КАФЕ ПАУЗА

Tag: лек

  • Узбекистански народен рецепт против гастритис

    Узбекистански народен рецепт против гастритис

    Гастритисот е многу честа појава, која започнува со болки во горниот дел од стомакот, проследени со мачнини и киселини. Таквите симптоми најчесто се појавуваат по консумација на тешко сварлива храна, а набрзо по појавата, симптомите се повлекуваат сами од себе. Но, доколку чувствувате мачнини подолго време тогаш голема е веројатноста да се развил гастритис. Станува збор за воспаление на слузницата на желудникот, којашто може да претставува голем проблем. Оваа состојба се лекува и потребно е да се воведе нов начин на исхрана. Но, секогаш во природата постојат одредени алтернативи, кои секако не ги заменуваат класичните лекови и лекарската помош, но можат да ги ублажат симптомите и последиците.rnrn(1) Узбекистански народен рецепт против гастритисrnrnВо народната традиција на Узбекистан постои еден многу ефективен лек против гастритис, кој се подготвува едноставно, а придобивките од него се големи. Рецептот може да се најде во збирката на Мухамад Хамрајев, претседател на Академијата на народна медицина на Узбекистан.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1/2 слатка тиква
    • rn011

    • 2 кафени лажици мед
    • rn011

    • 1 кафена лажичка јаболков оцет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете половина тиква и исечкајте ја на помали парчиња. Сировите парчиња ставете ги во соковник. Откако ќе го добиете сокот, на половина литар течност, додајте две кафени лажички мед и една лажичка јаболков оцет. Сокот можете веднаш да го консумирате. Овој лек ќе ви помогне против болката и мачнините во желудникот, но сокот од тиква, кој е полн со витамини и минерали се препорачува да го пијат и луѓе кои немаат желудочни проблеми.

  • Зошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?

    Зошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?

    Секое раскинување е тешко, особено ако вие не сте сакале да ја прекинете врската. И покрај тоа што сте свесни дека евентуално повторно ќе ја пронајдете среќата, тој тежок и болен период на преболување може да се чини неподнослив. Поради тоа, постојано сте во потрага по нешто што би можело барем малку да ви ја намали болката. Некои утеха бараат во алкохолот, други во омилената храна, а некои, пак, во нов партнер. Но, посветените љубители на книги знаат дека ништо не може да им го излечи скршеното срце онака како што тоа може да го направи добрата приказна. Ова се неколкуте причини кои го потврдуваат позитивното влијание на книгите…rnrnЗошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?rn

    Ако потонете во страниците на вашиот омилен роман, ќе се почувствувате како да поминувате време со стар пријател

    rnЕдна од најлошите страни на раскинувањето не е самиот крај на врската, туку загубата на најдобриот пријател. Да, за никаде е тоа што не можете да се бакнувате повеќе, но уште потешко е тоа што не можете повеќе да ги имате тие долги разговори, шеги кои само вие сте ги разбирале и убави времиња кои придонеле да станете партнери. Добрата книга не е најсовршената замена за таа посебна личност, но ако потонете во страниците на вашиот омилен роман навистина ќе се почувствувате како да поминувате време со стар пријател. Исто како што недостатоците на вашиот партнер почнале да ви се допаѓаат, така и непромислените одлуки на вашиот омилен лик ќе ви дојдат како вистинско освежување. Не е исто да се биде со ликовите што ги сакаме и вистинските луѓе што ни се блиски, но кога ни треба она чувство дека познаваме некого целосно, добрата приказна може навистина да помогне.rnrnСекој се справува со раскинувањата на различен начин, но на многумина им е тешко да се социјализираат кога поминуваат низ толку тежок период. Честопати се наоѓаме себеси заглавени помеѓу желбата да бидеме меѓу луѓе и потребата да бидеме сами. На некој начин, добрата книга може да ги задоволи и двете потреби. Тоа е исто како да поминувате време со вашите најдобри пријатели кои точно знаат дека она што ви треба е да бидете со луѓето што ги сакате без тие да ве прашуваат „Како си?“ и „Што ќе правиш сега?“. Ликовите сами ќе си ја создаваат нивната приказна, а вие нема да треба да се преправате дека сте среќни за доброто на другите.rn

