КАФЕ ПАУЗА

Tag: лебед

  • Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки

    Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки

    Со изглед на патки или лебеди, овие зеленчуци дефинитивно не личат на себе. Толку се смешни, што ако некогаш ви влетала некоја ваква мутација во фрижидерот, сигурно би ви било жал да ја изедете!? :)rnСмешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки Смешни зеленчуци кои израснале за да бидат патки
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Балерината

    Балерината

    Автор: Софијаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnПред да застане на сцената, нежно помина со рацете по долгиот стаклен лустер, изработен од квалитетни ситни кристали. Потоа вдиша длабоко, се поткрена на прсти и застана на сцената. Во бел фустан, кој и ја оцртуваше контурата, грациозно танцуваше на „Лебедово Езеро“. Газеше по темниот под, како чиниш, по облаци. Сè се затемни. Само едно мало светло остана да ја придружува на сцената. Светкаа нејзините очи. Криеја љубовна приказна. Почна диво да се крева на прсти и вешто да го превиткува телото. Се претвори во грациозно суштество, ги магепса мажите и створи завист во срцето на секоја жена. Се издигна до божица. Само таа, на големата сцена владееше. Во дланките стегаше живот, а од градите испушташе купови енергија. Корсетот ù ги стегаше градите, како скудно лимоново дрво и кога ја издигнуваше главата нагоре, како стебло од изникнат багрем, нежно се оцртуваше вратот. Див лебед ја освои сцената и со секое наредно движење се влажнеа безброј очи за уште и уште.БалеринатаНаеднаш светлата се запалија и музиката заврши. Таа застана и се скамени. Во првиот ред го виде него. Грмнаа аплаузи, а таа се тресеше како рака на нововработен хирург. Тој почна да ја соблекува. Со поглед и ги сечеше прерамките и ù го спушташе фустанот. Се почувствува како гола да стои пред странец, а тој лакомо ја љуби, ја експериментира, ја превртува.rnrnСветлата се гасат. Изнемоштена, снагата и свенува, се врти кон стаклениот лустер, со поглед го допира. Потоа го гледа него, а до него друга. За последен пат, во темницата им се сретнуваат погледите. Тој ја затвора, ја здиплува, ја остава.rnrnЗавесите се спуштаат.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn——————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црниот лебед (Black Swan)

    Црниот лебед (Black Swan)

    Надреален психолошки трилер за патолошката борба сам со себе и со останатите за професионален успех, за подготвеноста да се направи сé за целта… за тоа како на почетокот една (само) невротична личност под притисок се трансформира во „црниот лебед”.rnrnЦрниот лебед (Black Swan)Режија: Дарен АронофскиrnrnИграат: Натали Портман, Мила Кунис, Винсент Касел, Барбара Херши, Винона РајдерrnrnВреметраење: 108 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 декември 2010rnrnЖанр: драма, трилерrnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 9/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnРежисерот Дарен Аронофски е дефинитивно уметник. Темен, изопачен уметник. Едгар Алан По во филмскиот свет. Оди на тенката линија помеѓу лудилото и генијалноста и секогаш ја извлекува подобрата карта – генијалноста. Во неговите филмови таман кога ќе помислите дека претерал, ќе ве предомисли, таман кога ќе помислите дека ќе се лизне, ќе успее да избалансира. Во „Црниот лебед”, Аронофски ни ја портретира суровата страна на можеби една од најнежните и најрафинираните професии, балетот. Раскрварени прсти, психолошки малтретирања, страв од нож во грб, за на крај пред нашите очи да излезе едно „Лебедово езеро”. Без пардон приказ на неприродната борба за успех и за тоа кога е време да се каже стоп. Аронофски во овој филм не го интересира толку она што се случува меѓу луѓето туку внатрешните лични (добро наспроти лошо) дуели на амбициозната балерина, Нина.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn

    rn

    Приказна: Нина (Натали Портман) е балерина во една њујоршка балетска компанија и во текот на целата кариера е „девојката од задните редови”. Живее под претерана, дури перверзна заштита на нејзината мајка Ерика (Барбара Херши) која исто така е нереализирана балерина. Нина е совршена во секој поглед, покорна ќерка која и дозволува на мајка ѝ да ја контролира за сè, а од друга страна балерина која е нежна, кршлива и технички најпрецизна танчарка. Но во нејзе нема емоција, страст, речиси како да е киборг, кој знае што треба, а не што сака.Црниот лебед (Black Swan)Сето тоа се менува откако продуцентот Томас (Винсент Касел) ќе одлучи да ја постави „Лебедовото езеро” каде една балерина треба да ги игра и белиот и црниот лебед. Нина отсекогаш во себе го имала белиот, но Томас го гледа во неа и изопачениот црн лебед и ѝ дава шанса да дебитира за да стане новата голема ѕвезда на компанијата. Таа пополека се бори со сопствените и бариерите поставени од другите и пополека го открива својот „црн лебед”. Во сето тоа, Нина се губи и станува длабоко психолошки растревожена личност. Еден од најголемите противници на младата балерина на тој пат на себепронаоѓање е Лили (Мила Кунис) која е сé што не е Нина – страсна, самосвесна, слободна. Црниот лебед (Black Swan)„Црниот лебед” е толку комплексен, вознемирувачки и нежен токму поради играта на главните актери. Особено трите главни женски улоги Портман, Херши и Кунис. Сите се толку различни, но толку јасно обликувани ликови што просто е невозможно на гледачот да му остане некоја емоција или некоја реакција нејасна.Црниот лебед (Black Swan)Кинематографија: Одличен темен приказ на њујоршкиот балетски натпреварувачки свет. Најголем дел од дејствијата се одвиваат ноќе па се чини како денската светлина за овој растревожен филм да е непотребна. Се користат и специјални ефекти (но умерено) кои сосема солидно ја надополнуваат приказната. Да, филмот би преживеал и без нив, но визијата на Аронофски е таква. Интересен момент кој го надополнува филмското лудило се сцените со рефлексијата на одразот на Нина во огледалата – таа слика ја одразува нејзината вистинита извртена душевна состојба наспроти прибраниот лик во реалноста. Музиката за „Црниот лебед” ја направи Клинт Мансел кој работи на музиката на секој филм на Аронофски (аналогно на тоа и на феноменалниот саундтрак од „Реквием за еден сон”),така што ќе уживате во одлични музички парчиња.Црниот лебед (Black Swan)Кога и како да го гледате: „Црниот лебед” е филм за во кино, лудилото така подобро се чувствува. Пожелно е да се гледа на крај на денот, како што во филмот недостасува сончева светлина, пожелно е така да биде и додека го гледате. Дали ќе го проследите сами или во друштво е комплетно ваш избор. „Црниот лебед” е психолошки трилер кој ќе ве размрда, но повеќе во насока на разговор, а не толку што ќе ве остави без сон или долго време вознемирени.Црниот лебед (Black Swan)