За време на еден добротворен настан кој се одржувал на Универзитетот Кембриџ, дигиталниот проекциски артист, Мигел Шевалиер ја претворил универзитетската капела во прекрасна позадина за неговото лајт-шоу. Како што секој говорител зборувал на својата тема, така капелата се исполнувала со проекции кои на уметнички начин ги доловувале нивните цели.rnrn
rnrnПроекциите, посебно дизајнирани за ентериерот на капелата, или ја нагласувале или ја сокривале необичната архитектура на градбата. Оваа капела, која датира од 16 век, е една од најдобрите примероци на архитектура во светот која е комплетно вертикална, па затоа вредело да се види уште пред да послужи како позадина за проекциите на Шевалиер.rnrn
rnrn
Tag: лајт-шоу
-

Прекрасната готска капела на Универзитетот Кембриџ претворена во небо полно со ѕвезди
rnrn rnrn -

Како да изгледаш кул додека возиш велосипед?
Ова е идеја која ќе им се допадне на сите „бајкери“, кои сакаат да бидат забележани. Дизајнерската компанија од Сан Франциско „MonkeyLectric“ ја започна својата кампања за собирање донации за нивниот најнов изум т.н. „Monkey Light Pro“, тркало за велосипед со екран, кој има можност да прикажува подвижна графика додека се вртат педалите.
Од компанијата велат дека ЛЕД екранот ќе биде компатибилен на секое стандардно тркало за велосипед, овозможувајќи им на сите корисници да си го монтираат на тркалата и да приредат подвижно лајтшоу, додека ги вртат педалите низ улиците. Најдобриот дел од оваа идеја е тоа што сликите на ЛЕД екраните може да си ги избере самиот велосипедист, според негов вкус и стил кој сака да ѝ го покаже на јавноста.
На тој начин „The Monkey Light Pro“ им овозможува на корисниците да ја уредат која сакаат слика и безжично да ја симнат на нивните екрани. Тоа значи дека на велосипедот може да се врти лого, текст, па дури и анимации. Производот доаѓа со вградена слика, која ќе се врти на тркалата додека да се одлучите за да ставите нешто ваше. Полупровидниот екран е видлив од двете страни од велосипедот, а стабилноста на сликата е одржлива при возење со брзина од 16 до 64 км на час.
Со помош на сајтот за собирање донации од луѓе ширум светот за поддршка на големи и мали бизнис идеи Kickstartes, овој проект веќе собра над 110.000, од потребни 180.000 долари. Да стискаме палци, овој кул изум да се појави на пазарот.rnrnПогледнете го видеото за да видите за колку кул изум станува збор:rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Новогодишно лајт-шоу со 40 илјади светла
Автор: Весна Јовановскаrn
Би сакале ли околу 40 илјади новогодишни светилки наизменично да трепкаат во ритамот на вашата омилена музика? Ова веќе го направиле татко и син од Меридијан, Ајдахо. За дочекот на 2012 година и по повод божиќните празници, тие подготвиле вистинско лајт-шоу. Ги украсиле куќата и дворот со штедливи ЛЕД-светла, кои секоја недела ќе „танцуваат“ на различни мелодии.
Ги повикуваат оние кои имаат шанса, да дојдат и одблиску да уживаат во оваа магична атмосфера. Сите останати, дел од магијата ќе можат да почувствуваат преку следното видео во кое може да се види како нивната куќа танцува во дабстеп ритам:rnrn
rnТрадицијата со разиграните светла ја започнале уште во 2003 година. Стартувале со пет илјади сијалички, но во текот на наредните осум години, осум пати го зголемиле нивниот број.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





