КАФЕ ПАУЗА

Tag: ланче

  • Најпопуларното парче накит што го носат сите инфлуенсерки околу врат

    Најпопуларното парче накит што го носат сите инфлуенсерки околу врат

    Ако сте во потрага по безвремено парче накит што можете секојдневно да го носите, тогаш дефинитивно треба да вложите во приврзок во форма на буква. Станува збор за едноставна, предимензионирана златна буква со којашто почнува вашето име или името на вашата сакана личност.rnrn

    rnrn

    rnrnЛанчињата со иницијал или име не се никаква новост, но тоа што е интересно е дека сите инфлуенсерки почнаа да ги носат на себе. Трендот започна од француската модна куќа Селин уште минатата година, и со поминувањето на времето само се зајакнува и станува почесто забележлив на социјалните мрежи.rnrn

    rnrn

  • Како да го носите ланчето „чокер“ на елегантен начин?

    Како да го носите ланчето „чокер“ на елегантен начин?

    Без сомнение, чокерите станаа популарни како никогаш досега. И станаа многу повеќе отколку гранџ парче накит од раните деведесетти. Но, иако овој тренд стана многу деликатен, сè уште знае да биде застрашувачки кога ќе го испробувате за прв пат. Затоа ние сме овде да ви помогнеме. Во продолжение ви предлагаме 5 начини на кои можете да ги носите овие ланчиња како вистинска возрасна и елегантна девојка!rnrn1-kako-da-go-nosite-choker-lancheto-na-eleganten-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изберете деликатни модели

    rnМожеби ги гледате дебелите златни чокери на секоја втора девојка во градот, но овој модел не е за секого. Наместо него, изберете поелегантно и поделикатно парче коешто ќе можете да го комбинирате и со некои други ланчиња кои сакате да ги носите секојдневно.rnrn2-kako-da-go-nosite-choker-lancheto-na-eleganten-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    2. Обидете се да го заврзите во панделка

    rnИстата работа можете да ја направите и со тенко парче ткаенина од полирана кожа. Едноставно замотајте ја неколкупати околу вратот и заврзете ја во преубава панделка.rnrn7-kako-da-go-nosite-choker-lancheto-na-eleganten-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    3. Нека остане во минималистички стил…

    rnЗаврзете го околу вратот и оставете го деколтето чисто и минимално. Ова е навистина совршен начин на кој можете да ја разубавите свилената блуза без преголемо претерување со накитот.rnrn5-kako-da-go-nosite-choker-lancheto-na-eleganten-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    4. Или пак, изберете супер кратко синџирче

    rnИ понатаму не сте сигурни дали ќе ви прилега овој тренд? Изберете едноставен, тенок златен модел што ќе има доволно кратко синџирче за да можеме да го класифицираме како „чокер“.rnrn4-kako-da-go-nosite-choker-lancheto-na-eleganten-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    5. Заврзете долга тенка марама

    rnНе можеме да им се нагледаме на свилените марами. Додајте тенка марама, која ќе биде еднаш замотана околу вратот и која ќе го заменува ланчето „чокер“ на најелегантен можен начин. Совршен моден додаток за вашите вечерни, но и работни модни комбинации!rnrn6-kako-da-go-nosite-choker-lancheto-na-eleganten-nachin-www.kafepauza.mk_

  • Библиотека околу вратот: Љубителите на книги нема да можат да одолеат!

    Библиотека околу вратот: Љубителите на книги нема да можат да одолеат!

    Марго и Волтер се брачен пар кој има два слатки сина по име, Сорен и Силас. Сите заедно работат во својата работилница која се наоѓа во Филаделфија. Нивната работилница „Pegand Awl“ е вистинско мало откритие, а во неа се изработува скоро сè – накит, чанти, футроли, тетратки, нотеси…rnrn1-biblioteka-okolu-vratot-ljubitelite-na-knigi-nema-da-mozhat-da-odoleat-www.kafepauza.mk_rnrnНивната работилница е посебна по тоа што на некој начин се занимава со рециклажа, односно сите предмети кои се прават кај нив се направени од стари, заборавени работи. Нивниот накит е доста занимлив и го прикажува новиот живот на отфрлените работи. Најпрво овие забавни работи ги произведувале само за себе, а потоа тоа прераснало во создавање на забавни работи за секој кој ќе ги посака. Во продолжение издвоивме дел од нивната работа наменета исклучиво за љубителите на пишаниот збор. Се надеваме дека ќе уживате!rnrn

