Веројатно веќе сте уморни од сувата и оштетена коса, па не сакате често да ја обликувате со топлина. Но тоа не значи дека треба да се откажете од локните. Можете на едноставен начин да направите бујни локни, без воопшто да ја оштетите вашата коса. Најдоброто од сè е што целиот процес е навистина едноставен – треба да ја навиткате косата, да си легнете и следниот ден да се разбудите со совршена фризура.rnrn
rnrnЗа оваа фризура ви се потребни посилна лента за коса, четка за коса и спреј или гел за обликување по желба. Потоа, измијте ја косата и добро исчешлајте ја, па ставете ја лентата на главата. Замотајте ја целата коса околу лентата, прамен по прамен. Доколку косата ви е пократка и прамените излегуваат, можете да ги прицврстите со шноли. Доколку е потребно, сега нанесете го гелот за обликување. Потоа само треба да си легнете.rnrnСледното утро внимателно одмотајте ги прамените, но немојте да го правите тоа грубо за да не ги уништите локните, но и косата. На крај нанесете малку спреј за коса за фризурата да трае подолго.rnrnМожете да го погледнете целиот процес на видеото во продолжение:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=uiTUKDU6lc0rnrnПогледнете и како да си ја навиткате косата со крпчиња.
Tag: лента за коса
-

Направете сами: Совршени локни со лента за коса
-

Направи сама: Топла, тренди и шик плетена лента за коса од стар џемпер
Дојде зима, што значи дека ги пронајдовме нашите капи, шалови и ракавици. Овие модни додатоци ќе нè заштитат од студот, но воедно ќе го разубават и нашиот моден стил. Ако сте личност која не сака капи, сигурни сме дека наместо нив носите штитеници за уши или волнени ленти, бидејќи нешто мора да ја штити вашата глава и уши од температурите под нулата и студениот ветар. Па, ако сакате нова лента за коса, а имате стар џемпер со кој не знаете што да направите, тогаш имаме сјаен предлог за вас! Направете го сами овој симпатичен моден додаток за коса со голема панделка, која го прави оригинален и уникатен.rnrn
rn1. Исечете две дупли ленти од џемперот со должина која одговара на обемот на вашата глава и ширина од околу 10 сантиметри.
rn
rn2. Краевите не лентите спојте ги и зашијте ги.
rn
rn3. Истото направете го со другата лента. Едната лента ќе ве заштитува од студот, додека од другата ќе направите шик панделка.
rn
rn4. Притиснете ја лентата на средина. Спојте ја лентата од горната и долната страна за да ги формирате „ушите“ на панделката.
rn
rn5. Помалото парче од џемперот замотајте го околу средината и на задната страна зашијте го.
rn
rn6. Вашата панделка е готова!
rn
rnrn
rn7. Остана уште да ја зашиете на лентата и тоа е тоа. Едноставно, лесно и во тренд!
rn
rnСигурни сме дека ќе го направите овој моден додаток. Бидете поразлични оваа зима!
rn

-

7 брзи и лесни фризури за секој ден
Барем еднаш на сите ни се случило да не го слушнеме алармот и да се разбудиме со само неколку минути пред нас за подготвување. Фризурата најчесто одзема најголем дел од целата подготовка и ние во тие моменти едноставно не можеме да издвоиме толку време. Еве неколку фризури кои ќе ви помогнат да изгледате совршено за многу кратко време…rnrn
1. Направете вашата коса да изгледа свежо
rnПобедете ја мрсната коса со неколку лесни трикови: земете пудра во прав за бебиња доколку имате светла коса или камена пудра ако сте бринети и нанесете ја на врвовите со голема четка за шминкање. На овој начин вашата коса ќе добие свеж изглед. Потоа исправете ги само врвовите со пегла за коса, разбушавете ја со раце и подготвени сте за новиот ден.
rn2. Ставете лента за коса
rnЗа поелегантен изглед, исчешлајте ја косата наназад и ставете широка лента со панделка за да го покрие делот кој не сакате да се забележува. Исто така можете да ја соберете косата во пунџа за да добиете посериозен изглед.
rn3. Направете растурена пунџа
rnОва е најбрзата фризура за која ви се потребни само неколку секунди. Соберете ја целата коса и заврзете ја со стегач 2-3 пати. Доколку сакате да изгледате поуникатно, обликувајте ја пунџата со неколку шноли во боја на вашата коса, извадете неколку врвови надвор од неа за да изгледа порастурено и на крај завршете со лак за коса.
rn4. Фризура со кинески стапчиња
rnИ покрај тоа што на прв поглед изгледа тешко за правење – всушност таа е неверојатно лесна и брза. Доколку не знаете како се прави погледнете краток туторијал за оваа фризура. Не ви се потребни ни кинески стапчиња ако немате, можете да искористите обично стапче за коса или молив.
rn5. Соберете ја косата со стегач во опавче
rnПрво намокрете ја малку косата со вода за да добие брановиден облик. Потоа оставајќи еден прамен слободен, соберете ја во опавче. Откако ќе завршите завиткајте го праменот околу стегачот и прицврстете го со мала шнола.
rn6. Соберете ги шишките
rnОваа популарна фризура е одличен начин да ги скриете шишките кои ви се предолги. Со помош на две шноли или мал стегач соберете ги шишките нагоре и подотпуштете ги малку за да добиете волумен. За потренди изглед можете да ја соберете косата во растурена пунџа, а ако сакате да изгледате поелегантно, опавчето е совршен додаток на собраните шишки во овој стил.
rn7. Плетенки
rnСо малку вежбање, за многу брзо време можете да научите да правите совршени плетенки на кој било дел од косата. Француската плетенка на страна, која има улога како лента за коса е одлична идеја доколку имате многу малку време за подготвување.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.