КАФЕ ПАУЗА

Tag: ладна

  • Кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода?

    Кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода?

    Туширањето е од суштинско значење за хигиената. Но, во зависност од температурата, времето поминато под вода може да донесе и одредени здравствени придобивки. Без разлика дали претпочитате туширање со топла или ладна вода, дознајте како вашата навика за туширање може да влијае на вашето здравје.rnrnrn

    Придобивки од туширањето со топла вода:

    rn1. Туширањето со топла вода може да го намали стресот и да ги опушти вкочанетите мускули. Дозволете си топлата вода да ви биде како мала масажа на рамената, вратот и грбот.rnrn2. Истражувањата покажале дека при туширањето со топла вода може да се покачи нивото на окситоцин и да се намали анксиозноста. Секој што работи под стрес може почесто да го користи топлиот туш во своето секојдневие.rnrn3. Туширањето со топла вода исто така делува како природен лек за ублажување на симптомите на настинка. Тоа се случува бидејќи топлата пареа ги опушта носните отвори.rnrnrn

    Придобивки од туширањето со ладна вода:

    rn1. Туширањето со ладна вода е одлично за вашето тело! Намалете ја температурата на водата неколку минути пред крајот со цел да го разбудите вашето тело. Оваа моментална промена во температурата ќе го ослободи вашето тело од замор и ќе направи да останете будни подолго време.rnrn2. Туширањето со ладна вода две до три минути и еднаш до два пати дневно се препорачува од страна на истражувачите како третман за депресија. Секако, правете го ова доколку немате проблеми со здравјето, во спротивно советувајте се со вашиот лекар.rnrn3. Докажано е дека туширањето со ладна вода е подобро за вашата коса и кожа. Додека топлата вода може да ја исуши кожата, ладната вода ја хидрира и ви помага да се справите со сувата кожа.

  • За мажи: одберете облека според вашиот тен

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    Носењето боја на облека која не одговара на вашиот тен, прави да изгледате бледо и уморно, дури и ако сте спиеле 8 часа и се чувствувате супер одморено.rnrnПронаоѓањето гардероба која не доаѓа во конфликт со нијансата на вашата кожа е клучно за вашиот стил на облекување и за начинот на којшто другите ве доживуваат.rn.rn

    Определување на вашиот тен

    rnСекој човек има природна нијанса на кожата, која генерално може да се класифицира во три категории: топла, ладна и неутрална боја. Еве како да дознаете во која категорија спаѓате вие:rnrnСеднете пред огледало на силна дневна светлина. Земете накит или некои златни и сребрени предмети и приближете ги до вашата кожа. Ако вашиот тен изгледа подобро со сребро, тогаш имате ладна боја на кожа. Ако пак нијансата на вашата кожа повеќе одговара со златото, тогаш имате топла боја на кожа.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тенАко вашиот тен е маслинест или златест, тогаш вие спаѓате во категоријата топли бои на кожа, а доколку имате бледо розов тен, тогаш спаѓате во категоријата ладни бои.

    rnКога еднаш ќе го определите тенот кој го имате, ќе можете да го подобрите вашиот стил. Имајќи ги на ум боите кои добро ви прилегаат, ќе можете да го направите правилниот избор на гардероба и во секој момент да се чувствувате одлично, не грижејќи се за тоа дали изгледате добро или не.rn.rn

    Избор на облека според вашиот тен

    rnТопли бои на кожа значи дека треба да носите топли бои на облека и обратно. Ова не значи дека ако спаѓате во категоријата топли бои на кожа не смеете да носите виолетов дуксер. Бидејќи секоја боја има многу различни нијанси, вие можете да ја одберете онаа која најдобро му прилега на вашиот тен. Така на пример, виолетовата може да биде модро виолетова, лавандер и пурпурна. Во тој контекст, интензивната модро виолетова облека ќе изгледа подобро на оние кои имаат маслинест или златест тен, а лавандерот ќе одговара на оние со розов, бледникав тен. Затоа не грижете се дека треба да ја замените целата облека, туку секогаш кога ќе облечете нешто убаво погледнете се во огледало и видете како нијансата на вашата блуза одговара со вашиот тен.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Топол тен

      rn

    • rn

    rnКако што кажавме, оние кои имаат маслинест или златест тен изгледаат подобро кога се облечени во топли бои. Црвена, портокалова, жолта, беж боја и темно кафена се вистинскиот избор за типот на вашата кожа.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Ладен тен

      rn

    • rn

    rnАко констатиравте дека имате бледо розов тен, односно спаѓате во категоријата ладни тонови на кожа, тогаш вам одлично ќе ви прилегаат розова, сина, зелена и виолетова боја на облека.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Неутрален тен

      rn

    • rn

    rnОние кои не спаѓаат ни во ладни ни во топли бои на кожа, сепак се поблиску до едната или другата категорија, па во тој контекст, изборот на гардероба можат да го прават врз основа на конкретната нијанса. Во секој случај, оваа категорија на мажи се најсреќни, бидејќи ним им прилега убаво секоја боја на облека.rnrnАко ви се допадна овој текст, препорачајте ѝ на вашата девојка или пријателка да прочита кои бои на облека најдобро неа би ѝ прилегале.