  • Ќе останете воодушевени: Нов моден тренд кој брзо се шири по социјалните мрежи

    Ќе останете воодушевени: Нов моден тренд кој брзо се шири по социјалните мрежи

    Доколку ви се допаѓаше трендот со ланчињата „чокер“, тогаш оваа вест без сомнение целосно ќе ве воодушеви! Станува збор за варијација на „чокерите“, но на начин на кој многу повеќе ќе ви се допадне. Овие модели се врзани на вратот, во панделка и пуштени слободно да паѓаат надолу.rnrn1-kje-ostanete-voodusheveni-noviot-trend-koga-se-vo-prashanje-lanchinjata-nema-da-ve-ostavi-ramnodushni-www.kafepauza.mk_rnrnИсто така, можете да ги носите и во комбинација со долги ланчиња од сосема поразличен материјал. Најдобро од сѐ е тоа што за овој изглед ви е потребна една подолга врвка која ќе ја наместите околу вратот и заврзете во лежерна панделка. Врвката би требало да биде тенка, а доколку е од кожа, тоа ќе биде полн погодок.rnrn2-kje-ostanete-voodusheveni-noviot-trend-koga-se-vo-prashanje-lanchinjata-nema-da-ve-ostavi-ramnodushni-www.kafepauza.mk_rnrnОва ланче воведува комбинација на бохо и рок изгледот. Кога се боите во прашање, црната е секогаш добар избор, но нема да погрешите ниту со пастелните нијанси. Сѐ зависи од облеката, каде што имате голем избор. Ланчето можете да го носите со фустани, кошули, блузи, маици, и да, веруваме дека многу ќе го засакате, бидејќи одговара со сѐ!rnrn3-kje-ostanete-voodusheveni-noviot-trend-koga-se-vo-prashanje-lanchinjata-nema-da-ve-ostavi-ramnodushni-www.kafepauza.mk_ 8-kje-ostanete-voodusheveni-noviot-trend-koga-se-vo-prashanje-lanchinjata-nema-da-ve-ostavi-ramnodushni-www.kafepauza.mk_ 7-kje-ostanete-voodusheveni-noviot-trend-koga-se-vo-prashanje-lanchinjata-nema-da-ve-ostavi-ramnodushni-www.kafepauza.mk_

  • Најкреативните ланчиња за врат

    Најкреативните ланчиња за врат

    Синџирчињата се најстарата форма на накит, тие се едноставни, убави и лежат на истакнато место на градите. Но, од некогашните синџирчиња составени од нанижани бисери и школки, работите се имаат многу променето. Модата и изработката на овој моден додаток има многу напреднато низ годините, па денес можеме да видиме навистина креативни изработки, кои не само што се убави, туку се и многу оригинални. Мини саксии со цвеќе, ножички кои изгледаат како да го сечат остатокот од ланчето, коцка чоколадо, па дури и синџирче целосно направено од коса – ова се 22 креативни дизајни на овој вид накит.rnrn1-najkreativnite-lanchinja-za-vrat-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моден додаток заради кој ќе ве гледа цела плажа: Секси синџирчиња околу стомак

    Моден додаток заради кој ќе ве гледа цела плажа: Секси синџирчиња околу стомак

    Се подготвувате за летен одмор на море, веќе ги спакувавте задолжителните парчиња облека и модните додатоци како очилата за сонце, марамите, апостолките, алките, ланчињата и обетките… Што велите оваа година да го надградите вашиот куп со аксесоари со нешто ново? Ви ги претставуваме синџирите кои се носат околу стомак и изгледаат тотално шик, секси и фенси.rnrnrnrnrnrnОва не е типичен летен накит како крупните алки и ѓердани во јаки бои, ланчињата кои се носат на глужд и ножните прстени. Oва е парче накит кое може да изгледа многу забавно и софистицирано, а може да се комбинира со ланчиња во сличен стил и да се носи на колкови или повисоко на стомакот. Разбива моногинија, без разлика дали е метален во златни или сребрени нијанси, или пак е составен од пластични перли во боите на морето, во еден ред или во повеќе, со дискретни или со повпечатливи украси.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат

    Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат

    Љубителите на убавиот накит, но и на астрологијата, со сигурност ќе уживаат барем во едно парче од оваа модна колекција на Dior. Составена од 12 парчиња – по едно за секој знак, колекцијата Tell me Dior се одликува со елегантност, софистицираност и стил.rnrnХороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот вратrnrnПриврзоците се позлатени, украсени се со скапоцени камења и бисери, а едно парче чини 630 долари.rnrnХороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат Хороскопскиот знак елегантно поставен на вашиот врат
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Туторијал низ слика: ново ланче од стари копчиња

    Туторијал низ слика: ново ланче од стари копчиња

    Изработката на нов накит во домашни услови е одличен начин да се биде креативен и да се заштедат пари. Наместо да си го „олесните“ паричникот, вашата колекција за накит збогатете ја така што ќе ги искористите старите копчиња од разни видови облека или накит кој излегол од мода.rnrnОва е туторијал низ слика со чија помош ќе си направите ново ланче без да трошите пари. Сè што ви треба е парче ткаенина, игла, конец, течен лепак, синџирче и неколку копчиња.rnrnЗабавувајте се и бидете креативни!rnrnТуторијал низ слика – Ново ланче од стари копчињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жежок тренд за оваа сезона: бисери

    Жежок тренд за оваа сезона: бисери

    Бисерите се поврзуваат со покласични прилики, соодветни се за елегантните вечери, отмените излегувања и гламурозните забави. Сепак, за повеќето девојки, бисерите станаа и неразделен дел од секојдневниот стил на облекување.Жежок тренд за оваа сезона: бисериНовиот тренд на носење повеќе реда бисери создава драматичен и скромен, но префинет изглед. Кога носите едноставна кошула или маичка, додадете бисери во неколку реда и автоматски го трансформирате вашиот изглед.rnrnТрадиционалната боја на бисерите е бела, но со развојот на модата, нив ги гледаме во секакви бои, а сега особено се модерни оние во пастелни бои, од праска боја до светло розова. На овој начин имате многу повеќе можности да ги комбинирате со различна облека, како и да го прилагодите изгледот на вашиот тен.rnrnЦрните бисери се одличен избор за девојките и жените со потемен тен, како и за сите кои сакаат впечатлив, поразличен изглед.rnrnИако првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе спомнеме бисери се ланчињата, денес изборот на накит и модни додатоци од бисери е навистина огромен, од обетки и брезлетни па сè до венчиња, јаки и други додатоци како дел од облеката.rnrnЗа ова лето, вистински хит се алките во повеќе слоеви. Искомбинирајте бисери во различни бои за ретро изглед или со други метали и светкави камчиња за поелегантен.rnrnНиз оваа селекција од фотографии пронајдете инспирација за изгледот кој сакате да го постигнете со помош на бисери, притоа знаејќи дека ќе бидете во тренд со последната мода.Жежок тренд за оваа сезона: бисериЖежок тренд за оваа сезона: бисериЖежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисериrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: бесконечен шал

    Направете сами: бесконечен шал

    Ова е навистина совршен зимски накит, за сите оние девојки кои сакаат да експериментираат со уникатни модни стилови. „Бесконечниот шал“ ќе ве загрева додека сте надвор, но и ќе ве украсува кога ќе го соблечете капутот. Многу едноставно можете сами да го изработите во неколку бои, па потоа можете да комбинирате и неколку шалчиња одеднаш, кои совршено ќе се вклопат во вашата зимска гардероба.rnrnНаправете сами: бесконечен шалrnrnСледниов детален начин на изработка, ни го овозможува блогот pinkpistachio.com. Па ајде се фатиме за работа:rnrn

    Направете сами: бесконечен шал
    Употребете машка маица (боја по ваш избор), која нема странични рабови.
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Пресечете со ножички од едната до другата подпазува.
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Пресечете го долниот пораб на маицата (зачувајте го за подоцна).
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Направете отсечоци дебели по 2.5 см, при што треба да ви излезат сѐ на сѐ од 15-17.
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Продолжете да сечете од секој отсечок, до крајот на парчето ткаенина. (оставете околу 1.2 см неисечен дел на крајот).
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Убаво растегнете ги сите „врвки“.
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Употребете го сочуваното парче од поработ, за да ги поврзете сите делови кај неисечениот дел од 1.2 см, правејќи јамка.
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Пресечете го вишокот со ножички.
    rnrn
    Направете сами: бесконечен шал
    Оставете го слободно да виси околу вашиот врат или превиткајте го во уште еден круг, за да добиете „ефект на раслојување“.
    rnrnТа-даам! Имате нов моден додаток! :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.