Животот не ни ги дава сите одговори и затоа учиме секој ден, а најголемата мудрост ја стекнуваме како резултат на најтешките искуства. Се развиваме и стануваме подобри луѓе кога ги напуштаме нашите удобни зони и се соочуваме со предизвикувачки ситуации кои нè принудуваат да го пронајдеме нашиот потенцијал. Додека се соочувате со вашите предизвици, најверојатно ви се потребни совети за како да ги откриете своите лидерски вештини. Овој тест ќе ви го открие тоа.rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лале бр. 1″ active=”false”]Смејте се повеќе! Насмевката има волшебна моќ и може да ве исполни со позитивна енергија, но и да ви помогне да се ослободите од сета негативна енергија која ве држи заробени во негативната реалност. Без оглед на она низ кое поминувате денес, најдете причина за да се насмеете. Не е сè така лошо во животот и кога ќе почнете да се фокусирате на она што е навистина добро за вас, работите ќе почнат да се менуваат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лале бр. 2″ active=”false”]Досега сте имале различни искуства, добри и лоши, па така веќе можете да препознаете кои нешта добро ќе ви влијаат, а кои ќе ви наштетат. Во текот на носењето одлуки земајте ги сите аспекти предвид бидејќи во спротивно можете да ѝ наштетите на вашата иднина. Лекциите кои веќе ги научивте се клучот за среќен и успешен живот. Размислувајте за нив секогаш кога ви е потребен совет и сигурно ќе ја остварите својата цел.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лале бр. 3″ active=”false”]Научете да му возвраќате на светот за сето добро што ви го прави. Доколку ги отворите очите и добро го анализирате вашиот живот, ќе откриете дека имате многу повеќе причини да бидете благодарни отколку да се жалите. Универзумот секогаш ви испраќа луѓе кои ќе ви ја пружат потребната сила и утеха. Затоа, престанете да се жалите за она што не е во ред и почнете да се заблагодарувате за добрите работи. На тој начин ќе станете позрела личност. Освен тоа, помагајте им на другите и сакајте ги.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лале бр. 4″ active=”false”]Сите ние имаме лоши моменти во животот, па така проблемите со кои се соочувате сега не се случајност. Потребна ви е поголема зрелост за да се соочите со нив докрај. Затоа, искористете ги сите можности што ви ги нуди овој тежок период и исполнете го со љубов, позитивно друштво и добра енергија. Тоа ќе ве направи многу посреќни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви даде порака за вашата иднина.rnrnИзвор: atma.hr
Мередит Вага Перез е цвеќарка од Њујорк која врз основа на своето долгогодишно искуство ги проценува жените според нивните омилени цвеќиња. Еве што според неа зборува омиленото цвеќе за вас.rnrnrn
Ружа
rnЉубителите на ружи се љубители и на патувања и авантури. Тие се маѓепсани од различните култури, секогаш се интересни за другите и постојано се држат во цутот на младоста, барем по својот дух.rn
Божур
rnДевојките кои го сакаат божурот се многу женствени. Сакаат елегантни венчавки. Тие се чувствуваат удобно во кој било дел на светот затоа што лесно се приспособуваат.rn
Магнолија
rnМагнолијата цвета само во мај и е најстарото познато цвеќе. Жените кои ја преферираат неа се ретки и со грациозност која остава впечаток како да доаѓаат од благородно семејство.rn
Хортензија
rnКако што се менува бојата на хортензијата, така се менува и расположението на девојките кои го сакаат ова цвеќе. Тие се чувствителни и се познати како кавгаџики во своето опкружување. Немаат ништо против чаша вино или коктел после напорниот ден.rn
Орхидеја
rnОвие личности се доста итри и таинствени и освојуваат со својата мистериозност. Сакаат да патуваат на егзотични дестинации.rn
Лале
rnОвие жени водат богат и разновиден живот. Нивното животно искуство и вкусот варираат како и боите на лалињата.rn
Лилјан
rnМередит вели дека според нејзиното искуство жените кои одбираат лилјан се благословени со долги нозе и богата колекција на чевли, а се и многу независни.rnrn rnrn
Лале – највообичаениот цвет на пролетта. Иако кога ќе се спомене ова цвеќе веднаш се асоцираме на Холандија, еве неколку интересни факти за лалињата кои не сте ги знаеле.rnrnrn
rn011
Лалињата се трети најпопуларни цвеќиња во светот, после розите и хризантемите.
rn
rnrn
rn011
Холандија доминира во одгледувањето на лалиња во светот. За ова е заслужен Карл Клузиус кој го донел лалето во Холандија. Тој бил професор по ботаника на Универзитетот во Лајден.
rn
rnrn
rn011
Лалето потекнува од регионите околу Црното Море и Кримскиот полуостров.
rn
rnrn
rn011
Турција била прва која почнала да ги култивира лалињата во 1530 година. Во Холандија стигнале 20 години подоцна.
rn
rnrn
rn011
Лалето припаѓа на родот „Tulipa“ кој опфаќа 150 видови.
rn011
Постојат околу 3.000 вариетети од лалиња, познати под различни имиња.
rn
rnrn
rn011
Вообичаено, на една дршка има по еден цвет, но некои видови лалиња имаат и по 4 цветови.
rn011
Лалињата се достапни од ноември до мај и имаат животен век од само 3-7 дена.
rn
rnrn
rn011
Идеални предели за одгледување лалиња се оние кои имаат долга и свежа пролет со задоцнето лето.
rn
rnrn
rn011
Ако одгледувате лалиња, треба да ги заштитите од мали животинки како зајаци, верверици и стаорци бидејќи ги јадат.
rn
rn
rn011
Лалето е симбол на љубов, романтика, страст и сонување.
rn
rnrn
rn011
Ова пролетно цвеќе е национален симбол на Турција.
Велат убавината е длабоко под кожата, но Хју Турви ни покажа дека и цвеќињата имаат што да покажат кога ќе бидат изложени на x-зраци. Хју, кој по професија е дизајнер/уметнички директор, пред да студира фотографија, во 1996 година за првпат употребил рентген снимки за да слика човечки череп, кој бил наменет за неговиот пријател, музичар по професија. Таа слика била искористена за омотот на неговиот албум.rnrnбукет од розиrnrnТој секогаш бил фасциниран од тоа што има под површината на работите. Вели: „Јас сум управуван од љубопитноста. Се работи за откривање на светот околу нас. Како дете секогаш сакав да ги расклопам работите и да видам на кој начин работат. X-зраците ми ја даваат таа можност да ѕирнам во длабочината и сето тоа да го претворам во уметност”.rnrnобичен кринrnrnносачи на спориrnrnсин кринrnrnбазгаrnrnрозаrnrnкрин (одблизу)rnrnбодликаrnrnкринrnrnорхидејаrnrnмoрска треваrnrnморска треваrnrnлалињаrnrnрозаrnrnспори на „Љубов во маглата"rnrn„лалето на Нил“rnrnLisianthus (расте во топлите предели на Јужна Америка, Мексико, Карибите и Северна Америка)rn