    Вашите омилени ликови можеби не се вистински луѓе, но кога се справувате со скршено срце понекогаш вистинските луѓе се последното нешто што ви треба

    rnКога сакаме да заборавиме на нашите вистински проблеми, книгите ни даваат можност да побегнеме без воопшто да го напуштиме домот. По раскинувањето може да паднете во искушение да ги потрошите сите пари на авионски билет кој ќе ве однесе каде било, само да го напуштите градот каде сѐ ве потсетува на поранешната љубов. Но, „патувањето“ во нов свет преку читањето може да ви помогне да избегате без да ја испразните вашата сметка и да ги запоставите обврските. Тоа ќе ви биде доволно за да престанете да мислите на сите тие негативни работи што ви паѓаат на ум по прекинувањето на врската со некој кој ви значел. Неверојатно е тоа што дури и постапокалиптичните пустоши и морничавите зандани ќе ви се чинат како подобар избор од вашиот роден град преполн со сите тие ресторани и паркови кои ве потсетуваат на вашиот поранешен партнер.rnrnЗошто добрата книга е најефикасниот лек за скршено срце?rn

    Партнерите доаѓаат и си одат, но приказните нема да исчезнат од вашиот живот кога ќе им здодее да бидат читани

    rnНа крајот на краиштата, книгите се постојани. Луѓето се менуваат, но иако начинот на кој ги читаме книгите се менува како што старееме, нивната суштина останува иста. Не треба да се грижиме дека еден ден тие ќе одлучат дека повеќе би сакале некој друг да ги чита или дека не им се допаѓа фактот што цело време менуваме позиции додека ги читаме. Секако дека истото важи за многу други неживи предмети, но во периодот кога ни треба некој да нѐ потсети дека заслужуваме да бидеме сакани, добро е да се знае дека можеме да се потпреме на приказните и ликовите кои ги обожаваме и кои ни даваат сигурност дури и кога чувствуваме дека светот околу нас се руши.rnrnФакт е дека дури и најдобрата книга не може целосно да ја избрише болката предизвикана од тешкото раскинување. Но, може да ја олесни болката кога чувствувате како срцето да ќе ви се распрсне по секој срцев импулс. Без разлика дали ви треба нешто ново или копнеете по удобноста која ви ја нудат вашите стари омилени приказни, запаметете дека не сте сами и секогаш можете да ги претворите книгите во ваши најдобри пријатели по болното раскинување со некој кој ви бил сѐ.

  • Лековит ликер стар 90 години: Лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлезда

    Лековит ликер стар 90 години: Лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлезда

    Лековитиот ликер од ореви може да ви помогне при болестите поврзани со желудникот и тироидната жлезда и да ја подобри нивната функција. Овој природен рецепт е идеален и за јакнење на имунитетот, посебно во зимските периоди, а помага и со слабокрвноста и анемијата бидејќи изобилува со витамин Ц.rnrnЛековит ликер стар 90 години: Лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлездаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 18 млади зелени ореви
    • rn011

    • 1 килограм шеќер или уште подобро мед
    • rn011

    • 2 литри домашна ракија
    • rn011

    • 2 лимони
    • rn011

    • 1 портокал
    • rn011

    • 2 каранфилчиња
    • rn011

    • 2-4 листови пелин
    • rn011

    • 1 стапче цимет
    • rn011

    • 1 стапче ванила
    • rn011

    • 5 зрна кафе
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn011

    • 1 литар бело вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги оревите и исечете ги на 2 или 4 делови. Истото направете го и со лимонот и портокалот и потоа оставете ги на страна. Во поголем лонец или пластична канта ставете ред ореви и посипете ги со половина од шеќерот или медот. Додајте го лимонот, портокалот, каранфилите, пелинот, циметот, ванилата, зрната кафе и остатокот од оревите и шеќерот. На крајот, прелијте ги сите состојки со ракијата, добро промешајте и поклопете го лонецот.rnrnОставете ја смесата да отстои на сонце 40 дена, но секој ден по малку мешајте ја за состојките подобро да се поврзат. По 40 дена, исцедете ја низ газа и додајте ги виното и ванилиниот шеќер. Добиениот ликер прелијте го во стаклено шише и чувајте го на ладно, суво и темно место.

