Постојат многу причини зошто треба да ја скратите косата на почетокот на летото. Доколку сѐ уште се двоумите, разгледајте ги следниве предности на ваквиот чекор и спремни дочекајте го летото!rn
1. Чувство на леснотија
rnЕден од наједноставните мотиви за кратењето на косата е секако чувството на леснотија кое доаѓа со тоа. Огромната и густа коса во жешките летни денови и не е некое уживање. Па, зошто да не се ослободите од товарот?rnrn
rn
2. Нов почеток
rnИако кратењето на косата можеби не ви се чини како голема работа, сепак навистина значително влијае врз вашето расположение и личен живот. Таа мала промена може да донесе многу нови нешта! Симболичен нов почеток. Ќе се чувствувате како зад себе да го оставате она што поминало и продолжувате напред!rn
3. Полесно одржување
rnКратката коса многу полесно се одржува. Миењето и фенирањето одземаат многу помалку време. Секако, истовремено заштедувате и на продуктите за коса бидејќи ги користите многу подолго.rn
4. Доволно време за повторно да порасне
rnКога сте на училиште или факултет, новата лоша фризура може да значи период на срам и озборувања. Но, доколку го направите тоа на почетокот на летото, ќе имате доволно време за раснење и подобро средување на косата. Ќе се навикнете на новиот изглед и ќе сфатите што точно треба да направите и како да ја средите на најубав можен начин.rnrn
rn
5. Безгрижност
rnОна што е најдобро за кратката коса е чувството на безгрижност. Средувањето не одзема време и е сосема погодно за летните денови.rn
6. Самодоверба
rnПромената на косата со себе треба да донесе и зголемена самодоверба. Ќе се чувствувате похрабри и поинспирирани. Ќе се препородите и спремни ќе го дочекате летото! Секако, одберете добар и искусен фризер за сето ова да постане реалност.rn
7. Време за промена
rnПромените кои ги правите во стилот, се суштински за убав живот. Па, ако долго не сте направиле некаква промена, сега е вистинското време за тоа! Може да ја скратите косата, да ја смените шминката, да се облекувате малку поинаку од вообичаеното итн. Овие мали промени ќе направат да се чувствувате поубаво! Направете нешто различно ова лето и дозволете си малку промена и разгалување!rnrn

Режија: Рајко ГрлиќrnrnСценарио: Анте Томиќ и Рајко ГрлиќrnrnГлавни улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ…rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnПремиера: 9 март 2010rnrnЈазик: хрватскиrnrn
Иако Рајко Грлиќ и досега го има обработувано неверството, а од поново време режисер е на филмот „Караула“ со Сергеј Трифуновиќ (правен по книга на Анте Томиќ, исто така косценарист и на овој филм), овој пат го прави поинаку, необременето од она што го направил досега. Сепак, не очекувајте да паднете на колена по филмот, дека ќе ви се кажат нови животни вистини, дека ќе го смените начинот на размислување, но, дефинитивно, убаво ќе си поминете.

Кинематографија:


