е дека преголемата употреба може да предизвика контра ефект, односно вашата кожа ќе почне повеќе да се масти, за самата да се „одбрани“. Па, ако имате сува кожа, доволно е да користите тоник еднаш дневно, и тоа навечер, после бришењето на шминката и регуларното чистење на лицето. Ако вашата кожа е масна или мешана, тоникот користете го два пати дневно, наутро (пред шминкањето) и навечер (после бришењето на шминката).rnrnКога следен пат ќе размислувате што треба да внесете, а што да исфрлите од секојдневниот ритуал за чистење на лицето, имајте на ум дека тоникот треба да го оставите на списокот. Ако го користите правилно, тој може многу да ви помогне, бидејќи станува збор за квалитетен и добар производ. Не само што вашето лице ќе биде потполно чисто, туку вашата кожа ќе биде тонирана, сјајна, помека и поубава. И тогаш ќе можете без проблеми да правите различни фризури и да испробувате нови начини за шминкање. Да се има совршена кожа, навистина не е тешко!

  • Водич за правилно нанесување руменило според обликот на вашето лице

    Водич за правилно нанесување руменило според обликот на вашето лице

    Ако мислите дека нанесувањето руменило е крајно едноставно, размислете уште еднаш! Ако некогаш ви се случило да не ви се допадне како сте нашминкани, тогаш најверојатно не сте го следеле вашиот облик на лице, а верувале или не, тоа е многу важно! Исто како што на сите девојки не им стои ајлајнер или одредена боја кармин, исто така не може сите девојки на ист начин да нанесуваат руменило. Затоа, најнапред погледнете го вашиот облик на лице, а потоа земете ја четката и руменилото во раце!rnrn1-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    Срцевидно лице

    rnЛицето со облик на срце е издолжено, со високи јаболкници и тесна брада. Руменилото би требало да го нанесете на јаболкниците, скоро во облик на буквата „С“, од средина на образите па нагоре.rnrn1-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_2-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mkrn

    Долгнавесто лице

    rnАко вашето чело, образи и вилица се на иста ширина, вашето лице има долгнавест облик, како еден вид „мек“ правоаголник. Ставете руменило на средина на јаболкниците, а потоа благо размачкајте го накај носот од страна. Исто така, нанесете малку руменило и на слепоочниците, покрај веѓите.rnrn3-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_ 4-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    Квадратно лице

    rnДоколку имате ваков облик на лицето, најверојатно е дека имате „прави“ страни и рамни вилици, па со руменилото малку ќе го омекнете вашето лице. Нанесете го преку целиот образ, од најнискиот дел па нагоре, кон веѓите. Потоа, суптилно нанесете руменило од внатрешната страна на веѓите кон носот. Слободно ставете малку и на усните и капаците. Зарем сега не изгледате прекрасно?rnrn5-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rnrn6-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    Тркалезно лице

    rnКај овој облик на лице, највпечатливи се образите, па затоа нив треба да ги „коригирате“ со помош на шминката. Насмевнете се и на највисоките точки од јаболкниците ставете руменило, размачкувајќи го кон надвор, накај ушите.rnrn7-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_ 8-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rn

    Овално лице

    rnОвалното лице го карактеризираат благо истакнати образи, додека челото и вилиците се нешто пократки. За најдобар ефект, руменилото нанесете го на најистакнатите делови на јаболкниците, а потоа благо размачкајте го нагоре, накај слепоочниците.rnrn9-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_ 10-vodich-za-pravilno-nanesuvanje-na-rumenilo-spored-oblikot-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

  • Заборавете на овие начини за чистење на лицето, бидејќи со нив само ја оштетувате кожата

    Заборавете на овие начини за чистење на лицето, бидејќи со нив само ја оштетувате кожата

    Многумина од нас сметаат дека околу чистењето на лицето нема голема филозофија: треба само да го пронајдеме препаратот кој ни одговара или генерално да се држиме до водата и некој благ сапун, и тоа е тоа. Сепак, како што водиме сметка за тоа како се шминкаме и внимаваме нашите веѓи да бидат совршено обликувани, ајлајнерот нанесен под перфектен агол и усните беспрекорно исцртани, исто така треба да водиме сметка за тоа како сето тоа, на крајот од денот, ќе го избришеме од лицето и ќе му ја пружиме потребната нега.rnrn2-zaboravete-na-ovie-nachini-za-chistenje-na-liceto-bidejkji-so-niv-samo-ja-oshtetuvate-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чистењето на лицето е процес од два чекори

    rnКористењето на лосион за чистење на лицето не е доволно. Секогаш, најпрво избришете ја целата шминка, па потоа користете препарат за чистење. Во спротивно, голема е можноста вишокот шминка сепак да остане на вашето лице, особено во пределот на носот и околу очите. За бришење на шминката може да користите ракавица, крема, специјални влажни марамчиња за отстранување шминка или како што најмногу сакате, со млака вода и сапун.rn

    2. Премногу честото чистење ја суши кожата

    rnСо желба лицето да ни биде совршено чисто за да ја избегнеме појавата на мозолчиња, често знаеме да претераме и да го чистиме лицето неколку пати на ден. Водете сметка за вашиот тип на кожа: ако кожата на вашето лице е мрсна, во ред е да го чистите лицето наутро и навечер, но ако е сува и чувствителна, доволно е да го чистите само еднаш на ден, и тоа најдобро навечер.rn

    3. Прескокнете го отворањето и затворањето на порите

    rnОва е класичен мит. Дерматолозите нагласуваат дека порите не се отвораат и затвораат, па така слободно можете да го прескокнете миењето со жешка вода (за да ги отворите порите), а потоа со многу ладна (за да ги затворите). На овој начин само ѝ правите стрес на кожата поради што може да дојде до сушење и црвенило.rn

    4. Изберете средство според типот на вашата кожата

    rnОбично мислиме дека при купувањето средство за чистење на лицето најважно е да го избереме она кое одговара на нашиот тип на кожа. Тоа е точно, но многу поважно е да ги проверите и неговите состојки. На пример, на лицето најверојатно нема да му одговара средство кое во себе содржи прејак мирис, бидејќи тоа може да ја иритира кожата.rnrn1-zaboravete-na-ovie-nachini-za-chistenje-na-liceto-bidejkji-so-niv-samo-ja-oshtetuvate-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Избегнувајте пилинг за мекост

    rnПилингот може да биде премногу агресивен за вашето лице. Наместо тоа, подобро е да користите препарати на база на салицин или гликолна киселина кои се поблаги и понежни за вашата кожа.rn

    6. Не користете прејаки тоници

    rnТоникот за лице се нанесува после чистењето на лицето за да ја отстрани последната трага од нечистотија. Сепак, тие знаат да бидат премногу агресивни за кожата, бидејќи често во себе содржат алкохол. Затоа, проверете го списокот на состојки и задолжително избирајте такви што не содржат алкохол.rn

    7. Не трошете премногу пари

    rnЗа жал или пак за среќа, скапите препарати не го гарантираат секогаш квалитетот кој ви е потребен. Сè зависи од тоа што ѝ годи на вашата кожа. Затоа, при купувањето препарат за чистење на лицето, проверете дали тоа навистина ќе ви одговара (можете да се посоветувате со дерматолог), па потоа гледајте ја цената.rnrn3-zaboravete-na-ovie-nachini-za-chistenje-na-liceto-bidejkji-so-niv-samo-ja-oshtetuvate-kozhata-www.kafepauza.mk_