  • Само 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев удар

    Само 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев удар

    Дали сте знаеле дека можете да го спасите својот, но и туѓиот живот за само една минута со помош на каенската лута пиперка? Погрижете се да имате барем една ваква пиперка во својата кујна бидејќи никогаш не знаете кога може да ви затреба. Американскиот кардиолог д-р Кристофер, во својата долгогодишна кариера, не загубил ниту еден свој пациент од срцеви забулувања, ниту пак од срцев удар. Тој вели дека на сите оние пациенти кои имале зголемен ризик од удар, им давал чај од каенскиот лут пипер додека сѐ уште биле свесни.rnrnСамо 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев ударrnrnЕдна кафена лажичка од пиперот се става во чаша вода и се дава на пациентот кој доживеал срцев удар во моментот додека е сѐ уште свесен и диши. Доколку личноста е без свест, тогаш потребно е да се стават капки од екстракт на лутиот пипер под јазикот на пациентот. Тоа го зголемува пулсот и ќе ја распореди крвта во сите делови на телото, балансирајќи ја циркулацијата и помагајќи срцето да ја обнови функцијата. Во продолжение прочитајте што ви е потребно за да го подготвите лекот.rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Каенски лут пипер во прав
    • rn011

    • Свежи каенски пиперки
    • rn011

    • 50% алкохол (можете да користите вотка)
    • rn011

    • Стаклено шише од еден литар
    • rn011

    • Ракавици
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ракавици, бидејќи каенските лути пиперчиња се многу лути. Исполнете 250 милилитри од шишето со каенски пипер во прав и ставете доволно алкохол за да се прекрие правот. Сомелете неколку свежи каенски пиперки и додадете доволно алкохол за смесата да добие текстура на сос. Додајте ја оваа смеса во шишето кое сега би требало да биде околу 3/4 полно. Дополнете го со алкохол до врвот и добро затворете го. Оставете да делува околу еден месец, со тоа што ќе го протресувате шишето неколку пати во текот на денот. По месец дена, смесата исцедете ја со помош на газа и чувајте ја во темен сад и темна просторија. Доколку сакате појака текстура, исцедете ја по 3 месеци. Смесата не може да се расипе и трае колку што сакате.rn

    Примена:

    rnНа пациентот кој доживеал срцев удар, дадете му 5-10 капки од смесата. По 5 минути дадете му повторно уште 5-10 капки. Повторувајте го процесот додека состојбата на пациентот не се подобри. Доколку пациентот не е при свест, ставете му 1-3 капки од смесата под јазикот и започнете со брза помош. Повторувајте го процесот на секои 5 минути додека состојбата на пациентот не се подобри.rnrnЗдравствени придобивки на каенската лута пиперка: Антифунгални својства, поволно делува на дигестивниот систем стимулирајќи го производството на желудочен сок, има антиканцерогени својства, посебно кај ракот на белите дробови и црниот дроб, помага во лекувањето на стомачните проблеми, мигрената и симптомите на грипот, содржи селен, магнезиум и витамините А и Ц.

