Доколку отсекогаш сте сакале да се запишете на курс по актерство, но сте се двоумеле, еве ги причините што ќе ве натераат уште веднаш да го направите тоа и да си ја остварите желбата.rn
1. Посамоуверена комуникација
rn
rnrnАко во секојдневната комуникација настапувате плашливо, несигурно и неразбирливо, тогаш курсот по актерство е она што ви е потребно. Актерите се луѓе со неверојатна дикција и способност за добар разговор. Ќе откриете како да се изразувате на начин кој ќе биде разбирлив, смирен, а сепак доминантен. Ќе експериментирате со гласот и ќе станете многу посамоуверени во комуникацијата воопшто.rn
2. Чувство на удобност во сопственото тело
rn
rnrnТреперењето, несигурноста во сопственото тело, згрченоста – се само дел од работите што кај себе може да ги надминете, доколку соберете храброст да се појавите на ваков курс. Актерите, исто така, често применуваат јога, медитација и специјални техники на дишење, кои во голем дел ќе ви помогнат во решавањето на стравовите и постепеното засакување на сопственото тело, со цел за поефективен и подобар настап.rn
3. Намалување на стресот и напнатоста преку креативно изразување
rn
rnrnЧасовите по актерство се добри бидејќи таму ќе можете да си дадете оддишка на сите заробени, неискажани чувства, што ви создаваат стрес и напнатост. Во некои од сцените што треба да се одглумат, ќе треба да покажете очај, тага, бес, љубов, копнеж… Можеби ова не е лесно за почетници, но секако, како поминува времето ќе се чувствувате сè поспособни. Обично, се дава одреден монолог, на кој ќе можете да покажете сè што знаете и умеете.rn
4. Прифаќање на сопствената ранливост
rn
rnrnСе чувствувате инхибирано и срамежливо? Настапот на сцена и глумењето пред непознати луѓе, ќе ви помогне да ги надминете тие инхибиции. На пример, глумењето на љубовна сцена, ќе направи полесно и поотворено да ги искажувате чувствата и пред вистинскиот партнер/ка.rn
5. Запознавање нови луѓе во позитивна, динамична и забавна средина
rn
rnrnНа часовите по актерство ќе запознаете многу нови луѓе на различна возраст и интересни ставови. Бидејќи со нив заедно ќе работите на комуникацијата, емоциите, говорот на телото, многу веројатно е дека побрзо и полесно ќе се зближите. Ќе изградите нови пријателства, на кои некогаш со гордост ќе се сеќавате.rnrnПа, што чекате? Се надеваме дека причините доволно ве заинтригираа и во вас ја разбудија желбата за остварување на сопствениот актерски сон.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Богати, квалификувани ергени му плаќаат околу 4.500 долари на ова училиште, за да запознаат девојки кои го завршиле курсот за „ловење“ богаташ.rnrnОсновачот на училиштето Шао Тон, вели дека овој курс ги охрабрува жените да станат најдобри што можат, поради тоа што им е поставена цел.rn