  • Неверојатните моќи на лимоновото масло

    Неверојатните моќи на лимоновото масло

    Кој би помислил дека лимоновото масло е решение за скоро сите наши проблеми? Погледнете ги неверојатните здравствени придобивки од ова магично масло…rnrnLemon oilrn

    Убива бактерии

    rnЛабораториските тестови направени врз ешерихија коли и салмонела пронајдени во сок од јаболка покажале дека лимоновото масло, меѓу останатите етерични масла, е успешно оружје во борбата против овие бактерии. Имајќи го овој факт на ум, воопшто не е за чудење што истото е меѓу основните состојки во средствата за чистење. Вода, оцет и лимон се комбинација која лесно и брзо ќе ви помогне да се ослободите од бактериите во вашиот дом.rnrn(1)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrn

    Го подобрува расположението

    rnИстражувањата покажуваат дека лимонот е фантастично решение кога станува збор за лошото расположение. Трикот лежи во користење на лимоновото масло како главна состојка во ароматерапиите. Особено во споредба со етеричното масло од лаванда, ефектите од лимоновото масло во подобрување на расположението се со далеку поголем интензитет.rnrn(2)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrn

    Ефикасно служи како средство за чистење и освежувач за воздух

    rnБидејќи природното си е природно, а и не постои човек на планетава кому не му се допаѓа мирисот на лимон, оваа примена на лимоновото масло особено ќе им се допадне на домаќинките. Земајќи во предвид дека мирисот на лимон се поврзува со свежо и чисто, како и фактот дека лимоновото масло ги уништува бактериите, домашно подготвеното средство за полирање од лимоново масло кое истовремено претставува и освежувач за воздух е навистина добра идеја, се согласувате?rnrn3-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrnrn

    Ги одржува овошјето и зеленчукот свежи

    rnДелува неверојатно, нели? Но факт е дека миењето на овошјето и зеленчукот со мешавина на вода и лимоново масло успешно помага во одржување на истите свежи и вкусни подолго време. Дополнително, ги убива сите бактерии во нивна околина.rnrn(4)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrn

    Спречува вртоглавици и нагони на повраќање

    rnЗнаејќи дека лековите во облик на таблети, сирупи и што ли уште не евентуално можат да му наштетат на плодот, сè повеќе трудници се осврнуваат кон хербалните лекови кои се на природна база. Едни од вообичаените маки на трудниците се секако вртоглавиците и честите нагони на повраќање, за кои се покажало дека лимоновото масло може да биде од голема помош. Едно истражување кое било направено од група доктори покажало дека мирисањето етерично масло од лимон при појава на првите знаци на мачнина може да ги намали нагоните на повраќање и да ја спречи вртоглавицата.rnrn(5)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrn

    Смирува изгореници од медузи

    rnСите барем еднаш во животот сме биле изгорени од отровот на медузите, па затоа нема потреба да се зборува за болката која тие изгореници ја предизвикуваат. Но, иако веќе постојат доста природни лекови кои ги смируваат овие изгореници, лимоновото масло се покажало како едно од поуспешните и поделотворни лекови. Истово се докажало како точно кога еден нуркач во 2014 година се здобил со силни изгореници од медуза, но ниту еден од вообичаените третмани како ладни облоги или топла вода не му помогнал.rnrn(6)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrn

    Успешно ги одбива комарците

    rnСпоред едно истражување направено на почетокот на оваа година, иако можеби звучи неверно, лимоновото масло е едно од осумте етерични масла кои успешно помагаат во борбата против комарците (која сите ја мразиме!). Уште повеќе, во комбинација со ванилата, ефектот е подолготраен. Најубавото во ова е што оваа комбинација можете да ја направите и сами за многу кратко време.rnrn(7)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mkrn

    Помага при лечење габични инфекции

    rnГабичните инфекции се, за жал, многу честа појава. Габите (кандидата) се присутни насекаде околу нас, формирајќи колонии на нашата кожа и заштитните мембрани. Иако борбата со овие инфекции е неудобна, лимоновото масло може навистина да ви помогне како ефективен природен лек при лечење на кандидата.rnrn(8)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

  • Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

    Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

    Болката во грлото може да се појави во кое било годишно време. Најчести причини за ова се инфекциите предизвикани од бактерии и вируси, како и времето поминато во непроветрени простории, а влијание има и склоноста кон алергии. И самите знаете колку е непријатно кога не можете да голтате, а притоа не може да ви помогнат ниту таблетите за грло. Токму затоа погледнете ги овие неколку намирници коишто имаат моќ да ја ублажат непријатната болка.rnrnrn

    1. Сладок корен

    rnОваа сјајна билка го зајакнува имунитетот, ги уништува бактериите и вирусите и ги ублажува потешкотиите во дишењето. Кога ве боли грлото грицкајте го коренот од ова растение.rn

    2. Жалфија

    rnЧајот од жалфија веќе одамна е познат како лек за грло. Купете жалфија, ставете една лажичка во зовриена вода, поклопете ја и процедете после 15 минути. Со неа плакнете го грлото неколку пати на ден.rn

    3. Сладолед

    rnАко мислевте дека токму сладоледот придонесува за вашите болки во грлото, тогаш не сте во право. Болките може да бидат причинети од инфекции и вируси, а сладоледот може само да ви помогне во борбата против нив. Ладните и кремасти намирници прават вашата болка да биде значително ублажена. Сјајна вест, зар не?rnrnrn

    4. Банани

    rnОва здраво и вкусно овошје лесно проаѓа низ вашето грло, па сигурно ќе ви биде пријатно да го јадете додека ве боли. Не замерувајте го и фактот дека бананата е полна со витамини и дека таа им помага на организмот и на телото на различни начини. Едноставно, бананите секогаш мора да ги имате на дофат!rn

    5. Варена зелка

    rnАко нешто знаеме за зелката е тоа дека таа е преполна со витамини, но содржи и антиоксиданси коишто навистина може да го излекуваат вашето болно грло. Прелијте ја со малиново масло и уживајте во јадењето на вашиот сојузник во борбата со болката.rn

    6. Варен морков

    rnДинстани, варени или печени – морковите се толку здрави што ќе ви го зголемат имунитетот и ќе ви ја намалат болката во грлото. Исто така тие се вкусни, а не заборавајте дека се добри и за вашиот тен!rnrnrn

    7. Чај

    rnТоплиот чај навистина може да го намали воспалението на грлото. Признајте дека тоа е првото нешто по коешто ќе посегнете кога ќе почувствувате болка. На вас останува да го изберете вкусот којшто го сакате и притоа да уживате во овој пијалак. Освен тоа што ќе ви се ублажи болката во грлото, вие ќе се чувствувате опуштени и многу подобри. Мора да додадеме дека доколку пиете зелен чај можете да си помогнете и во намалување на килограмите.rn

    8. Мед

    rnОваа слатка намирница можеме да ја пронајдеме во многу сирупи за кашлица и таблети за грло. Медот има антибактериски својства и е вистински лек. Земете една лажица мед секој ден или пак ставете ја во чај. Важно е да не го изоставите и откако ќе помине болката во грлото, затоа што медот е премногу здрав и би требало да го консумирате со чаша млака вода и лимон секое утро.rnrnЧувајте се од болките во грлото, но доколку сепак се појават, сега барем знаете што сѐ може да ви биде од помош!

  • Природен лек за најстарата болест на светот

    Природен лек за најстарата болест на светот

    Гихт е воспаление на зглобовите кое на народот му е познато како најстарата болест на светот – постоењето на овој вид артритис е забележано уште во времето на древен Египет. Станува збор за воспаление проследено со силна болка, црвенило и отекување предизвикани од насобирање на мокрачната киселина. Таа најчесто се исфрла од телото преку урината, но ако во организмот постои зголемена количина од оваа киселина, или пак бубрезите не ја елиминираат правилно, тогаш доаѓа до нејзино кристализирање. Овие остри кристали се насобираат во зглобовите, најчесто во стапалата и создаваат силна болка.rnrnПрироден лек за најстарата болест на светотrnrnПостојат повеќе лекови кои можат да ви помогнат да се справите со оваа непријатна состојба, но доколку сте од оние личности кои преферираат природна алтернатива, ви препорачуваме рецепт од само 4 состојки со кој успешно ќе се изборите со гихтот.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Шака стебла од целер (не ги вклучувајте коренот и лисјата)
    • rn011

    • 1 парче свеж ѓумбир (со големина од 2 до 3 сантиметри)
    • rn011

    • Половина свежа краставица со средна големина
    • rn011

    • Сок од половина лимон, по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСитно исечкајте го целерот, ѓумбирот и краставиците, а потоа ставете ги во блендер и добро измешајте. Откако ќе завршите, сипете ја мешавината во чаша и додајте го сокот од лимон. Испијте ја оваа напивка веднаш, бидејќи најдобро делува додека е свежа.

  • Ново прекрасно откритие: Чоколадото лечи кашлица

    Ново прекрасно откритие: Чоколадото лечи кашлица

    Кашлањето и надразнетото грло можат да бидат многу непријатни, особено кога се случуваат во најлошите можни моменти. Токму затоа следниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација, само изедете парче темно чоколадо.rnrnНово прекрасно откритие: чоколадото лечи кашлицаrnrnАлин Морис, професор и раководител на секторот за кардиоваскуларни и респираторни студии на Универзитетот во Хал, Велика Британија, дошол до интересен заклучок дека чоколадото е подобро за воспаленото грло и сувата кашлица отколку некои други препишани лекарства.rnrnПоследните истражувања покажале дека пациентите кои зеле лек со екстракт од какао оздравеле многу побрзо (за неколку денови) отколку тие кои пиеле конвенционален сируп против кашлица. Друго истражување пак, кое било спроведено на Империјал колеџ во Лондон, открило дека какаото содржи алкалоид, кој го намалува кашлањето поефективно од кодеинот, состојка која често се користи како лек против кашлање.rnrnПостои и логично објаснување: текстурата на чоколадото е полеплива отколку вообичаените лекови против кашлица, што значи дека добро го заштитува грлото со тенок слој и ги активира нервните завршетоци кои ве штитат од непрекинатото кашлање.

  • 6 начини да ги излечите испуканите усни

    6 начини да ги излечите испуканите усни

    Исто како на кожата, така зимата им штети и на вашите усни – тие пукаат и се сушат како последица на ладниот воздух. Меѓутоа, постои можност да имате заводливи и меки усни дури и во ова годишно време. Всушност, испуканите усни се еден од најлесно решливите проблеми кои се поврзани со убавината и негата на телото. Еве и како…rnrn6 начини да ги излечите испуканите усниrn

    1. Не дишете на уста

    rnНе само што оваа навика не е убава на долг план за организмот, туку и како последица ќе имате испукани усни. Исто така, и балсамот за усните ќе има многу пократко дејство поради топлиот воздух кој го испуштате при дишењето.rn

    2. Не лижете ги усните

    rnДерматолозите се согласуваат дека испуканите усни се најчесто резултат на нивното лижење и грицкање. Секако, во прашање е еден круг од кој не може лесно да излезе. Имено, плунката ги суши вашите усни, зголемувајќи ја потребата повторно да ги навлажните, па затоа и ако еднаш почнете, нема да можете да престанете.rn

    3. Избегнувајте ги долготрајните кармини

    rnОва најмногу се однесува на долготрајниот тип течни кармини, кои во себе содржат алкохол. Токму оваа состојка е виновникот кој најмногу ја суши кожата, па и усните.rn

    4. Водата нема да ви помогне

    rnСпротивно на познатите мислења, количината на вода која ја пиете во текот на денот нема никакво влијание на испуканите усни. Всушност, за усните да ви се исушат поради недостаток на течност, не треба да пиете ништо со денови.rn

    5. Балсам пред и после секој оброк

    rnПосле секое јадење и пиење, нанесете балсам за усни. Водата која се внесува при храната и пијалаците може дополнително да ги исуши усните, па затоа балсамот е добро решените за нивното моментно лекување.rn

    6. Користете хидратантни препарати

    rnОсновната карактеристика која треба да ја има вашиот балсам за усни е хидратантност. Независно дали е во прашање гроздова маст или некој декоративен балсам, важно е да не содржи ментол или камфор, бидејќи овие состојки можат да предизвикаат непријатно печење на усните кои се веќе испукани.

  • 7-те најдобри природни лекови за мамурлак

    7-те најдобри природни лекови за мамурлак

    Најлудата ноќ остана зад нас, а сега треба да се собере сила и да се отпоздрават пријателите и роднините и да им се посака сѐ најдобро во новата година, се разбира, со здравица. Меѓутоа, „горкиот вкус во устата“ од мамурлакот ќе ни го отежне првиот ден од новата година, а со оглед на тоа дека втората вечер на славење и честитките се пред нас, добро би ни дошол некој делотворен лек против мамурлакот. Во продолжение прочитајте кои лекови ќе ви помогнат побргу да се отрезните и да бидете со „бистра глава“.rn

    1. Лесен појадок

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnИако алкохолот отвора апетит и кога ќе се разбудите ќе имате желба да изедете нешто калорично, сепак определете се за лесен и вкусен појадок бидејќи полниот стомак ја забавува апсорпцијата на алкохол, па со самото тоа и процесот на трезнење ќе биде побавен. Добрите намирници кои се препорачуваат во овој случај се оние намирници кои лесно се варат: тост, сендвич, тестенини, житарки и јогурт, бидејќи тие го штитат слојот со кој е обложен желудникот. Добар избор за појадок се и јајцата кои се одличен извор на протеини и брзо се варат, а содржат и цистеин (аминокиселина која е моќно оружје против ацеталдехидот, кој пак, е токсин што е нуспродукт на оксидацијата на етанолот).rn

    2. Лимонада со мед и јогурт

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnНикако не земајте производи кои се преработени или богати со шеќер, но добро ќе ви дојде еден овошен сок, како и медот. Организмот ќе го ревитализирате и со пијалакот од мед и лимон. Доволно е само да помешате една лажичка мед, сок од половина лимон или портокал и 100 милилитри јогурт.rn

    3. Многу течности

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnПостои еден мал трик кој би требало да го направите пред спиење за наутро да се разбудите без мачнина и главоболка. Пред да си легнете во кревет после лудата журка, напијте се што повеќе вода за да ја спречите дехидратацијата во текот на сонот која ќе ги предизвика симптомите на мамурлак. Водата, исто така, ќе му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсинот ацеталдехид кој се ослободува во црниот дроб при разградувањето на алкохолот.rn

    4. Банани

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnМожеби ви звучи чудно, но јадењето на банани на денот после забавата може да ви помогне да се ослободите од мамурлакот. Имено, бананите содржат големи количини на калиум и Б комплекс, а докторите советуваат да изедете една банана пред спиење, а потоа уште една веднаш штом станете и на тој начин ефикасно да ја намалите мачнината и да го забрзате метаболизмот.rn

    5. Ѓумбир

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnЃумбирот е познат како добар лек за смирување на мачнината и желудочните проблеми. Сварете чај од ѓумбир користејќи десет свежи листови од плодот. Ставете ги во 4 шолји врела вода и варете околу 10 минути. Извадете го ѓумбирот, додајте лимонов сок и една кафена лажичка мед и чајот е подготвен.rn

    6. Кафе

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnКафето е еден од најраспространетите лекови за мамурлакот, но треба да се води сметка околу тоа дека треба да се пие во умерени количини. Доволно е да испиете една шолја кафе и тоа после оброк, никако на празен стомак. Освен тоа што дополнително го измачува организмот и повторно предизвикува дехидратација, кафето и подолго време го задржува присуството на мамурлак.rn

    7. Вежби

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnФизичката активност е еден од најдобрите лекови против мамурлак. Да, знаеме дека не ви е дојдено до вежби, но дури и кратката прошетка на свеж воздух во траење од половина час може да направи чуда за вашиот организам. Доколку сте во можност, наместо прошетка определете се за пливање или лесен џогинг, бидејќи така преку потењето на најлесен можен начин можете да се ослободите од токсините во организмот.